анкетна комисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anketna-komisija/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Nov 2023 14:32:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анкетна комисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anketna-komisija/ 32 32 Мизрахи: Нема да правам никаков политички пазар или компромис со вистината за Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-nema-da-pravam-nikakov-politichki-pazar-ili-kompromis-so-vistinata-za-onkologija/ Tue, 28 Nov 2023 14:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=717263

Заклучоците кои ги прочитав пред Анкетната комисија немаат политички наратив, во нив нема ниту еден политички збор, беа доставени до сите медиуми, а се однесуваат на одговорности, односно посочуваат лица коишто ги занемариле законот или пак законите во своето функционирање. Ова денеска го истакна пратеничката Рашела Мизрахи, претседателка на собраниската Анкетна комисија за скандалот со Клиниката за онкологија.

Дополнително, решив да се зборува за оние лица коишто биле актуелни функционери во текот на 2021 година во здравствениот систем, не навлегувајќи во останатите години поради тоа што и самиот мандат, што го имаме од 2020 година, сите ние како пратеници, како и поради тоа што како темелен документ се носи извештајот од Државниот завод за ревизија – рече Мизрахи.

Од друга страна, таа смета дека предлог заклучоците од мнозинството се многу општи.

Тие беа исто така доставени до јавноста, прочитани на прес-конференција. Не укажуваат на политичка одговорност на одредени лица и го занемаруваат фактот за што е настаната Анкетната. На моја голема жал, сметам дека мнозинството реши да застане во одбрана на политички функционери, во одбрана на политиката, над здравјето и животот на граѓаните, пациентите на Онкологија. Ги стави политичарите над прашањето на заштита на здравствениот систем во нашата држава. Нашите заклучоци толку дивергираат во својот наратив, што се речиси неспојливи. Непоимливи еден со друг – рече Мизрахи.

Таа кажа оти видела дека во системот има чинители коишто ја играле улогата на „ништо не слушнав, ништо не видов и ништо не кажав, а за тоа, цената ја платиле граѓаните, пациентите, како и нивните семејства“.

Без разлика на барањето за моја оставка и кои ќе бидат заклучоците понатаму, нема никогаш да се приклучам на ставот дека не сум видела, не сум чула или нема да кажам нешто. Напротив, јас ќе стојам заедно со вистината пред моите сограѓани, коишто се пациенти и нивните семејства на оваа клиника, нема да правам никаков политички пазар или компромис со вистината. Без разлика на последиците од тоа – додаде Мизрахи.

Таа не можеше да каже дали ќе има уште една седница на Анкетната, бидејќи до 3 декември треба да се донесе заеднички став на Комисијата.

Јас би почекала да видам што ќе се случи со барањето за оставка, доставено од мнозинството. Се чини дека има некој обид претседателката на Анкетната комисија да биде виновна, а не оние коишто биле реалните виновници во здравствениот систем, кои овозможиле да настане хаварија и ужасна трагедија на Онкологија, така што, да видиме каков ќе биде расплетот на оваа ситуација понатаму – одговори Мизрахи.

Таа потсети дека членовите на Комисијата работеле многу интензивно и саботи и недели со две до три седници во текот на неделите. На распитот беа повикани 63 сведоци, присуствуваа 51.

Јас лично поминав и денови и ноќи во читање материјали, така што, немаше никаква опструкција во работата на Анкетната комисија – подвлече Мизрахи.

The post Мизрахи: Нема да правам никаков политички пазар или компромис со вистината за Онкологија appeared first on Република.

]]>

Анкетната комисија за Онкологија утврди политичка одговорност, на листата се Филипче, Васев, Нухи, Сотирова-Бухова, Крстевски и Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anketnata-komisija-za-onkologija-utvrdi-politichka-odgovornost-na-listata-se-filipche-vasev-nuhi-sotirova-buhova-krstevski-i-ahmeti/ Mon, 27 Nov 2023 10:33:34 +0000 https://republika.mk/?p=716665

Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Во заклучоците се наведува дека одговорноста е утврдена заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи.

Во образложението се наведува:

-Kлучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година, кој извештај ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а извештајот уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и на директорите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Извештајот на ДЗР ги констатирал следните состојби:

1) се констатираат слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот
надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи/ упатства со кои ќе се воспостават правила и утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија;
2) пописот на средствата и обврските не е во целост спроведен и утврдено е непочитување на одредбите од Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници;
3) биле преземени обврски над одобрениот буџет за 2021 година и Клиниката се јавува
како тужена страна во судски постапки по однос на неплатени фактури за набавка
на лекови и медицински материјали;
4) неусогласеност на сметководствената и материјалната евиденција на залихите со состојбата по спроведениот попис;
5) утврдена е несоодветна примена на Закон за јавни набавки за дел од спроведените постапки за јавни набавки;
6) во постапката за сервисирање на опрема за која економските оператори имаат монополска позиција/ексклузивно право, се склучуваат договори за целосен сервис пришто не постои можност да се спореди/утврди реалноста на исплатените средства во однос на обемот на извршените услуги;
7) констатирано е дека набавениот линеарен акцелератор не е ставен во употреба, поради тоа што Клиниката не располагала со соодветен простор;

Врз основ на доставениот извештај на ДЗР за 2021 година, како и матерјалите доставени од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, МАЛМЕД и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, а по барање на Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, како и исказите на сведоците и/или експертите кои дадоа искази пред Анкетната комисија, а во врска со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, по пат на дедукција се утврди дека:

1. Д-р. Венко Филипче, како тогашен министер за здравство во критичниот период на кој се однесува и извештајот на ДЗР, не постапил согласно надлежностите од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно: член 17, член 27, член 92-г, член 110, член 226-б, член226-и и член 295. Исто така не постапил во согласност со Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 76 и член 77 (2 и 5). Не е постапено соодветно на член 4 (1), член 13 (1, 2, 4) и член 22 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. По однос на Законот за здравственото осигурување не постапил согласно членот 59.

2. Д-р Нино Васев, како тогашен медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно законските одреби предвидени во Законот за здравствена заштита, и тоа поточно: член 37, член 92-в, член 92-г, член 105, член 110, член 112, член 226-и, член 235 и член 237. Исто така не постапил согласно членот 9 од Законот за здравственото осигурување. Како директор не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33.

3. Д-р Нехат Нухи, тогашен организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно Законот за здравствена заштита, и тоа конкретно: член 92-г, 92-в, член 105 и член 110. Посочениот организациски директор во предметниот период не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33. Дополнително не ги применил важечките одредби од Законот за сметководство на буџети и буџетските корисници, и тоа: член 2, член 6 (2), член 7 и член 12. По однос на Законот за Здравственото осигурување не е постапено согласно член 9. По однос на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола не постапил во согласност со членот 7, додека од Законот за буџети не се соодветно применети членот 3 (2)т.8, членот 7 (2). Исто така не постапил согласно Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 4, член 5 (1, 2), член 6 (1, 2), член 39 (1), член 75 (1, 2) и член 77 (2, 5). Во негова надлежност е и непостапувањето согласно Законот за финансиска дисциплина, конкретно на членот 6 (1). Од Законот за донации и спонзорства не е постапено согласно член 3 (1)

4. Д-р Ирена Сотирова Бухова, како тогашен директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, нецелосно ги применила важечките одредби од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно на членот 300. По однос на Законот за санитарната и здравствената инспекција, несоодветно ги применила членовите: чл.2, чл.5 (1, 2, 8, 9), чл 16, чл.17 (2), чл.19 (4) и член 24.

5. Стево Крстевски и Фатон Ахмети, во критичниот период и двајцата како директори на Фондот за здравствено осигурување нецолосно ги примениле законските одредби кои се однесуваат на нивните контролни надлежности кон јавните здравствени установи. По однос на Законот за здравственото осигурување ова се однесува конкретно на член 9, член 54 (12, 13), член 68 (2) и член 71. Исто така, не ги примениле соодветно прописите од Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување, и тоа конкретно член 1, член 6 и член 7, стои во образложението на Анкетната комисија.

The post Анкетната комисија за Онкологија утврди политичка одговорност, на листата се Филипче, Васев, Нухи, Сотирова-Бухова, Крстевски и Ахмети appeared first on Република.

]]>

Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети. Во заклучоците се наведува дека одговорноста е утврдена заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи. Во образложението се наведува: -Kлучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година, кој извештај ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а извештајот уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и на директорите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Извештајот на ДЗР ги констатирал следните состојби: 1) се констатираат слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи/ упатства со кои ќе се воспостават правила и утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија; 2) пописот на средствата и обврските не е во целост спроведен и утврдено е непочитување на одредбите од Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници; 3) биле преземени обврски над одобрениот буџет за 2021 година и Клиниката се јавува како тужена страна во судски постапки по однос на неплатени фактури за набавка на лекови и медицински материјали; 4) неусогласеност на сметководствената и материјалната евиденција на залихите со состојбата по спроведениот попис; 5) утврдена е несоодветна примена на Закон за јавни набавки за дел од спроведените постапки за јавни набавки; 6) во постапката за сервисирање на опрема за која економските оператори имаат монополска позиција/ексклузивно право, се склучуваат договори за целосен сервис пришто не постои можност да се спореди/утврди реалноста на исплатените средства во однос на обемот на извршените услуги; 7) констатирано е дека набавениот линеарен акцелератор не е ставен во употреба, поради тоа што Клиниката не располагала со соодветен простор; Врз основ на доставениот извештај на ДЗР за 2021 година, како и матерјалите доставени од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, МАЛМЕД и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, а по барање на Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, како и исказите на сведоците и/или експертите кои дадоа искази пред Анкетната комисија, а во врска со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, по пат на дедукција се утврди дека: 1. Д-р. Венко Филипче, како тогашен министер за здравство во критичниот период на кој се однесува и извештајот на ДЗР, не постапил согласно надлежностите од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно: член 17, член 27, член 92-г, член 110, член 226-б, член226-и и член 295. Исто така не постапил во согласност со Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 76 и член 77 (2 и 5). Не е постапено соодветно на член 4 (1), член 13 (1, 2, 4) и член 22 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. По однос на Законот за здравственото осигурување не постапил согласно членот 59. 2. Д-р Нино Васев, како тогашен медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно законските одреби предвидени во Законот за здравствена заштита, и тоа поточно: член 37, член 92-в, член 92-г, член 105, член 110, член 112, член 226-и, член 235 и член 237. Исто така не постапил согласно членот 9 од Законот за здравственото осигурување. Како директор не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33. 3. Д-р Нехат Нухи, тогашен организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно Законот за здравствена заштита, и тоа конкретно: член 92-г, 92-в, член 105 и член 110. Посочениот организациски директор во предметниот период не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33. Дополнително не ги применил важечките одредби од Законот за сметководство на буџети и буџетските корисници, и тоа: член 2, член 6 (2), член 7 и член 12. По однос на Законот за Здравственото осигурување не е постапено согласно член 9. По однос на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола не постапил во согласност со членот 7, додека од Законот за буџети не се соодветно применети членот 3 (2)т.8, членот 7 (2). Исто така не постапил согласно Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 4, член 5 (1, 2), член 6 (1, 2), член 39 (1), член 75 (1, 2) и член 77 (2, 5). Во негова надлежност е и непостапувањето согласно Законот за финансиска дисциплина, конкретно на членот 6 (1). Од Законот за донации и спонзорства не е постапено согласно член 3 (1) 4. Д-р Ирена Сотирова Бухова, како тогашен директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, нецелосно ги применила важечките одредби од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно на членот 300. По однос на Законот за санитарната и здравствената инспекција, несоодветно ги применила членовите: чл.2, чл.5 (1, 2, 8, 9), чл 16, чл.17 (2), чл.19 (4) и член 24. 5. Стево Крстевски и Фатон Ахмети, во критичниот период и двајцата како директори на Фондот за здравствено осигурување нецолосно ги примениле законските одредби кои се однесуваат на нивните контролни надлежности кон јавните здравствени установи. По однос на Законот за здравственото осигурување ова се однесува конкретно на член 9, член 54 (12, 13), член 68 (2) и член 71. Исто така, не ги примениле соодветно прописите од Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување, и тоа конкретно член 1, член 6 и член 7, стои во образложението на Анкетната комисија.  

The post Анкетната комисија за Онкологија утврди политичка одговорност, на листата се Филипче, Васев, Нухи, Сотирова-Бухова, Крстевски и Ахмети appeared first on Република.

]]>
Мизрахи: Поднесовме предлог Анкетната комисија за Онкологија да продолжи со работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-podnesovme-predlog-anketnata-komisija-za-onkologija-da-prodolzhi-so-rabota/ Fri, 10 Nov 2023 12:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=700250

Претседателката на собраниската Анкетна комисија за скандалот во Клиниката за онкологоја, пратеничката Рашела Мизрахи во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог одлука со која, Анкетната комисија ќе ја продолжи својата работа за нови 30 дена заради, како што рече, појавувањето и нови информации поврзани со таа клиника и потребата од сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции.

Досега се сослушани повеќе од 50 лица, поранешни и сегашни министри и заменици, директори, раководители на сектори, вработени во надлежните институци и тоа Министерство за здравство, ФЗО, МАЛМЕД, ДСЗИ, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Во процесот на сослушувањето на овие лица се појавија нови и важни факти и околности за Анкетната комисија кои што можат да придонесат до конечното утврдување на прекршување на уставните и законските одредби како основ за утврдување на политичка одговорност. Дополнително, во текот на изминатите денови беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата“, рече Мизрахи и додаде дека оради тоа се наметна потребата да се испитаат и тие информации и да се прошири временскиот опфат и со месец април на што се однесува извештајот на ФЗО.

Пратнеичката Рашела Мизрахи ги повика пратениците да го поддржат предлогот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мизрахи: Поднесовме предлог Анкетната комисија за Онкологија да продолжи со работа appeared first on Република.

]]>

Претседателката на собраниската Анкетна комисија за скандалот во Клиниката за онкологоја, пратеничката Рашела Мизрахи во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог одлука со која, Анкетната комисија ќе ја продолжи својата работа за нови 30 дена заради, како што рече, појавувањето и нови информации поврзани со таа клиника и потребата од сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции. Досега се сослушани повеќе од 50 лица, поранешни и сегашни министри и заменици, директори, раководители на сектори, вработени во надлежните институци и тоа Министерство за здравство, ФЗО, МАЛМЕД, ДСЗИ, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.
Во процесот на сослушувањето на овие лица се појавија нови и важни факти и околности за Анкетната комисија кои што можат да придонесат до конечното утврдување на прекршување на уставните и законските одредби како основ за утврдување на политичка одговорност. Дополнително, во текот на изминатите денови беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата“, рече Мизрахи и додаде дека оради тоа се наметна потребата да се испитаат и тие информации и да се прошири временскиот опфат и со месец април на што се однесува извештајот на ФЗО.
Пратнеичката Рашела Мизрахи ги повика пратениците да го поддржат предлогот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мизрахи: Поднесовме предлог Анкетната комисија за Онкологија да продолжи со работа appeared first on Република.

]]>
Мизрахи: Скандалот „Онкологија“ е повеќе од трагедија, Анкетната комисија увиде дека системот е во тотален колапс и е дисфункционален https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-skandalot-onkologija-e-poveke-od-tragedija-anketnata-komisija-uvide-deka-sistemot-e-vo-totalen-kolaps-i-e-disfunktsionalen/ Sun, 05 Nov 2023 14:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=698462

„Анкетната комисија започна со својата работа пред околу четири недели и досега ислушавме 52 сведока од повиканите 62. Значи 10 одбија да присуствуваат од одредени причини, дали здравствени или пак неможност да се присуствува. И тоа дава еден не убав впечаток за оние кои што не присуствувале, дека ете дека не сакаат да споделат со јавноста информации кои што ги знаат во врска со скандалот „Онкологија“. Скандалот „Онкологија“ е повеќе од трагедија“, истакна Рашела Мизрахи, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во дебатата насловена „Случај „ДИВО МЕСО“ - Мора да има одговорност за канцер-мафијата“ која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мизрахи додаде дека скандалот „Онкологија“ е повеќе од трагедија. Тоа значи дека е нарушено уставното загарантирано право за живот, како и темелните вредности на македонскиот Устав, а тоа е хуманизам и солидарност. Тука е нарушено правото сите граѓани подеднакво да добијат здравствена помош, да им биде укажана здравствена помош и да им се зачува нивното право за живот. Односно се правело своевидна селекција.

„Јас би се надоврзала малку и на исказите на докторите од претходно, знаете Владата носи свои политики, министерот за здравство носи здравствени политики. Ако здравствената политика е да го наруши целосно системот за здравство и контролните механизми тоа е веќе намерно и тенденциозно создавање услови за последици како што гледаме, за трагедии“, укажа Мизрахи.

Таа посочи дека процедури, протоколи, опрема, надзорот на работата на здравствените установи и имањето на процедури, имањето на протоколи, имањето на увид на опремата ја прави министерот за здравство. И исклучување на опрема од функција треба да биде евидентирана во министерството во првите 24 часа по исклучување на истата.

„Е, сега имате министер кој што ништо не видел, ништо не слушнал, никаков увид немал над работата на клиниката. Го имаме Фондот за здравствено осигурување каде што директорот исто така е одбран од Владата, значи седат заедно со министерот и тој ништо не приметил. Имате МАЛМЕД така веќе познат во јавноста како Биро за лекови, кои што немале увид и ниедна контрола не направиле на веледрогериите за набавка на медикаменти. Го имате Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој што никогаш не видел што се случува на клиниката. За да стигнеме до ваква трагедија“, појасни пратеничката.

Таа рече дека во Македонија се создаде една атмосфера во која што на крајот кабелот е крив. Ама системските дефектури ги прави лидерот на системот. Не ги прави кабелот, ниту хаус мајсторот, ниту докторот, ниту медицинската сестра.

„Дали се откриени одредени дефектури во работата на сестрите? Да. Меѓутоа тоа системската дефектура е владина дефектура“, нагласи Мизрахи.

„Анкетната комисија сослуша бројни сведоци, увиде факти кои што се темелат на документација архивска граѓа на самата клиника за Онкологија, министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, ДЗСИ, МАЛМЕД. И видовме дека системот е во колапс, и е тотално дисфункционален“, укажа таа.

https://www.youtube.com/watch?v=usaDo6-PM9E

The post Мизрахи: Скандалот „Онкологија“ е повеќе од трагедија, Анкетната комисија увиде дека системот е во тотален колапс и е дисфункционален appeared first on Република.

]]>

„Анкетната комисија започна со својата работа пред околу четири недели и досега ислушавме 52 сведока од повиканите 62. Значи 10 одбија да присуствуваат од одредени причини, дали здравствени или пак неможност да се присуствува. И тоа дава еден не убав впечаток за оние кои што не присуствувале, дека ете дека не сакаат да споделат со јавноста информации кои што ги знаат во врска со скандалот „Онкологија“. Скандалот „Онкологија“ е повеќе од трагедија“, истакна Рашела Мизрахи, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во дебатата насловена „Случај „ДИВО МЕСО“ - Мора да има одговорност за канцер-мафијата“ која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Мизрахи додаде дека скандалот „Онкологија“ е повеќе од трагедија. Тоа значи дека е нарушено уставното загарантирано право за живот, како и темелните вредности на македонскиот Устав, а тоа е хуманизам и солидарност. Тука е нарушено правото сите граѓани подеднакво да добијат здравствена помош, да им биде укажана здравствена помош и да им се зачува нивното право за живот. Односно се правело своевидна селекција. „Јас би се надоврзала малку и на исказите на докторите од претходно, знаете Владата носи свои политики, министерот за здравство носи здравствени политики. Ако здравствената политика е да го наруши целосно системот за здравство и контролните механизми тоа е веќе намерно и тенденциозно создавање услови за последици како што гледаме, за трагедии“, укажа Мизрахи. Таа посочи дека процедури, протоколи, опрема, надзорот на работата на здравствените установи и имањето на процедури, имањето на протоколи, имањето на увид на опремата ја прави министерот за здравство. И исклучување на опрема од функција треба да биде евидентирана во министерството во првите 24 часа по исклучување на истата. „Е, сега имате министер кој што ништо не видел, ништо не слушнал, никаков увид немал над работата на клиниката. Го имаме Фондот за здравствено осигурување каде што директорот исто така е одбран од Владата, значи седат заедно со министерот и тој ништо не приметил. Имате МАЛМЕД така веќе познат во јавноста како Биро за лекови, кои што немале увид и ниедна контрола не направиле на веледрогериите за набавка на медикаменти. Го имате Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој што никогаш не видел што се случува на клиниката. За да стигнеме до ваква трагедија“, појасни пратеничката. Таа рече дека во Македонија се создаде една атмосфера во која што на крајот кабелот е крив. Ама системските дефектури ги прави лидерот на системот. Не ги прави кабелот, ниту хаус мајсторот, ниту докторот, ниту медицинската сестра. „Дали се откриени одредени дефектури во работата на сестрите? Да. Меѓутоа тоа системската дефектура е владина дефектура“, нагласи Мизрахи. „Анкетната комисија сослуша бројни сведоци, увиде факти кои што се темелат на документација архивска граѓа на самата клиника за Онкологија, министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, ДЗСИ, МАЛМЕД. И видовме дека системот е во колапс, и е тотално дисфункционален“, укажа таа. https://www.youtube.com/watch?v=usaDo6-PM9E

The post Мизрахи: Скандалот „Онкологија“ е повеќе од трагедија, Анкетната комисија увиде дека системот е во тотален колапс и е дисфункционален appeared first on Република.

]]>
Пренџов до Јовески: Како ОЈО имавте 12 години на македонската јавност да им ја кажете вистина, за Онкологија уште во 2012 година имало кривична пријава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prendhov-do-joveski-kako-ojo-imavte-12-godini-na-makedonskata-javnost-da-im-ja-kazhete-vistina-za-onkologija-ushte-vo-2012-godina-imalo-krivichna-prijava/ Fri, 03 Nov 2023 16:46:45 +0000 https://republika.mk/?p=697907

Во поглед на вистината и траорните сценарија, немој да заборавите дека тој што седеше пред вас овдека, кажа дека во 2012 сте имале кривични пријава за онкологија, до денеска десет години поминале, во кои 10 години сте вработен во ОЈО од кои 5-6 години сте главен јавен обвинител, ништо нема. Во 2019 имало, во 2020 имало, ве молам без такви фрази вистината, вистината, сте имале точно 12 години да им ја кажете вистината на македонската јавност, а како ОЈО сте молчеле, рече пратеникот Љупчо Пренџов на денешната Анкетна комисија при македонското Собрание обраќајќи му се на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Пратеникот Пренџов, на обвинителот Јовески, му посака добредојде во највисоката институција во општествено политичкиот систем на Република Македонија, Собранието по кое што и тие како институција работат, при што додаде тоа што ние како пратеници ќе донесеме овде по закон, вие сте должи да го работите.

„Нема повисоко нешто моментално од јавниот интерес, највисоко е јавниот интерес. Трето, наместо да гледате телевизија што ние овде зборуваме, требало да работите и да дојде овде со готови информации до каде е истрагата. И четврто, немојте да кажувате дека пред јавноста не можете и немате право да зборувате, имате право, прочитано ви е правото, ако сакавте можевте да барате да биде затворена седницата за Анкетната комисија. Нема така лесно да си одите. Петто, немојте да заборавите господине Јовески кога го навредувате ова собрание, ние тука во оваа собрание седиме затоа што сме избор на граѓаните, а вие во оваа Собрание како јавен обвинител седите затоа што сте предлог на Зоран Заев и владата. Немој никогаш да го заборавате тоа, која институција е највисока во системот, а вие колеги од СДСМ не треба да го штитите Јовески туку вистината да ја бараме. Ако не може јавно, може на затворена седница“, рече Пренџов.

The post Пренџов до Јовески: Како ОЈО имавте 12 години на македонската јавност да им ја кажете вистина, за Онкологија уште во 2012 година имало кривична пријава appeared first on Република.

]]>

Во поглед на вистината и траорните сценарија, немој да заборавите дека тој што седеше пред вас овдека, кажа дека во 2012 сте имале кривични пријава за онкологија, до денеска десет години поминале, во кои 10 години сте вработен во ОЈО од кои 5-6 години сте главен јавен обвинител, ништо нема. Во 2019 имало, во 2020 имало, ве молам без такви фрази вистината, вистината, сте имале точно 12 години да им ја кажете вистината на македонската јавност, а како ОЈО сте молчеле, рече пратеникот Љупчо Пренџов на денешната Анкетна комисија при македонското Собрание обраќајќи му се на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Пратеникот Пренџов, на обвинителот Јовески, му посака добредојде во највисоката институција во општествено политичкиот систем на Република Македонија, Собранието по кое што и тие како институција работат, при што додаде тоа што ние како пратеници ќе донесеме овде по закон, вие сте должи да го работите.
„Нема повисоко нешто моментално од јавниот интерес, највисоко е јавниот интерес. Трето, наместо да гледате телевизија што ние овде зборуваме, требало да работите и да дојде овде со готови информации до каде е истрагата. И четврто, немојте да кажувате дека пред јавноста не можете и немате право да зборувате, имате право, прочитано ви е правото, ако сакавте можевте да барате да биде затворена седницата за Анкетната комисија. Нема така лесно да си одите. Петто, немојте да заборавите господине Јовески кога го навредувате ова собрание, ние тука во оваа собрание седиме затоа што сме избор на граѓаните, а вие во оваа Собрание како јавен обвинител седите затоа што сте предлог на Зоран Заев и владата. Немој никогаш да го заборавате тоа, која институција е највисока во системот, а вие колеги од СДСМ не треба да го штитите Јовески туку вистината да ја бараме. Ако не може јавно, може на затворена седница“, рече Пренџов.
 
The post Пренџов до Јовески: Како ОЈО имавте 12 години на македонската јавност да им ја кажете вистина, за Онкологија уште во 2012 година имало кривична пријава appeared first on Република.

]]>
Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-do-jovevski-fzom-pravel-inspektsiski-nadzor-so-edno-oko-podzamizheno/ Fri, 03 Nov 2023 16:34:15 +0000 https://republika.mk/?p=697900

„Господине Јовевски, јас не сум правник, ниту адвокат, ниту обвинител, ниту судија, ниту сум од Вашата фела. Меѓутоа како пратеник, а и како човек во одредена држава, се снаоѓам читајќи закони и движејќи се по законите. Е, сега во аналитика дадена од политички аналитичари и луѓе кои што работеле во обвинителство во други држави се вели дека криминалот во државата особено масовниот, организиран криминал го води Владата, а само од 2 до 3% велат од криминалните дејанија можат да бидат неконтролирани од Владата на одредена држава – тоа е цитат. Меѓутоа припаѓам и сакам да припаѓам на една нова генерација на политичари па тука ги има многу од сите пратенички состави на млади политичари, неизвалкани од минатото кои што не се дел од ниедна шема од минатото, не должат на никого ништо и заради тоа имаат право да бараат вистина, систем и држава“, истакна Рашела Мизрахи, пратеник и претседател на Анкетната комисија.

Мизрахи додаде дека Извештаи шестмесечни кои што треба надлежниот директор да ги достави до министерот за здравство не постојат.

Спомнавте закони дека задачата на Собранието ќе биде да донесе нови законски решенија. Закони има во оваа држава особено во здравство. Значи еден куп закони. Е, сега спомнавте исто така дека имаме нејаснотија во однос на реалните потреби, имавте емотивен говор, колку медикаменти за сите пациенти треба да се набават. Закони и реални потреби, епа вака господине Јовевски, утврдено е со записник, како и преку документација дека стручен колегиум, потврден преку закон за неговото постоење за да даден налог за кои медикаменти да се набавуваат и како ќе се користат и како ќе се аплицираат во една клиника дава стручен колегиум. Не постои. Протоколи за апликација на медикамент – биолошка терапија не постојат. Извештаи шестмесечни кои што треба надлежниот директор да ги достави до министерот за здравство не постојат, нагласи Мизрахи.

Таа посочи дека ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено, па заради тоа никогаш не го информирал Јовевски, Јавното обвинителство.

МАЛМЕД никогаш ништо не видело во веледрогериите по прашање на колку, на какви медикаменти се носат и дали истите навистина се поклопуваат со материјалните картички за влез и за излез во Онкологија. Па, и тие не Ве информирале за ништо“, нагласи пратеничката.

„ДЗСИ правел инспекциски надзор на кои што видело протоколи кои што никогаш не постоеле. Па, дури и разгледувало по 20 случаи на пациенти кои што се терапирани по протокол кој што никогаш не постоел. Има закони во оваа држава и според тие закони ако прашувате која би била политичката одговорност, таа е строго дефинирана во Законот за организација и работа на органите на државата каде што стои делот министерство за здравство“, појасни Мизрахи.

Пратеничката рече дека се бара политичка одговорност, но по хронологија.

https://youtu.be/vHlpEzjbaZY?si=pZBt0L5cYVKmCvOj

The post Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено appeared first on Република.

]]>

„Господине Јовевски, јас не сум правник, ниту адвокат, ниту обвинител, ниту судија, ниту сум од Вашата фела. Меѓутоа како пратеник, а и како човек во одредена држава, се снаоѓам читајќи закони и движејќи се по законите. Е, сега во аналитика дадена од политички аналитичари и луѓе кои што работеле во обвинителство во други држави се вели дека криминалот во државата особено масовниот, организиран криминал го води Владата, а само од 2 до 3% велат од криминалните дејанија можат да бидат неконтролирани од Владата на одредена држава – тоа е цитат. Меѓутоа припаѓам и сакам да припаѓам на една нова генерација на политичари па тука ги има многу од сите пратенички состави на млади политичари, неизвалкани од минатото кои што не се дел од ниедна шема од минатото, не должат на никого ништо и заради тоа имаат право да бараат вистина, систем и држава“, истакна Рашела Мизрахи, пратеник и претседател на Анкетната комисија. Мизрахи додаде дека Извештаи шестмесечни кои што треба надлежниот директор да ги достави до министерот за здравство не постојат.
Спомнавте закони дека задачата на Собранието ќе биде да донесе нови законски решенија. Закони има во оваа држава особено во здравство. Значи еден куп закони. Е, сега спомнавте исто така дека имаме нејаснотија во однос на реалните потреби, имавте емотивен говор, колку медикаменти за сите пациенти треба да се набават. Закони и реални потреби, епа вака господине Јовевски, утврдено е со записник, како и преку документација дека стручен колегиум, потврден преку закон за неговото постоење за да даден налог за кои медикаменти да се набавуваат и како ќе се користат и како ќе се аплицираат во една клиника дава стручен колегиум. Не постои. Протоколи за апликација на медикамент – биолошка терапија не постојат. Извештаи шестмесечни кои што треба надлежниот директор да ги достави до министерот за здравство не постојат, нагласи Мизрахи.
Таа посочи дека ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено, па заради тоа никогаш не го информирал Јовевски, Јавното обвинителство.
МАЛМЕД никогаш ништо не видело во веледрогериите по прашање на колку, на какви медикаменти се носат и дали истите навистина се поклопуваат со материјалните картички за влез и за излез во Онкологија. Па, и тие не Ве информирале за ништо“, нагласи пратеничката.
„ДЗСИ правел инспекциски надзор на кои што видело протоколи кои што никогаш не постоеле. Па, дури и разгледувало по 20 случаи на пациенти кои што се терапирани по протокол кој што никогаш не постоел. Има закони во оваа држава и според тие закони ако прашувате која би била политичката одговорност, таа е строго дефинирана во Законот за организација и работа на органите на државата каде што стои делот министерство за здравство“, појасни Мизрахи. Пратеничката рече дека се бара политичка одговорност, но по хронологија. https://youtu.be/vHlpEzjbaZY?si=pZBt0L5cYVKmCvOj

The post Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено appeared first on Република.

]]>
Дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања мора да профункционира, рече в.д директорката на Онкологија пред Анкетната комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/disperzijata-vo-lekuvane-na-patsienti-so-maligni-zaboluvana-mora-da-profunktsionira-reche-v-d-direktorkata-na-onkologija-pred-anketnata-komisija/ Tue, 31 Oct 2023 12:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=696686

Имаме ограничен буџет – далеку помал од нашата реална потреба за набавка на терапија. Нашите реални потреби сме принудени да ги вклопиме во лимитирани финансиски рамки, рече д-р Виолета Клисаровска, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија која денеска сведочи на седница на собраниската Анкетната комисија за истражување на работата на Клиниката.

Посочи дека постојано укажувала до Владата и Министерството за здравство за, како што рече, оваа агонија во која е доведена Клиниката. Работи 20 години на Онкологија, а за в.д. директор е назначена на 2 ноември минатата година.

Рече дека по многу години ги вовела редовните стручни состаноци, кои порано ги имало, па биле прекинати, формирала онколошки конзилиум уште првиот месец од именувањето, сакала да постигне, рече, рационалност во препишувањето лекови со висока цена, по строго определени критериуми според медицина базирана на докази и ги апдејтирала онколошките протоколи.

Истакна дека најсериозен проблем со кој се соочила во управувањето со ресурси е нивната ограниченост наспроти неограничениот број на пациенти кој секој ден се зголемува. Поради зголемениот квантитет, рече, доаѓаат во ситуација да го нарушат правото на пациентите за навремена здравствена грижа.

Смета дека е крајно време да профункционира дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања за што, рече, нивните молби кон други клинички болници со радиотерапија во земјава не вродиле со плод. Ги посочи Клиничката болница Битола кој има радиотераписки апарат што не работи, има кадар и опрема, а третира мал број пациенти. И клиничките болници во Штип и Тетово имаат специјалисти радиотерапевти онколози. За ГОБ „8 Септември“, рече, има радиотераписки апарат што Онкологија го нема и за таа услуга ги испраќа пациентите во странство.

Дисперзијата мора да биде овозможена и поддржана од државата за клиники каде што се воспоставиле услови и кои имаат кадар и опрема. Мислам дека таму каде што има ресурси и кадар, треба да има институционален притисок врз овие институции, рече Клисаровска.

Укажа дека е во пораст бројот на болни со малигни заболувања и често значаен дел се со метастатска фаза и тоа, рече, треба да биде аларм за државата да се фокусира на превенција на малигни болести.

Апелираше до истражните органи што поскоро да заврши постапката со утврдување на злоупотреба на Клиниката и ако се утврди вина, да се именуваат виновниците и да се отфрли колективна вина која, рече, е надвисната над Клиниката во која работат професионални и одговорни лица.

Се создаде недоверба кон Клиниката, паника во јавноста и меѓу нашите пациенти. Не им е доволна маката со тежината на болеста, туку сега имаат и несигурност како ќе бидат третирани, рече директорката на Онкологија.

The post Дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања мора да профункционира, рече в.д директорката на Онкологија пред Анкетната комисија appeared first on Република.

]]>

Имаме ограничен буџет – далеку помал од нашата реална потреба за набавка на терапија. Нашите реални потреби сме принудени да ги вклопиме во лимитирани финансиски рамки, рече д-р Виолета Клисаровска, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија која денеска сведочи на седница на собраниската Анкетната комисија за истражување на работата на Клиниката. Посочи дека постојано укажувала до Владата и Министерството за здравство за, како што рече, оваа агонија во која е доведена Клиниката. Работи 20 години на Онкологија, а за в.д. директор е назначена на 2 ноември минатата година. Рече дека по многу години ги вовела редовните стручни состаноци, кои порано ги имало, па биле прекинати, формирала онколошки конзилиум уште првиот месец од именувањето, сакала да постигне, рече, рационалност во препишувањето лекови со висока цена, по строго определени критериуми според медицина базирана на докази и ги апдејтирала онколошките протоколи. Истакна дека најсериозен проблем со кој се соочила во управувањето со ресурси е нивната ограниченост наспроти неограничениот број на пациенти кој секој ден се зголемува. Поради зголемениот квантитет, рече, доаѓаат во ситуација да го нарушат правото на пациентите за навремена здравствена грижа. Смета дека е крајно време да профункционира дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања за што, рече, нивните молби кон други клинички болници со радиотерапија во земјава не вродиле со плод. Ги посочи Клиничката болница Битола кој има радиотераписки апарат што не работи, има кадар и опрема, а третира мал број пациенти. И клиничките болници во Штип и Тетово имаат специјалисти радиотерапевти онколози. За ГОБ „8 Септември“, рече, има радиотераписки апарат што Онкологија го нема и за таа услуга ги испраќа пациентите во странство.
Дисперзијата мора да биде овозможена и поддржана од државата за клиники каде што се воспоставиле услови и кои имаат кадар и опрема. Мислам дека таму каде што има ресурси и кадар, треба да има институционален притисок врз овие институции, рече Клисаровска.
Укажа дека е во пораст бројот на болни со малигни заболувања и често значаен дел се со метастатска фаза и тоа, рече, треба да биде аларм за државата да се фокусира на превенција на малигни болести. Апелираше до истражните органи што поскоро да заврши постапката со утврдување на злоупотреба на Клиниката и ако се утврди вина, да се именуваат виновниците и да се отфрли колективна вина која, рече, е надвисната над Клиниката во која работат професионални и одговорни лица.
Се создаде недоверба кон Клиниката, паника во јавноста и меѓу нашите пациенти. Не им е доволна маката со тежината на болеста, туку сега имаат и несигурност како ќе бидат третирани, рече директорката на Онкологија.

The post Дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања мора да профункционира, рече в.д директорката на Онкологија пред Анкетната комисија appeared first on Република.

]]>
Нино Васев ја бранeше набавката на лекови на реверс пред Анкетната, не можел да ризикува да ги остави пациентите без витална терапија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nino-vasev-ja-braneshe-nabavkata-na-lekovi-na-revers-pred-anketnata-ne-mozhel-da-rizikuva-da-gi-ostavi-patsientite-bez-vitalna-terapija/ Mon, 30 Oct 2023 13:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=696340

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерпија и онкологија Никола Васев пред пратениците призна дека се користеле лекови земени на реверс, за што вели дека е правно недозволиво, но го практикувале оти хипократовата заклетва ги обврзува да не ги остават пациентите без лекови. Васев објасни дека на реверс се земале лекови само во случаите кога не смееле да дозволат да се прекине терапијата на пациенти кои веќе почнале да ја примаат.

Прво апсолутно се согласувам дека реверсот не треба да се користи. Главна намена на реверсите беше да не се прекине биолошката терапија која почнале да ја земаат пациентите. Тендерската постапка за тие лекови беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, но два-три месеци задоцни. Ниту јас, ниту кој било не смееше да го загрози животот на пациентите кои веќе почнале да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив, и тоа е поскапо. Не знам што би кажал друго тука. Тука се крши Хипократовата заклетва со правната одговорност на Институтот. Тие две заклетви овде не може да ги споите. Па не сме земале столици и градежен материјал, сме земале лекови од една фирма кога и не може друга да конкурира. И второ јас сум се обезбедил со писмо што ќе ви го доставам дека ако тие фирми изгубат на тендерот ќе биде донација тој лек. Тоа писмо ќе го доставам кај вашата претседателка“, рече Васев укажувајќи дека три месеци пред да се потрошат лековите за залихите редовно ги известувале Фондот за здравство и Министерството за здравство.

Поранешниот директор Васев како свој неуспех призна дека го смета и тоа што не успеал да воведе пракса за стручен колегиум на кој барем еднаш неделно сите лекари од Клиниката ќе седнат на исто место. Стручен колегиум, тој рече дека на Онкологија не се одржал 10 години.

Васев имаше објаснување и за обвинувањата дека лично тој со потпис одобрувал кој пациент ќе добие терапија. Укажа дека раководителите на одделенија одлучувале кому ќе му дадат лек и не си се мешале едни на други во работата, а кај него на потпис стигнувале оти водел евиденција.

Докторите ги пишуваа историите со лекови, сестрите ги собираа историите, доаѓаа кај мене за потпис не за тоа дали да зема или не, туку дека тој лек го има на Институтот и јас си водев евиденција да не прејдеме количини кои ни беа строго дефинирани. Не знам во кој случај било загрозено правото на пациентите да имаат пристап до биолошката терапија ако на сите пациенти се одобрува терапијата“, рече поранешниот директор Васев.

Денес прва прашање му постави претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи. Откога му прочита дел од наодите на Државниот завод за ревизија кои укажуваат на лошото работење на клиниката и сомнежот дека немале сите болни еднаков пристап до лекување, му постави само едно прашање – кој му дал согласност или насока за да направи таков хаос на Клиниката за Онкологија.

Никогаш не ми била намерата да креирам хаос. Функцијата ја прифатив од министерот за здравство Таравари, после долго убедување. Искрено се мислев дали да ја прифатам, но како најстар доктор на Институтот чувствував малку и одговорност, мислејќи дека ќе ја подобрам здравствената заштита на нашите пациенти. 35 години работам со онколошки пациенти, ниеден човек од моја врата не сум вратил. Го читавме извештајот, за жал го добивме откога не сум на функција. Не можевме да одговориме, веројатно сум имал право, не сум знаел за тоа. Сигурно ќе се обидев да одговорам на сите наводи“, рече Васев.

Неговиот став, и покрај наодите на Државниот завод за ревизија е дека ниту еден пациент не бил оставен без терпија.

The post Нино Васев ја бранeше набавката на лекови на реверс пред Анкетната, не можел да ризикува да ги остави пациентите без витална терапија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерпија и онкологија Никола Васев пред пратениците призна дека се користеле лекови земени на реверс, за што вели дека е правно недозволиво, но го практикувале оти хипократовата заклетва ги обврзува да не ги остават пациентите без лекови. Васев објасни дека на реверс се земале лекови само во случаите кога не смееле да дозволат да се прекине терапијата на пациенти кои веќе почнале да ја примаат.
Прво апсолутно се согласувам дека реверсот не треба да се користи. Главна намена на реверсите беше да не се прекине биолошката терапија која почнале да ја земаат пациентите. Тендерската постапка за тие лекови беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, но два-три месеци задоцни. Ниту јас, ниту кој било не смееше да го загрози животот на пациентите кои веќе почнале да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив, и тоа е поскапо. Не знам што би кажал друго тука. Тука се крши Хипократовата заклетва со правната одговорност на Институтот. Тие две заклетви овде не може да ги споите. Па не сме земале столици и градежен материјал, сме земале лекови од една фирма кога и не може друга да конкурира. И второ јас сум се обезбедил со писмо што ќе ви го доставам дека ако тие фирми изгубат на тендерот ќе биде донација тој лек. Тоа писмо ќе го доставам кај вашата претседателка“, рече Васев укажувајќи дека три месеци пред да се потрошат лековите за залихите редовно ги известувале Фондот за здравство и Министерството за здравство.
Поранешниот директор Васев како свој неуспех призна дека го смета и тоа што не успеал да воведе пракса за стручен колегиум на кој барем еднаш неделно сите лекари од Клиниката ќе седнат на исто место. Стручен колегиум, тој рече дека на Онкологија не се одржал 10 години. Васев имаше објаснување и за обвинувањата дека лично тој со потпис одобрувал кој пациент ќе добие терапија. Укажа дека раководителите на одделенија одлучувале кому ќе му дадат лек и не си се мешале едни на други во работата, а кај него на потпис стигнувале оти водел евиденција.
Докторите ги пишуваа историите со лекови, сестрите ги собираа историите, доаѓаа кај мене за потпис не за тоа дали да зема или не, туку дека тој лек го има на Институтот и јас си водев евиденција да не прејдеме количини кои ни беа строго дефинирани. Не знам во кој случај било загрозено правото на пациентите да имаат пристап до биолошката терапија ако на сите пациенти се одобрува терапијата“, рече поранешниот директор Васев.
Денес прва прашање му постави претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи. Откога му прочита дел од наодите на Државниот завод за ревизија кои укажуваат на лошото работење на клиниката и сомнежот дека немале сите болни еднаков пристап до лекување, му постави само едно прашање – кој му дал согласност или насока за да направи таков хаос на Клиниката за Онкологија.
Никогаш не ми била намерата да креирам хаос. Функцијата ја прифатив од министерот за здравство Таравари, после долго убедување. Искрено се мислев дали да ја прифатам, но како најстар доктор на Институтот чувствував малку и одговорност, мислејќи дека ќе ја подобрам здравствената заштита на нашите пациенти. 35 години работам со онколошки пациенти, ниеден човек од моја врата не сум вратил. Го читавме извештајот, за жал го добивме откога не сум на функција. Не можевме да одговориме, веројатно сум имал право, не сум знаел за тоа. Сигурно ќе се обидев да одговорам на сите наводи“, рече Васев.
Неговиот став, и покрај наодите на Државниот завод за ревизија е дека ниту еден пациент не бил оставен без терпија.

The post Нино Васев ја бранeше набавката на лекови на реверс пред Анкетната, не можел да ризикува да ги остави пациентите без витална терапија appeared first on Република.

]]>
Контролата покажала дека на Онкологија се вршела несоодветна евиденција на издадени лекови, кажаа директори на ФЗО пред Анкетната комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kontrolata-pokazhala-deka-na-onkologija-se-vrshela-nesoodvetna-evidentsija-na-izdadeni-lekovi-kazhaa-direktori-na-fzo-pred-anketnata-komisija/ Wed, 18 Oct 2023 18:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=692610

Генерални директори на Фондот за здравствено осигурување и директор на сектор за контрола, вечерва одговараа на пратенички прашања на седницата на собраниската Анкетна комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Фатон Ахмети, генерален директор на Фондот за здравствено осигурување од октомври 2020 до август 2023 година, изјави дека Фондот е институција што ги дефинира буџетите на јавните здравствени установи.

Завршната програма за целокупниот буџет што ние како Фонд го добиваме од Министерството за финансии, тој буџет го распределуваме во јавните здравствени установи. Затоа јас ќе ги поделам во две групи тие буџети. Вкупниот буџет на здравствената установа и условен буџет. Постапката и методологијата е иста. Значи, Фондот за здравство прави напори во рамки на ресурсите што ги има и врз основа на барањата на јавните здравствени установи, да се најде некаде во средина, да даде максимум од тоа што ние како Фонд, ги имаме на располагање, појасни тој, одговарајќи на пратеничко прашање.

Што се однесува до набавка на лекови, како што рече тој, тоа е одговорност на клиниката, институцијата што ќе врши набавка на тие лекови, за разлика од Позитивната листа на лекови, таа набавка, како што додаде, се врши со земање претходна дозвола од Министерството за здравство и потоа од Фондот за здравствено осигурување.

Прашан како е можно според документацијата од Државниот завод за ревизија „никаде да нема документ на согласнот од Фондот, а тендерот да биде спроведен“, тој одговори дека Клиниката согласностите за набавка на лекови ги добивала во рамки на одредени временски дистанци.

Во рамки на согласностите што Клиниката за радиотерапија и онкологија ги добила од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, тие се за набавка на лекови во рамки на одредени временски дистанци. Некогаш барале за набавка четири месеци, неколку случаи за годишни и така натаму. Во овој случај, врз основа на извештајот на Државниот завод за ревизија, се знае дека оваа согласност не е дадена и тие набавки, тие лекови се купени без согласност од ФЗО, одговори Ахмети.

Во периодот додека бил генерален директор на Фондот, имало неколку контроли во рамките на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Ахмети кажа дека немаат надлежност да анализираат до краен детал, како еден лек се дава на пациент, дозата или количината, и рече оти тоа е во надлежност на самата клиника.

Магдалена Филиповска Грашковска, исто така се осврна на времето од кога ја извршува функцијата, првенствено шест месеци в.д. директор, потоа, како што појасни, назначена и како генерален директор.

Во текот на 2022 година имаше анонимна претставка доставена до Фондот, беа дадени наводи дека за починато лице е препишана онколошка терапија. Се изврши контрола при што беше утврдено дека станувало збор за две лица со исто име, едното лице било починато 2014 година, а другото лице живо, коешто дошло да прими терапија. Ординаричкиот доктор ја препишал терапијата на пациентот којшто дошол во клиниката, меѓутоа било евидентирано во досието на починатото лице. Во моментот кога нашите контролори беа во контрола на Клиниката за онкологија, наидоа на службена белешка од докторот којшто самиот ја увидел претходно грешката и ја исправил целата таа ситуација на начин што направил промена, значи таа издадена терапија се издава на вистинското лице коешто треба да ја прима, одговори таа на едно од прашањата.

Целата документација била доставена и до Јавното обвинителство и до Анкетната комисија и до Државниот завод за ревизија.

Согласно Законот за здравствено осигурување, таа рече дека Фондот не е инспекциска служба, нема надлежност да врши инспекциски надзор, следствено на тоа, нема надлежност ниту да изрекува мандатни казни.

Во однос на прашањето дали сме доставиле кривична пријава, би сакала нешто да прочитам. Од контролата извршена оваа година, 2023, во Клиниката за радиотерапија и онкологија, кога е вршена контрола на условниот буџет за 2021 година, констатирани се, ќе прочитам неколку неправилности. Несоодветна евиденција на издадени лекови во таблетарна форма, неевидентирана количина и период на апликација на издадената терапија во специјалистичките извештаи и натаму се редат други, рече таа.

Цвете Серафимоски, директор на сектор за контрола во ФЗОМ, пред членовите на Анкетната комисија рече оти смета дека е многу важно пресумпцијата на невиност да се почитува.

Во моментов, во сектор контрола во централната служба на Фондот, има петнаесетина контролори, од кои четворица се со медицински науки, односно доктори и тројца стоматолози. Информацијата дека има десет е погрешна, помалку се. Има и четворица внатрешни контролори и еден со овластување внатрешен контролор, вкупно петмина, иако треба да се трипати повеќе, рече Серафимоски.

На барање на сектор контрола, како што рече одговарајќи на прашање, контрола била извршена заедно со сектор за фармација и со сектор за финансии, договорена со генералните директори кои исто така укажале потреба за контрола на Онкологија, а биле констатирани низа неправилности.

Серафимоски, појасни дека верува оти лицето кое требало да ја прими терапијата ќе реагирало, ако таа завршела на друго место, затоа што кај него се работи за терапија што живот значи.

Одлука за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.

Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.

The post Контролата покажала дека на Онкологија се вршела несоодветна евиденција на издадени лекови, кажаа директори на ФЗО пред Анкетната комисија appeared first on Република.

]]>

Генерални директори на Фондот за здравствено осигурување и директор на сектор за контрола, вечерва одговараа на пратенички прашања на седницата на собраниската Анкетна комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Фатон Ахмети, генерален директор на Фондот за здравствено осигурување од октомври 2020 до август 2023 година, изјави дека Фондот е институција што ги дефинира буџетите на јавните здравствени установи.
Завршната програма за целокупниот буџет што ние како Фонд го добиваме од Министерството за финансии, тој буџет го распределуваме во јавните здравствени установи. Затоа јас ќе ги поделам во две групи тие буџети. Вкупниот буџет на здравствената установа и условен буџет. Постапката и методологијата е иста. Значи, Фондот за здравство прави напори во рамки на ресурсите што ги има и врз основа на барањата на јавните здравствени установи, да се најде некаде во средина, да даде максимум од тоа што ние како Фонд, ги имаме на располагање, појасни тој, одговарајќи на пратеничко прашање.
Што се однесува до набавка на лекови, како што рече тој, тоа е одговорност на клиниката, институцијата што ќе врши набавка на тие лекови, за разлика од Позитивната листа на лекови, таа набавка, како што додаде, се врши со земање претходна дозвола од Министерството за здравство и потоа од Фондот за здравствено осигурување. Прашан како е можно според документацијата од Државниот завод за ревизија „никаде да нема документ на согласнот од Фондот, а тендерот да биде спроведен“, тој одговори дека Клиниката согласностите за набавка на лекови ги добивала во рамки на одредени временски дистанци.
Во рамки на согласностите што Клиниката за радиотерапија и онкологија ги добила од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, тие се за набавка на лекови во рамки на одредени временски дистанци. Некогаш барале за набавка четири месеци, неколку случаи за годишни и така натаму. Во овој случај, врз основа на извештајот на Државниот завод за ревизија, се знае дека оваа согласност не е дадена и тие набавки, тие лекови се купени без согласност од ФЗО, одговори Ахмети.
Во периодот додека бил генерален директор на Фондот, имало неколку контроли во рамките на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Ахмети кажа дека немаат надлежност да анализираат до краен детал, како еден лек се дава на пациент, дозата или количината, и рече оти тоа е во надлежност на самата клиника. Магдалена Филиповска Грашковска, исто така се осврна на времето од кога ја извршува функцијата, првенствено шест месеци в.д. директор, потоа, како што појасни, назначена и како генерален директор.
Во текот на 2022 година имаше анонимна претставка доставена до Фондот, беа дадени наводи дека за починато лице е препишана онколошка терапија. Се изврши контрола при што беше утврдено дека станувало збор за две лица со исто име, едното лице било починато 2014 година, а другото лице живо, коешто дошло да прими терапија. Ординаричкиот доктор ја препишал терапијата на пациентот којшто дошол во клиниката, меѓутоа било евидентирано во досието на починатото лице. Во моментот кога нашите контролори беа во контрола на Клиниката за онкологија, наидоа на службена белешка од докторот којшто самиот ја увидел претходно грешката и ја исправил целата таа ситуација на начин што направил промена, значи таа издадена терапија се издава на вистинското лице коешто треба да ја прима, одговори таа на едно од прашањата.
Целата документација била доставена и до Јавното обвинителство и до Анкетната комисија и до Државниот завод за ревизија. Согласно Законот за здравствено осигурување, таа рече дека Фондот не е инспекциска служба, нема надлежност да врши инспекциски надзор, следствено на тоа, нема надлежност ниту да изрекува мандатни казни.
Во однос на прашањето дали сме доставиле кривична пријава, би сакала нешто да прочитам. Од контролата извршена оваа година, 2023, во Клиниката за радиотерапија и онкологија, кога е вршена контрола на условниот буџет за 2021 година, констатирани се, ќе прочитам неколку неправилности. Несоодветна евиденција на издадени лекови во таблетарна форма, неевидентирана количина и период на апликација на издадената терапија во специјалистичките извештаи и натаму се редат други, рече таа.
Цвете Серафимоски, директор на сектор за контрола во ФЗОМ, пред членовите на Анкетната комисија рече оти смета дека е многу важно пресумпцијата на невиност да се почитува.
Во моментов, во сектор контрола во централната служба на Фондот, има петнаесетина контролори, од кои четворица се со медицински науки, односно доктори и тројца стоматолози. Информацијата дека има десет е погрешна, помалку се. Има и четворица внатрешни контролори и еден со овластување внатрешен контролор, вкупно петмина, иако треба да се трипати повеќе, рече Серафимоски.
На барање на сектор контрола, како што рече одговарајќи на прашање, контрола била извршена заедно со сектор за фармација и со сектор за финансии, договорена со генералните директори кои исто така укажале потреба за контрола на Онкологија, а биле констатирани низа неправилности. Серафимоски, појасни дека верува оти лицето кое требало да ја прими терапијата ќе реагирало, ако таа завршела на друго место, затоа што кај него се работи за терапија што живот значи. Одлука за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.

The post Контролата покажала дека на Онкологија се вршела несоодветна евиденција на издадени лекови, кажаа директори на ФЗО пред Анкетната комисија appeared first on Република.

]]>
Костовски: СДСМ го отвори случајот за Онкологија, што поскоро да се лоцира вината и одговорноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostovski-sdsm-go-otvori-sluchajot-za-onkologija-shto-poskoro-da-se-lotsira-vinata-i-odgovornosta/ Wed, 18 Oct 2023 15:14:09 +0000 https://republika.mk/?p=692570

Работата на оваа анкетна комисија посакувам да биде своевиден притисок врз ЈО, ден поскоро да излезат со конкретни обиненеија и лоцирање на вината и одговорноста на сите оние кои на монструозен начин допринеле за едно скандалозно, монструозно однесување на клиниката на онкологија, што е многу сензитивно, осетливо и таквата работа е страшна, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, во рамките расправата на собраниската анкетна комисија за скандалот на онкологија.

Костовски потсети дека за нерегуларностите на онкологија тивко се зборувало 20 години, а случајот се отвора сега.

Знаеме дека 20 години се шепотело, за некои нерегуларности на онкологија, а токму во времето на владеење на СДСМ се отвора оваа тема, обвинителството работи, полицијата прибира докази и дефинитивно не е битно ниту име, ниту презиме, ниту блискост ни припадност на секој оној што на монструозен начин бил вклуен, нагласи Костовски, додавајќи дека некои пратеници од опозицијата продолжуваат со донесување предвремени заклучоци.

The post Костовски: СДСМ го отвори случајот за Онкологија, што поскоро да се лоцира вината и одговорноста appeared first on Република.

]]>

Работата на оваа анкетна комисија посакувам да биде своевиден притисок врз ЈО, ден поскоро да излезат со конкретни обиненеија и лоцирање на вината и одговорноста на сите оние кои на монструозен начин допринеле за едно скандалозно, монструозно однесување на клиниката на онкологија, што е многу сензитивно, осетливо и таквата работа е страшна, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, во рамките расправата на собраниската анкетна комисија за скандалот на онкологија. Костовски потсети дека за нерегуларностите на онкологија тивко се зборувало 20 години, а случајот се отвора сега.
Знаеме дека 20 години се шепотело, за некои нерегуларности на онкологија, а токму во времето на владеење на СДСМ се отвора оваа тема, обвинителството работи, полицијата прибира докази и дефинитивно не е битно ниту име, ниту презиме, ниту блискост ни припадност на секој оној што на монструозен начин бил вклуен, нагласи Костовски, додавајќи дека некои пратеници од опозицијата продолжуваат со донесување предвремени заклучоци.
 
The post Костовски: СДСМ го отвори случајот за Онкологија, што поскоро да се лоцира вината и одговорноста appeared first on Република.

]]>
Велјаноски од Анкетна за Онкологија: Дали ФЗО имал информации дека се фаворизирала една веледрогерија која според повеќе наводи има монополска позиција на пазарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanoski-od-anketna-za-onkologija-dali-fzo-imal-informatsii-deka-se-favorizirala-edna-veledrogerija-koja-spored-poveke-navodi-ima-monopolska-pozitsija-na-pazarot/ Wed, 18 Oct 2023 15:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=692565

Алекасандар Велјаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Анкетната комисија за Онкологија со неколку прашања во врска со случајот, а кои се однесуваат на делот на Фондот за здравствено осигурување. Прашањата беа упатени до Миле Сугарев, раководител на сектор за финансиски прашања и вд. директор на ФЗО, шест месеци, пред Магдалена Грашкоска.

Според него важно треба да се даде одговор на тоа дали ФЗО имал информации дека се фаворизирала една веледрогерија која според повеќе наводи има монополска позиција.

Велјаноски со уште едно конкретно прашање до Сугарев кој шест месеци беше вд. директор на ФЗО, во периодот пред да се назначи пред Магдалена Грашкоска.

Дали вие како директор на ФЗО сте потпишале дополнителни средства за Клиниката за онкологија без притоа да се почитува процедура за набавка на лекови внатре во Клиниката и Министерството за здравство, праша Велјаноски.

На денешната седница на Анкетната комисија за Онкологија на распит беа Орхан Рамадани, поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување и Миле Сугарев, раководител на Сектор при ФЗО и поранешен вд. директор на Фондот.

The post Велјаноски од Анкетна за Онкологија: Дали ФЗО имал информации дека се фаворизирала една веледрогерија која според повеќе наводи има монополска позиција на пазарот appeared first on Република.

]]>

Алекасандар Велјаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Анкетната комисија за Онкологија со неколку прашања во врска со случајот, а кои се однесуваат на делот на Фондот за здравствено осигурување. Прашањата беа упатени до Миле Сугарев, раководител на сектор за финансиски прашања и вд. директор на ФЗО, шест месеци, пред Магдалена Грашкоска. Според него важно треба да се даде одговор на тоа дали ФЗО имал информации дека се фаворизирала една веледрогерија која според повеќе наводи има монополска позиција. Велјаноски со уште едно конкретно прашање до Сугарев кој шест месеци беше вд. директор на ФЗО, во периодот пред да се назначи пред Магдалена Грашкоска.
Дали вие како директор на ФЗО сте потпишале дополнителни средства за Клиниката за онкологија без притоа да се почитува процедура за набавка на лекови внатре во Клиниката и Министерството за здравство, праша Велјаноски.
На денешната седница на Анкетната комисија за Онкологија на распит беа Орхан Рамадани, поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување и Миле Сугарев, раководител на Сектор при ФЗО и поранешен вд. директор на Фондот.

The post Велјаноски од Анкетна за Онкологија: Дали ФЗО имал информации дека се фаворизирала една веледрогерија која според повеќе наводи има монополска позиција на пазарот appeared first on Република.

]]>
Мизрахи до Филипче: Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога Клиниката никогаш не ви доставила спецификација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-do-filipche-kako-ste-pravele-tenderi-za-nabavka-na-lekovi-koga-klinikata-nikogash-ne-vi-dostavila-spetsifikatsija/ Tue, 17 Oct 2023 13:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=692182

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи која е и прв човек на Анкетната комисија за онкологија поранешниот министер за здравство, Венко Филипче го праша како спроведувал тендери кога бил министер за здравство кога не добивал спецификација од Клиниката за онкологија за тоа какви лекови треба, колкава количина.

Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога никогаш не ви доставила спецификација за лекови, количини за лекарствата“, го праша Мизрахи, поранешниот министер за здравство, Филипче кој денеска беше на распит во Анкетната комисија.

Мизрахи посочи дека ова е тема на која не смее да има било какви политизирања.

https://republika.mk/vesti/makedonija/venko-filipche-ne-stignala-informatsija-do-mene-deka-vo-2020-godina-na-onkologija-sestrata-kradela-tsitostatitsi/

Ниту се обидувам, ниту би се обидела да политизирам ваква тема и ваква расправа во Собранието. Рековте дека немате забелешки на ревизорскиот извештај за Онкологија кој вели дека немало стручен колегиум кој би ја има соодветна листа, а ревизорот достави листа до сите пратеници и доказ за тоа еве ја листата нема ништо. Како правите тендер за одредени лекови за количини кога никогаш не ви доставиле спецификација, му посочи Мизрахи на Филипче.

На Анкетната комисија на распит минатата недела беше и претходниот министер за здравство, Беким Сали.

Анкетната комисија беше формирана на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се разреши овој монструозен случај на Онкологија.

The post Мизрахи до Филипче: Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога Клиниката никогаш не ви доставила спецификација appeared first on Република.

]]>

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи која е и прв човек на Анкетната комисија за онкологија поранешниот министер за здравство, Венко Филипче го праша како спроведувал тендери кога бил министер за здравство кога не добивал спецификација од Клиниката за онкологија за тоа какви лекови треба, колкава количина.
Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога никогаш не ви доставила спецификација за лекови, количини за лекарствата“, го праша Мизрахи, поранешниот министер за здравство, Филипче кој денеска беше на распит во Анкетната комисија.
Мизрахи посочи дека ова е тема на која не смее да има било какви политизирања. https://republika.mk/vesti/makedonija/venko-filipche-ne-stignala-informatsija-do-mene-deka-vo-2020-godina-na-onkologija-sestrata-kradela-tsitostatitsi/
Ниту се обидувам, ниту би се обидела да политизирам ваква тема и ваква расправа во Собранието. Рековте дека немате забелешки на ревизорскиот извештај за Онкологија кој вели дека немало стручен колегиум кој би ја има соодветна листа, а ревизорот достави листа до сите пратеници и доказ за тоа еве ја листата нема ништо. Како правите тендер за одредени лекови за количини кога никогаш не ви доставиле спецификација, му посочи Мизрахи на Филипче.
На Анкетната комисија на распит минатата недела беше и претходниот министер за здравство, Беким Сали. Анкетната комисија беше формирана на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се разреши овој монструозен случај на Онкологија.

The post Мизрахи до Филипче: Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога Клиниката никогаш не ви доставила спецификација appeared first on Република.

]]>
Д-р Нино Васев е врвен професионалец кој помагал секому, рече Венко Филипче пред Анкетната комисија за случајот со Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-nino-vasev-e-vrven-profesionalets-koj-pomagal-sekomu-reche-venko-filipche-pred-anketnata-komisija-za-sluchajot-so-onkologija/ Tue, 17 Oct 2023 10:25:16 +0000 https://republika.mk/?p=692046

Денешната трета седница на Анкетната комисија за случајот на Онкологија, денеска почна со сослушување на поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Освен него, пред членовите на Комисијата треба да биде сослушан и актуелниот министер, Фатмир Меџити.

Претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи го праша поранешниот министер Филипче дали директорот на Клиниката Нино Васев работел етички, на што Филипче одговори дека се работи за врвен професионалец кој помагал секому, а доколку некој се сомнева дека тој сторил кривично дело, тоа може да се истражи.

Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали.

За овој случај, Јавното обвинителство води истрага, а групи пациенти и членови на семејствата на починати од рак протестираат барајќи одговорност.

The post Д-р Нино Васев е врвен професионалец кој помагал секому, рече Венко Филипче пред Анкетната комисија за случајот со Онкологија appeared first on Република.

]]>

Денешната трета седница на Анкетната комисија за случајот на Онкологија, денеска почна со сослушување на поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Освен него, пред членовите на Комисијата треба да биде сослушан и актуелниот министер, Фатмир Меџити. Претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи го праша поранешниот министер Филипче дали директорот на Клиниката Нино Васев работел етички, на што Филипче одговори дека се работи за врвен професионалец кој помагал секому, а доколку некој се сомнева дека тој сторил кривично дело, тоа може да се истражи. Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали. За овој случај, Јавното обвинителство води истрага, а групи пациенти и членови на семејствата на починати од рак протестираат барајќи одговорност.  

The post Д-р Нино Васев е врвен професионалец кој помагал секому, рече Венко Филипче пред Анкетната комисија за случајот со Онкологија appeared first on Република.

]]>
Почна седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-sednitsata-na-anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija/ Tue, 10 Oct 2023 09:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=689814

Почна седницата на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија на која ќе има сослушување на сведоци и експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во Универзитетската клиника.

Први на сослушувањето, како што и претходно најави претседателката на Анкетната комисија, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, поканети се поранешниот министер за здравство, како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Додека министерот Спасовски синоќа за „360 степени“ на МРТ1, прашан за случајот Онкологија, рече дека очекува дека сите факти и аргументи да бидат потврдени, обезбедени и дека врз основа на нив ќе се конкретизира вината бидејќи, како што порача, виновникот секогаш има име и презиме.

Мизхраи, на вчерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, посочи дека како политичка партија поднеле дури 44 сведоци кои ќе треба да сведочат во врска со случајот со Онкологија.

The post Почна седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија appeared first on Република.

]]>

Почна седницата на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија на која ќе има сослушување на сведоци и експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во Универзитетската клиника. Први на сослушувањето, како што и претходно најави претседателката на Анкетната комисија, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, поканети се поранешниот министер за здравство, како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Додека министерот Спасовски синоќа за „360 степени“ на МРТ1, прашан за случајот Онкологија, рече дека очекува дека сите факти и аргументи да бидат потврдени, обезбедени и дека врз основа на нив ќе се конкретизира вината бидејќи, како што порача, виновникот секогаш има име и презиме. Мизхраи, на вчерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, посочи дека како политичка партија поднеле дури 44 сведоци кои ќе треба да сведочат во врска со случајот со Онкологија.

The post Почна седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија appeared first on Република.

]]>
Собранието донесе одлука за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-donese-odluka-za-formirane-anketna-komisija-za-sluchajot-so-onkologija/ Wed, 20 Sep 2023 12:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=683490

Со 82 гласа пратениците денеска донесоа одлука за основање анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Предлогот поднесен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беше поддржан од повеќето присутни пратеници.

Пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ смета дека случајот за злоупотребата на терапија на Клиниката за онкологија треба да се расчисти, а анкетната комисија, според него, треба да утврди дали со тој скандал биле загрозени основните човекови права на пациентите кои се лекувале од моментот на ставање надвор од употреба на системот за контрола на терапија или популарно наречен КАТО системот за подготовка на цитостатиците.

Основање на анкетна комисија треба да направи анализа на сите документи на Универзитетската Клиника за радиотерпаија и онкологија со цел утврдување политичка одговорност на владините и здравствени функционери поврзани со аферата. Крајно време е системот да профункционира и да потврди дека сме способни и во пракса, а не само декларативно и на зборови да се справиме со тешките облици на криминал и корупција. И кончено да ја прекинеме културата на неказнивост за сериозни прекршувања на законите. Овде мора да има одговорност. Се сложувам со многу дискутанти на оваа тема дека криминалот на Онкологија има име и презиме и мора одговорните, кои го сториле тоа да сносат морална, кривична и политичка одговорност - рече Ристески.

Информациите за злоупотреба на терапија на болните од рак, според него, се фрапантни и загрижувачки и побара одговорност од директорите, министрите, премиерот и целата Влада.

Наместо на тие болни да им се пружи целосна поддршка, здравствениот систем сериозно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај овие болни, туку е доведен во прашање квалитетот на лекување на секој иден пациент - истакна Ристески окарактеризирувајќи го случајот како масовно убиство.

И пратениците од СДСМ ја поддржаа одлуката за формирање анкетна Комисија за скандалот на онкологија, која според пратеникот Ненад Коциќ треба да утврди дали има и политичка одоговорност, а ги поддржа и пациентите кои бараат редовно да ја примаат соодветната терапија.

Доколку има злоупотреби да се евидентираат со име и презиме да бидат обелоденети во јавноста. Не го подржувам политичкото лешинарство, кое некои помали политички партии, кои пробаа да го девастираат целиот здравствен систем - рече Коциќ.

Според пратеникот на Левица, Борислав Крмов анкетните комисии досега се формирале за заташкување на случаи, но и покрај тоа рече дека ќе ја поддржат за да се изврши притисок да се стигне до правда и разврска во случајот.

Тој посочи дека најголем дел од лекарите и сестрите на Клиниката за онкологија имале закани по живот и најголем дел од нив користеле одмори, а пациенти чекале по ходниците на онкологија неможејќи да ја земат својата терапија.

Претходно, на почетокот од расправата пратеникот Фадил Зендели од движењето БЕСА рече дека како пратеник го поддржува формирањето анкетна комисија, но забележа дека не се предвидени пратеници од албанската опозицијата, за што претседателот на Собранието Талар Џафери му укажа дека требало да поднесат амандмани за да го променат тоа.

Во продолжението на 125. Собраниска седница пратениците дебатираа и по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за акцизите и за Развојната банка на Македонија, како и по предлог на закон за решавање банки, сите по скратена постапка, за кои поради немање доволно пратеници во салата ќе се гласа дополнително.

По редовната пауза, во 15 часот Собранието ќе продолжат со расправа по предлог-законот за изменување на Законот за хартии од вредност.

The post Собранието донесе одлука за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија appeared first on Република.

]]>

Со 82 гласа пратениците денеска донесоа одлука за основање анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Предлогот поднесен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беше поддржан од повеќето присутни пратеници. Пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ смета дека случајот за злоупотребата на терапија на Клиниката за онкологија треба да се расчисти, а анкетната комисија, според него, треба да утврди дали со тој скандал биле загрозени основните човекови права на пациентите кои се лекувале од моментот на ставање надвор од употреба на системот за контрола на терапија или популарно наречен КАТО системот за подготовка на цитостатиците.
Основање на анкетна комисија треба да направи анализа на сите документи на Универзитетската Клиника за радиотерпаија и онкологија со цел утврдување политичка одговорност на владините и здравствени функционери поврзани со аферата. Крајно време е системот да профункционира и да потврди дека сме способни и во пракса, а не само декларативно и на зборови да се справиме со тешките облици на криминал и корупција. И кончено да ја прекинеме културата на неказнивост за сериозни прекршувања на законите. Овде мора да има одговорност. Се сложувам со многу дискутанти на оваа тема дека криминалот на Онкологија има име и презиме и мора одговорните, кои го сториле тоа да сносат морална, кривична и политичка одговорност - рече Ристески.
Информациите за злоупотреба на терапија на болните од рак, според него, се фрапантни и загрижувачки и побара одговорност од директорите, министрите, премиерот и целата Влада.
Наместо на тие болни да им се пружи целосна поддршка, здравствениот систем сериозно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај овие болни, туку е доведен во прашање квалитетот на лекување на секој иден пациент - истакна Ристески окарактеризирувајќи го случајот како масовно убиство.
И пратениците од СДСМ ја поддржаа одлуката за формирање анкетна Комисија за скандалот на онкологија, која според пратеникот Ненад Коциќ треба да утврди дали има и политичка одоговорност, а ги поддржа и пациентите кои бараат редовно да ја примаат соодветната терапија.
Доколку има злоупотреби да се евидентираат со име и презиме да бидат обелоденети во јавноста. Не го подржувам политичкото лешинарство, кое некои помали политички партии, кои пробаа да го девастираат целиот здравствен систем - рече Коциќ.
Според пратеникот на Левица, Борислав Крмов анкетните комисии досега се формирале за заташкување на случаи, но и покрај тоа рече дека ќе ја поддржат за да се изврши притисок да се стигне до правда и разврска во случајот. Тој посочи дека најголем дел од лекарите и сестрите на Клиниката за онкологија имале закани по живот и најголем дел од нив користеле одмори, а пациенти чекале по ходниците на онкологија неможејќи да ја земат својата терапија. Претходно, на почетокот од расправата пратеникот Фадил Зендели од движењето БЕСА рече дека како пратеник го поддржува формирањето анкетна комисија, но забележа дека не се предвидени пратеници од албанската опозицијата, за што претседателот на Собранието Талар Џафери му укажа дека требало да поднесат амандмани за да го променат тоа. Во продолжението на 125. Собраниска седница пратениците дебатираа и по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за акцизите и за Развојната банка на Македонија, како и по предлог на закон за решавање банки, сите по скратена постапка, за кои поради немање доволно пратеници во салата ќе се гласа дополнително. По редовната пауза, во 15 часот Собранието ќе продолжат со расправа по предлог-законот за изменување на Законот за хартии од вредност.

The post Собранието донесе одлука за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија appeared first on Република.

]]>
Дали власта ќе дозволи да се формира собраниска анкетна комисија за случајот „Онкологија“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-ke-dozvoli-da-se-formira-sobraniska-anketna-komisija-za-sluchajot-onkologija3/ Fri, 15 Sep 2023 06:23:38 +0000 https://republika.mk/?p=682032

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе расправа за Предлог - одлука за основање на анкетна комисија за случајот Онкологија по информациите за злоупотреби со биолошката терапија за онколошките пациенти на ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија за што веќе има отворено истрага. Формирањето на анкетната комисија е со потписи на 20 пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која минатата недела достави барање со Предлог - одлука за основање на комисијата до претседателот на Собранието Талат Џафери.

Освен ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, формирањето на ваква анкетна комисија го поддржува и владејачката СДСМ и нивните коалициски партнери, додека пратениците на ДУИ сметаат дека обвинителството и надлежните институции треба да си ја завршат својата работа.

Предлог- одлуката содржи осум члена и со неа се предвидува основање анкетна комисија за, како што се посочува во документот, „анализа на сите документи во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија со цел утврдување на политичка одговорност на владините и здравствени функционери поврзани со аферата“.

Како што стои во предлогот на опозициските пратеници, анкетната комисија треба да ја утврди хронологијата на настаните и околностите во врска со надлежноста на оваа Комисија, ќе ја дефинира политичката одговорност и ќе утврди прекршувања на уставни и законски одредби од страна на Собранието, треба да утврди дали со овој скандал на ЈЗУ Универзитет биле загрозени основните човекови права на пациентите кои што се лекувале од моментот на ставањето надвор од употреба на КАТО системот за подготовка на цисостатиците. Потоа анкетната комисија ќе изготвува извештаи кои ќе се доставуваат до Владата на Република Македонија, Државната Комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Јавното обвинителство на Република Македонија.

Се предлага анкетната комисија да се состои од 13 членови и нивни заменици, од кои: шест членови да бидат предложени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, четири членови од пратеничката група СДСМ, два члена од пратеничката група ДУИ и еден член од Алијанса за Албанците. Претседателот и заменикот претседател да бидат избрани од редот на членовите на Анкетната комисија од страна на Собранието на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата од редот на пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Исто така, се предлага седниците на анкетната комисија да се одржуваат согласно со Деловникот на Собранието, одлуките да се донесуваат со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови, а седниците да бидат јавни, освен ако не се одлучи поинаку
согласно со Деловникот. Секој сведок или експерт поканет да даде изјава пред Анкетната комисија да има обврска да се појави пред Анкетната комисија и да има право да побара да му биде овозможена затворена седница на Комисијата.
Доколку се одлучи да се одржи затворена седница на Анкетната комисија по нејзино завршуваање, претседателот подготвува посебен извештај.

Се предлага секоја пратеничка група да има право да предложи листа од сведоци и/или експерти кои ќе бидат прифатени без гласање и истите ќе бидат поканети да дадат изјава пред комисијата. Штом сите личности ќе дадат изјава, пратеничките групи ќе можат да предложат нови листи со сведоци и/или експерти.

Врз основа на наодите, со Предлог-одлуката се предлага анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе извештај најдоцна еден месец по завршување со работа на Анкетната комисија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија откако во јавноста излегоа информации за злоупотреби со биолошката терапија за онколошките пациенти и нејзино продавање за што веќе има отворено истрага.

Во образложението на барањето, тие наведуваат дека Предлогот на Одлука за формирање на оваа Анкетна комисија ја поднесуваат поради скандалозната афера која што се случи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиологија и онкологија

The post Дали власта ќе дозволи да се формира собраниска анкетна комисија за случајот „Онкологија“? appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе расправа за Предлог - одлука за основање на анкетна комисија за случајот Онкологија по информациите за злоупотреби со биолошката терапија за онколошките пациенти на ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија за што веќе има отворено истрага. Формирањето на анкетната комисија е со потписи на 20 пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која минатата недела достави барање со Предлог - одлука за основање на комисијата до претседателот на Собранието Талат Џафери. Освен ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, формирањето на ваква анкетна комисија го поддржува и владејачката СДСМ и нивните коалициски партнери, додека пратениците на ДУИ сметаат дека обвинителството и надлежните институции треба да си ја завршат својата работа. Предлог- одлуката содржи осум члена и со неа се предвидува основање анкетна комисија за, како што се посочува во документот, „анализа на сите документи во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија со цел утврдување на политичка одговорност на владините и здравствени функционери поврзани со аферата“. Како што стои во предлогот на опозициските пратеници, анкетната комисија треба да ја утврди хронологијата на настаните и околностите во врска со надлежноста на оваа Комисија, ќе ја дефинира политичката одговорност и ќе утврди прекршувања на уставни и законски одредби од страна на Собранието, треба да утврди дали со овој скандал на ЈЗУ Универзитет биле загрозени основните човекови права на пациентите кои што се лекувале од моментот на ставањето надвор од употреба на КАТО системот за подготовка на цисостатиците. Потоа анкетната комисија ќе изготвува извештаи кои ќе се доставуваат до Владата на Република Македонија, Државната Комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Јавното обвинителство на Република Македонија. Се предлага анкетната комисија да се состои од 13 членови и нивни заменици, од кои: шест членови да бидат предложени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, четири членови од пратеничката група СДСМ, два члена од пратеничката група ДУИ и еден член од Алијанса за Албанците. Претседателот и заменикот претседател да бидат избрани од редот на членовите на Анкетната комисија од страна на Собранието на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата од редот на пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Исто така, се предлага седниците на анкетната комисија да се одржуваат согласно со Деловникот на Собранието, одлуките да се донесуваат со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови, а седниците да бидат јавни, освен ако не се одлучи поинаку согласно со Деловникот. Секој сведок или експерт поканет да даде изјава пред Анкетната комисија да има обврска да се појави пред Анкетната комисија и да има право да побара да му биде овозможена затворена седница на Комисијата. Доколку се одлучи да се одржи затворена седница на Анкетната комисија по нејзино завршуваање, претседателот подготвува посебен извештај. Се предлага секоја пратеничка група да има право да предложи листа од сведоци и/или експерти кои ќе бидат прифатени без гласање и истите ќе бидат поканети да дадат изјава пред комисијата. Штом сите личности ќе дадат изјава, пратеничките групи ќе можат да предложат нови листи со сведоци и/или експерти. Врз основа на наодите, со Предлог-одлуката се предлага анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе извештај најдоцна еден месец по завршување со работа на Анкетната комисија. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија откако во јавноста излегоа информации за злоупотреби со биолошката терапија за онколошките пациенти и нејзино продавање за што веќе има отворено истрага. Во образложението на барањето, тие наведуваат дека Предлогот на Одлука за формирање на оваа Анкетна комисија ја поднесуваат поради скандалозната афера која што се случи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиологија и онкологија

The post Дали власта ќе дозволи да се формира собраниска анкетна комисија за случајот „Онкологија“? appeared first on Република.

]]>
Анкетна комисија на Собранието ќе утврдува политичка одговорност за случувањата на Клиниката за онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anketna-komisija-na-sobranieto-ke-utvrduva-politichka-odgovornost-za-sluchuvanata-na-klinikata-za-onkologija/ Tue, 05 Sep 2023 16:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=679084

На денешната седница македонското Собрание го усвои предлогот за формирање анкетна комисија утврдување на одговорност за политичките и здравствените функционери за состојбата на Клиниката за онкологија.

Во анкетната комисија ќе учествуваат 14 пратеници, од кои шест ќе бидат од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ, два од ДУИ и еден од Алијанса за Албанците.

Анкетната комисија ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието за еден месец од завршувањето на својата работа.

Предлогот за формирање анкетна комисија е на ВМРО-ДПМНЕ, а доаѓа откако Обвинителството отвори предистражна постапка поведена врз основа на наводите во новинарски текстови за работата на Клиниката, третманот кон пациентите и кражбата на лекови.

Скандалот со Клиниката за онкологија ја отвори денешната седница, со процедуралното обраќање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, која рече дека единствена точка по која би требало да се расправа на денешната седница е токму овој морбиден случај.

Најпрво дозволете да изразам сочувство до сите семејства во Македонија чии членови изминатиов период се лекувале или починале од несоодветна терапија поради лукративни или морбидни вработени на Клиниката за онкологија, чест на исклучоците. Исто така, сакам да изразам и жалење што денес е прв работен ден на ова Собрание после овој исклучително голем и морбиден скандал, а ние, како што гледате и сведочите, го започнуваме со една нова седница на која нема ниту една точка по однос на овој скандал. Да имавме луѓе со морал, чест и доблест уште во саботата вечер ние овде ќе расправавме за оставка на Владата. Да имавме претседател со чест и доблест, уште во саботата ќе дојдеше овде да ни се обрати нам, на пратениците, конечно да имавме колеги од владејачко мнозинство со чест и со доблест денес сите заеднички ќе се сложевме да расправаме по една друга пленарна седница со единствена точка на дневен ред, а тоа е она што на сите нам ни се случува со болните од рак на Клиниката за онкологија. За жал, ништо од ова не се случува, проблемите само се напластуваат, се тргаат настрана и, како што можете да сведочите, ниту еден проблем не може да се реши ако вака се однесувате и го тргате настрана, рече Стојановска.

Пратеникот Миле Лефков рече декаЦелата јавност е згрозена од скандалозните случувања на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија.

Згрозена е од начинот на кој пациентите се борат да дојдат до својот лек, згрозена од начинот како се крадат цитостатици, згрозена е од неодговорноста на Владата и целата направена шема која години наназад функционирала во болницата, а безмилосно удира по грбот на пациентите, рече Лефков.

Како клучно што треба да се напомене пратеникот го посочи извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) од ревизијата извршена на Клиниката за онкологија во 2022 година. Конечниот извештај на ДЗР, посочи Лефков, е објавен во март 2023 година во кој, цитирајќи делови од него, рече оти пишува дека имало набавка на лекови на реверс без формирана цена, пречекорување на буџетот, неплатени долгови, пропусти при набавка на биолошка терапија, лошо планирање на системот на приклучување на пациенти. Ова, како што рече Лефков, се само дел од забелешките на ДЗР.

Клучни забелешки има за начинот на набавка на биолошка терапија, освен тоа се делела само со одлука на докторите без медицински протоколи и без стручен колегиум поради што пациентите биле во опасност да остана без терапијата со која се лекувале. Самото непостапување по ревизорскиот извештај носи директна одговорност за Владата. Еве ги ревизорските извештаи кои се резултат на извршена ревизија на Клиниката за онкологија“, рече Лефков од собраниската говорница.

The post Анкетна комисија на Собранието ќе утврдува политичка одговорност за случувањата на Клиниката за онкологија appeared first on Република.

]]>

На денешната седница македонското Собрание го усвои предлогот за формирање анкетна комисија утврдување на одговорност за политичките и здравствените функционери за состојбата на Клиниката за онкологија. Во анкетната комисија ќе учествуваат 14 пратеници, од кои шест ќе бидат од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ, два од ДУИ и еден од Алијанса за Албанците. Анкетната комисија ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието за еден месец од завршувањето на својата работа. Предлогот за формирање анкетна комисија е на ВМРО-ДПМНЕ, а доаѓа откако Обвинителството отвори предистражна постапка поведена врз основа на наводите во новинарски текстови за работата на Клиниката, третманот кон пациентите и кражбата на лекови. Скандалот со Клиниката за онкологија ја отвори денешната седница, со процедуралното обраќање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, која рече дека единствена точка по која би требало да се расправа на денешната седница е токму овој морбиден случај.
Најпрво дозволете да изразам сочувство до сите семејства во Македонија чии членови изминатиов период се лекувале или починале од несоодветна терапија поради лукративни или морбидни вработени на Клиниката за онкологија, чест на исклучоците. Исто така, сакам да изразам и жалење што денес е прв работен ден на ова Собрание после овој исклучително голем и морбиден скандал, а ние, како што гледате и сведочите, го започнуваме со една нова седница на која нема ниту една точка по однос на овој скандал. Да имавме луѓе со морал, чест и доблест уште во саботата вечер ние овде ќе расправавме за оставка на Владата. Да имавме претседател со чест и доблест, уште во саботата ќе дојдеше овде да ни се обрати нам, на пратениците, конечно да имавме колеги од владејачко мнозинство со чест и со доблест денес сите заеднички ќе се сложевме да расправаме по една друга пленарна седница со единствена точка на дневен ред, а тоа е она што на сите нам ни се случува со болните од рак на Клиниката за онкологија. За жал, ништо од ова не се случува, проблемите само се напластуваат, се тргаат настрана и, како што можете да сведочите, ниту еден проблем не може да се реши ако вака се однесувате и го тргате настрана, рече Стојановска.
Пратеникот Миле Лефков рече декаЦелата јавност е згрозена од скандалозните случувања на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија.
Згрозена е од начинот на кој пациентите се борат да дојдат до својот лек, згрозена од начинот како се крадат цитостатици, згрозена е од неодговорноста на Владата и целата направена шема која години наназад функционирала во болницата, а безмилосно удира по грбот на пациентите, рече Лефков.
Како клучно што треба да се напомене пратеникот го посочи извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) од ревизијата извршена на Клиниката за онкологија во 2022 година. Конечниот извештај на ДЗР, посочи Лефков, е објавен во март 2023 година во кој, цитирајќи делови од него, рече оти пишува дека имало набавка на лекови на реверс без формирана цена, пречекорување на буџетот, неплатени долгови, пропусти при набавка на биолошка терапија, лошо планирање на системот на приклучување на пациенти. Ова, како што рече Лефков, се само дел од забелешките на ДЗР.
Клучни забелешки има за начинот на набавка на биолошка терапија, освен тоа се делела само со одлука на докторите без медицински протоколи и без стручен колегиум поради што пациентите биле во опасност да остана без терапијата со која се лекувале. Самото непостапување по ревизорскиот извештај носи директна одговорност за Владата. Еве ги ревизорските извештаи кои се резултат на извршена ревизија на Клиниката за онкологија“, рече Лефков од собраниската говорница.
 
The post Анкетна комисија на Собранието ќе утврдува политичка одговорност за случувањата на Клиниката за онкологија appeared first on Република.

]]>
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа собраниска комисија за скандалот на Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenitsite-na-vmro-dpmne-pobaraa-sobraniska-komisija-za-skandalot-na-onkologija/ Tue, 05 Sep 2023 12:21:50 +0000 https://republika.mk/?p=679009

Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се основа анкетна комисија за утврдување на политичка одговорност за политичките и здравствените функционери по обелоденетиот скандал со работата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Предлогот беше поднесен од 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а утврдената комисија најдоцна по еден месец од завршувањето на својата работа ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието.

На сите вмешани им порачуваме дека одговорност ќе има за секого за само неколку месеци, подобро да соработуваат и да дозволат структурите во власта да ги изгорат и остават на цедило, порача вчера пратеникот Миле Лефков најавувајќи ја акцијата.

Партија бара граѓаните кои имаат било каква информација поврзана со овој криминал директно да се обратат до нив или да проговорат јавно во медиумите, бидејќи тоа ќе помогне да се разоткрие целата мафијашка спрега помеѓу власта и здравството.

Комисијата ќе утврдува дали биле загрозени основните човекови права на пациентите, а з атоа ќе ја информира и Владата, Државната комисија за спречување на корупција и Основното јавно обвинителство.

Во телото ќе членуваат шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, пет на СДСМ, два на ДУИ и еден на Алијанса за Албанците.

The post Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа собраниска комисија за скандалот на Онкологија appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се основа анкетна комисија за утврдување на политичка одговорност за политичките и здравствените функционери по обелоденетиот скандал со работата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Предлогот беше поднесен од 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а утврдената комисија најдоцна по еден месец од завршувањето на својата работа ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието.
На сите вмешани им порачуваме дека одговорност ќе има за секого за само неколку месеци, подобро да соработуваат и да дозволат структурите во власта да ги изгорат и остават на цедило, порача вчера пратеникот Миле Лефков најавувајќи ја акцијата.
Партија бара граѓаните кои имаат било каква информација поврзана со овој криминал директно да се обратат до нив или да проговорат јавно во медиумите, бидејќи тоа ќе помогне да се разоткрие целата мафијашка спрега помеѓу власта и здравството. Комисијата ќе утврдува дали биле загрозени основните човекови права на пациентите, а з атоа ќе ја информира и Владата, Државната комисија за спречување на корупција и Основното јавно обвинителство. Во телото ќе членуваат шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, пет на СДСМ, два на ДУИ и еден на Алијанса за Албанците.

The post Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа собраниска комисија за скандалот на Онкологија appeared first on Република.

]]>
Ќе нема седница за трагедиите во модуларната во Тетово и на автопатот „Струма“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-nema-sednica-za-tragediite-vo-modularnata-vo-tetovo-i-na-avtopatot-struma/ Tue, 05 Apr 2022 13:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=483663

Претседателот на Собранието ја откажа седницата на Постојаната анкетна комисија во Собранието. На дневен ред беа точките за тетовската модуларна болница, трагедијата во Бугарија и жалбата на вработен во Министерството за одбрана. Според првиот човек на комисијата, Халил Снопче, откажувањето на седницата е прекршок за кој ќе следи одговорност.

Сметам дека за прв пат во нашата парламентарна историја се случува претседателот на Собранието да откаже седница на работното тело свикано од претседателот на телото. Како може да се откаже седница која не само што е законска, туку и фактички не е одржана? Каде ја наоѓате правната основа за ова? Вие г-не Џафери, дали мислите дека сте Уставен суд и оти имате право да поништувате акти и дејства…, рече Халил Снопче, претседател на Анкетната комисија во Собранието.

Спикерот Џафери одговори дека претставката на граѓанинот Мухаедин Бела упатена до првиот човек на комисијата се коси со Деловникот и Уставот.

Во членот 185 од Деловникот на Собранието е пропишано дека Собранието, меѓу другото, може да разгледува и информации доставени од овластени предлагачи. Тоа значи дека истите треба да се достават до претседателот на Собранието, а претседателот да ги доставува до пратениците. Во тој случај може да се разгледаат на седница на надлежните работни тела, се наведува во одговорот кон претседателот на Постојаната анкетна комисија.

Средбата беше закажана за 25 март, а потоа беше побарано да се одложи и да се одржи на 5 април. Одговорот од првиот човек на Собранието за откажување на седницата бил добиен на 1 април.

The post Ќе нема седница за трагедиите во модуларната во Тетово и на автопатот „Струма“ appeared first on Република.