Антички театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antichki-teatar/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 12:08:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Антички театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antichki-teatar/ 32 32 Милан Мариќ: Среќен сум што толку многу уметници поминале оваа година во Охрид, токму во време кога уметноста веќе не ја игра главната улога https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/milan-marik-sreken-sum-shto-tolku-mnogu-umetnitsi-pominale-ovaa-godina-vo-ohrid-tokmu-vo-vreme-koga-umetnosta-veke-ne-ja-igra-glavnata-uloga/ Tue, 20 Aug 2024 12:08:58 +0000 https://republika.mk/?p=808292

Јас сум прв пат во Охрид, поаѓам  од сосема поинаков агол. Се надевам денеска ќе имам можност повеќе да го разгледам градот, бидејќи вчера имавме проба и нема можност за прошетка, рече актерот Милан Мариќ, кој игра во претставата „Алиса во земјата на стравовите“ и вечерва на Античкиот театар во Охрид ќе го затвори 64. издание на „Охридско лето“.

Многу сум среќен што слушнав дека толку голем број уметници поминале оваа година во Охрид, колку многу претстави и концерти токму во време кога уметноста веќе не ја игра главната улога, бидејќи ова време не сака такви луѓе. Уметноста просто слепо верува во идеали и неверојатна слобода, а нашето време не сака такви луѓе. Сака луѓе без кичма, лицемери итн...но театарот преживеал и полоши времиња, ќе го преживее и ова, рече Мариќ.

Во поглед на претставата која ќе ја одиграат денеска рече дека има посебен однос кон претставата бидејќи ангажманот да работи на претставата се поклопил со некоја негови лична одисеја, негова трансформација, преживување на некои лични нешта во животот, отворање на некои негови стравови за кои дотогаш не бил свесен дека се тука.

Кога размислувам за оваа претстава никогаш немам јасен однос затоа што ме враќа на тој период. Таа е претстава за стравовите, за чекањето, за времето кое страшно брзо поминува и не меле сите нас, но сите сме се согласиле на тоа, за препознавањето и за борбата да го преживееме. Всушност приказната е универзална, тоа е приказна за секој од нас и се надевам дека ќе успееме да ја пренесеме вечерва приказната, рече Мариќ. Античкиот театар е спектакл сам по себе, немам податок колку е стар, но таму има се, има магија. Синоќа на пробата одеднаш се појави Полна Месечина кога ја пробувавме љубовната сцена и веднаш добивате некое повисоко ниво, а тоа во театар не може да го доживеете, заврши актерот.

The post Милан Мариќ: Среќен сум што толку многу уметници поминале оваа година во Охрид, токму во време кога уметноста веќе не ја игра главната улога appeared first on Република.

]]>

Владо Јаневски вечерва на Антички театар https://arhiva3.republika.mk/scena/vlado-janevski-na-10-avgust-na-antichki-teatar/ Sat, 10 Aug 2024 15:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=782029

После 6 распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски ќе одржи концерт на еден од дефинитивно најубавите простори во нашата држава - Античкиот театар во Охрид.

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од единствената и уникатна музичка приказна која на 10 август, во организација на „Прагма продукција“, ќе ја подготви Владо Јаневски.

Музичарот и кантавтор, по пауза од неколку години се враќа во Охрид, да ни го сервира својот безвременски каталог на хитови и да ги испее познатите рефрени кои се доказ дека Владо е еден од ретките пејачи кај нас, кој живее исклучиво од и за музиката.

На концертот, кој истовремено ќе биде романтичен и еуфоричен, ќе има низа на евергрини и песни кои со генерации се пеат повеќе од 30 години, а секоја негова песна е сама по себе музичка историја. Дека ќе присуствуваме на еден исклучителен музички настан, говори и големиот интерес за овој концерт, затоа што публиката не можеш да ја излажеш, посебно не 30 години колку што трае Јаневски, кој вели дека годините и искуството го научиле - ако сакаш да го насмееш Господ, само кажи му што планираш, а Владо Јаневски тоа добро го знае. Затоа, погрижете се навреме да си обезбедите влезница, бидејќи за неговите концерти секогаш се бара карта повеќе. Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

The post Владо Јаневски вечерва на Антички театар appeared first on Република.

]]>

После 6 распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски ќе одржи концерт на еден од дефинитивно најубавите простори во нашата држава - Античкиот театар во Охрид. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од единствената и уникатна музичка приказна која на 10 август, во организација на „Прагма продукција“, ќе ја подготви Владо Јаневски. Музичарот и кантавтор, по пауза од неколку години се враќа во Охрид, да ни го сервира својот безвременски каталог на хитови и да ги испее познатите рефрени кои се доказ дека Владо е еден од ретките пејачи кај нас, кој живее исклучиво од и за музиката. На концертот, кој истовремено ќе биде романтичен и еуфоричен, ќе има низа на евергрини и песни кои со генерации се пеат повеќе од 30 години, а секоја негова песна е сама по себе музичка историја. Дека ќе присуствуваме на еден исклучителен музички настан, говори и големиот интерес за овој концерт, затоа што публиката не можеш да ја излажеш, посебно не 30 години колку што трае Јаневски, кој вели дека годините и искуството го научиле - ако сакаш да го насмееш Господ, само кажи му што планираш, а Владо Јаневски тоа добро го знае. Затоа, погрижете се навреме да си обезбедите влезница, бидејќи за неговите концерти секогаш се бара карта повеќе. Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

The post Владо Јаневски вечерва на Антички театар appeared first on Република.

]]>
Фантастичен концерт на „Црвена јабука“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/fantastichen-kontsert-na-tsrvena-jabuka-vo-ohrid/ Sat, 10 Aug 2024 12:58:05 +0000 https://republika.mk/?p=805197

Фантастичен концерт на „Црвена јабука“ во Охрид и еден убав настан кој не потсети на старата добра музика, како и на хитовите кои оставија белег на своето време.

Неколкуилјадната публика во преполниот Антички театар уживаше од почеток до крај. Гледалиштето беше полно и на трибините и на партерот. После којзнае колку време Жера со својот бенд се врати во Охрид, а охриѓани и сите оние кои беа присутни, се движеа со рокенрол звуците на “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови.

Пораката во песните на „Црвена јабука“ е топла и едноставна, тие зборуваат за љубовта и за животот во 1980-тите во Сараево и во поранешна Југославија по кој Жера вели дека искрено жали. Токму затоа, оние кои им биле фанови како тинејџери беа во првите редови, а имаше и помладата публика. На концертот беше и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков со пријатели.

The post Фантастичен концерт на „Црвена јабука“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Фантастичен концерт на „Црвена јабука“ во Охрид и еден убав настан кој не потсети на старата добра музика, како и на хитовите кои оставија белег на своето време. Неколкуилјадната публика во преполниот Антички театар уживаше од почеток до крај. Гледалиштето беше полно и на трибините и на партерот. После којзнае колку време Жера со својот бенд се врати во Охрид, а охриѓани и сите оние кои беа присутни, се движеа со рокенрол звуците на “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови. Пораката во песните на „Црвена јабука“ е топла и едноставна, тие зборуваат за љубовта и за животот во 1980-тите во Сараево и во поранешна Југославија по кој Жера вели дека искрено жали. Токму затоа, оние кои им биле фанови како тинејџери беа во првите редови, а имаше и помладата публика. На концертот беше и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков со пријатели.

The post Фантастичен концерт на „Црвена јабука“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Црвена јабука“ вечерва на Античкиот театар во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/kontsert-na-tsrvena-jabuka-vecherva-na-antichkiot-teatar-vo-ohrid/ Fri, 09 Aug 2024 07:34:29 +0000 https://republika.mk/?p=804812

После успешно продадените концерти низ Македонија и регионот, неверојатно квалитетните и легендарните „Црвена јабука“ доаѓаат во Охрид, каде што ќе одржат ексклузивен концерт под отворено небо, на 9 август, на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид.

После којзнае колку време Жера со својот бенд се враќа во Охрид, а охриѓани и сите оние кои ќе бидат присутни, на 9 август ќе се движат со рокенрол звуците на “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови.

Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба, а истите може да се купат преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

The post Концерт на „Црвена јабука“ вечерва на Античкиот театар во Охрид appeared first on Република.

]]>

После успешно продадените концерти низ Македонија и регионот, неверојатно квалитетните и легендарните „Црвена јабука“ доаѓаат во Охрид, каде што ќе одржат ексклузивен концерт под отворено небо, на 9 август, на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид. После којзнае колку време Жера со својот бенд се враќа во Охрид, а охриѓани и сите оние кои ќе бидат присутни, на 9 август ќе се движат со рокенрол звуците на “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови. Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба, а истите може да се купат преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

The post Концерт на „Црвена јабука“ вечерва на Античкиот театар во Охрид appeared first on Република.

]]>
Калиопи: Македонија е земја на чудата https://arhiva3.republika.mk/scena/kaliopi-makedonija-e-zemja-na-chudata/ Mon, 05 Aug 2024 07:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=803375

Македонската дива, поп-ѕвездата Калиопи, на 2 август одржа спектакуларен концерт под отворено небо во Античкиот театар во Охрид.

Со фантастична енергија и емоции кои несебично ги споделуваше со публиката, таа приреди вистинско волшебно музичко патување во градот Охрид, за кој кажа дека е место полно со магија, уметност, неверојатна природа, место каде што се родила и место од каде што ќе си замине, па додаде дека Македонија е земја на чудата.

„Знаете, понекогаш се чувствувам дека живеам во земјата на чудата. Македонија е земјата на чудата“, кажа Калиопи.

На концертот освен од Охрид, публика имаше и од цела Македонија, како и гости од Србија, Бугарија, Хрватска, Англија, кои потврдија дека досега не доживеале вакви емоции како на овој концерт.

Изненадување на вечерта беше појавувањето на нејзиниот голем пријател, Марко Маринковиќ - Слаткар, со кој годинава ја објавија песната “Казна” и која првпат заедно во живо ја изведоа токму на овој концерт.

Публиката со огромен аплауз и овации ја врати два пати на бис за песните „Црно и бело“ и „Бато“. На самиот крај, Калиопи со својот бенд се поклони пред присутните. Концертот го организираше ,,Прагма продукција’’, а следно, Калиопи ќе одржи концерт во Скопје, на 19 октомври во ,,Арена Борис Трајковски’’.

The post Калиопи: Македонија е земја на чудата appeared first on Република.

]]>

Македонската дива, поп-ѕвездата Калиопи, на 2 август одржа спектакуларен концерт под отворено небо во Античкиот театар во Охрид. Со фантастична енергија и емоции кои несебично ги споделуваше со публиката, таа приреди вистинско волшебно музичко патување во градот Охрид, за кој кажа дека е место полно со магија, уметност, неверојатна природа, место каде што се родила и место од каде што ќе си замине, па додаде дека Македонија е земја на чудата.
„Знаете, понекогаш се чувствувам дека живеам во земјата на чудата. Македонија е земјата на чудата“, кажа Калиопи.
На концертот освен од Охрид, публика имаше и од цела Македонија, како и гости од Србија, Бугарија, Хрватска, Англија, кои потврдија дека досега не доживеале вакви емоции како на овој концерт. Изненадување на вечерта беше појавувањето на нејзиниот голем пријател, Марко Маринковиќ - Слаткар, со кој годинава ја објавија песната “Казна” и која првпат заедно во живо ја изведоа токму на овој концерт. Публиката со огромен аплауз и овации ја врати два пати на бис за песните „Црно и бело“ и „Бато“. На самиот крај, Калиопи со својот бенд се поклони пред присутните. Концертот го организираше ,,Прагма продукција’’, а следно, Калиопи ќе одржи концерт во Скопје, на 19 октомври во ,,Арена Борис Трајковски’’.

The post Калиопи: Македонија е земја на чудата appeared first on Република.

]]>
Калиопи вечерва ќе го донесе својот куфер на љубовта на Антички театар во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/kaliopi-vecherva-ke-go-donese-svojot-kufer-na-lubovta-na-antichki-teatar-vo-ohrid/ Fri, 02 Aug 2024 16:23:00 +0000 https://republika.mk/?p=802874

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Хераклеа - Битола, на 20 јули, во Антички театар - Охрид на 02 август и на 19 октомври, во „Арена Борис Трајковски“.

Во моментов таа е актуелна со својот нов албум, чии песни веќе ги освојиа срцата на публиката.

На 02 август во Античкиот театар во Охрид, Калиопи ќе го донесе својот куфер на љубовта, а вие треба да донесете само позитивна енергија и да уживате.

Антички театар, Охрид
02.08.2024, петок / 21:00ч

Картите за концертот се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на:
- Online https://www.kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5599

The post Калиопи вечерва ќе го донесе својот куфер на љубовта на Антички театар во Охрид appeared first on Република.

Концерт на Влатко Стефановски вечерва во Антички театар Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/kontsert-na-vlatko-stefanovski-vecherva-vo-antichki-teatar-ohrid/ Fri, 26 Jul 2024 08:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=800410

Во Античкиот театар во Охрид, вечерва со почеток во 21 часот, концерт ќе одржи Влатко Стефановски со неговите гости Дамир Имери, Иван Кукиќ, Јан Стефановски и Горан Папаз.

Влатко Стефановски е нашиот најпознат македонски рок, поп и џез музичар, основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“ во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и автор на текстови.

За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и сол“ снимила 12 албуми, една двојна компилација, и музика за различни намени: филмски и театарски претстави, како и телевизиски серии. Првите соло-настапи на Стефановски започнале во почетокот на 1990-тите, а заедно со Бодан Арсовски во 1990 година го издал првиот македонски компакт- диск, со музика за рок-балетот „Зодијак“. Во 1994 година, Стефановски го снимил својот прв самостоен албум, „Каубои и индијанци“.

Во 1993 година Стефановски работи на проектот „Сараево“, за потребите на претставата на Горан Стефановски, прикажана во театарот во Антверпен, во режија на Слободан Унковски. Потоа следува музиката за филмот „Џипси меџик“, во режија на Столе Попов, а компакт-дискот се појавил во продажба во 1997 година и насловната песна од овој албум „Џипси сонг“ станува хит на Балканот.

Влатко е дел и од проектот „Balkan Horses“ во кој, покрај него учествувале и неколку еминентни музичари од Балканот, како: Теодосиј Спасов (Бугарија), Костас Теодору (Грција), Краси Желазков (Бугарија), Хакан Бешер (Турција), Емил Букур (Романија), Сања Илиќ (Југославија), Стојан Јанкулов (Бугарија) и Тамара Обровац (Хрватска).

Во 2001 година, Стефановски ја објавува компилацијата „Кино Култура“, на која место наоѓаат најинтересните музички теми од пет филмови: „Џипси меџик“, „Небесна јадица“, „Три летни денови“, „Самоуништување“ и „Пат кон сонцето“. На почетокот на 2002 година, на покана на хрватскиот режисер Вицко Руиќ, Влатко ја пишува музиката за неговиот втор филм „Серафин,син на светилничарот“.

Истата година, во текот на летниот период, тој настапувал во повеќе земји, во најразлични формации (со своето трио, со Мирослав Тадиќ, со Џибони итн.), а есента се посветил на снимањето на својот следен соло-албум. Во 2004 година, Стефановски и Мирослав Тадиќ го снимаат албумот „Трета мајка“ на кој гостува и бугарскиот музичар Теодосиј Спасов. Како последица на интересот на Стефановски за разни музички жанрови, тој гостува на албумите на повеќе групи и пејачи, како: хрватската група „Филм“, Жељко Бебек, Васко Серафимовски, Оливер Мандиќ, Бојан Зулфикарпашиќ, Вања Лазарова, Владо Јаневски, Џибони… Во текот на својата долга музичка кариера Влатко Стефановски е добитник на повеќе награди, како: Естрадната награда на Југославија, Награда (за животно дело) Трајни вредности во Македонија, Награда на Стериино позорје, за музиката во претставата „Ослободување на Скопје”, Три награди „Златен грамофон“ на фестивалот „Месам ’87“ и повелба на градот Чикаго.

The post Концерт на Влатко Стефановски вечерва во Антички театар Охрид appeared first on Република.

]]>

Во Античкиот театар во Охрид, вечерва со почеток во 21 часот, концерт ќе одржи Влатко Стефановски со неговите гости Дамир Имери, Иван Кукиќ, Јан Стефановски и Горан Папаз. Влатко Стефановски е нашиот најпознат македонски рок, поп и џез музичар, основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“ во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и автор на текстови. За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и сол“ снимила 12 албуми, една двојна компилација, и музика за различни намени: филмски и театарски претстави, како и телевизиски серии. Првите соло-настапи на Стефановски започнале во почетокот на 1990-тите, а заедно со Бодан Арсовски во 1990 година го издал првиот македонски компакт- диск, со музика за рок-балетот „Зодијак“. Во 1994 година, Стефановски го снимил својот прв самостоен албум, „Каубои и индијанци“. Во 1993 година Стефановски работи на проектот „Сараево“, за потребите на претставата на Горан Стефановски, прикажана во театарот во Антверпен, во режија на Слободан Унковски. Потоа следува музиката за филмот „Џипси меџик“, во режија на Столе Попов, а компакт-дискот се појавил во продажба во 1997 година и насловната песна од овој албум „Џипси сонг“ станува хит на Балканот. Влатко е дел и од проектот „Balkan Horses“ во кој, покрај него учествувале и неколку еминентни музичари од Балканот, како: Теодосиј Спасов (Бугарија), Костас Теодору (Грција), Краси Желазков (Бугарија), Хакан Бешер (Турција), Емил Букур (Романија), Сања Илиќ (Југославија), Стојан Јанкулов (Бугарија) и Тамара Обровац (Хрватска). Во 2001 година, Стефановски ја објавува компилацијата „Кино Култура“, на која место наоѓаат најинтересните музички теми од пет филмови: „Џипси меџик“, „Небесна јадица“, „Три летни денови“, „Самоуништување“ и „Пат кон сонцето“. На почетокот на 2002 година, на покана на хрватскиот режисер Вицко Руиќ, Влатко ја пишува музиката за неговиот втор филм „Серафин,син на светилничарот“. Истата година, во текот на летниот период, тој настапувал во повеќе земји, во најразлични формации (со своето трио, со Мирослав Тадиќ, со Џибони итн.), а есента се посветил на снимањето на својот следен соло-албум. Во 2004 година, Стефановски и Мирослав Тадиќ го снимаат албумот „Трета мајка“ на кој гостува и бугарскиот музичар Теодосиј Спасов. Како последица на интересот на Стефановски за разни музички жанрови, тој гостува на албумите на повеќе групи и пејачи, како: хрватската група „Филм“, Жељко Бебек, Васко Серафимовски, Оливер Мандиќ, Бојан Зулфикарпашиќ, Вања Лазарова, Владо Јаневски, Џибони… Во текот на својата долга музичка кариера Влатко Стефановски е добитник на повеќе награди, како: Естрадната награда на Југославија, Награда (за животно дело) Трајни вредности во Македонија, Награда на Стериино позорје, за музиката во претставата „Ослободување на Скопје”, Три награди „Златен грамофон“ на фестивалот „Месам ’87“ и повелба на градот Чикаго.

The post Концерт на Влатко Стефановски вечерва во Антички театар Охрид appeared first on Република.

]]>
Ѓоко Танески на 20 јули во Античкиот театар во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/goko-taneski-na-20-juli-vo-antichkiot-teatar-vo-ohrid/ Tue, 02 Jul 2024 09:10:51 +0000 https://republika.mk/?p=792659

„Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“... само дел од хитовите кои ја одбележаа 30-годишната кариера на Ѓоко Танески. Токму овој голем јубилеј е повод за неговиот солистички концерт насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“ закажан на 20 јули во Античкиот театар во родниот Охрид на пејачот.

Го нарекуваат човек глас, пејач со глас како од Бога даден за опејување на можеби најубавите балади... глас кој ги топли душите и ги милува срцата затоа на сцената на Антички очекувајте незаборавна вечер полна со добра музика, многу емоции и срце на тацна, онака како што тоа го прави Ѓоко.  

Концертот на Антички е со почеток во 21:00 часот, а на сцената Ѓоко освен што ќе биде придружуван од Камерниот оркестар од Битола, ќе бидат присутни и неговите специјални гости Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

Влезниците веќе се пуштени во продажба, и тоа преку мрежата на Мктикетс, како и во продажните салони на „Литература“ низ земјата и „Кај Аждер“.

Организаторот Фреш унион, најавува вистински музички спектакл, кој ќе се снима со најсовремена техника со оглед на тоа дека подоцна ќе биде изработен и телевизиски проект.

Оваа година е јубилејна година за Ѓоко Танески, слави 30-години кариера, а јубилеите имаат смисла само ако се одбележуваат и тоа заедно со драги луѓе. Затоа, на 20 јули , каде и да сте, во Охрид да сте!

И не заборавајте Никогаш доста од него ... Не, никогаш не е доволно... како што и самиот пее во можеби една од неговите најубави балади, 20 јули во Античкиот театар во Охрид ќе биде вечер на емоции која не смее да се пропушти. 

The post Ѓоко Танески на 20 јули во Античкиот театар во Охрид appeared first on Република.

Концерт на „Црвена јабука“ на 9 август во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/kontsert-na-tsrvena-jabuka-na-9-avgust-vo-ohrid/ Tue, 28 May 2024 16:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=782542

После успешно продадените концерти низ Македонија и регионот, неверојатно квалитетните и легендарните „Црвена јабука“ доаѓаат во Охрид, каде што ќе одржат ексклузивен концерт под отворено небо, на 9 август, на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид.

После којзнае колку време Жера со својот бенд се враќа во Охрид, а охриѓани и сите оние кои ќе бидат присутни, на 9 август ќе се движат со рокенрол звуците на “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови.

Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба, а истите може да се купат преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

The post Концерт на „Црвена јабука“ на 9 август во Охрид appeared first on Република.

]]>

После успешно продадените концерти низ Македонија и регионот, неверојатно квалитетните и легендарните „Црвена јабука“ доаѓаат во Охрид, каде што ќе одржат ексклузивен концерт под отворено небо, на 9 август, на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид. После којзнае колку време Жера со својот бенд се враќа во Охрид, а охриѓани и сите оние кои ќе бидат присутни, на 9 август ќе се движат со рокенрол звуците на “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови.
Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба, а истите може да се купат преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

The post Концерт на „Црвена јабука“ на 9 август во Охрид appeared first on Република.

]]>
Спектакл во Антички театар во Охрид: Концерт на легендарните „Леб и сол“ на 5 август https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/spektakl-vo-antichki-teatar-vo-ohrid-kontsert-na-legendarnite-leb-i-sol-na-5-avgust/ Fri, 04 Aug 2023 08:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=668562

Најголемиот рок бенд на сите времиња во Македонија, легендарните „Леб и сол“, на 5-ти август во Античкиот театар во Охрид, ќе оддржат целовечерен концерт што дефинитивно покрај фестивалот Охридско лето, претставува најголем културен  настан ова лето во Охрид.  

После фантастичната балканска турнеја, Леб и сол пред домашната публика ќе се претстават со најдоброто од нивната долгогодишна кариера, а ако се земе во предвид и преубавиот простор, имаме гаранција дека сите фанови ги очекува една прекрасна вечер за уживање во секој поглед.  

Влезниците  се веќе во продажба преку www.kupikartizase.com  

The post Спектакл во Антички театар во Охрид: Концерт на легендарните „Леб и сол“ на 5 август appeared first on Република.

„Леб и сол“ на 5 август со целовечерен концерт во Античкиот театар во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/leb-i-sol-na-5-avgust-so-tselovecheren-kontsert-vo-antichkiot-teatar-vo-ohrid/ Tue, 25 Jul 2023 09:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=665006

Најголемиот рок бенд на сите времиња во Македонија, легендарните „Леб и сол“, на 5-ти август во Античкиот театар во Охрид ќе оддржат целовечерен концерт.  

По фантастичната балканска турнеја, „Леб и сол“ пред домашната публика ќе се претстават со најдоброто од нивната долгогодишна кариера, а ако се земе во предвид и преубавиот простор, имаме гаранција дека сите фанови ги очекува една прекрасна вечер за уживање во секој поглед.  

Влезниците  се веќе во продажба преку www.kupikartizase.com  , велат организаторите.

The post „Леб и сол“ на 5 август со целовечерен концерт во Античкиот театар во Охрид appeared first on Република.

Музиката на Влатко и „Танец“ уште еднаш покажа дека тие се национално богатство од непроценливо значење https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/muzikata-na-vlatko-i-tanec-ushte-ednash-pokaza-deka-tie-se-nacionalno-bogatstvo-od-neprocenlivo-znachenje/ Sat, 30 Jul 2022 16:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=535169

Во извонреден аранжман тие со многу емоции заеднички изведоа некои од најубавите македонски песни како Елено ќерко, Зајди зајди, Јано мори… кои беа проследени со долги аплаузи од публиката која уживаше во секој момент од прекрасната музичка вечер, каква што ретко се доживува.

The post Музиката на Влатко и „Танец“ уште еднаш покажа дека тие се национално богатство од непроценливо значење appeared first on Република.