анталија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antalija/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Nov 2024 21:03:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анталија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/antalija/ 32 32 ВИДЕО: Се запали авион при слетување на аеродромот во Анталија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/video-se-zapali-avion-pri-sletuvane-na-aerodromot-vo-antalija/ Sun, 24 Nov 2024 21:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=841401

Авионот Сухој Суперџет 100-95ЛР на руската компанија Азимут се запали при слетување на аеродромот во Анталија. Авионот летал на линијата од Сочи до Анталија, а пожарот избил во моторот. Авионот по слетувањето застанал на пистата, по што започнала евакуацијата на патниците.

Итните служби на аеродромот реагирале брзо и го изгаснале пожарот, додека сите 79 патници биле безбедно евакуирани.

По инцидентот, пистата на аеродромот во Анталија беше привремено затворена, што предизвика одложување на пристигнувањето на другите летови додека ситуацијата не се стави под контрола.

Во моментов се истражуваат причините за пожарот.

The post ВИДЕО: Се запали авион при слетување на аеродромот во Анталија appeared first on Република.

]]>

Авионот Сухој Суперџет 100-95ЛР на руската компанија Азимут се запали при слетување на аеродромот во Анталија. Авионот летал на линијата од Сочи до Анталија, а пожарот избил во моторот. Авионот по слетувањето застанал на пистата, по што започнала евакуацијата на патниците. Итните служби на аеродромот реагирале брзо и го изгаснале пожарот, додека сите 79 патници биле безбедно евакуирани. По инцидентот, пистата на аеродромот во Анталија беше привремено затворена, што предизвика одложување на пристигнувањето на другите летови додека ситуацијата не се стави под контрола. Во моментов се истражуваат причините за пожарот.

The post ВИДЕО: Се запали авион при слетување на аеродромот во Анталија appeared first on Република.

]]>
Анталија е прекрасна и на есен https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/antalija-e-prekrasna-i-na-esen/ Fri, 04 Oct 2024 13:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=822556

Анталија, најпознатото медитеранско летувалиште во Турција е познато како рајот и пеколот на земјата. Градот во 158 година пред нашата ера го основал кралот на Пергам, Атала II по кого и градот го добива своето име. Кралот ги испратил своите војници од островот на копното и им рекол дека сака да му го најдат „рајот на земјата“. По шест месеци се вратиле и му рекле дека го пронашле рајот по што тој допатувал со нив во пределот каде што е сега Анталија, се согласил со нив дека токму тука е рајот на земјата и го основал градот.

Сегашните жители, пак, имаат изрека дека не можат да одат во „пеколот“ бидејќи живеат во „пеколот на земјата“. Така е особено во месеците јуни, јули и август кога има високи температури и преку ден, но и преку ноќ. Токму тоа е причината што жителите на Анталија во овие три месеци го напуштаат градот и живеат во своите вили во поладните делови во блиските планини.

Град со 300 сончеви денови во кој во исто време можеш да пливаш во море и да се скијаш на планина

Жителите на Анталија велат дека овде и уште на можеби две три места во светот може во исто време да скијаш и да се бањаш во море. Веднаш над Анталија на само 20-тина минути возење се високите планини Бик или Торос, каде зимно време има снег и има познат скијачки центар, а во исто време во градот е доволно топло за да се плива во морето. Затоа е едно од ретките места на земјата каде е можно единствено чувство прво да се скија, а потоа да се плива во море.

Градот има преку 300 сончеви денови во годината, богата историја, модерни градби и преубави плажи. Сместен е во истоимениот залив и се состои од два дела од кои едниот е современ со широки булевари, трговски центри и богат ноќен живот и вториот дел - стариот град Калеичи кој личи на Охрид или на некој град во Италија и Шпанија и е претворен во туристички центар на градот. Можеби во делот со бројните дуќани заликува и на Старата скопска чаршија, но градбите дефинитивно личат на Охрид.

Таму може да се најде се и сешто од познатите турски локуми, традиционални сладолетчии со единствениот начин на служење на сладолед или по турски дондурма, разни рачни изработки и сувенири до прекрасни традиционални ресторани со посебно вкусна храна и мезиња.

Тука е и пристаништето се модерни, но и стари бродови.

Спој на модерното и традицијата

Анталија, крајбрежниот рај на медитеранскиот брег на Турција, ги маѓепсува посетителите со своите прекрасни плажи, античка историја и живописна култура. Сместен меѓу Средоземното Море и планините Торос, овој град нуди уникатен спој на модерното и традицијата.

Анталија е поделена на три големи области: Коњалти, Кепез и Муратпаша. Секоја од нив е поделена на помали микродистрикти. Коњалти се смета за еден од најубавите делови на градот. Географски, се наоѓа на западниот дел во близина на планините Торос.  Има плажи со крупен песок долги околу 10 километри.

Муратпаша е централниот дел на градот во кој се наоѓа и стариот град Калеичи. Тука плажите се карпести, но во овој дел од градот има и прекрасен водопад на река понорница долга само 40-тина километри од кои 17 се под земја. Лара е делот од градот на источната страна каде има прекрасни плажи со ситен песок.

 Богата историја со непроценливи артефакти

Околината на Анталија била населена уште од неандерталците за што има докази во пештерите што се непосредно до градот во кои животот продолжил и многу после првобитните луѓе.

Со градот владееле Римјаните, Византијците, Селџуците,... Има прекрасен музеј во кој има артефакти од антиката кои се исклучиво од регионот Анталија. Најголем дел од нив се од античкиот град Перге.

Во музејот има многу бисти меѓу кои и на Александар Македонски, на римскиот владетел Адриус кој го освоил градот преку портата, единствената слаба точка на бедемот, кој бил доволно висок и широк за да не можат стрелите да им направат ништо на жителите, но и прекрасни саркофази на богати и познати жители на градот.

Единствена по својот изглед е статуата на жена што танцува зошто е направена од два вида мермер - бел и сив, односно косата и облеката и се направени од сив мермер. Тука е и статуата на трите грации – Хера, Афродита и Атина.

Во горниот дел од музејот има соба со икони од црквите од градот и околината и богата збирка на ковани пари.

Анталија го има најголемиот аеродром на Медитеранот

Во Анталија е сместен и најголемиот аеродром во Медитеранот. Вообичаено дневно од аеродромот се реализираат по околу 1.100 полетувања и слетувања, а во шпицот на туристичката сезона и во викендите и до 1.600 зошто има голем број на чартер летови. Годишно преку него се превезуваат 16 до 18 милиони патници.

Во моментов се при крај градежните работи за изградба на нов терминал со што се очекува двојно да се зголеми бројот на превезени патници. Терминалот треба да биде готов до крајот на годинава или на почетокот на следната година.

Милиони туристи го посетуваат поширокиот регион на Анталија

Секоја година повеќе милиони туристи го посетуваат поширокиот регион на областа Анталија, сместена во Анталискиот залив на Средоземното Море. На север од градот Анталија на околу 30 километри е монденското место Кемер, а на југ, на отприлика 80 километри се познатите летувалишта Сиде и Аланија. Во непосредна близина на северната страна е и градот Фетије каде е прекрасната Сина Лагуна. Во сите овие места, а особено во градот Анталија туристи има речиси преку целата година.

The post Анталија е прекрасна и на есен appeared first on Република.

]]>

Анталија, најпознатото медитеранско летувалиште во Турција е познато како рајот и пеколот на земјата. Градот во 158 година пред нашата ера го основал кралот на Пергам, Атала II по кого и градот го добива своето име. Кралот ги испратил своите војници од островот на копното и им рекол дека сака да му го најдат „рајот на земјата“. По шест месеци се вратиле и му рекле дека го пронашле рајот по што тој допатувал со нив во пределот каде што е сега Анталија, се согласил со нив дека токму тука е рајот на земјата и го основал градот. Сегашните жители, пак, имаат изрека дека не можат да одат во „пеколот“ бидејќи живеат во „пеколот на земјата“. Така е особено во месеците јуни, јули и август кога има високи температури и преку ден, но и преку ноќ. Токму тоа е причината што жителите на Анталија во овие три месеци го напуштаат градот и живеат во своите вили во поладните делови во блиските планини. Град со 300 сончеви денови во кој во исто време можеш да пливаш во море и да се скијаш на планина Жителите на Анталија велат дека овде и уште на можеби две три места во светот може во исто време да скијаш и да се бањаш во море. Веднаш над Анталија на само 20-тина минути возење се високите планини Бик или Торос, каде зимно време има снег и има познат скијачки центар, а во исто време во градот е доволно топло за да се плива во морето. Затоа е едно од ретките места на земјата каде е можно единствено чувство прво да се скија, а потоа да се плива во море. Градот има преку 300 сончеви денови во годината, богата историја, модерни градби и преубави плажи. Сместен е во истоимениот залив и се состои од два дела од кои едниот е современ со широки булевари, трговски центри и богат ноќен живот и вториот дел - стариот град Калеичи кој личи на Охрид или на некој град во Италија и Шпанија и е претворен во туристички центар на градот. Можеби во делот со бројните дуќани заликува и на Старата скопска чаршија, но градбите дефинитивно личат на Охрид. Таму може да се најде се и сешто од познатите турски локуми, традиционални сладолетчии со единствениот начин на служење на сладолед или по турски дондурма, разни рачни изработки и сувенири до прекрасни традиционални ресторани со посебно вкусна храна и мезиња. Тука е и пристаништето се модерни, но и стари бродови. Спој на модерното и традицијата Анталија, крајбрежниот рај на медитеранскиот брег на Турција, ги маѓепсува посетителите со своите прекрасни плажи, античка историја и живописна култура. Сместен меѓу Средоземното Море и планините Торос, овој град нуди уникатен спој на модерното и традицијата. Анталија е поделена на три големи области: Коњалти, Кепез и Муратпаша. Секоја од нив е поделена на помали микродистрикти. Коњалти се смета за еден од најубавите делови на градот. Географски, се наоѓа на западниот дел во близина на планините Торос.  Има плажи со крупен песок долги околу 10 километри. Муратпаша е централниот дел на градот во кој се наоѓа и стариот град Калеичи. Тука плажите се карпести, но во овој дел од градот има и прекрасен водопад на река понорница долга само 40-тина километри од кои 17 се под земја. Лара е делот од градот на источната страна каде има прекрасни плажи со ситен песок.  Богата историја со непроценливи артефакти Околината на Анталија била населена уште од неандерталците за што има докази во пештерите што се непосредно до градот во кои животот продолжил и многу после првобитните луѓе. Со градот владееле Римјаните, Византијците, Селџуците,... Има прекрасен музеј во кој има артефакти од антиката кои се исклучиво од регионот Анталија. Најголем дел од нив се од античкиот град Перге. Во музејот има многу бисти меѓу кои и на Александар Македонски, на римскиот владетел Адриус кој го освоил градот преку портата, единствената слаба точка на бедемот, кој бил доволно висок и широк за да не можат стрелите да им направат ништо на жителите, но и прекрасни саркофази на богати и познати жители на градот. Единствена по својот изглед е статуата на жена што танцува зошто е направена од два вида мермер - бел и сив, односно косата и облеката и се направени од сив мермер. Тука е и статуата на трите грации – Хера, Афродита и Атина. Во горниот дел од музејот има соба со икони од црквите од градот и околината и богата збирка на ковани пари. Анталија го има најголемиот аеродром на Медитеранот Во Анталија е сместен и најголемиот аеродром во Медитеранот. Вообичаено дневно од аеродромот се реализираат по околу 1.100 полетувања и слетувања, а во шпицот на туристичката сезона и во викендите и до 1.600 зошто има голем број на чартер летови. Годишно преку него се превезуваат 16 до 18 милиони патници. Во моментов се при крај градежните работи за изградба на нов терминал со што се очекува двојно да се зголеми бројот на превезени патници. Терминалот треба да биде готов до крајот на годинава или на почетокот на следната година. Милиони туристи го посетуваат поширокиот регион на Анталија Секоја година повеќе милиони туристи го посетуваат поширокиот регион на областа Анталија, сместена во Анталискиот залив на Средоземното Море. На север од градот Анталија на околу 30 километри е монденското место Кемер, а на југ, на отприлика 80 километри се познатите летувалишта Сиде и Аланија. Во непосредна близина на северната страна е и градот Фетије каде е прекрасната Сина Лагуна. Во сите овие места, а особено во градот Анталија туристи има речиси преку целата година.

The post Анталија е прекрасна и на есен appeared first on Република.

]]>
Македонските фудбалери се собраа во Анталија за дуелите со Црна Гора и Молдавија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-se-sobraa-vo-antalija-za-duelite-so-tsrna-gora-i-moldavija/ Mon, 18 Mar 2024 16:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=756014

Македонската фудбалска репрезентација попладнево во турскиот град Анталија ги стартува мини подготовките за двата претстојни пријателски натпревари на неутрален терен против Црна Гора и Молдавија.

Прв противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски во 2024 година ќе биде селекцијата на Молдавија, а делот е закажан за 22 март во спортскиот комплекс „Мардан“ во Анталија со почеток во 15:30 часот.

На истиот стадион македонските фудбалери на 25 март ќе играат против Црна Гора. Дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

Од репрезентативниот список кој Милевски го објави за двата натпревари во Турција отпадна поради повреда фудбалерот на белгиски Беверен, Ердон Даци. ег ФОТО: ФФМ

The post Македонските фудбалери се собраа во Анталија за дуелите со Црна Гора и Молдавија appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација попладнево во турскиот град Анталија ги стартува мини подготовките за двата претстојни пријателски натпревари на неутрален терен против Црна Гора и Молдавија. Прв противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски во 2024 година ќе биде селекцијата на Молдавија, а делот е закажан за 22 март во спортскиот комплекс „Мардан“ во Анталија со почеток во 15:30 часот. На истиот стадион македонските фудбалери на 25 март ќе играат против Црна Гора. Дуелот е закажан со почеток во 18 часот. Од репрезентативниот список кој Милевски го објави за двата натпревари во Турција отпадна поради повреда фудбалерот на белгиски Беверен, Ердон Даци. ег ФОТО: ФФМ  

The post Македонските фудбалери се собраа во Анталија за дуелите со Црна Гора и Молдавија appeared first on Република.

]]>
Османи на отворање на Почесниот конзулат во Анталија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-otvorane-na-pochesniot-konzulat-vo-antalija/ Sat, 02 Mar 2024 17:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=750527

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи по учеството на Анталија дипломатскиот форум, го отвори Почесниот конзулат на Република Македонија со седиште во Анталија, Република Турција.

Почесниот конзул, Али Кизилда e реномиран член на анталиската деловна заедница со 35 години искуство во сферата на туризмот.

За време на неговото поздравно обраќање Османи потенцираше дека Македонија и Турција, имаат голем потенцијал за унапредување на економската соработка и зајакнување на бизнис врските.

„Има можности кои треба максимално да се искористат и на државно ниво и од бизнис-заедниците. Меѓу нашите главни цели со отворањето на Почесниот конзулат во Анталија е постигнување на посакуваното ниво на економска и туристичка соработка како и промоција на бизнис можностите за инвестиција во Македонија”, истакна Османи.

Меѓу другото Османи подвлече дека отворањето на Почесниот конзулат ќе биде дополнителен поттик за подобрување на еконосмската соработка во различни области бидејќи регионот на Анталија е еден од најразвиените индустриски, туристички и земјоделски центри.

„Многу наши туристи доаѓаат во Анталија но уште повеќе туристи од Турција доаѓаат во Македонија. Веќе неколку години Турците се најбројни туристи во нашата земја за што потребно е натамошно промовирање на двете дестинации”, истакна Османи.

Во Конзулатот Османи оствари средба со наши истакнати државјани во Турција, добитници на МКарта на кои им ги врачи истите и им изрази благодарност за покажаниот интерес за проектот и за одржување на врските со нашата земја.

The post Османи на отворање на Почесниот конзулат во Анталија appeared first on Република.

Хасани во Анталија: ЕУ не може да избегнува тешки решенија ако сака да биде вистински глобален актер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hasani-vo-antalija-eu-ne-mozhe-da-izbegnuva-teshki-reshenija-ako-saka-da-bide-vistinski-globalen-akter/ Sat, 02 Mar 2024 14:53:32 +0000 https://republika.mk/?p=750404

За албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, Европската унија не смее да потфрли во обликувањето на транзицијата, доколку сака да стане актер кој навистина може да влијае на настаните на Блискиот Исток или Украина или каде и да е следната криза.

Обраќајќи се на еден од панелите на Форумот за дипломатија во Анталија, министерот Хасани ги истакнал напорите на ЕУ да стане глобален актер.

-ЕУ има потенцијал да стане вистински глобален актер и повеќе не може да избегнува тешки избори. Способноста на Унијата да ги обликува транзициите започнува во нејзиното непосредно соседство, а проширувањето е клучот за постигнување на оваа цел, рекол министерот Хасани, јави агенцијата Балкан веб.

Според шефот на албанската дипломатија, единствен одговор на актуелните кризи се континуираните напори за зајакнување на мултилатерализмот.

-Мултилатерализмот страда конкретно во последните две децении. Имаме неколку меѓународни организации кои не го испорачуваат она што се очекува. Сè уште сме сивата зона во стомакот на Европа. Ние сме опкружени со граница на ЕУ, но сè уште не сме интегрирани. Сè уште се бориме да ги развиеме трите елементи: либерална демократија заснована на владеење на правото, слободна пазарна економија и слобода и основни човекови права, оценил тој.

На трето издание, Форумот за дипломатија во Анталија учествуваат шефови на држави и влади, министри, дипломати, бизнис лидери, академици, експерти и претставници на младите и медиумите на сеопфатна дебата. Главната тема на овој Форум беше „Унапредување на дипломатијата во време на превирања“.

The post Хасани во Анталија: ЕУ не може да избегнува тешки решенија ако сака да биде вистински глобален актер appeared first on Република.

]]>

За албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, Европската унија не смее да потфрли во обликувањето на транзицијата, доколку сака да стане актер кој навистина може да влијае на настаните на Блискиот Исток или Украина или каде и да е следната криза. Обраќајќи се на еден од панелите на Форумот за дипломатија во Анталија, министерот Хасани ги истакнал напорите на ЕУ да стане глобален актер.
-ЕУ има потенцијал да стане вистински глобален актер и повеќе не може да избегнува тешки избори. Способноста на Унијата да ги обликува транзициите започнува во нејзиното непосредно соседство, а проширувањето е клучот за постигнување на оваа цел, рекол министерот Хасани, јави агенцијата Балкан веб.
Според шефот на албанската дипломатија, единствен одговор на актуелните кризи се континуираните напори за зајакнување на мултилатерализмот.
-Мултилатерализмот страда конкретно во последните две децении. Имаме неколку меѓународни организации кои не го испорачуваат она што се очекува. Сè уште сме сивата зона во стомакот на Европа. Ние сме опкружени со граница на ЕУ, но сè уште не сме интегрирани. Сè уште се бориме да ги развиеме трите елементи: либерална демократија заснована на владеење на правото, слободна пазарна економија и слобода и основни човекови права, оценил тој.
На трето издание, Форумот за дипломатија во Анталија учествуваат шефови на држави и влади, министри, дипломати, бизнис лидери, академици, експерти и претставници на младите и медиумите на сеопфатна дебата. Главната тема на овој Форум беше „Унапредување на дипломатијата во време на превирања“.

The post Хасани во Анталија: ЕУ не може да избегнува тешки решенија ако сака да биде вистински глобален актер appeared first on Република.

]]>
Бугарски екипи не сакаат да играат со македонски https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bugarski-ekipi-ne-sakaat-da-igraat-so-makedonski/ Fri, 26 Jan 2024 09:33:25 +0000 https://republika.mk/?p=736948

Бугарски екипи кои се наоѓаат на подготовки во Анталија не сакаат да играат со македонски кои исто така се наоѓаат во Турија, пишува „Спортспорт.мк.

Политички биле причините што Бугарите не сакаат да играат против Македонци.Досега меч одбила екипата на Добруџа која требало да игра против Вардар како и екипата на Пиртин која одбила меч со ФК Скопје.

The post Бугарски екипи не сакаат да играат со македонски appeared first on Република.

]]>

Бугарски екипи кои се наоѓаат на подготовки во Анталија не сакаат да играат со македонски кои исто така се наоѓаат во Турија, пишува „Спортспорт.мк. Политички биле причините што Бугарите не сакаат да играат против Македонци.Досега меч одбила екипата на Добруџа која требало да игра против Вардар како и екипата на Пиртин која одбила меч со ФК Скопје.  

The post Бугарски екипи не сакаат да играат со македонски appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Анталија: 14-годишно момче се удави во базен на летување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tragedija-vo-antalija-14-godishno-momche-se-udavi-vo-bazen-na-letuvanje/ Tue, 16 Aug 2022 08:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=540797

Момче се удавило во базен на хотел во Анталија, каде било на свадбен викенд заедно со неговото семејство. Семејство на 14-годишното момче со обвинувања дека на базенот во турскиот ресорт нема спасувачи, пишува „Daily Mail“.

Во хотелот со 311 соби како гости на свадбата престојувале неколку членови на исто семејство.

Момчето се удавило во еден од петте базени под сè уште неразјаснети околности, а очевидци велат дека шанкер го забележал во водата и го извлекол на суво.

На момчето му била укажана прва помош и вештачко дишење, и било пренесено во болница, но за жал починало.

Семејството и сведоците, пишува „Сан“, тврдат дека на базенот немало спасувачи иако било еден часот попладне. Спасувачите наводно отишле на ручек. Хотелот ги негира овие наводи.

Со тешко срце потврдуваме дека нашиот млад гостин почина додека пливаше со тетка му на нашата главна плажа. Од почит кон семејството, нема да даваме дополнителни изјави додека не бидат објавени резултатите од обдукцијата. Категорично ги отфрламе обвинувањата за немање спасители, изјавил портпаролот на хотелот.

The post Трагедија во Анталија: 14-годишно момче се удави во базен на летување appeared first on Република.

]]>

Момче се удавило во базен на хотел во Анталија, каде било на свадбен викенд заедно со неговото семејство. Семејство на 14-годишното момче со обвинувања дека на базенот во турскиот ресорт нема спасувачи, пишува „Daily Mail“. Во хотелот со 311 соби како гости на свадбата престојувале неколку членови на исто семејство. Момчето се удавило во еден од петте базени под сè уште неразјаснети околности, а очевидци велат дека шанкер го забележал во водата и го извлекол на суво. На момчето му била укажана прва помош и вештачко дишење, и било пренесено во болница, но за жал починало. Семејството и сведоците, пишува „Сан“, тврдат дека на базенот немало спасувачи иако било еден часот попладне. Спасувачите наводно отишле на ручек. Хотелот ги негира овие наводи.
Со тешко срце потврдуваме дека нашиот млад гостин почина додека пливаше со тетка му на нашата главна плажа. Од почит кон семејството, нема да даваме дополнителни изјави додека не бидат објавени резултатите од обдукцијата. Категорично ги отфрламе обвинувањата за немање спасители, изјавил портпаролот на хотелот.

The post Трагедија во Анталија: 14-годишно момче се удави во базен на летување appeared first on Република.

]]>
Заев и Филипче на Форумот за дипломатија во Анталија: Разговаравме за европската иднина на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaev-i-filipche-na-forumot-za-diplomatija-vo-antalija-razgovaravme-za-evropskata-idnina-na-makedonija/ Sun, 13 Mar 2022 12:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=472074

Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија – ова е главната порака од Форумот за дипломатија во Анталија каде деновиве заедно со Венко Филипче учествувам на покана на Претседателот на Турција, Ердоган и на МНР на Турција, Чавушоглу, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Го искористив учеството на форумот за придонес кон одржувањето на пријателството и унапредување на соработката со највисоки претставници на земјите од регионот и земјите членки на ЕУ со кои разговаравме за европската иднина на Македонија, за безбедноста на нашата држава која ја обезбедивме преку нашето рамноправно членство во НАТО, за поддршката на регионалните соработки како што е иницијативата Отворен Балкан и за билатералните пријателски соработки на Македонија со своите соседи.

Особено ме радува што имав прилика да ги сретнам моите пријатели, поранешни и сегашни премиери, претседатели и други високи претставници од Словенија, Австрија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Бугарија, Романија, Катар и други.

Пренесувам дома пораки на поддршка од нашите пријатели од Европа и пошироко, кон сите македонски граѓани, кон Претседателот на државата Пендаровски, кон претседателот на Собранието Џафери, кон пратениците од Парламентот и кон нашиот премиер Ковачевски.

The post Заев и Филипче на Форумот за дипломатија во Анталија: Разговаравме за европската иднина на Македонија appeared first on Република.

Средба Османи-Петков во Анталија: Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-osmani-petkov-vo-antalija-ni-trebaat-jasni-i-nedvosmisleno-poraki-kako-garant-za-evropskata-perspektiva-na-zemjite-od-regionot/ Sat, 12 Mar 2022 14:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=471747

Во продолжение на учеството на Анталија Дипломатскиот Форум, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.

На средбата стана збор за воениот конфликт во Украина и како истиот ќе се рефлектира во однос на безбедносната состојба во регионот на Западниот Балкан и Европа, при што Османи нагласи:

Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот. Нашата европска интеграција станува безбедносно прашање и само позитивен исчекор во оваа насока ќе допринесе кон општата безбедност и сигурност на целиот европски континент.

На средбата беше изразено задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа, беа дискутирани разменетите предлози за унапредување на соработката во повеќе области.

Во однос на пакетот политички прашања беше нагласено дека непосредната комуникација на политичко и експертско ниво е ефективен метод и како таков ќе продолжи да се користи во контекстот на продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог.

Атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби се вистинскиот правец и се очекува да водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји.

The post Средба Османи-Петков во Анталија: Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот appeared first on Република.

]]>

Во продолжение на учеството на Анталија Дипломатскиот Форум, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков. На средбата стана збор за воениот конфликт во Украина и како истиот ќе се рефлектира во однос на безбедносната состојба во регионот на Западниот Балкан и Европа, при што Османи нагласи:
Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот. Нашата европска интеграција станува безбедносно прашање и само позитивен исчекор во оваа насока ќе допринесе кон општата безбедност и сигурност на целиот европски континент.
На средбата беше изразено задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа, беа дискутирани разменетите предлози за унапредување на соработката во повеќе области.
Во однос на пакетот политички прашања беше нагласено дека непосредната комуникација на политичко и експертско ниво е ефективен метод и како таков ќе продолжи да се користи во контекстот на продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог. Атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби се вистинскиот правец и се очекува да водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји.

The post Средба Османи-Петков во Анталија: Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот appeared first on Република.

]]>
Османи: Целосното интегрирање на регионот е од директен политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-celosnoto-integriranje-na-regionot-e-od-direkten-politichki-bezbednosen-i-ekonomski-interes-na-eu/ Fri, 11 Mar 2022 19:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=471476

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во рамки на учеството на Анталија дипломатскиот форум, денеска се обрати на панелот насловен „Дијалог за помирување на Балканот“, на кој говореше за влошената безбедносна и гео-политичка ситуација на во Европа по инвазијата на Русија врз Украина, што, како што оцени, претставува дополнителен фактор зошто ЕУ треба итно и без одлагање да вбризга нов подинамичен моментум во евро-интеграцискиот процес на сите земји од Западен Балкан.

Османи истакна дека регионот и покрај демократските дефицити и слабости има важна улога во и за Европа.

Целосното интегрирање е од директен политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ како геостратешка инвестиција кон стабилен и просперитетен регион. Впрочем, регионот е опколен со земји членки на ЕУ и не смее да се дозволи да биде ранливата точка на континентот, а ЕУ не смее повеќе да го третира пристапниот процес на Западен Балкан како отворено прашање, посочи Османи.

Учесниците на панелот дискутираа за мирот и стабилноста на Балканот како суштински за мирот и стабилност во Европа и пошироко, за исчекор во однос на нерешените прашања, но и за последиците доколку ЕУ не успее навремено да одговори на очекувањата на земјите од регионот.

Форумот претставува годишен собир на политички лидери, високи функционери, видни академци, креатори на јавното мислење, претставници на медиумите и бизнисот ангажирани во меѓународните односи и дипломатијата.

Овогодинешното издание се осврна широк распон на теми и на светските случувања, вклучително и Украина.

The post Османи: Целосното интегрирање на регионот е од директен политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во рамки на учеството на Анталија дипломатскиот форум, денеска се обрати на панелот насловен „Дијалог за помирување на Балканот“, на кој говореше за влошената безбедносна и гео-политичка ситуација на во Европа по инвазијата на Русија врз Украина, што, како што оцени, претставува дополнителен фактор зошто ЕУ треба итно и без одлагање да вбризга нов подинамичен моментум во евро-интеграцискиот процес на сите земји од Западен Балкан.

Османи истакна дека регионот и покрај демократските дефицити и слабости има важна улога во и за Европа.

Целосното интегрирање е од директен политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ како геостратешка инвестиција кон стабилен и просперитетен регион. Впрочем, регионот е опколен со земји членки на ЕУ и не смее да се дозволи да биде ранливата точка на континентот, а ЕУ не смее повеќе да го третира пристапниот процес на Западен Балкан како отворено прашање, посочи Османи.

Учесниците на панелот дискутираа за мирот и стабилноста на Балканот како суштински за мирот и стабилност во Европа и пошироко, за исчекор во однос на нерешените прашања, но и за последиците доколку ЕУ не успее навремено да одговори на очекувањата на земјите од регионот. Форумот претставува годишен собир на политички лидери, високи функционери, видни академци, креатори на јавното мислење, претставници на медиумите и бизнисот ангажирани во меѓународните односи и дипломатијата. Овогодинешното издание се осврна широк распон на теми и на светските случувања, вклучително и Украина.

The post Османи: Целосното интегрирање на регионот е од директен политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Oсмани на средба со Чавушоглу во Анталија: Турција како еден од најголемите странски инвеститори во земјата е од посебен наш интерес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sredba-so-chavushoglu-vo-antalija-turcija-kako-eden-od-najgolemite-stranski-investitori-vo-zemjata-e-od-poseben-nash-interes/ Fri, 11 Mar 2022 08:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=471121

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на Анталија дипломатскиот форум, кој се одржува во Анталија, Турција.

Министрите се согласија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, а оваа година кога се обележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, јубилејот дава можност да се погледне наназад и да се сумираат досегашните резултати.

Неизбежен дел од разговорот беше состојбата во Украина и агресијата на Руската Федерација, при што, Османи посочи дека високо ги цени напорите на министерот Чавушоглу во посредувањето меѓу овие две земји за да се изнајде решение за воената криза. Како НАТО сојузници ние сме силни, одлучни и обединети околу ова прашање, заклучија двајцата министри.

Од најголема важност е да се запрат страдањата на луѓето во Украина. Како членка на Тројката на ОБСЕ, ние сме подготвени да придонесеме на кој било начин за да помогнеме“, истакна Османи.

На средбата, особено внимание беше посветено на исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји, при што министрите се обврзаа на активности кои ќе придонесат кон продлабочување на деловните и трговски врски, а Турција како еден од најголемите странски инвеститори во земјата е од посебен наш интерес.

The post Oсмани на средба со Чавушоглу во Анталија: Турција како еден од најголемите странски инвеститори во земјата е од посебен наш интерес appeared first on Република.

Утре во Анталија средба меѓу украинскиот и рускиот министер за надврешни работи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/utre-vo-antalija-sredba-megju-ukrainskiot-i-ruskiot-minister-za-nadvreshni-raboti/ Wed, 09 Mar 2022 07:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=469864

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров замина за Анталија, Турција, каде утре ќе има средба со својот украински колега Дмитриј Кулеб, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, вчера изјави дека неговата средба со рускиот колега Сергеј Лавров во Турција е закажана за 10 март.
„Ако Лавров пристигне во Анталија на 10 март, и јас ќе одам, ќе седнам и ќе разговарам“, рече Кулеба на прес-конференција.
Претходно, Захарова изјави дека е планирана средба на министрите за надворешни работи на Русија и Украина, на која ќе учествува и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на маргините на дипломатски состанок во Анталија.

The post Утре во Анталија средба меѓу украинскиот и рускиот министер за надврешни работи appeared first on Република.