Анита Ангелоска-Бежоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anita-angeloska-bezoska/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Dec 2022 10:00:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анита Ангелоска-Бежоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anita-angeloska-bezoska/ 32 32 Ангеловска-Бежоска: 2022 година – јубилејна, но и година на предизвици и премрежиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-2022-godina-jubilejna-no-i-godina-na-predizvitsi-i-premrezhina/ Sat, 31 Dec 2022 10:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=592225

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, објави белешка во која ја анализира работата на Народната банка.

Нејзиното обраќање го објавуваме во целост.

Додека ги одбројуваме последните часови до Новата 2023 година, се потсетуваме на сите настани коишто ја одбележаа годината што изминува и на она по што ќе ја паметиме. Во 2022 година го одбележавме јубилејот 30 години монетарна самостојност, 30 години од градењето на еден од столбовите на државноста. Во услови на бројни кризни епизоди и историски премрежиња за кои сведочевме во изминативе три декади, одржувањето на монетарниот суверенитет несомнено бараше голема посветеност, професионалност и лидерство од страна на централната банка, но и поддршка од другите општествени чинители.

 

Работејќи по принципот acta non verba, чекор по чекор ја градевме оваа институција, вложувајќи во нејзиниот човечки потенцијал, без што ќе беше невозможно да се зачува и да се јакне монетарната стабилност. Ја задржавме стабилноста на денарот, еден од симболите на нашата државност и сидрото на стабилноста на нашата економија.

 

Но, секоја паричка има две лица, а секој период има и добри и лоши страни. Така и оваа 2022 година, за жал, во светската историја ќе биде запомнета како уште една кризна година ‒ година во која започна војна на европска почва, година на енергетска криза, година во која светот забележа една од највисоките стапки на инфлација во изминатите неколку децении. Токму поради тоа и сите централни банки, вклучително и ние, го променивме долгогодишниот курс на монетарната политика и започнавме со циклусот на нејзино затегнување.

 

Целта на овие промени е да го стабилизираме растот на цените, да спречиме намалување на куповната моќ на граѓаните и да обезбедиме предвидливост во носењето на одлуките. Всушност, тоа го правиме успешно во изминатите три децении, период во којшто само во неколку наврати кај нас се забележани повисоки стапки на инфлација. Овие епизоди, како и сегашната, во голема мера беа одраз на надворешни шокови коишто влијаеја врз нашата мала, отворена и енергетски зависна економија, но и на структурните слабости на економијата на кои во изминативе декади не им беше обрнато соодветно внимание. Низ годините, Народната банка успешно им одговараше на овие предизвици и со своите мерки и политики доследно се придржуваше кон своите цели – стабилна валута и стабилни цени.

 

Будно ја следиме и оваа кризна ситуација и подготвени сме да преземеме натамошни чекори за да ја осигуриме среднорочната ценовна стабилност, којашто е предуслов и за одржлив економски раст и за подобар живот на граѓаните. Догодина очекуваме постепено забавување на инфлацијата, којашто на среден рок би се вратила на историските стапки од околу 2%.

 

На крајот би сакала да посочам дека годинава нѐ научи дека секогаш треба да мислиме и да делуваме еден чекор понатаму ‒ светот се соочува и допрва ќе се соочува со крупни промени, меѓу другите климатските и енергетските предизвици, но и дигитализацијата. Повеќе од очигледно е дека главниот акцент треба да се стави на одржливоста ‒ одржлива енергија, одржливо земјоделство, одржливи финансии. Затоа се потребни структурни реформи коишто ќе ја зајакнат отпорноста на економијата, па оттука сите ние кои сме носители на политики треба да мислиме и да делуваме одговорно, стратешки и одржливо.

 

На сите ви посакувам успешна и многу подобра 2023 година!

The post Ангеловска-Бежоска: 2022 година – јубилејна, но и година на предизвици и премрежиња appeared first on Република.

]]>

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, објави белешка во која ја анализира работата на Народната банка. Нејзиното обраќање го објавуваме во целост.
Додека ги одбројуваме последните часови до Новата 2023 година, се потсетуваме на сите настани коишто ја одбележаа годината што изминува и на она по што ќе ја паметиме. Во 2022 година го одбележавме јубилејот 30 години монетарна самостојност, 30 години од градењето на еден од столбовите на државноста. Во услови на бројни кризни епизоди и историски премрежиња за кои сведочевме во изминативе три декади, одржувањето на монетарниот суверенитет несомнено бараше голема посветеност, професионалност и лидерство од страна на централната банка, но и поддршка од другите општествени чинители.   Работејќи по принципот acta non verba, чекор по чекор ја градевме оваа институција, вложувајќи во нејзиниот човечки потенцијал, без што ќе беше невозможно да се зачува и да се јакне монетарната стабилност. Ја задржавме стабилноста на денарот, еден од симболите на нашата државност и сидрото на стабилноста на нашата економија.   Но, секоја паричка има две лица, а секој период има и добри и лоши страни. Така и оваа 2022 година, за жал, во светската историја ќе биде запомнета како уште една кризна година ‒ година во која започна војна на европска почва, година на енергетска криза, година во која светот забележа една од највисоките стапки на инфлација во изминатите неколку децении. Токму поради тоа и сите централни банки, вклучително и ние, го променивме долгогодишниот курс на монетарната политика и започнавме со циклусот на нејзино затегнување.   Целта на овие промени е да го стабилизираме растот на цените, да спречиме намалување на куповната моќ на граѓаните и да обезбедиме предвидливост во носењето на одлуките. Всушност, тоа го правиме успешно во изминатите три децении, период во којшто само во неколку наврати кај нас се забележани повисоки стапки на инфлација. Овие епизоди, како и сегашната, во голема мера беа одраз на надворешни шокови коишто влијаеја врз нашата мала, отворена и енергетски зависна економија, но и на структурните слабости на економијата на кои во изминативе декади не им беше обрнато соодветно внимание. Низ годините, Народната банка успешно им одговараше на овие предизвици и со своите мерки и политики доследно се придржуваше кон своите цели – стабилна валута и стабилни цени.   Будно ја следиме и оваа кризна ситуација и подготвени сме да преземеме натамошни чекори за да ја осигуриме среднорочната ценовна стабилност, којашто е предуслов и за одржлив економски раст и за подобар живот на граѓаните. Догодина очекуваме постепено забавување на инфлацијата, којашто на среден рок би се вратила на историските стапки од околу 2%.   На крајот би сакала да посочам дека годинава нѐ научи дека секогаш треба да мислиме и да делуваме еден чекор понатаму ‒ светот се соочува и допрва ќе се соочува со крупни промени, меѓу другите климатските и енергетските предизвици, но и дигитализацијата. Повеќе од очигледно е дека главниот акцент треба да се стави на одржливоста ‒ одржлива енергија, одржливо земјоделство, одржливи финансии. Затоа се потребни структурни реформи коишто ќе ја зајакнат отпорноста на економијата, па оттука сите ние кои сме носители на политики треба да мислиме и да делуваме одговорно, стратешки и одржливо.   На сите ви посакувам успешна и многу подобра 2023 година!

The post Ангеловска-Бежоска: 2022 година – јубилејна, но и година на предизвици и премрежиња appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Дадовме јасно до знаење дека ќе ја зачуваме макроекономската стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-dadovme-jasno-do-znaenje-deka-kje-ja-zachuvame-makroekonomskata-stabilnost/ Sun, 21 Aug 2022 08:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=542515

Како централна банка дадовме јасно до знаење дека ќе преземеме решавачки чекори за да ја зачуваме стабилноста и да обезбедиме среднорочна ценовна стабилност, посочува во интервју за „Слободен печат”, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа објаснува дека Народната банка, како и многу централни банки, започна со нормализирањето на монетарната политика како одговор на растечката инфлација и подигнувањето на инфлациските очекувања. Сепак, покачувањето на основната камата е умерено и постепено, затоа не се очекуваат силни и нагли промени во каматната политика на банките.

Голем број централни банки го започнаа нормализирањето на монетарната политика како одговор на растечката инфлација и подигнувањето на инфлациските очекувања. Сепак, ова не се вообичаени услови, во кои централните банки реагираат на прекумерната побарувачка којашто ја подгрева инфлацијата. Станува збор за појава на инфлација којашто во најголем дел ја движат фактори на страна на понудата, и кои во комбинација со постпандмичното закрепнување на побарувачката придонесуваат за значително забрзување на инфлацијата во глобални рамки. Овој ценовен шок трае подолго и е релативно силен, па оттаму се пренесува и на останатите цени и на инфлациските очекувања коешто упатува на потреба од водење на претпазливи домашни политики. Од друга страна, моментално изгледите за раст се неизвесни и неповолни. Затоа и промените во каматната стапка се постепени, а циклусот на затегнување е поумерен и проследен и со други комплементарни мерки коишто треба да ги стабилизираат очекувањата и довербата, да делуваат на цените и на склоноста за располагање со домашна валута, истакнува гувернерката.

Таа посочува дека покрај зголемувањето на каматната стапка, во два наврата се направени и промени во системот на задолжителната резерва во насока на стимулирање на штедењето во денари, а исто така воведен е и контрацикличен заштитен слој на капиталот, со кој дополнително се јакне и капацитетот на банките за реакција на шокови.

„Треба да измине време за да се согледаат ефектите од овие мерки. Со оглед на постепеното и умерено нагорно придвижување, не се очекуваат силни и нагли промени во каматната политика на банките, иако веќе кај одредени производи, пред сѐ депозитните, се забележуваат одредени нагорни корекции. Кај каматните стапки на кредитите засега нема позначајни поместувања”, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска.

The post Ангеловска-Бежоска: Дадовме јасно до знаење дека ќе ја зачуваме макроекономската стабилност appeared first on Република.

]]>

Како централна банка дадовме јасно до знаење дека ќе преземеме решавачки чекори за да ја зачуваме стабилноста и да обезбедиме среднорочна ценовна стабилност, посочува во интервју за „Слободен печат”, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа објаснува дека Народната банка, како и многу централни банки, започна со нормализирањето на монетарната политика како одговор на растечката инфлација и подигнувањето на инфлациските очекувања. Сепак, покачувањето на основната камата е умерено и постепено, затоа не се очекуваат силни и нагли промени во каматната политика на банките. Голем број централни банки го започнаа нормализирањето на монетарната политика како одговор на растечката инфлација и подигнувањето на инфлациските очекувања. Сепак, ова не се вообичаени услови, во кои централните банки реагираат на прекумерната побарувачка којашто ја подгрева инфлацијата. Станува збор за појава на инфлација којашто во најголем дел ја движат фактори на страна на понудата, и кои во комбинација со постпандмичното закрепнување на побарувачката придонесуваат за значително забрзување на инфлацијата во глобални рамки. Овој ценовен шок трае подолго и е релативно силен, па оттаму се пренесува и на останатите цени и на инфлациските очекувања коешто упатува на потреба од водење на претпазливи домашни политики. Од друга страна, моментално изгледите за раст се неизвесни и неповолни. Затоа и промените во каматната стапка се постепени, а циклусот на затегнување е поумерен и проследен и со други комплементарни мерки коишто треба да ги стабилизираат очекувањата и довербата, да делуваат на цените и на склоноста за располагање со домашна валута, истакнува гувернерката. Таа посочува дека покрај зголемувањето на каматната стапка, во два наврата се направени и промени во системот на задолжителната резерва во насока на стимулирање на штедењето во денари, а исто така воведен е и контрацикличен заштитен слој на капиталот, со кој дополнително се јакне и капацитетот на банките за реакција на шокови. „Треба да измине време за да се согледаат ефектите од овие мерки. Со оглед на постепеното и умерено нагорно придвижување, не се очекуваат силни и нагли промени во каматната политика на банките, иако веќе кај одредени производи, пред сѐ депозитните, се забележуваат одредени нагорни корекции. Кај каматните стапки на кредитите засега нема позначајни поместувања”, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска.

The post Ангеловска-Бежоска: Дадовме јасно до знаење дека ќе ја зачуваме макроекономската стабилност appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска – Павлова: Структурните реформи мора да продолжат и покрај предизвиците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-pavlova-strukturnite-reformi-mora-da-prodolzat-i-pokraj-predizvicite/ Thu, 28 Apr 2022 13:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=494814

Справувањето со тековните предизвици не треба да ги стави на чекање структурните реформи. Напротив, напоредно треба да се продолжи со нив, бидејќи тие се оние кои ќе дадат долгорочни резултати, порачаа гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска и потпретседателката на Европската инвестициска банка, Љиљана Павлова на заедничката прес-конференција одржана по повод почетокот на 8. Истражувачка меѓународна конференција на НБ, насловена „Јакнење во време на криза: улогата на политиките“.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека по цела декада ниска инфлација, сега скоро сите економии забележуваат повисоки стапки.

Околу половина од економиите во развој забележаа инфлација повисока од 7 отсто, или највисоко ниво во изминатите две децении, додека, последните податоци покажуваат дека ценовните притисоци можат да траат подолго од очекуваното, рече таа.

Нагласи дека меѓународните финансиски институции ги зголемуваат проекциите за инфлацијата, додека ги намалуваат очекувањата за годинешниот раст. Сепак и со најновите проекции, како што кажа, се очекува позитивен економски резултат, како во глобални рамки така и во домашната економија.

Сега, централните банки мора да се фокусираат на нивниот основен мандат за одржување на стабилноста на цените, што бара постепено нормализирање на монетарната политика, додека краткорочните ефекти од кризата треба да се решаваат со користење алатки на фискалната политика, кои треба да бидат добро насочени и временски ограничени. Има многу фактори кои можат да придонесат кон подобрување на вкупниот економски резултат – конкурентноста на економијата, квалитетот на човечкиот капитал, квалитетот на институциите, иновациите и технолошката подготвеност. Потребни се структурни реформи и ќе потенцирам – справувањето со тековните предизвици не треба да ги стави на чекање структурните реформи, напротив напоредно треба да се продолжи со нив, бидејќи тие се оние кои ќе дадат долгорочни резултати- посочи Ангеловска-Бежоска.

Истакна дека централните банки можат да обезбедат поддршка во некои од овие сегменти, како регулаторни олеснувања за поголема дигитализација кај финансиските услуги и финансиски иновации, во насока на зголемување на продуктивноста, како и за предизвиците од климатските промени, коишто влијаат врз капацитетот за раст, движење на цените и финансиска стабилност. Тие, како што посочи, се наоѓаат високо на агендата и на нашата централна банка, односно се поставени како стратегиски цели и веќе се реализираат повеќе активности во таа насока.

Потпретседателката на ЕИБ, Павлова, рече дека како организација се подготвени да ги поддржат земјите од Западен Балкан во надминувањето на предизвиците кои ги наметнува тековната ситуација предизвикана од конфликтот во Украина.

Исто како што пандемијата создаде итност за дигитализација, сегашната криза ја охрабрува зелената транзиција кон енергетска ефикасност, обновливи извори, зелено управување и иновации погодни за климата. Како банка на Европската унија, која поддржува проекти од аспект справување со климатските промени, ЕИБ планира да даде поддршка и за земјите од Западниот Балкан. Покрај финансирањето на изградбата на посигурни и разновидни енергетски мрежи, му помагаме на регионот и да ја зголеми отпорноста кон климатските промени, како и да развие нови одржливи проекти во рамките на „Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан“. Минатата година, ЕИБ стави на располагање 257 милиони евра за поддршка на декарбонизацијата и транзицијата кон зелена економија во регионот - рече Павлова.

Нагласи дека високо на агендата треба да биде и одржливото земјоделство, особено производството на храна и истакна дека ЕИБ има значително искуство во оваа област.

Ова е особено важно имајќи ги предвид влијанијата на војната во Украина кои најверојатно ќе влијаат на глобалниот земјоделски пазар. Затоа, ние сме подготвени да поддржиме проекти кои ќе им помогнат на земјите кои се позависни од увоз на храна да го зголемат своето домашно производство и да ја подобрат вкупната понуда - рече Павлова.

Нагласи дека во јуни или јули годинава ќе се знае кои конкретни проекти ќе ги поддржи ЕИБ во земјава и додаде дека банката има предложен план од 4 милијарди евра за поддршка на земјите од Западен Балкан за справување со последиците од конфликтот во Украина, кој наскоро треба да биде одобрен.

На меѓународната конференција, која се организира во исто време кога Народната банка прославува 30 години монетарна самостојност има над 40 учесници – гувернери и членови на бордови на централни банки, високи претставници од меѓународни финансиски институции и претставници на академската заедница од кај нас и од странство. Се дебатира за клучните предизвици за економиите во регионот, поврзани со пост-пандемиската нова нормала – со осврт на приспособувањата на политиките по пандемијата, како и влијанијата од зголемената несигурност што произлегува од ескалацијата на геополитичките ризици во Источна Европа, но и за позначајните „структурни предизвици“ како климатската транзиција, економската отпорност и финансиската вклученост.

The post Ангеловска-Бежоска – Павлова: Структурните реформи мора да продолжат и покрај предизвиците appeared first on Република.

]]>

Справувањето со тековните предизвици не треба да ги стави на чекање структурните реформи. Напротив, напоредно треба да се продолжи со нив, бидејќи тие се оние кои ќе дадат долгорочни резултати, порачаа гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска и потпретседателката на Европската инвестициска банка, Љиљана Павлова на заедничката прес-конференција одржана по повод почетокот на 8. Истражувачка меѓународна конференција на НБ, насловена „Јакнење во време на криза: улогата на политиките“. Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека по цела декада ниска инфлација, сега скоро сите економии забележуваат повисоки стапки. Околу половина од економиите во развој забележаа инфлација повисока од 7 отсто, или највисоко ниво во изминатите две децении, додека, последните податоци покажуваат дека ценовните притисоци можат да траат подолго од очекуваното, рече таа. Нагласи дека меѓународните финансиски институции ги зголемуваат проекциите за инфлацијата, додека ги намалуваат очекувањата за годинешниот раст. Сепак и со најновите проекции, како што кажа, се очекува позитивен економски резултат, како во глобални рамки така и во домашната економија.
Сега, централните банки мора да се фокусираат на нивниот основен мандат за одржување на стабилноста на цените, што бара постепено нормализирање на монетарната политика, додека краткорочните ефекти од кризата треба да се решаваат со користење алатки на фискалната политика, кои треба да бидат добро насочени и временски ограничени. Има многу фактори кои можат да придонесат кон подобрување на вкупниот економски резултат – конкурентноста на економијата, квалитетот на човечкиот капитал, квалитетот на институциите, иновациите и технолошката подготвеност. Потребни се структурни реформи и ќе потенцирам – справувањето со тековните предизвици не треба да ги стави на чекање структурните реформи, напротив напоредно треба да се продолжи со нив, бидејќи тие се оние кои ќе дадат долгорочни резултати- посочи Ангеловска-Бежоска.
Истакна дека централните банки можат да обезбедат поддршка во некои од овие сегменти, како регулаторни олеснувања за поголема дигитализација кај финансиските услуги и финансиски иновации, во насока на зголемување на продуктивноста, како и за предизвиците од климатските промени, коишто влијаат врз капацитетот за раст, движење на цените и финансиска стабилност. Тие, како што посочи, се наоѓаат високо на агендата и на нашата централна банка, односно се поставени како стратегиски цели и веќе се реализираат повеќе активности во таа насока. Потпретседателката на ЕИБ, Павлова, рече дека како организација се подготвени да ги поддржат земјите од Западен Балкан во надминувањето на предизвиците кои ги наметнува тековната ситуација предизвикана од конфликтот во Украина.
Исто како што пандемијата создаде итност за дигитализација, сегашната криза ја охрабрува зелената транзиција кон енергетска ефикасност, обновливи извори, зелено управување и иновации погодни за климата. Како банка на Европската унија, која поддржува проекти од аспект справување со климатските промени, ЕИБ планира да даде поддршка и за земјите од Западниот Балкан. Покрај финансирањето на изградбата на посигурни и разновидни енергетски мрежи, му помагаме на регионот и да ја зголеми отпорноста кон климатските промени, како и да развие нови одржливи проекти во рамките на „Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан“. Минатата година, ЕИБ стави на располагање 257 милиони евра за поддршка на декарбонизацијата и транзицијата кон зелена економија во регионот - рече Павлова.
Нагласи дека високо на агендата треба да биде и одржливото земјоделство, особено производството на храна и истакна дека ЕИБ има значително искуство во оваа област.
Ова е особено важно имајќи ги предвид влијанијата на војната во Украина кои најверојатно ќе влијаат на глобалниот земјоделски пазар. Затоа, ние сме подготвени да поддржиме проекти кои ќе им помогнат на земјите кои се позависни од увоз на храна да го зголемат своето домашно производство и да ја подобрат вкупната понуда - рече Павлова.
Нагласи дека во јуни или јули годинава ќе се знае кои конкретни проекти ќе ги поддржи ЕИБ во земјава и додаде дека банката има предложен план од 4 милијарди евра за поддршка на земјите од Западен Балкан за справување со последиците од конфликтот во Украина, кој наскоро треба да биде одобрен. На меѓународната конференција, која се организира во исто време кога Народната банка прославува 30 години монетарна самостојност има над 40 учесници – гувернери и членови на бордови на централни банки, високи претставници од меѓународни финансиски институции и претставници на академската заедница од кај нас и од странство. Се дебатира за клучните предизвици за економиите во регионот, поврзани со пост-пандемиската нова нормала – со осврт на приспособувањата на политиките по пандемијата, како и влијанијата од зголемената несигурност што произлегува од ескалацијата на геополитичките ризици во Источна Европа, но и за позначајните „структурни предизвици“ како климатската транзиција, економската отпорност и финансиската вклученост.

The post Ангеловска-Бежоска – Павлова: Структурните реформи мора да продолжат и покрај предизвиците appeared first on Република.

]]>
Одговорните уверуваат: Денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odgovornite-uveruvaat-denarot-i-finansiskiot-sistem-kje-ostanat-stabilni/ Fri, 25 Feb 2022 11:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=463769

Соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволен простор за обезбедување доволна девизна ликвидност на домашната економија, а денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни. Министерството за финансии и Народната банка (НБ) будно ги следат состојбите, при што навремено се разменуваат информациите и ќе се реагира соодветно на случувањата, секој во рамки на надлежностите на својот мандат.

Ова беше посочено на денешната средба помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, на која стана збор за актуелните меѓународни случувања, ефектите врз глобалната економија, како и очекувањата за македонската економија од руско-украинскиот конфликт.

Монетарните и фискалните власти, како што порачуваат од НБ, се координираат и внимателно ги следат меѓународните случувања и нивните потенцијални ефекти врз домашната економија и подготвени се соодветно да ги прилагодуваат политиките.

На денешната средба, информираат од НБ, беше посочено дека светот се соочува со уште еден нов глобален предизвик по пандемијата. Почетокот на руско-украинската војна имаше ефект врз глобалните пазари и инвеститорите. Цените на примарните производи, храната и енергенсите пораснаа, додека цените на акциите се намалија, што е очекувано однесување кај инвеститорите во вакви случаи. Ова ќе повлијае и на процесот на опоравување на глобалните синџири, со оглед на улогата на Русија и Украина во нив, како едни од најголемите производители на енергенси и жито.

Директната изложеност на нашата економија кон овие две економии е многу мала. Тие не се присутни во финансискиот сектор, а странските директни инвестиции и дознаките кои доаѓаат оттаму, имаат учество под 1 отсто во вкупните вредности. Но, со оглед на учеството на Русија и Украина во понудата на глобалните пазари на суровини, очекувани се индиректни ефекти преку цените на примарните производи. Дополнително, доколку овие состојби се одразат на растот на европската економија, можно е влијание и врз инвестициите – домашни и странски, а со тоа и влијание врз економската активност, порачуваат од НБ.

На средбата, додаваат, беше истакнато дека просторот за ублажување на потенцијалните ефекти преку политиките е адекватен, а стабилноста на финансискиот систем е исто така поддршка на отпорноста на економијата. Изминатите години се креирани соодветни заштитни механизми во финансискиот систем, што ќе овозможи негово непречено функционирање и натамошна кредитна поддршка на економската активност.

The post Одговорните уверуваат: Денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни appeared first on Република.

]]>

Соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволен простор за обезбедување доволна девизна ликвидност на домашната економија, а денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни. Министерството за финансии и Народната банка (НБ) будно ги следат состојбите, при што навремено се разменуваат информациите и ќе се реагира соодветно на случувањата, секој во рамки на надлежностите на својот мандат. Ова беше посочено на денешната средба помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, на која стана збор за актуелните меѓународни случувања, ефектите врз глобалната економија, како и очекувањата за македонската економија од руско-украинскиот конфликт. Монетарните и фискалните власти, како што порачуваат од НБ, се координираат и внимателно ги следат меѓународните случувања и нивните потенцијални ефекти врз домашната економија и подготвени се соодветно да ги прилагодуваат политиките. На денешната средба, информираат од НБ, беше посочено дека светот се соочува со уште еден нов глобален предизвик по пандемијата. Почетокот на руско-украинската војна имаше ефект врз глобалните пазари и инвеститорите. Цените на примарните производи, храната и енергенсите пораснаа, додека цените на акциите се намалија, што е очекувано однесување кај инвеститорите во вакви случаи. Ова ќе повлијае и на процесот на опоравување на глобалните синџири, со оглед на улогата на Русија и Украина во нив, како едни од најголемите производители на енергенси и жито. Директната изложеност на нашата економија кон овие две економии е многу мала. Тие не се присутни во финансискиот сектор, а странските директни инвестиции и дознаките кои доаѓаат оттаму, имаат учество под 1 отсто во вкупните вредности. Но, со оглед на учеството на Русија и Украина во понудата на глобалните пазари на суровини, очекувани се индиректни ефекти преку цените на примарните производи. Дополнително, доколку овие состојби се одразат на растот на европската економија, можно е влијание и врз инвестициите – домашни и странски, а со тоа и влијание врз економската активност, порачуваат од НБ. На средбата, додаваат, беше истакнато дека просторот за ублажување на потенцијалните ефекти преку политиките е адекватен, а стабилноста на финансискиот систем е исто така поддршка на отпорноста на економијата. Изминатите години се креирани соодветни заштитни механизми во финансискиот систем, што ќе овозможи негово непречено функционирање и натамошна кредитна поддршка на економската активност.

The post Одговорните уверуваат: Денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни appeared first on Република.

]]>