анонимуси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anonimusi/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Jan 2023 10:37:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анонимуси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anonimusi/ 32 32 Еј, кукло на Путин, каде си? Анониуси му испратија нова порака на Вучиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ej-kuklo-na-putin-kade-si-anoniusi-mu-ispratija-nova-poraka-na-vuchik/ Mon, 09 Jan 2023 10:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=594885

Хакерската група Анонимус испрати нова порака до српскиот претседател Александар Вучиќ. Анонимусите ја информираа јавноста дека се многу инволвирани и дека собрале е-маил адреси на стотици службеници од различни министерства. Својата порака ја завршија со прашање упатено до Вучиќ: „Еј, кукло на Путин, каде си? Уште со кучињата?!“, пишува Нова.рс.

Забележавме дека српските криминални групи се обидуваат да предизвикаат вооружен конфликт преку тензии и воинствени провокации на северот на Косово. Српскиот автократски претседател Александар Вучиќ, марионета на Владимир Путин, се обидува да го дестабилизира регионот користејќи механизми на насилство и терор на воениот злосторник Слободан Милошевиќ, но се знае дека неговите обиди ќе бидат самоубиствени“, посочија од Анонимус на крајот на минатата година.

The post Еј, кукло на Путин, каде си? Анониуси му испратија нова порака на Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Хакерската група Анонимус испрати нова порака до српскиот претседател Александар Вучиќ. Анонимусите ја информираа јавноста дека се многу инволвирани и дека собрале е-маил адреси на стотици службеници од различни министерства. Својата порака ја завршија со прашање упатено до Вучиќ: „Еј, кукло на Путин, каде си? Уште со кучињата?!“, пишува Нова.рс.
Забележавме дека српските криминални групи се обидуваат да предизвикаат вооружен конфликт преку тензии и воинствени провокации на северот на Косово. Српскиот автократски претседател Александар Вучиќ, марионета на Владимир Путин, се обидува да го дестабилизира регионот користејќи механизми на насилство и терор на воениот злосторник Слободан Милошевиќ, но се знае дека неговите обиди ќе бидат самоубиствени“, посочија од Анонимус на крајот на минатата година.

The post Еј, кукло на Путин, каде си? Анониуси му испратија нова порака на Вучиќ appeared first on Република.

]]>
„Анонимуси“ ги покажаа доказите дека го срушиле сајтот на Вучиќ и на војската на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/anonimusi-gi-pokazhaa-dokazite-deka-go-srushile-sajtot-na-vuchik-i-na-vojskata-na-srbija/ Thu, 05 Jan 2023 18:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=593986

Неформалната меѓународна хакерска група „Анонимус“ денеска испратила нови пораки до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во кои наведуваат дека ќе „го натераат да плати висока цена”.

Тие на еден од нивните профили на Твитер (@parrattarna) тврдат дека во текот на ноќта ја блокирале веб-страницата на Војската на Србија, а утринава веб-страницата vucic.rs, но и двете страни моментално се во функција.

„Фашисто Александар, не поминувај време со твоите кучиња. Вашата војска сега не може да лае. Не ги потценувајте Анонимусите, ќе ви ставиме поводник“, напиша тие на објавата.

Пораките од „Анонимуси“ доаѓаат откако претходно претседателот на Србија објави фотографија како си игра со кучиња со текст „Се подготвуваме да се бориме против анонимноста“. „Анонимуси“ на крајот на минатиот месец објавија пораки со наводи дека Вучиќ „иницира провокации на северот на Косово и се обидува да предизвика вооружен конфликт“.

На Твитер се појави и профилот „Anonymous TV“ со украинско знаме (@youranontv), кој ја објави првата порака на крајот на декември и на кој сега се наведува дека се подготвени да одговорат на „предизвикот” на Вучиќ.

„Путинова марионето, Александар Вучиќ, бидејќи си подготвен да не предизвикаш, ние ќе ти ја исполниме желбата. Ова е само почеток, а наскоро ќе бидете сведоци на големи изненадувања од наша страна. Чекајте не“, се наведува во објавата.

Твитер пораките се споделуваат преку сите налози кои во имињата содржат „Анонимуси“, а имат десетици до неколку стотици илјади следбеници

The post „Анонимуси“ ги покажаа доказите дека го срушиле сајтот на Вучиќ и на војската на Србија appeared first on Република.

]]>

Неформалната меѓународна хакерска група „Анонимус“ денеска испратила нови пораки до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во кои наведуваат дека ќе „го натераат да плати висока цена”. Тие на еден од нивните профили на Твитер (@parrattarna) тврдат дека во текот на ноќта ја блокирале веб-страницата на Војската на Србија, а утринава веб-страницата vucic.rs, но и двете страни моментално се во функција. „Фашисто Александар, не поминувај време со твоите кучиња. Вашата војска сега не може да лае. Не ги потценувајте Анонимусите, ќе ви ставиме поводник“, напиша тие на објавата. Пораките од „Анонимуси“ доаѓаат откако претходно претседателот на Србија објави фотографија како си игра со кучиња со текст „Се подготвуваме да се бориме против анонимноста“. „Анонимуси“ на крајот на минатиот месец објавија пораки со наводи дека Вучиќ „иницира провокации на северот на Косово и се обидува да предизвика вооружен конфликт“. На Твитер се појави и профилот „Anonymous TV“ со украинско знаме (@youranontv), кој ја објави првата порака на крајот на декември и на кој сега се наведува дека се подготвени да одговорат на „предизвикот” на Вучиќ. „Путинова марионето, Александар Вучиќ, бидејќи си подготвен да не предизвикаш, ние ќе ти ја исполниме желбата. Ова е само почеток, а наскоро ќе бидете сведоци на големи изненадувања од наша страна. Чекајте не“, се наведува во објавата. Твитер пораките се споделуваат преку сите налози кои во имињата содржат „Анонимуси“, а имат десетици до неколку стотици илјади следбеници

The post „Анонимуси“ ги покажаа доказите дека го срушиле сајтот на Вучиќ и на војската на Србија appeared first on Република.

]]>
Анонимуси му порачаа на Путин: Доаѓаме, очекувајте нè! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/anonimusi-mu-porachaa-na-putin-doagjame-ochekuvajte-ne/ Tue, 05 Apr 2022 19:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=483769

Хакерскиот колектив Анонимус објави видео порака наменета за рускиот претседател Владимир Путин и неговите „кремлински кукли“.

Во видеото објавено на каналот на YouTube на Анонимуси, тие наведуваат дека се „вратија“ затоа што се „потребни“.

Луѓето веќе нема мирно да гледаат како им ги одземате правата, парите и животите. Нема да дозволиме повеќе да ја уништувате нашата планета, нема да прифатиме да ни ја труете водата, храната и воздухот што го дишеме. Чекавме да се сменат работите, но дојдовме до заклучок дека со сегашниот систем, промени нема да дојдат, се вели во видеото кое трае околу две минути.

Сега е време да се уништи и замени сегашниот систем. Нема да не спречите, колку и да давате отпор. Вашиот монолитички контролен систем ќе биде уништен дел по дел. Гледаме преку вашата пропаганда и лаги. Луѓето на оваа Земја повеќе нема да бидат уништувани за лична корист на неколкумина, се заканија Анонимуси.

Додаваат дека „акцијата е веќе започната“ и дека секојдневно допира до се повеќе луѓе.

Секоја секунда стануваме посилни и добиваме се поголема поддршка. Ја инициравме најголемата промена што оваа планета ја доживеала. И нема да застанеме додека не ги исполниме нашите цели. Ништо нема да не спречи. Дури ни смртта, посочуваат Анонимуси и додаваат дека луѓето ќе ја вратат моќта која им била одземена.

The post Анонимуси му порачаа на Путин: Доаѓаме, очекувајте нè! appeared first on Република.

]]>

Хакерскиот колектив Анонимус објави видео порака наменета за рускиот претседател Владимир Путин и неговите „кремлински кукли“. Во видеото објавено на каналот на YouTube на Анонимуси, тие наведуваат дека се „вратија“ затоа што се „потребни“.
Луѓето веќе нема мирно да гледаат како им ги одземате правата, парите и животите. Нема да дозволиме повеќе да ја уништувате нашата планета, нема да прифатиме да ни ја труете водата, храната и воздухот што го дишеме. Чекавме да се сменат работите, но дојдовме до заклучок дека со сегашниот систем, промени нема да дојдат, се вели во видеото кое трае околу две минути. Сега е време да се уништи и замени сегашниот систем. Нема да не спречите, колку и да давате отпор. Вашиот монолитички контролен систем ќе биде уништен дел по дел. Гледаме преку вашата пропаганда и лаги. Луѓето на оваа Земја повеќе нема да бидат уништувани за лична корист на неколкумина, се заканија Анонимуси.
Додаваат дека „акцијата е веќе започната“ и дека секојдневно допира до се повеќе луѓе. Секоја секунда стануваме посилни и добиваме се поголема поддршка. Ја инициравме најголемата промена што оваа планета ја доживеала. И нема да застанеме додека не ги исполниме нашите цели. Ништо нема да не спречи. Дури ни смртта, посочуваат Анонимуси и додаваат дека луѓето ќе ја вратат моќта која им била одземена.

The post Анонимуси му порачаа на Путин: Доаѓаме, очекувајте нè! appeared first on Република.

]]>
Анонимуси ја хакираа руската федерална агенција и објавија 360.000 датотеки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/anonimusi-ja-hakiraa-ruskata-federalna-agencija-i-objavija-360-000-datoteki/ Thu, 10 Mar 2022 23:43:37 +0000 https://republika.mk/?p=471033

Најпознатата хакерска група Анонимуси ја хакираше Роскомнадзор, руската федерална агенција одговорна за следење и цензура на медиумите и објави 360.000 датотеки, соопшти групата на својот налог на Твитер.

Меѓу цензурираните документи објавени од Анонимуси, од кои некои датираат од 5 март, се и оние кои покажуваат дека Москва цензурирала сè каде се споменува војната како „руска инвазија“ на Украина.

Роскомнадзор го блокираше пристапот на Русите на Фејсбук, откако руски написи беа означени како неточни. Органот, исто така, се закани дека ќе ја блокира руската Википедија поради вклучувањето на напис за „руската инвазија“, објави „Џерусалим пост“.

Анонимуси пред неколку дена хакираа неколку руски медиуми, прекинувајќи ја нивната содржина и оставија порака дека „нормалните Руси не ја поддржуваат војната“.

„Почитувани граѓани. Ве повикуваме да престанете со ова лудило, не ги праќајте вашите синови и сопрузи во сигурна смрт. Путин нè тера да лажеме и нè загрозува“, се вели во соопштението на руски јазик. „Изолирани сме од остатокот од светот, повеќе не се тргува со нафта и гас. За неколку години ќе живееме како во Северна Кореја“, се вели во соопштението.

Анонимуси водат кибер војна против Русија од 24 февруари, кога започна инвазијата. Групата е заслужна за хакирање на голем број веб-страници на руската влада. Тие, исто така, отворија веб-страница на која корисниците можат да испраќаат мејлови до случајни Руси чии електронски адреси се зачувани во базата на податоци и ги охрабрија корисниците да ја „шират вистината за војната во Украина“.

The post Анонимуси ја хакираа руската федерална агенција и објавија 360.000 датотеки appeared first on Република.

]]>

Најпознатата хакерска група Анонимуси ја хакираше Роскомнадзор, руската федерална агенција одговорна за следење и цензура на медиумите и објави 360.000 датотеки, соопшти групата на својот налог на Твитер. Меѓу цензурираните документи објавени од Анонимуси, од кои некои датираат од 5 март, се и оние кои покажуваат дека Москва цензурирала сè каде се споменува војната како „руска инвазија“ на Украина. Роскомнадзор го блокираше пристапот на Русите на Фејсбук, откако руски написи беа означени како неточни. Органот, исто така, се закани дека ќе ја блокира руската Википедија поради вклучувањето на напис за „руската инвазија“, објави „Џерусалим пост“. Анонимуси пред неколку дена хакираа неколку руски медиуми, прекинувајќи ја нивната содржина и оставија порака дека „нормалните Руси не ја поддржуваат војната“. „Почитувани граѓани. Ве повикуваме да престанете со ова лудило, не ги праќајте вашите синови и сопрузи во сигурна смрт. Путин нè тера да лажеме и нè загрозува“, се вели во соопштението на руски јазик. „Изолирани сме од остатокот од светот, повеќе не се тргува со нафта и гас. За неколку години ќе живееме како во Северна Кореја“, се вели во соопштението. Анонимуси водат кибер војна против Русија од 24 февруари, кога започна инвазијата. Групата е заслужна за хакирање на голем број веб-страници на руската влада. Тие, исто така, отворија веб-страница на која корисниците можат да испраќаат мејлови до случајни Руси чии електронски адреси се зачувани во базата на податоци и ги охрабрија корисниците да ја „шират вистината за војната во Украина“.

The post Анонимуси ја хакираа руската федерална агенција и објавија 360.000 датотеки appeared first on Република.

]]>
Анонимус: Информациите за атентат на Зеленски протекоа од руската служба за безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/anonimus-informaciite-za-atentat-na-zelenski-protekoa-od-ruskata-sluzba-za-bezbednost/ Thu, 03 Mar 2022 07:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=466721

Информациите за планиран атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски протекоа од руската Федерална служба за безбедност, објави хакерскиот колектив Анонимус.

Како што велат од Анонимус, сега почнува борбата за моќ во Кремљ за соборување на власта на Путин.

Во меѓувреме, да продолжиме со нападите - велат од Анонимус.

The post Анонимус: Информациите за атентат на Зеленски протекоа од руската служба за безбедност appeared first on Република.

]]>

Информациите за планиран атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски протекоа од руската Федерална служба за безбедност, објави хакерскиот колектив Анонимус. Како што велат од Анонимус, сега почнува борбата за моќ во Кремљ за соборување на власта на Путин.
Во меѓувреме, да продолжиме со нападите - велат од Анонимус.

The post Анонимус: Информациите за атентат на Зеленски протекоа од руската служба за безбедност appeared first on Република.

]]>
„Анонимуси“ хакирале повеќе од 300 руски и белоруски интернет-страници https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/anonimusi-hakirale-povekje-od-300-ruski-i-beloruski-internet-stranici/ Mon, 28 Feb 2022 12:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=465258

Меѓународната хакерска група „Анонимуси“ денеска соопшти дека како што и најави, нејзините активисти собориле повеќе од 300 интернет-страници на официјални руски владини агенции, компании, медиуми, банки, меѓу кои белоруските „Белорусбанк“, „Приорбанк“ и „Белинвестбанк“.

Во нивната информација објавена на твитер „Анонимусите“ последните 48 часа хакирале повеќе од 300 руски веб-страници така што повеќето од руските официјални агенции се офлајн.

„Анонимуси“ тврдат дека успеале да влезат во базата на податоци и на руската „Сбербанк“, а ја собориле и веб-страницата на руското Министерство за труд и социјална заштита.

Го уриваме финансискиот и владиниот руски кибер систем додека тие маршираат низ Украина“, додаваат „Анонимуси“.

Хакирани се и интернет-страниците на водечките белоруски банки, вклучувајќи ги „Белорусбанк“, „Приорбанк“ и „Белинвестбанк“ и нивните услуги преку интернет се недостапни. Претходно групата ја хакираше и официјалната веб-страница на Чеченската Република.

The post „Анонимуси“ хакирале повеќе од 300 руски и белоруски интернет-страници appeared first on Република.

]]>

Меѓународната хакерска група „Анонимуси“ денеска соопшти дека како што и најави, нејзините активисти собориле повеќе од 300 интернет-страници на официјални руски владини агенции, компании, медиуми, банки, меѓу кои белоруските „Белорусбанк“, „Приорбанк“ и „Белинвестбанк“. Во нивната информација објавена на твитер „Анонимусите“ последните 48 часа хакирале повеќе од 300 руски веб-страници така што повеќето од руските официјални агенции се офлајн. „Анонимуси“ тврдат дека успеале да влезат во базата на податоци и на руската „Сбербанк“, а ја собориле и веб-страницата на руското Министерство за труд и социјална заштита.
Го уриваме финансискиот и владиниот руски кибер систем додека тие маршираат низ Украина“, додаваат „Анонимуси“.
Хакирани се и интернет-страниците на водечките белоруски банки, вклучувајќи ги „Белорусбанк“, „Приорбанк“ и „Белинвестбанк“ и нивните услуги преку интернет се недостапни. Претходно групата ја хакираше и официјалната веб-страница на Чеченската Република.

The post „Анонимуси“ хакирале повеќе од 300 руски и белоруски интернет-страници appeared first on Република.

]]>
Сајтовите на Кремљ, Думата, банки, медиуми: Анонимуси хакирале над 300 руски интернет страници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sajtovite-na-kremlj-dumata-banki-mediumi-anonimusi-hakirale-nad-300-ruski-internet-stranici/ Sun, 27 Feb 2022 10:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=464625

Глобалната хакерска група Анонимуси во рок од 48 час хакирале повеќе од 300 руски интернет страници, вклучувајќи ги и сајтовите на Кремљ, руската Дума, банки и медиуми.

Од Анонимуси велат дека дел од нив и во моментов се офјалн.

https://twitter.com/YourAnonNews/status/1497574730282541060?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497574730282541060%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3880785%2Fuzivo-rat-u-ukrajini-pao-harkov-ruska-vojska-usla-u-grad-posle-stravicnog-raketiranja

The post Сајтовите на Кремљ, Думата, банки, медиуми: Анонимуси хакирале над 300 руски интернет страници appeared first on Република.

]]>

Глобалната хакерска група Анонимуси во рок од 48 час хакирале повеќе од 300 руски интернет страници, вклучувајќи ги и сајтовите на Кремљ, руската Дума, банки и медиуми. Од Анонимуси велат дека дел од нив и во моментов се офјалн. https://twitter.com/YourAnonNews/status/1497574730282541060?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497574730282541060%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3880785%2Fuzivo-rat-u-ukrajini-pao-harkov-ruska-vojska-usla-u-grad-posle-stravicnog-raketiranja

The post Сајтовите на Кремљ, Думата, банки, медиуми: Анонимуси хакирале над 300 руски интернет страници appeared first on Република.

]]>