антикорупциска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antikorupciska/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 18:01:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png антикорупциска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antikorupciska/ 32 32 Совет на јавни обвинители: Противречна и неподобна е одлуката на Антикорупциска за назначување членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovet-na-javni-obviniteli-protivrechna-i-nepodobna-e-odlukata-na-antikoruptsiska-za-naznachuvane-chlenovi-na-uo-na-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Wed, 27 Nov 2024 18:51:47 +0000 https://republika.mk/?p=842460

Советот на јавните обвинители ја оцени како неподобна и противречна одлуката на Антикорупциската комисија за отповикување на нивните членовите во управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради потенцијален судир на интереси.

Советот ја разгледа одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата од 8 ноември 2024 година. Членовите на Советот ја оценија одлуката како неподобна за извршување и противречна, истакнувајќи дека е донесена согласно член 40 став 3 од Деловникот за работа на ДКСК, стои во соопштението од СЈОРМ.

Одлуката на ДКСК запира постапка за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, но, истовремено, утврдува дека Советот постапил спротивно на законските одредби.

Советот препорача преземање мерки за надминување на констатираните состојби.

Во новиот состав на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители членови од СЈОРМ ќе бидат Душица Димитриеска и Башким Бесими.

На осмата седница денеска Советот го разгледа и усвои Извештајот за работа на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за 2023 година.

Извештајот беше презентиран од Основниот јавен обвинител Ислам Абази, по што следеше дискусија и позитивна оценка од членовите на Советот, велат од СЈОРМ.

The post Совет на јавни обвинители: Противречна и неподобна е одлуката на Антикорупциска за назначување членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Советот на јавните обвинители ја оцени како неподобна и противречна одлуката на Антикорупциската комисија за отповикување на нивните членовите во управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради потенцијален судир на интереси.
Советот ја разгледа одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата од 8 ноември 2024 година. Членовите на Советот ја оценија одлуката како неподобна за извршување и противречна, истакнувајќи дека е донесена согласно член 40 став 3 од Деловникот за работа на ДКСК, стои во соопштението од СЈОРМ.
Одлуката на ДКСК запира постапка за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, но, истовремено, утврдува дека Советот постапил спротивно на законските одредби. Советот препорача преземање мерки за надминување на констатираните состојби. Во новиот состав на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители членови од СЈОРМ ќе бидат Душица Димитриеска и Башким Бесими. На осмата седница денеска Советот го разгледа и усвои Извештајот за работа на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за 2023 година.
Извештајот беше презентиран од Основниот јавен обвинител Ислам Абази, по што следеше дискусија и позитивна оценка од членовите на Советот, велат од СЈОРМ.

The post Совет на јавни обвинители: Противречна и неподобна е одлуката на Антикорупциска за назначување членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-potvrdi-sinot-na-mitskoski-ne-patuval-vo-vashington-na-drzhaven-troshok/ Wed, 09 Oct 2024 10:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=824507

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница констатираше дека нема основа за постапка во случајот со службените патувања на премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк и Вашингтон во јули годинава.

Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД јули не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече Зоран Богоевски, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница.

Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена покана за државна делегација за НАТО самитот. Во државната делегација имало 21 лице: претставници од канцеларијата на премиерот, министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи, Амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.

Резервацијата на авиобилетите била направена од Службата за општи и заеднички работи, а се однесува на 21 лице и во овој список не е наведено името на синот на премиерот.

За него се доставени фискални сметки од исплата во готово. Во однос на сместувањето, лицето не престојувало во хотелите каде што била сместена државната делегација, туку во апартмани и тие не се фактурирани на име на делегацијата. Фактурите за сместувањето во апартмани се на име на физичко лице. Лицето не било дел од официјалната делегација и не присуствувало на ниту еден официјален состанок или средба, туку само на предавањето на неговиот татко, кажа Богоевски.

Членовите на Антикорупциската комисија заклучија и изгласаа дека постапката се затвора бидејќи нема прекршување на одредбите и нема елементи за понатамошно постапување.

Со ова паднаа во вода сите неиздржани обвинувања од опозицијата и медиумите блиски до опозицијата дека премиерот на државен трошок го зел својот син на патувањата низ САД.

The post Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница констатираше дека нема основа за постапка во случајот со службените патувања на премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк и Вашингтон во јули годинава.
Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД јули не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече Зоран Богоевски, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница.
Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена покана за државна делегација за НАТО самитот. Во државната делегација имало 21 лице: претставници од канцеларијата на премиерот, министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи, Амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.
Резервацијата на авиобилетите била направена од Службата за општи и заеднички работи, а се однесува на 21 лице и во овој список не е наведено името на синот на премиерот.
За него се доставени фискални сметки од исплата во готово. Во однос на сместувањето, лицето не престојувало во хотелите каде што била сместена државната делегација, туку во апартмани и тие не се фактурирани на име на делегацијата. Фактурите за сместувањето во апартмани се на име на физичко лице. Лицето не било дел од официјалната делегација и не присуствувало на ниту еден официјален состанок или средба, туку само на предавањето на неговиот татко, кажа Богоевски.
Членовите на Антикорупциската комисија заклучија и изгласаа дека постапката се затвора бидејќи нема прекршување на одредбите и нема елементи за понатамошно постапување. Со ова паднаа во вода сите неиздржани обвинувања од опозицијата и медиумите блиски до опозицијата дека премиерот на државен трошок го зел својот син на патувањата низ САД.

The post Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска бара од ЈО да ја гони Лукаревска за штета од 292 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-bara-od-jo-da-ja-goni-lukarevska-za-shteta-od-292-iljadi-evra/ Wed, 04 Sep 2024 19:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=813232

Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Сања Лукаревска екс директорка на УЈП за „несовесно работење во службата“.

Ова е поради одлуката на екс директорката Лукаревска за групно откажување на договорите за вработувања и склучувањето на нови договори во изборен период за повисоки плати.

Државниот инспекторат за труд кој донесе одлука за поништување на договорите на 129 вработените во УЈП, кои биле потпишани врз основа на нерегуларни правилници за работа.

Со ова буџетот на УЈП бил оштетен за околу 292 илјади евра.

Актуелната директорка на УЈП, Елена Петрова предупреди дека по одлуката на Трудовиот инспекторат овие вработени ќе треба да ги вратат парите, и додаде дека се бара „најбезболно решение“.

-Вработените во УЈП мораа да добијат нови договори согласно измените на Законот за УЈП, а целиот процес е воден со посебна работна група, со тим за функционална анализа, со почитување на законски рокови, изјави за „Слободен печат“, поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска која во февруари годинава ја потпиша одлуката со која овие вработени од административни станаа даночни службеници и добија повисоки плати.

The post Антикорупциска бара од ЈО да ја гони Лукаревска за штета од 292 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Сања Лукаревска екс директорка на УЈП за „несовесно работење во службата“. Ова е поради одлуката на екс директорката Лукаревска за групно откажување на договорите за вработувања и склучувањето на нови договори во изборен период за повисоки плати. Државниот инспекторат за труд кој донесе одлука за поништување на договорите на 129 вработените во УЈП, кои биле потпишани врз основа на нерегуларни правилници за работа. Со ова буџетот на УЈП бил оштетен за околу 292 илјади евра. Актуелната директорка на УЈП, Елена Петрова предупреди дека по одлуката на Трудовиот инспекторат овие вработени ќе треба да ги вратат парите, и додаде дека се бара „најбезболно решение“. -Вработените во УЈП мораа да добијат нови договори согласно измените на Законот за УЈП, а целиот процес е воден со посебна работна група, со тим за функционална анализа, со почитување на законски рокови, изјави за „Слободен печат“, поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска која во февруари годинава ја потпиша одлуката со која овие вработени од административни станаа даночни службеници и добија повисоки плати.

The post Антикорупциска бара од ЈО да ја гони Лукаревска за штета од 292 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска бара Обвинителството да го гони Коневски: Нацртал зграда наместо зеленило за да добие 312 м2 деловен простор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-bara-obvinitelstvoto-da-go-goni-konevski-natsrtal-zgrada-namesto-zelenilo-za-da-dobie-312-m2-deloven-prostor/ Tue, 06 Feb 2024 20:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=741208

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 100. седница донесе одлука да достави предмет до Основното јавно обвинителство, како и до Финансиска полиција, против поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, за искористување на градоначалничката функција и да го смени деталниот урбанистички план кај Мајчин дом и на местото каде било впишано зеленило, да се впише деветкатница.

Од Антикорупциска го сомничат Коневски дека за лична корист - добивање деловен простор од 312 метри квадратни, ја искористил функцијата градоначалник и наместо зеленило, нацртал зграда.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, побара Обвинителството и Финансовата полиција да испитаат како го стекнал тој деловен простор и од каде му се средствата за да се стекне со тој деловен простор.

Овој предмет е оформен по сопствена иницијатива, по допрен глас, за изградба на зграда кај Мајчин дом. Во време на владеењето на градоначалникот Ивица Коневски, бил сменет Деталниот урбанистички план на начин што се избришало зеленилото, а се впишала маркица за деветкатна зграда. Подоцна Коневски станал сопственик на простор од 312 метри квадратни, кој договор го склучил со сопственикот „ЗПС Комерц“. Навел дека ќе го исплател преку договорен закуп со фирмата „Тинекс“ на 12 години и со „Авицена“ како закупец, за периодот од 2022 до 2027 година, изјави Ивановска на последната седница на Комисијата.

The post Антикорупциска бара Обвинителството да го гони Коневски: Нацртал зграда наместо зеленило за да добие 312 м2 деловен простор appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 100. седница донесе одлука да достави предмет до Основното јавно обвинителство, како и до Финансиска полиција, против поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, за искористување на градоначалничката функција и да го смени деталниот урбанистички план кај Мајчин дом и на местото каде било впишано зеленило, да се впише деветкатница. Од Антикорупциска го сомничат Коневски дека за лична корист - добивање деловен простор од 312 метри квадратни, ја искористил функцијата градоначалник и наместо зеленило, нацртал зграда. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, побара Обвинителството и Финансовата полиција да испитаат како го стекнал тој деловен простор и од каде му се средствата за да се стекне со тој деловен простор.
Овој предмет е оформен по сопствена иницијатива, по допрен глас, за изградба на зграда кај Мајчин дом. Во време на владеењето на градоначалникот Ивица Коневски, бил сменет Деталниот урбанистички план на начин што се избришало зеленилото, а се впишала маркица за деветкатна зграда. Подоцна Коневски станал сопственик на простор од 312 метри квадратни, кој договор го склучил со сопственикот „ЗПС Комерц“. Навел дека ќе го исплател преку договорен закуп со фирмата „Тинекс“ на 12 години и со „Авицена“ како закупец, за периодот од 2022 до 2027 година, изјави Ивановска на последната седница на Комисијата.

The post Антикорупциска бара Обвинителството да го гони Коневски: Нацртал зграда наместо зеленило за да добие 312 м2 деловен простор appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска бара да одговараат сите кои учествувале во носењето на ДУП-от со бензинската на Пуцко петрол, а Советот да биде распуштен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-bara-da-odgovaraat-site-koi-uchestvuvale-vo-noseneto-na-dup-ot-so-benzinskata-na-putsko-petrol-a-sovetot-da-bide-raspushten/ Fri, 04 Aug 2023 16:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=668804

Државната комисија за спречување корупција во случајот на ДУП за Градска четврт 304 на Општина Карпош утврди сомнежи за несовесно работење, искористување на службената положба и овластувања и поткуп. Според она што го откриле, сметаат дека планот е донесен спротивно на ГУП-от и дека постојат траги на корупција пред да биде вцртана маркица за бензинска пумпа којашто парцела ја купи Пуцко петрол, објави Телма.

Парцелата се наоѓа во близина на салата Борис Трајковски, на паркингот меѓу базенот Карпош и хотелот Александар Палас.

Комисијата ќе достави иницијатива до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против сите чинители кои учествувале во постапката за носењето на Деталниот урбанистички план кој го опфаќа просторот помеѓу булеварите Илинден, 8 Септември, реката Вардар и улица Љубљанска, од неговото прво усвојување, до неговото укинување по втор пат од Уставен суд на РСМ.

Покрај ова ДКСК до Министерство за локална самоуправа ќе достави претставка за понатамошно постапување и распуштање на Советот на Општина Карпош, согласно со член 75 од Законот за локалната самоуправа.

Откриени се и нелегални кредитни активности.

ЗА ОСТАНАТИТЕ СОЗНАНИЈА НА ДКСК КОИ УПАТУВААТ НА СОМНЕЖИ ЗА ПРИКРИЕНА ИНВЕСТИЦИСКА АКТИВНОСТ НА ДЕЛОВНА БАНКА ПРЕКУ КОМЕРЦИЈАЛЕН ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ – ТРГОВСКО ДРУШТВО, КАКО И СОМНЕЖИ ЗА НЕУСОГЛАСЕНОСТ СО ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА, ЌЕ СЕ ДОСТАВАТ ПРЕТСТАВКИ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ – СООПШТУВААТ ОД АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА.

Предметот бил оформен во март минатата година врз основа на поднесена пријава од непознат подносител, за сомнежи за неуставно и незаконски донесен ДУП за коруптивни цели од страна на Советот на Општина Карпош и градоначалникот Стефчo Јакимовски. Покрај тоа, како што било наведено во пријавата, овој ДУП не бил во согласност со ГУП на Град Скопје, дека еднаш бил укинат со одлука на Уставен суд на РСМ, дека плацот бил предвиден за градба на други објекти за друга намена, дека не можело да се врши пренамена на плацот во бензинска станица.

Сепак земјиштето билo продадено на „Пуцко Петрол“ ДООЕЛ Општина Пласница, кој не добил одобрение за градење во законски предвидениот рок.

Целиот текст можете да го прочитате тука.

The post Антикорупциска бара да одговараат сите кои учествувале во носењето на ДУП-от со бензинската на Пуцко петрол, а Советот да биде распуштен appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување корупција во случајот на ДУП за Градска четврт 304 на Општина Карпош утврди сомнежи за несовесно работење, искористување на службената положба и овластувања и поткуп. Според она што го откриле, сметаат дека планот е донесен спротивно на ГУП-от и дека постојат траги на корупција пред да биде вцртана маркица за бензинска пумпа којашто парцела ја купи Пуцко петрол, објави Телма. Парцелата се наоѓа во близина на салата Борис Трајковски, на паркингот меѓу базенот Карпош и хотелот Александар Палас. Комисијата ќе достави иницијатива до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против сите чинители кои учествувале во постапката за носењето на Деталниот урбанистички план кој го опфаќа просторот помеѓу булеварите Илинден, 8 Септември, реката Вардар и улица Љубљанска, од неговото прво усвојување, до неговото укинување по втор пат од Уставен суд на РСМ. Покрај ова ДКСК до Министерство за локална самоуправа ќе достави претставка за понатамошно постапување и распуштање на Советот на Општина Карпош, согласно со член 75 од Законот за локалната самоуправа. Откриени се и нелегални кредитни активности.
ЗА ОСТАНАТИТЕ СОЗНАНИЈА НА ДКСК КОИ УПАТУВААТ НА СОМНЕЖИ ЗА ПРИКРИЕНА ИНВЕСТИЦИСКА АКТИВНОСТ НА ДЕЛОВНА БАНКА ПРЕКУ КОМЕРЦИЈАЛЕН ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ – ТРГОВСКО ДРУШТВО, КАКО И СОМНЕЖИ ЗА НЕУСОГЛАСЕНОСТ СО ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА, ЌЕ СЕ ДОСТАВАТ ПРЕТСТАВКИ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ – СООПШТУВААТ ОД АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА.
Предметот бил оформен во март минатата година врз основа на поднесена пријава од непознат подносител, за сомнежи за неуставно и незаконски донесен ДУП за коруптивни цели од страна на Советот на Општина Карпош и градоначалникот Стефчo Јакимовски. Покрај тоа, како што било наведено во пријавата, овој ДУП не бил во согласност со ГУП на Град Скопје, дека еднаш бил укинат со одлука на Уставен суд на РСМ, дека плацот бил предвиден за градба на други објекти за друга намена, дека не можело да се врши пренамена на плацот во бензинска станица. Сепак земјиштето билo продадено на „Пуцко Петрол“ ДООЕЛ Општина Пласница, кој не добил одобрение за градење во законски предвидениот рок. Целиот текст можете да го прочитате тука.

The post Антикорупциска бара да одговараат сите кои учествувале во носењето на ДУП-от со бензинската на Пуцко петрол, а Советот да биде распуштен appeared first on Република.

]]>
Јавното обвинителство преку соопштение ја прекина соработката со Антикорупциската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-preku-soopshtenie-ja-prekina-sorabotkata-so-antikoruptsiskata-komisija/ Thu, 20 Jul 2023 11:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=663509

Јавното обвинителство и официјално преку соопштение денес информира дека ја прекинува соработката со Антикорупциската комисија.

Поради еднострано целосно непочитување на потпишаниот Меморандум за соработка, а особено прекршување на членовите 2, 3 и 6, Јавното обвинителство ги замрзнува сите активности предвидени и кои произлегуваат од тој меморандум.“ се вели во соопштението од Обвинителство.

Согласно овој меморандум двете институции требаше да се координираат, соработуваат, преставките од антикорупциска да се третираат со приоритет и слично, а се со цел ефективно и брзо справување со корупцијата во земјава.

Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува. Во рамките на тој предмет обезбедена е целокупната документација, вербални и материјални докази и надлежниот јавен обвинител е пред донесување на јавнообвинителска одлука . Доколку крајната цел не е обид да се влијае на исходот од постапката, неразбирливо и крајно неодговорно е Комисијата да поднесува иницијатива за кривично гонење во оваа фаза. Апелираме Државната комисија за спречување на корупцијата да се држи до своите законски надлежности и да не нанесува штета на постапките кои се во тек. Јавното обвинителство како единствен орган надлежен за кривичен прогон нема да дозволи и остро ќе се спротивстави на секој обид да се влијае врз постапките. .се вели во соопштението од Обвинителство.

The post Јавното обвинителство преку соопштение ја прекина соработката со Антикорупциската комисија appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство и официјално преку соопштение денес информира дека ја прекинува соработката со Антикорупциската комисија.
Поради еднострано целосно непочитување на потпишаниот Меморандум за соработка, а особено прекршување на членовите 2, 3 и 6, Јавното обвинителство ги замрзнува сите активности предвидени и кои произлегуваат од тој меморандум.“ се вели во соопштението од Обвинителство. Согласно овој меморандум двете институции требаше да се координираат, соработуваат, преставките од антикорупциска да се третираат со приоритет и слично, а се со цел ефективно и брзо справување со корупцијата во земјава. Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува. Во рамките на тој предмет обезбедена е целокупната документација, вербални и материјални докази и надлежниот јавен обвинител е пред донесување на јавнообвинителска одлука . Доколку крајната цел не е обид да се влијае на исходот од постапката, неразбирливо и крајно неодговорно е Комисијата да поднесува иницијатива за кривично гонење во оваа фаза. Апелираме Државната комисија за спречување на корупцијата да се држи до своите законски надлежности и да не нанесува штета на постапките кои се во тек. Јавното обвинителство како единствен орган надлежен за кривичен прогон нема да дозволи и остро ќе се спротивстави на секој обид да се влијае врз постапките. .се вели во соопштението од Обвинителство.
 
The post Јавното обвинителство преку соопштение ја прекина соработката со Антикорупциската комисија appeared first on Република.

]]>
Платформата за борба против корупција бара од Ковачевски да сопре притисокот врз независните институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/platformata-za-borba-protiv-koruptsija-bara-od-kovachevski-da-sopre-pritisokot-vrz-nezavisnite-institutsii/ Fri, 30 Jun 2023 14:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=656912

Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара од претставниците на Владата да престанат со креирање притисок врз независните институции кои работат во областа на борбата против корупцијата и да обезбедат нивно непречено работење и остварување на нивните надлежности.

Како што велат од Платформата, реакцијата најмногу се однесува кон притисоците врз Државната комисија за спречување на корупцијата.

Платформата инсистира да се престане со притисоците кон независните тела за борба против корупцијата, особено кон ДКСК и да се овозможи нивно непречено работење со цел зачувување на владеењето на правото. Дерогирањето на работата на овие институции од страна на високи владини функционери е спротивно на заложбите за борба против корупцијата и очекувањата на граѓаните за унапредување на состојбата во која за нив корупцијата е најголем општествен проблем“, се вели во писмото упатено до премиерот Димитар Ковачевски.

Од Платформата напоменуваат дека критики за исполнување на надлежностите на која било институција се добронамерни и прифатливи сè додека се засноваат врз докази и остварени или неостварени резултати.

Во спротивно, кога критиките се засновани врз лични, паушални, перцепции и доаѓаат од високи функционери се сметаат за директен притисок врз работењето на институциите“, се вели во соопштението.

Од Платформата укажуваат дека со одбивањето на одговорност на институциите за
непреземените обврски од своја надлежност, само се покажува незрелост и неспремност и освен декларативни заложби за борба против корупцијата нема реални резултати кои ќе придонесат кон подобра општествена состојба.

Апелираме дека во овој момент тоа што треба да е приоритет на секој министер и на Владата во целост е да се фокусираат на антикорупциските ветувања кои земјата ги дала кон граѓаните и кон меѓународната заедница, меѓу кои се и реформа и независност на правосудството, департизација на јавната администрација, професионализација на раководната служба“, стои во соопштението.

The post Платформата за борба против корупција бара од Ковачевски да сопре притисокот врз независните институции appeared first on Република.

]]>

Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара од претставниците на Владата да престанат со креирање притисок врз независните институции кои работат во областа на борбата против корупцијата и да обезбедат нивно непречено работење и остварување на нивните надлежности. Како што велат од Платформата, реакцијата најмногу се однесува кон притисоците врз Државната комисија за спречување на корупцијата.
Платформата инсистира да се престане со притисоците кон независните тела за борба против корупцијата, особено кон ДКСК и да се овозможи нивно непречено работење со цел зачувување на владеењето на правото. Дерогирањето на работата на овие институции од страна на високи владини функционери е спротивно на заложбите за борба против корупцијата и очекувањата на граѓаните за унапредување на состојбата во која за нив корупцијата е најголем општествен проблем“, се вели во писмото упатено до премиерот Димитар Ковачевски.
Од Платформата напоменуваат дека критики за исполнување на надлежностите на која било институција се добронамерни и прифатливи сè додека се засноваат врз докази и остварени или неостварени резултати.
Во спротивно, кога критиките се засновани врз лични, паушални, перцепции и доаѓаат од високи функционери се сметаат за директен притисок врз работењето на институциите“, се вели во соопштението.
Од Платформата укажуваат дека со одбивањето на одговорност на институциите за непреземените обврски од своја надлежност, само се покажува незрелост и неспремност и освен декларативни заложби за борба против корупцијата нема реални резултати кои ќе придонесат кон подобра општествена состојба.
Апелираме дека во овој момент тоа што треба да е приоритет на секој министер и на Владата во целост е да се фокусираат на антикорупциските ветувања кои земјата ги дала кон граѓаните и кон меѓународната заедница, меѓу кои се и реформа и независност на правосудството, департизација на јавната администрација, професионализација на раководната служба“, стои во соопштението.

The post Платформата за борба против корупција бара од Ковачевски да сопре притисокот врз независните институции appeared first on Република.

]]>
Груби до Антикорупцкиска комисија доставил цензурирана верзија од Договорот со „Бектел и Енка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-do-antikoruptskiska-komisija-dostavil-tsenzurirana-verzija-od-dogovorot-so-bektel-i-enka/ Thu, 01 Jun 2023 12:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=646858

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска изјави дека поради клаузулата за доверливост до Антикорупциската комисија не е доставен целиот договор со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10д.

- Согласно договорот што е потпишан, има клаузула за доверливост. За да се достави до медиумите, Собранието и до ДКСК или која било друга институција, освен Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни, односно од Владата и од конзорциумот „Бехтел и Енка“. Тие ни доставија редактирана верзија којашто е доставена до ДКСК за разгледување, изјави Груби, одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на градежните активности за изградба на Коридорот 8.

Целосната верзија од договорот, како што изјави Груби, е доставена само со Јавното обвинителство.

The post Груби до Антикорупцкиска комисија доставил цензурирана верзија од Договорот со „Бектел и Енка“ appeared first on Република.

Антикорупциска гледа партиско влијание во вработувањето на сопругата на Костовски во МНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-gleda-partisko-vlijanie-vo-vrabotuvaneto-na-soprugata-na-kostovski-vo-mnr/ Mon, 22 May 2023 12:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=643633

Постои основано сомневање за влијание од пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски за вработување на неговата сопруга во МНР, но бидејќи немало други кандидати, Антикорупциска не може да го утврди потенцијалното влијание и нема законска можност за понатамошно постапување, е одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата, донесена на 25 април годинава.

Но, сепак, бидејќи Костовски не го пријавил во ДКСК вработувањето на својата сопругата платил глоба (која се движи од 300 до 500 евра) за што приложил уплатница.

Вработувањето во Министерството за надворешни работи на сопругата на пратеникот Костовски го обелодени ВМРО-ДПМНЕ во септември минатата година, а тогаш министерот Бујар Османи изјави дека таа е преземена од друга институција во Куманово и според него, била компетентен кадар.На истата седница во април, Антикорупциска го разгледувала и предметот со вработувања на поранешни и кандидати за градоначалници на СДСМ во Министерството за внатрешни работи.

Според образложението, бидејќи лицата се вработени во постапка без јавен оглас, согласно член 76 од Законот за внатрешни работи, постои основано сомневање за партиско влијание од СДСМ за вработување на поранешните градоначалници од таа партија во МВР, во 2021. Но, Комисијата немала надлежност за понатамошно постапување.

The post Антикорупциска гледа партиско влијание во вработувањето на сопругата на Костовски во МНР appeared first on Република.

]]>

Постои основано сомневање за влијание од пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски за вработување на неговата сопруга во МНР, но бидејќи немало други кандидати, Антикорупциска не може да го утврди потенцијалното влијание и нема законска можност за понатамошно постапување, е одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата, донесена на 25 април годинава.
Но, сепак, бидејќи Костовски не го пријавил во ДКСК вработувањето на својата сопругата платил глоба (која се движи од 300 до 500 евра) за што приложил уплатница.
Вработувањето во Министерството за надворешни работи на сопругата на пратеникот Костовски го обелодени ВМРО-ДПМНЕ во септември минатата година, а тогаш министерот Бујар Османи изјави дека таа е преземена од друга институција во Куманово и според него, била компетентен кадар.На истата седница во април, Антикорупциска го разгледувала и предметот со вработувања на поранешни и кандидати за градоначалници на СДСМ во Министерството за внатрешни работи. Според образложението, бидејќи лицата се вработени во постапка без јавен оглас, согласно член 76 од Законот за внатрешни работи, постои основано сомневање за партиско влијание од СДСМ за вработување на поранешните градоначалници од таа партија во МВР, во 2021. Но, Комисијата немала надлежност за понатамошно постапување.

The post Антикорупциска гледа партиско влијание во вработувањето на сопругата на Костовски во МНР appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска со „особено внимание“ ќе ја чешла документацијата за Коридорите 8 и 10д https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-so-osobeno-vnimanie-ke-ja-cheshla-dokumentatsijata-za-koridorite-8-i-10d/ Wed, 05 Apr 2023 09:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=627438

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска денеска изјави дека ДКСК веќе добиле дел од потребната документација за предметот што го отворија во однос на проектот за коридорите 8 и 10д, како и дека ја очекуваат останатата документација.

Ивановска најави дека на овој предмет ќе му дадат особено значење со цел, како што нагласи, да ја извадат на виделина вистината.

Кај нас е отворен предмет, во фаза сме на прибирање на сите потребна документации, дел ги имаме добиено, останатите ги очекуваме. Поради специфичноста на предметот овој предмет ќе го работи тим и од советници и од членови на Комисијата, значи ќе му дадеме особено значење и внимание се со цел вистината да ја извадиме на виделина и резултаите ќе ги соопштиме на јавна седница, изјави Ивановска, на новинарско прашање во тек на годишна конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.

Покрај Антикорупциската комисија, и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас.

Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, најавија од ОЈО ГОКК.

Апели да се истражат наводите околу изборот за надзорот до Антикорупциската комисија и до Обвинителството изминатиот период упати премиерот Димитар Ковачевски.

Проектот беше официјализиран вчера на настан кај наплатната рампа на автопатот Тетово - Гостивар, една од четирите делници што ќе се градат во вкупна вредност од 1,3 милијарди евра. Останатите три делници опфатени со договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ се Гостивар - Букојчани, Требениште - Струга - Ќафасан и Прилеп - Битола.

The post Антикорупциска со „особено внимание“ ќе ја чешла документацијата за Коридорите 8 и 10д appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска денеска изјави дека ДКСК веќе добиле дел од потребната документација за предметот што го отворија во однос на проектот за коридорите 8 и 10д, како и дека ја очекуваат останатата документација. Ивановска најави дека на овој предмет ќе му дадат особено значење со цел, како што нагласи, да ја извадат на виделина вистината. Кај нас е отворен предмет, во фаза сме на прибирање на сите потребна документации, дел ги имаме добиено, останатите ги очекуваме. Поради специфичноста на предметот овој предмет ќе го работи тим и од советници и од членови на Комисијата, значи ќе му дадеме особено значење и внимание се со цел вистината да ја извадиме на виделина и резултаите ќе ги соопштиме на јавна седница, изјави Ивановска, на новинарско прашање во тек на годишна конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. Покрај Антикорупциската комисија, и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас.
Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, најавија од ОЈО ГОКК.
Апели да се истражат наводите околу изборот за надзорот до Антикорупциската комисија и до Обвинителството изминатиот период упати премиерот Димитар Ковачевски. Проектот беше официјализиран вчера на настан кај наплатната рампа на автопатот Тетово - Гостивар, една од четирите делници што ќе се градат во вкупна вредност од 1,3 милијарди евра. Останатите три делници опфатени со договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ се Гостивар - Букојчани, Требениште - Струга - Ќафасан и Прилеп - Битола.

The post Антикорупциска со „особено внимание“ ќе ја чешла документацијата за Коридорите 8 и 10д appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска отвори предмет за Артан Груби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-otvori-predmet-za-artan-grubi/ Mon, 27 Feb 2023 13:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=613750

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната редовна седница потврди дека пред десет дена е отворен предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство.

Имаме отворен предмет по пријава, се постапува по предметот. Кога ќе имаме конкретни информации ќе излеземе во јавноста, посочија од ДКСК на редовната седница.

Членовите на ДКСК, во одговор на новинарска забелешка дека Владата не постапува по нивните препораките за злоупотреба на функција на државни функционери, а во врска и со последниот случај за злоупотреба на службени возила од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговорија дека Владата „треба да се замисли и да води сметка за препораките на Антикорупциската комисија“.

Од ДКСК и порачаа на Владата дека има етички кодекс по којшто може да постапува.

Од Владата често велат дека не се истражен орган, но имаат етички кодекс по којшто треба да постапуваат. Препораките што ги даваме до Владата, посебно до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, се дека според етичкиот кодекс тие можат да делуваат. Има слабости и злоупотреби, но ние немаме механизми за натамошно делување, велат од ДКСК.

Тие додаваат дека власта може и да не одговори на препораките на ДКСК, но сето ова влегува во извештаите на Европската комисија, особено во овој период, кога се одвива скринингот.

Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков обвини дека Владата, ЈО и ДКСК се уште молчат за, како што рече, „скандалот поврзан со Артан Груби и неговата семејна фирма“.

Мислат дека ако молчат тоа ќе се заборави. Институциите треба во итна постапка да испитаат како може братот на Артан Груби да се стекне со луксузен деловен простор во строгиот центар на Скопје од 127 квадратни метри, а истиот да е платен само 100.000 евра. Според ова, произлегува дека квадратен метар семејството Груби платиле за само 700 евра, а реалната цена е над 3000 евра. Граѓаните во Скопје за 700 евра по квадратен метар не можат да купат ниту гаража, а не пак супер луксузен локал. Очигледно Артан Груби е фатен во небрано и затоа од една лага влегува во нова. Нема да му помогнат ниту нарачките по портали под негова контрола, нема да му помогнат ниту притисоците врз ЈО, рече утрово Лефков.

The post Антикорупциска отвори предмет за Артан Груби appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната редовна седница потврди дека пред десет дена е отворен предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство.

Имаме отворен предмет по пријава, се постапува по предметот. Кога ќе имаме конкретни информации ќе излеземе во јавноста, посочија од ДКСК на редовната седница.
Членовите на ДКСК, во одговор на новинарска забелешка дека Владата не постапува по нивните препораките за злоупотреба на функција на државни функционери, а во врска и со последниот случај за злоупотреба на службени возила од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговорија дека Владата „треба да се замисли и да води сметка за препораките на Антикорупциската комисија“. Од ДКСК и порачаа на Владата дека има етички кодекс по којшто може да постапува.
Од Владата често велат дека не се истражен орган, но имаат етички кодекс по којшто треба да постапуваат. Препораките што ги даваме до Владата, посебно до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, се дека според етичкиот кодекс тие можат да делуваат. Има слабости и злоупотреби, но ние немаме механизми за натамошно делување, велат од ДКСК.
Тие додаваат дека власта може и да не одговори на препораките на ДКСК, но сето ова влегува во извештаите на Европската комисија, особено во овој период, кога се одвива скринингот. Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков обвини дека Владата, ЈО и ДКСК се уште молчат за, како што рече, „скандалот поврзан со Артан Груби и неговата семејна фирма“.
Мислат дека ако молчат тоа ќе се заборави. Институциите треба во итна постапка да испитаат како може братот на Артан Груби да се стекне со луксузен деловен простор во строгиот центар на Скопје од 127 квадратни метри, а истиот да е платен само 100.000 евра. Според ова, произлегува дека квадратен метар семејството Груби платиле за само 700 евра, а реалната цена е над 3000 евра. Граѓаните во Скопје за 700 евра по квадратен метар не можат да купат ниту гаража, а не пак супер луксузен локал. Очигледно Артан Груби е фатен во небрано и затоа од една лага влегува во нова. Нема да му помогнат ниту нарачките по портали под негова контрола, нема да му помогнат ниту притисоците врз ЈО, рече утрово Лефков.

The post Антикорупциска отвори предмет за Артан Груби appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска бара да се укинат вработувањата по етничка припадност: Ги тераме луѓето да се понижуваат и да лажат за вработување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikorupciska-bara-da-se-ukinat-vrabotuvanjata-po-etnichka-pripadnost-gi-terame-lugjeto-da-se-ponizuvaat-i-da-lazat-za-vrabotuvanje/ Fri, 29 Jul 2022 16:18:52 +0000 https://republika.mk/?p=534786

Да се укинат вработувањата по етничка припадност, бара антикорупциска. Тврди дека законот се злоупотребува, а за тоа институциите молчат. Според комисијата за спречување корупција, кандидатите лажеле за својата етничка припадност само да го добијат вработувањето. Така, двајца се вработиле и во антикорупциска, јавува Сител.

Еден кандидат аплицира на пет работни места и на три работни места во истиот оглас се изјаснува различно, онака како што се бара во огласот. Еднаш македонец, па Албанец, па Ром. Другиот кандидат, се изјаснува како Турчин. По проверка на сите податоци, произлегува дека тие се актуелно вработени во јавниот сектор и веќе еднаш се изјасниле за својата етничка припадност, едниот како Македонец, другиот како Албанец“, изјави Нури Бајрами, член на ДКСК.

Од антикорупциска твдат дека тие не се единствени случаи кога кандидатите менуваат етничка припадност за да го добијат работното место. Такви информации имал и директорот на Агенцијата за администрација.

Го повикувам јавно да излезе и каже, бидејќи имаме слушнато за вакви злоупотреби, но, ако знае повеќе, добро би било да ги каже јавно, за да се освести и политиката и сите носители на јавни функции, дека ги тераме луѓето да се понижуваат и да лажат за вработување“, изјави Бајрами.

Целиот текст овде.

The post Антикорупциска бара да се укинат вработувањата по етничка припадност: Ги тераме луѓето да се понижуваат и да лажат за вработување appeared first on Република.

Тупанчевски: Во Палермо бев на свој трошок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-vo-palermo-bev-na-svoj-troshok/ Fri, 25 Mar 2022 17:56:15 +0000 https://republika.mk/?p=478566

Министерот за правда, заедно со вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев, беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Тупанчевски, во изјава за „Фокус“ вели дека во Италија бил на свој трошок.

Секако дека на свој тошок бев во Италија - изјавил министерот, по слетувањето во Скопје.

Тој беше прозван во јавноста, откако беше забележан како заедно со Фетаи и Нанев, го следеше бараж натпреварот меѓу Македонија и Италија.

Денес реагираа и од Антикорупциската комисија, од каде порачаа министерот, обвинителката и судијата да соопштат кој им ги подмирил трошоците за патувањето.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-ministerot-obvinitelkata-i-sudijata-sami-da-kazat-koj-im-gi-podmiril-troshocite-za-patuvanje/

The post Тупанчевски: Во Палермо бев на свој трошок appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда, заедно со вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев, беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Тупанчевски, во изјава за „Фокус“ вели дека во Италија бил на свој трошок.
Секако дека на свој тошок бев во Италија - изјавил министерот, по слетувањето во Скопје.
Тој беше прозван во јавноста, откако беше забележан како заедно со Фетаи и Нанев, го следеше бараж натпреварот меѓу Македонија и Италија. Денес реагираа и од Антикорупциската комисија, од каде порачаа министерот, обвинителката и судијата да соопштат кој им ги подмирил трошоците за патувањето. https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-ministerot-obvinitelkata-i-sudijata-sami-da-kazat-koj-im-gi-podmiril-troshocite-za-patuvanje/

The post Тупанчевски: Во Палермо бев на свој трошок appeared first on Република.

]]>
Ивановска: Државата треба да ги заштити граѓаните на чие име политичарите бараат да префрлат имот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-drzavata-treba-da-gi-zashtiti-gragjanite-na-chie-ime-politicharite-baraat-da-prefrlat-imot/ Fri, 11 Feb 2022 20:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=457360

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, вели дека со законот за потекло на имот треба да се овозможи граѓаните да се заштитат од притисоци од функционери кои ќе бараат од нив имотот да го стават на нивно име.

Ивановска во гостување на ТВ Сител посочи дека веќе е направена драфт-верзијата на законот за потекло на имотната состојба на функционери и оти понатаму сѐ зависи од расположението на пратениците во Собранието. Но, како што посочи Ивановска, она што ДКСК го заговараше и сакаше да го постигне како цел со овој закон, не е предвидено децидно во законот, а тоа е неговата превентивна улога – граѓаните треба да се заштитат од притисоци од функционери кои што ќе бараат од нив имотот да го стават на нивно име.

Ивановска посочи дека треба да се опфати тој дел, потенцирајќи дека ДКСК е против прагот од 30 илјади евра, бидејќи според неа, познавајќи го нашиот менталитет, секој ќе има имот под 29.900 и нема да може да се запленува.

Едно е да се подготви, а втората фаза во Собранието не можам да кажам. Знаете како е во Собранието. Пред се, зависи од расположението на пратениците и чии интереси тие ќе застапуваат. Затоа што најголемите пречки, односно оние кои се најмногу против донесување на овој закон со образложение дека има се во другите закони, не дека нема, но факт е дека не се применуваат и другите закони како што треба, се оние кои баш и не сакаат многу да кажат од каде им е имотот - изјави Ивановска.

Прашана дали смета дека треба со законски измени да се воведе пракса секој кој презема јавна функција да поднесува изјави за непромена на имотната состојба, Ивановска изјави дека не гледа целисходност од такво нешто.

Сметам дека проблемот е поголем. Изјавите од тој тип не ја гледам целисходноста. Од каде ќе знаеме што ќе ни се случи. А изјавите ќе си дојдат сами по себе. Ќе се споредат податоците. И не дека изјавата е некаква гаранција. Проблемот е поголем. Може да даде десет изјави дека нема промена во имотната состојба и да го препише имотот на некој друг. Ние затоа и го баравме и законот за потекло на имот. Тоа е првиот ризик. Јас знам функционери кои што имаат имоти, а не ги пријавуваат во нивно име, бидејќи се напишани во друго име. Затоа, ние бараме секој граѓанин да се искаже од каде му е имотот. Во тој случај, тие луѓе што не се службени лица или функционери, многу лесно ќе им биде да ги одбијат таканаречените пријатели кои што ќе побараат во нивно име да биде запишан имотот - изјави Ивановска.

The post Ивановска: Државата треба да ги заштити граѓаните на чие име политичарите бараат да префрлат имот appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, вели дека со законот за потекло на имот треба да се овозможи граѓаните да се заштитат од притисоци од функционери кои ќе бараат од нив имотот да го стават на нивно име. Ивановска во гостување на ТВ Сител посочи дека веќе е направена драфт-верзијата на законот за потекло на имотната состојба на функционери и оти понатаму сѐ зависи од расположението на пратениците во Собранието. Но, како што посочи Ивановска, она што ДКСК го заговараше и сакаше да го постигне како цел со овој закон, не е предвидено децидно во законот, а тоа е неговата превентивна улога – граѓаните треба да се заштитат од притисоци од функционери кои што ќе бараат од нив имотот да го стават на нивно име. Ивановска посочи дека треба да се опфати тој дел, потенцирајќи дека ДКСК е против прагот од 30 илјади евра, бидејќи според неа, познавајќи го нашиот менталитет, секој ќе има имот под 29.900 и нема да може да се запленува.
Едно е да се подготви, а втората фаза во Собранието не можам да кажам. Знаете како е во Собранието. Пред се, зависи од расположението на пратениците и чии интереси тие ќе застапуваат. Затоа што најголемите пречки, односно оние кои се најмногу против донесување на овој закон со образложение дека има се во другите закони, не дека нема, но факт е дека не се применуваат и другите закони како што треба, се оние кои баш и не сакаат многу да кажат од каде им е имотот - изјави Ивановска.
Прашана дали смета дека треба со законски измени да се воведе пракса секој кој презема јавна функција да поднесува изјави за непромена на имотната состојба, Ивановска изјави дека не гледа целисходност од такво нешто.
Сметам дека проблемот е поголем. Изјавите од тој тип не ја гледам целисходноста. Од каде ќе знаеме што ќе ни се случи. А изјавите ќе си дојдат сами по себе. Ќе се споредат податоците. И не дека изјавата е некаква гаранција. Проблемот е поголем. Може да даде десет изјави дека нема промена во имотната состојба и да го препише имотот на некој друг. Ние затоа и го баравме и законот за потекло на имот. Тоа е првиот ризик. Јас знам функционери кои што имаат имоти, а не ги пријавуваат во нивно име, бидејќи се напишани во друго име. Затоа, ние бараме секој граѓанин да се искаже од каде му е имотот. Во тој случај, тие луѓе што не се службени лица или функционери, многу лесно ќе им биде да ги одбијат таканаречените пријатели кои што ќе побараат во нивно име да биде запишан имотот - изјави Ивановска.

The post Ивановска: Државата треба да ги заштити граѓаните на чие име политичарите бараат да префрлат имот appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска: И во 2022 година во фокусот ќе биде ефикасно функционирање на системот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikorupciska-i-vo-2022-godina-vo-fokusot-kje-bide-efikasno-funkcioniranje-na-sistemot/ Fri, 14 Jan 2022 12:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=444589

И во 2022 година фокусот на Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе биде насочен кон ефикасно функционирање на системот согласно надлежностите утврдени во Законот за спречување корупција и судир на интереси, Законот за укажувачи и Законот за лобирање.

Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, која на денешната седница ја образложи Предлог – програмата за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2022 година со Акционен план за нејзина реализација, нагласи дека како и досега Антикорупција ќе се раководи од начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, заштита и одговорност.

Целите и активностите предвидени во Програмата се креирани и усогласени со Буџетот на ДКСК за 2022 година, со стратешкиот план на Комисијата за 2022-2024 година, како и со обезбедена поддршка од меѓународни донатори за поедини проекти и активности на ДКСК - вели Ивановска.

Таа информира дека во програмата, во фокусот ќе бидат и активностите за следење и оценка на спроведување на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси 2021-2025 година, спроведување на процесот на антикорупциска проверка на легислативата, постапување по пријави со наводи за сомневање за корупција, следење на законитоста на финансирањето на политичките партии, спречување на корупцијата во политиката во изборниот процес, постапување по предмети за судир на интереси, забрани и ограничувања за вршење на други дејности, како и евидентирање и следење на имотната состојба на службените лица и водење регистар на избрани и именувани лица.

Претседателката на ДКСК ги наведе и активностите за спроведување прекршочни постапки во случај на постапување спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, подготвување и утврдување на формата на Каталогот на подароци, имплементација на Законот за заштита на укажувачи, на обврските што произлегуваат од Законот за лобирање. Во програмата се и активностите за јакнење на целокупните капацитети на ДКСК, развивање на соработката со граѓанските организации, научни институции и приватен сектор, јакнење на соработката на ДКСК на мултилатерална и на билатерална основа, поврзување и соработка со антикорупциските тела во регионот и пошироко и развивање и реализација на антикорупциски проекти.

Ивановска ги спомена и активностите за подигнување на свеста и спроведување на обуки за спречување на корупцијата и судир на интереси, а особено за јакнење на личниот и институционалниот интегритет.

Ќе се продолжи и со мониторинг и следење на ризиците согласно стратегијата за управување со ризици и регистарот на ризици на ДКСК, особено проценка на ризици од институционална корупција.

Во програмата стои и имплементација на системот за управување со квалитет и набавка на услуги за сертификација на системот за управување со квалитет согласно новите барања на меѓународниот стандард ИСО 9001 и подготовка на Извештај за работата на ДКСК.

Програмата за работа на ДКСК е изработена имајќи ги предвид стратешките определби за целосно исполнување на нејзините надлежности, како и препораките од извештајот на ЕУ за напредокот на државата во 2021 година, на ГРЕКО од четвртиот и петтиот круг на евалуација, како и мерките и активностите предвидени во Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси.

На денешната седница членовите на Антикорупција реферираат за Изборните предмети.

The post Антикорупциска: И во 2022 година во фокусот ќе биде ефикасно функционирање на системот appeared first on Република.

]]>

И во 2022 година фокусот на Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе биде насочен кон ефикасно функционирање на системот согласно надлежностите утврдени во Законот за спречување корупција и судир на интереси, Законот за укажувачи и Законот за лобирање. Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, која на денешната седница ја образложи Предлог – програмата за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2022 година со Акционен план за нејзина реализација, нагласи дека како и досега Антикорупција ќе се раководи од начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, заштита и одговорност.
Целите и активностите предвидени во Програмата се креирани и усогласени со Буџетот на ДКСК за 2022 година, со стратешкиот план на Комисијата за 2022-2024 година, како и со обезбедена поддршка од меѓународни донатори за поедини проекти и активности на ДКСК - вели Ивановска.
Таа информира дека во програмата, во фокусот ќе бидат и активностите за следење и оценка на спроведување на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси 2021-2025 година, спроведување на процесот на антикорупциска проверка на легислативата, постапување по пријави со наводи за сомневање за корупција, следење на законитоста на финансирањето на политичките партии, спречување на корупцијата во политиката во изборниот процес, постапување по предмети за судир на интереси, забрани и ограничувања за вршење на други дејности, како и евидентирање и следење на имотната состојба на службените лица и водење регистар на избрани и именувани лица. Претседателката на ДКСК ги наведе и активностите за спроведување прекршочни постапки во случај на постапување спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, подготвување и утврдување на формата на Каталогот на подароци, имплементација на Законот за заштита на укажувачи, на обврските што произлегуваат од Законот за лобирање. Во програмата се и активностите за јакнење на целокупните капацитети на ДКСК, развивање на соработката со граѓанските организации, научни институции и приватен сектор, јакнење на соработката на ДКСК на мултилатерална и на билатерална основа, поврзување и соработка со антикорупциските тела во регионот и пошироко и развивање и реализација на антикорупциски проекти. Ивановска ги спомена и активностите за подигнување на свеста и спроведување на обуки за спречување на корупцијата и судир на интереси, а особено за јакнење на личниот и институционалниот интегритет. Ќе се продолжи и со мониторинг и следење на ризиците согласно стратегијата за управување со ризици и регистарот на ризици на ДКСК, особено проценка на ризици од институционална корупција. Во програмата стои и имплементација на системот за управување со квалитет и набавка на услуги за сертификација на системот за управување со квалитет согласно новите барања на меѓународниот стандард ИСО 9001 и подготовка на Извештај за работата на ДКСК. Програмата за работа на ДКСК е изработена имајќи ги предвид стратешките определби за целосно исполнување на нејзините надлежности, како и препораките од извештајот на ЕУ за напредокот на државата во 2021 година, на ГРЕКО од четвртиот и петтиот круг на евалуација, како и мерките и активностите предвидени во Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси. На денешната седница членовите на Антикорупција реферираат за Изборните предмети.

The post Антикорупциска: И во 2022 година во фокусот ќе биде ефикасно функционирање на системот appeared first on Република.

]]>