анкета на детектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anketa-na-detektor/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Apr 2024 15:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анкета на детектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anketa-na-detektor/ 32 32 Македонските граѓани се отруени од говорот на омраза, покажува анкетата за „Детектор“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-gragani-se-otrueni-od-govorot-na-omraza-pokazhuva-anketata-za-detektor/ Sun, 14 Apr 2024 15:17:40 +0000 https://republika.mk/?p=765967

Близу 90 од граѓаните детектираат говор на омраза во македонското општество кој главно се шири преку социјалните мрежи, а во најголема мерка е поттикнат од политиката, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него 89,1 отсто од граѓаните рекле дека во Македонија е присутен говорот на омраза додека само 6 отсто не детектирале ваква појава.

Третина од граѓаните сметаат дека говорот на омраза бил поттикнат од политички убедувања, 20,5 отсто сметаат дека го поттикнала етничката припадност. 10,5 отсто детектирале говор на омраза поради физичкиот изглед, 7,5 отсто поради религиски убедувања и 5,5 отсто поради возраста.

Близу две третини од граѓаните или 64,2 отсто сметаат дека денес има повеќе говор на омраза отколку пред 5 години. 12,6 проценти забележале помалку говор на омраза денеска отколку пред 5 години додека 18,7 проценти не регистрирале никаква промена.

Дури 80 отсто од граѓаните сметаат дека политички партии поттикнуваат говор на омраза, а над 81 отсто дека партиите предизвикуваат поделби во општеството. Анализата на етничката структура на граѓаните кои давале одговори покажува дека и Македонците и етничките Албанци во мнозинство веруваат дека партиите поттикнуваат говор на омраза и креираат поделби со таа разлика што Македонците во значително поголемо мнозинство го изразуваат овој став. Ако за овие прашања меѓу 80 и 90 проценти Македонци сметаат дека партиите поттикнуваат говор на омраза и креираат поделби, таков став делат меѓу 40 и 50 проценти етнички Албанци.

Очекувано, близу 80 отсто се на ставот дека говорот на омраза се засилува во време на предизборна кампања. И тука етничката структура на испитаниците дава слични резултати, односно и Македонците и Албанците забележуваат засилен говор на омраза во предизборните кампањи со таа разлика што ваков став делат близу 90 проценти Македонци и само 44,7 проценти етнички Албанци, иако бројот на противници и во двете етнички заедници останува прилично низок.

Граѓаните, најчесто забележуваат говор на омраза врз база на етничка припадност. Ваков став делат 53,4 отсто. Следат политичките убедувања со 26,6 отсто и говорот на омраза во врска со религијата со 8,9 проценти.

И кај ова прашање етничките групи имаат прилично слични позиции. И Македонците и етничките Албанци во мнозинство како прва сфера во која забележуваат говор на омраза е етничката припадност.

Мнозинство граѓани или 58,3 проценти сметаат дека говорот на омраза најчесто се шири преку социјалните мрежи. Следат телевизијата со 27,6 отсто, веб сајтовите со 3,6 отсто и радиото и весниците со помалку од 1 процент. Очекувано, помладите повеќе говор на омраза детектираат на социјалните мрежи за разлика од повозрасните, иако во сите возрасни категории, мнозинството повеќе говор на омраза забележува на социјалните мрежи.

Сепак дури три четвртини од испитаниците директно или преку социјалните мрежи не сведочеле на говор на омраза насочен кон нив или некој нивни близок додека 20 отсто имале такво искуство.

Граѓаните се прилично поделени околу прашањето дали актуелните законски регулативи се доволни за да се намали или да се спречи говор на омраза. 43 отсто сметаат дека се доволни, 45,2 отсто дека не се доволни Поделбата ја прават различните ставови на Македонците и етничките Албанци.

Ако мнозинството Македонци смета дека законските регулативи не се доволни , мнозинството етнички Албанци е убедено во спротивното.

Сепак, 70,6 отсто од анкетираните сметаат дека треба да се донесат построги закони за спречување на говорот на омраза додека 22 отсто се на ставот дека не треба, бидејќи тие би можеле да се злоупотребат.

Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања врз репрезентативен примерок од 1078 испитаници во периодот од 21 до 24 март.

The post Македонските граѓани се отруени од говорот на омраза, покажува анкетата за „Детектор“ appeared first on Република.

]]>

Близу 90 од граѓаните детектираат говор на омраза во македонското општество кој главно се шири преку социјалните мрежи, а во најголема мерка е поттикнат од политиката, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него 89,1 отсто од граѓаните рекле дека во Македонија е присутен говорот на омраза додека само 6 отсто не детектирале ваква појава. Третина од граѓаните сметаат дека говорот на омраза бил поттикнат од политички убедувања, 20,5 отсто сметаат дека го поттикнала етничката припадност. 10,5 отсто детектирале говор на омраза поради физичкиот изглед, 7,5 отсто поради религиски убедувања и 5,5 отсто поради возраста. Близу две третини од граѓаните или 64,2 отсто сметаат дека денес има повеќе говор на омраза отколку пред 5 години. 12,6 проценти забележале помалку говор на омраза денеска отколку пред 5 години додека 18,7 проценти не регистрирале никаква промена. Дури 80 отсто од граѓаните сметаат дека политички партии поттикнуваат говор на омраза, а над 81 отсто дека партиите предизвикуваат поделби во општеството. Анализата на етничката структура на граѓаните кои давале одговори покажува дека и Македонците и етничките Албанци во мнозинство веруваат дека партиите поттикнуваат говор на омраза и креираат поделби со таа разлика што Македонците во значително поголемо мнозинство го изразуваат овој став. Ако за овие прашања меѓу 80 и 90 проценти Македонци сметаат дека партиите поттикнуваат говор на омраза и креираат поделби, таков став делат меѓу 40 и 50 проценти етнички Албанци. Очекувано, близу 80 отсто се на ставот дека говорот на омраза се засилува во време на предизборна кампања. И тука етничката структура на испитаниците дава слични резултати, односно и Македонците и Албанците забележуваат засилен говор на омраза во предизборните кампањи со таа разлика што ваков став делат близу 90 проценти Македонци и само 44,7 проценти етнички Албанци, иако бројот на противници и во двете етнички заедници останува прилично низок. Граѓаните, најчесто забележуваат говор на омраза врз база на етничка припадност. Ваков став делат 53,4 отсто. Следат политичките убедувања со 26,6 отсто и говорот на омраза во врска со религијата со 8,9 проценти. И кај ова прашање етничките групи имаат прилично слични позиции. И Македонците и етничките Албанци во мнозинство како прва сфера во која забележуваат говор на омраза е етничката припадност. Мнозинство граѓани или 58,3 проценти сметаат дека говорот на омраза најчесто се шири преку социјалните мрежи. Следат телевизијата со 27,6 отсто, веб сајтовите со 3,6 отсто и радиото и весниците со помалку од 1 процент. Очекувано, помладите повеќе говор на омраза детектираат на социјалните мрежи за разлика од повозрасните, иако во сите возрасни категории, мнозинството повеќе говор на омраза забележува на социјалните мрежи. Сепак дури три четвртини од испитаниците директно или преку социјалните мрежи не сведочеле на говор на омраза насочен кон нив или некој нивни близок додека 20 отсто имале такво искуство. Граѓаните се прилично поделени околу прашањето дали актуелните законски регулативи се доволни за да се намали или да се спречи говор на омраза. 43 отсто сметаат дека се доволни, 45,2 отсто дека не се доволни Поделбата ја прават различните ставови на Македонците и етничките Албанци. Ако мнозинството Македонци смета дека законските регулативи не се доволни , мнозинството етнички Албанци е убедено во спротивното. Сепак, 70,6 отсто од анкетираните сметаат дека треба да се донесат построги закони за спречување на говорот на омраза додека 22 отсто се на ставот дека не треба, бидејќи тие би можеле да се злоупотребат. Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања врз репрезентативен примерок од 1078 испитаници во периодот од 21 до 24 март.

The post Македонските граѓани се отруени од говорот на омраза, покажува анкетата за „Детектор“ appeared first on Република.

]]>
Значително е намален оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе ѝ помогне на државата за интеграциите во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znachitelno-e-namalen-optimizmot-kaj-graganite-od-pred-chetiri-godini-deka-nato-ke-pomogne-na-drzhavata-za-integratsiite-vo-eu-pokazha-anketata-na-detektor/ Sun, 18 Jun 2023 14:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=652811

Последното истражување на јавното мислење кое го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за Детектор, покажува дека мнозинството граѓани сметаат дека членството во НАТО е добра одлука но таа нема да ни го забрза евроинтегративниот процес, известуваат од Детектор.

Според истражувањето, 57,5% од анкетираните сметаат дека членството во НАТО е добра одлука додека 27,9% се убедени дека е лоша. Според етничката структура на испитаниците, Македонците се прилично поделени иако мнозинството или 48,9% сметаат дека членството во НАТО е добра одлука, иако дури 33,6% се убедени во спротивното. Кај етничките Албанци речиси и да нема дилема - 85,1% сметаат дека е членството во НАТО е добра одлука, додека само 11,1% дека е лоша.

Според возрасната структура, анкетата покажува дека помладите граѓани се поубедени дека одлуката за членство во НАТО е добра одлука иако процентите не варираат во некој значителен износ. Нешто над половина од анкетираните или 51,5% сметаат дека со влезот во НАТО се зголемила безбедноста на државата додека 36,1% сметаат дека тоа не е така, стои во соопштението.

Од Детектор велат дека споредбата со анкетата која ИПИС за нив ја спроведе во 2019 година, не покажува некоја значителна разлика кај оние кои сметаат дека со членството во НАТО се зголемила безбедноста во државата, додека има значителен раст кој оние кои се убедени во спротивното.

И за ова прашање анализата на етничката структура на оние кои ги давале одговорите покажува дека Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивставени ставови, тврдат од Детектор.

Оттаму, исто така, велат дека споредбата со анкетата на ИПИС од пред 4 години покажува дека значително се намалил оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе и помогне на државата за интеграциите во ЕУ.

Во однос на евентуалните придобивки кои земјава ги има од претседавањето со ОБСЕ, според анкетата, 36,1% гледаат одредени придобивки, 35,3% не. Од оние кои што гледаат придобивки, најголем дел сметаат дека тоа е поголема промоција и зголемување на кредибилитетот на државата.

Исто така се наведува дека анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.

 

The post Значително е намален оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе ѝ помогне на државата за интеграциите во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Последното истражување на јавното мислење кое го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за Детектор, покажува дека мнозинството граѓани сметаат дека членството во НАТО е добра одлука но таа нема да ни го забрза евроинтегративниот процес, известуваат од Детектор. Според истражувањето, 57,5% од анкетираните сметаат дека членството во НАТО е добра одлука додека 27,9% се убедени дека е лоша. Според етничката структура на испитаниците, Македонците се прилично поделени иако мнозинството или 48,9% сметаат дека членството во НАТО е добра одлука, иако дури 33,6% се убедени во спротивното. Кај етничките Албанци речиси и да нема дилема - 85,1% сметаат дека е членството во НАТО е добра одлука, додека само 11,1% дека е лоша.
Според возрасната структура, анкетата покажува дека помладите граѓани се поубедени дека одлуката за членство во НАТО е добра одлука иако процентите не варираат во некој значителен износ. Нешто над половина од анкетираните или 51,5% сметаат дека со влезот во НАТО се зголемила безбедноста на државата додека 36,1% сметаат дека тоа не е така, стои во соопштението.
Од Детектор велат дека споредбата со анкетата која ИПИС за нив ја спроведе во 2019 година, не покажува некоја значителна разлика кај оние кои сметаат дека со членството во НАТО се зголемила безбедноста во државата, додека има значителен раст кој оние кои се убедени во спротивното.
И за ова прашање анализата на етничката структура на оние кои ги давале одговорите покажува дека Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивставени ставови, тврдат од Детектор.
Оттаму, исто така, велат дека споредбата со анкетата на ИПИС од пред 4 години покажува дека значително се намалил оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе и помогне на државата за интеграциите во ЕУ. Во однос на евентуалните придобивки кои земјава ги има од претседавањето со ОБСЕ, според анкетата, 36,1% гледаат одредени придобивки, 35,3% не. Од оние кои што гледаат придобивки, најголем дел сметаат дека тоа е поголема промоција и зголемување на кредибилитетот на државата. Исто така се наведува дека анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.  

The post Значително е намален оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе ѝ помогне на државата за интеграциите во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Македонците и Албанците се согласуваат во едно – Бугарија ни е најголем непријател https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-i-albantsite-se-soglasuvaat-vo-edno-bugarija-ni-e-najgolem-neprijatel/ Sun, 11 Jun 2023 15:16:59 +0000 https://republika.mk/?p=650170

Македонија има најдобри односи со Србија а најлоши со Бугарија, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 56,5% од граѓаните сметаат дека најдобри односи имаме со Србија. На второ место е Албанија со 11,3% а на трето Турција со 3,3%: Тука некаде е и Косово по што следи Хрватска со 2,6%, Словенија со 1,2%, Грција со 1,1% и Бугарија со 0,9%.

Македонците во огромно мнозинство најдобри односи сметаат дека имаме со Србија. Нивниот процент надминува 72%. Кај етничките Албанци, Албанија е земјата со која сметаат дека имаме најдобри односи. Ваков став делат 39,8%.

Оттука, очекувано најмал број на граѓани сметаат дека имаме најдобри односи со Србија во полошкиот регион, а најголем во североисточниот.
Во регионот, според граѓаните најлоши односи имаме со Бугарија. Ваков став делат 64,6% од анкетираните. Следи Грција со 9,2%, Албанија со 3,4%, Србија со 2% и Косово со 1,2%.

Интересно е што ова е едно од ретките прашања за кои Македонците и етничките Албанци имаат исти ставови. И двете групи се на ставот дека Бугарија е земјата со која имаме најлоши односи во регионот. Разликата е што кај Македонците вакво мислење делат 71,6% од анкетираните а кај Албанците 42,5%.
Близу две третини од граѓаните позитивно гледаат на инцијативата „Отворен Балкан“ во која покрај Македонија дел се и Србија и Албанија. Ваков став имаат 63,3% од анкетираните додека 15,9% на тоа гледаат негативно.

Во споредба со анкетата која Институтот за политички истражувања за Детектор ја спроведе во 2020 година покажува дека расте довербата во „Отворен Балкан“ Ако во 2020 позитивно на оваа инцијатива позитивно гледаа 42,4% од граѓаните денеска нивната бројка е скокната на 63,3%. Очекувано, на повеќе од половина се намалил бројот на граѓани кои негативно гледаат на оваа иницијатива. Од 39,9% за три години бројката се спуштила на 15,9% граѓани кои негативно гледаат на иницијативата „Отворен Балкан“.

И тука Македонците и етничките Албанци имаат идентичен став. 62% Македонци и 67% етнички Албанци позитивно гледаат на „Отворен Балкан“.

Интересно е што најпозитивно на оваа иницијатива гледаат најмладите. Кај анкетираните под 30 години позитивно на „Отворен Балкан“ гледаат 70,9%, додека кај повозрасните од 60% овој процент паѓа на 57,3%.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

The post Македонците и Албанците се согласуваат во едно – Бугарија ни е најголем непријател appeared first on Република.

]]>

Македонија има најдобри односи со Србија а најлоши со Бугарија, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 56,5% од граѓаните сметаат дека најдобри односи имаме со Србија. На второ место е Албанија со 11,3% а на трето Турција со 3,3%: Тука некаде е и Косово по што следи Хрватска со 2,6%, Словенија со 1,2%, Грција со 1,1% и Бугарија со 0,9%. Македонците во огромно мнозинство најдобри односи сметаат дека имаме со Србија. Нивниот процент надминува 72%. Кај етничките Албанци, Албанија е земјата со која сметаат дека имаме најдобри односи. Ваков став делат 39,8%. Оттука, очекувано најмал број на граѓани сметаат дека имаме најдобри односи со Србија во полошкиот регион, а најголем во североисточниот. Во регионот, според граѓаните најлоши односи имаме со Бугарија. Ваков став делат 64,6% од анкетираните. Следи Грција со 9,2%, Албанија со 3,4%, Србија со 2% и Косово со 1,2%. Интересно е што ова е едно од ретките прашања за кои Македонците и етничките Албанци имаат исти ставови. И двете групи се на ставот дека Бугарија е земјата со која имаме најлоши односи во регионот. Разликата е што кај Македонците вакво мислење делат 71,6% од анкетираните а кај Албанците 42,5%. Близу две третини од граѓаните позитивно гледаат на инцијативата „Отворен Балкан“ во која покрај Македонија дел се и Србија и Албанија. Ваков став имаат 63,3% од анкетираните додека 15,9% на тоа гледаат негативно. Во споредба со анкетата која Институтот за политички истражувања за Детектор ја спроведе во 2020 година покажува дека расте довербата во „Отворен Балкан“ Ако во 2020 позитивно на оваа инцијатива позитивно гледаа 42,4% од граѓаните денеска нивната бројка е скокната на 63,3%. Очекувано, на повеќе од половина се намалил бројот на граѓани кои негативно гледаат на оваа иницијатива. Од 39,9% за три години бројката се спуштила на 15,9% граѓани кои негативно гледаат на иницијативата „Отворен Балкан“. И тука Македонците и етничките Албанци имаат идентичен став. 62% Македонци и 67% етнички Албанци позитивно гледаат на „Отворен Балкан“. Интересно е што најпозитивно на оваа иницијатива гледаат најмладите. Кај анкетираните под 30 години позитивно на „Отворен Балкан“ гледаат 70,9%, додека кај повозрасните од 60% овој процент паѓа на 57,3%. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

The post Македонците и Албанците се согласуваат во едно – Бугарија ни е најголем непријател appeared first on Република.

]]>
Само еден од тројца Македонци заработува доволно за да го преживее месецот, покажа анкетата на Детектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-eden-od-trojtsa-makedontsi-zarabotuva-dovolno-za-da-go-prezhivee-mesetsot-pokazha-anketata-na-detektor/ Sun, 30 Apr 2023 14:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=635551

Близу две третини од граѓаните не заработуваат доволно пари за да си ги покријат месечните трошоци, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него 60,8% од анкетираните изјавиле дека месечните приходи не им ги покриват потребите кои ги имаат тој месец, додека 34,6% рекле дека заработуваат доволно за да си ги покријат трошоците.

Споредбата со анкетата која на истата тема ја спроведовме во 2020 година не покажува некоја значително разлика.  Процентот на граѓани кои не можат да си ги покријат трошоците се зголемил за 1,5 поен заедно со раст и на процентот на граѓани кои заработуваат доволно за да го покријат месецот од исто така 1,5 поени.

Според половата структура, жените имаат поголем проблем да заработат доволно за да си ги покријат месечните трошоци. Додека 65,3% жени не заработуваат доволно за да ги покријат месечните трошоци, ваков проблем имаат 56,3% мажи. 39,5% мажи рекле дека месечните приходи им ги покриваат трошоците наспроти 29,9% жени.

Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници.

The post Само еден од тројца Македонци заработува доволно за да го преживее месецот, покажа анкетата на Детектор appeared first on Република.

]]>

Близу две третини од граѓаните не заработуваат доволно пари за да си ги покријат месечните трошоци, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него 60,8% од анкетираните изјавиле дека месечните приходи не им ги покриват потребите кои ги имаат тој месец, додека 34,6% рекле дека заработуваат доволно за да си ги покријат трошоците. Споредбата со анкетата која на истата тема ја спроведовме во 2020 година не покажува некоја значително разлика.  Процентот на граѓани кои не можат да си ги покријат трошоците се зголемил за 1,5 поен заедно со раст и на процентот на граѓани кои заработуваат доволно за да го покријат месецот од исто така 1,5 поени. Според половата структура, жените имаат поголем проблем да заработат доволно за да си ги покријат месечните трошоци. Додека 65,3% жени не заработуваат доволно за да ги покријат месечните трошоци, ваков проблем имаат 56,3% мажи. 39,5% мажи рекле дека месечните приходи им ги покриваат трошоците наспроти 29,9% жени. Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници.

The post Само еден од тројца Македонци заработува доволно за да го преживее месецот, покажа анкетата на Детектор appeared first on Република.

]]>
Детектор: За две третини од граѓаните родот не е променлива категорија, близу 60 отсто не би поддржале такво законско решение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detektor-za-dve-tretini-od-graganite-rodot-ne-e-promenliva-kategorija-blizu-60-otsto-ne-bi-poddrzhale-takvo-zakonsko-reshenie/ Sun, 09 Apr 2023 14:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=629057

Близу две третини од граѓаните сметаат дека родот не е променлива категорија и дека тоа не зависи од личното чувство на човекот, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 64,7% од граѓаните сметаат дека родот не е променлива категорија во која има повеќе родови во зависност од личното чувство на поединецот, односно дека постојат само мажи и жени. 17,3% од анкетираните велат дека родот сепак е променлива категорија во која секој може да се чувствува како што сака.

Точно 57,3% од анкетираните велат дека не би поддржале закон кој ќе гарантира еднакви можности на секој поединец без разлика на полот и родовиот идентитет вклучувајќи ги и трансродните и не бинарни лица. 18,6% пак немаат проблем да поддржат вакво законско решение.

Наспроти овие ставови, граѓаните немаат проблем со поддршка на законски решенија кои нудат еднакви можности и на мажите и на жените. Три четвртини од нив или 75,8% велат дека би поддржале законско решение кое ќе гарантира еднакви можности на секој поединец без разлика на полот, додека 11,5% не би дале поддршка.

Нема големи разлики меѓу ставовите на Македонците и етничките Албанци по ова прашање. 73% Македонци даваат поддршка, а 12% се против. Кај етничките Албанци поддршка даваат 84,5% а против се 9,8%.

Мнозинството граѓани се на ставот дека воведувањето на можноста родот да може да се менува според личното чувство на поединецот ги уназадува правата на биолошките жени. Вака размислуваат 42% од анкетираните додека 21,6% сметаат дека нивните права ќе останат исти.
Само 3,3% од граѓаните сметаат дека со воведувањето на можноста секој родовата определба да ја дефинира според личното чувство ќе ги унапреди правата на биолошките жени.
Над три четвртини од граѓаните или точно 75,7% се против можноста трансородвите биолошки мажи кои се идентификуваат како жени да учествуваат во женски спортски натпревари додека 7,3% се за.

Граѓаните се поделени околу потребата од сексуално образование во училиштата иако
мнозинството даваат поддршка за оваа идеја. 49,9% се на ставот дека треба да има сексуално образование додека 37,3% сметаат дека не треба. Поделеноста доаѓа од дијаметрално спротивставените ставови на Македонците и етничките Албанци. Додека 55% од Македонците сметаат дека треба да има сексуално образование во училиштата, 52,8% етнички Албанци сметаат дека не треба да се воведува сексуално образование за учениците. 33,7% Македонци се против сексуално образование, а кај етничките Албанци поддршка за сексуално образование во училиштата даваат 29%.

Но, кога во сексуалното образование би се вклучиле и теми за ЛГБТИ+ лица како и трансродни и не бинарни родови идентитети тогаш огромно мнозинство граѓани се против. Во таква ситуација 69,4% од граѓаните се против ваков вид на сексуално образование додека само 16,4% даваат поддршка

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

 

The post Детектор: За две третини од граѓаните родот не е променлива категорија, близу 60 отсто не би поддржале такво законско решение appeared first on Република.

]]>

Близу две третини од граѓаните сметаат дека родот не е променлива категорија и дека тоа не зависи од личното чувство на човекот, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 64,7% од граѓаните сметаат дека родот не е променлива категорија во која има повеќе родови во зависност од личното чувство на поединецот, односно дека постојат само мажи и жени. 17,3% од анкетираните велат дека родот сепак е променлива категорија во која секој може да се чувствува како што сака. Точно 57,3% од анкетираните велат дека не би поддржале закон кој ќе гарантира еднакви можности на секој поединец без разлика на полот и родовиот идентитет вклучувајќи ги и трансродните и не бинарни лица. 18,6% пак немаат проблем да поддржат вакво законско решение. Наспроти овие ставови, граѓаните немаат проблем со поддршка на законски решенија кои нудат еднакви можности и на мажите и на жените. Три четвртини од нив или 75,8% велат дека би поддржале законско решение кое ќе гарантира еднакви можности на секој поединец без разлика на полот, додека 11,5% не би дале поддршка. Нема големи разлики меѓу ставовите на Македонците и етничките Албанци по ова прашање. 73% Македонци даваат поддршка, а 12% се против. Кај етничките Албанци поддршка даваат 84,5% а против се 9,8%. Мнозинството граѓани се на ставот дека воведувањето на можноста родот да може да се менува според личното чувство на поединецот ги уназадува правата на биолошките жени. Вака размислуваат 42% од анкетираните додека 21,6% сметаат дека нивните права ќе останат исти. Само 3,3% од граѓаните сметаат дека со воведувањето на можноста секој родовата определба да ја дефинира според личното чувство ќе ги унапреди правата на биолошките жени. Над три четвртини од граѓаните или точно 75,7% се против можноста трансородвите биолошки мажи кои се идентификуваат како жени да учествуваат во женски спортски натпревари додека 7,3% се за. Граѓаните се поделени околу потребата од сексуално образование во училиштата иако мнозинството даваат поддршка за оваа идеја. 49,9% се на ставот дека треба да има сексуално образование додека 37,3% сметаат дека не треба. Поделеноста доаѓа од дијаметрално спротивставените ставови на Македонците и етничките Албанци. Додека 55% од Македонците сметаат дека треба да има сексуално образование во училиштата, 52,8% етнички Албанци сметаат дека не треба да се воведува сексуално образование за учениците. 33,7% Македонци се против сексуално образование, а кај етничките Албанци поддршка за сексуално образование во училиштата даваат 29%. Но, кога во сексуалното образование би се вклучиле и теми за ЛГБТИ+ лица како и трансродни и не бинарни родови идентитети тогаш огромно мнозинство граѓани се против. Во таква ситуација 69,4% од граѓаните се против ваков вид на сексуално образование додека само 16,4% даваат поддршка Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.  

The post Детектор: За две третини од граѓаните родот не е променлива категорија, близу 60 отсто не би поддржале такво законско решение appeared first on Република.

]]>