Антево слово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antevo-slovo/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 08:44:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Антево слово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antevo-slovo/ 32 32 Да живее поезијата!- во присуство на Геро Ла Векија, организатор на манифестацијата „Анџело Ла Векија“ доделени наградите „Антево слово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/da-zhivee-poezijata-vo-prisustvo-na-gero-la-vekija-organizator-na-manifestatsijata-andhelo-la-vekija-dodeleni-nagradite-antevo-slovo/ Thu, 11 Jul 2024 08:43:28 +0000 https://republika.mk/?p=795675

Во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров се одржа седмото издание и официјално доделување на наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија, Анте Поповски.

Присутните ги поздрави Митко Гогов од „Контекст-Струмица“ и синот на академик Анте Поповски, Жорж Поповски.

На конкурсот и доделување на наградата „Антево слово“, со свои дела се пријавија повеќе од 100 поети од Македонија и Англија, Албанија, Бугарија, Тунис и Кипар. Македонка Божиновска годинава ја доби првата награда. Втората награда им припадна на Милена Сиљаноска и Александра Спасеска, третата награда ја делат Рекио Фебија од Италија и Антева Темјана, односно Силвана Димитриевска, а наградата за млад автор на годишниот поетски конкурс е за Васја Мицковски.

Пред присутните се обрати и Геро Ла Векија, организаторот на манифестацијата „Анџело Ла Векија“ кој дојде од Италија заедно со семејството за да присуствува на свеченото доделување на наградите. Тој со голем љубов и посветеност зборуваше за поезијата и нејзиното значење за човекот, пренесе поздрави и благодарност од Градоначалникот на Каникати на Сицилија до градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и го заврши обраќањето со зборовите: „Да живее поезијата!“ што присутните го поздравија со громогласен аплауз.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање посветено на македонскиот поет и есеист Анте Поповски низ чија поезија, како што рече, провејува судбината на македонскиот народ низ вековите, но и неговата сегашност и иднина, рече дека е горд  што Општина Ѓорче Петров е домаќин на ваков настан од меѓународен карактер преку кој покажуваме дека се грижиме за одржување на културата на завидно ниво, но и афирмација на македонската поезија.

Посебно ми беше драго, додаде Стојкоски, што токму денес со нас беше и Геро Ла Векија, организаторот на манифестацијата „Анџело Ла Векија“ кој дојде од Италија.

Голема благодарност и до Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ затоа што наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија-Италија. Воедно, и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава – подвлече градоначалникот на општина Ѓорче Петров.

 

Синоќа беа врачени наградите и за добитниците од изминативе пет години. Лауреати кои се носители на наградата „Антево слово“ се: Томислав Османли, Катица Ќулавкова, Драгана Евтимова, Иван Антоновски, Ива Дамјановски и Виолета Танчева-Златева кои ги прочитаа своите наградени творби.

Освен наградите за авторите, беа доделени благодарници и на личности кои го помогнале „Антево слово“ низ годините. Настанот го водеше Александра Велинова, а преводот на италијански јазик го прежентираше Маја Божиновска.

Сите учесници имаа можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и наградата „Антево слово“, која се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист, велат организаторите.

 

The post Да живее поезијата!- во присуство на Геро Ла Векија, организатор на манифестацијата „Анџело Ла Векија“ доделени наградите „Антево слово“ appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров се одржа седмото издание и официјално доделување на наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија, Анте Поповски. Присутните ги поздрави Митко Гогов од „Контекст-Струмица“ и синот на академик Анте Поповски, Жорж Поповски. На конкурсот и доделување на наградата „Антево слово“, со свои дела се пријавија повеќе од 100 поети од Македонија и Англија, Албанија, Бугарија, Тунис и Кипар. Македонка Божиновска годинава ја доби првата награда. Втората награда им припадна на Милена Сиљаноска и Александра Спасеска, третата награда ја делат Рекио Фебија од Италија и Антева Темјана, односно Силвана Димитриевска, а наградата за млад автор на годишниот поетски конкурс е за Васја Мицковски. Пред присутните се обрати и Геро Ла Векија, организаторот на манифестацијата „Анџело Ла Векија“ кој дојде од Италија заедно со семејството за да присуствува на свеченото доделување на наградите. Тој со голем љубов и посветеност зборуваше за поезијата и нејзиното значење за човекот, пренесе поздрави и благодарност од Градоначалникот на Каникати на Сицилија до градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и го заврши обраќањето со зборовите: „Да живее поезијата!“ што присутните го поздравија со громогласен аплауз. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање посветено на македонскиот поет и есеист Анте Поповски низ чија поезија, како што рече, провејува судбината на македонскиот народ низ вековите, но и неговата сегашност и иднина, рече дека е горд  што Општина Ѓорче Петров е домаќин на ваков настан од меѓународен карактер преку кој покажуваме дека се грижиме за одржување на културата на завидно ниво, но и афирмација на македонската поезија.
Посебно ми беше драго, додаде Стојкоски, што токму денес со нас беше и Геро Ла Векија, организаторот на манифестацијата „Анџело Ла Векија“ кој дојде од Италија. Голема благодарност и до Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ затоа што наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија-Италија. Воедно, и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава – подвлече градоначалникот на општина Ѓорче Петров.
  Синоќа беа врачени наградите и за добитниците од изминативе пет години. Лауреати кои се носители на наградата „Антево слово“ се: Томислав Османли, Катица Ќулавкова, Драгана Евтимова, Иван Антоновски, Ива Дамјановски и Виолета Танчева-Златева кои ги прочитаа своите наградени творби. Освен наградите за авторите, беа доделени благодарници и на личности кои го помогнале „Антево слово“ низ годините. Настанот го водеше Александра Велинова, а преводот на италијански јазик го прежентираше Маја Божиновска.
Сите учесници имаа можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и наградата „Антево слово“, која се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист, велат организаторите.
 

The post Да живее поезијата!- во присуство на Геро Ла Векија, организатор на манифестацијата „Анџело Ла Векија“ доделени наградите „Антево слово“ appeared first on Република.

]]>
Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proglasen-laureatot-na-nagradata-antevo-slovo-2024-godina/ Wed, 15 May 2024 11:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=778349

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ (Kontext), годинава по седми пат ја доделува наградата за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“ (Антево слово), специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Меѓу учесниците, освен поети од Македонија имаше автори и од Англија, Албанија, Бугарија, Тунис и Кипар, а во поширокиот избор влегоа: Ристо Маџунков, Ана Бунтевска, Дарко Лешоски, Соња Карбева, Милчо Мисоски, Елизабета Дончевка-Лушин, Љубица Шопова, Јулијана Младеновска-Тешија, Елизабета Бандиловска, Маја Апостолова, Ирена Павлова Де Одорико и Марија Чокалова.

Жири комисијата во состав: Митко Гогов (претседател), Виолета Танчева-Златева, Драгана Евтимова, Жорж Поповски (членови) и Геро Ла Векија (надворешен соработник), по пристигнати стотина песни едногласно одлучија да ја доделат првата награда на Македонка Божиновска за песната „Криенка“.

1. Македонка Божиновска – „КРИЕНКА“

2. Милена Сиљаноска – „АКО ИМАМ УШТЕ ЕДЕН ЧАС СО ТЕБЕ“

Александра Спасеска – „ИМАЛО ДЕНОВИ“

3. Рекија Фебио (Италија) – „ЌЕ ЧЕКОРИШ“

Антева Темјана (псевдоним) – „ОРЕВОТ“

Млад автор:

Васја Мицковски – „ЗА ПЛАШЛИВИТЕ“

„Во својата кратка, но ефектна песна ‘Криенка’ Македонка Божиновска ни ја открива целата филозофија на човекувањето. Симплифицирана во изразот, со само неколку слики од детството ни открива панорама на сеќавања, колективна носталгија, но и суштински светоглед кој ја одразува длабочината на авторското восприемање на реалноста.

Првата строфа е блескава слика на актуелната состојба на современиот човек, неговиот зазор од Другиот и обидот да се скрие во својата лушпа. Но дури и кога мисли дека нашол добар заслон, сепак сенката го издава и останува видлив и изложен во светот. Издигнувајќи се над другите во животот, освојувајќи високо место во хиерархијата на она што го нарекуваме успех, човекот сфаќа дека и покрај достигнатите височини, останува ‘најдолу од сите созданија’.

Стихови кои говорат за минливоста, за непостојноста, невидливоста и кревкоста на единката, преиспитувањето на индивидуална позиционираност во системот на животни вредности. И тоа е мигот кога човек би требало да сфати дека секој од нас е само капка во морето на животот и дека вистинскиот успех се мери со нешто друго – со загледувањето во себе и со победа над возгордеаноста и над потребата за издвојување. Само во дослух со своето божествено битие сме вистински заштитени од злините на светот и само од него можеме да црпиме сили за да ги надвиеме нив и да ги прифатиме различностите. А вистинското издигнување е можно само преку сознанието (росната капка), кое е способно да ни го исчисти и избистри духот за вистинско човекување, за слевање со сите созданија на светот“, стои во образложението на Антево слово.

 

The post Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година appeared first on Република.

]]>

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ (Kontext), годинава по седми пат ја доделува наградата за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“ (Антево слово), специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. Меѓу учесниците, освен поети од Македонија имаше автори и од Англија, Албанија, Бугарија, Тунис и Кипар, а во поширокиот избор влегоа: Ристо Маџунков, Ана Бунтевска, Дарко Лешоски, Соња Карбева, Милчо Мисоски, Елизабета Дончевка-Лушин, Љубица Шопова, Јулијана Младеновска-Тешија, Елизабета Бандиловска, Маја Апостолова, Ирена Павлова Де Одорико и Марија Чокалова. Жири комисијата во состав: Митко Гогов (претседател), Виолета Танчева-Златева, Драгана Евтимова, Жорж Поповски (членови) и Геро Ла Векија (надворешен соработник), по пристигнати стотина песни едногласно одлучија да ја доделат првата награда на Македонка Божиновска за песната „Криенка“. 1. Македонка Божиновска – „КРИЕНКА“ 2. Милена Сиљаноска – „АКО ИМАМ УШТЕ ЕДЕН ЧАС СО ТЕБЕ“ Александра Спасеска – „ИМАЛО ДЕНОВИ“ 3. Рекија Фебио (Италија) – „ЌЕ ЧЕКОРИШ“ Антева Темјана (псевдоним) – „ОРЕВОТ“ Млад автор: Васја Мицковски – „ЗА ПЛАШЛИВИТЕ“ „Во својата кратка, но ефектна песна ‘Криенка’ Македонка Божиновска ни ја открива целата филозофија на човекувањето. Симплифицирана во изразот, со само неколку слики од детството ни открива панорама на сеќавања, колективна носталгија, но и суштински светоглед кој ја одразува длабочината на авторското восприемање на реалноста. Првата строфа е блескава слика на актуелната состојба на современиот човек, неговиот зазор од Другиот и обидот да се скрие во својата лушпа. Но дури и кога мисли дека нашол добар заслон, сепак сенката го издава и останува видлив и изложен во светот. Издигнувајќи се над другите во животот, освојувајќи високо место во хиерархијата на она што го нарекуваме успех, човекот сфаќа дека и покрај достигнатите височини, останува ‘најдолу од сите созданија’. Стихови кои говорат за минливоста, за непостојноста, невидливоста и кревкоста на единката, преиспитувањето на индивидуална позиционираност во системот на животни вредности. И тоа е мигот кога човек би требало да сфати дека секој од нас е само капка во морето на животот и дека вистинскиот успех се мери со нешто друго – со загледувањето во себе и со победа над возгордеаноста и над потребата за издвојување. Само во дослух со своето божествено битие сме вистински заштитени од злините на светот и само од него можеме да црпиме сили за да ги надвиеме нив и да ги прифатиме различностите. А вистинското издигнување е можно само преку сознанието (росната капка), кое е способно да ни го исчисти и избистри духот за вистинско човекување, за слевање со сите созданија на светот“, стои во образложението на Антево слово.  

The post Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година appeared first on Република.

]]>
Уште 10 дена пријавување за поетскиот конкурс „Антево слово“ 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ushte-10-dena-prijavuvane-za-poetskiot-konkurs-antevo-slovo-2024/ Mon, 19 Feb 2024 12:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=745710

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“, годинава по седми пат го распиша конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски, а кој трае до 1 март.

На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: antevoslovo@gmail.com на македонски и ви превод на италијански или англиски јазик.

Воедно со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

The post Уште 10 дена пријавување за поетскиот конкурс „Антево слово“ 2024 appeared first on Република.

]]>

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“, годинава по седми пат го распиша конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски, а кој трае до 1 март. На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: antevoslovo@gmail.com на македонски и ви превод на италијански или англиски јазик. Воедно со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

The post Уште 10 дена пријавување за поетскиот конкурс „Антево слово“ 2024 appeared first on Република.

]]>
По шести пат распишан конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/po-shesti-pat-raspishan-konkursot-za-najdobra-neobjavena-poetska-tvorba-antevo-slovo/ Fri, 03 Feb 2023 08:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=604129

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ годинава по шести пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: antevoslovo@gmail.com на македонски и италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 28 февруари 2023 година.

Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко. Специјалната награда „Антево слово “ ќе ја координира интернационална жири-комисија со која ќе претседава поетот од Македонија Митко Гогов, поет и претствник на Здружение за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“. Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели пролетта, 2023 година во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и специјалната награда „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

The post По шести пат распишан конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“ appeared first on Република.

]]>

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ годинава по шести пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: antevoslovo@gmail.com на македонски и италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 28 февруари 2023 година. Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко. Специјалната награда „Антево слово “ ќе ја координира интернационална жири-комисија со која ќе претседава поетот од Македонија Митко Гогов, поет и претствник на Здружение за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“. Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели пролетта, 2023 година во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и специјалната награда „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

The post По шести пат распишан конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“ appeared first on Република.

]]>
Ива Дамјановски e добитник на наградата „Антево слово“ 2021/ 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/iva-damjanovski-e-dobitnik-na-nagradata-antevo-slovo-2021-2022/ Thu, 19 May 2022 15:08:13 +0000 https://republika.mk/?p=504458

Ива Дамјановски за „Мојата песна се фрла од мостот“ е лауреат на поетскиот конкурс за необјавена песна „Антево слово“ за 2021/2022 година.

Наградата е дел од Меѓународна поетска манифестација „Анџело ла Векија“ која се остварува во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Наградени автори на „Антево слово“ 2021/ 2022 – Сицилија, Италија

1. награда
Ива Дамјановски – Мојата песна се фрла од мостот

2. награда
Елизабета Бандиловска – Солзите на светот;
Михајло Костадиновски – Младост за перење;

3. награда
Љубинка Донева – Птиците и гробиштата
Димче Шипинкаровски – Прочка

Награда за млад автор:
Мелани Иванова – Порака за мир

Годинешниот мал јубилеј ни претставува особена чест затоа што македонската поезија е дел од оваа значајна Меѓународна поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), која се остварува во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Мисла-песна, песна-мисла, поврзаноста градиво за нови светови, темел за нова јасност. Потребата за мир не е е надреална желба, андроидното живеење е веќе реалност, но да знаеш да ја пренесеш низ поетски глас симболиката на интимните вивнувања и падови преку личните дискурси на перцепција со автентичност и скриена поетичност и мелодика е нешто што ги отвора портите на стиховерзумот на новите поколенија.

Според Атина Цветаноска, член на жири-комисијата на „Антево слово“, експресивната мисла на Ива Дамјановски е луцидно покажана во нејзината песна „Мојата песна се фрла од мостот“.

Нејзината песна е жив организам кој битиствува во реалноста која ја опкружува и се стопува во живиот и неживиот свет. За неа стиховите се органско продолжение на нејзината суштина и се истовремено и орудие и екпресија и израз на внатрешен животен порив. Стиховите се иновативни, современи и во исто време едноставни што прави оваа песна да се чита лесно, но и да побуди прашања и размислувања за есенцијата на животот“, вели Цветаноска.

Ива Дамјановски е родена 1996 година во Скопје. Дипломиран пијанист и моментално работи на своите магистерски студии на Libera Università di Bolzano на Катедрата за музикологија, како и на Катедрата за музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје. До сега има издадено две збирки поезија, насловени „Тие“ и „Двоумење“, како и две научни статии од областа на музикологијата. Добитничка на престижната поетска награда за поезија „Браќа Миладиновци“ во 2020 година.

The post Ива Дамјановски e добитник на наградата „Антево слово“ 2021/ 2022 appeared first on Република.

]]>

Ива Дамјановски за „Мојата песна се фрла од мостот“ е лауреат на поетскиот конкурс за необјавена песна „Антево слово“ за 2021/2022 година. Наградата е дел од Меѓународна поетска манифестација „Анџело ла Векија“ која се остварува во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. Наградени автори на „Антево слово“ 2021/ 2022 – Сицилија, Италија 1. награда Ива Дамјановски – Мојата песна се фрла од мостот 2. награда Елизабета Бандиловска – Солзите на светот; Михајло Костадиновски – Младост за перење; 3. награда Љубинка Донева – Птиците и гробиштата Димче Шипинкаровски – Прочка Награда за млад автор: Мелани Иванова – Порака за мир Годинешниот мал јубилеј ни претставува особена чест затоа што македонската поезија е дел од оваа значајна Меѓународна поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), која се остварува во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. Мисла-песна, песна-мисла, поврзаноста градиво за нови светови, темел за нова јасност. Потребата за мир не е е надреална желба, андроидното живеење е веќе реалност, но да знаеш да ја пренесеш низ поетски глас симболиката на интимните вивнувања и падови преку личните дискурси на перцепција со автентичност и скриена поетичност и мелодика е нешто што ги отвора портите на стиховерзумот на новите поколенија. Според Атина Цветаноска, член на жири-комисијата на „Антево слово“, експресивната мисла на Ива Дамјановски е луцидно покажана во нејзината песна „Мојата песна се фрла од мостот“.
Нејзината песна е жив организам кој битиствува во реалноста која ја опкружува и се стопува во живиот и неживиот свет. За неа стиховите се органско продолжение на нејзината суштина и се истовремено и орудие и екпресија и израз на внатрешен животен порив. Стиховите се иновативни, современи и во исто време едноставни што прави оваа песна да се чита лесно, но и да побуди прашања и размислувања за есенцијата на животот“, вели Цветаноска.
Ива Дамјановски е родена 1996 година во Скопје. Дипломиран пијанист и моментално работи на своите магистерски студии на Libera Università di Bolzano на Катедрата за музикологија, како и на Катедрата за музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје. До сега има издадено две збирки поезија, насловени „Тие“ и „Двоумење“, како и две научни статии од областа на музикологијата. Добитничка на престижната поетска награда за поезија „Браќа Миладиновци“ во 2020 година.

The post Ива Дамјановски e добитник на наградата „Антево слово“ 2021/ 2022 appeared first on Република.

]]>