анкета ИПСОС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anketa-ipsos/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 14:16:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анкета ИПСОС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anketa-ipsos/ 32 32 Анкета: Mицкоски 27, 8 отсто, Ахмети 8,6, Филипче 5.5 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anketa-mitskoski-27-8-otsto-ahmeti-8-6-filipche-5-5/ Fri, 01 Nov 2024 13:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=833118

Премиерот Христијан Мицкоски има најголема поддршка кај граѓаните од 27,8 отсто, покажала најновата анкета на ИПСОС изработена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ. Истражувањето е работено во октовмри теренски на 1005 испитаници.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од тројна поддршка пред Али Ахмети од ДУИ со 8,6%, додека лидерот на СДСМ Венко Филипче ужива во 5,5 отсто доверба. Неговиот претходник, поранешниот премиер Димитар Ковачевски доби 0% доверба, поточно никој од испитаниците не кажал дека има доверба во него.

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски со 4,3 отсто доверба од граѓаните е пред лидерот на Левица, Димитар Апасиев во кој доверба изразиле 4 отсто од испитаниците.

Следи министерот за здравство Арбен Таравари со 2,7%, кој после Ахмети води меѓу албанските политичари. Африм Гаши има 2.1%, Изет Меџити 1.9%,  а Билал Касами 1.4 отсто.

Граѓаните доверба изразиле и за поранешните политичари. Па, за Бранко Црвенковски гласале 1.5 отсто од испитаниците, а по 1.1% добија Никола Груевски и Стево Пендаровски.

Висок е процентот и за оние кои рекле дека немаат доверба во ниеден политичар - 26,5 отсто. Одговориле со „не знам“ или немале одговор 7.8 отсто, а друг политичар навеле 2.6. отсто од испитаниците.

Анкетата на ВМРО-ДПМНЕ го проверувала мислењето кај граѓаните и за други важни прашања:

Па така, за предлогот на премиерот Мицкоски за уставни измени со одложено дејство 52 отсто од граѓаните велат ДА а 39 имаат негативен став. По етнички состав, 49 посто од Македонците се против а 42 го поддржуваат. Кај Албанците 19 се против, а 75 се За.

На прашањето дали треба да се направат уставните измени и да се почнат преговорите доколку Европскиот парламент даде гаранции за македонскиот јазик и идентитет и Бугарија испорача неколку пресуди од Судот во Стразбур, 57 проценти од граѓаните викаат Да а 37 посто Не.

На прашањето дали граѓаните го поддржуваат францускиот предлог, поддршка даваат 28 проценти а не го поддржуваат 53 посто.

66 проценти од Македонците не го поддржуваат, а 18 го поддржуваат, а кај Албанците 29 посто не го поддржуваат, а 49 посто даваат поддршка.

Во однос на партиите ВМРО-ДПМЕ има поддршка кај 26 посто од граѓаните, ДУИ, СДСМ и Вреди 7, Левица 5 и ЗНАМ 4.

Доколку се одржат парламентарни избори за која партија би гласале?

ВМРО-ДПМНЕ 26
ДУИ 7
СДСМ 7
Левица 5
Вреди 7
ЗНАМ 2
Алијанса на Села 1
Друго 1
Неодлучни 7
Одбива да одговори 14
Не гласа 23

На телефонската анкета спроведена од 9 до 13 октомври, пак, врз 1200 испитаници, на прашањето „Во каква насока се движи државата?“, половина од одговорите биле дека се движи во позитивна или во донекаде позитивна насока (Позитивна 25 отсто, односно Донекаде позитивна 24.9 отсто). Донекаде негативна одговориле 12.5 отсто од испитаниците, негативна 24.3%, а „не знам“ одговориле 13.2%.

28.4 од испитаниците имаат позитивно, а 27.1 донекаде позитивно мислење за работата на владата во првите 100 дена. Донекаде негативно мислење имаат 9.3 отсто, негативно 21.6 отсто, додека 13.6 немаа одговор на прашањето.

Повеќе од половина од испитаниците, поточно 51.1 отсто сметаат дека доколку се земе предвид работата на Владата во првите 100 дена, таа ќе биде подобра од претходната власт на СДСМ и ДУИ. Полоша сметаат дека ќе биде 12.7 отсто од испитаниците, иста 28.6 отсто, а „не знам“ одговориле 7.6 отсто.

Најголемиот проблем со кој се соочува Македонија и владата мора под итно да го решава за 37.5 отсто се криминалот и корупцијата, а за 19.7 отсто се економијата и животниот стандард. Следуваат останатите проблеми - невработеноста, високите цени, квалитетот во образованието, здравството...

 

The post Анкета: Mицкоски 27, 8 отсто, Ахмети 8,6, Филипче 5.5 appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски има најголема поддршка кај граѓаните од 27,8 отсто, покажала најновата анкета на ИПСОС изработена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ. Истражувањето е работено во октовмри теренски на 1005 испитаници. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од тројна поддршка пред Али Ахмети од ДУИ со 8,6%, додека лидерот на СДСМ Венко Филипче ужива во 5,5 отсто доверба. Неговиот претходник, поранешниот премиер Димитар Ковачевски доби 0% доверба, поточно никој од испитаниците не кажал дека има доверба во него. Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски со 4,3 отсто доверба од граѓаните е пред лидерот на Левица, Димитар Апасиев во кој доверба изразиле 4 отсто од испитаниците. Следи министерот за здравство Арбен Таравари со 2,7%, кој после Ахмети води меѓу албанските политичари. Африм Гаши има 2.1%, Изет Меџити 1.9%,  а Билал Касами 1.4 отсто. Граѓаните доверба изразиле и за поранешните политичари. Па, за Бранко Црвенковски гласале 1.5 отсто од испитаниците, а по 1.1% добија Никола Груевски и Стево Пендаровски. Висок е процентот и за оние кои рекле дека немаат доверба во ниеден политичар - 26,5 отсто. Одговориле со „не знам“ или немале одговор 7.8 отсто, а друг политичар навеле 2.6. отсто од испитаниците.

Анкетата на ВМРО-ДПМНЕ го проверувала мислењето кај граѓаните и за други важни прашања:

Па така, за предлогот на премиерот Мицкоски за уставни измени со одложено дејство 52 отсто од граѓаните велат ДА а 39 имаат негативен став. По етнички состав, 49 посто од Македонците се против а 42 го поддржуваат. Кај Албанците 19 се против, а 75 се За. На прашањето дали треба да се направат уставните измени и да се почнат преговорите доколку Европскиот парламент даде гаранции за македонскиот јазик и идентитет и Бугарија испорача неколку пресуди од Судот во Стразбур, 57 проценти од граѓаните викаат Да а 37 посто Не. На прашањето дали граѓаните го поддржуваат францускиот предлог, поддршка даваат 28 проценти а не го поддржуваат 53 посто. 66 проценти од Македонците не го поддржуваат, а 18 го поддржуваат, а кај Албанците 29 посто не го поддржуваат, а 49 посто даваат поддршка. Во однос на партиите ВМРО-ДПМЕ има поддршка кај 26 посто од граѓаните, ДУИ, СДСМ и Вреди 7, Левица 5 и ЗНАМ 4. Доколку се одржат парламентарни избори за која партија би гласале? ВМРО-ДПМНЕ 26 ДУИ 7 СДСМ 7 Левица 5 Вреди 7 ЗНАМ 2 Алијанса на Села 1 Друго 1 Неодлучни 7 Одбива да одговори 14 Не гласа 23 На телефонската анкета спроведена од 9 до 13 октомври, пак, врз 1200 испитаници, на прашањето „Во каква насока се движи државата?“, половина од одговорите биле дека се движи во позитивна или во донекаде позитивна насока (Позитивна 25 отсто, односно Донекаде позитивна 24.9 отсто). Донекаде негативна одговориле 12.5 отсто од испитаниците, негативна 24.3%, а „не знам“ одговориле 13.2%. 28.4 од испитаниците имаат позитивно, а 27.1 донекаде позитивно мислење за работата на владата во првите 100 дена. Донекаде негативно мислење имаат 9.3 отсто, негативно 21.6 отсто, додека 13.6 немаа одговор на прашањето. Повеќе од половина од испитаниците, поточно 51.1 отсто сметаат дека доколку се земе предвид работата на Владата во првите 100 дена, таа ќе биде подобра од претходната власт на СДСМ и ДУИ. Полоша сметаат дека ќе биде 12.7 отсто од испитаниците, иста 28.6 отсто, а „не знам“ одговориле 7.6 отсто. Најголемиот проблем со кој се соочува Македонија и владата мора под итно да го решава за 37.5 отсто се криминалот и корупцијата, а за 19.7 отсто се економијата и животниот стандард. Следуваат останатите проблеми - невработеноста, високите цени, квалитетот во образованието, здравството...  

The post Анкета: Mицкоски 27, 8 отсто, Ахмети 8,6, Филипче 5.5 appeared first on Република.

]]>
Анкета на ИПСОС: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ 19 отсто, на СДСМ 9 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-ipsos-rejtingot-na-vmro-dpmne-19-otsto-na-sdsm-9-otsto/ Thu, 29 Sep 2022 11:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=555586

Доколку вонредните парламентарни избори би се одржале во ноември, на гласање би излегле 45% од партиски определените граѓаните запишани во избирачкиот список.

Ова го покажува најновата теренска анкета на ИПСОС, спроведена од 2 до 21 на 1.021 испитаници, по нарачка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Резултатите од анкетата покажуваат дека во моментов највисок рејтинг има ВМРО-ДПМНЕ со 19%, што е дури 10 отсто повеќе од владејачкиот СДСМ за кого се изјасниле само 9%. Натаму следуваат ДУИ со 6%, Левица 5%, Алијанса на Албанците 2%, и Беса, ДПА и Алтернатива со по 1 процент.

Преведено во бројки, од определените 815.000 гласачи, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 335.000, за СДСМ 155.000, за ДУИ 115 .000, за Левица 80.000, за Алијанса на Албанците 35.000 и за Беса некаде околу 16-17.000 граѓани.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има највисок рејтинг меѓу политичарите. Прашани да ја оценат работата на политичарите со оценка од 1 до 10, најголем дел од анкетираните висока оценка дале за Мицкоски. Неговата работа е оценета со 7, додека премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на Левица, Димитар Апасиев добиле тројки. Според изјаснувањето на граѓаните на второ место е претседателот Стево Пендаровски со оценка 4. Поранешниот премиер Зоран Заев, пак, е оценет со 1.

На премиерската функција 74% од Македонците го гледаат Христијан Мицкоски, додека за Димитар Ковачевски се определиле 26 отсто. Кај Албанците, пак, сликата е обратна, дури 80% му даваат предност на Ковачевски, наспроти 20 отсто за Мицковски. Кај останатите етнички заедници Мицковски има предност, 62% го гледаат како премиер, наспроти 38%, кои се изјасниле за Ковачевски.

На прашањето „Дали го поддржувате францускиот предлог“, 61,8% од испитаниците одговориле „не“, а 25,1% одговориле „да“. Кај Македонците доминира „не“ кај дури 75%, а само 13 отсто се изјасниле со „да“.

Кај Албанците сликата е обратна. Поддршка на францускиот предлог дале 53%, а против се изјасниле 32 отсто. Кај сите останати етнички заедници со „не“ одговориле 54 отсто, а со „да“ 29 поценти.

На прашањето „Дали Македонија се движи во правилна насока“ високи 66, 3% оцениле дека се движи во погрешна насока, а не цели 20% или 19,8 отсто одговориле со „да“. Интересно е што над половината од испитаниците, 54%, кои на последните парламентарни избори гласале за СДСМ, сега оценуваат дека Македонија се движи во погрешна, а 36% во правилна насока. Дури 59% од гласачите на ДУИ оцениле, пак, дека Македонија се движи во правилна, а 36 отсто во погрешна насока.

Економската состојба е загрижувачка за 22% од испитаниците, за 19% лошиот стандард, малите плати и инфлацијата, за 8% невработеноста, за 6% енергетската криза, а за 5 отсто тоа биле криминалот и корупцијата.

The post Анкета на ИПСОС: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ 19 отсто, на СДСМ 9 отсто appeared first on Република.

]]>

Доколку вонредните парламентарни избори би се одржале во ноември, на гласање би излегле 45% од партиски определените граѓаните запишани во избирачкиот список. Ова го покажува најновата теренска анкета на ИПСОС, спроведена од 2 до 21 на 1.021 испитаници, по нарачка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите од анкетата покажуваат дека во моментов највисок рејтинг има ВМРО-ДПМНЕ со 19%, што е дури 10 отсто повеќе од владејачкиот СДСМ за кого се изјасниле само 9%. Натаму следуваат ДУИ со 6%, Левица 5%, Алијанса на Албанците 2%, и Беса, ДПА и Алтернатива со по 1 процент. Преведено во бројки, од определените 815.000 гласачи, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 335.000, за СДСМ 155.000, за ДУИ 115 .000, за Левица 80.000, за Алијанса на Албанците 35.000 и за Беса некаде околу 16-17.000 граѓани. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има највисок рејтинг меѓу политичарите. Прашани да ја оценат работата на политичарите со оценка од 1 до 10, најголем дел од анкетираните висока оценка дале за Мицкоски. Неговата работа е оценета со 7, додека премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на Левица, Димитар Апасиев добиле тројки. Според изјаснувањето на граѓаните на второ место е претседателот Стево Пендаровски со оценка 4. Поранешниот премиер Зоран Заев, пак, е оценет со 1. На премиерската функција 74% од Македонците го гледаат Христијан Мицкоски, додека за Димитар Ковачевски се определиле 26 отсто. Кај Албанците, пак, сликата е обратна, дури 80% му даваат предност на Ковачевски, наспроти 20 отсто за Мицковски. Кај останатите етнички заедници Мицковски има предност, 62% го гледаат како премиер, наспроти 38%, кои се изјасниле за Ковачевски. На прашањето „Дали го поддржувате францускиот предлог“, 61,8% од испитаниците одговориле „не“, а 25,1% одговориле „да“. Кај Македонците доминира „не“ кај дури 75%, а само 13 отсто се изјасниле со „да“. Кај Албанците сликата е обратна. Поддршка на францускиот предлог дале 53%, а против се изјасниле 32 отсто. Кај сите останати етнички заедници со „не“ одговориле 54 отсто, а со „да“ 29 поценти. На прашањето „Дали Македонија се движи во правилна насока“ високи 66, 3% оцениле дека се движи во погрешна насока, а не цели 20% или 19,8 отсто одговориле со „да“. Интересно е што над половината од испитаниците, 54%, кои на последните парламентарни избори гласале за СДСМ, сега оценуваат дека Македонија се движи во погрешна, а 36% во правилна насока. Дури 59% од гласачите на ДУИ оцениле, пак, дека Македонија се движи во правилна, а 36 отсто во погрешна насока. Економската состојба е загрижувачка за 22% од испитаниците, за 19% лошиот стандард, малите плати и инфлацијата, за 8% невработеноста, за 6% енергетската криза, а за 5 отсто тоа биле криминалот и корупцијата.

The post Анкета на ИПСОС: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ 19 отсто, на СДСМ 9 отсто appeared first on Република.

]]>