Анита Ангеловска-Бежоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anita-angelovska-bezoska/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 20:46:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анита Ангеловска-Бежоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anita-angelovska-bezoska/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова на средба со гувернерките на централните банки од регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-sredba-so-guvernerkite-na-tsentralnite-banki-od-regionot/ Tue, 01 Oct 2024 20:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=821525

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерките на централните банки од регионот: Ирена Радовиќ на Црна Гора и Јасмина Селимовиќ на Босна и Херцеговина, кои учествуваа на конференцијата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: Покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што во организација на Народната банка на Република Македонија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, се одржа денеска во Скопје.

На средбата се разговараше за улогата на жените на раководни позиции и перспективите за ефективно управување и носење одлуки, поттикнувајќи ги иновациите и продуктивноста, а особено нивниот пристап кон социјалните прашања, преку политиките коишто застапуваат еднаквост и образование.

Соговорничките посочија дека зголемувањето на учеството на жените на раководни позиции не е само прашање на правичност, туку и стратегиска предност за создавање поурамнотежени и напредни економии и дека женското лидерство е од клучно значење за поттикнување инклузивен економски раст и општествен развој.

Претседателката Сиљановска Давкова, нагласувајќи дека жените на челни позиции во финансискиот сектор носат голема одговорност, порача дека тие претставуваат пример и инспирација за сите други жени кои го бараат своето место во општеството да ја постигнат својата професионална цел и кариера.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на средба со гувернерките на централните банки од регионот appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерките на централните банки од регионот: Ирена Радовиќ на Црна Гора и Јасмина Селимовиќ на Босна и Херцеговина, кои учествуваа на конференцијата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: Покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што во организација на Народната банка на Република Македонија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, се одржа денеска во Скопје. На средбата се разговараше за улогата на жените на раководни позиции и перспективите за ефективно управување и носење одлуки, поттикнувајќи ги иновациите и продуктивноста, а особено нивниот пристап кон социјалните прашања, преку политиките коишто застапуваат еднаквост и образование. Соговорничките посочија дека зголемувањето на учеството на жените на раководни позиции не е само прашање на правичност, туку и стратегиска предност за создавање поурамнотежени и напредни економии и дека женското лидерство е од клучно значење за поттикнување инклузивен економски раст и општествен развој. Претседателката Сиљановска Давкова, нагласувајќи дека жените на челни позиции во финансискиот сектор носат голема одговорност, порача дека тие претставуваат пример и инспирација за сите други жени кои го бараат своето место во општеството да ја постигнат својата професионална цел и кариера.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на средба со гувернерките на централните банки од регионот appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра за земјите од Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-pristapuvaneto-vo-sepa-ke-donese-zashteda-od-polovina-milijarda-evra-za-zemjite-od-zapaden-balkan/ Sun, 28 Jul 2024 09:20:36 +0000 https://republika.mk/?p=800967

Доставувањето на барањето за членство во Единствената област за плаќања во евра, СЕПА e историски исчекор, којшто ќе донесе голем број придобивки, бидејќи ќе овозможува пристап до европскиот платежен систем и користење на придобивките од тој систем пред земјата да стане членка на ЕУ, истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Во интервју за Македонската радио телевизија посочува дека значајно ќе се намалат трошоците за прекуграничните трансакции со пристапувањето во СЕПА, а придобивките за граѓаните и за компаниите ќе бидат големи, а тоа ќе значи покрај поевтин и побрз, безбеден, едноставен и ефикасен начин за безготовински плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА (36 земји).

Според студија на Светска банка прекуграничните плаќања во регионот на Западен Балкан, како што велигувернерката, се до 6 пати поскапи од плаќањата во ЕУ, а подолг е и нивниот период на извршување, а со влезот во СЕПА тоа ќе се промени.

-Тековно за да се изврши едно меѓународно плаќање потребни се најмалку неколку дена, а членството ќе значи плаќање, односно реализирање на платежните трансакции во тек на еден ден, а доколку се работи за користење на инстант платежен систем тогаш дури и за само 10-тина секунди ќе може да се реализира плаќањето. Поконкретно ако се фокусирам на граѓаните, ова особено ќе биде значајно за дознаките, бидејќи тие кај нас, па и во регионот на Западен Балкан играат значајна улога во економијата, достигнувајќи дури и до 15 отстп од БДП. Според Светска банка трошоците за извршување на дознаките можат да се преполоват на ниво од околу 3 отсто, а сето тоа на ниво на регион на Западен Балкан може да резултира со заштеди од дури половина милијарди евра, посочува гувернерка Ангеловска-Бежоска.

Нагласува дека брзината на трансферот на средствата е особено важна за компаниите при носењето на бизнис одлуките.

-Во однос на компаниите, брзината и намалувањето на трошоците се многу значајни  елементи коишто можат да ја поттикнат уште повеќе трговијата, инвестициите , секако тоа на крај да резултира со повисок економски раст. Дури има проценки дека овој процес може да ја намали и сивата економија за 2 процентни поени во регионот на Западен Балкан, потенцира Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката посочи дека изминативе години Народната банка во соработка со Министерството за финансии, Управата за спречување на перење на пари и други институции интензивно работеше на усогласување на нашата регулатива со европската. Најголем исчекор е направен со Законот за платежни услуги и платежни системи којшто беше усвоен минатата година.

-Но, она што останува да се финализира е усвојување на измени на Законот за спречување на перење на пари, коишто впрочем се и веќе подготвени, се во фаза на финализација. Доколку ова се реализира во скоро време, се усвојат од страна на Собранието измените на овој Закон, мислам дека може да се надеваме на позитивен исход до крајот од оваа година, вели Ангеловска-Бежоска.

The post Ангеловска-Бежоска: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра за земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Доставувањето на барањето за членство во Единствената област за плаќања во евра, СЕПА e историски исчекор, којшто ќе донесе голем број придобивки, бидејќи ќе овозможува пристап до европскиот платежен систем и користење на придобивките од тој систем пред земјата да стане членка на ЕУ, истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Во интервју за Македонската радио телевизија посочува дека значајно ќе се намалат трошоците за прекуграничните трансакции со пристапувањето во СЕПА, а придобивките за граѓаните и за компаниите ќе бидат големи, а тоа ќе значи покрај поевтин и побрз, безбеден, едноставен и ефикасен начин за безготовински плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА (36 земји). Според студија на Светска банка прекуграничните плаќања во регионот на Западен Балкан, како што велигувернерката, се до 6 пати поскапи од плаќањата во ЕУ, а подолг е и нивниот период на извршување, а со влезот во СЕПА тоа ќе се промени. -Тековно за да се изврши едно меѓународно плаќање потребни се најмалку неколку дена, а членството ќе значи плаќање, односно реализирање на платежните трансакции во тек на еден ден, а доколку се работи за користење на инстант платежен систем тогаш дури и за само 10-тина секунди ќе може да се реализира плаќањето. Поконкретно ако се фокусирам на граѓаните, ова особено ќе биде значајно за дознаките, бидејќи тие кај нас, па и во регионот на Западен Балкан играат значајна улога во економијата, достигнувајќи дури и до 15 отстп од БДП. Според Светска банка трошоците за извршување на дознаките можат да се преполоват на ниво од околу 3 отсто, а сето тоа на ниво на регион на Западен Балкан може да резултира со заштеди од дури половина милијарди евра, посочува гувернерка Ангеловска-Бежоска. Нагласува дека брзината на трансферот на средствата е особено важна за компаниите при носењето на бизнис одлуките. -Во однос на компаниите, брзината и намалувањето на трошоците се многу значајни  елементи коишто можат да ја поттикнат уште повеќе трговијата, инвестициите , секако тоа на крај да резултира со повисок економски раст. Дури има проценки дека овој процес може да ја намали и сивата економија за 2 процентни поени во регионот на Западен Балкан, потенцира Ангеловска-Бежоска. Гувернерката посочи дека изминативе години Народната банка во соработка со Министерството за финансии, Управата за спречување на перење на пари и други институции интензивно работеше на усогласување на нашата регулатива со европската. Најголем исчекор е направен со Законот за платежни услуги и платежни системи којшто беше усвоен минатата година. -Но, она што останува да се финализира е усвојување на измени на Законот за спречување на перење на пари, коишто впрочем се и веќе подготвени, се во фаза на финализација. Доколку ова се реализира во скоро време, се усвојат од страна на Собранието измените на овој Закон, мислам дека може да се надеваме на позитивен исход до крајот од оваа година, вели Ангеловска-Бежоска.

The post Ангеловска-Бежоска: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра за земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Со приклучувањето кон СЕПА до поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-so-prikluchuvaneto-kon-sepa-do-poevtini-i-pobrzi-prekugranichni-plakana-vo-evra/ Tue, 09 Jul 2024 09:58:06 +0000 https://republika.mk/?p=794879

Народната банка се подготвува до Европскиот совет за плаќања да ја поднесе апликацијата за пристапување на земјава во Единствената област за плаќања во евра – СЕПА што ќе им овозможи на граѓаните и компаниите да добијат поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра.

СЕПА е иницијатива на Европската банкарска и платежна индустрија претставувана од Европскиот совет за плаќања, поддржана од Европската комисија и другите институции на Европската Унија (ЕУ) и Евросистемот, за зголемување на ефикасноста на плаќањата во еврa и натамошен развој и продлабочување на заедничкиот европски пазар.

Граѓаните и фирмите од земјите членки можат да вршат безготовински плаќања во евра, преку кредитни трансфери, вклучувајќи и инстант плаќања и директни задолжувања во било која земја-членка на СЕПА на брз, безбеден и ефикасен начин и по исти трошоци како и домашните плаќања.

Со пристапувањето на земјава кон СЕПА, граѓаните и компаниите ќе имаат помали трошоци за прекуграничните трансакции коишто ќе можат да ги извршат во рок од еден работен ден, а кај инстант плаќањата, преносот на парични средства ќе се извршува за најмногу 10 секунди во било кое време од денот, за викенди и за празници.

За граѓаните и претпријатијата, придружувањето кон СЕПА ќе значи пред сѐ, поевтин, побрз, безбеден, едноставен и ефикасен начин (еднаков на националните плаќања) за безготовински плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА. Клучна придобивка е очекуваното значајно намалување на трошоците за прекуграничните трансакции со овие земји, што е особено значајно за дознаките од иселениците и лицата на привремена работа во странство, кои се важни за македонската економија. Стандардизираните регулативи кои се применуваат во СЕПА придонесуваат и за повисоки нивоа на заштита на потрошувачите и транспарентност, обезбедувајќи еднаков приод кон сите даватели на платежни услуги и по конкурентски цени - појаснува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во изјава за МИА.

Со пристапувањето кон СЕПА, домашните банки ќе станат директни учесници во платните системи кои функционираат во СЕПА што практично значи дека ќе се избегнат т.н. комплексни коресподетни аранжмани што сега ги имаат банките, што пак ќе услови поевтин и побрз пренос на паричните средства. Поточно, сега банките имаат отворено т.н. коресподентски сметки во странските банки на кои чуваат ликвидни средства и во случај кога клиентот сака да направи трансфер на средства на некој примач во странство, преносот на финансиски средства се врши токму од овие сметки доколку примачот има сметка во таа странска банка. Но, честопати примачите се со сметки во банка различна од коресподентната, поради што таа банка ги користи своите коресподентски односи со други банки за пренос на паричните средства до крајниот примач.

„Ова условува потреба од постојано одржување на високо ликвидни средства од страна на банките, кои што вообичаено не се предмет на некаков надоместок, но исто така и повеќе време и трошоци на банките за реализација на плаќањето, а со сето тоа и повисоки трошоци за граѓаните и компаниите“, истакнува Ангеловска- Бежоска.

За компаниите, СЕПА ќе значи зајакнат пристап до пазарот во ЕУ, бидејќи полесно ќе можат да се вклучат во прекуграничната трговија со стоки и услуги во земјите од СЕПА областа. Ефикасноста на плаќањата во СЕПА областа го намалува и користењето на готовина, промовирајќи ја употребата на дигиталните начини на плаќање и поддржувајќи ја транзицијата кон дигитално општество.

Економските текови на нашата земја се силно поврзани со членките на СЕПА. Над две третини (71 проценти) од вредноста на вкупната надворешна трговија на земјата во 2023 година е реализирана со членките на СЕПА, достигнувајќи 101 проценти од бруто домашниот производ на земјата. Најголем број од плаќањата на нашата држава со другите земји се извршуваат во евра. Во 2023 година преку домашните банки 87 проценти од вкупните одливни плаќања, односно 77 проценти од вкупните приливни плаќања со другите држави, се извршени во евра. Со приклучувањето кон СЕПА процедурата за овие плаќања ќе се поедностави и скрати, а со тоа и ќе се намалат трошоците за граѓаните и фирмите - нагласува Ангеловска-Бежоска.

Поднесувањето на апликацијата за пристапување кон СЕПА, според Народната банка, е историски чекор за земјава, кој ќе обезбеди нови, подобри услови за меѓународна соработка, трговија и инвестиции.

The post Ангеловска-Бежоска: Со приклучувањето кон СЕПА до поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра appeared first on Република.

]]>

Народната банка се подготвува до Европскиот совет за плаќања да ја поднесе апликацијата за пристапување на земјава во Единствената област за плаќања во евра – СЕПА што ќе им овозможи на граѓаните и компаниите да добијат поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра. Народната банка се подготвува до Европскиот совет за плаќања да ја поднесе апликацијата за пристапување на земјава во Единствената област за плаќања во евра – СЕПА што ќе им овозможи на граѓаните и компаниите да добијат поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра. СЕПА е иницијатива на Европската банкарска и платежна индустрија претставувана од Европскиот совет за плаќања, поддржана од Европската комисија и другите институции на Европската Унија (ЕУ) и Евросистемот, за зголемување на ефикасноста на плаќањата во еврa и натамошен развој и продлабочување на заедничкиот европски пазар. Граѓаните и фирмите од земјите членки можат да вршат безготовински плаќања во евра, преку кредитни трансфери, вклучувајќи и инстант плаќања и директни задолжувања во било која земја-членка на СЕПА на брз, безбеден и ефикасен начин и по исти трошоци како и домашните плаќања. Со пристапувањето на земјава кон СЕПА, граѓаните и компаниите ќе имаат помали трошоци за прекуграничните трансакции коишто ќе можат да ги извршат во рок од еден работен ден, а кај инстант плаќањата, преносот на парични средства ќе се извршува за најмногу 10 секунди во било кое време од денот, за викенди и за празници.
За граѓаните и претпријатијата, придружувањето кон СЕПА ќе значи пред сѐ, поевтин, побрз, безбеден, едноставен и ефикасен начин (еднаков на националните плаќања) за безготовински плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА. Клучна придобивка е очекуваното значајно намалување на трошоците за прекуграничните трансакции со овие земји, што е особено значајно за дознаките од иселениците и лицата на привремена работа во странство, кои се важни за македонската економија. Стандардизираните регулативи кои се применуваат во СЕПА придонесуваат и за повисоки нивоа на заштита на потрошувачите и транспарентност, обезбедувајќи еднаков приод кон сите даватели на платежни услуги и по конкурентски цени - појаснува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во изјава за МИА.
Со пристапувањето кон СЕПА, домашните банки ќе станат директни учесници во платните системи кои функционираат во СЕПА што практично значи дека ќе се избегнат т.н. комплексни коресподетни аранжмани што сега ги имаат банките, што пак ќе услови поевтин и побрз пренос на паричните средства. Поточно, сега банките имаат отворено т.н. коресподентски сметки во странските банки на кои чуваат ликвидни средства и во случај кога клиентот сака да направи трансфер на средства на некој примач во странство, преносот на финансиски средства се врши токму од овие сметки доколку примачот има сметка во таа странска банка. Но, честопати примачите се со сметки во банка различна од коресподентната, поради што таа банка ги користи своите коресподентски односи со други банки за пренос на паричните средства до крајниот примач.
„Ова условува потреба од постојано одржување на високо ликвидни средства од страна на банките, кои што вообичаено не се предмет на некаков надоместок, но исто така и повеќе време и трошоци на банките за реализација на плаќањето, а со сето тоа и повисоки трошоци за граѓаните и компаниите“, истакнува Ангеловска- Бежоска.
За компаниите, СЕПА ќе значи зајакнат пристап до пазарот во ЕУ, бидејќи полесно ќе можат да се вклучат во прекуграничната трговија со стоки и услуги во земјите од СЕПА областа. Ефикасноста на плаќањата во СЕПА областа го намалува и користењето на готовина, промовирајќи ја употребата на дигиталните начини на плаќање и поддржувајќи ја транзицијата кон дигитално општество.
Економските текови на нашата земја се силно поврзани со членките на СЕПА. Над две третини (71 проценти) од вредноста на вкупната надворешна трговија на земјата во 2023 година е реализирана со членките на СЕПА, достигнувајќи 101 проценти од бруто домашниот производ на земјата. Најголем број од плаќањата на нашата држава со другите земји се извршуваат во евра. Во 2023 година преку домашните банки 87 проценти од вкупните одливни плаќања, односно 77 проценти од вкупните приливни плаќања со другите држави, се извршени во евра. Со приклучувањето кон СЕПА процедурата за овие плаќања ќе се поедностави и скрати, а со тоа и ќе се намалат трошоците за граѓаните и фирмите - нагласува Ангеловска-Бежоска.
Поднесувањето на апликацијата за пристапување кон СЕПА, според Народната банка, е историски чекор за земјава, кој ќе обезбеди нови, подобри услови за меѓународна соработка, трговија и инвестиции.  

The post Ангеловска-Бежоска: Со приклучувањето кон СЕПА до поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска- Ангеловска Бежоска: Координиран пристап во водење на монетарната и фискалната политика фактор за стабилност и економски раст https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-angelovska-bezhoska-koordiniran-pristap-vo-vodene-na-monetarnata-i-fiskalnata-politika-faktor-za-stabilnost-i-ekonomski-rast/ Wed, 03 Jul 2024 11:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=793068

Меѓусебна соработка и координиран пристап во спроведување на фискалната и монетарната политика е клучот за обезбедување макроекономска и финансиска стабилност. Ова беше констатирано на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Министерката Димитриеска-Кочоска на средбата потенцира дека Министерството за финансии ќе води фискална политика насочена кон враќање на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку постепена фискална консолидација и подобрување на управувањето на јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи. „Фискална политика“, додаде, „која ќе биде во функција на економскиот раст, во услови на умерено и одржливо ниво на дефицит и јавен долг“.

Очекува дека добрата координација на монетарната и фискалната политика заедно со одржувањето умерен буџетски дефицит и стабилност на девизниот курс ќе придонесат кон намалување на инфлацијата којашто се очекува во периодот 2025-2028 година да изнесува помеѓу 2% и 2,5% на годишно ниво.

На средбата од страна на министерката беше посочено дека Владата ќе ја почитува независноста на Народната банка и очекува дека таа преку навремени мерки и активности ќе одржува ниска инфлација, стабилност на девизниот курс и ќе се грижи за ефикасен и стабилен финансиски систем.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ѝ го честиташе стапувањето на функција на министерката Димитриеска-Кочоска и ја истакна заложбата за координирање помеѓу монетарната и фискалната политика заради задржување на макроекономската стабилност.

„Ефикасната соработка помеѓу монетарната и фискалната политика е од витално значење за надминување на економските предизвици од денешницата и за поттикнување одржлив раст. Во услови на глобална неизвесност, усогласувањето на овие политики е исклучително важно за стабилизирање на инфлацијата на трајна основа, за поддршка на инвестициите и на вработеноста. Со овој координиран пристап се зајакнува економската отпорност и на преден план се става стабилноста во окружувањето коешто постојано се менува“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

The post Димитриеска Кочоска- Ангеловска Бежоска: Координиран пристап во водење на монетарната и фискалната политика фактор за стабилност и економски раст appeared first on Република.

]]>

Меѓусебна соработка и координиран пристап во спроведување на фискалната и монетарната политика е клучот за обезбедување макроекономска и финансиска стабилност. Ова беше констатирано на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска. Министерката Димитриеска-Кочоска на средбата потенцира дека Министерството за финансии ќе води фискална политика насочена кон враќање на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку постепена фискална консолидација и подобрување на управувањето на јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи. „Фискална политика“, додаде, „која ќе биде во функција на економскиот раст, во услови на умерено и одржливо ниво на дефицит и јавен долг“. Очекува дека добрата координација на монетарната и фискалната политика заедно со одржувањето умерен буџетски дефицит и стабилност на девизниот курс ќе придонесат кон намалување на инфлацијата којашто се очекува во периодот 2025-2028 година да изнесува помеѓу 2% и 2,5% на годишно ниво. На средбата од страна на министерката беше посочено дека Владата ќе ја почитува независноста на Народната банка и очекува дека таа преку навремени мерки и активности ќе одржува ниска инфлација, стабилност на девизниот курс и ќе се грижи за ефикасен и стабилен финансиски систем. Гувернерката Ангеловска-Бежоска ѝ го честиташе стапувањето на функција на министерката Димитриеска-Кочоска и ја истакна заложбата за координирање помеѓу монетарната и фискалната политика заради задржување на макроекономската стабилност. „Ефикасната соработка помеѓу монетарната и фискалната политика е од витално значење за надминување на економските предизвици од денешницата и за поттикнување одржлив раст. Во услови на глобална неизвесност, усогласувањето на овие политики е исклучително важно за стабилизирање на инфлацијата на трајна основа, за поддршка на инвестициите и на вработеноста. Со овој координиран пристап се зајакнува економската отпорност и на преден план се става стабилноста во окружувањето коешто постојано се менува“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

The post Димитриеска Кочоска- Ангеловска Бежоска: Координиран пристап во водење на монетарната и фискалната политика фактор за стабилност и економски раст appeared first on Република.

]]>
Храната ни е двојно поскапа од светските цени, оцени гувернерката на Народна банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/hranata-ni-e-dvojno-poskapa-od-svetskite-tseni-otseni-guvernerkata-na-narodna-banka/ Mon, 13 May 2024 13:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=777645

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска оцени дека во земјава се уште нема позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната. Ако се спореди нивото на цените на храната со предпандемискиот период, тие, рече, се речиси двојно повисоки од нивото на светските цени на храната.

Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на најновите макроекономски проекции, Ангеловска-Бежоска истакна дека е позитивно тоа што согласно меѓународните финансиски институции, се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година, што остава простор за одредени надолни корекции.

Ако се погледне движењето на светските цени на храната од средината на 2022 година, има речиси континурано намалување, но според последните податоци, се уште не се вратени на предпандемиското ниво и се повисоки за околу 17 - 18 отсто. Доколку овие трендови ги споредиме со трендовите во домашната економија, може да констатираме дека не се целосно синхронизирани. Кај нас, растот на цените на храната почна подоцна од растот на светските цени на храната и се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната, рече таа.

Таа потсети дека ценовната политика е детерминирана од повеќе фактори.

The post Храната ни е двојно поскапа од светските цени, оцени гувернерката на Народна банка appeared first on Република.

]]>

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска оцени дека во земјава се уште нема позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната. Ако се спореди нивото на цените на храната со предпандемискиот период, тие, рече, се речиси двојно повисоки од нивото на светските цени на храната. Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на најновите макроекономски проекции, Ангеловска-Бежоска истакна дека е позитивно тоа што согласно меѓународните финансиски институции, се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година, што остава простор за одредени надолни корекции.
Ако се погледне движењето на светските цени на храната од средината на 2022 година, има речиси континурано намалување, но според последните податоци, се уште не се вратени на предпандемиското ниво и се повисоки за околу 17 - 18 отсто. Доколку овие трендови ги споредиме со трендовите во домашната економија, може да констатираме дека не се целосно синхронизирани. Кај нас, растот на цените на храната почна подоцна од растот на светските цени на храната и се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната, рече таа.
Таа потсети дека ценовната политика е детерминирана од повеќе фактори.

The post Храната ни е двојно поскапа од светските цени, оцени гувернерката на Народна банка appeared first on Република.

]]>
Народната банка стана дел од Алијансата за финансиска вклученост (АФИ) https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodnata-banka-stana-del-od-alijansata-za-finansiska-vkluchenost-afi/ Sat, 11 May 2024 08:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=776993

Народната банка стана дел од Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), мрежа на централни банки и финансиски регулатори, чија цел е да се унапреди финансиската вклученост. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју објавено на веб-страницата на Алијансата, посочува дека во изминатиот период, финансиската вклученост кај нас е значително зголемена, и тоа во различни демографски групи.

Од НБ денеска соопштија дека тоа се должи на напорите и залагањата за олеснување на пристапот до финансиските услуги, како и за финансиска едукација на населението.

Според последните податоци објавени од базата на Светската банка „Финдекс“, процентот на населението постаро од 15 години со пристап до финансиска сметка е зголемено од 74 проценти во 2014 година на 85 проценти во 2021 година. Според истите податоци, се забележува висок раст кај дигиталните плаќања, особено кај младите, на возраст од 15 до 24 години, каде што бројот на лицата кои направиле или примиле дигитално плаќање е зголемено за една третина од 2014 до 2021 година, посочува гувернерката.

Таа истакнува дека и покрај видливите подобрувања кај нас, сѐ уште постои јаз во споредба со развиените економии, како на пример со еврозоната, каде што процентот на возрасните со платежна сметка е речиси 100 проценти.

Затоа, преку проактивен пристап придонесуваме за намалување на овој јаз. Преземаме различни мерки и политики за да ја поддржиме финансиската вклученост на различни маргинализирани групи, како жените, младите и повозрасните граѓани, вели Ангеловска-Бежоска.

Во тек е спроведување на Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија (2021 − 2025 година), под водство на Народната банка, а во соработка со останатите финансиски регулатори. Меѓу значајните достигнувања, укажуваат од централната банка, се воспоставувањето рамка за соработка со засегнатите страни и усвојување повеќе стратешки документи, како што е Кодексот на добри практики за финансиска едукација. Во изминатите неколку години, Народната банка едуцирала околу 22 000 лица од различни возрасни групи. Во рамките на централната банка е основана и посебна Дирекција за заштита на потрошувачите и финансиска едукација, заради поттикнување на вклученоста и заштитата при користењето на финансиските услуги. Преку усвојувањето на новата законодавна рамка во платежната сфера, исто така, беше зацврстена заштитата на правата на потрошувачите.

Во иднина, нашите приоритети ќе бидат насочени кон натамошно зајакнување на регулативата и практиките за заштита на потрошувачките права, проширување на програмите за финансиска едукација кон различни целни групи и користење на дигиталните канали во прилог на едукативниот процес. На кус рок, ќе бидеме посветени на зајакнување на надзорот над банкарскиот систем, финансиската вклученост на лицата со посебни потреби, како и финансиската вклученост на жените претприемачи, посочува гувернерката.

Членството во АФИ, поддржано од ЕФСЕ и ЕБОР, ќе придонесе кон целите на Народната банка за унапредување на финансиската вклученост и писменост, преку размена на искуства и соработка со другите централни банки и меѓународните чинители.

The post Народната банка стана дел од Алијансата за финансиска вклученост (АФИ) appeared first on Република.

]]>

Народната банка стана дел од Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), мрежа на централни банки и финансиски регулатори, чија цел е да се унапреди финансиската вклученост. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју објавено на веб-страницата на Алијансата, посочува дека во изминатиот период, финансиската вклученост кај нас е значително зголемена, и тоа во различни демографски групи. Од НБ денеска соопштија дека тоа се должи на напорите и залагањата за олеснување на пристапот до финансиските услуги, како и за финансиска едукација на населението.
Според последните податоци објавени од базата на Светската банка „Финдекс“, процентот на населението постаро од 15 години со пристап до финансиска сметка е зголемено од 74 проценти во 2014 година на 85 проценти во 2021 година. Според истите податоци, се забележува висок раст кај дигиталните плаќања, особено кај младите, на возраст од 15 до 24 години, каде што бројот на лицата кои направиле или примиле дигитално плаќање е зголемено за една третина од 2014 до 2021 година, посочува гувернерката.
Таа истакнува дека и покрај видливите подобрувања кај нас, сѐ уште постои јаз во споредба со развиените економии, како на пример со еврозоната, каде што процентот на возрасните со платежна сметка е речиси 100 проценти.
Затоа, преку проактивен пристап придонесуваме за намалување на овој јаз. Преземаме различни мерки и политики за да ја поддржиме финансиската вклученост на различни маргинализирани групи, како жените, младите и повозрасните граѓани, вели Ангеловска-Бежоска.
Во тек е спроведување на Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија (2021 − 2025 година), под водство на Народната банка, а во соработка со останатите финансиски регулатори. Меѓу значајните достигнувања, укажуваат од централната банка, се воспоставувањето рамка за соработка со засегнатите страни и усвојување повеќе стратешки документи, како што е Кодексот на добри практики за финансиска едукација. Во изминатите неколку години, Народната банка едуцирала околу 22 000 лица од различни возрасни групи. Во рамките на централната банка е основана и посебна Дирекција за заштита на потрошувачите и финансиска едукација, заради поттикнување на вклученоста и заштитата при користењето на финансиските услуги. Преку усвојувањето на новата законодавна рамка во платежната сфера, исто така, беше зацврстена заштитата на правата на потрошувачите.
Во иднина, нашите приоритети ќе бидат насочени кон натамошно зајакнување на регулативата и практиките за заштита на потрошувачките права, проширување на програмите за финансиска едукација кон различни целни групи и користење на дигиталните канали во прилог на едукативниот процес. На кус рок, ќе бидеме посветени на зајакнување на надзорот над банкарскиот систем, финансиската вклученост на лицата со посебни потреби, како и финансиската вклученост на жените претприемачи, посочува гувернерката.
Членството во АФИ, поддржано од ЕФСЕ и ЕБОР, ќе придонесе кон целите на Народната банка за унапредување на финансиската вклученост и писменост, преку размена на искуства и соработка со другите централни банки и меѓународните чинители.

The post Народната банка стана дел од Алијансата за финансиска вклученост (АФИ) appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Капитализираноста на македонскиот банкарски систем порасна двојно повеќе од ЦЈИЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-kapitaliziranosta-na-makedonskiot-bankarski-sistem-porasna-dvojno-poveke-od-tsjie/ Fri, 10 May 2024 08:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=776618

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, како претставничка на шесте централни банки од Западен Балкан во Одборот на „Виенската иницијатива“, учествуваше на Годишниот форум на панел-дискусијата посветена на банкарските системи во Централна и Југоисточна Европа (ЦЈИЕ), којшто оваа година се одржа во Вилнус, Литванија.

И покрај шоковите од невидени размери, банкарските системи во регионот, вклучително и македонскиот, покажаа високо ниво на отпорност. Македонскиот банкарски систем не само што ја задржа стабилноста, туку и уште повеќе ја зголеми. „Резултатите од овие напори се видливи. Капитализираноста на нашиот банкарски систем во споредба со претпандемичниот период е зголемена за близу 2 п.п., што е двојно повеќе од порастот во регионот на ЦЈИЕ и во моментов е највисока во изминатите 17 години, а квалитетот на капиталот е на историски високо ниво. Овие трендови во голема мера ги одразуваат зајакнувањето на регулативната рамка, на супервизијата и макропрудентните мерки преземени од страна на Народната банка, посочи Ангеловска-Бежоска.

Притоа, особено е важно што и во овие кризни години имаше солидна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите (просечен кредитен раст од околу 7%). Во услови на циклус на монетарно затегнување, каматните стапки на кредитирање пораснаа, но растот беше помал од растот на каматните стапки во ЕУ. Со тоа домашните каматни стапки на кредитите значително се приближија до каматните стапки во ЕУ и разликата меѓу нив е историски најниска. Во овој момент, просечната каматна стапка изнесува 5,5%, односно е двојно пониска во споредба со периодот пред Големата финансиска криза, кога изнесуваше околу 11%, во просек.

Гувернерката се осврна и на финансиската писменост и заштитата на корисниците на финансиските услуги, коишто се значајни за носење соодветни финансиски одлуки, но и за зголемување на конкурентските притисоци и за понуда на поконкурентни финансиски услови. „Финансиската писменост, едукацијата и заштитата на потрошувачите, коишто се стратешки приоритети на Народната банка, се важни за клиентите за да можат подобро да ги разберат и правилно да ги споредат понудите меѓу различните банки. Неодамна формиравме посебна организациска единица за финансиската писменост и заштитата на потрошувачите. Под водство на Народната банка, беше усвоена и првата национална Стратегија за финансиска инклузија и писменост, додека регулативната рамка беше зајакната минатата година, вклучително и преку усвојување на Насоките за банките и штедилниците за добри практики за заштита на потрошувачите, фер и транспарентни односи, врз основа на јасни и лесно разбирливи информации за производите и услугите што ги обезбедуваат. Беа преземени и мерки за зголемување на транспарентноста преку споредба на надоместоците за најрепрезентативните банкарски платежни услуги, коишто заедно со либерализацијата на пазарот на платежни услуги, ја поттикнуваат конкуренцијата во системот, истакна Ангеловска-Бежоска.

„Виенската иницијатива“ е платформа којашто ги поврзува меѓународните финансиски институции, банкарските регулатори и претставниците на банкарските групи од Европа, присутни во регионот на ЦИЈЕ и секоја година, од 2009 година до денес, организира собири во областа на финансиите на кои сите засегнати чинители зборуваат за идните насоки во политиките поврзани со банкарскиот сектор и за поопшти макроекономски прашања.

The post Ангеловска-Бежоска: Капитализираноста на македонскиот банкарски систем порасна двојно повеќе од ЦЈИЕ appeared first on Република.

]]>

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, како претставничка на шесте централни банки од Западен Балкан во Одборот на „Виенската иницијатива“, учествуваше на Годишниот форум на панел-дискусијата посветена на банкарските системи во Централна и Југоисточна Европа (ЦЈИЕ), којшто оваа година се одржа во Вилнус, Литванија. И покрај шоковите од невидени размери, банкарските системи во регионот, вклучително и македонскиот, покажаа високо ниво на отпорност. Македонскиот банкарски систем не само што ја задржа стабилноста, туку и уште повеќе ја зголеми. „Резултатите од овие напори се видливи. Капитализираноста на нашиот банкарски систем во споредба со претпандемичниот период е зголемена за близу 2 п.п., што е двојно повеќе од порастот во регионот на ЦЈИЕ и во моментов е највисока во изминатите 17 години, а квалитетот на капиталот е на историски високо ниво. Овие трендови во голема мера ги одразуваат зајакнувањето на регулативната рамка, на супервизијата и макропрудентните мерки преземени од страна на Народната банка, посочи Ангеловска-Бежоска. Притоа, особено е важно што и во овие кризни години имаше солидна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите (просечен кредитен раст од околу 7%). Во услови на циклус на монетарно затегнување, каматните стапки на кредитирање пораснаа, но растот беше помал од растот на каматните стапки во ЕУ. Со тоа домашните каматни стапки на кредитите значително се приближија до каматните стапки во ЕУ и разликата меѓу нив е историски најниска. Во овој момент, просечната каматна стапка изнесува 5,5%, односно е двојно пониска во споредба со периодот пред Големата финансиска криза, кога изнесуваше околу 11%, во просек. Гувернерката се осврна и на финансиската писменост и заштитата на корисниците на финансиските услуги, коишто се значајни за носење соодветни финансиски одлуки, но и за зголемување на конкурентските притисоци и за понуда на поконкурентни финансиски услови. „Финансиската писменост, едукацијата и заштитата на потрошувачите, коишто се стратешки приоритети на Народната банка, се важни за клиентите за да можат подобро да ги разберат и правилно да ги споредат понудите меѓу различните банки. Неодамна формиравме посебна организациска единица за финансиската писменост и заштитата на потрошувачите. Под водство на Народната банка, беше усвоена и првата национална Стратегија за финансиска инклузија и писменост, додека регулативната рамка беше зајакната минатата година, вклучително и преку усвојување на Насоките за банките и штедилниците за добри практики за заштита на потрошувачите, фер и транспарентни односи, врз основа на јасни и лесно разбирливи информации за производите и услугите што ги обезбедуваат. Беа преземени и мерки за зголемување на транспарентноста преку споредба на надоместоците за најрепрезентативните банкарски платежни услуги, коишто заедно со либерализацијата на пазарот на платежни услуги, ја поттикнуваат конкуренцијата во системот, истакна Ангеловска-Бежоска. „Виенската иницијатива“ е платформа којашто ги поврзува меѓународните финансиски институции, банкарските регулатори и претставниците на банкарските групи од Европа, присутни во регионот на ЦИЈЕ и секоја година, од 2009 година до денес, организира собири во областа на финансиите на кои сите засегнати чинители зборуваат за идните насоки во политиките поврзани со банкарскиот сектор и за поопшти макроекономски прашања.

The post Ангеловска-Бежоска: Капитализираноста на македонскиот банкарски систем порасна двојно повеќе од ЦЈИЕ appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Родовата еднаквост не само квантитативно, туку и квалитативно ќе го поттикне економскиот раст https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-rodovata-ednakvost-ne-samo-kvantitativno-tuku-i-kvalitativno-ke-go-pottikne-ekonomskiot-rast/ Thu, 28 Mar 2024 08:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=759610

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Така, кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на активност е повеќе намалена кај жените отколку кај мажите, што е слично и со глобалните трендови. Според анализата на Светската банка, земјите во регионот од Западен Балкан секоја година губат околу 18% од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд, при што две третини од загубата се објаснува со ниската стапка на активност на жените, а преостанатиот дел на разликите во изборот на занимањата помеѓу мажите и жените. Оттаму, водењето соодветни политики за поголема вклученост на жените на пазарот на трудот може значително да придонесе за повисок економски раст - порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Улогата на жената во економската трансформација на општеството“ во организација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Глобално и во регионот, неодамнешните кризи посилно ги погодија секторите со поголемо учество на жените и неповолно се одразија врз активноста и јазот. „Според Светскиот економски форум (СЕФ), ако напредокот продолжи со досегашната динамика, на глобално ниво ќе бидат потребни 131 година за да се постигне целосна рамноправност. За споредба, пред пандемијата беше проценето дека се потребни 100 години за да се постигне родова еднаквост, што укажува на последиците од неодамнешните шокови врз женската популација и родовиот јаз, посочи Ангеловска-Бежоска.

Ангеловска-Бежоска посочува дека позитивен ефект од намалувањето на родовиот јаз врз растот би имало не само од зголемениот број на работната сила, туку и од различните вештини и карактеристики на жените, коишто можат да дадат поинаква квалитативна димензија на пазарот на трудот и пооптимално одлучување.

Гувернерката посочува дека за да се постигне тоа се потребни реформи во повеќе сегменти, како откривање на сите извори на родовите разлики присутни во институционалните, регулаторните, образовните и традиционалните норми, развивање политики коишто ќе ги поттикнат жените да се вратат на пазарот на труд, разбивање на стереотипите и создавање еднакви можности за кариерен развој на жените (учество во лидерските и високите позиции), соодветна поддршка на жените од државата и работодавачите во однос на обврските кон семејството/децата, осмислување нови иновативни технолошки решенија коишто ќе овозможат поголема финансиска инклузија и пристап до финансирање на жените со ниски примања.

На работилницата во организација на Катедрата по економија, на која и гувернерката одржа предавање, учествуваа и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Билјана Ангелова и претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), д-р Владанка Трајкоска. Работилницата ја отвори деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Предраг Трпески, а воведни обраќања имаа и професорките д-р Даниела Бојаџиева и д-р Билјана Ташевска, информираат од Народната банка на Република Македонија.

The post Ангеловска-Бежоска: Родовата еднаквост не само квантитативно, туку и квалитативно ќе го поттикне економскиот раст appeared first on Република.

]]>

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Така, кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на активност е повеќе намалена кај жените отколку кај мажите, што е слично и со глобалните трендови. Според анализата на Светската банка, земјите во регионот од Западен Балкан секоја година губат околу 18% од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд, при што две третини од загубата се објаснува со ниската стапка на активност на жените, а преостанатиот дел на разликите во изборот на занимањата помеѓу мажите и жените. Оттаму, водењето соодветни политики за поголема вклученост на жените на пазарот на трудот може значително да придонесе за повисок економски раст - порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Улогата на жената во економската трансформација на општеството“ во организација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Глобално и во регионот, неодамнешните кризи посилно ги погодија секторите со поголемо учество на жените и неповолно се одразија врз активноста и јазот. „Според Светскиот економски форум (СЕФ), ако напредокот продолжи со досегашната динамика, на глобално ниво ќе бидат потребни 131 година за да се постигне целосна рамноправност. За споредба, пред пандемијата беше проценето дека се потребни 100 години за да се постигне родова еднаквост, што укажува на последиците од неодамнешните шокови врз женската популација и родовиот јаз, посочи Ангеловска-Бежоска. Ангеловска-Бежоска посочува дека позитивен ефект од намалувањето на родовиот јаз врз растот би имало не само од зголемениот број на работната сила, туку и од различните вештини и карактеристики на жените, коишто можат да дадат поинаква квалитативна димензија на пазарот на трудот и пооптимално одлучување. Гувернерката посочува дека за да се постигне тоа се потребни реформи во повеќе сегменти, како откривање на сите извори на родовите разлики присутни во институционалните, регулаторните, образовните и традиционалните норми, развивање политики коишто ќе ги поттикнат жените да се вратат на пазарот на труд, разбивање на стереотипите и создавање еднакви можности за кариерен развој на жените (учество во лидерските и високите позиции), соодветна поддршка на жените од државата и работодавачите во однос на обврските кон семејството/децата, осмислување нови иновативни технолошки решенија коишто ќе овозможат поголема финансиска инклузија и пристап до финансирање на жените со ниски примања. На работилницата во организација на Катедрата по економија, на која и гувернерката одржа предавање, учествуваа и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Билјана Ангелова и претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), д-р Владанка Трајкоска. Работилницата ја отвори деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Предраг Трпески, а воведни обраќања имаа и професорките д-р Даниела Бојаџиева и д-р Билјана Ташевска, информираат од Народната банка на Република Македонија.

The post Ангеловска-Бежоска: Родовата еднаквост не само квантитативно, туку и квалитативно ќе го поттикне економскиот раст appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска на форум на „Еуромани“: Централните банки постигнаа двоен успех – ценовна и финансиска стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-forum-na-euromani-tsentralnite-banki-postignaa-dvoen-uspeh-tsenovna-i-finansiska-stabilnost/ Fri, 19 Jan 2024 13:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=734613

Централните банки успеаја да надминат еден од најголемите стрес-тестови и успешно да влијаат кон намалување на инфлациските стапки и одржување на финансиската стабилност. Изминативе две години, централните банки ширум светот го спроведоа најусогласеното и најагресивното затегнување на монетарната политика во изминатиот половина век. Промените во монетарната политика беа соодветно поставени и комбинирани со макропрудентни мерки, сѐ со цел да се избегнат евентуалните неповолни ефекти врз финансиската стабилност, истакнала гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на форумот на Централна и Источна Европа, во организација на „Еуромани“, што се одржува во Виена.

Според гувернерката, со таквата поставеност, засега инфлацијата се намалува, финансиската стабилност е зачувана, а рецесијата е избегната.

Од Народната банка информираат дека гувернерката зборувала на панел-состанокот насловен „Нови задачи, нови алатки“, на кој истакнала дека двојниот успех на централните банки, односно едновременото справување со инфлацијата и одржувањето на финансиската стабилност, се должи на два фактора - зајаканатите биланси на банките и останатите финансиски институции и збогатената палета на макропрудентни мерки за одржување на финансиската стабилност.

Преку обезбедувањето заштитни слоеви на банките и останатите финансиски институции, како и рамка за брзо решавање на системски важните институции, се придонесе за зајакнување на финансиската стабилност. Неодамна објавената студија на Банката за меѓународни порамнувања, која анализира 157 епизоди на затегнување на монетарната политика, утврдува дека построгата макропрудентна политика го намалува ризикот за финансиски стрес и на тој начин го зголемува просторот за маневрирање на централните банки во борбата против инфлацијата, посочила Ангеловска-Бежоска.

Во однос на инфлацијата, таа посочила дека не само постепеното намалување на инфлацијата, туку и стабилноста на инфлациските очекувања е показател за успешноста на политиките и довербата во централните банки. Ангеловска-Бежоска изјавила и дека и во поразвиените економии и кај нас, анкетните истражувања и пазарните движења покажуваат дека долгорочните инфлациски очекувања биле под влијание на високата инфлација само привремено, за потоа да се намалат.

На панел-состанокот учествувале и гувернерот на централната банка на Литванија, вршителот на функција гувернер на Централната банка на Грузија, гувернерот на централната банка на Албанија и заменик- гувернерката на централната банка на Полска.

Форумот на Централна и Источна Европа во организација на „Еуромани“ е еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите. На него редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, раководители на финансиски институции и инвеститори.

Во рамки на Форумот, гувернерката Ангеловска-Бежоска имала повеќе средби со финансиски институции и потенцијални институционални инвеститори.

The post Ангеловска-Бежоска на форум на „Еуромани“: Централните банки постигнаа двоен успех – ценовна и финансиска стабилност appeared first on Република.

]]>

Централните банки успеаја да надминат еден од најголемите стрес-тестови и успешно да влијаат кон намалување на инфлациските стапки и одржување на финансиската стабилност. Изминативе две години, централните банки ширум светот го спроведоа најусогласеното и најагресивното затегнување на монетарната политика во изминатиот половина век. Промените во монетарната политика беа соодветно поставени и комбинирани со макропрудентни мерки, сѐ со цел да се избегнат евентуалните неповолни ефекти врз финансиската стабилност, истакнала гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на форумот на Централна и Источна Европа, во организација на „Еуромани“, што се одржува во Виена.
Според гувернерката, со таквата поставеност, засега инфлацијата се намалува, финансиската стабилност е зачувана, а рецесијата е избегната. Од Народната банка информираат дека гувернерката зборувала на панел-состанокот насловен „Нови задачи, нови алатки“, на кој истакнала дека двојниот успех на централните банки, односно едновременото справување со инфлацијата и одржувањето на финансиската стабилност, се должи на два фактора - зајаканатите биланси на банките и останатите финансиски институции и збогатената палета на макропрудентни мерки за одржување на финансиската стабилност.
Преку обезбедувањето заштитни слоеви на банките и останатите финансиски институции, како и рамка за брзо решавање на системски важните институции, се придонесе за зајакнување на финансиската стабилност. Неодамна објавената студија на Банката за меѓународни порамнувања, која анализира 157 епизоди на затегнување на монетарната политика, утврдува дека построгата макропрудентна политика го намалува ризикот за финансиски стрес и на тој начин го зголемува просторот за маневрирање на централните банки во борбата против инфлацијата, посочила Ангеловска-Бежоска.
Во однос на инфлацијата, таа посочила дека не само постепеното намалување на инфлацијата, туку и стабилноста на инфлациските очекувања е показател за успешноста на политиките и довербата во централните банки. Ангеловска-Бежоска изјавила и дека и во поразвиените економии и кај нас, анкетните истражувања и пазарните движења покажуваат дека долгорочните инфлациски очекувања биле под влијание на високата инфлација само привремено, за потоа да се намалат. На панел-состанокот учествувале и гувернерот на централната банка на Литванија, вршителот на функција гувернер на Централната банка на Грузија, гувернерот на централната банка на Албанија и заменик- гувернерката на централната банка на Полска. Форумот на Централна и Источна Европа во организација на „Еуромани“ е еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите. На него редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, раководители на финансиски институции и инвеститори. Во рамки на Форумот, гувернерката Ангеловска-Бежоска имала повеќе средби со финансиски институции и потенцијални институционални инвеститори.

The post Ангеловска-Бежоска на форум на „Еуромани“: Централните банки постигнаа двоен успех – ценовна и финансиска стабилност appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-inflatsijata-ke-se-namaluva-na-sreden-rok-ke-se-svede-blizu-do-istoriskiot-prosek/ Thu, 18 May 2023 11:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=642255

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претставила најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции.

На настанот, што се организира редовно по секој нов циклус макроекономски проекции на централната банка, присуствувале претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на ОН (УНДП), делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Словачка, Бугарија, Холандија, Кина, Италија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Косово, Шведска, Унгарија, САД, Грција, Германија и Словенија.

Имајќи ги предвид досегашните остварувања, како и проекциите на меѓународните финансиски институции за пад / стабилизирање на цените на храната и енергијата, затегнувањето на монетарните услови и другите мерки, се предвидува забавување на инфлацијата, односно таа би се свела на едноцифрено ниво од 8 до 9 проценти во 2023 година, а потоа на среден рок би забележала натамошно намалување и сведување под 3 проценти, како што беше и октомвриската проекција. Со оглед на геополитичките случувања, ризиците околу проекцијата за инфлацијата и натаму постојат, но засега проекциите на МФИ предвидуваат поголем пад на цените на примарните производи, што упатува и на одредени надолни ризици. Потребно е и внимателно следење на сите мерки коишто влијаат на агрегатната побарувачка - истакнала Ангеловска- Бежоска.

Нагласила дека идната поставеност на монетарната политика ќе зависи од динамиката на инфлацијата и инфлациските очекувања, но и од движењата на девизниот пазар и нивото на девизните резерви.

Во моментов, надворешната позиција на домашната економија во овој циклус се оценува како поповолна, при значително помал притисок врз тековната сметка во 2023 година, пред сѐ заради падот на цените на енергентите. Ова позитивно се одразува на девизните резерви. Во услови на очекувани солидни текови во финансиската сметка, се очекува дека девизните резерви и натаму ќе растат на збирна основа и ќе се задржат на соодветно ниво, што е потребно за одржување стабилен курс на денарот - оценила гувернерката.

Се осврнала и на очекувањата за економската активност при што посочила дека растот на македонската економија годинава се очекува да изнесува 2,1 процент, а на среден рок би забрзал на 3,6 проценти во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година.

Растот на економијата ќе продолжи да биде поддржуван од банкарскиот систем со стапка на кредитен раст од 5,7 проценти во 2023 година. На среден рок се очекува забрзување на растот на кредитната активност, согласно со очекувањата за подинамичен економски раст и стабилизација на очекувањата. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, кој е главен извор на финансирање. Годинава се очекува забрзување на растот на депозитите кој би изнесувал 6,9 проценти, како и натамошен солиден раст во следните години, заедно со закрепнувањето на домашната економија и зголемена куповна моќ на населението, информирала гувернерката на состанокот со дипломатскиот кор и меѓународните финансиски институции.

The post Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек appeared first on Република.

]]>

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претставила најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, што се организира редовно по секој нов циклус макроекономски проекции на централната банка, присуствувале претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на ОН (УНДП), делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Словачка, Бугарија, Холандија, Кина, Италија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Косово, Шведска, Унгарија, САД, Грција, Германија и Словенија.
Имајќи ги предвид досегашните остварувања, како и проекциите на меѓународните финансиски институции за пад / стабилизирање на цените на храната и енергијата, затегнувањето на монетарните услови и другите мерки, се предвидува забавување на инфлацијата, односно таа би се свела на едноцифрено ниво од 8 до 9 проценти во 2023 година, а потоа на среден рок би забележала натамошно намалување и сведување под 3 проценти, како што беше и октомвриската проекција. Со оглед на геополитичките случувања, ризиците околу проекцијата за инфлацијата и натаму постојат, но засега проекциите на МФИ предвидуваат поголем пад на цените на примарните производи, што упатува и на одредени надолни ризици. Потребно е и внимателно следење на сите мерки коишто влијаат на агрегатната побарувачка - истакнала Ангеловска- Бежоска.
Нагласила дека идната поставеност на монетарната политика ќе зависи од динамиката на инфлацијата и инфлациските очекувања, но и од движењата на девизниот пазар и нивото на девизните резерви.
Во моментов, надворешната позиција на домашната економија во овој циклус се оценува како поповолна, при значително помал притисок врз тековната сметка во 2023 година, пред сѐ заради падот на цените на енергентите. Ова позитивно се одразува на девизните резерви. Во услови на очекувани солидни текови во финансиската сметка, се очекува дека девизните резерви и натаму ќе растат на збирна основа и ќе се задржат на соодветно ниво, што е потребно за одржување стабилен курс на денарот - оценила гувернерката.
Се осврнала и на очекувањата за економската активност при што посочила дека растот на македонската економија годинава се очекува да изнесува 2,1 процент, а на среден рок би забрзал на 3,6 проценти во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година. Растот на економијата ќе продолжи да биде поддржуван од банкарскиот систем со стапка на кредитен раст од 5,7 проценти во 2023 година. На среден рок се очекува забрзување на растот на кредитната активност, согласно со очекувањата за подинамичен економски раст и стабилизација на очекувањата. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, кој е главен извор на финансирање. Годинава се очекува забрзување на растот на депозитите кој би изнесувал 6,9 проценти, како и натамошен солиден раст во следните години, заедно со закрепнувањето на домашната економија и зголемена куповна моќ на населението, информирала гувернерката на состанокот со дипломатскиот кор и меѓународните финансиски институции.

The post Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Затегнување на монетарната политика за стабилизирање на инфлациските очекувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-zategnuvane-na-monetarnata-politika-za-stabilizirane-na-inflatsiskite-ochekuvana/ Sat, 11 Mar 2023 11:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=618410

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, порачува дека затегнувањето на монетарната политика, коешто е глобален феномен, е неопходно заради намалувањето на инфлациските очекувања и за стабилизирање на инфлацијата како предуслов за одржлив раст.

Ангеловска-Бежоска вели дека се соочуваме со најсинхронизираниот циклус на затегнување на монетарната политика од страна на централните банки во изминатите 50 години.

Зголемувањето на основните каматни стапки може на краток рок да има ефект врз економската активност, но треба да се има предвид дека макроекономските политики не се замена за структурните политики, коишто се клучни за зголемување на потенцијалот за раст“, вели Ангеловска-Бежоска во интервју за магазинот на централната банка на Полска „Финансиски опсерватор“.

Гувернерката истакнува дека сепак силината на реакцијата и видот на инструментите коишто се користат од страна на централните банки зависат од факторите што влијаат врз инфлацијата, особено од производниот јаз, од видот на монетарните инструментите и од монетарната стратегија. Со оглед на геополитичките случувања, економскиот раст секако би забавил, но колкаво ќе биде забавувањето зависи од: времетраењето на глобалните шокови врз што не можеме да влијаеме, чувствителноста на економиите на глобалните шокови (врз што можеме да влијание, но на среден рок), како и од координираноста и ефективноста на макроекономските политики. На подолг рок, патеката на растот ќе се должи пред сѐ на брзината на спроведувањето на структурните реформи.

Во интервјуто, гувернерката се осврнува и на ризикот од забавување на глобализацијата, којашто досега имаше важна улога за економскиот раст на економиите, особено на помалите како нашата. Притоа, таа истакнува дека расположливите податоци за глобалните трговски и финансиски текови засега не упатуваат на поголеми промени.

Имено, по големиот пад на светската трговија во периодот на пандемијата, следеше процес на закрепнување, и покрај зголемениот број на трговски бариери. Сепак, не треба да се потцени ризикот од среднорочни промени во насоката, структурата и во географската димензија на глобализацијата.

The post Ангеловска-Бежоска: Затегнување на монетарната политика за стабилизирање на инфлациските очекувања appeared first on Република.

]]>

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, порачува дека затегнувањето на монетарната политика, коешто е глобален феномен, е неопходно заради намалувањето на инфлациските очекувања и за стабилизирање на инфлацијата како предуслов за одржлив раст. Ангеловска-Бежоска вели дека се соочуваме со најсинхронизираниот циклус на затегнување на монетарната политика од страна на централните банки во изминатите 50 години.
Зголемувањето на основните каматни стапки може на краток рок да има ефект врз економската активност, но треба да се има предвид дека макроекономските политики не се замена за структурните политики, коишто се клучни за зголемување на потенцијалот за раст“, вели Ангеловска-Бежоска во интервју за магазинот на централната банка на Полска „Финансиски опсерватор“.
Гувернерката истакнува дека сепак силината на реакцијата и видот на инструментите коишто се користат од страна на централните банки зависат од факторите што влијаат врз инфлацијата, особено од производниот јаз, од видот на монетарните инструментите и од монетарната стратегија. Со оглед на геополитичките случувања, економскиот раст секако би забавил, но колкаво ќе биде забавувањето зависи од: времетраењето на глобалните шокови врз што не можеме да влијаеме, чувствителноста на економиите на глобалните шокови (врз што можеме да влијание, но на среден рок), како и од координираноста и ефективноста на макроекономските политики. На подолг рок, патеката на растот ќе се должи пред сѐ на брзината на спроведувањето на структурните реформи. Во интервјуто, гувернерката се осврнува и на ризикот од забавување на глобализацијата, којашто досега имаше важна улога за економскиот раст на економиите, особено на помалите како нашата. Притоа, таа истакнува дека расположливите податоци за глобалните трговски и финансиски текови засега не упатуваат на поголеми промени. Имено, по големиот пад на светската трговија во периодот на пандемијата, следеше процес на закрепнување, и покрај зголемениот број на трговски бариери. Сепак, не треба да се потцени ризикот од среднорочни промени во насоката, структурата и во географската димензија на глобализацијата.

The post Ангеловска-Бежоска: Затегнување на монетарната политика за стабилизирање на инфлациските очекувања appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Со новиот Закон за платежни услуги се зајакнува заштитата на корисниците на банкарски услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-so-noviot-zakon-za-platezhni-uslugi-se-zajaknuva-zashtitata-na-korisnitsite-na-bankarski-uslugi/ Wed, 08 Mar 2023 10:48:21 +0000 https://republika.mk/?p=617248

Задолжително информирање на потрошувачот за условите под кои ги користи платежните услуги, како и информирање за надоместоците за најчесто користените услуги на платежната сметка ‒ со новата законска рамка се зајакнува заштитата на корисниците на платежните услуги во земјава, вели во интервју за „Марили“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и посочува дека Народната банка постојано работи на унапредување на заштитата на корисниците на банкарски услуги, дури и преку формирање посебна организациска единица за оваа намена, којашто од годинава ќе започне со редовни наменски контроли од тој домен.

Гувернерката истакнува дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи се отвора пазарот за нови даватели на платежни услуги и се прошируваат услугите што ќе се нудат, но исто така измените се проследени и со соодветни регулативни барања заради заштита на потрошувачите.

Народната банка издаде листа од 11 најрепрезентативни услуги поврзани со платежната сметка за кои редовно ќе прибира податоци за надоместоците од секој давател на платежни услуги и ќе ги објавува на својата интернет-страница во компаративен контекст. Првото објавување на надоместоците на интернет-страницата на Народната банка е предвидено за крајот на септември оваа година. На овој начин граѓаните ќе имаат брза и лесно достапна информација за надоместоците - вели гувернерката.

Новина во Законот е дефинирањето сметка со основни функции за граѓаните, преку која ќе може да вршат редовни платежни трансакции со готовина, со дебитни картички и кредитен трансфер, во рамките на средствата на таа сметка.

За овие услуги надоместокот ќе биде ограничен на 0,1 % од просечно исплатената нето-плата, или околу 31 денар. Покрај ова ограничување на трошокот за одржување, Законот предвидува банките и штедилниците да не наплаќаат надоместоци за користење на сметката со основни функции за потрошувачите од ранливите категории - вели Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакнува и дека последните години Народната банка постојано работи на зајакнување на активностите во доменот на заштитата на корисниците на банкарски услуги, како и натамошно зајакнување на финансиската едукација на населението како важен предуслов за поголема финансиска инклузија. Од минатата година во Народната банка започна да функционира посебна организациска единица ‒ Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација, којашто во првата година работеше на разгледување и дополнување на постојната регулатива од доменот на заштитата на потрошувачите, прибирањето податоци и анализата на поставеноста на банките во доменот на заштитата на потрошувачите, а во текот на годинава ќе започнат и редовни наменски контроли над банките во овој домен.

Во завршна фаза е подготовката на циркулар за банките што ги содржи најдобрите практики од оваа област, којшто треба да овозможи натамошно унапредување на транспарентноста и пристапот на банките и штедилниците кон своите клиенти, вклучително и кон поплаките. Поради зголемување на транспарентноста, од 2021 година банките почнаа да објавуваат стандардни табели со основните податоци за кредитите и депозитите што ги нудат, коишто се достапни и на интернет-страницата на Народната банка. Народната банка, во соработка со другите финансиски регулатори, веќе одреден период работи и на подготовка на Предлог-законот за финансиски омбудсман, со што се регулира решавањето на евентуалните спорови помеѓу физичките лица како корисници на финансиски услуги и финансиските институции.

The post Ангеловска-Бежоска: Со новиот Закон за платежни услуги се зајакнува заштитата на корисниците на банкарски услуги appeared first on Република.

]]>

Задолжително информирање на потрошувачот за условите под кои ги користи платежните услуги, како и информирање за надоместоците за најчесто користените услуги на платежната сметка ‒ со новата законска рамка се зајакнува заштитата на корисниците на платежните услуги во земјава, вели во интервју за „Марили“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и посочува дека Народната банка постојано работи на унапредување на заштитата на корисниците на банкарски услуги, дури и преку формирање посебна организациска единица за оваа намена, којашто од годинава ќе започне со редовни наменски контроли од тој домен. Гувернерката истакнува дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи се отвора пазарот за нови даватели на платежни услуги и се прошируваат услугите што ќе се нудат, но исто така измените се проследени и со соодветни регулативни барања заради заштита на потрошувачите.
Народната банка издаде листа од 11 најрепрезентативни услуги поврзани со платежната сметка за кои редовно ќе прибира податоци за надоместоците од секој давател на платежни услуги и ќе ги објавува на својата интернет-страница во компаративен контекст. Првото објавување на надоместоците на интернет-страницата на Народната банка е предвидено за крајот на септември оваа година. На овој начин граѓаните ќе имаат брза и лесно достапна информација за надоместоците - вели гувернерката.
Новина во Законот е дефинирањето сметка со основни функции за граѓаните, преку која ќе може да вршат редовни платежни трансакции со готовина, со дебитни картички и кредитен трансфер, во рамките на средствата на таа сметка.
За овие услуги надоместокот ќе биде ограничен на 0,1 % од просечно исплатената нето-плата, или околу 31 денар. Покрај ова ограничување на трошокот за одржување, Законот предвидува банките и штедилниците да не наплаќаат надоместоци за користење на сметката со основни функции за потрошувачите од ранливите категории - вели Ангеловска-Бежоска.
Гувернерката истакнува и дека последните години Народната банка постојано работи на зајакнување на активностите во доменот на заштитата на корисниците на банкарски услуги, како и натамошно зајакнување на финансиската едукација на населението како важен предуслов за поголема финансиска инклузија. Од минатата година во Народната банка започна да функционира посебна организациска единица ‒ Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација, којашто во првата година работеше на разгледување и дополнување на постојната регулатива од доменот на заштитата на потрошувачите, прибирањето податоци и анализата на поставеноста на банките во доменот на заштитата на потрошувачите, а во текот на годинава ќе започнат и редовни наменски контроли над банките во овој домен. Во завршна фаза е подготовката на циркулар за банките што ги содржи најдобрите практики од оваа област, којшто треба да овозможи натамошно унапредување на транспарентноста и пристапот на банките и штедилниците кон своите клиенти, вклучително и кон поплаките. Поради зголемување на транспарентноста, од 2021 година банките почнаа да објавуваат стандардни табели со основните податоци за кредитите и депозитите што ги нудат, коишто се достапни и на интернет-страницата на Народната банка. Народната банка, во соработка со другите финансиски регулатори, веќе одреден период работи и на подготовка на Предлог-законот за финансиски омбудсман, со што се регулира решавањето на евентуалните спорови помеѓу физичките лица како корисници на финансиски услуги и финансиските институции.

The post Ангеловска-Бежоска: Со новиот Закон за платежни услуги се зајакнува заштитата на корисниците на банкарски услуги appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Нецелосното искористување на потенцијалот на жените е загуба за целата економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-netselosnoto-iskoristuvane-na-potentsijalot-na-zhenite-e-zaguba-za-tselata-ekonomija/ Tue, 07 Mar 2023 09:04:37 +0000 https://republika.mk/?p=616737

Општествата со поголема родова еднаквост се сметаат за посигурни, поздрави, со помалку насилство и поголема кохезија. Но, исто така поголемата интеграција носи и голем број економски придобивки, не само за жените, туку и за целото општество. Ова го истакна Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка, на Меѓународниот форум за женско лидерство „Жените пишуваат историја”, организиран од Универзитетот за туризам и менаџмент. Притоа, посочи дека емпириски анализи упатуваат дека со поголема вклученост на жените во работната сила, економскиот раст во развиените земји може да се зголеми за 10%, а во помалку развиените земји дури до 30%.

За жал, податоците упатуваат на недоволна интегрираност на жените во глобални рамки.” нагласи Ангеловска-Бежоска, говорејќи за учеството на само 47% од вкупниот број работоспособни жени на пазарот на трудот, притоа дополнувајќи: „неколкуте последователни кризни понеповолно се одразија врз жените и доведоа до помала наспроти поголема вклученост на жените, што се согледува преку фактот дека само во првата панедемична година околу 54 милиони жени излегоа од пазарот на трудот во глобални рамки, а се проценува дека 90% од нив на трајна основа.

Ангеловска-Бежоска се осврна на разликите во родовата застапеност во македонската економија, истакнувајќи дека само 45% од жените се активни на пазарот на трудот, за разлика од мажите каде што оваа стапка е околу 65%. Притоа, посочи дека разликите во стапките на учество на жените и мажите на пазарот на труд упатуваат на родов јаз, којшто е малку помал од просекот на регионот на Западен Балкан, но поголем од јазот во ЕУ каде што изнесува 11%. Таа додаде дека пазарот на труд забележува и сегрегација во однос на раководните позиции, односно мажите преовладуваат на работните места со повисок статус, а жените се поретко на раководни места. Во компаниите, според податоци од 2020 година, жените заземаат само 21,3% од високите раководни позиции. Тоа води и кон поголем јаз кај платите.

Оценувајќи дека состојбите во нашиот финансискиот сектор се незадоволителни и дека не се разликуваат многу од глобалните трендови во банкарската индустрија, вклучително и во најразвиените економии, гувернерката посочи дека во светот на финансиите сѐ уште преовладуваат мажите, истакнувајќи дека кај банките само 31% од вкупниот број членови на УО и НО се жени, а кај дел од банките воопшто нема жени во раководните органи на банката.

Народната банка е добар пример за родова еднаквост не само во домашен контекст, туку и во меѓународен. Горди сме што минатата година нашата централна банка беше рангирана како прва во светот по еднаквоста во централнобанкарската заедница - истакна Ангеловска-Бежоска, осврнувајќи се на резултатите и објавите од страна на угледниот британскиот тинк-тенк ОМФИФ, чијшто Индекс го мери учеството на жените во раководните тела на институцијата.

Притоа дополни: Општо земено, во централнобанкарското работење преовладуваат мажите. Од околу 185 централни банки во светот, само 17 се раководени од гувернерки.

Тргнувајќи од постоењето на разлики во родовата застапеност, Ангеловска-Бежоска истакна дека централната банка работи засилено на подобрување на родовата еднаквост преземајќи активности во областа каде што може да придонесе, како што е подобрување на пристапот на жените до финансии, којшто во глобални рамки главно е помал за женската популација. Притоа дополни: „Еден од важните аспекти е зајакнување на напорите за промовирање на женското претприемаштво. Зголемувањето на економското учество на жените – особено во малите и средните претпријатија, може да доведе до намалување на сиромаштијата и да поттикне инклузивен раст бидејќи овие претпријатија придонесуваат за 74% од вработеноста и 68% од додадената вредност.”

Родовата еднаквост како прашање се провлекува низ децениите секаде, па и кај нас. Но, сѐ додека имаме заложби од сите заедно, како и сѐ додека имаме жени на раководни места во сите сфери на општеството, имаме и сигурност дека родовата рамноправност е остварлива во сите сегменти  – истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката на Народната банка беше дел од панел-дискусијата „Жени кои го движат бизнисот”, одржана во рамките на Меѓународниот форум за женско лидерство. Покрај гувернерката, на панел-дискусијата учествуваа и Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи, Емилија Спироска, членка на Управниот одбор на „Прокредит банка”, Улкер Шуле Аксој, генерална директорка на „Туркиш ерлајнс Македонија”, Анета Пешева, генерална директорка на УНЕТ и почесна конзулка на Канада, Мерита Рамадани Алими, сопственичка на компанијата „Доган” и Сања Божиновска, советничка за енергетика во Прага.

The post Ангеловска-Бежоска: Нецелосното искористување на потенцијалот на жените е загуба за целата економија appeared first on Република.

]]>

Општествата со поголема родова еднаквост се сметаат за посигурни, поздрави, со помалку насилство и поголема кохезија. Но, исто така поголемата интеграција носи и голем број економски придобивки, не само за жените, туку и за целото општество. Ова го истакна Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка, на Меѓународниот форум за женско лидерство „Жените пишуваат историја”, организиран од Универзитетот за туризам и менаџмент. Притоа, посочи дека емпириски анализи упатуваат дека со поголема вклученост на жените во работната сила, економскиот раст во развиените земји може да се зголеми за 10%, а во помалку развиените земји дури до 30%. За жал, податоците упатуваат на недоволна интегрираност на жените во глобални рамки.” нагласи Ангеловска-Бежоска, говорејќи за учеството на само 47% од вкупниот број работоспособни жени на пазарот на трудот, притоа дополнувајќи: „неколкуте последователни кризни понеповолно се одразија врз жените и доведоа до помала наспроти поголема вклученост на жените, што се согледува преку фактот дека само во првата панедемична година околу 54 милиони жени излегоа од пазарот на трудот во глобални рамки, а се проценува дека 90% од нив на трајна основа. Ангеловска-Бежоска се осврна на разликите во родовата застапеност во македонската економија, истакнувајќи дека само 45% од жените се активни на пазарот на трудот, за разлика од мажите каде што оваа стапка е околу 65%. Притоа, посочи дека разликите во стапките на учество на жените и мажите на пазарот на труд упатуваат на родов јаз, којшто е малку помал од просекот на регионот на Западен Балкан, но поголем од јазот во ЕУ каде што изнесува 11%. Таа додаде дека пазарот на труд забележува и сегрегација во однос на раководните позиции, односно мажите преовладуваат на работните места со повисок статус, а жените се поретко на раководни места. Во компаниите, според податоци од 2020 година, жените заземаат само 21,3% од високите раководни позиции. Тоа води и кон поголем јаз кај платите. Оценувајќи дека состојбите во нашиот финансискиот сектор се незадоволителни и дека не се разликуваат многу од глобалните трендови во банкарската индустрија, вклучително и во најразвиените економии, гувернерката посочи дека во светот на финансиите сѐ уште преовладуваат мажите, истакнувајќи дека кај банките само 31% од вкупниот број членови на УО и НО се жени, а кај дел од банките воопшто нема жени во раководните органи на банката. Народната банка е добар пример за родова еднаквост не само во домашен контекст, туку и во меѓународен. Горди сме што минатата година нашата централна банка беше рангирана како прва во светот по еднаквоста во централнобанкарската заедница - истакна Ангеловска-Бежоска, осврнувајќи се на резултатите и објавите од страна на угледниот британскиот тинк-тенк ОМФИФ, чијшто Индекс го мери учеството на жените во раководните тела на институцијата. Притоа дополни: Општо земено, во централнобанкарското работење преовладуваат мажите. Од околу 185 централни банки во светот, само 17 се раководени од гувернерки. Тргнувајќи од постоењето на разлики во родовата застапеност, Ангеловска-Бежоска истакна дека централната банка работи засилено на подобрување на родовата еднаквост преземајќи активности во областа каде што може да придонесе, како што е подобрување на пристапот на жените до финансии, којшто во глобални рамки главно е помал за женската популација. Притоа дополни: „Еден од важните аспекти е зајакнување на напорите за промовирање на женското претприемаштво. Зголемувањето на економското учество на жените – особено во малите и средните претпријатија, може да доведе до намалување на сиромаштијата и да поттикне инклузивен раст бидејќи овие претпријатија придонесуваат за 74% од вработеноста и 68% од додадената вредност.”
Родовата еднаквост како прашање се провлекува низ децениите секаде, па и кај нас. Но, сѐ додека имаме заложби од сите заедно, како и сѐ додека имаме жени на раководни места во сите сфери на општеството, имаме и сигурност дека родовата рамноправност е остварлива во сите сегменти  – истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.
Гувернерката на Народната банка беше дел од панел-дискусијата „Жени кои го движат бизнисот”, одржана во рамките на Меѓународниот форум за женско лидерство. Покрај гувернерката, на панел-дискусијата учествуваа и Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи, Емилија Спироска, членка на Управниот одбор на „Прокредит банка”, Улкер Шуле Аксој, генерална директорка на „Туркиш ерлајнс Македонија”, Анета Пешева, генерална директорка на УНЕТ и почесна конзулка на Канада, Мерита Рамадани Алими, сопственичка на компанијата „Доган” и Сања Божиновска, советничка за енергетика во Прага.

The post Ангеловска-Бежоска: Нецелосното искористување на потенцијалот на жените е загуба за целата економија appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Стабилизирањето на увозните цени треба да ја забават инфлацијата годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-stabiliziraneto-na-uvoznite-tseni-treba-da-ja-zabavat-inflatsijata-godinava/ Fri, 27 Jan 2023 11:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=601604

Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката истакнува дека намалувањето на притисокот од увозните цени, особено на енергентите и на храната, ќе биде најважно за домашната инфлација. Ангеловска-Бежоска смета дека и мерките што ги презема Народната банка треба да придонесат за стабилизирање на инфлациските очекувања, како значаен фактор којшто влијае врз инфлацијата, а ќе делуваат и кај еден дел од инфлацискиот индекс, оној којшто е почувствителен на промените во побарувачката.

Со оглед на проекциите на меѓународните финансиски институции за стабилизација на цените на примарните производи на светските берзи и очекувањата за водење претпазливи макроекономски политики, се проектира забавување на инфлацијата со што оваа година таа би се свела на 8 до 9 проценти, а на среден рок, инфлацијата и натаму ќе се намалува, сведувајќи се на нивото од 2,4 и 2 проценти во 2024 и 2025 година - посочува Ангеловска-Бежоска и додава дека очекувањата се во согласност со проекциите на меѓународните институции за намалување на глобалната и на домашната инфлацијата годинава.

Во однос на мерките што се преземаат од страна на Народната банка, гувернерката истакнува дека централната банка уште кон крајот на 2021 година започнала со преземање повеќе мерки.

Општо е познато дека инфлацијата го намалува реалниот расположлив доход на домаќинствата, особено на оние со пониски примања, ја зголемува неизвесноста и со тоа неповолно делува и на потрошувачките и на инвестициските одлуки, односно на условите за раст. Оттаму, централните банки ширум светот се посветени на одржување на ценовната стабилност, на среден рок. Начинот и интензитетот на реакциите на централните банки зависат од природата на инфлацијата, односно од придонесот на одделните фактори коишто влијаат врз неа, од монетарната стратегија и од инструментите со кои располагаат - вели Ангеловска-Бежоска.

Ризиците за овие проекции, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната, како што истакнува, и натаму се значително изразени, поради неизвесноста во однос на времетраењето на војната во Украина, како и поради можните натамошни неповолни ефекти од пандемијата којашто сѐ уште трае.

The post Ангеловска-Бежоска: Стабилизирањето на увозните цени треба да ја забават инфлацијата годинава appeared first on Република.

]]>

Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката истакнува дека намалувањето на притисокот од увозните цени, особено на енергентите и на храната, ќе биде најважно за домашната инфлација. Ангеловска-Бежоска смета дека и мерките што ги презема Народната банка треба да придонесат за стабилизирање на инфлациските очекувања, како значаен фактор којшто влијае врз инфлацијата, а ќе делуваат и кај еден дел од инфлацискиот индекс, оној којшто е почувствителен на промените во побарувачката.
Со оглед на проекциите на меѓународните финансиски институции за стабилизација на цените на примарните производи на светските берзи и очекувањата за водење претпазливи макроекономски политики, се проектира забавување на инфлацијата со што оваа година таа би се свела на 8 до 9 проценти, а на среден рок, инфлацијата и натаму ќе се намалува, сведувајќи се на нивото од 2,4 и 2 проценти во 2024 и 2025 година - посочува Ангеловска-Бежоска и додава дека очекувањата се во согласност со проекциите на меѓународните институции за намалување на глобалната и на домашната инфлацијата годинава.
Во однос на мерките што се преземаат од страна на Народната банка, гувернерката истакнува дека централната банка уште кон крајот на 2021 година започнала со преземање повеќе мерки.
Општо е познато дека инфлацијата го намалува реалниот расположлив доход на домаќинствата, особено на оние со пониски примања, ја зголемува неизвесноста и со тоа неповолно делува и на потрошувачките и на инвестициските одлуки, односно на условите за раст. Оттаму, централните банки ширум светот се посветени на одржување на ценовната стабилност, на среден рок. Начинот и интензитетот на реакциите на централните банки зависат од природата на инфлацијата, односно од придонесот на одделните фактори коишто влијаат врз неа, од монетарната стратегија и од инструментите со кои располагаат - вели Ангеловска-Бежоска.
Ризиците за овие проекции, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната, како што истакнува, и натаму се значително изразени, поради неизвесноста во однос на времетраењето на војната во Украина, како и поради можните натамошни неповолни ефекти од пандемијата којашто сѐ уште трае.

The post Ангеловска-Бежоска: Стабилизирањето на увозните цени треба да ја забават инфлацијата годинава appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Приоритет на централните банки е обезбедување среднорочна ценовна стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-prioritet-na-tsentralnite-banki-e-obezbeduvane-srednorochna-tsenovna-stabilnost/ Fri, 13 Jan 2023 08:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=596432

Централните банки мора да останат доследни на својата задача и да обезбедат среднорочна ценовна стабилност, а со тоа и макроекономска стабилност. Проекциите на меѓународните финансиски институции се дека во глобални рамки по високиот раст на инфлацијата минатата година, оваа година ќе дојде до постепено забавување, односно глобалната инфлација од околу 10 отсто ќе забави сведувајќи се на околу 7 отсто. Во регионот на ЦЈЕ исто така се предвидува забавување на инфлацијата со што би се свела на околу 8 отсто, коешто е слично и со проекциите за инфлацијата кај нас, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на Форумот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија.

Ангеловска-Бежоска, како што информира Кабинетот на гувернерката, истакнала дека ризиците околу проекциите се нагорни и зависат од три клучни претпоставки: цените на примарните производи да се стабилизираат, застоите во синџирите на снабдување и натаму да се намалуваат и инфлациските очекувања да се стабилизираат.

Најновата Анкета на ЕЦБ за инфлациските очекувања покажува дека кај краткорочните инфлациски очекувања сѐ уште има одредени нагорни поместувања речиси кај сите економии, но позитивно е што долгорочните инфлациски очекувања се главно стабилни. Одржувањето стабилни инфлациски очекувања е клучно за натамошната патека на инфлацијата, а предуслов за тоа е спроведување на прудентни макроекономски политики. Неопходно е инфлацијата да се врати на одржлив пат и со тоа да се зачува куповната моќ на населението и да се поддржат инвестициите преку намалување на неизвесноста - порача Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се обрати на панел-дискусијата „Монетарна политика: фискални стимули, монетарни кочници ‒ справување со кризата“. Во панел-дискусијата учествуваа и гувернерот на централната банка на Грузија Коба Гвенетаџе, гувернерот на централната банка на Албанија Гент Сејко и заменик-гувернерот на централната банка на Унгарија Михали Патаи. Панел-дискусијата, како што се наведува, беше насочена кон тековните предизвици за централните банки предизвикани од сѐ повисоката инфлација на глобално ниво, координацијата на фискалната и монетарната политика и нивните правци во време на тековната криза.

Во рамки на Форумот, гувернерката оствари и повеќе средби со високи претставници на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, како и средби со повеќе меѓународни институционални инвеститори.

Форумот на ЦИЕ, на кој зеде учество гувернерката, во изминатите 28 години се етаблира како настан на кој учесниците на финансиските пазари заинтересирани за регионот можат да разменат идеи и очекувања за насоките за економијата на ЦИЕ. На овој форум традиционално учествуваат носителите на политиките, односно гувернерите на централните банки, министрите за финансии, раководителите на финансиските институции, но и инвеститорите.

Годинава собирот се случува во услови на глобални инфлациски притисоци, геополитички турбуленции во Европа и енергетска криза, коишто имаат влијание врз регионот на ЦИЕ. Оттаму учесниците дебатираат на теми поврзани со енергетската безбедност, случувањата во Украина, регионалниот банкарски сектор во тековниот контекст и монетарната политика.

The post Ангеловска-Бежоска: Приоритет на централните банки е обезбедување среднорочна ценовна стабилност appeared first on Република.

]]>

Централните банки мора да останат доследни на својата задача и да обезбедат среднорочна ценовна стабилност, а со тоа и макроекономска стабилност. Проекциите на меѓународните финансиски институции се дека во глобални рамки по високиот раст на инфлацијата минатата година, оваа година ќе дојде до постепено забавување, односно глобалната инфлација од околу 10 отсто ќе забави сведувајќи се на околу 7 отсто. Во регионот на ЦЈЕ исто така се предвидува забавување на инфлацијата со што би се свела на околу 8 отсто, коешто е слично и со проекциите за инфлацијата кај нас, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на Форумот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. Ангеловска-Бежоска, како што информира Кабинетот на гувернерката, истакнала дека ризиците околу проекциите се нагорни и зависат од три клучни претпоставки: цените на примарните производи да се стабилизираат, застоите во синџирите на снабдување и натаму да се намалуваат и инфлациските очекувања да се стабилизираат.
Најновата Анкета на ЕЦБ за инфлациските очекувања покажува дека кај краткорочните инфлациски очекувања сѐ уште има одредени нагорни поместувања речиси кај сите економии, но позитивно е што долгорочните инфлациски очекувања се главно стабилни. Одржувањето стабилни инфлациски очекувања е клучно за натамошната патека на инфлацијата, а предуслов за тоа е спроведување на прудентни макроекономски политики. Неопходно е инфлацијата да се врати на одржлив пат и со тоа да се зачува куповната моќ на населението и да се поддржат инвестициите преку намалување на неизвесноста - порача Ангеловска-Бежоска.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска се обрати на панел-дискусијата „Монетарна политика: фискални стимули, монетарни кочници ‒ справување со кризата“. Во панел-дискусијата учествуваа и гувернерот на централната банка на Грузија Коба Гвенетаџе, гувернерот на централната банка на Албанија Гент Сејко и заменик-гувернерот на централната банка на Унгарија Михали Патаи. Панел-дискусијата, како што се наведува, беше насочена кон тековните предизвици за централните банки предизвикани од сѐ повисоката инфлација на глобално ниво, координацијата на фискалната и монетарната политика и нивните правци во време на тековната криза. Во рамки на Форумот, гувернерката оствари и повеќе средби со високи претставници на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, како и средби со повеќе меѓународни институционални инвеститори. Форумот на ЦИЕ, на кој зеде учество гувернерката, во изминатите 28 години се етаблира како настан на кој учесниците на финансиските пазари заинтересирани за регионот можат да разменат идеи и очекувања за насоките за економијата на ЦИЕ. На овој форум традиционално учествуваат носителите на политиките, односно гувернерите на централните банки, министрите за финансии, раководителите на финансиските институции, но и инвеститорите. Годинава собирот се случува во услови на глобални инфлациски притисоци, геополитички турбуленции во Европа и енергетска криза, коишто имаат влијание врз регионот на ЦИЕ. Оттаму учесниците дебатираат на теми поврзани со енергетската безбедност, случувањата во Украина, регионалниот банкарски сектор во тековниот контекст и монетарната политика.

The post Ангеловска-Бежоска: Приоритет на централните банки е обезбедување среднорочна ценовна стабилност appeared first on Република.

]]>
Ангеловска Бежоска ‒ Рухе: НБ и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-ruhe-nb-i-natamu-e-eden-od-nosechkite-stolbovi-na-finansiskata-i-makroekonomskata-stabilnost/ Thu, 12 Jan 2023 08:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=596021

И покрај силните шокови со кои се соочи нашата економија, како и глобалната економија, стабилноста беше зачувана. Централната банка и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност во земјава. Ќе се преземат сите потребни чекори и ќе се искористат сите расположливи инструменти, доколку има потреба, за да се исполни мандатот на централната банка и за да се зачува среднорочната ценовна стабилност, како и стабилноста на домашната валута.

Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката за Централна и Југоисточна Европа на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Шарлот Рухе, којашто се одржа на маргините на Форумот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија.

На средбата помеѓу гувернерката и директорката Рухе стана збор за тековната економска состојба во регионот и земјата, активностите коишто се преземаат од страна на централната банка, како и очекувањата и проекциите за годинава и на среден рок. Ангеловска-Бежоска посочи дека како мала и исклучително отворена економија, каде што трошоците за храната и енергентите сочинуваат околу половина од потрошувачката кошничка, бевме исклучително подложни на шоковите на меѓународните пазари, коишто брзо се пренесоа и во домашната економија.

За остварување на својот основен законски мандат, односно одржувањето на ценовната стабилност, Народната банка уште од крајот на 2021 година започна да презема мерки за повлекување на ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, од пролетта 2022 година започна и со примена на широка лепеза активности кај повеќе монетарни инструменти, вклучително и зголемување на основната каматна стапка, а активира и макропрудентни мерки коишто овозможуваат финансиска стабилност.

Гувернерката истакна и дека, имајќи ги предвид очекувањата за движењата на цените на храната и енергијата на светските пазари, како и мерките преземени од страна на носителите на политиките, годинава се очекува забавување на инфлацијата. Ангеловска-Бежоска посочи дека целта на Народната банка е, на среден рок, инфлацијата да се врати на историски ниските стапки од околу два процента.

Говорејќи за стабилноста на економијата, Ангеловска-Бежоска го истакна и значењето на банкарскиот сектор, којшто и покрај последователните кризи и натаму е високо капитализиран и ликвиден, односно ја задржа својата отпорност, а истовремено обезбеди постојана кредитна поддршка за економијата.

Рухе посочи дека земјава има сигурен партнер во ЕБОР за развојот на економијата и дека низ годините тоа многукратно е потврдено преку проектите и инвестициите на ЕБОР во земјава. Во дискусијата, осврнувајќи се на тековната криза и на структурните реформи чија потреба стана очигледна, стана збор и за зелената транзиција и за нејзиното значење за спроведувањето на мандатите на централните банки. ЕБОР изминатите години има амбициозна агенда преку директни инвестиции во зелени проекти, но и преку финансирање преку партнерски институции, поттикнување на зеленото финансирање и зелените производи за овозможување енергетска одржливост и ефикасност во земјава.

The post Ангеловска Бежоска ‒ Рухе: НБ и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност appeared first on Република.

]]>

И покрај силните шокови со кои се соочи нашата економија, како и глобалната економија, стабилноста беше зачувана. Централната банка и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност во земјава. Ќе се преземат сите потребни чекори и ќе се искористат сите расположливи инструменти, доколку има потреба, за да се исполни мандатот на централната банка и за да се зачува среднорочната ценовна стабилност, како и стабилноста на домашната валута. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката за Централна и Југоисточна Европа на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Шарлот Рухе, којашто се одржа на маргините на Форумот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. На средбата помеѓу гувернерката и директорката Рухе стана збор за тековната економска состојба во регионот и земјата, активностите коишто се преземаат од страна на централната банка, како и очекувањата и проекциите за годинава и на среден рок. Ангеловска-Бежоска посочи дека како мала и исклучително отворена економија, каде што трошоците за храната и енергентите сочинуваат околу половина од потрошувачката кошничка, бевме исклучително подложни на шоковите на меѓународните пазари, коишто брзо се пренесоа и во домашната економија. За остварување на својот основен законски мандат, односно одржувањето на ценовната стабилност, Народната банка уште од крајот на 2021 година започна да презема мерки за повлекување на ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, од пролетта 2022 година започна и со примена на широка лепеза активности кај повеќе монетарни инструменти, вклучително и зголемување на основната каматна стапка, а активира и макропрудентни мерки коишто овозможуваат финансиска стабилност. Гувернерката истакна и дека, имајќи ги предвид очекувањата за движењата на цените на храната и енергијата на светските пазари, како и мерките преземени од страна на носителите на политиките, годинава се очекува забавување на инфлацијата. Ангеловска-Бежоска посочи дека целта на Народната банка е, на среден рок, инфлацијата да се врати на историски ниските стапки од околу два процента. Говорејќи за стабилноста на економијата, Ангеловска-Бежоска го истакна и значењето на банкарскиот сектор, којшто и покрај последователните кризи и натаму е високо капитализиран и ликвиден, односно ја задржа својата отпорност, а истовремено обезбеди постојана кредитна поддршка за економијата. Рухе посочи дека земјава има сигурен партнер во ЕБОР за развојот на економијата и дека низ годините тоа многукратно е потврдено преку проектите и инвестициите на ЕБОР во земјава. Во дискусијата, осврнувајќи се на тековната криза и на структурните реформи чија потреба стана очигледна, стана збор и за зелената транзиција и за нејзиното значење за спроведувањето на мандатите на централните банки. ЕБОР изминатите години има амбициозна агенда преку директни инвестиции во зелени проекти, но и преку финансирање преку партнерски институции, поттикнување на зеленото финансирање и зелените производи за овозможување енергетска одржливост и ефикасност во земјава.

The post Ангеловска Бежоска ‒ Рухе: НБ и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Девизниот пазар е стабилен, монетарната политика ќе зависи од инфлацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-devizniot-pazar-e-stabilen-monetarnata-politika-kje-zavisi-od-inflacijata/ Sun, 25 Dec 2022 09:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=589644

Натамошната патека и реакцијата на монетарната политика кај нас ќе зависат од два клучни фактора ‒ инфлацијата и девизниот пазар, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Блумберг Адрија“ и додава дека „додека кај инфлацијата сѐ уште постојат ризици, девизниот пазар е стабилизиран и поволен“. Таа истакна дека не треба да има дилема дека централните банки ќе ги преземат сите мерки што им стојат на располагање за постигнување среднорочна ценовна стабилност.

Гувернерката во интервјуто се осврна на реакциите на централните банки на тековната криза и рече дека нивните реакции зависат од структурните економски фактори, од монетарната стратегија и природата на инфлацијата. Како пример ги зеде ФЕД и ЕЦБ, коишто иако започнаа со затегнување на монетарната политика, имаше одредени разлики. Имено, ФЕД започна порано и реагира кај каматните стапки и ликвидноста, додека ЕЦБ подоцна реагира со каматната стапка, а сѐ уште нема започнато со намалување на ликвидноста. Еден од факторите е што економскиот циклус е различен во двете економии, односно во САД економијата закрепна многу побрзо и постојат притисоци врз побарувачката, а во ЕУ закрепнувањето се одвиваше побавно.

Кај нас, имајќи предвид дека нашата монетарна стратегија е одржување стабилен девизен курс на денарот, има два клучни фактора што ја условуваат поставеноста на монетарната политика. Првиот фактор е инфлацијата и вториот фактор е девизниот пазар, односно нивото на девизни резерви коешто ни е клучно за одржување на стабилноста на курсот. Ние во овие две точки видовме првични притисоци уште при крајот на минатата година, кога дојде до израз енергетската криза, којашто направи притисоци на девизниот пазар и кај инфлацијата. Затоа уште минатата година започнавме со постепено затегнување на монетарната политика и притоа користевме широк спектар на инструменти. Започнавме со интервенции на девизниот пазар, а потоа продолживме со каматната стапка. Притоа не ја користевме само основната каматна стапка, реагиравме и кај каматната стапка на депозитите преку ноќ, седумдневните депозити, на кредитите преку ноќ и слично. Во четири наврати реагиравме и со задолжителната резерва - вели гувернерката.

Гувернерката посочи дека девизниот пазар не само што е стабилен, туку е и поволен, а централната банка некаде до крајот на ноември откупува девизи на девизниот пазар со што значително се надомести загубата на девизните резерви од почетокот на годината кога ескалира кризата. Исто така, значајна поддршка на стабилноста на курсот и девизниот потенцијал е новиот аранжман со ММФ, којшто е 530 милиони евра. Гувернерката ја истакна и поставеноста на ЕЦБ како фактор којшто влијае врз нашата монетарна политика, имајќи ја предвид поврзаноста на денарот со еврото.

Во однос на различниот раст на инфлацијата кај различните земји, гувернерката ги посочи структурните фактори, но и видовите на мерките коишто ги преземаат носителите на политиките.

Вкупната трговска отвореност кај нас е 140% од БДП, а во ЕУ околу 70%. Тоа значи дека ние имаме помалку домашни ресурси за да ги ублажиме тие надворешни шокови, со кои се соочуваме. Многу е важна и зависноста во сегментот на енергијата и енергетската интензивност. За да произведеме една единица БДП, ние трошиме во просек трипати повеќе енергија од ЕУ. Кај нас храната и енергијата во потрошувачката кошничка учествуваат над 50% до 55%, а во ЕУ е малку над 30%. Исто така, многу се важни мерките коишто се преземаат, во која мера тие се насочени за спречување на порастот на цените или се мерки коишто се поцелни. Да не го заборавиме и прашањето за степенот на конкуренција којшто постои во економијата којашто е многу значаен пазарен механизам за движењата на цените. Поради сите овие фактори, еден ист глобален шок се одразува со различен интензитет во различни економии - вели Ангеловска-Бежоска.

The post Ангеловска-Бежоска: Девизниот пазар е стабилен, монетарната политика ќе зависи од инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Натамошната патека и реакцијата на монетарната политика кај нас ќе зависат од два клучни фактора ‒ инфлацијата и девизниот пазар, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Блумберг Адрија“ и додава дека „додека кај инфлацијата сѐ уште постојат ризици, девизниот пазар е стабилизиран и поволен“. Таа истакна дека не треба да има дилема дека централните банки ќе ги преземат сите мерки што им стојат на располагање за постигнување среднорочна ценовна стабилност. Гувернерката во интервјуто се осврна на реакциите на централните банки на тековната криза и рече дека нивните реакции зависат од структурните економски фактори, од монетарната стратегија и природата на инфлацијата. Како пример ги зеде ФЕД и ЕЦБ, коишто иако започнаа со затегнување на монетарната политика, имаше одредени разлики. Имено, ФЕД започна порано и реагира кај каматните стапки и ликвидноста, додека ЕЦБ подоцна реагира со каматната стапка, а сѐ уште нема започнато со намалување на ликвидноста. Еден од факторите е што економскиот циклус е различен во двете економии, односно во САД економијата закрепна многу побрзо и постојат притисоци врз побарувачката, а во ЕУ закрепнувањето се одвиваше побавно.
Кај нас, имајќи предвид дека нашата монетарна стратегија е одржување стабилен девизен курс на денарот, има два клучни фактора што ја условуваат поставеноста на монетарната политика. Првиот фактор е инфлацијата и вториот фактор е девизниот пазар, односно нивото на девизни резерви коешто ни е клучно за одржување на стабилноста на курсот. Ние во овие две точки видовме првични притисоци уште при крајот на минатата година, кога дојде до израз енергетската криза, којашто направи притисоци на девизниот пазар и кај инфлацијата. Затоа уште минатата година започнавме со постепено затегнување на монетарната политика и притоа користевме широк спектар на инструменти. Започнавме со интервенции на девизниот пазар, а потоа продолживме со каматната стапка. Притоа не ја користевме само основната каматна стапка, реагиравме и кај каматната стапка на депозитите преку ноќ, седумдневните депозити, на кредитите преку ноќ и слично. Во четири наврати реагиравме и со задолжителната резерва - вели гувернерката.
Гувернерката посочи дека девизниот пазар не само што е стабилен, туку е и поволен, а централната банка некаде до крајот на ноември откупува девизи на девизниот пазар со што значително се надомести загубата на девизните резерви од почетокот на годината кога ескалира кризата. Исто така, значајна поддршка на стабилноста на курсот и девизниот потенцијал е новиот аранжман со ММФ, којшто е 530 милиони евра. Гувернерката ја истакна и поставеноста на ЕЦБ како фактор којшто влијае врз нашата монетарна политика, имајќи ја предвид поврзаноста на денарот со еврото. Во однос на различниот раст на инфлацијата кај различните земји, гувернерката ги посочи структурните фактори, но и видовите на мерките коишто ги преземаат носителите на политиките.
Вкупната трговска отвореност кај нас е 140% од БДП, а во ЕУ околу 70%. Тоа значи дека ние имаме помалку домашни ресурси за да ги ублажиме тие надворешни шокови, со кои се соочуваме. Многу е важна и зависноста во сегментот на енергијата и енергетската интензивност. За да произведеме една единица БДП, ние трошиме во просек трипати повеќе енергија од ЕУ. Кај нас храната и енергијата во потрошувачката кошничка учествуваат над 50% до 55%, а во ЕУ е малку над 30%. Исто така, многу се важни мерките коишто се преземаат, во која мера тие се насочени за спречување на порастот на цените или се мерки коишто се поцелни. Да не го заборавиме и прашањето за степенот на конкуренција којшто постои во економијата којашто е многу значаен пазарен механизам за движењата на цените. Поради сите овие фактори, еден ист глобален шок се одразува со различен интензитет во различни економии - вели Ангеловска-Бежоска.

The post Ангеловска-Бежоска: Девизниот пазар е стабилен, монетарната политика ќе зависи од инфлацијата appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Забрзан економски раст со здрав банкарски сектор што поддржува зелена и дигитална трансформација https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-zabrzan-ekonomski-rast-so-zdrav-bankarski-sektor-shto-poddrzuva-zelena-i-digitalna-transformacija/ Thu, 22 Dec 2022 09:07:53 +0000 https://republika.mk/?p=588658

Здравиот и развиен финансиски сектор е значаен за поттикнување на економскиот раст. Финансискиот систем што е доволно голем, диверзифициран, добро регулиран и сфатен може да придонесе за подобар животен стандард и унапредување на социјалната инклузија, намалувајќи ја со тоа сиромаштијата, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата „Сиромаштијата, економскиот раст и финансискиот сектор“ која се одржа во рамките на Годишната конференција на Обединетите нации, со наслов „Поглед подалеку“.

Ангеловска-Бежоска истакна дека во земјите од Западен Балкан, вклучително и во нашата, финансискиот систем е банкоцентричен, со што банките имаат клучна улога во финансирањето на реалната економија со постојано солидно темпо во изминативе неколку години на кризи.

Задржаната кредитна активност и во услови на криза во голема мера се должи на научените лекции од глобалната финансиска криза во светски рамки и зајакнатата регулатива во согласност со измените на меѓународните и европските стандарди, со чија помош банките ги пресретнаа предизвиците со зајакнати биланси и подобра способност за справување со ризици - додаде гувернерката.

Говорејќи за натамошна поддршка на растот и побрзо приближување до доходот на Европската Унија, гувернерката додаде дека е значајно да продолжи трендот на раст на финансискиот систем, вклучително и на банкарскиот систем.

Исклучително е важно банките да продолжат со јакнење на отпорноста и стабилноста на билансите, што заедно со обемот на финансиски потенцијал, е предуслов за соодветна кредитна поддршка на економијата. Важен е и развојот на пазарите на капитал коишто во целиот регион се недоволно развиени, а можат да бидат значаен извор за финансирање особено на малите и на средните претпријатија коишто вообичаено имаат потежок пристап до финансирање од банкарскиот сектор - посочи Ангеловска-Бежоска.

Според неа, иако здравиот и развиен финансиски сектор не може да биде замена за структурните реформи што се клучни за долгорочен економски раст, сепак тој може да даде значителна поддршка за економијата, особено во вакви периоди на криза коишто ги нагласуваат структурните слабости на економијата и потребата за енергетска и дигитална трансформација.

Во изминатиот период се согледува сѐ поголема поддршка на банкарскиот систем на проекти за енергетска трансформација на економиите, при што во домашната економија зеленото кредитирање во изминативе три години е зголемено за 80 отсто. За посилен економски раст е важен и финтек-секторот, којшто сѐ уште е мал, но расте во земјите од Западен Балкан. Финтек-секторот има потенцијал да ја зајакне финансиската инклузија и да го унапреди финансискиот сектор, за што е важно и натамошното зголемување на финансиската и дигиталната писменост, информираат во соопштението од Народната банка.

На панел-дискусијата, покрај гувернерката на Народната банка, учествуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, програмскиот лидер за земјите од Западен Балкан на Светската банка, Ричард Рекорд и претставничката од УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани.

The post Ангеловска-Бежоска: Забрзан економски раст со здрав банкарски сектор што поддржува зелена и дигитална трансформација appeared first on Република.

]]>

Здравиот и развиен финансиски сектор е значаен за поттикнување на економскиот раст. Финансискиот систем што е доволно голем, диверзифициран, добро регулиран и сфатен може да придонесе за подобар животен стандард и унапредување на социјалната инклузија, намалувајќи ја со тоа сиромаштијата, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата „Сиромаштијата, економскиот раст и финансискиот сектор“ која се одржа во рамките на Годишната конференција на Обединетите нации, со наслов „Поглед подалеку“. Ангеловска-Бежоска истакна дека во земјите од Западен Балкан, вклучително и во нашата, финансискиот систем е банкоцентричен, со што банките имаат клучна улога во финансирањето на реалната економија со постојано солидно темпо во изминативе неколку години на кризи.
Задржаната кредитна активност и во услови на криза во голема мера се должи на научените лекции од глобалната финансиска криза во светски рамки и зајакнатата регулатива во согласност со измените на меѓународните и европските стандарди, со чија помош банките ги пресретнаа предизвиците со зајакнати биланси и подобра способност за справување со ризици - додаде гувернерката.
Говорејќи за натамошна поддршка на растот и побрзо приближување до доходот на Европската Унија, гувернерката додаде дека е значајно да продолжи трендот на раст на финансискиот систем, вклучително и на банкарскиот систем.
Исклучително е важно банките да продолжат со јакнење на отпорноста и стабилноста на билансите, што заедно со обемот на финансиски потенцијал, е предуслов за соодветна кредитна поддршка на економијата. Важен е и развојот на пазарите на капитал коишто во целиот регион се недоволно развиени, а можат да бидат значаен извор за финансирање особено на малите и на средните претпријатија коишто вообичаено имаат потежок пристап до финансирање од банкарскиот сектор - посочи Ангеловска-Бежоска.
Според неа, иако здравиот и развиен финансиски сектор не може да биде замена за структурните реформи што се клучни за долгорочен економски раст, сепак тој може да даде значителна поддршка за економијата, особено во вакви периоди на криза коишто ги нагласуваат структурните слабости на економијата и потребата за енергетска и дигитална трансформација. Во изминатиот период се согледува сѐ поголема поддршка на банкарскиот систем на проекти за енергетска трансформација на економиите, при што во домашната економија зеленото кредитирање во изминативе три години е зголемено за 80 отсто. За посилен економски раст е важен и финтек-секторот, којшто сѐ уште е мал, но расте во земјите од Западен Балкан. Финтек-секторот има потенцијал да ја зајакне финансиската инклузија и да го унапреди финансискиот сектор, за што е важно и натамошното зголемување на финансиската и дигиталната писменост, информираат во соопштението од Народната банка. На панел-дискусијата, покрај гувернерката на Народната банка, учествуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, програмскиот лидер за земјите од Западен Балкан на Светската банка, Ричард Рекорд и претставничката од УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани.

The post Ангеловска-Бежоска: Забрзан економски раст со здрав банкарски сектор што поддржува зелена и дигитална трансформација appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Централните банки се доследни во одржувањето на ценовната стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-centralnite-banki-se-dosledni-vo-odrzuvanjeto-na-cenovnata-stabilnost/ Fri, 28 Oct 2022 08:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=566705

Продолжениот раст на инфлацијата е феномен присутен во речиси сите економии во светот, што предизвикува подигнување на нивото на инфлациските очекувања и создава ризици за ценовната стабилност. Слична е состојбата и во земјите на Западен Балкан, поради што сите централни банки веќе започнаа со циклусот на монетарно затегнување преку соодветно управување со ликвидноста, зголемување на каматните стапки, а во зависност од монетарните стратегии коишто ги имаат, и преку користење други инструменти.

Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која заедно со вицегувернерот на Народната банка, Фадил Бајрами, учествуваше во Тирана на Годишната конференција во организација на Банката на Албанија и Лондонската школа за економија и политички науки.

Во услови кога растот на инфлацијата во голема мера произлегува од факторите на понудата, а неповолните ризици за побарувачката стануваат сè поизразени, неопходно е чекорите на централните банки да бидат внимателни и постепени. Со тоа ќе се намали штетата за економиите, чијшто раст и онака забавува, во услови кога ризиците од војната во Украина и енергетската криза се високи. Истовремено, на таков начин финансиската стабилност се заштитува од поголеми ризици. Во секој случај, централните банки и натаму се придржуваат до затегнување на монетарните услови, заради одржување на стабилноста на цените - посочи гувернерката на НБ.

Анеловска-Бежоска учествуваше на панел-дискусијата „Борбата против инфлацијата во земјите во развој во Европа“, на која учествуваа и гувернерот на Албанија, Гент Сејко, членот на Советот на Народната банка на Романија, Ксаба Балинт и заменик-гувернерот на Народната банка на Унгарија, Барнабас Вираг. Учесниците ги споделија искуствата во справувањето со постојаниот раст на инфлацијата и пристапот во однос на нормализирањето на политиката. Беа разгледани идните предизвици за централните банки во регионот и нивниот одговор со оптималната комбинација на политики за постигнување на целите, се наведува во соопштението од НБ.

Монетарно-фискалната координација секогаш е предуслов за стабилност и просперитет, а особено е потребна во кризни услови. Соочени со енергетската криза и војната во Украина, од фискалната и монетарната власт се очекува дека повторно ќе дадат придонес за надминување на неповолните ефекти врз економијата. Но, ако во текот на пандемијата монетарната политика овозможи поддршка за фискалните мерки, во овие нови кризни околности, фискалните мерки треба да овозможат поддршка за справување со ценовните притисоци. Притоа е потребна целна поддршка за најранливите категории, водејќи сметка за фискалната одржливост, особено во контекст на порастот на домашните каматни стапки и каматните стапки на меѓународните пазари - истакна Ангеловска-Бежоска во своето обраќање.

На Конференцијата во Албанија, којашто годинава беше на тема: „Инфлацијата се врати: Како да се справиме со неа под зголемени неизвесности?“, беа одржани три сесии посветени на природата на основните причини за тековниот пораст на инфлацијата и опциите за нормализирање на политиката, притоа имајќи ги предвид разликите меѓу напредните економии и економиите во развој. Беа истакнати специфичните предизвици за монетарната политика, економската и финансиската стабилност на земјите од регионот.

The post Ангеловска-Бежоска: Централните банки се доследни во одржувањето на ценовната стабилност appeared first on Република.

]]>

Продолжениот раст на инфлацијата е феномен присутен во речиси сите економии во светот, што предизвикува подигнување на нивото на инфлациските очекувања и создава ризици за ценовната стабилност. Слична е состојбата и во земјите на Западен Балкан, поради што сите централни банки веќе започнаа со циклусот на монетарно затегнување преку соодветно управување со ликвидноста, зголемување на каматните стапки, а во зависност од монетарните стратегии коишто ги имаат, и преку користење други инструменти. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која заедно со вицегувернерот на Народната банка, Фадил Бајрами, учествуваше во Тирана на Годишната конференција во организација на Банката на Албанија и Лондонската школа за економија и политички науки.
Во услови кога растот на инфлацијата во голема мера произлегува од факторите на понудата, а неповолните ризици за побарувачката стануваат сè поизразени, неопходно е чекорите на централните банки да бидат внимателни и постепени. Со тоа ќе се намали штетата за економиите, чијшто раст и онака забавува, во услови кога ризиците од војната во Украина и енергетската криза се високи. Истовремено, на таков начин финансиската стабилност се заштитува од поголеми ризици. Во секој случај, централните банки и натаму се придржуваат до затегнување на монетарните услови, заради одржување на стабилноста на цените - посочи гувернерката на НБ.
Анеловска-Бежоска учествуваше на панел-дискусијата „Борбата против инфлацијата во земјите во развој во Европа“, на која учествуваа и гувернерот на Албанија, Гент Сејко, членот на Советот на Народната банка на Романија, Ксаба Балинт и заменик-гувернерот на Народната банка на Унгарија, Барнабас Вираг. Учесниците ги споделија искуствата во справувањето со постојаниот раст на инфлацијата и пристапот во однос на нормализирањето на политиката. Беа разгледани идните предизвици за централните банки во регионот и нивниот одговор со оптималната комбинација на политики за постигнување на целите, се наведува во соопштението од НБ.
Монетарно-фискалната координација секогаш е предуслов за стабилност и просперитет, а особено е потребна во кризни услови. Соочени со енергетската криза и војната во Украина, од фискалната и монетарната власт се очекува дека повторно ќе дадат придонес за надминување на неповолните ефекти врз економијата. Но, ако во текот на пандемијата монетарната политика овозможи поддршка за фискалните мерки, во овие нови кризни околности, фискалните мерки треба да овозможат поддршка за справување со ценовните притисоци. Притоа е потребна целна поддршка за најранливите категории, водејќи сметка за фискалната одржливост, особено во контекст на порастот на домашните каматни стапки и каматните стапки на меѓународните пазари - истакна Ангеловска-Бежоска во своето обраќање.
На Конференцијата во Албанија, којашто годинава беше на тема: „Инфлацијата се врати: Како да се справиме со неа под зголемени неизвесности?“, беа одржани три сесии посветени на природата на основните причини за тековниот пораст на инфлацијата и опциите за нормализирање на политиката, притоа имајќи ги предвид разликите меѓу напредните економии и економиите во развој. Беа истакнати специфичните предизвици за монетарната политика, економската и финансиската стабилност на земјите од регионот.

The post Ангеловска-Бежоска: Централните банки се доследни во одржувањето на ценовната стабилност appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска се сретна со претставници на фондот „Финансии во движење“ и Инвестицискиот фонд за зелен раст https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-se-sretna-so-pretstavnici-na-fondot-finansii-vo-dvizenje-i-investiciskiot-fond-za-zelen-rast/ Fri, 07 Oct 2022 10:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=558301

Соодветната поставеност на политиките коишто ги спроведува Народната банка (НБ) во изминатиот период на здравствената криза и во моментов овозможува одржување на макреокономската стабилност на земјата, којашто е поддржана и од стабилноста на банкарскиот сектор, посочија претставниците на фондот „Финансии во движење“ и Инвестицискиот фонд за зелен раст на денешната средба со гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Поставеноста на регулативата, спроведувањето на супервизијата и преземањето мерки коишто овозможуваат макропрудентна стабилност му овозможуваат на банкарскиот систем да им дава непречена и активна поддршка на економските текови - посочија тие на средбата и додадоа дека НБ спроведува претпазливи макроекономски политики коишто овозможуваат одржување на макроекономската стабилност.

На средбата со гуверенерката и нејзиниот тим, на која присуствуваа Тони Мајрон, претседател на Инвестицискиот фонд за зелен раст, Михаел Неумар, член на раководните тела на фондот, Борислав Костадинов, директор во фондот „Финансии во движење“ и Славен Поповиќ, регионален претставник на фондот „Финансии во движење“ во нашата држава, стана збор и за можноста за обезбедување нови кредитни линии за банкарскиот систем за поттикнување на инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и ефикасност на ресурсите, но и за можностите за продлабочена соработка со НБ во делот на активностите коишто ги презема таа изминативе неколку години во сферата на зеленото финансирање и раководењето со ризиците од климатските промени.

Говорејќи за досегашните активности на НБ, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на вложувањето напори за сѐ позастапена „зелена“ компонента во финансиите во македонската економија. Пример за тоа, како што рече, е мерката којашто беше усвоена од страна на Советот на Народната банка минатиот месец со Одлуката за промени кај инструментот за задолжителна резерва, преку која се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори.

Анкетата за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година, покажува дека речиси 90 отсто од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, 40 отсто имаат воведено нови производи и услуги како реакција на климатските промени, додека 80 отсто од испитаниците одговорија дека размислуваат за воведување вакви производи. Зелените кредити одобрени во приватниот сектор во првата половина од 2022 година забележаа раст за 5,6 отсто во споредба со крајот на претходната година.

Инвестицискиот фонд за зелен раст, како иницијатива на Европската инвестициска банка и Германската банка за развој, подржан од фондот „Финансии во движење“, во нашата држава е активен преку финансирање на банките и обезбедување инвестиции за проектно финансирање, како и преку проекти за техничка поддршка. Досега, Фондот има обезбедено финансиска поддршка во вкупна вредност од 41 милион евра, вклучувајќи и 22 наменски проекти за локалните финансиски институции во износ од 800 илјади евра во форма на неотповиклива техничка поддршка.

The post Ангеловска-Бежоска се сретна со претставници на фондот „Финансии во движење“ и Инвестицискиот фонд за зелен раст appeared first on Република.

]]>

Соодветната поставеност на политиките коишто ги спроведува Народната банка (НБ) во изминатиот период на здравствената криза и во моментов овозможува одржување на макреокономската стабилност на земјата, којашто е поддржана и од стабилноста на банкарскиот сектор, посочија претставниците на фондот „Финансии во движење“ и Инвестицискиот фонд за зелен раст на денешната средба со гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.
Поставеноста на регулативата, спроведувањето на супервизијата и преземањето мерки коишто овозможуваат макропрудентна стабилност му овозможуваат на банкарскиот систем да им дава непречена и активна поддршка на економските текови - посочија тие на средбата и додадоа дека НБ спроведува претпазливи макроекономски политики коишто овозможуваат одржување на макроекономската стабилност.
На средбата со гуверенерката и нејзиниот тим, на која присуствуваа Тони Мајрон, претседател на Инвестицискиот фонд за зелен раст, Михаел Неумар, член на раководните тела на фондот, Борислав Костадинов, директор во фондот „Финансии во движење“ и Славен Поповиќ, регионален претставник на фондот „Финансии во движење“ во нашата држава, стана збор и за можноста за обезбедување нови кредитни линии за банкарскиот систем за поттикнување на инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и ефикасност на ресурсите, но и за можностите за продлабочена соработка со НБ во делот на активностите коишто ги презема таа изминативе неколку години во сферата на зеленото финансирање и раководењето со ризиците од климатските промени. Говорејќи за досегашните активности на НБ, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на вложувањето напори за сѐ позастапена „зелена“ компонента во финансиите во македонската економија. Пример за тоа, како што рече, е мерката којашто беше усвоена од страна на Советот на Народната банка минатиот месец со Одлуката за промени кај инструментот за задолжителна резерва, преку која се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори. Анкетата за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година, покажува дека речиси 90 отсто од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, 40 отсто имаат воведено нови производи и услуги како реакција на климатските промени, додека 80 отсто од испитаниците одговорија дека размислуваат за воведување вакви производи. Зелените кредити одобрени во приватниот сектор во првата половина од 2022 година забележаа раст за 5,6 отсто во споредба со крајот на претходната година. Инвестицискиот фонд за зелен раст, како иницијатива на Европската инвестициска банка и Германската банка за развој, подржан од фондот „Финансии во движење“, во нашата држава е активен преку финансирање на банките и обезбедување инвестиции за проектно финансирање, како и преку проекти за техничка поддршка. Досега, Фондот има обезбедено финансиска поддршка во вкупна вредност од 41 милион евра, вклучувајќи и 22 наменски проекти за локалните финансиски институции во износ од 800 илјади евра во форма на неотповиклива техничка поддршка.

The post Ангеловска-Бежоска се сретна со претставници на фондот „Финансии во движење“ и Инвестицискиот фонд за зелен раст appeared first on Република.

]]>