Анте Поповски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ante-popovski/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 09:59:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анте Поповски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ante-popovski/ 32 32 Лични предмети на Анте Поповски и Матеја Матевски од денеска пред посетителите на Музејот на македонската борба за самостојност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lichni-predmeti-na-ante-popovski-i-mateja-matevski-od-deneska-pred-posetitelite-na-muzejot-na-makedonskata-borba-za-samostojnost/ Fri, 31 May 2024 09:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=783428

Донации на лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски синоќа беа промовирани
во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

Благодарение на соработката со семејствата Поповски и Матевски, музејот ги збогатува
фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација македонски книжевници чии дела оставија силен печат врз општествената и културната сцена во втората половина на 20. век, беше потенцирано синоќа на свеченоста.

На промоцијата се обратија Ана Китановиќ, в.д. директор и автор, м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос и автор, како и Александар Поповски, син на Анте Поповски и Денко Матевски, син на Матеја Матевски.

Голема благодарност до семејствата за укажаната доверба во Музејот на македонската борба, донирајќи материјали што претставуваат значајно дополнување на музејскиот фонд, рекоа од Музејот на македонската борба.

Анте Поповски (1931, Лазарополе – 2003, Скопје) е македонски книжевник, поет и есеист,
публицист, сценарист, продуцент, преведувач, општественик и академик. Како член на МАНУ и
Светската академија на поезијата на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), се профилира како еден од афирматорите на македонска книжевна и културна сцена на национално, но и на меѓународно ниво.

Ако изборот на предметите ја искажува душата на еден човек, ако според изгледот на неговата соба може да се суди за неговата душа, тогаш ние како семејство сме среќни што неговата душа од денес ќе живее во колективната душа на македонскиот народ, на најсветлите негови синови. Неговите предмети не се веќе само наши, туку на Македонија, за која живееше. Затоа, Анте, татко наш, имај вечен живот под покривот на небесна Македонија, истакна, меѓу другото, Александар, синот на Анте Поповски, по повод отворањето на постојаната поставка во Музејот на македонската борба за самостојност посветена на Анте Поповски.

По овој повод на настанот беше прочитана пораката од писателот Венко Андоновски.

Се сеќаваш ли Анте, кога првпат летав со авион со тебе во Варшава, на писателски конгрес, како младо момче штотуку зачекорено во книжевноста, на кое ти му пружаше книжевна поддршка и му го држеше стравот во авионот, водејќи упорно разговор за да престанам да мислам на летот? Тогаш од Варшава ми купи еден мал часовник и една стара мапа на Македонија, што ја пронајдовме во една антикварница. Е па, драг Анте, бидејќи имаше опсесија од собирање часовници и стари мапи на Македонија, се радувам што твоето време од денес ќе се мери со исконското време од старите мапи од наша Македонија, и тоа во Музејот на македонската борба, единственото место достојно да го собере твоето време, твојата љубов кон отечеството и твојата светска, а македонска поезија, химна на светлината на човештвото. И особено се радувам што ова твое селење во вечноста на македонската светлина се случува токму на денот кога она момче што го држеше за рака во авионот за Варшава, денес полни 60 лета. Со љубов, Твој Венко.

Матеја Матевски (1929, Истанбул, Турција – 2018, Скопје) е значајна личност во македонската современа литература и култура, поет на европската лирика, есеист, новинар, преведувач, литературен и театарски критичар. Истакнат општественик и член на МАНУ од 1970 година со значаен придонес во областа на книжевноста и културата на Македонија.

Денко Матевски се заблагодари на сите присутни и рече дека не е убеден дека го бидува за обраќање пред публика како неговиот татко, но дека ќе се обиде.

Иницијативата почната со претходната директорка на Музејот на македонската борба, Даниела Николова во целост се реализираше со професионалниот тим на Музејот и актуелната директорка Ана Китановиќ. Ние како семејство во иднина сме подготвени да ја надградиме и прошириме оваа донација на Матеја Матевски. На музејот му посакувам да истрае со овој проект и да отвори повеќе простор за други наши значајни творци кои со своите дела имаат придонес во борбата за афирмација на македонскиот јазик и култура во светот, рече Матевски.

The post Лични предмети на Анте Поповски и Матеја Матевски од денеска пред посетителите на Музејот на македонската борба за самостојност appeared first on Република.

]]>

Донации на лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски синоќа беа промовирани во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.
Благодарение на соработката со семејствата Поповски и Матевски, музејот ги збогатува фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација македонски книжевници чии дела оставија силен печат врз општествената и културната сцена во втората половина на 20. век, беше потенцирано синоќа на свеченоста.
  На промоцијата се обратија Ана Китановиќ, в.д. директор и автор, м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос и автор, како и Александар Поповски, син на Анте Поповски и Денко Матевски, син на Матеја Матевски.
Голема благодарност до семејствата за укажаната доверба во Музејот на македонската борба, донирајќи материјали што претставуваат значајно дополнување на музејскиот фонд, рекоа од Музејот на македонската борба.
Анте Поповски (1931, Лазарополе – 2003, Скопје) е македонски книжевник, поет и есеист, публицист, сценарист, продуцент, преведувач, општественик и академик. Како член на МАНУ и Светската академија на поезијата на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), се профилира како еден од афирматорите на македонска книжевна и културна сцена на национално, но и на меѓународно ниво.
Ако изборот на предметите ја искажува душата на еден човек, ако според изгледот на неговата соба може да се суди за неговата душа, тогаш ние како семејство сме среќни што неговата душа од денес ќе живее во колективната душа на македонскиот народ, на најсветлите негови синови. Неговите предмети не се веќе само наши, туку на Македонија, за која живееше. Затоа, Анте, татко наш, имај вечен живот под покривот на небесна Македонија, истакна, меѓу другото, Александар, синот на Анте Поповски, по повод отворањето на постојаната поставка во Музејот на македонската борба за самостојност посветена на Анте Поповски.
По овој повод на настанот беше прочитана пораката од писателот Венко Андоновски.
Се сеќаваш ли Анте, кога првпат летав со авион со тебе во Варшава, на писателски конгрес, како младо момче штотуку зачекорено во книжевноста, на кое ти му пружаше книжевна поддршка и му го држеше стравот во авионот, водејќи упорно разговор за да престанам да мислам на летот? Тогаш од Варшава ми купи еден мал часовник и една стара мапа на Македонија, што ја пронајдовме во една антикварница. Е па, драг Анте, бидејќи имаше опсесија од собирање часовници и стари мапи на Македонија, се радувам што твоето време од денес ќе се мери со исконското време од старите мапи од наша Македонија, и тоа во Музејот на македонската борба, единственото место достојно да го собере твоето време, твојата љубов кон отечеството и твојата светска, а македонска поезија, химна на светлината на човештвото. И особено се радувам што ова твое селење во вечноста на македонската светлина се случува токму на денот кога она момче што го држеше за рака во авионот за Варшава, денес полни 60 лета. Со љубов, Твој Венко.
Матеја Матевски (1929, Истанбул, Турција – 2018, Скопје) е значајна личност во македонската современа литература и култура, поет на европската лирика, есеист, новинар, преведувач, литературен и театарски критичар. Истакнат општественик и член на МАНУ од 1970 година со значаен придонес во областа на книжевноста и културата на Македонија. Денко Матевски се заблагодари на сите присутни и рече дека не е убеден дека го бидува за обраќање пред публика како неговиот татко, но дека ќе се обиде.
Иницијативата почната со претходната директорка на Музејот на македонската борба, Даниела Николова во целост се реализираше со професионалниот тим на Музејот и актуелната директорка Ана Китановиќ. Ние како семејство во иднина сме подготвени да ја надградиме и прошириме оваа донација на Матеја Матевски. На музејот му посакувам да истрае со овој проект и да отвори повеќе простор за други наши значајни творци кои со своите дела имаат придонес во борбата за афирмација на македонскиот јазик и култура во светот, рече Матевски.

The post Лични предмети на Анте Поповски и Матеја Матевски од денеска пред посетителите на Музејот на македонската борба за самостојност appeared first on Република.

]]>
Анте Поповски е вертикала на светската поезија и тоа што ние го имаме во Македонија е наша среќа и треба да ја препознаеме дури и во негово отсуство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ante-popovski-e-vertikala-na-svetskata-poezija-i-toa-shto-nie-go-imame-vo-makedonija-e-nasha-sreka-i-treba-da-ja-prepoznaeme-duri-i-vo-negovo-otsustvo/ Fri, 27 Oct 2023 09:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=695462

Анте Поповски е вертикала на светската поезија. Тоа што ние го имаме во Македонија е наша среќа и таа среќа треба да ја препознаеме дури и во негово отсуство, рече синоќа Венко Андоновски во своето излагање по повод на Омажот посветен на 20 годишнината од смртта на поетот.

Се сметам за следбеник на Анте и за негов ученик иако јас пишувам проза и романи, а тој пишуваше поезија и есеи. Нема таков поет во Македонија кој во својата поетска леќа има инсталирано микроскоп, за микроскопски да ја гледа стварноста. Тој сака да го види невидливото. А во Библијата стои: Се што гледаме сведочи за невидливото. Во поезијата на Анте наоѓам една тивка религиозност, една проврзаност кон она што е невидливо, што не може да се види со голо око. Задача на поетот е да го види невидливото, а неговата поезија сведочи за невидливото. И тоа е универзалното значење на неговата поезија што и дава значење на светска, рече Андоновски.

Од 1959 година кога излезе од печат збирката поезија „Вардар“, Анте ја има за константа Македонија.

Сите кои ја толкуваат таа лирика како патриотска сврзана за една држава треба да имаат предвид дека Анте пее за една невидлива Македонија. Сака да ја искаже онаа Македонија која не е искажана, онаа која е милениумски проект на космосот, онаа за која тој тврдеше и дека дала еден хемиски елемент во Менделеевата табличка на елементите - Македониум. Тоа е таа составка без која космосот не може да се растајни. За него Македонија е шифрата на растајнување на космосот, посебно во „Света песна“. Во таа негова поетска круна повторно е ориентиран кон една невидлива Македонија и повторно говори за неименливото и невидливото што го викаме Македонија, истакна Андоновски.

Тајните древни писма се третата опсесија на Поповски.

Анте беше обземен од писмото како феномен. И ако навистина се погледне цивилизациски, тоа е можеби најголемиот изум досега во човековиот живот. Писмото е меморија и Анте веруваше дека поезијата е најпотентно писмо. Тврдеше дека ниедна историја на ниеден народ не може да запомни толку колку што може една поезија. Запишувањето е клучно за Анте, тој се плашеше дека нешто ќе се заборави, дека нешто нема да се пренесе на поколенијата. Ни остави книга која се вика „Записи од дамнина“. Ги извади од средновековните евангелија записите што се на маргините, што оние препишувачи со ноќи и ноќи работеле и не смееле да сменат ништо во преписот, ги најде нивните изблици на индивидуалност што ги запишале на маргините под сериозна закана да бидат казнети зошто не смее да се остава личен запис на светите книги. За мене ова е исклучителна книга, во нив се наоѓа првата македонска стилска фигура, првата метафора, а тоа се анонимни препишувачи кои имале поетски талент. И тоа ќе останеше невидлив ако Анте не ни го укажете. Круна на тие записи е една мала белешка на магрините на една мала песна - некој препишувач вели дека бил многу изморен, дека некоја калуѓерка Теодосија му донела вино и последниот стих е: „Очи ми се отворише“, ама тоа „О“ во „очи“ е напишано со црнка, со зеница внатре. Визуелната поезија се појави во втората половина на дваесеттиот век, а Анте ја извлече во тие записи од нашето средновековие. Зарем треба нешто повеќе од тоа да се каже за да се сфати мисијата на овој човек, кој навистина беше ориентиран кон тоа невидливо, рече Андоновски.

Анте сметаше дека мора да се остави трага за Македонија. И неговата поезија која е капитална од светски ранг, таков поет беше и Анте, секогаш настанува не од ништо, туку од недостиг. Зад сите стихови на Анте Поповски стои тага за изгубената прапостојбина, место кое е извор на Македонија и на тој Македониум, неговата поезија се раѓа во меланхолична болка што доаѓа од свеста за нешто загубено, кое се открива преку стари писма, преку симболи, архетипови, записи од дамнината, равенки во поезијата...

Книжевноста ни е дадена за да сме утешиме што сме смртни, велеше Анте, а вечерва сум убеден дека не гледа одозгора, а под мишка го носи единствениот уникате часовник на светот кој не мери време туку вечност, заврши Андоновски.

Настанот се одржа во КИЦ- Скопје, во организација на Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски, „Антево перо“ како дел од шестото издание на меѓународната поетско-културна манифестација, што се одржува во чест на македонскиот книжевен великан и го носи неговото име.

Присутните може да чујат дел од првото пеење „Каин и Авел“ од грандиозното дело на Поповски „Света песна“ во изведба на артистката Софија Гогова-Врчаковска, на која потоа ѝ беше врачено признанието „Антева златна книга“, кое се состои од поетски творби од Анте Поповски во кожен повез, испишани со неговиот оригинален ракопис.

Во чест на поетот беше промовирана комбинирана веб-страница, која содржи многубројни значајни податоци за творештвото на Анте Поповски, за Здружението, кое се грижи за чување и афирмација на неговото дело и оставнина, како и за реализацијата на шесте досегашни изданија на меѓународната манифестација „Анте Поповски – „Антево перо“.

The post Анте Поповски е вертикала на светската поезија и тоа што ние го имаме во Македонија е наша среќа и треба да ја препознаеме дури и во негово отсуство appeared first on Република.

]]>

Анте Поповски е вертикала на светската поезија. Тоа што ние го имаме во Македонија е наша среќа и таа среќа треба да ја препознаеме дури и во негово отсуство, рече синоќа Венко Андоновски во своето излагање по повод на Омажот посветен на 20 годишнината од смртта на поетот.
Се сметам за следбеник на Анте и за негов ученик иако јас пишувам проза и романи, а тој пишуваше поезија и есеи. Нема таков поет во Македонија кој во својата поетска леќа има инсталирано микроскоп, за микроскопски да ја гледа стварноста. Тој сака да го види невидливото. А во Библијата стои: Се што гледаме сведочи за невидливото. Во поезијата на Анте наоѓам една тивка религиозност, една проврзаност кон она што е невидливо, што не може да се види со голо око. Задача на поетот е да го види невидливото, а неговата поезија сведочи за невидливото. И тоа е универзалното значење на неговата поезија што и дава значење на светска, рече Андоновски.
Од 1959 година кога излезе од печат збирката поезија „Вардар“, Анте ја има за константа Македонија.
Сите кои ја толкуваат таа лирика како патриотска сврзана за една држава треба да имаат предвид дека Анте пее за една невидлива Македонија. Сака да ја искаже онаа Македонија која не е искажана, онаа која е милениумски проект на космосот, онаа за која тој тврдеше и дека дала еден хемиски елемент во Менделеевата табличка на елементите - Македониум. Тоа е таа составка без која космосот не може да се растајни. За него Македонија е шифрата на растајнување на космосот, посебно во „Света песна“. Во таа негова поетска круна повторно е ориентиран кон една невидлива Македонија и повторно говори за неименливото и невидливото што го викаме Македонија, истакна Андоновски.
Тајните древни писма се третата опсесија на Поповски.
Анте беше обземен од писмото како феномен. И ако навистина се погледне цивилизациски, тоа е можеби најголемиот изум досега во човековиот живот. Писмото е меморија и Анте веруваше дека поезијата е најпотентно писмо. Тврдеше дека ниедна историја на ниеден народ не може да запомни толку колку што може една поезија. Запишувањето е клучно за Анте, тој се плашеше дека нешто ќе се заборави, дека нешто нема да се пренесе на поколенијата. Ни остави книга која се вика „Записи од дамнина“. Ги извади од средновековните евангелија записите што се на маргините, што оние препишувачи со ноќи и ноќи работеле и не смееле да сменат ништо во преписот, ги најде нивните изблици на индивидуалност што ги запишале на маргините под сериозна закана да бидат казнети зошто не смее да се остава личен запис на светите книги. За мене ова е исклучителна книга, во нив се наоѓа првата македонска стилска фигура, првата метафора, а тоа се анонимни препишувачи кои имале поетски талент. И тоа ќе останеше невидлив ако Анте не ни го укажете. Круна на тие записи е една мала белешка на магрините на една мала песна - некој препишувач вели дека бил многу изморен, дека некоја калуѓерка Теодосија му донела вино и последниот стих е: „Очи ми се отворише“, ама тоа „О“ во „очи“ е напишано со црнка, со зеница внатре. Визуелната поезија се појави во втората половина на дваесеттиот век, а Анте ја извлече во тие записи од нашето средновековие. Зарем треба нешто повеќе од тоа да се каже за да се сфати мисијата на овој човек, кој навистина беше ориентиран кон тоа невидливо, рече Андоновски.
Анте сметаше дека мора да се остави трага за Македонија. И неговата поезија која е капитална од светски ранг, таков поет беше и Анте, секогаш настанува не од ништо, туку од недостиг. Зад сите стихови на Анте Поповски стои тага за изгубената прапостојбина, место кое е извор на Македонија и на тој Македониум, неговата поезија се раѓа во меланхолична болка што доаѓа од свеста за нешто загубено, кое се открива преку стари писма, преку симболи, архетипови, записи од дамнината, равенки во поезијата...
Книжевноста ни е дадена за да сме утешиме што сме смртни, велеше Анте, а вечерва сум убеден дека не гледа одозгора, а под мишка го носи единствениот уникате часовник на светот кој не мери време туку вечност, заврши Андоновски.
  Настанот се одржа во КИЦ- Скопје, во организација на Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски, „Антево перо“ како дел од шестото издание на меѓународната поетско-културна манифестација, што се одржува во чест на македонскиот книжевен великан и го носи неговото име. Присутните може да чујат дел од првото пеење „Каин и Авел“ од грандиозното дело на Поповски „Света песна“ во изведба на артистката Софија Гогова-Врчаковска, на која потоа ѝ беше врачено признанието „Антева златна книга“, кое се состои од поетски творби од Анте Поповски во кожен повез, испишани со неговиот оригинален ракопис. Во чест на поетот беше промовирана комбинирана веб-страница, која содржи многубројни значајни податоци за творештвото на Анте Поповски, за Здружението, кое се грижи за чување и афирмација на неговото дело и оставнина, како и за реализацијата на шесте досегашни изданија на меѓународната манифестација „Анте Поповски – „Антево перо“.  

The post Анте Поповски е вертикала на светската поезија и тоа што ние го имаме во Македонија е наша среќа и треба да ја препознаеме дури и во негово отсуство appeared first on Република.

]]>
По шести пат распишан конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/po-shesti-pat-raspishan-konkursot-za-najdobra-neobjavena-poetska-tvorba-antevo-slovo/ Fri, 03 Feb 2023 08:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=604129

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ годинава по шести пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: antevoslovo@gmail.com на македонски и италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 28 февруари 2023 година.

Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко. Специјалната награда „Антево слово “ ќе ја координира интернационална жири-комисија со која ќе претседава поетот од Македонија Митко Гогов, поет и претствник на Здружение за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“. Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели пролетта, 2023 година во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и специјалната награда „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

The post По шести пат распишан конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“ appeared first on Република.

]]>

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ годинава по шести пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: antevoslovo@gmail.com на македонски и италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 28 февруари 2023 година. Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко. Специјалната награда „Антево слово “ ќе ја координира интернационална жири-комисија со која ќе претседава поетот од Македонија Митко Гогов, поет и претствник на Здружение за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“. Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели пролетта, 2023 година во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и специјалната награда „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

The post По шести пат распишан конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“ appeared first on Република.

]]>
Врачување на наградите на Меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vrachuvanje-na-nagradite-na-megjunarodnata-poetska-manifestacija-ante-popovski-antevo-pero/ Thu, 20 Oct 2022 07:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=563372

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје денеска ќе се одржи централниот настан од годинашното, петто по ред јубилејно издание на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Манифестацијата се оддржува во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, академик Анте Поповски.

По поздравното обраќање до присутните на директорката на Музејот, Даниела Николова, ќе следи претставување на најуспешните наслови пристигнати на Конкурсот за необјавена збирка поезија на македонски јазик, за кои на авторите ќе им бидат врачени традиционалните поетски награди кои ги доделува организацискиот одбор на Манифестацијата. Годинашен лауреат на престижната книжевна награда „Антево перо“ е поетесата Јулијана Младеновска Тешија за збирката песни под наслов „Куќа“ . Наградите „Антев златник“ ќе им бидат врачени на авторите Виолета Танчева Златева за стихозбирката „Глуво време“ и на Славица Гаџова Свидерска за стихозбирката „Golgotha Feminarum. Наградата „Антев часовник“, што се доделува со цел откривање и афирмација на нови, млади, талентирани поети кои творат на македонски јазик и припадна и ќе и биде врачена на поетесата Рената Пенчова, соопштија организаторите.

Тие додадоа дека во продолжение на вечерта, ќе следи и поетско читање на кое со дел од своите најнови поетски творби ќе се претстават наградените автори, но и поети, чии што дела беа селектирани во потесниот, односно поширокиот избор на поетскиот натпревар за наградите, на кој што учествуваа 76 творци.

Дополнително, дел од содржините со кои ќе биде заокружена годинашната Меѓународна поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ е планирано да се одржат и на други локации и во други средини, за што јавноста ќе биде навремено информирана, наведоа организаторите.

The post Врачување на наградите на Меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ appeared first on Република.

Распишан поетскиот конкурс „Антево перо“ за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/raspishan-poetskiot-konkurs-antevo-pero-za-2022-godina/ Wed, 25 May 2022 08:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=506646

Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ распишува конкурс за доделување на наградата „Антево перо“, утврдена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2022 година.

Пропозиции:

1. Наградата „Антево перо“ за 2022 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).

2. На конкурсот може да се јават сите автори што имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот стаж или државата во која живеат.

3. Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

4. Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од наш истакнат литературен творец во рамките на самата манифестација.

5. Пристигнатите ракописи ќе ги разгледува тричлена комисија, во состав: Весна Мојсова-Чепишевска (професор, писател и книжевен критичар), д-р Атина Цветаноска (книжевен истражувач) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски). Третиот член има право на вето на одлуката на комисијата доколку смета дека делото што комисијата сака да го награди е под достоинството на поетското творештво на Анте Поповски или го навредува јавниот и естетскиот вкус.

6. Ракописите треба да бидат напишани во Times New Roman, фонт 12 и да бидат испратени во електронски формат pdf или word на електронската адреса: antevopero@gmail.com заклучно со 28 август 2022 година.

7. Кандидатите може ракописот да го достават под свое име и презиме или под шифра. Во вториот случај авторството го докажуваат со копија од ракописот по објавувањето на резултатите.

8. Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок затоа што Комисијата ќе ги прегледува ракописите сукцесивно, онака како што пристигнуваат.

9. Комисијата својата одлука ќе ја соопшти за време на манифестацијата кон средината на септември 2022 година.

The post Распишан поетскиот конкурс „Антево перо“ за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ распишува конкурс за доделување на наградата „Антево перо“, утврдена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2022 година. Пропозиции: 1. Наградата „Антево перо“ за 2022 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). 2. На конкурсот може да се јават сите автори што имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот стаж или државата во која живеат. 3. Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот. 4. Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од наш истакнат литературен творец во рамките на самата манифестација. 5. Пристигнатите ракописи ќе ги разгледува тричлена комисија, во состав: Весна Мојсова-Чепишевска (професор, писател и книжевен критичар), д-р Атина Цветаноска (книжевен истражувач) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски). Третиот член има право на вето на одлуката на комисијата доколку смета дека делото што комисијата сака да го награди е под достоинството на поетското творештво на Анте Поповски или го навредува јавниот и естетскиот вкус. 6. Ракописите треба да бидат напишани во Times New Roman, фонт 12 и да бидат испратени во електронски формат pdf или word на електронската адреса: antevopero@gmail.com заклучно со 28 август 2022 година. 7. Кандидатите може ракописот да го достават под свое име и презиме или под шифра. Во вториот случај авторството го докажуваат со копија од ракописот по објавувањето на резултатите. 8. Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок затоа што Комисијата ќе ги прегледува ракописите сукцесивно, онака како што пристигнуваат. 9. Комисијата својата одлука ќе ја соопшти за време на манифестацијата кон средината на септември 2022 година.