анкета мкд.мк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anketa-mkd-mk/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Apr 2024 09:07:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анкета мкд.мк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anketa-mkd-mk/ 32 32 Анкетата на МКД.мк и Маркет вижн во милиметар го предвиде резултатот од претседателските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anketata-na-mkd-mk-i-market-vizhn-vo-milimetar-go-predvide-rezultatot-od-pretsedatelskite-izbori/ Fri, 26 Apr 2024 09:07:24 +0000 https://republika.mk/?p=771279

На 1 април МКД.мк го објави истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Маркет вижн“ за првиот круг од претседателските избори. И ова истражување, како и истражувањата кои МКД.мк и Маркет вижн веќе неколку години по ред ги спроведуваат, покажа дека е најблиску до резултатот.

Политичари од власта, портпароли, како и тогашниот премиер Димитар Ковачевски, коментираа дека се работи за анкета правена во партиски штаб. Најдобриот демант за ова е споредбата на резултатите од анкетата сo резултатите од првиот круг од претседателските избори, велат од МКД.мк.

Анкетата на „Маркет вижн“ и на МКД.мк покажа дека соодносот меѓу Гордана Силјаносвка Давкова и Стево Пендаровски ќе биде 2:1. Тоа и се случи – Силјаносвка Давкова освои двојно повеќе гласови од Пендаровски. На трето место и според анкетата и според резултатите од првиот круг е Бујар Османи, па следуваат Максим Димитриевски и Арбен Таравари, а по нив Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Такви беа резултатите од анкетата, а такви се и резултатите на Државната изборна комисија по првиот круг од претседателските избори.

 

За декемвриската анкета на МКД.мк и „Маркет вижн“ премиерот Димитар Ковачевски изјави дека била пишувана во партиски штаб. По оваа негова изјава МКД.мк и „Маркет вижн“ соопштија дека бараат премиерот да ја повлече изјавата и да се извини. Тоа се разбира не беше сторено.

 

The post Анкетата на МКД.мк и Маркет вижн во милиметар го предвиде резултатот од претседателските избори appeared first on Република.

]]>

На 1 април МКД.мк го објави истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Маркет вижн“ за првиот круг од претседателските избори. И ова истражување, како и истражувањата кои МКД.мк и Маркет вижн веќе неколку години по ред ги спроведуваат, покажа дека е најблиску до резултатот.
Политичари од власта, портпароли, како и тогашниот премиер Димитар Ковачевски, коментираа дека се работи за анкета правена во партиски штаб. Најдобриот демант за ова е споредбата на резултатите од анкетата сo резултатите од првиот круг од претседателските избори, велат од МКД.мк.
Анкетата на „Маркет вижн“ и на МКД.мк покажа дека соодносот меѓу Гордана Силјаносвка Давкова и Стево Пендаровски ќе биде 2:1. Тоа и се случи – Силјаносвка Давкова освои двојно повеќе гласови од Пендаровски. На трето место и според анкетата и според резултатите од првиот круг е Бујар Османи, па следуваат Максим Димитриевски и Арбен Таравари, а по нив Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Такви беа резултатите од анкетата, а такви се и резултатите на Државната изборна комисија по првиот круг од претседателските избори.   За декемвриската анкета на МКД.мк и „Маркет вижн“ премиерот Димитар Ковачевски изјави дека била пишувана во партиски штаб. По оваа негова изјава МКД.мк и „Маркет вижн“ соопштија дека бараат премиерот да ја повлече изјавата и да се извини. Тоа се разбира не беше сторено.  

The post Анкетата на МКД.мк и Маркет вижн во милиметар го предвиде резултатот од претседателските избори appeared first on Република.

]]>
Силјановска-Давкова убедливо води пред Пендаровски, Османи тесно пред Таравари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/davkova-ubedlivo-vodi-pred-pendarovski-osmani-tesno-pred-taravari/ Mon, 01 Apr 2024 07:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=760761

Гордана Силјановска-Давкова, кандидатката за претседателка на државата на ВМРО-ДПМНЕ е во убедлива предност пред кандидатот на СДСМ и актуелен претседател на државата Стево Пендаровски.

Граѓаните очигледно не се задоволни од работата на досегашниот претседател и на скала од 1 до 10 му дадоа оценка 4,02. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

За тоа колку е важна функцијата претседател на државата во Македониија, 59,4 од анкетираните граѓани одговориле дека е многу важна, а за 8,5 отсо од нив таа функција е неважна.

Оценката за работата на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски на скала од 1 до 10 е 4,02. Оваа оценка за работата на Владата е 3,03. Назадоволството од работата на Пендаровски се гледа и во одговорот на прашањето дали тој заслужува втор мандат – 63,3 отсто од граѓаните велат „не“, а со „да“ одговориле 22,3%.

Очигледен е интересот на граѓаните за гласање на претседателските избори закажани за 24 април. За разлика од парламентарните, каде подготвност за излез на избори искажале 66,6 отсто од граѓаните, на изборите за шеф на државата би излегле дури 72,1 отсто од граѓаните.

Предноста на Силјановска-Давкова пред Пендаровски е речиси 2:1. Интересен е дуелот меѓу кандидатите во албанскиот блок, Бујар Османи и Арбен Таравари. За Османи како кандидат на коалицијата на ДУИ би гласале 7,9 отсто од граѓаните, а за Таравари како кандидат на албанската опозиција би гласале 5,8%.

Претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски е високо позициониран со 6,9 отсто од анкетираните граѓани, што значи трето место меѓу кандидатите Македонци. Во слободниот одговор на анкетата за тоа во кој политичар верувате, Димитриевски е дури и пред Пендаровски.

Анкетата покажува голема убеденост на граѓаните дека на претседателските избори ќе победи Гордамна Силјановска-Давкова.

И на прашањето ако во втор круг се пласираат Силјановска-Давкова и Пендаровски, граѓаните предност даваат на победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетирањето беше спроведено од 15 до 24 март 2024 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

The post Силјановска-Давкова убедливо води пред Пендаровски, Османи тесно пред Таравари appeared first on Република.

]]>

Гордана Силјановска-Давкова, кандидатката за претседателка на државата на ВМРО-ДПМНЕ е во убедлива предност пред кандидатот на СДСМ и актуелен претседател на државата Стево Пендаровски. Граѓаните очигледно не се задоволни од работата на досегашниот претседател и на скала од 1 до 10 му дадоа оценка 4,02. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк. За тоа колку е важна функцијата претседател на државата во Македониија, 59,4 од анкетираните граѓани одговориле дека е многу важна, а за 8,5 отсо од нив таа функција е неважна. Оценката за работата на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски на скала од 1 до 10 е 4,02. Оваа оценка за работата на Владата е 3,03. Назадоволството од работата на Пендаровски се гледа и во одговорот на прашањето дали тој заслужува втор мандат – 63,3 отсто од граѓаните велат „не“, а со „да“ одговориле 22,3%. Очигледен е интересот на граѓаните за гласање на претседателските избори закажани за 24 април. За разлика од парламентарните, каде подготвност за излез на избори искажале 66,6 отсто од граѓаните, на изборите за шеф на државата би излегле дури 72,1 отсто од граѓаните. Предноста на Силјановска-Давкова пред Пендаровски е речиси 2:1. Интересен е дуелот меѓу кандидатите во албанскиот блок, Бујар Османи и Арбен Таравари. За Османи како кандидат на коалицијата на ДУИ би гласале 7,9 отсто од граѓаните, а за Таравари како кандидат на албанската опозиција би гласале 5,8%. Претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски е високо позициониран со 6,9 отсто од анкетираните граѓани, што значи трето место меѓу кандидатите Македонци. Во слободниот одговор на анкетата за тоа во кој политичар верувате, Димитриевски е дури и пред Пендаровски. Анкетата покажува голема убеденост на граѓаните дека на претседателските избори ќе победи Гордамна Силјановска-Давкова. И на прашањето ако во втор круг се пласираат Силјановска-Давкова и Пендаровски, граѓаните предност даваат на победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. Анкетирањето беше спроведено од 15 до 24 март 2024 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

The post Силјановска-Давкова убедливо води пред Пендаровски, Османи тесно пред Таравари appeared first on Република.

]]>