Анита Огњановска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anita-ognjanovska/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Jun 2022 07:27:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анита Огњановска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anita-ognjanovska/ 32 32 Изложба на слики „Долина на радоста“ во МКЦ на Анита Огњановска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-sliki-dolina-na-radosta-vo-mkc-na-anita-ognjanovska/ Mon, 13 Jun 2022 07:27:04 +0000 https://republika.mk/?p=514295

На 14 јуни (вторник) со почеток во 20 часот во Галеријата 2 на МКЦ се отвора изложбата на слики со наслов „Долина на радоста” на Анита Огњановска.

„Долина на радоста” е шестата нејзина самостојна изложба на која се претставува со дваесетина апстрактни дела изработени во техниката масло на платно и акрил на платно. На изложбата ќе бидат презентирани дела од различни циклуси создадени во периодот 2020-2022 година, кои за прв пат се изложени во јавноста.

Ова е моето место на радост, спокојство и хармонија, но во исто време е свет каде што сѐ е можно, и сонце и дожд, виножито, но и прошетка по облаците... тоа е мојот свет на соништа и е во сите бои. Со целата енергија и порив, без никакви ограничувања, се трудам да сонувам гласно, вели Огњановска.

Изложбата ќе остане во изложбениот салон Галерија 2 во МКЦ-Скопје  до 25 јуни 2022 година.

 

 

The post Изложба на слики „Долина на радоста“ во МКЦ на Анита Огњановска appeared first on Република.

]]>

На 14 јуни (вторник) со почеток во 20 часот во Галеријата 2 на МКЦ се отвора изложбата на слики со наслов „Долина на радоста” на Анита Огњановска. „Долина на радоста” е шестата нејзина самостојна изложба на која се претставува со дваесетина апстрактни дела изработени во техниката масло на платно и акрил на платно. На изложбата ќе бидат презентирани дела од различни циклуси создадени во периодот 2020-2022 година, кои за прв пат се изложени во јавноста.
Ова е моето место на радост, спокојство и хармонија, но во исто време е свет каде што сѐ е можно, и сонце и дожд, виножито, но и прошетка по облаците... тоа е мојот свет на соништа и е во сите бои. Со целата енергија и порив, без никакви ограничувања, се трудам да сонувам гласно, вели Огњановска.
Изложбата ќе остане во изложбениот салон Галерија 2 во МКЦ-Скопје  до 25 јуни 2022 година.    

The post Изложба на слики „Долина на радоста“ во МКЦ на Анита Огњановска appeared first on Република.

]]>
61 дело од Анита Огњановска од вечерва ќе бидат изложени во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/61-delo-od-anita-ognjanovska-od-vecherva-kje-bidat-izlozeni-vo-kic/ Tue, 25 Jan 2022 10:07:01 +0000 https://republika.mk/?p=449116

Од вечерва, во 20 часот, во Културно-информативниот центар-Скопје љубителите на визуелните уметности ќе имаат можност да ја проследат самостојната изложба на Анита Огњановска насловена „Без ограничувања“.

Шеесет и едно дело, масло и акрил на платно, кои ќе бидат изложени во изложбениот салон Империјал 1 и 2, се насликани во периодот од 2020 до 2022 година и го прикажуваат патот на еден автор во откривањето на сопствениот свет и пронаоѓањето на својот личен ликовен израз.

Изложбата ќе остане во КИЦ-Скопје сѐ до 10 февруари и ќе биде отворена секој работен ден од 10 до 20 часот и сабота од 10 до 14 часот.

Водена од страста кон уметноста, сликам спонтано, емоциите ме носат и никогаш не знам каде ќе ме одведат. Едноставно четката ги испишува мислите, чувствата, спомените, копнежите… Тоа е мојот спонтан, но, всушност, длабоко интимен свет. Некогаш сликам како што се чувствувам, некогаш како што сакам да се чувствувам…

Сликањето ме радува затоа што е непресушен извор на магија во која се будат сетилата, се надминува реалноста, се остваруваат фантазиите, се отвора патот од невозможното кон возможното. Тоа е мојот простор каде што нема никави ограничувања. Платното е нежна обоеност на душата со сите бои на светот, апстракција на она што било, е, и ќе биде, тука и некаде, вели авторката.

The post 61 дело од Анита Огњановска од вечерва ќе бидат изложени во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Од вечерва, во 20 часот, во Културно-информативниот центар-Скопје љубителите на визуелните уметности ќе имаат можност да ја проследат самостојната изложба на Анита Огњановска насловена „Без ограничувања“. Шеесет и едно дело, масло и акрил на платно, кои ќе бидат изложени во изложбениот салон Империјал 1 и 2, се насликани во периодот од 2020 до 2022 година и го прикажуваат патот на еден автор во откривањето на сопствениот свет и пронаоѓањето на својот личен ликовен израз. Изложбата ќе остане во КИЦ-Скопје сѐ до 10 февруари и ќе биде отворена секој работен ден од 10 до 20 часот и сабота од 10 до 14 часот.
Водена од страста кон уметноста, сликам спонтано, емоциите ме носат и никогаш не знам каде ќе ме одведат. Едноставно четката ги испишува мислите, чувствата, спомените, копнежите… Тоа е мојот спонтан, но, всушност, длабоко интимен свет. Некогаш сликам како што се чувствувам, некогаш како што сакам да се чувствувам… Сликањето ме радува затоа што е непресушен извор на магија во која се будат сетилата, се надминува реалноста, се остваруваат фантазиите, се отвора патот од невозможното кон возможното. Тоа е мојот простор каде што нема никави ограничувања. Платното е нежна обоеност на душата со сите бои на светот, апстракција на она што било, е, и ќе биде, тука и некаде, вели авторката.

The post 61 дело од Анита Огњановска од вечерва ќе бидат изложени во КИЦ appeared first on Република.

]]>