Со користење на делови од видео игра се појави анимирана „реконструкција“ на масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Во анимацијата момчето убиец е прикажано како влегува во училиштето со пиштол и по редоследот ги убива своите жртви, со нивното име и презиме напишано над главата.
Она што е најболно е што е искористен вистинскит глас на едно од девојчињата каде што го моли убиецот да не пука.
The post Се појави анимација на убиството во „Рибникар“ со глас од едно од убиените деца appeared first on Република.
]]>The post Се појави анимација на убиството во „Рибникар“ со глас од едно од убиените деца appeared first on Република.
]]>Данскиот геолошки институт денеска соопшти дека земјотресите регистрирани денеска во Турција се почувствувани се до Гренланд.
Имено потресот со јачина од 7.8 степени по рихтеровата скала кој ја погоди јужна Турција се почувствувал во многу други земји во регионот вклучувајќи ги и Сирија каде во двете земји досега загинале на 1.000 луѓе.
Инаку сеизмологот Стивен Хикс смета дека потресот кој се случил утрово може да биде насилен во историјата на оваа земја.
На видеото се гледа како се шири сеизмолошкиот бран по катастрофалниот потрес, а него го забележале сеизмолозите низ Европа.
Seismic waves from the M7.8 (USGS) earthquake in Southern Turkey crossing Europe. Each dot is a seismic station. (GMV) https://t.co/6cY0RObbXv pic.twitter.com/SHbdkxQXzD
— Nahel Belgherze (@WxNB_) February 6, 2023
Потресот се почувствувал и во Либан и Израел. Епицентарот бил на 23 километри источно од Нурдаги во турската провинција Газиантеп на длабочина од 24,1 километар.
The post Застрашувачка анимација: Како земјотресот во Турција ја потресе цела Европа appeared first on Република.
]]>Потресот се почувствувал и во Либан и Израел. Епицентарот бил на 23 километри источно од Нурдаги во турската провинција Газиантеп на длабочина од 24,1 километар.Seismic waves from the M7.8 (USGS) earthquake in Southern Turkey crossing Europe. Each dot is a seismic station. (GMV) https://t.co/6cY0RObbXv pic.twitter.com/SHbdkxQXzD
— Nahel Belgherze (@WxNB_) February 6, 2023
The post Застрашувачка анимација: Како земјотресот во Турција ја потресе цела Европа appeared first on Република.
]]>Разиграна и комична авантура која ќе ги израдува и насмее најмладите од денес во кината (10.11.2022).
Од кој знае која причина Кашеј, вечно младиот и секогаш беспрекорно облечен, не може да си најде вистинска невеста веќе тристотини години. Еден ден тој е приморан, под закана од Смртта, да киднапира една од најголемите убавици на Далечното Кралство, Брарбара. Тука почнуваат неговите неверојатни авантури.
Столетниот Кашеј безброј пати има слушнато - Никогаш нема да се оженам со тебе! Сакал да го промени тоа но ништо не му успевало., се додека не ја запознал Барбара. Млада, самостојна девојка која ја дели истата мака, постојано е под притисок од околината да се омажи, но таа одбива. Како ќе заврши големата, наизглед нерешива, ситуација меѓу Барбара и Кашеј, со брак, пријателство или уште поголем неред обоен со хумор останува да дознаеме од големото платно.
„Кашек: крадец на невести“ можете да го погледнете од денес, 10 Ноември, во Синеплекс и Градско кино Милениум.
The post „Кашеј: крадец на невести“: Разиграна и комична авантура која ќе ги израдува и насмее најмладите appeared first on Република.
]]>The post „Кашеј: крадец на невести“: Разиграна и комична авантура која ќе ги израдува и насмее најмладите appeared first on Република.
]]>„Агент 203“ е првата 3Д-анимирана серија на македонското студио „Ви хаус анимејшн“ (V house Animation), во целост осмислена и реализирана од домашни креативци – од идеја, дизајн и моделирање на карактери, текстурирање, до режија. Наменета е за возраст од 7+ години и ќе биде пласирана на светскиот пазар.
„Ви хаус“ го објави официјалниот трејлер, додека почетокот на емитувањето се планира за пролетта 2023 година.
Серијата се состои од 26 епизоди, секоја во траење од 22 минути. Главен лик во приказната е девојчето Зои, интергалактички вселенски агент, кое заедно со нејзиниот партнер, вонземјанинот Улав, и најдобрите пријатели, се бори со негативците од вселената. Главниот негативец се вика Гор и неговата мисија е да ја украде магичната алка на Зои, што ја добила во аманет од татко ѝ, кој исто така бил интергалактички агент. Тој исчезнал во акција.
Ко-креатор и режисер на серијата е Дамјан Митревски. Покрај „Ви хаус“, копродуценти на проектот се „Тун ту танго“ (Toon2Tango), ТВ Мондо, Супер РТЛ и GmbH & Co. KG. Како соработници, на серијата се јавуваат и „Космос анимејшн“ (Cosmos Animation). Ќе се емитува на Супер РТЛ, а за натамошната дистрибуција дополнително ќе се разговара.
Од „Ви хаус“ велат дека се планира и македонска нахсинхронизација, со цел да може да ја види и домашната публика.
Горди сме на тимот неверојатни професионалци што работи на „Агент 203“. Оваа серија е уште една потврда дека во нашата земја имаме таленти и квалитетни професионалци кои може да понудат производ со светски квалитет. Сакаме да ги охрабриме младите да се насочат кон оваа релативно млада индустрија, со многу потенцијал – велат од „Ви хаус“ и додаваат дека со возбуда го исчекуваат почетокот на емитувањето на серијата.
„В хаус анимејшн“ во своето портфолио има голем број проекти работени во соработка со светски познати продуцентски куќи, меѓу кои и „Пајни, осамената елка“ (Piney: The Lonesome Pine), „Тарзан и Џејн“ (Tarzan & Jane), „Елена од Авалор“ (Elena of Avalor), „Челичниот Макс“ (Max Steel) и други.
The post „Агент 203“ е првата 3Д-анимирана серија на македонското студио „Ви хаус анимејшн“ appeared first on Република.
]]>Горди сме на тимот неверојатни професионалци што работи на „Агент 203“. Оваа серија е уште една потврда дека во нашата земја имаме таленти и квалитетни професионалци кои може да понудат производ со светски квалитет. Сакаме да ги охрабриме младите да се насочат кон оваа релативно млада индустрија, со многу потенцијал – велат од „Ви хаус“ и додаваат дека со возбуда го исчекуваат почетокот на емитувањето на серијата.„В хаус анимејшн“ во своето портфолио има голем број проекти работени во соработка со светски познати продуцентски куќи, меѓу кои и „Пајни, осамената елка“ (Piney: The Lonesome Pine), „Тарзан и Џејн“ (Tarzan & Jane), „Елена од Авалор“ (Elena of Avalor), „Челичниот Макс“ (Max Steel) и други.
The post „Агент 203“ е првата 3Д-анимирана серија на македонското студио „Ви хаус анимејшн“ appeared first on Република.
]]>