Анита Ангеловска Бежоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anita-angelovska-bezhoska/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 07:38:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анита Ангеловска Бежоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anita-angelovska-bezhoska/ 32 32 Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен, девизните резерви се зголемени за 40 проценти за пет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-denarot-e-stabilen-deviznite-rezervi-se-zgolemeni-za-40-protsenti-za-pet-godini/ Thu, 24 Oct 2024 07:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=830408

Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години исполнети со шокови невидени досега, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

Според неа, ова се поволни трендови коишто говорат за натамошно јакнење на општата макроекономска политика и стабилноста на домашната валута.

Причините се поповолните надворешни случувања, особено во сегментот на странските директни инвестиции, коишто за првата половина од годината изнесуваат 500 милиони евра, но ова покажува дека се стабилни и очекувањата на домашните економски субјекти, посочила гувернерката во интервјуто за Гласот на Америка.

За ова има две причини ‒ првата е значителното стабилизирање на цените на примарните производи, особено на енергентите и на храната на светските берзи, а вториот фактор е справувањето на централните банки со овие инфлациски движења. Така, како резултат на овие фактори, најновите податоци кај нас упатуваат на значително намалување на инфлациските притисоци. Според податокот за просечната инфлација од почетокот на годината заклучно со септември, таа изнесува 3,3% и во основа е во согласност со очекувањата на Народната банка за просечната годишна стапка за 2024 година од 3,5%, а и во согласност со најновите очекувања на ММФ за просечна инфлација од 3,3%. Меѓутоа, сепак би истакнала дека ризиците постојат и потребно е внимателно водење на политиките во натамошниот период - истакнала гувернерката.

Како што информираат од Народната банка, осврнувајќи се на состојбите во банкарскиот сектор, Ангеловска-Бежоска посочила дека и покрај шоковите во изминатиот период, стабилноста на банкарскиот систем беше задржана дури и зголемена отпорноста, што може да се види преку повеќе показатели.

Според неа, адекватноста на капиталот, како показател за солвентноста на банкарскиот систем, достигнал 19 отсто, што е највисока стапка во изминатите две децении, додека квалитетот на банкарските инструменти е значително зголемен.

The post Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен, девизните резерви се зголемени за 40 проценти за пет години appeared first on Република.

]]>

Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години исполнети со шокови невидени досега, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишните средби на ММФ и Светската банка. Според неа, ова се поволни трендови коишто говорат за натамошно јакнење на општата макроекономска политика и стабилноста на домашната валута. Причините се поповолните надворешни случувања, особено во сегментот на странските директни инвестиции, коишто за првата половина од годината изнесуваат 500 милиони евра, но ова покажува дека се стабилни и очекувањата на домашните економски субјекти, посочила гувернерката во интервјуто за Гласот на Америка.
За ова има две причини ‒ првата е значителното стабилизирање на цените на примарните производи, особено на енергентите и на храната на светските берзи, а вториот фактор е справувањето на централните банки со овие инфлациски движења. Така, како резултат на овие фактори, најновите податоци кај нас упатуваат на значително намалување на инфлациските притисоци. Според податокот за просечната инфлација од почетокот на годината заклучно со септември, таа изнесува 3,3% и во основа е во согласност со очекувањата на Народната банка за просечната годишна стапка за 2024 година од 3,5%, а и во согласност со најновите очекувања на ММФ за просечна инфлација од 3,3%. Меѓутоа, сепак би истакнала дека ризиците постојат и потребно е внимателно водење на политиките во натамошниот период - истакнала гувернерката.
Како што информираат од Народната банка, осврнувајќи се на состојбите во банкарскиот сектор, Ангеловска-Бежоска посочила дека и покрај шоковите во изминатиот период, стабилноста на банкарскиот систем беше задржана дури и зголемена отпорноста, што може да се види преку повеќе показатели. Според неа, адекватноста на капиталот, како показател за солвентноста на банкарскиот систем, достигнал 19 отсто, што е највисока стапка во изминатите две децении, додека квалитетот на банкарските инструменти е значително зголемен.

The post Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен, девизните резерви се зголемени за 40 проценти за пет години appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска − Салас: Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-salas-bankarskiot-sektor-vo-zemjava-e-stabilen-i-siguren/ Tue, 24 Sep 2024 08:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=819176

Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен, што во голема мера се должи на политиките и макропрудентните мерки коишто ги носи Народната банка за одржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата којашто се одржа помеѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска и Хесус Сарина Салас, член на Единствениот одбор за решавање банки, институција при Европската банкарска унија чија цел е навремено справување со проблемите во работењето на банки, а со тоа и обезбедување финансиска стабилност. На средбата беше истакнато дека банкарскиот сектор кај нас е регулиран во согласност со највисоките стандарди во ЕУ, како што покажуваат и оцените на Европската комисија за високата усогласеност на банкарската регулатива и супервизорската рамка со стандардите во ЕУ.

Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување, а стапката на адекватност на капиталот достигна ниво од 19% на крајот на првото полугодие од 2024 година, коешто е највисоко од 2006 година наваму. Повисоките показатели за солвентноста во голема мера произлегуваат од повисоките регулаторни и супервизорски барања во врска со капиталот на банките, што пред сѐ е поврзано со заштитните слоеви на капиталот и капиталниот додаток утврден врз основа на супервизорска оцена. Имајќи предвид дека Народната банка во неколку наврати ги зголеми барањата за капитал во врска со противцикличниот заштитен слој на капиталот, коишто ќе започнат со примена во наредниот период, се очекува дека солвентноста на банкарскиот систем и натаму ќе се подобрува.

На средбата стана збор и за Законот за решавање банки, со кој на Народната банка ѝ се доверува вршење активности за справување со проблемите во работењето на банки, односно подготвителни активности, започнување на постапката на справување со проблемите во работењето на банки и примена на инструментите и овластувањата за справување со проблемите во работењето на банка. Во тек е изработка на подзаконската регулатива за примена на Законот.

The post Ангеловска-Бежоска − Салас: Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен appeared first on Република.

]]>

Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен, што во голема мера се должи на политиките и макропрудентните мерки коишто ги носи Народната банка за одржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата којашто се одржа помеѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска и Хесус Сарина Салас, член на Единствениот одбор за решавање банки, институција при Европската банкарска унија чија цел е навремено справување со проблемите во работењето на банки, а со тоа и обезбедување финансиска стабилност. На средбата беше истакнато дека банкарскиот сектор кај нас е регулиран во согласност со највисоките стандарди во ЕУ, како што покажуваат и оцените на Европската комисија за високата усогласеност на банкарската регулатива и супервизорската рамка со стандардите во ЕУ. Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување, а стапката на адекватност на капиталот достигна ниво од 19% на крајот на првото полугодие од 2024 година, коешто е највисоко од 2006 година наваму. Повисоките показатели за солвентноста во голема мера произлегуваат од повисоките регулаторни и супервизорски барања во врска со капиталот на банките, што пред сѐ е поврзано со заштитните слоеви на капиталот и капиталниот додаток утврден врз основа на супервизорска оцена. Имајќи предвид дека Народната банка во неколку наврати ги зголеми барањата за капитал во врска со противцикличниот заштитен слој на капиталот, коишто ќе започнат со примена во наредниот период, се очекува дека солвентноста на банкарскиот систем и натаму ќе се подобрува. На средбата стана збор и за Законот за решавање банки, со кој на Народната банка ѝ се доверува вршење активности за справување со проблемите во работењето на банки, односно подготвителни активности, започнување на постапката на справување со проблемите во работењето на банки и примена на инструментите и овластувањата за справување со проблемите во работењето на банка. Во тек е изработка на подзаконската регулатива за примена на Законот.

The post Ангеловска-Бежоска − Салас: Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен appeared first on Република.

]]>
Гувернерката на Народната банка на средба со ММФ, независната централна банка клучна за ценовната и финансиската стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/guvernerkata-na-narodnata-banka-na-sredba-so-mmf-nezavisnata-tsentralna-banka-kluchna-za-tsenovnata-i-finansiskata-stabilnost/ Fri, 12 Jul 2024 07:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=796018

Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за справување со последната инфлациска епизода, што придонесе за одржување на целокупната стабилност, било оценето на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и заменик генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кенџи Окамура.

На средбата било нагласено дека одржувањето на независноста на Народната банка е од огромна важност. Од страна на ММФ, како што се наведува во соопштението од Народната банка, позитивно е оценета посветеноста на Народната банка во исполнувањето на целите, особено напорите за надминување на ефектите од последователните кризи во изминатиот период. Покрај ова, било истакнато дека во околности на зголемена економска неизвесност, централните банки треба почесто да бидат присутни во јавноста со објави во кои ќе ги појаснат економските движења и ќе ги образложат причините и претпоставките за донесените монетарни одлуки.

Гувернерката истакнала дека Народната банка го следи овој тренд и постојано ја унапредува транспарентноста, којашто придонесува за значително зголемување на довербата и кредибилитетот на институцијата кај јавноста, што е заклучено и во Извештајот на ММФ за оцена на транспарентноста на Народната банка.

Со мерките на Народната банка инфлацијата е сведена на едноцифрена стапка, девизните резерви се зголемени на солидно ниво, а финансиската стабилност е зајакната, посочуваат од Народната банка.

Оттаму информираат дека на Годишниот состанок на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светската банка, на која ѝ припаѓа нашата земја, што се одржува во Кишињев било заклучено дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, но неопходно е внимателно следење на инфлациските движења.

The post Гувернерката на Народната банка на средба со ММФ, независната централна банка клучна за ценовната и финансиската стабилност appeared first on Република.

]]>

Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за справување со последната инфлациска епизода, што придонесе за одржување на целокупната стабилност, било оценето на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и заменик генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кенџи Окамура. На средбата било нагласено дека одржувањето на независноста на Народната банка е од огромна важност. Од страна на ММФ, како што се наведува во соопштението од Народната банка, позитивно е оценета посветеноста на Народната банка во исполнувањето на целите, особено напорите за надминување на ефектите од последователните кризи во изминатиот период. Покрај ова, било истакнато дека во околности на зголемена економска неизвесност, централните банки треба почесто да бидат присутни во јавноста со објави во кои ќе ги појаснат економските движења и ќе ги образложат причините и претпоставките за донесените монетарни одлуки. Гувернерката истакнала дека Народната банка го следи овој тренд и постојано ја унапредува транспарентноста, којашто придонесува за значително зголемување на довербата и кредибилитетот на институцијата кај јавноста, што е заклучено и во Извештајот на ММФ за оцена на транспарентноста на Народната банка. Со мерките на Народната банка инфлацијата е сведена на едноцифрена стапка, девизните резерви се зголемени на солидно ниво, а финансиската стабилност е зајакната, посочуваат од Народната банка. Оттаму информираат дека на Годишниот состанок на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светската банка, на која ѝ припаѓа нашата земја, што се одржува во Кишињев било заклучено дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, но неопходно е внимателно следење на инфлациските движења.

The post Гувернерката на Народната банка на средба со ММФ, независната централна банка клучна за ценовната и финансиската стабилност appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Енергетскиот шок предизвика значајни притисоци кај инфлацијата и девизните резерви, но со мерките на Народната банка стабилноста се одржа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-energetskiot-shok-predizvika-znachajni-pritisotsi-kaj-inflatsijata-i-deviznite-rezervi-no-so-merkite-na-narodnata-banka-stabilnosta-se-odrzha/ Fri, 31 May 2024 08:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=783384

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на економскиот форум „По бурата: Управување со енергетската и прехранбената стабилност на Западен Балкан“, во организација на аналитичкиот центар „Фајненс тинк“, истакна дека енергетскиот шок со кој се соочи светот изминатите две години беше посилен од кризата во ‘70-тите години од минатиот век. Овој ценовен шок ги опфати сите енергенти, за разлика од 70-те кога главно се одрази на цените на нафтата. Степенот на глобализација сега е многу повисок, така што и повеќекратните ефекти се поголеми.

Овој раст на цените на енергентите придонесе за двојно зголемување на глобалната инфлација, додека кај земјите од Западен Балкан таа се зголеми четирикратно. Кога станува збор за нашата земја, како мала, енергетски зависна и енергетски неефикасна економија, таа беше силно погодена од енергетската криза, што се одрази и на инфлацијата, која достигна 14,2% на годишно ниво.

Домашните цени на енергијата се зголемија за 20% во две години, одразувајќи се значително на семејните буџети и зголемувајќи го ризикот од енергетска сиромаштија, слично како и другите земји во регионот - истакна Ангеловска-Бежоска и посочи дека значително се зголемија и трошоците на компаниите.

Сепак, во услови на стабилизација на цените на енергентите и големиот број преземени мерки од Народната банка, инфлацијата значително се намали до 3,4% во првиот квартал од 2024 година, а забележително стеснување е забележано и кај инфлацискиот диференцијал во однос на ЕУ.

Покрај инфлацијата, се соочивме и со значајни предизвици и во надворешниот сектор, при што трговскиот дефицит достигна 27% од БДП во 2022 година, а ваквите промени во надворешната позиција очекувано создадоа притисоци на девизниот пазар. Народната банка, преку интервенции на девизниот пазар и други мерки, успешно ја зачува стабилноста на денарот. Девизните резерви на почетокот на кризата се намалија, но со нормализирањето на трендовите, тие забележаа раст, така што на крајот на 2023 година нивното ниво е повисоко за 40% во однос на преткризниот период.

Соодветната комбинација на монетарни и макропрудентни мерки придонесе за успешно одржување на стабилноста на девизниот курс и намалување на инфлацијата на едноцифрени стапки, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на економскиот форум.

The post Ангеловска-Бежоска: Енергетскиот шок предизвика значајни притисоци кај инфлацијата и девизните резерви, но со мерките на Народната банка стабилноста се одржа appeared first on Република.

]]>

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на економскиот форум „По бурата: Управување со енергетската и прехранбената стабилност на Западен Балкан“, во организација на аналитичкиот центар „Фајненс тинк“, истакна дека енергетскиот шок со кој се соочи светот изминатите две години беше посилен од кризата во ‘70-тите години од минатиот век. Овој ценовен шок ги опфати сите енергенти, за разлика од 70-те кога главно се одрази на цените на нафтата. Степенот на глобализација сега е многу повисок, така што и повеќекратните ефекти се поголеми. Овој раст на цените на енергентите придонесе за двојно зголемување на глобалната инфлација, додека кај земјите од Западен Балкан таа се зголеми четирикратно. Кога станува збор за нашата земја, како мала, енергетски зависна и енергетски неефикасна економија, таа беше силно погодена од енергетската криза, што се одрази и на инфлацијата, која достигна 14,2% на годишно ниво.
Домашните цени на енергијата се зголемија за 20% во две години, одразувајќи се значително на семејните буџети и зголемувајќи го ризикот од енергетска сиромаштија, слично како и другите земји во регионот - истакна Ангеловска-Бежоска и посочи дека значително се зголемија и трошоците на компаниите.
Сепак, во услови на стабилизација на цените на енергентите и големиот број преземени мерки од Народната банка, инфлацијата значително се намали до 3,4% во првиот квартал од 2024 година, а забележително стеснување е забележано и кај инфлацискиот диференцијал во однос на ЕУ. Покрај инфлацијата, се соочивме и со значајни предизвици и во надворешниот сектор, при што трговскиот дефицит достигна 27% од БДП во 2022 година, а ваквите промени во надворешната позиција очекувано создадоа притисоци на девизниот пазар. Народната банка, преку интервенции на девизниот пазар и други мерки, успешно ја зачува стабилноста на денарот. Девизните резерви на почетокот на кризата се намалија, но со нормализирањето на трендовите, тие забележаа раст, така што на крајот на 2023 година нивното ниво е повисоко за 40% во однос на преткризниот период. Соодветната комбинација на монетарни и макропрудентни мерки придонесе за успешно одржување на стабилноста на девизниот курс и намалување на инфлацијата на едноцифрени стапки, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на економскиот форум.  

The post Ангеловска-Бежоска: Енергетскиот шок предизвика значајни притисоци кај инфлацијата и девизните резерви, но со мерките на Народната банка стабилноста се одржа appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржување на макроекономската стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-kamer-pretpazlivite-politiki-na-narodnata-banka-kluchni-za-odrzhuvane-na-makroekonomskata-stabilnost/ Fri, 17 May 2024 09:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=779120

Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4 проценти, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30 проценти во однос на периодот пред пандемијата, а финансиската стабилност беше дополнително зајакната.

Ова, како што информираа денеска од Народната банка, било посочено на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа, Алфред Камер, на маргините на Конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Словенија и ММФ, што се одржува во Порторож, Словенија.

Камер истакнал дека претпазливите политики на Народната банка биле клучни за соодветно надминување на кризниот период и важно е да се продолжи на тој начин. Ова ја нагласува важноста од зачувување на независноста на централната банка.

Гувернерката посочила дека, во период од една година, инфлацијата петкратно се намалила и се свела на пониски едноцифрени стапки, додека јазот меѓу домашната и инфлацијата во еврозоната значително се намалил.

Истовремено, и покрај затегнувањето на монетарната политика, стабилноста на домашниот банкарски сектор беше зачувана, а истовремено беше зголемена отпорноста со преземањето на макропрудентните мерки од страна на централната банка. Во изминатите неколку кризни години, показателите покажуваат дека адекватноста на капиталот е на највисоко ниво во изминатите 17 години, додека нефункционалните кредити се блиску до историски најниското ниво. Кредитната активност, иако во еден период забави, и натаму претставува значителна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор, рекла гувернерката.

Ангеловска-Бежоска изразила благодарност до Камер за значајната поддршка што ММФ и ја дава на Народната банка во справување со неодамнешните незапаметени шокови.

The post Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржување на макроекономската стабилност appeared first on Република.

]]>

Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4 проценти, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30 проценти во однос на периодот пред пандемијата, а финансиската стабилност беше дополнително зајакната. Ова, како што информираа денеска од Народната банка, било посочено на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа, Алфред Камер, на маргините на Конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Словенија и ММФ, што се одржува во Порторож, Словенија. Камер истакнал дека претпазливите политики на Народната банка биле клучни за соодветно надминување на кризниот период и важно е да се продолжи на тој начин. Ова ја нагласува важноста од зачувување на независноста на централната банка. Гувернерката посочила дека, во период од една година, инфлацијата петкратно се намалила и се свела на пониски едноцифрени стапки, додека јазот меѓу домашната и инфлацијата во еврозоната значително се намалил. Истовремено, и покрај затегнувањето на монетарната политика, стабилноста на домашниот банкарски сектор беше зачувана, а истовремено беше зголемена отпорноста со преземањето на макропрудентните мерки од страна на централната банка. Во изминатите неколку кризни години, показателите покажуваат дека адекватноста на капиталот е на највисоко ниво во изминатите 17 години, додека нефункционалните кредити се блиску до историски најниското ниво. Кредитната активност, иако во еден период забави, и натаму претставува значителна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор, рекла гувернерката. Ангеловска-Бежоска изразила благодарност до Камер за значајната поддршка што ММФ и ја дава на Народната банка во справување со неодамнешните незапаметени шокови.

The post Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржување на макроекономската стабилност appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска на средба со ММФ: Народната Банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-sredba-so-mmf-narodnata-banka-obezbedi-stabilnost-na-denarot-inflatsiskite-dvizhena-i-bankarskiot-sektor/ Sat, 20 Apr 2024 10:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=768382

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и одржување на стабилноста на банкарскиот сектор“, истакна заменик генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, за време на состанокот со македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка, која ја предводат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменик министерот за финансии, Филип Николоски, а од која е дел и вицегувернерот Фадил Бајрами.

Притоа, високиот претставник на ММФ укажа на потребата од понатамошна внимателност во водењето на политиките, со оглед на неизвесниот глобален контекст, кадешто инфлацијата забавува - но поспоро, додека стапките на глобален раст се под историскиот просек.

Во рамки на Пролетните средби, делегацијата оствари средба и со Директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, којшто исто така констатираше дека резултатите од соодветното водење на монетарната политика од страна на Народната банка, се видливи преку опаѓачкиот тренд на инфлацијата, позитивните движења кај девизните резерви и стабилноста на банкарскиот систем.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека и покрај повеќе шокови, преку бројните монетарни, но и макропруденти мерки е задржана макроекономската стабилност. Сепак, ризиците постојат и потребен е внимателен пристап.

Исто така, делегацијата оствари средба и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хилберс и Лук Дресе, на која се зборуваше за најновите макроекономски трендови и потребата за натамошна внимателност при водењето на макроекономските политики.

The post Ангеловска-Бежоска на средба со ММФ: Народната Банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор appeared first on Република.

]]>

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и одржување на стабилноста на банкарскиот сектор“, истакна заменик генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, за време на состанокот со македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка, која ја предводат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменик министерот за финансии, Филип Николоски, а од која е дел и вицегувернерот Фадил Бајрами.
Притоа, високиот претставник на ММФ укажа на потребата од понатамошна внимателност во водењето на политиките, со оглед на неизвесниот глобален контекст, кадешто инфлацијата забавува - но поспоро, додека стапките на глобален раст се под историскиот просек. Во рамки на Пролетните средби, делегацијата оствари средба и со Директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, којшто исто така констатираше дека резултатите од соодветното водење на монетарната политика од страна на Народната банка, се видливи преку опаѓачкиот тренд на инфлацијата, позитивните движења кај девизните резерви и стабилноста на банкарскиот систем. Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека и покрај повеќе шокови, преку бројните монетарни, но и макропруденти мерки е задржана макроекономската стабилност. Сепак, ризиците постојат и потребен е внимателен пристап. Исто така, делегацијата оствари средба и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хилберс и Лук Дресе, на која се зборуваше за најновите макроекономски трендови и потребата за натамошна внимателност при водењето на макроекономските политики.

The post Ангеловска-Бежоска на средба со ММФ: Народната Банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Потребни се важни структурни реформи за побрзо и поинклузивно зголемување на потенцијалот за раст на регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-potrebni-se-vazhni-strukturni-reformi-za-pobrzo-i-poinkluzivno-zgolemuvane-na-potentsijalot-za-rast-na-regionot/ Fri, 16 Jun 2023 08:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=652011

Доходот на регионот на Западен Балкан во однос на европскиот просек е само околу 40%, што покажува дека не растеме доволно брзо за да ја намалиме разликата со земјите од ЕУ. За да растеме побрзо и на поинклузивен начин, мораме да го подигнеме потенцијалот за раст, за што се потребни важни структурни реформи со кои ќе се зголемат инвестициите и физичкиот капитал, човечкиот капитал и продуктивноста. Ова е потребно особено во време на отежнати глобални макроекономски услови и геоекономска фрагментација - истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, обраќајќи се на сесијата „Поплочување на патот кон просперитетот: Екофин-стратегии за раст на Западен Балкан“.

Ангеловска-Бежоска се осврна на ниската реална конвергенција на регионот на Западен Балкан во однос на ЕУ, којашто во голема мера се должи на структурни предизвици. Ова е видливо преку значителното намалување на потенцијалот за раст на регионот по глобалната финансиска криза, кога во просек е намален од околу 5% на 2,5%, коешто е посилно намалување во споредба со ЕУ и покажува дека конвергенцијата во иднина може да биде уште поголем предизвик за регионот.

Во доменот на човечкиот капитал, податоците укажуваат дека се бележи намалување на работоспособното население во земјите на Западен Балкан, што пред сѐ е одраз на два неповолни фактора, односно демографијата и емиграцијата. Во услови кога работоспособното население во последната деценија е намалено од 70% на околу 65%, кога секој петти граѓанин роден во регионот живее во странство, а повеќе од една третина од граѓаните размислуваат за иселување, неопходни се „збир на политики како што се политики за ублажување на емиграцијата, активни политики на пазарот на труд коишто ќе се справат со структурната невработеност, како и соодветни образовни политики за зголемување на квалитетот на човечкиот капитал и решавање на проблемот со неусогласеноста на вештините на работната сила со побарувачката - додаде гувернерката.

Досегашното искуство од процесот на конвергенција на земјите од ЦЈЕ покажува дека процесот на пристапување кон ЕУ игра значајна улога за забрзано спроведување на структурните реформи и забрзување на економскиот раст. Оттаму, засилувањето на овој процес и поголемиот пристап до фондови на ЕУ може да има значаен придонес во процесот на конвергенција.

The post Ангеловска-Бежоска: Потребни се важни структурни реформи за побрзо и поинклузивно зголемување на потенцијалот за раст на регионот appeared first on Република.

]]>

Доходот на регионот на Западен Балкан во однос на европскиот просек е само околу 40%, што покажува дека не растеме доволно брзо за да ја намалиме разликата со земјите од ЕУ. За да растеме побрзо и на поинклузивен начин, мораме да го подигнеме потенцијалот за раст, за што се потребни важни структурни реформи со кои ќе се зголемат инвестициите и физичкиот капитал, човечкиот капитал и продуктивноста. Ова е потребно особено во време на отежнати глобални макроекономски услови и геоекономска фрагментација - истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, обраќајќи се на сесијата „Поплочување на патот кон просперитетот: Екофин-стратегии за раст на Западен Балкан“. Ангеловска-Бежоска се осврна на ниската реална конвергенција на регионот на Западен Балкан во однос на ЕУ, којашто во голема мера се должи на структурни предизвици. Ова е видливо преку значителното намалување на потенцијалот за раст на регионот по глобалната финансиска криза, кога во просек е намален од околу 5% на 2,5%, коешто е посилно намалување во споредба со ЕУ и покажува дека конвергенцијата во иднина може да биде уште поголем предизвик за регионот.
Во доменот на човечкиот капитал, податоците укажуваат дека се бележи намалување на работоспособното население во земјите на Западен Балкан, што пред сѐ е одраз на два неповолни фактора, односно демографијата и емиграцијата. Во услови кога работоспособното население во последната деценија е намалено од 70% на околу 65%, кога секој петти граѓанин роден во регионот живее во странство, а повеќе од една третина од граѓаните размислуваат за иселување, неопходни се „збир на политики како што се политики за ублажување на емиграцијата, активни политики на пазарот на труд коишто ќе се справат со структурната невработеност, како и соодветни образовни политики за зголемување на квалитетот на човечкиот капитал и решавање на проблемот со неусогласеноста на вештините на работната сила со побарувачката - додаде гувернерката.
Досегашното искуство од процесот на конвергенција на земјите од ЦЈЕ покажува дека процесот на пристапување кон ЕУ игра значајна улога за забрзано спроведување на структурните реформи и забрзување на економскиот раст. Оттаму, засилувањето на овој процес и поголемиот пристап до фондови на ЕУ може да има значаен придонес во процесот на конвергенција.

The post Ангеловска-Бежоска: Потребни се важни структурни реформи за побрзо и поинклузивно зголемување на потенцијалот за раст на регионот appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-za-povisok-ekonomski-rast-potrebna-e-pogolema-vkluchenost-na-zhenite-vo-ekonomijata/ Thu, 30 Mar 2023 11:06:32 +0000 https://republika.mk/?p=625431

Според емпириските истражувања, поголемата вклученост на жените во економијата значи повисок економски раст. Кај развиените економии, вклученоста на жените може да го забрза растот за 10%, додека кај помалку развиените, дури за 30%. Сепак, широкиот јаз помеѓу мажите и жените на пазарот на труд, според вклученоста и валоризацијата, сѐ уште е глобален проблем, кој уште повеќе се продлабочи по пандемијата. Слична е состојбата и во македонската економија. Народната банка е еден од позитивните примери во општеството, каде што учеството на жените на раководни позиции изнесува 70%.

Ова беа дел пораките на гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, која се обрати на панел-дискусијата „Жените инспирираат“, во рамки на програмата организирана во чест на првите дами на Австрија и на Република Македонија.

Говорејќи за родовата нееднаквост во светски рамки, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека кризните епизоди со кои се соочивме изминатите неколку години диспропорционално повеќе ги погодија жените од мажите.

„Ова јасно се согледува преку фактот дека само во првата пандемична година, околу 54 милиони жени во светот излегоа од пазарот на трудот, а се проценува дека 90% од нив, на трајна основа. Со тоа стапката на активност на жените се намали на 47%, така што уште повеќе се продлабочи разликата со стапката на активност на мажите, која е над 70%. Ова значи дека само помалку од половина од работоспособното женско население работи или бара работа, односно е ставено во функција на раст на економиите“, посочува гувернерката.

Понатаму во својата дискусија, гувернерката се осврна на македонската економија, која исто така се соочува со предизвици поврзани со родовата нееднаквост. Само околу 45% од жените се активни на пазарот на трудот, а присутна е и сегрегација кај раководните позиции со значително помала застапеност на жените, што доведува и до јаз во платите.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска вели дека општеството има и повеќе добри примери. Во овој контекст, истакна дека угледната британска експертска група ОМФИФ, чиј индекс го мери учеството на жените во раководните тела на институцијата, ја рангира Народната банка како прва во светот во централнобанкарската заедница според родова еднаквост.

The post Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата appeared first on Република.

]]>

Според емпириските истражувања, поголемата вклученост на жените во економијата значи повисок економски раст. Кај развиените економии, вклученоста на жените може да го забрза растот за 10%, додека кај помалку развиените, дури за 30%. Сепак, широкиот јаз помеѓу мажите и жените на пазарот на труд, според вклученоста и валоризацијата, сѐ уште е глобален проблем, кој уште повеќе се продлабочи по пандемијата. Слична е состојбата и во македонската економија. Народната банка е еден од позитивните примери во општеството, каде што учеството на жените на раководни позиции изнесува 70%. Ова беа дел пораките на гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, која се обрати на панел-дискусијата „Жените инспирираат“, во рамки на програмата организирана во чест на првите дами на Австрија и на Република Македонија. Говорејќи за родовата нееднаквост во светски рамки, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека кризните епизоди со кои се соочивме изминатите неколку години диспропорционално повеќе ги погодија жените од мажите. „Ова јасно се согледува преку фактот дека само во првата пандемична година, околу 54 милиони жени во светот излегоа од пазарот на трудот, а се проценува дека 90% од нив, на трајна основа. Со тоа стапката на активност на жените се намали на 47%, така што уште повеќе се продлабочи разликата со стапката на активност на мажите, која е над 70%. Ова значи дека само помалку од половина од работоспособното женско население работи или бара работа, односно е ставено во функција на раст на економиите“, посочува гувернерката. Понатаму во својата дискусија, гувернерката се осврна на македонската економија, која исто така се соочува со предизвици поврзани со родовата нееднаквост. Само околу 45% од жените се активни на пазарот на трудот, а присутна е и сегрегација кај раководните позиции со значително помала застапеност на жените, што доведува и до јаз во платите. Гувернерката Ангеловска-Бежоска вели дека општеството има и повеќе добри примери. Во овој контекст, истакна дека угледната британска експертска група ОМФИФ, чиј индекс го мери учеството на жените во раководните тела на институцијата, ја рангира Народната банка како прва во светот во централнобанкарската заедница според родова еднаквост.  

The post Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Има позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, но мора да задржиме мудри монетарни политики https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-ima-pozitivni-signali-za-namaluvane-na-inflatsijata-no-mora-da-zadrzhime-mudri-monetarni-politiki/ Thu, 23 Mar 2023 13:04:39 +0000 https://republika.mk/?p=622875

Гледаме позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, која од октомври лани е во опаѓачки тренд, но сепак мора да ги задржиме мудрите монетарни политики, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панелот насловен „Монетарната и фискалната политика во свет со висока инфлација“ во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“. што денеска и утре се одржува во Скопје, а чиј домаќин е Народната банка.

Во овој тренд можеме да видиме дека дестабилизацијата и инфлацијата коинцидираа со олеснување на некои влијанија, барем според анкетата на Европската Унија за очекувањата. Гледаме и намален удел на компонентите во ЦПА во високата инфлација од 10 проценти и повеќе - рече Ангеловска-Бежоска.

Таа нагласи дека има некои знаци, но додаде дека иднината на инфлаторната динамика во некои земји, каква што е и нашата, сигурно ќе зависи од опстојувањето на мобилните шокови, од ранливоста кон шоковите и значителниот раст на кредитирањето кое ќе ги намали притисоците на среден и долг рок.

Мора да задржиме мудри монетарни политики. Но, имајќи ги предвид комплексните монетарни шокови со кои се соочуваме клучно е дека монетарните политики мора да бидат поддржани со фискални политики за да се спречи зголемување на платите кое не е поврзано со растот на продуктивноста - потенцира Ангеловска-Бежоска.

Минатата недела Министерството за финансии ја информираше Владата дека започнува со реформа која ќе ја унапреди фискалната децентрализација во земјава. Предвидено е спроведување на повеќе мерки.

Со нејзиниот став се согласи и министерот за финансии Фатмир Бесими, кој посочи дека мора да се работи на сите различни гледишта во однос на цените.

Оваа година имаме малку поразлична проекција во однос на годинашната инфлација, но во однос на политиките се обидуваме да ја задржиме конзистентноста во мерките. Од буџетска гледна точка и од гледна точка на владините политики важно е да се обезбеди финансирање на она што го проектираме и она што денеска несигурноста е сигурност - рече Бесими.

Сите, додаде министерот, се подготвувавме за тешка зима и тоа ни даде простор за воспоставување рамнотежа меѓу монетарните и фискалните политики.

Сега влегуваме во пролетното време во однос на трошоците и се надевам дека ќе постигнеме рамнотежа, но економската активност останува пониска од тоа што го проектиравме. Се надевам дека во следната година ќе имаме подобри услови и дека ќе ги одржиме нашите начелни проекции - потенцира министерот за финансии.

The post Ангеловска-Бежоска: Има позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, но мора да задржиме мудри монетарни политики appeared first on Република.

]]>

Гледаме позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, која од октомври лани е во опаѓачки тренд, но сепак мора да ги задржиме мудрите монетарни политики, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панелот насловен „Монетарната и фискалната политика во свет со висока инфлација“ во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“. што денеска и утре се одржува во Скопје, а чиј домаќин е Народната банка.
Во овој тренд можеме да видиме дека дестабилизацијата и инфлацијата коинцидираа со олеснување на некои влијанија, барем според анкетата на Европската Унија за очекувањата. Гледаме и намален удел на компонентите во ЦПА во високата инфлација од 10 проценти и повеќе - рече Ангеловска-Бежоска.
Таа нагласи дека има некои знаци, но додаде дека иднината на инфлаторната динамика во некои земји, каква што е и нашата, сигурно ќе зависи од опстојувањето на мобилните шокови, од ранливоста кон шоковите и значителниот раст на кредитирањето кое ќе ги намали притисоците на среден и долг рок.
Мора да задржиме мудри монетарни политики. Но, имајќи ги предвид комплексните монетарни шокови со кои се соочуваме клучно е дека монетарните политики мора да бидат поддржани со фискални политики за да се спречи зголемување на платите кое не е поврзано со растот на продуктивноста - потенцира Ангеловска-Бежоска.
Минатата недела Министерството за финансии ја информираше Владата дека започнува со реформа која ќе ја унапреди фискалната децентрализација во земјава. Предвидено е спроведување на повеќе мерки. Со нејзиниот став се согласи и министерот за финансии Фатмир Бесими, кој посочи дека мора да се работи на сите различни гледишта во однос на цените.
Оваа година имаме малку поразлична проекција во однос на годинашната инфлација, но во однос на политиките се обидуваме да ја задржиме конзистентноста во мерките. Од буџетска гледна точка и од гледна точка на владините политики важно е да се обезбеди финансирање на она што го проектираме и она што денеска несигурноста е сигурност - рече Бесими.
Сите, додаде министерот, се подготвувавме за тешка зима и тоа ни даде простор за воспоставување рамнотежа меѓу монетарните и фискалните политики.
Сега влегуваме во пролетното време во однос на трошоците и се надевам дека ќе постигнеме рамнотежа, но економската активност останува пониска од тоа што го проектиравме. Се надевам дека во следната година ќе имаме подобри услови и дека ќе ги одржиме нашите начелни проекции - потенцира министерот за финансии.

The post Ангеловска-Бежоска: Има позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, но мора да задржиме мудри монетарни политики appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-gi-prezemame-site-merki-za-osiguruvane-na-srednorochnata-tsenovna-stabilnost/ Wed, 01 Feb 2023 08:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=603238

Како централна банка постојано работиме на обезбедување среднорочна ценовна стабилност. Тековното затегнување на монетарната политика има за цел да придонесе за намалување на инфлациските очекувања и стабилизирање на инфлацијата. Како резултат на постепеното намалување на цените на примарните производи, но и на мерките преземени досега, од ноември се забележува постепено забавување на инфлацијата, во услови на задржана стабилност на девизниот курс и на финансискиот сектор, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата под наслов „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, во рамките на годишната владина конференција, насловена „Година на нови можности“.

Ангеловска-Бежоска во своето излагање рече дека сме сведоци на најсинхронизираниот одговор на централните банки ширум светот преку затегање на монетарните политики за стабилизирање на инфлацијата, посилен во споредба со 70-тите години. Таа посочи дека иако не станува збор за стандарден шок на побарувачката, поради високите стапки и дисперзирноста на инфлацијата, централните банки немаат друг избор освен да ја затегнуваат монетарната политика, додека видот на инструментите и силината зависат од монетарната стратегија, инструментариумот и одделните фактори коишто влијаат врз инфлацијата.

Со оглед на нашата монетарна стратегија на стабилен курс на денарот, поставеноста на нашата монетарна политика зависи од два клучни фактора ‒ состојбите на девизниот пазар и притисоците на курсот и инфлациските движења. Првите притисоци во овие два сегмента беа забележани со појавата на енергетската криза кон крајот на 2021 година, кога започна нашата реакција, преку постепено намалување на ликвидноста со интервенции на девизниот пазар. Продолживме со зголемување на основната каматна стапка, но и на каматната стапка на депозитите преку ноќ, седумдневните, кредитите преку ноќ, каматната стапка на репо-операциите. Во неколку наврати направивме измена кај инструментот задолжителна резерва, преку што се делува и на циклусот на затегање, но и се поттикнува процесот на денаризација и зеленото финансирање, а сето тоа придонесува за поддршка на стабилноста во економијата. Во основа, ние сме во групата земји коишто меѓу првите почнаа со интервенции, уште во 2021 година, користејќи многу поширок спектар инструменти, а не само основната каматна стапка - рече гувернерката.

The post Ангеловска-Бежоска: Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност appeared first on Република.

]]>

Како централна банка постојано работиме на обезбедување среднорочна ценовна стабилност. Тековното затегнување на монетарната политика има за цел да придонесе за намалување на инфлациските очекувања и стабилизирање на инфлацијата. Како резултат на постепеното намалување на цените на примарните производи, но и на мерките преземени досега, од ноември се забележува постепено забавување на инфлацијата, во услови на задржана стабилност на девизниот курс и на финансискиот сектор, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата под наслов „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, во рамките на годишната владина конференција, насловена „Година на нови можности“. Ангеловска-Бежоска во своето излагање рече дека сме сведоци на најсинхронизираниот одговор на централните банки ширум светот преку затегање на монетарните политики за стабилизирање на инфлацијата, посилен во споредба со 70-тите години. Таа посочи дека иако не станува збор за стандарден шок на побарувачката, поради високите стапки и дисперзирноста на инфлацијата, централните банки немаат друг избор освен да ја затегнуваат монетарната политика, додека видот на инструментите и силината зависат од монетарната стратегија, инструментариумот и одделните фактори коишто влијаат врз инфлацијата.