антибиотици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antibiotici/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 16:33:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png антибиотици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antibiotici/ 32 32 „Фајзер“: Антимикробната отпорност убива 1,3 милиони луѓе ширум светот секоја година https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/fajzer-antimikrobnata-otpornost-ubiva-1-3-milioni-luge-shirum-svetot-sekoja-godina/ Tue, 19 Nov 2024 16:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=839674

Во светот, околу 1,3 милиони луѓе годишно умираат од антимикробна резистенција (АМР), односно отпорност на телото на антибиотици, и поради тоа, Генералното собрание на Обединетите нации донесе декларација со која се предвидува намалување на смртноста за 10 отсто до 2030 година, соопшти денеска фармацевтската компанија „Фајзер“, по повод Светската недела за подигање на свеста за антимикробната отпорност.

Таа политичка декларација на ОН беше поддржана од земјите членки, како и од членките на Европската унија, и со тоа се обврзаа на конкретни процедури за решавање на антимикробната отпорност.

Светската недела на свеста за АМР се одбележува од 18 до 24 ноември под слоганот „Биди и ти дел од промената!“, а граѓаните се поканети одговорно да ги користат антибиотиците.

-Околу 35.000 луѓе умираат во Европската економска област. Доколку овој предизвик не се реши веднаш на вистински начин, тој број би можел да достигне загрижувачки 390.000 смртни случаи годишно во европскиот регион до 2050 година, се вели во соопштението.

Наведено е дека АМР ја чини ЕУ повеќе од 11 милијарди евра годишно, а се проценува дека здравствените системи на глобално ниво ќе ги чини уште една милијарда долари годишно до 2050 година.

Во Европа, како што се наведува, секоја петта бактериска инфекција е отпорна на антибиотици, додека во некои земји-членки оваа бројка е 40 проценти.

Европската комисија, исто така, ја препозна сериозноста на антимикробната резистенција за здравјето на населението и во борбата против овој отпор ја вклучи својата најголема реформа на законодавството на ЕУ за лекови во последните 20 години.

-Комисијата е за намалување на употребата на антибиотици и им препорачува на земјите-членки утврдување соодветни национални цели - намалување на потрошувачката на антибиотици во ЕУ за 20 отсто до 2030 година, се наведува во соопштението.

Антибиотиците и антимикробните лекови, како што е објаснето, престануваат да делуваат поради прекумерна и неправилна употреба, бидејќи бактериите развиваат отпорност кон нив. Се додава дека овие лекови не треба да се користат во борбата против вирусните инфекции, бидејќи не се ефикасни, туку само против бактериски инфекции.

Констатирано е дека имунизацијата е клучен начин за спречување на инфекции, проследена со одговорно однесување, хигиена, едукација и одговорно препишување и употреба на антимикробни лекови, како и управување со антимикробната резистенција.

The post „Фајзер“: Антимикробната отпорност убива 1,3 милиони луѓе ширум светот секоја година appeared first on Република.

]]>

Во светот, околу 1,3 милиони луѓе годишно умираат од антимикробна резистенција (АМР), односно отпорност на телото на антибиотици, и поради тоа, Генералното собрание на Обединетите нации донесе декларација со која се предвидува намалување на смртноста за 10 отсто до 2030 година, соопшти денеска фармацевтската компанија „Фајзер“, по повод Светската недела за подигање на свеста за антимикробната отпорност. Таа политичка декларација на ОН беше поддржана од земјите членки, како и од членките на Европската унија, и со тоа се обврзаа на конкретни процедури за решавање на антимикробната отпорност. Светската недела на свеста за АМР се одбележува од 18 до 24 ноември под слоганот „Биди и ти дел од промената!“, а граѓаните се поканети одговорно да ги користат антибиотиците.
-Околу 35.000 луѓе умираат во Европската економска област. Доколку овој предизвик не се реши веднаш на вистински начин, тој број би можел да достигне загрижувачки 390.000 смртни случаи годишно во европскиот регион до 2050 година, се вели во соопштението.
Наведено е дека АМР ја чини ЕУ повеќе од 11 милијарди евра годишно, а се проценува дека здравствените системи на глобално ниво ќе ги чини уште една милијарда долари годишно до 2050 година. Во Европа, како што се наведува, секоја петта бактериска инфекција е отпорна на антибиотици, додека во некои земји-членки оваа бројка е 40 проценти. Европската комисија, исто така, ја препозна сериозноста на антимикробната резистенција за здравјето на населението и во борбата против овој отпор ја вклучи својата најголема реформа на законодавството на ЕУ за лекови во последните 20 години.
-Комисијата е за намалување на употребата на антибиотици и им препорачува на земјите-членки утврдување соодветни национални цели - намалување на потрошувачката на антибиотици во ЕУ за 20 отсто до 2030 година, се наведува во соопштението.
Антибиотиците и антимикробните лекови, како што е објаснето, престануваат да делуваат поради прекумерна и неправилна употреба, бидејќи бактериите развиваат отпорност кон нив. Се додава дека овие лекови не треба да се користат во борбата против вирусните инфекции, бидејќи не се ефикасни, туку само против бактериски инфекции. Констатирано е дека имунизацијата е клучен начин за спречување на инфекции, проследена со одговорно однесување, хигиена, едукација и одговорно препишување и употреба на антимикробни лекови, како и управување со антимикробната резистенција.

The post „Фајзер“: Антимикробната отпорност убива 1,3 милиони луѓе ширум светот секоја година appeared first on Република.

]]>
ЕУ ќе се бори против прекумерната употреба на антибиотици https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/eu-ke-se-bori-protiv-prekumernata-upotreba-na-antibiotitsi/ Mon, 18 Nov 2024 16:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=839313

Европската унија треба да преземе итни и одлучни мерки во борбата против отпорноста на антимикробните агенси, оцени денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

„Помеѓу 2019 и 2023 година, употребата на антибиотици во Европската унија се зголеми за еден процент, со што се оддалечи од целта за намалување од 20 проценти“, што е препорака на ЕУ, пишува во денешното соопштение на Европскиот центар.

Отпорноста на антимикробни агенси - вклучувајќи антибиотици, антивирусни, антифунгални и антипаразитски лекови кои се користат за лекување на инфекции кај луѓето - е закана за јавното здравје, а особено за пациентите во болниците, нагласи ЕЦДЦ.

Центарот препорачува дејствување во три насоки: превенција и контрола на инфекции, особено преку подобрување на хигиената на рацете, земајќи ја предвид употребата на антимикробни средства и развој на нови такви средства.

The post ЕУ ќе се бори против прекумерната употреба на антибиотици appeared first on Република.

]]>

Европската унија треба да преземе итни и одлучни мерки во борбата против отпорноста на антимикробните агенси, оцени денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).
„Помеѓу 2019 и 2023 година, употребата на антибиотици во Европската унија се зголеми за еден процент, со што се оддалечи од целта за намалување од 20 проценти“, што е препорака на ЕУ, пишува во денешното соопштение на Европскиот центар.
Отпорноста на антимикробни агенси - вклучувајќи антибиотици, антивирусни, антифунгални и антипаразитски лекови кои се користат за лекување на инфекции кај луѓето - е закана за јавното здравје, а особено за пациентите во болниците, нагласи ЕЦДЦ. Центарот препорачува дејствување во три насоки: превенција и контрола на инфекции, особено преку подобрување на хигиената на рацете, земајќи ја предвид употребата на антимикробни средства и развој на нови такви средства.

The post ЕУ ќе се бори против прекумерната употреба на антибиотици appeared first on Република.

]]>
Отпорноста од антибиотици е новиот убиец https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/otpornosta-od-antibiotitsi-e-noviot-ubiets/ Tue, 17 Sep 2024 06:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=816946

Отпорноста на антибиотици може да предизвика смрт на повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година. Ова е заклучокот од студијата објавена во научната публикација „Лансет“, пренесоа светските агенции.

За прв пат, ваква студија го проценува влијанието на отпорноста на антибиотици низ годините и се обидува да го предвиди нејзиниот развој.

Од 1990 до 2021 година, повеќе од еден милион луѓе годишно во светот умирале поради отпорност на антибиотици. Авторите на студијата се фокусираа на 22 патогени агенси, 84 комбинации на третман со патогени и 11 инфективни синдроми кај луѓе од сите возрасти во 204 земји и територии преку податоци за повеќе од 520 милиони луѓе.

Во тие три децении, смртните случаи на деца под пет-годишна возраст директно предизвикани од отпорност на антибиотици се намалија за повеќе од 50 проценти, бидејќи превенцијата и контролата кај доенчињата и малите деца се подобрија.

Меѓутоа, поретко кај овие деца, инфекциите станаа потешки за лекување кога ќе се појават. Во исто време, стапката на смртност кај постарите лица на возраст од 70 и повеќе години скокна за 80 отсто во истиот период поради брзото стареење на населението и поголемата ранливост на старите лица на инфекции.

Што се однесува до патогените агенси, смртноста поради Staphylococcus aureus отпорен на метицилин е најмногу зголемена во светот.

Во следните децении, смртните случаи поради отпорност на антибиотици уште повеќе ќе се зголемат.

Според моделите на истражувачите, бројот на директни жртви може да достигне 1,91 милиони годишно ширум светот до 2050 година, што е скок од повеќе од 67 отсто во споредба со 2021 година. До средината на овој век, отпорноста на антибиотици ќе игра поголема улога за 8,22 милиони смртни случаи годишно, зголемување од 74,5 проценти во споредба со 2021 година. Вкупно помеѓу 2025 и 2050 г.

Отпорноста на антибиотици би можела да биде директна причина за повеќе од 39 милиони смртни случаи ширум светот и би била поврзана со 169 милиони смртни случаи, според научниците.

Сепак, можни се и помалку песимистички сценарија, забележуваат авторите на студијата.

Тие, исто така, потсетуваат дека подобрувањето на третманот на инфекции и пристапот до антибиотици може да спречи 92 милиони смртни случаи ширум светот помеѓу 2025 и 2050 година, особено во Јужна Азија и субсахарска Африка

The post Отпорноста од антибиотици е новиот убиец appeared first on Република.

]]>

Отпорноста на антибиотици може да предизвика смрт на повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година. Ова е заклучокот од студијата објавена во научната публикација „Лансет“, пренесоа светските агенции. За прв пат, ваква студија го проценува влијанието на отпорноста на антибиотици низ годините и се обидува да го предвиди нејзиниот развој. Од 1990 до 2021 година, повеќе од еден милион луѓе годишно во светот умирале поради отпорност на антибиотици. Авторите на студијата се фокусираа на 22 патогени агенси, 84 комбинации на третман со патогени и 11 инфективни синдроми кај луѓе од сите возрасти во 204 земји и територии преку податоци за повеќе од 520 милиони луѓе. Во тие три децении, смртните случаи на деца под пет-годишна возраст директно предизвикани од отпорност на антибиотици се намалија за повеќе од 50 проценти, бидејќи превенцијата и контролата кај доенчињата и малите деца се подобрија. Меѓутоа, поретко кај овие деца, инфекциите станаа потешки за лекување кога ќе се појават. Во исто време, стапката на смртност кај постарите лица на возраст од 70 и повеќе години скокна за 80 отсто во истиот период поради брзото стареење на населението и поголемата ранливост на старите лица на инфекции. Што се однесува до патогените агенси, смртноста поради Staphylococcus aureus отпорен на метицилин е најмногу зголемена во светот. Во следните децении, смртните случаи поради отпорност на антибиотици уште повеќе ќе се зголемат. Според моделите на истражувачите, бројот на директни жртви може да достигне 1,91 милиони годишно ширум светот до 2050 година, што е скок од повеќе од 67 отсто во споредба со 2021 година. До средината на овој век, отпорноста на антибиотици ќе игра поголема улога за 8,22 милиони смртни случаи годишно, зголемување од 74,5 проценти во споредба со 2021 година. Вкупно помеѓу 2025 и 2050 г. Отпорноста на антибиотици би можела да биде директна причина за повеќе од 39 милиони смртни случаи ширум светот и би била поврзана со 169 милиони смртни случаи, според научниците. Сепак, можни се и помалку песимистички сценарија, забележуваат авторите на студијата. Тие, исто така, потсетуваат дека подобрувањето на третманот на инфекции и пристапот до антибиотици може да спречи 92 милиони смртни случаи ширум светот помеѓу 2025 и 2050 година, особено во Јужна Азија и субсахарска Африка

The post Отпорноста од антибиотици е новиот убиец appeared first on Република.

]]>
Гонорејата сè поотпорна на лекови, во иднина може да стане неизлечива болест https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/gonorejata-se-pootporna-na-lekovi-vo-idnina-mozhe-da-stane-neizlechiva-bolest/ Fri, 16 Aug 2024 09:09:19 +0000 https://republika.mk/?p=807122

Во Англија минатата година дијагностицирани се над 85.000 случаи на гонореја, што е најголема бројка откако се води статистика. Според Британската агенција за здравствена безбедност (УКХСА), поголемиот број заболени биле хетеросексуалци под 30 години, а се заразиле во странство.

Гонорејата станува се поотпорна на антибиотици и се зголемува ризикот во иднина да стане неизлечива болест. Нелекувањето на гонорејата може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Кондомите се најдобра одбрана, изјави лекарката Хелен Фифер од УКХСА.

Гонорејата може да предизвика сериозни и трајни здравствени проблеми како кај жените така и кај мажите. Кај мажите може да предизвика епидидимитис, додека кај жените предизвикува воспалителна болест на карлицата. Нелекувањето на гонорејата и кај мажите и кај жените може да доведе до стерилитет.

Во Англија се зголемува бројот на случаи на сексуално преносливи болести. Минатата година биле дијагностицирани 401.800 новозаразени, што е зголемување за 4,7 отсто во однос на 2022 година. Речиси половина од инфекциите се кламидија. Заедно со 85.223 инфекции со гонореја, регистрирани се 9.513 случаи на сифилис, што е најголем број од 1948 година.

 

The post Гонорејата сè поотпорна на лекови, во иднина може да стане неизлечива болест appeared first on Република.

]]>

Во Англија минатата година дијагностицирани се над 85.000 случаи на гонореја, што е најголема бројка откако се води статистика. Според Британската агенција за здравствена безбедност (УКХСА), поголемиот број заболени биле хетеросексуалци под 30 години, а се заразиле во странство.
Гонорејата станува се поотпорна на антибиотици и се зголемува ризикот во иднина да стане неизлечива болест. Нелекувањето на гонорејата може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Кондомите се најдобра одбрана, изјави лекарката Хелен Фифер од УКХСА.
Гонорејата може да предизвика сериозни и трајни здравствени проблеми како кај жените така и кај мажите. Кај мажите може да предизвика епидидимитис, додека кај жените предизвикува воспалителна болест на карлицата. Нелекувањето на гонорејата и кај мажите и кај жените може да доведе до стерилитет. Во Англија се зголемува бројот на случаи на сексуално преносливи болести. Минатата година биле дијагностицирани 401.800 новозаразени, што е зголемување за 4,7 отсто во однос на 2022 година. Речиси половина од инфекциите се кламидија. Заедно со 85.223 инфекции со гонореја, регистрирани се 9.513 случаи на сифилис, што е најголем број од 1948 година.  

The post Гонорејата сè поотпорна на лекови, во иднина може да стане неизлечива болест appeared first on Република.

]]>
Во Европа се појавија првите случаи на „мистериозна“ пневмонија кај децата, антибиотиците на база на пеницилин не делуваат https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-evropa-se-pojavija-prvite-sluchai-na-misteriozna-pnevmonija-kaj-detsata-antibiotitsite-na-baza-na-penitsilin-ne-deluvaat/ Thu, 30 Nov 2023 17:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=718113

Болеста што ја потресе Кина, за која се смета дека достигнала ниво на епидемија, во моментов ја тресе и Данска, каде се забележани првите случаи на микоплазмична пневмонија.

Данските лидери истакнале дека антибиотиците базирани на пеницилин се бескорисни за овој тип на пневмонија.

Се вели дека болеста, која многумина ја нарекуваат „мистериозна“, ги погодува претежно деца на возраст меѓу шест и 12 години.

Холандија пред неколку дена објави дека се справува со бран заболени од пневмонија, а слична е ситуацијата и во Шведска.

Данскиот институт „Стејтенс“ истакнал дека стапките се тројно зголемени во последните пет недели и дека повеќе деца ќе бидат заразени оваа зима, пишува „Дејли мејл“.

Станува збор за микоплазмична пневмонија, болест слична на грип, а најчести симптоми се треска, замор, главоболка, болки во грлото и долготрајна кашлица.

Она што е различно во споредба со класичната пневмонија е тоа што антибиотиците базирани на пеницилин не влијаат на оваа бактерија.

Истражувачите од тој дански институт истакнаа дека оваа болест ја очекувале веќе некое време и дека епидемијата не е невообичаена и дека Данска ја погодува најчесто во есен и рана зима.

Во последните четири години, бројот на заболени од микоплазма е исклучително низок и не е невообичаено што сега имаме епидемија“, вели Хане-Дорт Емборг, научник-истражувач од тој дански институт.

Таа наведува дека тоа се очекувало откако земјите беа затворени за време на корона и дека неодамнешниот скок е можен бидејќи децата не го поминале вирусот за време на пандемијата.

Токму поради тоа што бројот беше мал во последните три и пол години, сега очекуваме бројот да скокне бидејќи има многу деца кои не биле во контакт со вирусот“, посочи таа.

Емборг додаде дека пораст е забележан и во Шведска, како и во Сингапур.

Бидејќи нацијата се соочува со барања за повеќе податоци за појавата, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече дека нацијата ја има ситуацијата под контрола.

Тоа е многу честа појава во многу земји, но во Кина е ставена под контрола“, изјави тој за новинарите во Њујорк.

Професорот Пол Хантер, експерт за заразни болести на Универзитетот во Источна Англија, рече дека проценката на Данска за ситуацијата има смисла.

 

The post Во Европа се појавија првите случаи на „мистериозна“ пневмонија кај децата, антибиотиците на база на пеницилин не делуваат appeared first on Република.

]]>

Болеста што ја потресе Кина, за која се смета дека достигнала ниво на епидемија, во моментов ја тресе и Данска, каде се забележани првите случаи на микоплазмична пневмонија. Данските лидери истакнале дека антибиотиците базирани на пеницилин се бескорисни за овој тип на пневмонија. Се вели дека болеста, која многумина ја нарекуваат „мистериозна“, ги погодува претежно деца на возраст меѓу шест и 12 години. Холандија пред неколку дена објави дека се справува со бран заболени од пневмонија, а слична е ситуацијата и во Шведска. Данскиот институт „Стејтенс“ истакнал дека стапките се тројно зголемени во последните пет недели и дека повеќе деца ќе бидат заразени оваа зима, пишува „Дејли мејл“. Станува збор за микоплазмична пневмонија, болест слична на грип, а најчести симптоми се треска, замор, главоболка, болки во грлото и долготрајна кашлица. Она што е различно во споредба со класичната пневмонија е тоа што антибиотиците базирани на пеницилин не влијаат на оваа бактерија. Истражувачите од тој дански институт истакнаа дека оваа болест ја очекувале веќе некое време и дека епидемијата не е невообичаена и дека Данска ја погодува најчесто во есен и рана зима.
Во последните четири години, бројот на заболени од микоплазма е исклучително низок и не е невообичаено што сега имаме епидемија“, вели Хане-Дорт Емборг, научник-истражувач од тој дански институт.
Таа наведува дека тоа се очекувало откако земјите беа затворени за време на корона и дека неодамнешниот скок е можен бидејќи децата не го поминале вирусот за време на пандемијата.
Токму поради тоа што бројот беше мал во последните три и пол години, сега очекуваме бројот да скокне бидејќи има многу деца кои не биле во контакт со вирусот“, посочи таа.
Емборг додаде дека пораст е забележан и во Шведска, како и во Сингапур. Бидејќи нацијата се соочува со барања за повеќе податоци за појавата, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече дека нацијата ја има ситуацијата под контрола.
Тоа е многу честа појава во многу земји, но во Кина е ставена под контрола“, изјави тој за новинарите во Њујорк.
Професорот Пол Хантер, експерт за заразни болести на Универзитетот во Источна Англија, рече дека проценката на Данска за ситуацијата има смисла.  

The post Во Европа се појавија првите случаи на „мистериозна“ пневмонија кај децата, антибиотиците на база на пеницилин не делуваат appeared first on Република.

]]>
Tретина од луѓето во Македонија земаат антибиотици без лекарски рецепт https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tretina-od-lugeto-vo-makedonija-zemaat-antibiotitsi-bez-lekarski-retsept/ Wed, 29 Nov 2023 11:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=717519

Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува отпорноста што може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи годишно во светот до 2050 година, предупреди неодамна европскиот разгранок на Светската здравствена организација (СЗО).

Развојот и ширењето на супербактериите се забрзани со злоупотреба на антимикробни лекови, што го отежнува ефикасното лекување на инфекциите, се наведува во соопштението на СЗО Европа, која вклучува 53 земји и се протега до Централна Азија.

Сите земји во нашиот регион имаат регулативи што штитат од злоупотреба на антибиотици… Спроведувањето на тие регулативи би ги решило повеќето проблеми со злоупотребата на антибиотици – рече Роб Батлер, раководител на одделот за заразни болести.

Организацијата на ОН проценува дека без итна интервенција, отпорноста на антибиотици може да предизвика до 10 милиони смртни случаи годишно до 2050 година. Истражувањето спроведено во 14 земји од регионот, лоцирани во Источна Европа и во Централна Азија, покажува дека причините наведени како оправдување за земање антибиотици во 24 отсто од случаите се настинка проследена со симптоми на грип (16 отсто), болки во грлото (21 отсто) и кашлица (18 проценти).

Оваа ситуација е загрижувачка бидејќи овие симптоми често се предизвикани од вируси против кои антибиотиците не дејствуваат – се наведува во соопштението.

Главен извор на загриженост за здравствените власти се рецептите.

Според извештајот, третина од луѓето во Македонија, БиХ, Црна Гора, Албанија, Турција, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан и Узбекистан земаат антибиотици без лекарски рецепт. Во некои земји повеќе од 40 проценти од антибиотиците се добиени без лекарско мислење, што е пет пати поголемо од просекот на ЕУ од студијата од 2022 година. За СЗО влошувањето на економската нееднаквост е уште една опасност бидејќи најмалку образованите и луѓето со најниски примања се оние со најлоши практики.

Последново јасно ја покажува потребата за образование и издигање на свеста – истакна Батлер.

Тој посочи дека еден од проблемите е и недовршувањето на антибиотската терапија за да се зачуваат за другпат или споделувањето на тие лекови со болните роднини или соседи.

 

The post Tретина од луѓето во Македонија земаат антибиотици без лекарски рецепт appeared first on Република.

]]>

Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува отпорноста што може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи годишно во светот до 2050 година, предупреди неодамна европскиот разгранок на Светската здравствена организација (СЗО). Развојот и ширењето на супербактериите се забрзани со злоупотреба на антимикробни лекови, што го отежнува ефикасното лекување на инфекциите, се наведува во соопштението на СЗО Европа, која вклучува 53 земји и се протега до Централна Азија.
Сите земји во нашиот регион имаат регулативи што штитат од злоупотреба на антибиотици… Спроведувањето на тие регулативи би ги решило повеќето проблеми со злоупотребата на антибиотици – рече Роб Батлер, раководител на одделот за заразни болести.
Организацијата на ОН проценува дека без итна интервенција, отпорноста на антибиотици може да предизвика до 10 милиони смртни случаи годишно до 2050 година. Истражувањето спроведено во 14 земји од регионот, лоцирани во Источна Европа и во Централна Азија, покажува дека причините наведени како оправдување за земање антибиотици во 24 отсто од случаите се настинка проследена со симптоми на грип (16 отсто), болки во грлото (21 отсто) и кашлица (18 проценти).
Оваа ситуација е загрижувачка бидејќи овие симптоми често се предизвикани од вируси против кои антибиотиците не дејствуваат – се наведува во соопштението.
Главен извор на загриженост за здравствените власти се рецептите. Според извештајот, третина од луѓето во Македонија, БиХ, Црна Гора, Албанија, Турција, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан и Узбекистан земаат антибиотици без лекарски рецепт. Во некои земји повеќе од 40 проценти од антибиотиците се добиени без лекарско мислење, што е пет пати поголемо од просекот на ЕУ од студијата од 2022 година. За СЗО влошувањето на економската нееднаквост е уште една опасност бидејќи најмалку образованите и луѓето со најниски примања се оние со најлоши практики.
Последново јасно ја покажува потребата за образование и издигање на свеста – истакна Батлер.
Тој посочи дека еден од проблемите е и недовршувањето на антибиотската терапија за да се зачуваат за другпат или споделувањето на тие лекови со болните роднини или соседи.  

The post Tретина од луѓето во Македонија земаат антибиотици без лекарски рецепт appeared first on Република.

]]>
СЗО: Прекумерната употреба на антибиотици ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-prekumernata-upotreba-na-antibiotitsi-ja-zgolemuva-otpornosta-koja-mozhe-da-bide-odgovorna-za-10-milioni-smrtni-sluchai/ Thu, 23 Nov 2023 10:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=715465

Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи годишно во светот до 2050 година, предупреди европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО).

„Развојот и ширењето на супербактериите се забрзува со злоупотреба на антимикробни лекови, што го отежнува ефикасното лекување на инфекциите“, се вели во соопштението на СЗО Европа, која вклучува 53 земји и се протега до централна Азија.

Во 24 проценти од случаите причините за земање се вирусите.

„Сите земји во нашиот регион имаат регулативи кои штитат од злоупотреба на антибиотици... Спроведувањето на тие регулативи би ги решило повеќето проблеми со злоупотребата на антибиотици“, рече Роб Батлер, шеф на одделот за заразни болести.

Организацијата на ОН проценува дека, без итна интервенција, отпорноста на антибиотици може да предизвика до 10 милиони смртни случаи годишно до 2050 година.

Истражувањето спроведено во 14 земји од регионот, лоцирани во Источна Европа и Централна Азија, покажува дека причините наведени како оправдување за земање антибиотици во 24 отсто од случаите се настинка проследена со симптоми на грип (16 отсто), болки во грлото (21 отсто) и кашлица (18 проценти).

„Оваа ситуација е загрижувачка бидејќи овие симптоми често се предизвикани од вируси против кои антибиотиците не делуваат“, се вели во соопштението.

Главен извор на загриженост за здравствените власти се рецептите. Многу луѓе земаат антибиотици без лекарски рецепт.

Според извештајот, третина од луѓето во БиХ, Црна Гора, Македонија, Албанија, Турција, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан и Узбекистан земаат антибиотици без лекарски рецепт.

Во некои земји, повеќе од 40 отсто од антибиотиците се добиени без лекарско мислење, што е пет пати поголемо од просекот во ЕУ од студијата спроведена во 2022 година. За СЗО влошувањето на економската нееднаквост е уште една опасност, бидејќи најмалку образованите и луѓето со најниски примања се тие кои имаат најлоши практики.

Последново „јасно ја покажува потребата од едукација и подигање на свеста“, истакна Батлер. Посочува дека еден од проблемите е и незавршувањето на терапијата со антибиотици за да се зачуваат за друг пат или да се делат тие лекови со болни роднини или соседи.

The post СЗО: Прекумерната употреба на антибиотици ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи appeared first on Република.

]]>

Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи годишно во светот до 2050 година, предупреди европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО). „Развојот и ширењето на супербактериите се забрзува со злоупотреба на антимикробни лекови, што го отежнува ефикасното лекување на инфекциите“, се вели во соопштението на СЗО Европа, која вклучува 53 земји и се протега до централна Азија. Во 24 проценти од случаите причините за земање се вирусите. „Сите земји во нашиот регион имаат регулативи кои штитат од злоупотреба на антибиотици... Спроведувањето на тие регулативи би ги решило повеќето проблеми со злоупотребата на антибиотици“, рече Роб Батлер, шеф на одделот за заразни болести. Организацијата на ОН проценува дека, без итна интервенција, отпорноста на антибиотици може да предизвика до 10 милиони смртни случаи годишно до 2050 година. Истражувањето спроведено во 14 земји од регионот, лоцирани во Источна Европа и Централна Азија, покажува дека причините наведени како оправдување за земање антибиотици во 24 отсто од случаите се настинка проследена со симптоми на грип (16 отсто), болки во грлото (21 отсто) и кашлица (18 проценти). „Оваа ситуација е загрижувачка бидејќи овие симптоми често се предизвикани од вируси против кои антибиотиците не делуваат“, се вели во соопштението. Главен извор на загриженост за здравствените власти се рецептите. Многу луѓе земаат антибиотици без лекарски рецепт. Според извештајот, третина од луѓето во БиХ, Црна Гора, Македонија, Албанија, Турција, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан и Узбекистан земаат антибиотици без лекарски рецепт. Во некои земји, повеќе од 40 отсто од антибиотиците се добиени без лекарско мислење, што е пет пати поголемо од просекот во ЕУ од студијата спроведена во 2022 година. За СЗО влошувањето на економската нееднаквост е уште една опасност, бидејќи најмалку образованите и луѓето со најниски примања се тие кои имаат најлоши практики. Последново „јасно ја покажува потребата од едукација и подигање на свеста“, истакна Батлер. Посочува дека еден од проблемите е и незавршувањето на терапијата со антибиотици за да се зачуваат за друг пат или да се делат тие лекови со болни роднини или соседи.

The post СЗО: Прекумерната употреба на антибиотици ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи appeared first on Република.

]]>
Сè повеќе луѓе умираат од супербактерии, отпорни на старите антибиотици https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-poveke-luge-umiraat-od-superbakterii-otporni-na-starite-antibiotitsi/ Thu, 28 Sep 2023 13:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=686028

Поради прекумерна и неправилна употреба на бактерии, се повеќе луѓе умираат од супербактерии, отпорни на стари антибиотици.

Повеќе од 35.000 Американци годишно умираат од бактериски или габични инфекции отпорни на лекови. Затоа, американската ФДА, Управата за храна и лекови, издаде одобренија на шест стартапи за нивните нови антибиотици од 2017 година. Но, сите тие прогласиле банкрот, бараат нов сопственик или се гасат, пишува Wall Street Journal, а пренесува Јутарњи лист.

Околу 300 научници беа вклучени во развојот на антибиотици во тие компании, околу 80 отсто од нив сега прават нешто друго, вели Кевин Ауттерсон, извршен директор на CARB-X Group. Проблемот е што развојот на нови антибиотици е скап, а пазарот не сака да ја плати високата цена. Новите антибиотици се наменети за ретка и краткотрајна употреба, во случај на најопасните инфекции, за бактериите да не развиваат отпор пребрзо. Компаниите им одредиле цени 100 пати повисоки од генеричките антибиотици кои лекарите ги препишуваат со децении и чинат неколку долари по доза. Но, малкумина сакаат да платат 100 пати поголема цена.

Повеќето големи фармацевтски компании не развиваат антибиотици бидејќи тие не се профитабилни. Неколку стартапи влегоа во бизнисот, но повеќето од нив не успеаја. Nabriva Therapeutics ги отпушти своите преостанати 60 вработени и бара купувач, четири години откако FDA го одобри нејзиниот антибиотик за пневмонија Xenlet. Петдневен третман со Ксенлет чини над 1.000 долари – додека генеричките антибиотици за пневмонија обично чинат помалку од 100 долари. Nabriva го понуди лекот на лекарите во 800 болници, само 100 од нив го прифатија.

Компанијата Achaogen поднесе барање за стечај во 2019 година, помалку од една година откако FDA го одобри нивниот лек Zemdri за комплицирани инфекции на уринарниот тракт. Тие во 2018 година потрошиле речиси 200 милиони долари за производство на лекот и за маркетинг, додека од продажбата на лекот заработиле само 800.000 долари.

The post Сè повеќе луѓе умираат од супербактерии, отпорни на старите антибиотици appeared first on Република.

]]>

Поради прекумерна и неправилна употреба на бактерии, се повеќе луѓе умираат од супербактерии, отпорни на стари антибиотици. Повеќе од 35.000 Американци годишно умираат од бактериски или габични инфекции отпорни на лекови. Затоа, американската ФДА, Управата за храна и лекови, издаде одобренија на шест стартапи за нивните нови антибиотици од 2017 година. Но, сите тие прогласиле банкрот, бараат нов сопственик или се гасат, пишува Wall Street Journal, а пренесува Јутарњи лист. Околу 300 научници беа вклучени во развојот на антибиотици во тие компании, околу 80 отсто од нив сега прават нешто друго, вели Кевин Ауттерсон, извршен директор на CARB-X Group. Проблемот е што развојот на нови антибиотици е скап, а пазарот не сака да ја плати високата цена. Новите антибиотици се наменети за ретка и краткотрајна употреба, во случај на најопасните инфекции, за бактериите да не развиваат отпор пребрзо. Компаниите им одредиле цени 100 пати повисоки од генеричките антибиотици кои лекарите ги препишуваат со децении и чинат неколку долари по доза. Но, малкумина сакаат да платат 100 пати поголема цена. Повеќето големи фармацевтски компании не развиваат антибиотици бидејќи тие не се профитабилни. Неколку стартапи влегоа во бизнисот, но повеќето од нив не успеаја. Nabriva Therapeutics ги отпушти своите преостанати 60 вработени и бара купувач, четири години откако FDA го одобри нејзиниот антибиотик за пневмонија Xenlet. Петдневен третман со Ксенлет чини над 1.000 долари – додека генеричките антибиотици за пневмонија обично чинат помалку од 100 долари. Nabriva го понуди лекот на лекарите во 800 болници, само 100 од нив го прифатија. Компанијата Achaogen поднесе барање за стечај во 2019 година, помалку од една година откако FDA го одобри нивниот лек Zemdri за комплицирани инфекции на уринарниот тракт. Тие во 2018 година потрошиле речиси 200 милиони долари за производство на лекот и за маркетинг, додека од продажбата на лекот заработиле само 800.000 долари.

The post Сè повеќе луѓе умираат од супербактерии, отпорни на старите антибиотици appeared first on Република.

]]>
Д-р Пановски: Само во еден случај на детето му се даваат антибиотици доколку има бактерија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-panovski-samo-vo-eden-sluchaj-na-deteto-mu-se-davaat-antibiotitsi-dokolku-ima-bakterija/ Sun, 03 Sep 2023 19:25:13 +0000 https://republika.mk/?p=674558

Доколку детето нема симптоми на инфекција или болест, а со брис од нос и грло се пронајде бактерија, не треба да прима антибиотик, објаснува проф. д-р Никола Пановски, микробиолог од Институтот за микробиологија за „Деца.мк“.

Има само една ситуација, дополнува професорот, кога во ваков случај детето треба да прима антибиотик.

 Ако детето не е болно, не се дава антибиотик. Никако. Има само еден случај кога може да се препише. Тоа се прави ако се најде стрептококус пиогенес или бета хемолитичен стрептокок од групата А, а детето е склоно кон инфекции од него, или има други лица во околината склони кон инфекции. Но, оваа бактерија ретко се наоѓа кај деца до 3 години. Во ниту еден друг случај не се дава антибиотик, објаснува проф. Пановски.

The post Д-р Пановски: Само во еден случај на детето му се даваат антибиотици доколку има бактерија appeared first on Република.

]]>

Доколку детето нема симптоми на инфекција или болест, а со брис од нос и грло се пронајде бактерија, не треба да прима антибиотик, објаснува проф. д-р Никола Пановски, микробиолог од Институтот за микробиологија за „Деца.мк“. Има само една ситуација, дополнува професорот, кога во ваков случај детето треба да прима антибиотик.
 Ако детето не е болно, не се дава антибиотик. Никако. Има само еден случај кога може да се препише. Тоа се прави ако се најде стрептококус пиогенес или бета хемолитичен стрептокок од групата А, а детето е склоно кон инфекции од него, или има други лица во околината склони кон инфекции. Но, оваа бактерија ретко се наоѓа кај деца до 3 години. Во ниту еден друг случај не се дава антибиотик, објаснува проф. Пановски.

The post Д-р Пановски: Само во еден случај на детето му се даваат антибиотици доколку има бактерија appeared first on Република.

]]>
Загадувањето на воздухот ја зголемува отпорноста на антибиотици, покажа најново истражување https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zagaduvaneto-na-vozduhot-ja-zgolemuva-otpornosta-na-antibiotitsi-pokazha-najnovo-istrazhuvane/ Wed, 09 Aug 2023 15:27:18 +0000 https://republika.mk/?p=670477

Аерозагадувањето ја потпомага отпорноста кон антибиотиците, со што се зголемува ризикот врз здравјето на луѓето, покажа нова студија на глобално ниво. Истражувањето, во кое се собрани податоци од 100 земји во период од две децении, покажува дека зголеменото аерозагадување е поврзано со растот на отпорноста кон антибиотиците ширум државите од сите континенти.

Според истражувањето со текот на времето, врската меѓу аерозагадувањето и отпорноста кон антибиотиците се зголемува и линеарно расте.

„Нашата анализа покажува силни докази дека зголеменото ниво на аерозагадување е поврзано со зголемениот ризик од отпорност кон антибиотици. Ова е прва анализа која ја покажува врската помеѓу овие две работи на глобално ниво“, изјавиле истражувачите-автори, од Кина и Велика Британија.

Наодите од истражувањето се објавени во медицинското научно списание „Lancet Planetary Health“.

Отпорноста кон антибиотици е еден од најрастечкте ризици за глобалното здравје. Може да влијае врз луѓето од секоја возраст и територија и веќе убива 1.3 милиони лица годиншно на глобално ниво.

Според научниците причините за ова сѐ уште се погрешната и преголемата употреба на антибиотици, но студијата покажува дека овие проблеми се продлабочени со зголемените нивоа на аерозагадување.

Според доказите, ПМ2.5 честичките содржат бактерии кои се отпорни на антибиотици, а можат да бидат пренесени во разни средини и вдишени од луѓето, посочуваат авторите.

„Отпорноста на антибиотиците и аерозагадувањето се двете најголеми закани за глобалното здравје, истакнал еден од авторите на студијата, Хонг Чен.

„До сега, немавме чиста слика за поврзаноста меѓу двете работи, но оваа студија сугерира дека бенефитите од контролирањето на аерозагадувањето може да бидат двојни – не само што ќе се намалат ефектите од нискиот квалитет на воздухот, туку ќе може да се спречи и ширењето на бактерии кои се отпорни на антибиотици“, изјави Чен.

The post Загадувањето на воздухот ја зголемува отпорноста на антибиотици, покажа најново истражување appeared first on Република.

]]>

Аерозагадувањето ја потпомага отпорноста кон антибиотиците, со што се зголемува ризикот врз здравјето на луѓето, покажа нова студија на глобално ниво. Истражувањето, во кое се собрани податоци од 100 земји во период од две децении, покажува дека зголеменото аерозагадување е поврзано со растот на отпорноста кон антибиотиците ширум државите од сите континенти. Според истражувањето со текот на времето, врската меѓу аерозагадувањето и отпорноста кон антибиотиците се зголемува и линеарно расте.
„Нашата анализа покажува силни докази дека зголеменото ниво на аерозагадување е поврзано со зголемениот ризик од отпорност кон антибиотици. Ова е прва анализа која ја покажува врската помеѓу овие две работи на глобално ниво“, изјавиле истражувачите-автори, од Кина и Велика Британија.
Наодите од истражувањето се објавени во медицинското научно списание „Lancet Planetary Health“. Отпорноста кон антибиотици е еден од најрастечкте ризици за глобалното здравје. Може да влијае врз луѓето од секоја возраст и територија и веќе убива 1.3 милиони лица годиншно на глобално ниво. Според научниците причините за ова сѐ уште се погрешната и преголемата употреба на антибиотици, но студијата покажува дека овие проблеми се продлабочени со зголемените нивоа на аерозагадување. Според доказите, ПМ2.5 честичките содржат бактерии кои се отпорни на антибиотици, а можат да бидат пренесени во разни средини и вдишени од луѓето, посочуваат авторите.
„Отпорноста на антибиотиците и аерозагадувањето се двете најголеми закани за глобалното здравје, истакнал еден од авторите на студијата, Хонг Чен.
„До сега, немавме чиста слика за поврзаноста меѓу двете работи, но оваа студија сугерира дека бенефитите од контролирањето на аерозагадувањето може да бидат двојни – не само што ќе се намалат ефектите од нискиот квалитет на воздухот, туку ќе може да се спречи и ширењето на бактерии кои се отпорни на антибиотици“, изјави Чен.

The post Загадувањето на воздухот ја зголемува отпорноста на антибиотици, покажа најново истражување appeared first on Република.

]]>
ЕК издаде препораки за избегнување на недостиг на антибиотици претстојнава зима https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-izdade-preporaki-za-izbegnuvane-na-nedostig-na-antibiotitsi-pretstojnava-zima/ Tue, 18 Jul 2023 10:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=662633

Европската комисија и Европската агенција за лекови (ЕМА) издадоа препораки за мерки и активности со цел да се избегне недостиг на антибиотици што се користат за лекување на респираторни инфекции во текот на претстојната зимска сезона.

Расположливите податоци сугерираат дека ако побарувачката во следната зимска сезона е слична на просечното ниво на потрошувачка во претходните години, понудата на клучните орални антибиотици за респираторни инфекции ќе ја покрива побарувачката во ЕУ во претстојната зима, посочуваа Европската комисија, додавајќи дека заедно со ЕМА и Европската здравствена организација за подготвеност и реакција при итни случаи (ХЕРА) ќе продолжат да работат на зголемување на понудата на некои интравенски антибиотици.

Препораките и мерките, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, вклучуваат зголемено производството на клучните антибиотици, постојано следење на нивната понуда и побарувачката и зголемување на јавната свест и внимателна употреба на антбиотиците.

За да се избегне недостигот во претстојната есенска и зимска сезона, ЕМА и ХЕРА препорачуваат зголемување на производството. Раната акција пред есенската и зимската сезона треба да им даде доволно време на производителите да се осигураат дека имаат доволен производствен капацитет за да ги задоволат потребите, посочува ЕК.

Комисијата додава дека заедно со ЕМА и земјите членки на ЕУ ќе продолжат да го следат трендот на побарувачката и понудата на антибиотици.

Со оглед на тоа што преземените мерки се дизајнирани да обезбедат доволно снабдување, сите засегнати страни се потсетуваат да нарачуваат лекови како и обично, без потреба од складирање. Складирањето лекови може дополнително да ги оптовари резервите и да предизвика или да го влоши недостигот, се додава во соопштението.

Европската комисија апелира и за внимателна употреба на антибиотиците со цел да се одржи нивната ефикасност и да се избегне антимикробна резистенција.

Антибиотиците треба да се препишуваат само за лекување на бактериски инфекции. Тие не се погодни за лекување на вирусни инфекции, како настинка и грип, каде што не се ефикасни, посочува ЕК, препорачувајќи и кампањи за подигање на свеста на граѓаните и за нивно информирање за користењето на антибиотици.

Од Комисијата додаваат дека ќе продолжат внимателно да ја следат побарувачката и понудата на антибиотици за навремено да откријат какви било неочекувани недостатоци на залихи и да ги преземат сите неопходни мерки, вклучително, доколку е потребно, и организирање заеднички набавки.

Прашањето за набавката на антибиотици за престојната зима ќе биде и една од темите на средбата на Управниот одбор на ХЕРА со претставници на министерствата за здравство на земјите членки, на Европската комисијата и на фармацевстката индустрија закажана за в четврток.

The post ЕК издаде препораки за избегнување на недостиг на антибиотици претстојнава зима appeared first on Република.

]]>

Европската комисија и Европската агенција за лекови (ЕМА) издадоа препораки за мерки и активности со цел да се избегне недостиг на антибиотици што се користат за лекување на респираторни инфекции во текот на претстојната зимска сезона.
Расположливите податоци сугерираат дека ако побарувачката во следната зимска сезона е слична на просечното ниво на потрошувачка во претходните години, понудата на клучните орални антибиотици за респираторни инфекции ќе ја покрива побарувачката во ЕУ во претстојната зима, посочуваа Европската комисија, додавајќи дека заедно со ЕМА и Европската здравствена организација за подготвеност и реакција при итни случаи (ХЕРА) ќе продолжат да работат на зголемување на понудата на некои интравенски антибиотици.
Препораките и мерките, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, вклучуваат зголемено производството на клучните антибиотици, постојано следење на нивната понуда и побарувачката и зголемување на јавната свест и внимателна употреба на антбиотиците.
За да се избегне недостигот во претстојната есенска и зимска сезона, ЕМА и ХЕРА препорачуваат зголемување на производството. Раната акција пред есенската и зимската сезона треба да им даде доволно време на производителите да се осигураат дека имаат доволен производствен капацитет за да ги задоволат потребите, посочува ЕК.
Комисијата додава дека заедно со ЕМА и земјите членки на ЕУ ќе продолжат да го следат трендот на побарувачката и понудата на антибиотици.
Со оглед на тоа што преземените мерки се дизајнирани да обезбедат доволно снабдување, сите засегнати страни се потсетуваат да нарачуваат лекови како и обично, без потреба од складирање. Складирањето лекови може дополнително да ги оптовари резервите и да предизвика или да го влоши недостигот, се додава во соопштението.
Европската комисија апелира и за внимателна употреба на антибиотиците со цел да се одржи нивната ефикасност и да се избегне антимикробна резистенција.
Антибиотиците треба да се препишуваат само за лекување на бактериски инфекции. Тие не се погодни за лекување на вирусни инфекции, како настинка и грип, каде што не се ефикасни, посочува ЕК, препорачувајќи и кампањи за подигање на свеста на граѓаните и за нивно информирање за користењето на антибиотици.
Од Комисијата додаваат дека ќе продолжат внимателно да ја следат побарувачката и понудата на антибиотици за навремено да откријат какви било неочекувани недостатоци на залихи и да ги преземат сите неопходни мерки, вклучително, доколку е потребно, и организирање заеднички набавки. Прашањето за набавката на антибиотици за престојната зима ќе биде и една од темите на средбата на Управниот одбор на ХЕРА со претставници на министерствата за здравство на земјите членки, на Европската комисијата и на фармацевстката индустрија закажана за в четврток.

The post ЕК издаде препораки за избегнување на недостиг на антибиотици претстојнава зима appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски предупредува: Неконтролираната употреба на антибиотици допрва ќе ја поднесе својата црна фактура https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekarovski-predupreduva-nekontroliranata-upotreba-na-antibiotitsi-doprva-ke-ja-podnese-svojata-tsrna-faktura/ Thu, 23 Feb 2023 09:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=612214

Доктор Нико Беќаровски со стручно појаснување зошто не треба да се злопутребуваат антибиотиците, во контекст на актуелната трагедија - смртта на пациентка од Прилеп која почина по киретажа, а неофицијално причината е стрептокока.

-Staphylococcus_epidermidis e причинителот на смртниот исход кај 52 годишната пациентка од Прилеп. Низ разни медиуми и портали проструи вест дека наводно оваа бактерија се среќава само во книгите, што е најблаго речено крајно неточна информација. Вистината е сосема поинаква и во најразвиените држави, (САД на пример) оваа бактерија се среќава кај околу 20% од сите кардиолошки, ортопедски, гинеколошки и други импланти, вели д-р Беќаровски во својата фејсбук објава.

-Точно е дека оваа бактерија во нормални услови се третира со голем број на антибиотици, од кои сите се достапни во Македонија, но нашето неконтролирано користење на антибиотици предизвика и овие релативно едноставно курабилни бактерии да станат резистентни на сите антибиотици.

Колку илјадници дози Сумамед, Моксирал и други мултипотентни антибиотици беа непотребно ординирани во текот на Ковид пандемијата.

Колку настинки, грипчиња, непотребно се третираат со амоксиклавче ....

За жал превисоката цена за оваа наша лоша навика, ја плати нашата сограѓанка од Прилеп.

За уште поголема жал, ова нема да биде последен ваков случај, бидејќи неконтролираната употреба на антибиотици допрво ќе ја поднесе својата црна фактура.

Затоа уште еднаш да Ве замолам, не дозволувајте да Ве трујат со антибиотици без докажан бактериски причинител или јасни лабораториски параметри за бактериска инфекција!

КОГА НАВИСТИНА ЌЕ ВИ ТРЕБА АНТИБИОТИК, ВАС ИЛИ НА ВАШАТА ФАМИЛИЈА МОЖЕБИ НЕМА ДА ДЕЛУВА, предупредува д-р Беќаровски.

 

The post Д-р Беќаровски предупредува: Неконтролираната употреба на антибиотици допрва ќе ја поднесе својата црна фактура appeared first on Република.

]]>

Доктор Нико Беќаровски со стручно појаснување зошто не треба да се злопутребуваат антибиотиците, во контекст на актуелната трагедија - смртта на пациентка од Прилеп која почина по киретажа, а неофицијално причината е стрептокока. -Staphylococcus_epidermidis e причинителот на смртниот исход кај 52 годишната пациентка од Прилеп. Низ разни медиуми и портали проструи вест дека наводно оваа бактерија се среќава само во книгите, што е најблаго речено крајно неточна информација. Вистината е сосема поинаква и во најразвиените држави, (САД на пример) оваа бактерија се среќава кај околу 20% од сите кардиолошки, ортопедски, гинеколошки и други импланти, вели д-р Беќаровски во својата фејсбук објава. -Точно е дека оваа бактерија во нормални услови се третира со голем број на антибиотици, од кои сите се достапни во Македонија, но нашето неконтролирано користење на антибиотици предизвика и овие релативно едноставно курабилни бактерии да станат резистентни на сите антибиотици. Колку илјадници дози Сумамед, Моксирал и други мултипотентни антибиотици беа непотребно ординирани во текот на Ковид пандемијата. Колку настинки, грипчиња, непотребно се третираат со амоксиклавче .... За жал превисоката цена за оваа наша лоша навика, ја плати нашата сограѓанка од Прилеп. За уште поголема жал, ова нема да биде последен ваков случај, бидејќи неконтролираната употреба на антибиотици допрво ќе ја поднесе својата црна фактура. Затоа уште еднаш да Ве замолам, не дозволувајте да Ве трујат со антибиотици без докажан бактериски причинител или јасни лабораториски параметри за бактериска инфекција! КОГА НАВИСТИНА ЌЕ ВИ ТРЕБА АНТИБИОТИК, ВАС ИЛИ НА ВАШАТА ФАМИЛИЈА МОЖЕБИ НЕМА ДА ДЕЛУВА, предупредува д-р Беќаровски.  

The post Д-р Беќаровски предупредува: Неконтролираната употреба на антибиотици допрва ќе ја поднесе својата црна фактура appeared first on Република.

]]>
Голем број жители на Европа веруваат дека антибиотиците убиваат вируси https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/golem-broj-ziteli-na-evropa-veruvaat-deka-antibioticite-ubivaat-virusi/ Thu, 17 Nov 2022 12:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=574954

Европската Комисија објави анализа за употребата на антибиотици во ЕУ, а резултатите сѐ уште не се задоволителни.

Утре се одбележува паневропскиот ден на сензибилизација против антибиотици. По овој повод анализата покажува дека преголем број граѓани во ЕУ и натаму веруваат дека антибиотиците убиваат вируси, што е медицински погрешно.

Според анкетата 23 отсто од испитаниците употребиле антибиотик во измината година, што е сепак најнизок број од 2009 и покажува подобрување на знаењето на граѓаните.

Но, како што посочува Европската Комисија, преостанува уште многу работа на полето на сензибилизацијата. Комисијата алармира повторно дека отпорноста на антибиотици е една од трите најголеми опасности за здравјето на луѓето. За да се надмине проблемот Комисијата повикува на засилена координација меѓу земјите членки на ЕУ.

Секоја година во ЕУ, Исланд и Норвешка над 35 илјади луѓе умираат поради инфекции отпорни на антибиотик. Ова значи дополнителен товар од 1,5 милиони ера за здравствените системи во ЕУ.

Во овој контекст Европската Комисија најави дека на почетокот на идната година ќе предложи промени на фармацевтското законодавство за справување со овој проблем и препорака до Советот на ЕУ.

 

The post Голем број жители на Европа веруваат дека антибиотиците убиваат вируси appeared first on Република.

]]>

Европската Комисија објави анализа за употребата на антибиотици во ЕУ, а резултатите сѐ уште не се задоволителни. Утре се одбележува паневропскиот ден на сензибилизација против антибиотици. По овој повод анализата покажува дека преголем број граѓани во ЕУ и натаму веруваат дека антибиотиците убиваат вируси, што е медицински погрешно. Според анкетата 23 отсто од испитаниците употребиле антибиотик во измината година, што е сепак најнизок број од 2009 и покажува подобрување на знаењето на граѓаните. Но, како што посочува Европската Комисија, преостанува уште многу работа на полето на сензибилизацијата. Комисијата алармира повторно дека отпорноста на антибиотици е една од трите најголеми опасности за здравјето на луѓето. За да се надмине проблемот Комисијата повикува на засилена координација меѓу земјите членки на ЕУ. Секоја година во ЕУ, Исланд и Норвешка над 35 илјади луѓе умираат поради инфекции отпорни на антибиотик. Ова значи дополнителен товар од 1,5 милиони ера за здравствените системи во ЕУ. Во овој контекст Европската Комисија најави дека на почетокот на идната година ќе предложи промени на фармацевтското законодавство за справување со овој проблем и препорака до Советот на ЕУ.  

The post Голем број жители на Европа веруваат дека антибиотиците убиваат вируси appeared first on Република.

]]>