Анита Ангеловска Бежовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anita-angelovska-bezovska/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 08:38:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анита Ангеловска Бежовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anita-angelovska-bezovska/ 32 32 Ангеловска-Бежоска со Бериган и Андреоли: Напредува процесот на оценување на земјава за пристапување кон СЕПА https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-so-berigan-i-andreoli-napreduva-protsesot-na-otsenuvane-na-zemjava-za-pristapuvane-kon-sepa/ Fri, 01 Nov 2024 08:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=832990

Напредува процесот на оценување на земјава за пристапување во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА). За таа цел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска одржа средби во Брисел со генералниот директор на Директорaтот за финансиска стабилност, финансиски услуги и унија на пазарите на капитал при Европската комисија, Џон Бериган, како и со Џорџо Андреоли, генералниот директор на Европскиот совет за плаќања, институцијата којашто ја носи конечната одлука за членството на земјите во СЕПА.

На средбите се зборуваше за барањето на земјава за членство во СЕПА, коешто беше официјално поднесено во јули оваа година, по обемната измена на законската и подзаконската регулатива во сферата на платежните услуги, банкарскиот систем и спречувањето перење пари, заради усогласување со европската правна рамка. Официјалното барање, на почетокот на октомври, беше дополнето и со најновите измени на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со што се оценува дека се направени сите неопходни измени на законската и подзконската правна рамка. Во моментов се оценува нашето барање. Имајќи го предвид високиот степен на усогласеност на правната рамка, се очекува позитивна оцена со што нашата земја ќе може наскоро да пристапи во СЕПА. По добивањето позитивна оцена, деловните банки ќе треба оперативно да се приклучат кон европскиот платежен систем, за што е потребна претходна подготовка.

Членството во СЕПА е една од приоритетните активности поддржани со Планот за раст на Европската комисија од 2023 година, чијашто цел е забрзана економска интеграција на регионот во единствениот пазар на ЕУ. СЕПА ќе донесе бројни придобивки за граѓаните, фирмите и целокупната економија, преку обезбедување побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА, поедноставување на процедурите, поголема транспарентност и засилена заштита на потрошувачите. Граѓаните ќе можат поевтино, побргу и поедноставно да примаат и да испраќаат парични средства во евра во земјите од СЕПА.

Фирмите ќе можат полесно да се вклучат во прекуграничната трговија со стоки и услуги во земјите од областа на СЕПА, да го прошират својот бизнис и да ја зголемат конкурентноста. Пристапувањето за нив подразбира и пониски надоместоци, како и подобрено управување со паричните текови, имајќи предвид дека трансферите на СЕПА вообичаено се обработуваат во рок од еден работен ден, а кај инстант плаќањата, преносот на паричните средства ќе се извршува за 10 секунди најмногу, во кое било време во текот на денот.

The post Ангеловска-Бежоска со Бериган и Андреоли: Напредува процесот на оценување на земјава за пристапување кон СЕПА appeared first on Република.

]]>

Напредува процесот на оценување на земјава за пристапување во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА). За таа цел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска одржа средби во Брисел со генералниот директор на Директорaтот за финансиска стабилност, финансиски услуги и унија на пазарите на капитал при Европската комисија, Џон Бериган, како и со Џорџо Андреоли, генералниот директор на Европскиот совет за плаќања, институцијата којашто ја носи конечната одлука за членството на земјите во СЕПА. На средбите се зборуваше за барањето на земјава за членство во СЕПА, коешто беше официјално поднесено во јули оваа година, по обемната измена на законската и подзаконската регулатива во сферата на платежните услуги, банкарскиот систем и спречувањето перење пари, заради усогласување со европската правна рамка. Официјалното барање, на почетокот на октомври, беше дополнето и со најновите измени на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со што се оценува дека се направени сите неопходни измени на законската и подзконската правна рамка. Во моментов се оценува нашето барање. Имајќи го предвид високиот степен на усогласеност на правната рамка, се очекува позитивна оцена со што нашата земја ќе може наскоро да пристапи во СЕПА. По добивањето позитивна оцена, деловните банки ќе треба оперативно да се приклучат кон европскиот платежен систем, за што е потребна претходна подготовка. Членството во СЕПА е една од приоритетните активности поддржани со Планот за раст на Европската комисија од 2023 година, чијашто цел е забрзана економска интеграција на регионот во единствениот пазар на ЕУ. СЕПА ќе донесе бројни придобивки за граѓаните, фирмите и целокупната економија, преку обезбедување побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА, поедноставување на процедурите, поголема транспарентност и засилена заштита на потрошувачите. Граѓаните ќе можат поевтино, побргу и поедноставно да примаат и да испраќаат парични средства во евра во земјите од СЕПА. Фирмите ќе можат полесно да се вклучат во прекуграничната трговија со стоки и услуги во земјите од областа на СЕПА, да го прошират својот бизнис и да ја зголемат конкурентноста. Пристапувањето за нив подразбира и пониски надоместоци, како и подобрено управување со паричните текови, имајќи предвид дека трансферите на СЕПА вообичаено се обработуваат во рок од еден работен ден, а кај инстант плаќањата, преносот на паричните средства ќе се извршува за 10 секунди најмногу, во кое било време во текот на денот.

The post Ангеловска-Бежоска со Бериган и Андреоли: Напредува процесот на оценување на земјава за пристапување кон СЕПА appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска ‒ Ли: Народната банка спроведе успешни политики за справување со инфлацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-li-narodnata-banka-sprovede-uspeshni-politiki-za-spravuvane-so-inflatsijata/ Mon, 28 Oct 2024 08:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=831552

Народната банка успешно се справи со шоковите во изминатите години, намалувајќи ја инфлацијата, додека силната регулативна рамка и кредибилноста на централната банка придонесоа за задржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата на заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со македонската делегација во чиј состав се гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека мерките што ги презеде Народната банка, заедно со намалувањето на цените на примарните производи на светските берзи, придонесоа за намалување на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,6 отсто во септември. Се очекува дека просечната стапка на инфлација во 2024 година ќе биде блиску до проекциите на Народната банка од 3,5%. Ова е слична слика со последните прогнози на ММФ, коишто покажуваат просечна инфлација во 2024 година од 3,3%.

Со помош на обемниот сет на мерки што ги презема централната банка преку интервенции на девизниот пазар, каматните стапки и задолжителната резерва, како и со макропрудентните мерки, успеавме да се справиме со инфлацијата и да ја зајакнеме стабилноста на банкарскиот систем. Од една страна, се спречи прекумерното задолжување на граѓаните и компаниите, а од друга се зајакна довербата во домашната валута. Овие мерки придонесоа и за зацврстување на билансите на банките, што е основа за задржување на стабилноста и создавање простор за справување со можните неповолни промени  - истакна Ангеловска-Бежоска.

На средбата со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, беше истакната улогата на одржувањето на високото ниво на кредибилитет во работењето и независноста на Народната банка, како едни од најважните фактори коишто придонесоа за успешно остварување на целите и макроекономската стабилност во изминатите години во текот на неколку последователни кризи. Според анализата во ММФ, Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа според новоизработениот индекс на независноста на централните банки. Независноста на Народната банка, придружена од транспарентноста и отчетноста, ѝ овозможува на централната банка високо ниво на доверба од страна на јавноста. За јакнење на своите практики во поглед на транспарентноста во работењето, Народната банка зеде учество во пилот-проектот за оцена на усогласеноста со новиот Кодекс на ММФ за транспарентноста на централните банки на ММФ, како прва централна банка во регионот

The post Ангеловска-Бежоска ‒ Ли: Народната банка спроведе успешни политики за справување со инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Народната банка успешно се справи со шоковите во изминатите години, намалувајќи ја инфлацијата, додека силната регулативна рамка и кредибилноста на централната банка придонесоа за задржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата на заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со македонската делегација во чиј состав се гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска. Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека мерките што ги презеде Народната банка, заедно со намалувањето на цените на примарните производи на светските берзи, придонесоа за намалување на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,6 отсто во септември. Се очекува дека просечната стапка на инфлација во 2024 година ќе биде блиску до проекциите на Народната банка од 3,5%. Ова е слична слика со последните прогнози на ММФ, коишто покажуваат просечна инфлација во 2024 година од 3,3%.
Со помош на обемниот сет на мерки што ги презема централната банка преку интервенции на девизниот пазар, каматните стапки и задолжителната резерва, како и со макропрудентните мерки, успеавме да се справиме со инфлацијата и да ја зајакнеме стабилноста на банкарскиот систем. Од една страна, се спречи прекумерното задолжување на граѓаните и компаниите, а од друга се зајакна довербата во домашната валута. Овие мерки придонесоа и за зацврстување на билансите на банките, што е основа за задржување на стабилноста и создавање простор за справување со можните неповолни промени  - истакна Ангеловска-Бежоска.
На средбата со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, беше истакната улогата на одржувањето на високото ниво на кредибилитет во работењето и независноста на Народната банка, како едни од најважните фактори коишто придонесоа за успешно остварување на целите и макроекономската стабилност во изминатите години во текот на неколку последователни кризи. Според анализата во ММФ, Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа според новоизработениот индекс на независноста на централните банки. Независноста на Народната банка, придружена од транспарентноста и отчетноста, ѝ овозможува на централната банка високо ниво на доверба од страна на јавноста. За јакнење на своите практики во поглед на транспарентноста во работењето, Народната банка зеде учество во пилот-проектот за оцена на усогласеноста со новиот Кодекс на ММФ за транспарентноста на централните банки на ММФ, како прва централна банка во регионот

The post Ангеловска-Бежоска ‒ Ли: Народната банка спроведе успешни политики за справување со инфлацијата appeared first on Република.

]]>
Николовски на состанокот со гувернерката Ангеловска-Бежоска: Унапредување на институционалната соработка и размената на податоци – клучно за сузбивање на криминалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-na-sostanokot-so-guvernerkata-angelovska-bezhoska-unapreduvane-na-institutsionalnata-sorabotka-i-razmenata-na-podatotsi-kluchno-za-suzbivane-na-kriminalot/ Tue, 20 Aug 2024 11:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=808274

Жестока борба со криминалот и негово целосно сузбивање ќе се овозможи преку унапредување и зајакнување на институционалната соработка со Народна банка, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска одржа состанок со гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска на којашто ја потенцираше важноста на размената на податоци и нивно мечирање за целосно сузбивање на криминалот.

За овие потреби ќе биде склучен Меморандум во кој ќе се дефинираат ингеренциите и сетовите на податоци со кои располагаат институциите, а што ќе придонесза подобро следење на текот на парите и сузбивање на криминалните дејствија меѓу коишто и спречување перење пари и финансирање тероризам.

„Потребно е да ја зајакнеме и подобриме институционалната соработка, преку размена на податоци. Од аспект на државните интереси за жестока борба со криминалот, следењето на текот на парите, особено во делот на меѓународните трансакции е клучно“, вели Николовски.

На средбата воедно беше договорено Народната банка да спроведе обуки за вработените во Царинската управа во насока на зајакнување на институционалните капацитети во борбата против фалсификување пари.

The post Николовски на состанокот со гувернерката Ангеловска-Бежоска: Унапредување на институционалната соработка и размената на податоци – клучно за сузбивање на криминалот appeared first on Република.

]]>

Жестока борба со криминалот и негово целосно сузбивање ќе се овозможи преку унапредување и зајакнување на институционалната соработка со Народна банка, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска одржа состанок со гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска на којашто ја потенцираше важноста на размената на податоци и нивно мечирање за целосно сузбивање на криминалот.

За овие потреби ќе биде склучен Меморандум во кој ќе се дефинираат ингеренциите и сетовите на податоци со кои располагаат институциите, а што ќе придонесза подобро следење на текот на парите и сузбивање на криминалните дејствија меѓу коишто и спречување перење пари и финансирање тероризам.

„Потребно е да ја зајакнеме и подобриме институционалната соработка, преку размена на податоци. Од аспект на државните интереси за жестока борба со криминалот, следењето на текот на парите, особено во делот на меѓународните трансакции е клучно“, вели Николовски.

На средбата воедно беше договорено Народната банка да спроведе обуки за вработените во Царинската управа во насока на зајакнување на институционалните капацитети во борбата против фалсификување пари.

The post Николовски на состанокот со гувернерката Ангеловска-Бежоска: Унапредување на институционалната соработка и размената на податоци – клучно за сузбивање на криминалот appeared first on Република.

]]>
Народната банка поднесе барање за членство во СЕПА https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodnata-banka-podnese-barane-za-chlenstvo-vo-sepa/ Thu, 11 Jul 2024 08:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=795677

Народната банка, во својство на регулаторна и надзорна институција за давателите на платежни услуги во земјата, го поднесе формалното барање за пристапување на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), што претставува клучен исчекор за понатамошниот развој и интеграција на домашниот финансиски систем во европскиот економски простор. Членството на земјава во СЕПА ќе донесе бројни придобивки за граѓаните, фирмите и целокупната економија, преку обезбедување побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА, поедноставување на процедурите, поголема транспарентност и засилена заштита на потрошувачите.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска која го потпиша барањето, истакна дека предностите од пристапувањето во СЕПА се многу значајни за граѓаните и за компаниите, имајќи предвид дека најголемиот број од плаќањата со другите држави (или странство) се извршуваат во евра. „Минатата година, 87% од вкупните одливни плаќања, односно 77% од вкупните приливни плаќања со странство кај домашните банки се извршени во евра“, вели Ангеловска-Бежоска и истакнува дека ефикасноста на плаќањата во СЕПА ќе придонесе и за намалување на користењето готовина, ставајќи ја на преден план употребата на дигиталните начини на плаќање и поддржувајќи го преминот кон дигитално општество.

СЕПА носи повеќекратни придобивки за граѓаните, стопанството и давателите на платежни услуги. Граѓаните ќе можат поевтино, побргу и поедноставно да примаат и да испраќаат парични средства во евра во земјите од СЕПА. Фирмите ќе можат полесно да се вклучат во прекуграничната трговија со стоки и услуги во земјите од областа на СЕПА, да го прошират својот бизнис и да ја зголемат конкурентноста. Пристапувањето за нив подразбира и пониски надоместоци, како и подобрено управување со паричните текови, имајќи предвид дека трансферите на СЕПА вообичаено се обработуваат во рок од еден работен ден, а кај инстант плаќањата, преносот на паричните средства ќе се извршува за 10 секунди најмногу, во кое било време во текот на денот, односно во рамките на вообичаеното работно време, но и надвор од работното време, како и за викенд и за празници (24 часа седмично). Со пристапот до СЕПА, домашните даватели на платежни услуги ќе добијат можност да бидат учесници во платните системи (платежните шеми) во областа на СЕПА, што ќе обезбеди директни релации со многу странски даватели на платежни услуги и намалување на нивните трошоци коишто произлегуваат од кореспондентното банкарство, а тоа ќе придонесе за побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и за компаниите во земјата.

Интензивните активности во изминатите неколку години за усогласување на домашната правна рамка во платежната сфера со правото на Европската Унија, создадоа основа за започнување на процесот за интеграција на земјата во СЕПА, пред да пристапиме во ЕУ. Документацијата за поднесување барање во СЕПА е резултат на заедничкиот напор на Народната банка и повеќе министерства и институции, како и на Македонската банкарска асоцијација. Овој заеднички напор ја истакнува посветеноста на нашата држава да го усогласи националното законодавство и неговата примена со стандардите на СЕПА, изедначувајќи го со нив во правна и функционална смисла.

Процесот на подготовка на барањето започна во рамките на Регионалниот проект „Модернизација на плаќањата за земјите од Западен Балкан“, како дел од Планот за раст на Западен Балкан, финансиран од ЕУ и произлезен од Берлинската иницијатива за создавање заеднички регионален пазар. Тој беше технички поддржан од долгогодишниот и значен партнер на Народната банка во сферата на плаќањата, Светската банка.

По однос на членството на нашата земја во СЕПА одлучува Европскиот совет за плаќања, тело одговорно за стандардизација и подобрување на платниот систем во Европа, со седиште во Брисел. Во наредниот период, Советот ќе го разгледа барањето и по процената на усогласеноста со стандардите на СЕПА, во соработка со Европската комисија, ќе донесе конечна одлука за прием во членството.

СЕПА брои 36 земји членки, при што покрај 27-те земји членки на Европската Унија, членуваат и 9 европски земји коишто не се во ЕУ (Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Исланд, Андора, Монако, Лихтенштајн, Сан Марино и Ватикан).

 

The post Народната банка поднесе барање за членство во СЕПА appeared first on Република.

]]>

Народната банка, во својство на регулаторна и надзорна институција за давателите на платежни услуги во земјата, го поднесе формалното барање за пристапување на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), што претставува клучен исчекор за понатамошниот развој и интеграција на домашниот финансиски систем во европскиот економски простор. Членството на земјава во СЕПА ќе донесе бројни придобивки за граѓаните, фирмите и целокупната економија, преку обезбедување побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА, поедноставување на процедурите, поголема транспарентност и засилена заштита на потрошувачите. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска која го потпиша барањето, истакна дека предностите од пристапувањето во СЕПА се многу значајни за граѓаните и за компаниите, имајќи предвид дека најголемиот број од плаќањата со другите држави (или странство) се извршуваат во евра. „Минатата година, 87% од вкупните одливни плаќања, односно 77% од вкупните приливни плаќања со странство кај домашните банки се извршени во евра“, вели Ангеловска-Бежоска и истакнува дека ефикасноста на плаќањата во СЕПА ќе придонесе и за намалување на користењето готовина, ставајќи ја на преден план употребата на дигиталните начини на плаќање и поддржувајќи го преминот кон дигитално општество. СЕПА носи повеќекратни придобивки за граѓаните, стопанството и давателите на платежни услуги. Граѓаните ќе можат поевтино, побргу и поедноставно да примаат и да испраќаат парични средства во евра во земјите од СЕПА. Фирмите ќе можат полесно да се вклучат во прекуграничната трговија со стоки и услуги во земјите од областа на СЕПА, да го прошират својот бизнис и да ја зголемат конкурентноста. Пристапувањето за нив подразбира и пониски надоместоци, како и подобрено управување со паричните текови, имајќи предвид дека трансферите на СЕПА вообичаено се обработуваат во рок од еден работен ден, а кај инстант плаќањата, преносот на паричните средства ќе се извршува за 10 секунди најмногу, во кое било време во текот на денот, односно во рамките на вообичаеното работно време, но и надвор од работното време, како и за викенд и за празници (24 часа седмично). Со пристапот до СЕПА, домашните даватели на платежни услуги ќе добијат можност да бидат учесници во платните системи (платежните шеми) во областа на СЕПА, што ќе обезбеди директни релации со многу странски даватели на платежни услуги и намалување на нивните трошоци коишто произлегуваат од кореспондентното банкарство, а тоа ќе придонесе за побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и за компаниите во земјата. Интензивните активности во изминатите неколку години за усогласување на домашната правна рамка во платежната сфера со правото на Европската Унија, создадоа основа за започнување на процесот за интеграција на земјата во СЕПА, пред да пристапиме во ЕУ. Документацијата за поднесување барање во СЕПА е резултат на заедничкиот напор на Народната банка и повеќе министерства и институции, како и на Македонската банкарска асоцијација. Овој заеднички напор ја истакнува посветеноста на нашата држава да го усогласи националното законодавство и неговата примена со стандардите на СЕПА, изедначувајќи го со нив во правна и функционална смисла. Процесот на подготовка на барањето започна во рамките на Регионалниот проект „Модернизација на плаќањата за земјите од Западен Балкан“, како дел од Планот за раст на Западен Балкан, финансиран од ЕУ и произлезен од Берлинската иницијатива за создавање заеднички регионален пазар. Тој беше технички поддржан од долгогодишниот и значен партнер на Народната банка во сферата на плаќањата, Светската банка. По однос на членството на нашата земја во СЕПА одлучува Европскиот совет за плаќања, тело одговорно за стандардизација и подобрување на платниот систем во Европа, со седиште во Брисел. Во наредниот период, Советот ќе го разгледа барањето и по процената на усогласеноста со стандардите на СЕПА, во соработка со Европската комисија, ќе донесе конечна одлука за прием во членството. СЕПА брои 36 земји членки, при што покрај 27-те земји членки на Европската Унија, членуваат и 9 европски земји коишто не се во ЕУ (Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Исланд, Андора, Монако, Лихтенштајн, Сан Марино и Ватикан).  

The post Народната банка поднесе барање за членство во СЕПА appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-dokolku-ne-se-ostvarat-rizitsite-olabavuvane-na-monetarnata-politika-ke-ima-vo-vtorata-polovina-od-godinava/ Fri, 19 Apr 2024 08:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=767917

Пролетните проекции за инфлацијата во земјава на Меѓународниот монетарен фонд се слични со есенските очекувања на Народната банка, дека инфлацијата ќе се намалува и годинава за околу 4% и за околу 2% догодина, во просек. Трендовите се поволни и доколку инфлацијата и натаму се намалува во согласност со проекциите, без да се остварат позначителни ризици, тоа ќе создаде простор за промена на монетарната политика во втората половина од оваа година, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Гласот на Америка, коешто го даде за време на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Говорејќи за економскиот раст, таа укажа дека со оглед на големата трговска и финансиска отвореност на нашата економија, изгледите за растот годинава и догодина, покрај од домашните фактори, во голема мера ќе зависат и од глобалните случувања. Според најновите проекции на ММФ, глобалната економија и натаму би растела со стабилна стапка од 3,2% во 2024 и во 2025 година, што сепак е малку подобро од претходните очекувања. Низ подолгорочна перспектива, овие стапки на економски раст се историски ниски, што говори дека кризите оставија подолгорочни последици врз глобалната економија. За ЕУ, којашто е нашата најзначајна економска партнерка, се очекува постепено забрзување на растот, односно од 0,5% во 2023 година на 0,9% и на 1,7% за годинава и за следната, но тоа сепак е побавно во однос на претходните очекувања. За македонската економија, ММФ направи надолна ревизија за годинава, односно 2,7% во споредба со претходните очекувања од 3,2%.

Гувернерката посочи дека Народната банка работи на пролетните макроекономски проекции за нашата економија, во кои ќе бидат вклучени најновите расположливи податоци. Пролетните проекции на Народната банка ќе бидат објавени во текот на следниот месец.

Во интервјуто, гувернерката се осврна и на постојаните напори на Народната банка за јакнење на транспарентноста, што беше препознаено и од испитаниците на анкетата спроведена од Светската банка, кои ја препознаа Народната банка како домашна институција со најголема доверба. Гувернерката говореше и за значењето на поддршката за женското претприемаштво, коешто може да придонесе за подигање на економскиот раст. За таа цел се и активностите на Народната банка со новиот Меморандум за поддршка на женското претприемаштво, којшто неодамна го склучи со ЕБРД. Со овој проект, Народната банка го проширува опфатот на своите активности во овој домен и како предводник на проектот, ќе работи заедно со јавниот и со приватниот сектор за зголемување на финансиската вклученост на жените, што ќе придонесе за отворање нови бизниси и работни места и за придвижување на економскиот раст.

The post Ангеловска-Бежоска: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава appeared first on Република.

]]>

Пролетните проекции за инфлацијата во земјава на Меѓународниот монетарен фонд се слични со есенските очекувања на Народната банка, дека инфлацијата ќе се намалува и годинава за околу 4% и за околу 2% догодина, во просек. Трендовите се поволни и доколку инфлацијата и натаму се намалува во согласност со проекциите, без да се остварат позначителни ризици, тоа ќе создаде простор за промена на монетарната политика во втората половина од оваа година, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Гласот на Америка, коешто го даде за време на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Говорејќи за економскиот раст, таа укажа дека со оглед на големата трговска и финансиска отвореност на нашата економија, изгледите за растот годинава и догодина, покрај од домашните фактори, во голема мера ќе зависат и од глобалните случувања. Според најновите проекции на ММФ, глобалната економија и натаму би растела со стабилна стапка од 3,2% во 2024 и во 2025 година, што сепак е малку подобро од претходните очекувања. Низ подолгорочна перспектива, овие стапки на економски раст се историски ниски, што говори дека кризите оставија подолгорочни последици врз глобалната економија. За ЕУ, којашто е нашата најзначајна економска партнерка, се очекува постепено забрзување на растот, односно од 0,5% во 2023 година на 0,9% и на 1,7% за годинава и за следната, но тоа сепак е побавно во однос на претходните очекувања. За македонската економија, ММФ направи надолна ревизија за годинава, односно 2,7% во споредба со претходните очекувања од 3,2%. Гувернерката посочи дека Народната банка работи на пролетните макроекономски проекции за нашата економија, во кои ќе бидат вклучени најновите расположливи податоци. Пролетните проекции на Народната банка ќе бидат објавени во текот на следниот месец. Во интервјуто, гувернерката се осврна и на постојаните напори на Народната банка за јакнење на транспарентноста, што беше препознаено и од испитаниците на анкетата спроведена од Светската банка, кои ја препознаа Народната банка како домашна институција со најголема доверба. Гувернерката говореше и за значењето на поддршката за женското претприемаштво, коешто може да придонесе за подигање на економскиот раст. За таа цел се и активностите на Народната банка со новиот Меморандум за поддршка на женското претприемаштво, којшто неодамна го склучи со ЕБРД. Со овој проект, Народната банка го проширува опфатот на своите активности во овој домен и како предводник на проектот, ќе работи заедно со јавниот и со приватниот сектор за зголемување на финансиската вклученост на жените, што ќе придонесе за отворање нови бизниси и работни места и за придвижување на економскиот раст.

The post Ангеловска-Бежоска: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18 отсто од БДП годишно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-poradi-rodovata-neednakvost-gubime-okolu-18-otsto-od-bdp-godishno/ Wed, 22 Nov 2023 11:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=715100

Земјите од регионот на Западен Балкан секоја година губат околу 18 отсто од БДП, поради родовиот јаз на пазарот на труд, при што две третини од загубата се објаснуваат со ниската стапка на активност на жените, а преостанатиот дел се должи на разликите во изборот на занимања помеѓу мажите и жените, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, повикувајќи се на студија на Светската банка, во своето излагање на панел-дискусијата на тема „Улогата и позицијата на жената во бизнис-светот, предности, предизвици и можности“, во организација на Амбасадата на Словенија во земјава.

Таа истакна дека позитивниот ефект од намалувањето на родовиот јаз врз растот не би произлегол само од зголемувањето на работната сила, туку и од различните вештини и карактеристики на жените, кои можат да дадат поинаква квалитативна димензија на пазарот на трудот, како што се внимателноста во однос на ризиците, прагматичноста, емпатијата.

Со подобрувањата во овој сегмент БДП може да се зголеми и до 10% во развиените економии, а дури и до 30% во земјите во развој - порача Ангеловска-Бежоска.

Наведувајќи податоци за ефектите од пандемијата и останатите кризи по неа, гувернерката посочи на непропорционалното влијание врз различни економски и општествени сегменти од последователните кризи. Така, на почетокот на 2021 година, влошувањето кај стапката на вработеност кај жените во споредба со периодот пред пандемијата е значително поголемо во земјите во развој, отколку во развиените економии, што дополнително го продлабочило родовиот јаз во глобални рамки. Ист е и случајот со регионот на Западен Балкан, каде што се забележува посилен пад кај стапката на активност кај жените, којашто се сведе на 41,5% во просек за регионот, во споредба со 61,8% кај мажите. Состојбата во 2022 година се подобрува, малку поизразено кај жените во споредба со подобрувањето кај мажите, но кај нас и во Косово стапките на активност на жените сѐ уште се под нивото од пред пандемијата. Во регионот постои и значителен родов јаз во платите, во интервал од 7 до 16%, којшто кај дел од земјите бележи и тренд на проширување.

Гувернерката наведе дека една од причините за понеповолното влијание на пандемијата врз активноста и доходот кај жените во споредба со мажите е што таа силно го погоди услужниот сектор, особено во сегментите коишто се потпираат на социјалната интеракција, како и неформалната економија, каде што присуството на жените е поголемо. Покрај ова, во одредени студии се укажува дека пандемијата уште повеќе ги зголемила и предизвиците на жената во поглед на работното место, па така една од четири жени размислува да се откаже од кариерните планови или да го напушти работното место. Исто така, пониската вработеност и понискиот доход влијаат неповолно и врз пристапот до финансирање кај жените, а со тоа и врз можностите за развојот на претприемаштвото кај жените. Ова е делумно одраз и на пониската финансиска писменост на жената.

Гувернерката во своето излагање истакна дека „тековните кризи ja нагласуваат потребата од засилен и холистички пристап од страна на носителите на политиките за откривање на сите извори на родова нееднаквост во институционалните, регулаторните, образовните и традиционалните норми“.

The post Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18 отсто од БДП годишно appeared first on Република.

]]>

Земјите од регионот на Западен Балкан секоја година губат околу 18 отсто од БДП, поради родовиот јаз на пазарот на труд, при што две третини од загубата се објаснуваат со ниската стапка на активност на жените, а преостанатиот дел се должи на разликите во изборот на занимања помеѓу мажите и жените, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, повикувајќи се на студија на Светската банка, во своето излагање на панел-дискусијата на тема „Улогата и позицијата на жената во бизнис-светот, предности, предизвици и можности“, во организација на Амбасадата на Словенија во земјава. Таа истакна дека позитивниот ефект од намалувањето на родовиот јаз врз растот не би произлегол само од зголемувањето на работната сила, туку и од различните вештини и карактеристики на жените, кои можат да дадат поинаква квалитативна димензија на пазарот на трудот, како што се внимателноста во однос на ризиците, прагматичноста, емпатијата.
Со подобрувањата во овој сегмент БДП може да се зголеми и до 10% во развиените економии, а дури и до 30% во земјите во развој - порача Ангеловска-Бежоска.
Наведувајќи податоци за ефектите од пандемијата и останатите кризи по неа, гувернерката посочи на непропорционалното влијание врз различни економски и општествени сегменти од последователните кризи. Така, на почетокот на 2021 година, влошувањето кај стапката на вработеност кај жените во споредба со периодот пред пандемијата е значително поголемо во земјите во развој, отколку во развиените економии, што дополнително го продлабочило родовиот јаз во глобални рамки. Ист е и случајот со регионот на Западен Балкан, каде што се забележува посилен пад кај стапката на активност кај жените, којашто се сведе на 41,5% во просек за регионот, во споредба со 61,8% кај мажите. Состојбата во 2022 година се подобрува, малку поизразено кај жените во споредба со подобрувањето кај мажите, но кај нас и во Косово стапките на активност на жените сѐ уште се под нивото од пред пандемијата. Во регионот постои и значителен родов јаз во платите, во интервал од 7 до 16%, којшто кај дел од земјите бележи и тренд на проширување. Гувернерката наведе дека една од причините за понеповолното влијание на пандемијата врз активноста и доходот кај жените во споредба со мажите е што таа силно го погоди услужниот сектор, особено во сегментите коишто се потпираат на социјалната интеракција, како и неформалната економија, каде што присуството на жените е поголемо. Покрај ова, во одредени студии се укажува дека пандемијата уште повеќе ги зголемила и предизвиците на жената во поглед на работното место, па така една од четири жени размислува да се откаже од кариерните планови или да го напушти работното место. Исто така, пониската вработеност и понискиот доход влијаат неповолно и врз пристапот до финансирање кај жените, а со тоа и врз можностите за развојот на претприемаштвото кај жените. Ова е делумно одраз и на пониската финансиска писменост на жената. Гувернерката во своето излагање истакна дека „тековните кризи ja нагласуваат потребата од засилен и холистички пристап од страна на носителите на политиките за откривање на сите извори на родова нееднаквост во институционалните, регулаторните, образовните и традиционалните норми“.

The post Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18 отсто од БДП годишно appeared first on Република.

]]>
Средба на Ангеловска-Бежоска со Мисијата на ММФ: НБ со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sredba-na-angelovska-bezhoska-so-misijata-na-mmf-nb-so-prezemenite-merki-uspeshno-ja-odrzhuva-stabilnosta/ Sat, 10 Jun 2023 13:02:09 +0000 https://republika.mk/?p=649896

Тим на Народната банка, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се сретна со членовите на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Жак Минијан, кои деновиве е во посета на нашата држава. На состанокот присуствуваше и резидентната претставничка на ММФ во земјава, Стефани Ебле.

Како што информираа од НБ, на средбата стана збор за актуелните макроекономски остварувања во земјата, како и за очекувањата и проекциите на Народната банка за следниот период.

Шефот на Мисијата на ММФ, Минијан, истакна дека Народната банка има преземено навремени и соодветни мерки коишто придонесуваат за одржување на финансиската и ценовната стабилност. Затегнувањето на монетарната политика дава резултати, што може да се види од забавувањето на инфлацијата. Сепак, со инфлација којашто сѐ уште е висока и тука, и во странство, треба да се биде претпазлив, со што целосно се согласува и гувернерката. Од друга страна, ММФ ги пофали макропрудентните мерки преземени досега, коишто ја зголемуваат отпорноста на банкарскиот систем на можни ризици. ММФ го оценува банкарскиот систем како здрав и отпорен, со доволен капацитет за справување со можните шокови. Сепак, неизвесноста постои и од клучно значење е да се продолжи со водењето претпазливи политики, се наведува во соопштението.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, од своја страна, се осврна на мерките преземени досега од страна на централната банка, преку затегнување на монетарната политика и системските мерки за зголемување на отпорноста на банкарскиот систем. Притоа, таа посочи на трендот на забавување на инфлацијата, постепеното стабилизирање на инфлациските очекувања, поволниот девизен пазар и сѐ поголемата денаризација на депозитната база на банките, како показатели за ефектите од досегашните мерки.

Билансите на нашите банки се солидни, високо капитализирани и ликвидни и со солиден квалитет на кредитното портфолио. Сепак, и натаму е неопходно будно следење на состојбите и претпазливост, нагласи Ангеловска-Бежоска, истакнувајќи дека банкарскиот сектор и натаму е стабилен.

Во однос на макроекономските проекции на Народната банка, се додава во соопштението, беа истакнати очекувањата за стабилизирање на економскиот раст и умерено забрзување на среден рок, како и за постепено забавување на инфлацијата.

Притоа, се разговараше и за ризиците за проекциите коишто главно произлегуваат од надворешниот сектор, како и за неизвесноста во поглед на идните движења на светските цени на енергијата и храната и интензитетот на пренос врз домашната инфлација. Исто така, беше посочено и на растот на платите, а особено на соодносот со растот на продуктивноста, како елемент што треба внимателно да се следи. Девизните резерви и натаму се соодветни и овозможуваат непречени монетарни реакции заради остварување на основната цел ‒ ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот. На средбата беше изразено задоволство од постојаната соработка помеѓу Народната банка и ММФ, наведуваат од Народната банка.

The post Средба на Ангеловска-Бежоска со Мисијата на ММФ: НБ со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста appeared first on Република.

]]>

Тим на Народната банка, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се сретна со членовите на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Жак Минијан, кои деновиве е во посета на нашата држава. На состанокот присуствуваше и резидентната претставничка на ММФ во земјава, Стефани Ебле. Како што информираа од НБ, на средбата стана збор за актуелните макроекономски остварувања во земјата, како и за очекувањата и проекциите на Народната банка за следниот период. Шефот на Мисијата на ММФ, Минијан, истакна дека Народната банка има преземено навремени и соодветни мерки коишто придонесуваат за одржување на финансиската и ценовната стабилност. Затегнувањето на монетарната политика дава резултати, што може да се види од забавувањето на инфлацијата. Сепак, со инфлација којашто сѐ уште е висока и тука, и во странство, треба да се биде претпазлив, со што целосно се согласува и гувернерката. Од друга страна, ММФ ги пофали макропрудентните мерки преземени досега, коишто ја зголемуваат отпорноста на банкарскиот систем на можни ризици. ММФ го оценува банкарскиот систем како здрав и отпорен, со доволен капацитет за справување со можните шокови. Сепак, неизвесноста постои и од клучно значење е да се продолжи со водењето претпазливи политики, се наведува во соопштението. Гувернерката Ангеловска-Бежоска, од своја страна, се осврна на мерките преземени досега од страна на централната банка, преку затегнување на монетарната политика и системските мерки за зголемување на отпорноста на банкарскиот систем. Притоа, таа посочи на трендот на забавување на инфлацијата, постепеното стабилизирање на инфлациските очекувања, поволниот девизен пазар и сѐ поголемата денаризација на депозитната база на банките, како показатели за ефектите од досегашните мерки. Билансите на нашите банки се солидни, високо капитализирани и ликвидни и со солиден квалитет на кредитното портфолио. Сепак, и натаму е неопходно будно следење на состојбите и претпазливост, нагласи Ангеловска-Бежоска, истакнувајќи дека банкарскиот сектор и натаму е стабилен. Во однос на макроекономските проекции на Народната банка, се додава во соопштението, беа истакнати очекувањата за стабилизирање на економскиот раст и умерено забрзување на среден рок, како и за постепено забавување на инфлацијата. Притоа, се разговараше и за ризиците за проекциите коишто главно произлегуваат од надворешниот сектор, како и за неизвесноста во поглед на идните движења на светските цени на енергијата и храната и интензитетот на пренос врз домашната инфлација. Исто така, беше посочено и на растот на платите, а особено на соодносот со растот на продуктивноста, како елемент што треба внимателно да се следи. Девизните резерви и натаму се соодветни и овозможуваат непречени монетарни реакции заради остварување на основната цел ‒ ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот. На средбата беше изразено задоволство од постојаната соработка помеѓу Народната банка и ММФ, наведуваат од Народната банка.

The post Средба на Ангеловска-Бежоска со Мисијата на ММФ: НБ со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Народната банка прави напори за поповолен амбиент за инвестирање во обновлива енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-narodnata-banka-pravi-napori-za-popovolen-ambient-za-investirane-vo-obnovliva-energija/ Thu, 09 Mar 2023 10:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=617623

Со подлабоки и побрзи реформи и зајакнување на одржливоста на домашниот енергетски сектор може да се постигне значително ублажување на ценовните притисоци од енергетската криза, но и да се ублажат притисоците во трговскиот дефицит и девизниот пазар. Народната банка прави напори да обезбеди поповолен амбиент за инвестирање во обновливи извори на енергија, преку повеќе активности, вклучително и изготвување стратегија за поттикнување на „зелените финансии“ и нивен системски пристап за одржување на финансиската стабилност, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Марили“.

Ангеловска-Бежоска во интервјуто посочува дека значителен дел од домашната инфлација во минатата година се должи на растот на цените во енергетската компонента, којашто ги опфаќа цените на струјата за домаќинствата, горивата, топлинската енергија, но и индиректните ефекти од порастот на трошоците за електрична енергија за компаниите, коишто се пренесуваат врз финалните цени на другите производи и услуги.

Централните банки, со својот мандат, немаат директна улога во овој процес. Сепак, Народната банка прави напори да обезбеди поповолен амбиент за инвестирање во обновливи извори на енергија. За таа цел се и промените во инструментот задолжителна резерва, насочени кон поттикнување на финансирањето инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска одржливост. Станува збор за нестандардна мерка со која се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори, вели гувернерката.

Во интервјуто Ангеловска-Бежоска најавува дека Народната банка е во завршна фаза на изготвување на стратегијата за поттикнување „зелени финансии“ којашто ќе опфати системски мерки за подигнување на свеста за климатските промени и потребата за нивно намалување преку активностите на финансискиот сектор, истовремено водејќи сметка за одржување и на неговата стабилност и за непречена кредитна поддршка на економската активност.

The post Ангеловска-Бежоска: Народната банка прави напори за поповолен амбиент за инвестирање во обновлива енергија appeared first on Република.

]]>

Со подлабоки и побрзи реформи и зајакнување на одржливоста на домашниот енергетски сектор може да се постигне значително ублажување на ценовните притисоци од енергетската криза, но и да се ублажат притисоците во трговскиот дефицит и девизниот пазар. Народната банка прави напори да обезбеди поповолен амбиент за инвестирање во обновливи извори на енергија, преку повеќе активности, вклучително и изготвување стратегија за поттикнување на „зелените финансии“ и нивен системски пристап за одржување на финансиската стабилност, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Марили“. Ангеловска-Бежоска во интервјуто посочува дека значителен дел од домашната инфлација во минатата година се должи на растот на цените во енергетската компонента, којашто ги опфаќа цените на струјата за домаќинствата, горивата, топлинската енергија, но и индиректните ефекти од порастот на трошоците за електрична енергија за компаниите, коишто се пренесуваат врз финалните цени на другите производи и услуги. Централните банки, со својот мандат, немаат директна улога во овој процес. Сепак, Народната банка прави напори да обезбеди поповолен амбиент за инвестирање во обновливи извори на енергија. За таа цел се и промените во инструментот задолжителна резерва, насочени кон поттикнување на финансирањето инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска одржливост. Станува збор за нестандардна мерка со која се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори, вели гувернерката. Во интервјуто Ангеловска-Бежоска најавува дека Народната банка е во завршна фаза на изготвување на стратегијата за поттикнување „зелени финансии“ којашто ќе опфати системски мерки за подигнување на свеста за климатските промени и потребата за нивно намалување преку активностите на финансискиот сектор, истовремено водејќи сметка за одржување и на неговата стабилност и за непречена кредитна поддршка на економската активност.

The post Ангеловска-Бежоска: Народната банка прави напори за поповолен амбиент за инвестирање во обновлива енергија appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска ‒ Филипиду: Преку соодветни политики, Народната банка ја задржа финансиската стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-filipidu-preku-soodvetni-politiki-narodnata-banka-ja-zadrzha-finansiskata-stabilnost/ Thu, 26 Jan 2023 13:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=601299

Преку водење соодветни политики, Народна банка ја задржа финансиската стабилност, односно стабилноста на банкарскиот сектор, што е важен предуслов за постигнување здрав и одржлив економски раст. При присуство на ризици, важно е да се продолжи со претпазливи политики и натамошно зајакнување на отпорноста, оценија на заедничката средба гувернерката на НБ Анита Ангеловска-Бежоска и новоименуваната грчка амбасадорка во земјава, Софија Филипиду.

На средбата е истакнато дека Народната банка постојано и системски ја зајакнува регулаторната и супервизорската рамка, што придонело за стабилен и здрав банкарски сектор во услови на криза.

И Европската комисија донесе одлука со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со стандардите на Европската Унија, по примерот на земји како САД, Канада, Јапонија и Нов Зеланд, коишто ги исполнуваат овие стандарди. За време на последната криза беа преземени и дополнителни макропрудентни мерки, како воведување противцикличен заштитен слој на капиталот, заради дополнително зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор, се наведува во соопштението од Народна банка.

Банкарскиот сектор, како што се посочува, во текот на целата криза, ѝ дава значителна поддршка на економијата. Минатата година, вкупната кредитна поддршка е искачена на 9,4 проценти, особено кај корпоративниот сектор каде што достигна 11,5 проценти.

Притоа, особено е важно дека кредитната поддршка е обезбедена при задржана стабилност на банкарскиот систем. Според последните податоци, стапката на адекватност на капиталот се зголеми достигнувајќи 17,7 проценти, а нефункционалните кредити се задржуваат на ниски нивоа (3,3 проценти). Сепак, ризиците постојат и неопходно е натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, се вели во соопштението.

Соговорниците разговарале и за тековната економска состојба и за глобалните и домашните макроекономски предизвици. Гувернерката ја истакнала заложбата на Народната банка за обезбедување среднорочна ценовна стабилност, за да се осигури попредвидлив и стабилен амбиент, поволен за среднорочен раст на економијата.

The post Ангеловска-Бежоска ‒ Филипиду: Преку соодветни политики, Народната банка ја задржа финансиската стабилност appeared first on Република.

]]>

Преку водење соодветни политики, Народна банка ја задржа финансиската стабилност, односно стабилноста на банкарскиот сектор, што е важен предуслов за постигнување здрав и одржлив економски раст. При присуство на ризици, важно е да се продолжи со претпазливи политики и натамошно зајакнување на отпорноста, оценија на заедничката средба гувернерката на НБ Анита Ангеловска-Бежоска и новоименуваната грчка амбасадорка во земјава, Софија Филипиду. На средбата е истакнато дека Народната банка постојано и системски ја зајакнува регулаторната и супервизорската рамка, што придонело за стабилен и здрав банкарски сектор во услови на криза. И Европската комисија донесе одлука со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со стандардите на Европската Унија, по примерот на земји како САД, Канада, Јапонија и Нов Зеланд, коишто ги исполнуваат овие стандарди. За време на последната криза беа преземени и дополнителни макропрудентни мерки, како воведување противцикличен заштитен слој на капиталот, заради дополнително зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор, се наведува во соопштението од Народна банка. Банкарскиот сектор, како што се посочува, во текот на целата криза, ѝ дава значителна поддршка на економијата. Минатата година, вкупната кредитна поддршка е искачена на 9,4 проценти, особено кај корпоративниот сектор каде што достигна 11,5 проценти. Притоа, особено е важно дека кредитната поддршка е обезбедена при задржана стабилност на банкарскиот систем. Според последните податоци, стапката на адекватност на капиталот се зголеми достигнувајќи 17,7 проценти, а нефункционалните кредити се задржуваат на ниски нивоа (3,3 проценти). Сепак, ризиците постојат и неопходно е натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, се вели во соопштението. Соговорниците разговарале и за тековната економска состојба и за глобалните и домашните макроекономски предизвици. Гувернерката ја истакнала заложбата на Народната банка за обезбедување среднорочна ценовна стабилност, за да се осигури попредвидлив и стабилен амбиент, поволен за среднорочен раст на економијата.

The post Ангеловска-Бежоска ‒ Филипиду: Преку соодветни политики, Народната банка ја задржа финансиската стабилност appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Банките останаа отпорни и покрај двете последователни кризи, „зеленото финансирање“ важен приоритет https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-bankite-ostanaa-otporni-i-pokraj-dvete-posledovatelni-krizi-zelenoto-finansiranje-vazen-prioritet/ Sun, 30 Oct 2022 09:02:58 +0000 https://republika.mk/?p=567311

Банкарскиот систем во регионот остана отпорен и покрај предизвиците во текот на здравствената и тековната криза, поради претходно соодветно поставените регулаторни заштити и механизми, оцени гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на гувернерската панел –дискусија што во рамки на 16. Годишна конференција ја организираше Банката на Албанија со Лондонската школа за економија и политички науки.

Говорејќи за капиталните и ликвидносни заштитни слоеви, гувернерката потенцира дека кај банките во регионот заклучно со второто тримесечје од годинава, адекватноста на капиталот во просек изнесува 18,3 проценти, што е непроменето во однос на нивоата пред пандемијата во декември 2019 година, а во некои земји е дури и повисоко.

Ангеловска-Бежоска се осврна и на реформите поврзани со „позеленување на финансискиот сектор“ притоа посочувајќи дека носителите на политиките треба да се фокусираат на понатамошно одржување на реформската агенда за усогласување на финансиските системи во регионот со меѓународните стандарди, при што, „зеленото финансирање“ треба да биде важен приоритет.

Во тој контекст, Ангеловска-Бежоска посочи на оценките на меѓународните институции. Така, „ММФ проценува дека природните катастрофи поврзани со климатските промени го намалуваат растот во просек за 0,4 п.п., па дури и до 0,7 п.п. во помалку развиените економии, а се проценува дека негативниот ефект во наредниот период ќе биде уште поголем, особено во помалку развиени економии, коешто бара енергични активности не само од креаторите на политиките, туку и од целата меѓународна заедница“.

Говорејќи за улогата на регулаторите за поттикнување на „зелена“ компонента во финансиите, гувернерката истакна дека Народната банка ги поставила зелените финансии како една од стратегиските цели.

Имајќи јасна и цврста определба, Народната банка стана членка на Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем, во која централните банки и супервизорските институции придонесуваат за развој на управувањето со ризиците во финансискиот сектор коишто произлегуваат од климатските промени. Делувајќи проактивно, Народната банка спроведе Анкета за ризиците од климатските промени чии резултати укажаа на се поголемата застапеност на зелените кредити, како и се позастапеното воведување нови производи и услуги како реакција на климатските промени. Поддржувајќи ја „зелената агенда“, централната банка воспостави редовен систем на прибирање подетални податоци за зеленото финансирање и започна да објавува и квартални податоци за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва. Едновремено, се вложуваат напори за осмислување монетарни мерки за развој на „зелена“ компонента во финансиите во македонската економија, истакна гувернерката.

На конференцијата учествуваа високи претставници од централните банки, претставници од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, академската заедница, банкарството и финансиските системи.

The post Ангеловска-Бежоска: Банките останаа отпорни и покрај двете последователни кризи, „зеленото финансирање“ важен приоритет appeared first on Република.

]]>

Банкарскиот систем во регионот остана отпорен и покрај предизвиците во текот на здравствената и тековната криза, поради претходно соодветно поставените регулаторни заштити и механизми, оцени гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на гувернерската панел –дискусија што во рамки на 16. Годишна конференција ја организираше Банката на Албанија со Лондонската школа за економија и политички науки. Говорејќи за капиталните и ликвидносни заштитни слоеви, гувернерката потенцира дека кај банките во регионот заклучно со второто тримесечје од годинава, адекватноста на капиталот во просек изнесува 18,3 проценти, што е непроменето во однос на нивоата пред пандемијата во декември 2019 година, а во некои земји е дури и повисоко. Ангеловска-Бежоска се осврна и на реформите поврзани со „позеленување на финансискиот сектор“ притоа посочувајќи дека носителите на политиките треба да се фокусираат на понатамошно одржување на реформската агенда за усогласување на финансиските системи во регионот со меѓународните стандарди, при што, „зеленото финансирање“ треба да биде важен приоритет. Во тој контекст, Ангеловска-Бежоска посочи на оценките на меѓународните институции. Така, „ММФ проценува дека природните катастрофи поврзани со климатските промени го намалуваат растот во просек за 0,4 п.п., па дури и до 0,7 п.п. во помалку развиените економии, а се проценува дека негативниот ефект во наредниот период ќе биде уште поголем, особено во помалку развиени економии, коешто бара енергични активности не само од креаторите на политиките, туку и од целата меѓународна заедница“. Говорејќи за улогата на регулаторите за поттикнување на „зелена“ компонента во финансиите, гувернерката истакна дека Народната банка ги поставила зелените финансии како една од стратегиските цели. Имајќи јасна и цврста определба, Народната банка стана членка на Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем, во која централните банки и супервизорските институции придонесуваат за развој на управувањето со ризиците во финансискиот сектор коишто произлегуваат од климатските промени. Делувајќи проактивно, Народната банка спроведе Анкета за ризиците од климатските промени чии резултати укажаа на се поголемата застапеност на зелените кредити, како и се позастапеното воведување нови производи и услуги како реакција на климатските промени. Поддржувајќи ја „зелената агенда“, централната банка воспостави редовен систем на прибирање подетални податоци за зеленото финансирање и започна да објавува и квартални податоци за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва. Едновремено, се вложуваат напори за осмислување монетарни мерки за развој на „зелена“ компонента во финансиите во македонската економија, истакна гувернерката. На конференцијата учествуваа високи претставници од централните банки, претставници од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, академската заедница, банкарството и финансиските системи.

The post Ангеловска-Бежоска: Банките останаа отпорни и покрај двете последователни кризи, „зеленото финансирање“ важен приоритет appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Стабилизирањето на инфлациските очекувања е приоритет за централните банки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-stabiliziranjeto-na-inflaciskite-ochekuvanja-e-prioritet-za-centralnite-banki/ Fri, 21 Oct 2022 10:25:16 +0000 https://republika.mk/?p=563985

Централните банки и политиките коишто ги водат тие мора да бидат посветени на среднорочната стабилност на цените. Во услови на висока инфлација и инфлациски очекувања, монетарните власти немаат многу простор да им се посветат на другите цели надвор од нивниот основен мандат, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторски текст за угледниот српски неделник „Нин“.

Таа посочува дека поради големата трговска отвореност на земјите од Западен Балкан, глобалните движења на цените имаат силно влијание врз инфлацијата во регионот, којашто во просек достигна 13,5 отсто. Иако производниот јаз во многу економии во регионот и натаму е негативен, инфлациските очекувања се под влијание на долготрајниот пораст на влезните трошоци, цените на храната и на знаците за преносните ефекти врз останатите цени.

Централните банки ќе мора да управуваат со инфлациските очекувања во сè понеизвесните економски услови, надополнети со геополитичките фактори. Колку подолго има висока инфлација, толку е поголем ризикот во однос на инфлациските очекувања, кредибилитетот на политиките и отворањето на спиралата на платите и цените. Затоа, повеќе од сигурно е дека на глобален план го напуштаме амбиентот на ниски каматни стапки. Големите централни банки коишто ги диктираат условите за глобално финансирање, како ФЕД и ЕЦБ, веќе започнаа со затегнување на монетарната политика, а нивниот пример го следат и другите централни банки. Дел од централните банки во регионот доста агресивно ја затегнуваат монетарната политика, додека друг дел преземаат поумерени чекори. Ова укажува дека настрана од глобалните фактори, спецификите на националните економии ја условуваат поставеноста на монетарната политика. Главниот предизвик е да се избегне премногу проциклична монетарна политика и прекумерни трошоци за реалната економија и на тој начин да се зголемат ризиците за финансиската стабилност. Во оваа неизвесност, еден од најважните столбови на политиката на централните банки е навремената и ефективна комуникација со јавноста - пишува гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката понатаму посочува дека во овој макроекономски контекст многу е важно да се задржи вниманието кон спроведувањето на структурните реформи, коишто се клучни за подигнување на потенцијалот за раст и зајакнување на отпорноста на економијата. Таа наведува дека голем број од предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот денес се резултат на бавното спроведување на структурните реформи во минатото.

The post Ангеловска-Бежоска: Стабилизирањето на инфлациските очекувања е приоритет за централните банки appeared first on Република.

]]>

Централните банки и политиките коишто ги водат тие мора да бидат посветени на среднорочната стабилност на цените. Во услови на висока инфлација и инфлациски очекувања, монетарните власти немаат многу простор да им се посветат на другите цели надвор од нивниот основен мандат, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторски текст за угледниот српски неделник „Нин“. Таа посочува дека поради големата трговска отвореност на земјите од Западен Балкан, глобалните движења на цените имаат силно влијание врз инфлацијата во регионот, којашто во просек достигна 13,5 отсто. Иако производниот јаз во многу економии во регионот и натаму е негативен, инфлациските очекувања се под влијание на долготрајниот пораст на влезните трошоци, цените на храната и на знаците за преносните ефекти врз останатите цени.
Централните банки ќе мора да управуваат со инфлациските очекувања во сè понеизвесните економски услови, надополнети со геополитичките фактори. Колку подолго има висока инфлација, толку е поголем ризикот во однос на инфлациските очекувања, кредибилитетот на политиките и отворањето на спиралата на платите и цените. Затоа, повеќе од сигурно е дека на глобален план го напуштаме амбиентот на ниски каматни стапки. Големите централни банки коишто ги диктираат условите за глобално финансирање, како ФЕД и ЕЦБ, веќе започнаа со затегнување на монетарната политика, а нивниот пример го следат и другите централни банки. Дел од централните банки во регионот доста агресивно ја затегнуваат монетарната политика, додека друг дел преземаат поумерени чекори. Ова укажува дека настрана од глобалните фактори, спецификите на националните економии ја условуваат поставеноста на монетарната политика. Главниот предизвик е да се избегне премногу проциклична монетарна политика и прекумерни трошоци за реалната економија и на тој начин да се зголемат ризиците за финансиската стабилност. Во оваа неизвесност, еден од најважните столбови на политиката на централните банки е навремената и ефективна комуникација со јавноста - пишува гувернерката Ангеловска-Бежоска.
Гувернерката понатаму посочува дека во овој макроекономски контекст многу е важно да се задржи вниманието кон спроведувањето на структурните реформи, коишто се клучни за подигнување на потенцијалот за раст и зајакнување на отпорноста на економијата. Таа наведува дека голем број од предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот денес се резултат на бавното спроведување на структурните реформи во минатото.

The post Ангеловска-Бежоска: Стабилизирањето на инфлациските очекувања е приоритет за централните банки appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Војната во Украина ќе предизвика побавно економско закрепнување од пандемијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-vojnata-vo-ukraina-kje-predizvika-pobavno-ekonomsko-zakrepnuvanje-od-pandemijata/ Wed, 18 May 2022 09:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=503750

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави најновите, априлски, макроекономски проекции на Народната банка, пред меѓународната заедница – дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните институции. На настанот присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН (УНДП), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Унгарија, Словачка, Обединетото Кралство, Бугарија, САД, Холандија, Кина, Австрија, Хрватска, Германија, Словенија, Италија, Франција, Србија, Швајцарија, Шпанија и Косово.

На презентацијата, гувернерката посочи дека војната во Украина предизвика силни ценовни притисоци на меѓународните пазари на примарни производи, како и неизвесност за глобалните економски изгледи. Како мала и отворена економија, којашто е дел од глобалниот трговски и финансиски систем, ние не сме имуни на овие движења и согласно со тоа во најновите проекции е направена надолна ревизија на годинешниот раст, со проекција за раст на БДП од 2,9%, додека очекувањата за годишната инфлација се повисоки, со стапка од 8,8%. Таа посочи дека поради високата неизвесност, проекциите на меѓународните финансиски институции варираат, но главно за оваа година ревизиите за растот се надолни, а за инфлацијата нагорни.

На среден рок се очекува извесна стабилизација на економските показатели. Во однос на ценовните движења, очекувањата се дека инфлацијата би почнала умерено да забавува во втората половина на 2022 година, како резултат на стабилизирање на цените на примарните производи. Веќе следната година значително би забавил ценовниот раст, пред сѐ како резултат на проекциите за пад на цените на енергентите и на храната на светските берзи, од меѓународните финансиски организации. Со тоа, за 2023 година, се очекува дека стапката на инфлација ќе забави и ќе се сведе на 3%. На среден рок, проекцијата е дека инфлацијата ќе се движи околу 2%, во просек.

За 2023 година се очекува раст на домашната економија од 3,6%, во согласност со очекувањата за стабилизирање на кризата и на ценовните притисоци, закрепнување на странската побарувачка и намалување на проблемите со синџирите на снабдување во следната година. На среден рок, се очекува задржување на солидниот економски раст, со реална стапка од 4% во 2024 година.

Проекциите се дека банкарскиот сектор и натаму ќе биде важна поддршка за економијата. За 2022 година се очекува кредитен раст од 7,7%, а со слична динамика би продолжил и во следниот период, односно во периодот 2023 ‒ 2024 година во просек би изнесувал 7,6%. Растот на депозитите во 2022 година би изнесувал 5%, додека во следниот период умерено би забрзал и би достигнал 7,5% во просек во периодот 2023 ‒ 2024 година.

The post Ангеловска-Бежоска: Војната во Украина ќе предизвика побавно економско закрепнување од пандемијата appeared first on Република.

]]>

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави најновите, априлски, макроекономски проекции на Народната банка, пред меѓународната заедница – дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните институции. На настанот присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН (УНДП), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Унгарија, Словачка, Обединетото Кралство, Бугарија, САД, Холандија, Кина, Австрија, Хрватска, Германија, Словенија, Италија, Франција, Србија, Швајцарија, Шпанија и Косово. На презентацијата, гувернерката посочи дека војната во Украина предизвика силни ценовни притисоци на меѓународните пазари на примарни производи, како и неизвесност за глобалните економски изгледи. Како мала и отворена економија, којашто е дел од глобалниот трговски и финансиски систем, ние не сме имуни на овие движења и согласно со тоа во најновите проекции е направена надолна ревизија на годинешниот раст, со проекција за раст на БДП од 2,9%, додека очекувањата за годишната инфлација се повисоки, со стапка од 8,8%. Таа посочи дека поради високата неизвесност, проекциите на меѓународните финансиски институции варираат, но главно за оваа година ревизиите за растот се надолни, а за инфлацијата нагорни. На среден рок се очекува извесна стабилизација на економските показатели. Во однос на ценовните движења, очекувањата се дека инфлацијата би почнала умерено да забавува во втората половина на 2022 година, како резултат на стабилизирање на цените на примарните производи. Веќе следната година значително би забавил ценовниот раст, пред сѐ како резултат на проекциите за пад на цените на енергентите и на храната на светските берзи, од меѓународните финансиски организации. Со тоа, за 2023 година, се очекува дека стапката на инфлација ќе забави и ќе се сведе на 3%. На среден рок, проекцијата е дека инфлацијата ќе се движи околу 2%, во просек. За 2023 година се очекува раст на домашната економија од 3,6%, во согласност со очекувањата за стабилизирање на кризата и на ценовните притисоци, закрепнување на странската побарувачка и намалување на проблемите со синџирите на снабдување во следната година. На среден рок, се очекува задржување на солидниот економски раст, со реална стапка од 4% во 2024 година. Проекциите се дека банкарскиот сектор и натаму ќе биде важна поддршка за економијата. За 2022 година се очекува кредитен раст од 7,7%, а со слична динамика би продолжил и во следниот период, односно во периодот 2023 ‒ 2024 година во просек би изнесувал 7,6%. Растот на депозитите во 2022 година би изнесувал 5%, додека во следниот период умерено би забрзал и би достигнал 7,5% во просек во периодот 2023 ‒ 2024 година.

The post Ангеловска-Бежоска: Војната во Украина ќе предизвика побавно економско закрепнување од пандемијата appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска – Ван Гелдер: Монетарната политика е соодветна и помага за ублажување на ефектите врз економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-van-gelder-monetarnata-politika-e-soodvetna-i-pomaga-za-ublazuvanje-na-efektite-vrz-ekonomijata/ Thu, 10 Mar 2022 08:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=470381

Народната банка води приспособлива монетарната политика во изминатиот период, заради ублажување на ефектите од здравствената криза врз економијата. Во последниот период сите се соочуваме со нови макроекономски услови коишто се карактеризираат со значително зголемено ниво на цените на енергентите и прехранбените продукти, што се нагласува дополнително со тековната безбедносна криза.

 

Во такви околности, Народната банка внимателно ги следи движењата и прави анализи за преземање мерки коишто ќе овозможат балансирање на ефектите од сѐ повисоките цени, со потребата од одржување соодветна поддршка на економијата. Македонскиот банкарски систем го има капацитетот да се справи со евентуални шокови, а истовремено да му пружи солидна кредитна поддршка на реалниот сектор.

Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и регионалната директорка на Светската банка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер, на која присуствуваше и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека внимателно се следат факторите коишто придонесуваат за зголемување на цените во домашната економија. Притоа, со тековната состојба во Украина значително се зголемија неизвесноста и променливоста на движењата на меѓународните финансиски пазари. Во однос на поставеноста на монетарната политика, таа посочи дека вниманието на Народната банка е насочено кон одржување соодветен баланс на поставеноста на монетарната политика којшто ќе ја поддржи економијата, со истовремено одржување на ценовната стабилност и стабилноста на домашната валута.

Директорката Ван Гелдер заклучи дека на глобално ниво се воочува значителен макроекономски шок којшто ќе има последици за глобалната економија. Ова ќе има влијание и врз македонската економија, при што според неа, треба да се осмислат соодветни политики коишто ќе ја поддржат економијата. Воедно, неопходно е да се продолжи со примената на политиките коишто овозможуваат соодветни структурни промени на домашната економија.

Светската банка е присутна долги години со проекти коишто му даваат значителна поддршка на економскиот раст и развој на државата, а очекувањата се дека и понатаму активно ќе поддржува проекти со коишто се постигнува економска благосостојба.

The post Ангеловска-Бежоска – Ван Гелдер: Монетарната политика е соодветна и помага за ублажување на ефектите врз економијата appeared first on Република.

]]>

Народната банка води приспособлива монетарната политика во изминатиот период, заради ублажување на ефектите од здравствената криза врз економијата. Во последниот период сите се соочуваме со нови макроекономски услови коишто се карактеризираат со значително зголемено ниво на цените на енергентите и прехранбените продукти, што се нагласува дополнително со тековната безбедносна криза.   Во такви околности, Народната банка внимателно ги следи движењата и прави анализи за преземање мерки коишто ќе овозможат балансирање на ефектите од сѐ повисоките цени, со потребата од одржување соодветна поддршка на економијата. Македонскиот банкарски систем го има капацитетот да се справи со евентуални шокови, а истовремено да му пружи солидна кредитна поддршка на реалниот сектор.
Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и регионалната директорка на Светската банка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер, на која присуствуваше и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи. Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека внимателно се следат факторите коишто придонесуваат за зголемување на цените во домашната економија. Притоа, со тековната состојба во Украина значително се зголемија неизвесноста и променливоста на движењата на меѓународните финансиски пазари. Во однос на поставеноста на монетарната политика, таа посочи дека вниманието на Народната банка е насочено кон одржување соодветен баланс на поставеноста на монетарната политика којшто ќе ја поддржи економијата, со истовремено одржување на ценовната стабилност и стабилноста на домашната валута. Директорката Ван Гелдер заклучи дека на глобално ниво се воочува значителен макроекономски шок којшто ќе има последици за глобалната економија. Ова ќе има влијание и врз македонската економија, при што според неа, треба да се осмислат соодветни политики коишто ќе ја поддржат економијата. Воедно, неопходно е да се продолжи со примената на политиките коишто овозможуваат соодветни структурни промени на домашната економија. Светската банка е присутна долги години со проекти коишто му даваат значителна поддршка на економскиот раст и развој на државата, а очекувањата се дека и понатаму активно ќе поддржува проекти со коишто се постигнува економска благосостојба.

The post Ангеловска-Бежоска – Ван Гелдер: Монетарната политика е соодветна и помага за ублажување на ефектите врз економијата appeared first on Република.

]]>