Англија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anglija/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 15:02:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Англија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anglija/ 32 32 Евакуиран аеродром во Англија, откажани сите летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evakuiran-aerodrom-vo-anglija-otkazhani-site-letovi/ Wed, 23 Oct 2024 15:15:57 +0000 https://republika.mk/?p=830251

Аеродромот во Бирмингем е евакуиран и сите летови се прекинати денеска по дојава за сомнително возило во близина на аеродромот, јавува „Скај Њуз“.

Во објава на социјалните мрежи, аеродромот соопшти дека полицијата „моментално работи на местото на инцидентот“.

„Операциите на аеродромот во моментов се суспендирани“, се додава.

„На патниците им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот во овој момент“.

Портпаролот на полицијата на Вест Мидлендс изјави дека е во тек евакуација по пријавите за сомнително возило.

„Ова е мерка на претпазливост за да се обезбеди безбедност на патниците и персоналот“, додаде тој.

The post Евакуиран аеродром во Англија, откажани сите летови appeared first on Република.

]]>

Аеродромот во Бирмингем е евакуиран и сите летови се прекинати денеска по дојава за сомнително возило во близина на аеродромот, јавува „Скај Њуз“. Во објава на социјалните мрежи, аеродромот соопшти дека полицијата „моментално работи на местото на инцидентот“. „Операциите на аеродромот во моментов се суспендирани“, се додава. „На патниците им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот во овој момент“. Портпаролот на полицијата на Вест Мидлендс изјави дека е во тек евакуација по пријавите за сомнително возило. „Ова е мерка на претпазливост за да се обезбеди безбедност на патниците и персоналот“, додаде тој.

The post Евакуиран аеродром во Англија, откажани сите летови appeared first on Република.

]]>
Протестите во Англија излегуваат од контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/protestite-vo-anglija-izleguvaat-od-kontrola/ Mon, 05 Aug 2024 10:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=803465

Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе одржи итен состанок со полициските началници по насилните антиимигрантски протести кои станаа поинтензивни во последните денови, при што беа подметнати пожари во згради, возила и хотели во кои се сместени барателите на азил.

Минатата недела избувнаа немири во повеќе градови, откако три девојчиња беа убиени во напад со нож во Саутпорт, северозападна Англија, а досега се уапсени 420 лица.

Екстремната десница ги искористи убиствата на девојчињата
Убиствата веднаш беа искористени од антиимигрантски и антимуслимански групи. Набргу по нападот, на интернет се проширија дезинформации дека осомничениот напаѓач е радикален исламист кој штотуку пристигнал во Британија. Но, полицијата соопшти дека осомничениот е роден во Британија и дека случајот не се третира како терористички инцидент.

Министерката за внатрешни работи, Ивет Купер, рече дека инцидентот „ги охрабрил групите да поттикнуваат расна омраза“, што доведе до тоа нивните членови да фрлаат тули врз полицајците, да ограбуваат продавници и да напаѓаат џамии.

Во текот на викендот избувнаа немири во Ливерпул, Бристол, Тамворт, Мидлсброу и Белфаст во Северна Ирска. Таму, повеќето од демонстрантите ги покриле главите со бандани и се обвиле со британски знамиња.

Повеќето од нив фрлаа камења извикувајќи „Стоп за чамците“, мислејќи на мигрантите кои во последните години пристигнуваат во Британија од јужниот брег на земјата. Во Ротерам, северна Англија, демонстрантите се обидоа да упаднат во хотел во кој се сместени барателите на азил.

Во неделата, премиер Кир Стармер вети дека антиимигрантските и исламофобични насилници ќе зажалат за своите постапки.
Гарантирам дека ќе зажалите што учествувавте во овие немири или директно или провоцирачки на интернет – рече шефот на лабуристичката влада која дојде на власт пред само еден месец.

Тој вети дека неговата влада ќе стори „сѐ што треба за да ги изведе овие насилници пред лицето на правдата што е можно побргу“.

The post Протестите во Англија излегуваат од контрола appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе одржи итен состанок со полициските началници по насилните антиимигрантски протести кои станаа поинтензивни во последните денови, при што беа подметнати пожари во згради, возила и хотели во кои се сместени барателите на азил. Минатата недела избувнаа немири во повеќе градови, откако три девојчиња беа убиени во напад со нож во Саутпорт, северозападна Англија, а досега се уапсени 420 лица. Екстремната десница ги искористи убиствата на девојчињата Убиствата веднаш беа искористени од антиимигрантски и антимуслимански групи. Набргу по нападот, на интернет се проширија дезинформации дека осомничениот напаѓач е радикален исламист кој штотуку пристигнал во Британија. Но, полицијата соопшти дека осомничениот е роден во Британија и дека случајот не се третира како терористички инцидент. Министерката за внатрешни работи, Ивет Купер, рече дека инцидентот „ги охрабрил групите да поттикнуваат расна омраза“, што доведе до тоа нивните членови да фрлаат тули врз полицајците, да ограбуваат продавници и да напаѓаат џамии. Во текот на викендот избувнаа немири во Ливерпул, Бристол, Тамворт, Мидлсброу и Белфаст во Северна Ирска. Таму, повеќето од демонстрантите ги покриле главите со бандани и се обвиле со британски знамиња. Повеќето од нив фрлаа камења извикувајќи „Стоп за чамците“, мислејќи на мигрантите кои во последните години пристигнуваат во Британија од јужниот брег на земјата. Во Ротерам, северна Англија, демонстрантите се обидоа да упаднат во хотел во кој се сместени барателите на азил. Во неделата, премиер Кир Стармер вети дека антиимигрантските и исламофобични насилници ќе зажалат за своите постапки. Гарантирам дека ќе зажалите што учествувавте во овие немири или директно или провоцирачки на интернет – рече шефот на лабуристичката влада која дојде на власт пред само еден месец. Тој вети дека неговата влада ќе стори „сѐ што треба за да ги изведе овие насилници пред лицето на правдата што е можно побргу“.

The post Протестите во Англија излегуваат од контрола appeared first on Република.

]]>
Немири во Англија по убиството на три девојчиња: Демонстранти запалија полициска станица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nemiri-vo-anglija-po-ubistvoto-na-tri-devojchina-demonstranti-zapalija-politsiska-stanitsa/ Sat, 03 Aug 2024 11:30:12 +0000 https://republika.mk/?p=803028

Архиепископот од Кентербери повика на прекин на насилството, велејќи дека е „целосно неприфатливо муслиманските заедници и заедниците на азилантите да се чувствуваат толку небезбедно“.

На градскиот плоштад Кил се собраа стотици незадоволни граѓани кои фрлаа камења врз полицијата. Некои од демонстрантите беа завиткани во англиски знамиња и извикуваа поддршка за екстремно десничарскиот активист Томи Робинсон, како и навредливи пароли за исламот.

Полицијата интервенираше и во Ливерпул, каде демонстрантите се собраа пред џамијата каде што избувна мала тепачка со група контрадемонстранти. Контрадемонстрантите скандираа: „Кажи гласно, кажи јасно - бегалците се добредојдени тука“ и „Вие не зборувате во име на Сандерленд“.

Градоначалничката Ким Мекгинес изјави дека е згрозена од сцените во Сандерленд.

„Ако вашиот одговор на трагедијата е да ја искористите за насилство и малтретирање на другите, напад врз полицијата и оштетување на имот, вие поддржувате само криминал и насилство. Тоа не е протест. Тоа е злосторство и неред. Вие не зборувате во име на Сандерленд. Вие не зборувате во име на оваа област“, рече таа.

Ова е трета ноќ на протести во градовите во Англија, а според најавите, протестите ќе продолжат и во текот на викендот.

The post Немири во Англија по убиството на три девојчиња: Демонстранти запалија полициска станица appeared first on Република.

]]>

Архиепископот од Кентербери повика на прекин на насилството, велејќи дека е „целосно неприфатливо муслиманските заедници и заедниците на азилантите да се чувствуваат толку небезбедно“. На градскиот плоштад Кил се собраа стотици незадоволни граѓани кои фрлаа камења врз полицијата. Некои од демонстрантите беа завиткани во англиски знамиња и извикуваа поддршка за екстремно десничарскиот активист Томи Робинсон, како и навредливи пароли за исламот. Полицијата интервенираше и во Ливерпул, каде демонстрантите се собраа пред џамијата каде што избувна мала тепачка со група контрадемонстранти. Контрадемонстрантите скандираа: „Кажи гласно, кажи јасно - бегалците се добредојдени тука“ и „Вие не зборувате во име на Сандерленд“. Градоначалничката Ким Мекгинес изјави дека е згрозена од сцените во Сандерленд. „Ако вашиот одговор на трагедијата е да ја искористите за насилство и малтретирање на другите, напад врз полицијата и оштетување на имот, вие поддржувате само криминал и насилство. Тоа не е протест. Тоа е злосторство и неред. Вие не зборувате во име на Сандерленд. Вие не зборувате во име на оваа област“, рече таа. Ова е трета ноќ на протести во градовите во Англија, а според најавите, протестите ќе продолжат и во текот на викендот.

The post Немири во Англија по убиството на три девојчиња: Демонстранти запалија полициска станица appeared first on Република.

]]>
Англија се врати во игра, Кол Палмер израмни 1-1 https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/anglija-se-vrati-vo-igra-kol-palmer-izramni-1-1/ Sun, 14 Jul 2024 20:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=796809

Фудбалската репрезентација на Англија се врати во игра благодарение на убавиот гол на Кол Палмер и тоа само три минути откако влезе во игра во финалето на Европското првенство против Шпанија.

Напаѓачот на Челси погоди во 73. минута за израмнување на 1-1.

 

The post Англија се врати во игра, Кол Палмер израмни 1-1 appeared first on Република.

]]>

Фудбалската репрезентација на Англија се врати во игра благодарение на убавиот гол на Кол Палмер и тоа само три минути откако влезе во игра во финалето на Европското првенство против Шпанија. Напаѓачот на Челси погоди во 73. минута за израмнување на 1-1.  

The post Англија се врати во игра, Кол Палмер израмни 1-1 appeared first on Република.

]]>
Без голови по првите 45 минути на фудбалското европско финале во Берлин https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bez-golovi-po-prvite-45-minuti-na-fudbalskoto-evropsko-finale-vo-berlin/ Sun, 14 Jul 2024 20:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=796798

Без голови, 0-0 е по првите 45 минути игра во финалето од Европското првенство, меѓу Шпанија и Англија.

Шпанците ја имаат контролата на играта, но без сериозни шанси. Најголемата прилика ја имаше Фил Фоден пред истекот на полувремето кога за малку не го совлада Унаи Симон.

Одлично играат англиските бекови кои комплетно ги неутрализираа Јамал и Вилијамс, па Шпанија само еднаш се закани, но безопасно по голот на Пикфорд.

 

The post Без голови по првите 45 минути на фудбалското европско финале во Берлин appeared first on Република.

]]>

Без голови, 0-0 е по првите 45 минути игра во финалето од Европското првенство, меѓу Шпанија и Англија. Шпанците ја имаат контролата на играта, но без сериозни шанси. Најголемата прилика ја имаше Фил Фоден пред истекот на полувремето кога за малку не го совлада Унаи Симон. Одлично играат англиските бекови кои комплетно ги неутрализираа Јамал и Вилијамс, па Шпанија само еднаш се закани, но безопасно по голот на Пикфорд.  

The post Без голови по првите 45 минути на фудбалското европско финале во Берлин appeared first on Република.

]]>
Шпанија сака злато, Англија чека титула европски фудбалски првак https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/shpanija-saka-zlato-anglija-cheka-titula-evropski-fudbalski-prvak/ Sun, 14 Jul 2024 19:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=796787

Шпанија ѝ стои на патот на Англија која, пак, чека злато од 1966 година кога победи на Светското првенство. Од своја страна Шпанија ја брка четвртата европска титула за да го израмни рекордот на Германија/Западна Германија. Шпанија ги освои титулите во 1964, 2008 и 2012 година.

Младата ѕвезда на Шпанија – Ламин Јамал, собори уште еден рекорд на УЕФА ЕУРО 2024 година. Сосема очекувано, 17-годишниот фудбалер на Барселона се најде во стартниот состав за вечерашното финале против Англија.

Така, Јамал стана најмладиот играч кој учествувал во финалето на голем меѓународен турнир (Светско или Европско првенство).

Натпреварот се одржува на Олимпискиот стадион во Берлин, а шпанската селекција важи за фаворит, бидејќи ги доби сите шест натпревари на ЕП и според рејтингот одигра најдобро.

 

The post Шпанија сака злато, Англија чека титула европски фудбалски првак appeared first on Република.

]]>

Шпанија ѝ стои на патот на Англија која, пак, чека злато од 1966 година кога победи на Светското првенство. Од своја страна Шпанија ја брка четвртата европска титула за да го израмни рекордот на Германија/Западна Германија. Шпанија ги освои титулите во 1964, 2008 и 2012 година. Младата ѕвезда на Шпанија – Ламин Јамал, собори уште еден рекорд на УЕФА ЕУРО 2024 година. Сосема очекувано, 17-годишниот фудбалер на Барселона се најде во стартниот состав за вечерашното финале против Англија. Така, Јамал стана најмладиот играч кој учествувал во финалето на голем меѓународен турнир (Светско или Европско првенство). Натпреварот се одржува на Олимпискиот стадион во Берлин, а шпанската селекција важи за фаворит, бидејќи ги доби сите шест натпревари на ЕП и според рејтингот одигра најдобро.  

The post Шпанија сака злато, Англија чека титула европски фудбалски првак appeared first on Република.

]]>
Убиени три жени во Англија, британската полиција трага по 26-годишен маж https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubieni-tri-zheni-vo-anglija-britanskata-politsija-traga-po-26-godishen-mazh/ Wed, 10 Jul 2024 12:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=795381

Во тек е интензивна потрага по Кајл Клифорд (26), кој е осомничен дека е поврзан со смртта на три жени во Хартфордшир. Властите предупредуваат дека можеби е вооружен со самострел.

Телата на три жени, за кои се претпоставува дека се во роднинска врска, биле пронајдени синоќа во куќа околу 19 часот со тешки повреди, а набргу по пристигнувањето на полицијата починале. Полицијата соопшти дека истражува „тројно убиство“ и дека активно се трага по Клифорд.

Надлежните апелираа граѓаните да не му приоѓаат на осомничениот доколку го видат, туку веднаш да повикаат полиција.

Се верува дека младиот човек е во областа Хартфордшир или во северен Лондон.

Поради природата на инцидентот, ги повикуваме сите кои знаат каде се наоѓа веднаш да повикаат полиција. Доколку го видите овој човек, ве молиме не му приоѓајте, туку веднаш јавете ни се. Можно е да е вооружен“, соопшти полицијата.

Засега не се знае кои се починатите жени и како биле убиени.

 

The post Убиени три жени во Англија, британската полиција трага по 26-годишен маж appeared first on Република.

]]>

Во тек е интензивна потрага по Кајл Клифорд (26), кој е осомничен дека е поврзан со смртта на три жени во Хартфордшир. Властите предупредуваат дека можеби е вооружен со самострел. Телата на три жени, за кои се претпоставува дека се во роднинска врска, биле пронајдени синоќа во куќа околу 19 часот со тешки повреди, а набргу по пристигнувањето на полицијата починале. Полицијата соопшти дека истражува „тројно убиство“ и дека активно се трага по Клифорд. Надлежните апелираа граѓаните да не му приоѓаат на осомничениот доколку го видат, туку веднаш да повикаат полиција. Се верува дека младиот човек е во областа Хартфордшир или во северен Лондон.
Поради природата на инцидентот, ги повикуваме сите кои знаат каде се наоѓа веднаш да повикаат полиција. Доколку го видите овој човек, ве молиме не му приоѓајте, туку веднаш јавете ни се. Можно е да е вооружен“, соопшти полицијата.
Засега не се знае кои се починатите жени и како биле убиени.  

The post Убиени три жени во Англија, британската полиција трага по 26-годишен маж appeared first on Република.

]]>
Англичаните се пласираа во четвртфиналето на ЕП по продолженијата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/anglichanite-se-plasiraa-vo-chetvrtfinaleto-na-ep-po-prodolzhenijata/ Sun, 30 Jun 2024 18:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=792215

Фудбалската репрезентација на Англија е третиот четвртфиналист на ЕП во Германија, откако во Гелзенкирхен славеше над Словачка со 2-1.

Словаците поведоа со погодокот на Иван Шранц во 25. минута за 1-0, а англичаните преку Фил Фоуден успеаја да израмнат на 1-1 во 50. минута, но по проверка на ВАР очигледно беше дека Англичанецот беше во офсајд, па погодокот беше поништен.

И кога Англија требаше да биде елиминирана поради катастрофалната игра, Џуд Белингем со феноменален гол со „ножички во 95. минута (1-1) ја спаси Англија од голем срам.

Уште во првата минута од продолженијата Хари Кејн со својот прв гол на шампионатот успеа да ја одведе Англија до целосен пресврт (2-1).

Во четвртфиналето Англичаните за противник ќе ја имаат Швајцарија која вчера славеше над Италија со 2-0.

 

The post Англичаните се пласираа во четвртфиналето на ЕП по продолженијата appeared first on Република.

]]>

Фудбалската репрезентација на Англија е третиот четвртфиналист на ЕП во Германија, откако во Гелзенкирхен славеше над Словачка со 2-1. Словаците поведоа со погодокот на Иван Шранц во 25. минута за 1-0, а англичаните преку Фил Фоуден успеаја да израмнат на 1-1 во 50. минута, но по проверка на ВАР очигледно беше дека Англичанецот беше во офсајд, па погодокот беше поништен. И кога Англија требаше да биде елиминирана поради катастрофалната игра, Џуд Белингем со феноменален гол со „ножички во 95. минута (1-1) ја спаси Англија од голем срам. Уште во првата минута од продолженијата Хари Кејн со својот прв гол на шампионатот успеа да ја одведе Англија до целосен пресврт (2-1). Во четвртфиналето Англичаните за противник ќе ја имаат Швајцарија која вчера славеше над Италија со 2-0.  

The post Англичаните се пласираа во четвртфиналето на ЕП по продолженијата appeared first on Република.

]]>
Ѕирнете како изгледаат соблекувалните на Србија и Англија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zirnete-kako-izgledaat-soblekuvalnite-na-srbija-i-anglija/ Mon, 17 Jun 2024 13:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=788461

Читателите имаат ретка можност да ѕирнат како изледаат соблекувалните на учесниците на Европското првенство. Ви ја пренесуваме атмосферата на стадионот во Гелзеркирхен каде играа Србија и Англија.

Во соблекувалните на двете репрезентации навистина се е под конец.Зачени дресови, поредени штуцни и чорапи, па дури и плишани играчки.

Тука е храна за освежување какко што се енерџи барови, банани и многу вода.

 

The post Ѕирнете како изгледаат соблекувалните на Србија и Англија appeared first on Република.

]]>

Читателите имаат ретка можност да ѕирнат како изледаат соблекувалните на учесниците на Европското првенство. Ви ја пренесуваме атмосферата на стадионот во Гелзеркирхен каде играа Србија и Англија. Во соблекувалните на двете репрезентации навистина се е под конец.Зачени дресови, поредени штуцни и чорапи, па дури и плишани играчки. Тука е храна за освежување какко што се енерџи барови, банани и многу вода.  

The post Ѕирнете како изгледаат соблекувалните на Србија и Англија appeared first on Република.

]]>
Англија ништо не одигра против Србија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/788285/ Mon, 17 Jun 2024 07:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=788285

Селекцијата на Англија ја синоќа победи Србија (1:0) во натпреварот од 1. коло од групата Ц на Евро 2024 година.

Фудбалерите под водство на селекторот Герет Саутгејт четврти пат по ред победија на својот прв натпревар на голем меѓународен турнир.

Претходно, Англија под водство на Саутгејт победи против Тунис (2:1) на СП 2018, против Хрватска (1:0) на ЕП 2020 и против Иран (6:1) на СП 2022 година.

Саутгејт ги доби сите први натпревари на големите турнири - нешто што на ниту еден друг селектор на Англија досега не му успеало.

Воедно, Саутгејт го израмни и рекордот на Волтер Винтерботом по бројот на турнири како селектор на репрезентацијата на Англија. Двајцата имаат четири големи натпреварувања со Британците

The post Англија ништо не одигра против Србија appeared first on Република.

]]>

Селекцијата на Англија ја синоќа победи Србија (1:0) во натпреварот од 1. коло од групата Ц на Евро 2024 година. Фудбалерите под водство на селекторот Герет Саутгејт четврти пат по ред победија на својот прв натпревар на голем меѓународен турнир. Претходно, Англија под водство на Саутгејт победи против Тунис (2:1) на СП 2018, против Хрватска (1:0) на ЕП 2020 и против Иран (6:1) на СП 2022 година. Саутгејт ги доби сите први натпревари на големите турнири - нешто што на ниту еден друг селектор на Англија досега не му успеало. Воедно, Саутгејт го израмни и рекордот на Волтер Винтерботом по бројот на турнири како селектор на репрезентацијата на Англија. Двајцата имаат четири големи натпреварувања со Британците

The post Англија ништо не одигра против Србија appeared first on Република.

]]>
Мотивација пред дуелот со Србија: Англичаните дознаа дека ќе добијат бонус од 9.6 милиони фунти за европска титула https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/motivatsija-pred-duelot-so-srbija-anglichanite-doznaa-deka-ke-dobijat-bonus-od-9-6-milioni-funti-za-evropska-titula/ Sun, 16 Jun 2024 14:02:58 +0000 https://republika.mk/?p=788129

Англиските репрезентативци ќе добијат бонус од 9,6 милиони фунти доколку ја освојат титулата на Европското фудбалско првенство кое се одржува во Германија.

Информацијата денеска ја објави лондонски „Сан“.

Според истиот извор, селекторот на Англија, Герет Саутгејт, наводно ќе добие бонус од четири милиони фунти доколку неговите избраници ја освојат титулата на ЕУРО2024.

Англија вечерва го почнува настапот на ЕВРО2024 против Србија.

Избраниците на Саутгејт на 20 јуни ќе играат со Данска, а на 25 јуни со Словенија.

The post Мотивација пред дуелот со Србија: Англичаните дознаа дека ќе добијат бонус од 9.6 милиони фунти за европска титула appeared first on Република.

]]>

Англиските репрезентативци ќе добијат бонус од 9,6 милиони фунти доколку ја освојат титулата на Европското фудбалско првенство кое се одржува во Германија. Информацијата денеска ја објави лондонски „Сан“. Според истиот извор, селекторот на Англија, Герет Саутгејт, наводно ќе добие бонус од четири милиони фунти доколку неговите избраници ја освојат титулата на ЕУРО2024. Англија вечерва го почнува настапот на ЕВРО2024 против Србија. Избраниците на Саутгејт на 20 јуни ќе играат со Данска, а на 25 јуни со Словенија.

The post Мотивација пред дуелот со Србија: Англичаните дознаа дека ќе добијат бонус од 9.6 милиони фунти за европска титула appeared first on Република.

]]>
Само по две пива со помалку алкохол за навивачите на Србија и Англија на мечот во Гелзенкирхен https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/samo-po-dve-piva-so-pomalku-alkohol-za-navivachite-na-srbija-i-anglija-na-mechot-vo-gelzenkirhen/ Sat, 15 Jun 2024 08:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=787756

Германската полиција соопшти дека ќе воведе рестрикции за алкохол на натпреварот од првото коло од групата Ц на Европското фудбалско првенство меѓу Англија и Србија, што се игра во Гелзенкирхен.

Германската полиција излезе со соопштение дека на стадионот во Гелзенкирхен ќе биде забрането точење на обично пиво кое содржи меѓу четири и пет проценти алкохол, туку ќе се служи само светло пиво со јачина од 2,5 проценти алкохол.

Продажбата ќе биде ограничена на две пива по лице.

Организаторите ги објаснија рестрикциите како мерка на претпазливост за навивачите на Англија.

Англија и Србија се сместени во групата Ц на Европското првенство, каде ривали им се Данска и Словенија.

Натпреварот меѓу Англија и Србија е закажан за в недела од 21 часот.

 

The post Само по две пива со помалку алкохол за навивачите на Србија и Англија на мечот во Гелзенкирхен appeared first on Република.

]]>

Германската полиција соопшти дека ќе воведе рестрикции за алкохол на натпреварот од првото коло од групата Ц на Европското фудбалско првенство меѓу Англија и Србија, што се игра во Гелзенкирхен. Германската полиција излезе со соопштение дека на стадионот во Гелзенкирхен ќе биде забрането точење на обично пиво кое содржи меѓу четири и пет проценти алкохол, туку ќе се служи само светло пиво со јачина од 2,5 проценти алкохол. Продажбата ќе биде ограничена на две пива по лице. Организаторите ги објаснија рестрикциите како мерка на претпазливост за навивачите на Англија. Англија и Србија се сместени во групата Ц на Европското првенство, каде ривали им се Данска и Словенија. Натпреварот меѓу Англија и Србија е закажан за в недела од 21 часот.  

The post Само по две пива со помалку алкохол за навивачите на Србија и Англија на мечот во Гелзенкирхен appeared first on Република.

]]>
Играта на Англичаните пред стартот на Европското првенство не ветува многу https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/igrata-na-anglichanite-pred-startot-na-evropskoto-prvenstvo-ne-vetuva-mnogu/ Sat, 08 Jun 2024 21:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=785791

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт ги искритикува неговите избраници за изданието на пријателскиот натпревар со Исланд.

Англичаните синоќа на „Вембли“ во Лондон загубија со 1:0.

Во пресрет на Евро 2024, тимот на Саутгејт има само една победа во пет натпревари.

- Далеку од идеално. Нема да се обидам да дадам оценка на друг начин. Трофеј на Европското првенство не може да се освои преку талент и со самото учество. Фудбалот не функционира така. Потребна е прецизност во секој аспект од играта за да се победи кој било натпревар на ова ниво. Бевме далеку од тоа на средбата со Исланд кој заслужи да победи. Имаа уште неколку шанси. Мислам дека навистина овој пораз ќе нè натера да се фокусираме на вистинскиот пат, рече Саутгејт.

Англија на Евро 2024 кое ќе с еигра од 14 јуни до 14 јули е во група со Шкотска, Унгарија и Швајцарија

The post Играта на Англичаните пред стартот на Европското првенство не ветува многу appeared first on Република.

]]>

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт ги искритикува неговите избраници за изданието на пријателскиот натпревар со Исланд. Англичаните синоќа на „Вембли“ во Лондон загубија со 1:0. Во пресрет на Евро 2024, тимот на Саутгејт има само една победа во пет натпревари.
- Далеку од идеално. Нема да се обидам да дадам оценка на друг начин. Трофеј на Европското првенство не може да се освои преку талент и со самото учество. Фудбалот не функционира така. Потребна е прецизност во секој аспект од играта за да се победи кој било натпревар на ова ниво. Бевме далеку од тоа на средбата со Исланд кој заслужи да победи. Имаа уште неколку шанси. Мислам дека навистина овој пораз ќе нè натера да се фокусираме на вистинскиот пат, рече Саутгејт.
Англија на Евро 2024 кое ќе с еигра од 14 јуни до 14 јули е во група со Шкотска, Унгарија и Швајцарија

The post Играта на Англичаните пред стартот на Европското првенство не ветува многу appeared first on Република.

]]>
На фудбалери помлади од 11 години ќе им биде забрането да играат со глава https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/na-fudbaleri-pomladi-od-11-godini-ke-im-bide-zabraneto-da-igraat-so-glava/ Sat, 18 May 2024 18:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=779629

На децата во Англија ќе им биде забрането да играат фудбал со глава во обид да се подобри нивната безбедност.

Фудбалската асоцијација (ФА) објави дека ќе започне постепено да забранува удари со глава на сите тимски натпревари за деца на возраст од 11 години и помали. Идејата беше тестирана околу две години. Намерниот удар со глава ќе биде казнет со индиректен слободен удар.

Децата од 7 до 9 години ќе престанат да играат со глава од следната сезона, до 10 години - од сезоната 2025/26, а до 11 години - од сезоната 2026/27. Почнувајќи од 12-годишна возраст, ќе биде дозволено играње со глава.

- Продолжуваме да играме водечка улога во оценувањето и подобрувањето на безбедноста на фудбалот. Нашата цел е, меѓу другото, да создадеме поголема техничка способност за играчите да играат со топката во нивните нозе, да обезбедиме поефикасно користење на времето за играње и да го намалиме времето кога топката е во воздух за време на натпреварот, објави ФА во соопштението.

Мерката доаѓа во време на истражување кое сугерира дека поранешните фудбалери имаат поголема веројатност да умрат од проблеми со мозокот отколку пошироката јавност. На пример, професионалните фудбалери имаат три и пол пати поголеми шанси да умрат од деменција отколку просечниот човек на иста возраст, објавија студиите.

The post На фудбалери помлади од 11 години ќе им биде забрането да играат со глава appeared first on Република.

]]>

На децата во Англија ќе им биде забрането да играат фудбал со глава во обид да се подобри нивната безбедност. Фудбалската асоцијација (ФА) објави дека ќе започне постепено да забранува удари со глава на сите тимски натпревари за деца на возраст од 11 години и помали. Идејата беше тестирана околу две години. Намерниот удар со глава ќе биде казнет со индиректен слободен удар. Децата од 7 до 9 години ќе престанат да играат со глава од следната сезона, до 10 години - од сезоната 2025/26, а до 11 години - од сезоната 2026/27. Почнувајќи од 12-годишна возраст, ќе биде дозволено играње со глава.
- Продолжуваме да играме водечка улога во оценувањето и подобрувањето на безбедноста на фудбалот. Нашата цел е, меѓу другото, да создадеме поголема техничка способност за играчите да играат со топката во нивните нозе, да обезбедиме поефикасно користење на времето за играње и да го намалиме времето кога топката е во воздух за време на натпреварот, објави ФА во соопштението.
Мерката доаѓа во време на истражување кое сугерира дека поранешните фудбалери имаат поголема веројатност да умрат од проблеми со мозокот отколку пошироката јавност. На пример, професионалните фудбалери имаат три и пол пати поголеми шанси да умрат од деменција отколку просечниот човек на иста возраст, објавија студиите.

The post На фудбалери помлади од 11 години ќе им биде забрането да играат со глава appeared first on Република.

]]>
Англија планира да ги забрани мобилните телефони во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/anglija-planira-da-gi-zabrani-mobilnite-telefoni-vo-uchilishtata/ Mon, 19 Feb 2024 09:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=745598

Англиски министри потврдија дека планираат да ја забранат употребата на мобилни телефони во училиштата. Објавија упатства за директорите, пренесува „Гардијан“. Упатствата им дозволуваат на училиштата различни начини да ја спроведат забраната, вклучувајќи учениците да ги остават мобилните телефони дома, да ги чуваат во шкафчиња или да ги остават исклучени.

Според податоците на Офком, 97 отсто од 12-годишниците имаат паметен телефон. Паметните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците, а поради нивната распространетост, децата кои ги немаат може да бидат малтретирани, што врши притисок врз родителите, пишува „Гардијан“.

Во интервјуа каде што зборува за планот, Џилијан Киган, министерот за образование, рече дека министерството за образование се консултирало со наставниците и верува дека насоките ќе доведат до целосна забрана за телефоните и ќе испратат јасна порака за доследност.

„Училиштата се таму каде што децата учат, а мобилните телефони само го одвлекуваат вниманието. На наставниците им даваме алатка за подобрување на однесувањето на учениците, што ќе ја олесни наставата“.

Упатството не е законско решение, но им нуди на училиштата различни начини за спроведување на забраната, почнувајќи од наредба да се остават сите телефони дома, до предавање при пристигнување или чување во недостапни шкафчиња или дозволување на учениците да ги чуваат под услов тие да не се користат.

The post Англија планира да ги забрани мобилните телефони во училиштата appeared first on Република.

]]>

Англиски министри потврдија дека планираат да ја забранат употребата на мобилни телефони во училиштата. Објавија упатства за директорите, пренесува „Гардијан“. Упатствата им дозволуваат на училиштата различни начини да ја спроведат забраната, вклучувајќи учениците да ги остават мобилните телефони дома, да ги чуваат во шкафчиња или да ги остават исклучени. Според податоците на Офком, 97 отсто од 12-годишниците имаат паметен телефон. Паметните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците, а поради нивната распространетост, децата кои ги немаат може да бидат малтретирани, што врши притисок врз родителите, пишува „Гардијан“. Во интервјуа каде што зборува за планот, Џилијан Киган, министерот за образование, рече дека министерството за образование се консултирало со наставниците и верува дека насоките ќе доведат до целосна забрана за телефоните и ќе испратат јасна порака за доследност.
„Училиштата се таму каде што децата учат, а мобилните телефони само го одвлекуваат вниманието. На наставниците им даваме алатка за подобрување на однесувањето на учениците, што ќе ја олесни наставата“.
Упатството не е законско решение, но им нуди на училиштата различни начини за спроведување на забраната, почнувајќи од наредба да се остават сите телефони дома, до предавање при пристигнување или чување во недостапни шкафчиња или дозволување на учениците да ги чуваат под услов тие да не се користат.

The post Англија планира да ги забрани мобилните телефони во училиштата appeared first on Република.

]]>
Штрајкуваат младите лекари во Англија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtrajkuvaat-mladite-lekari-vo-anglija/ Wed, 03 Jan 2024 08:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=729169

Младите лекари во Англија, кои имаат статус на приправник, утрово ја прекинаа работата на шест дена, бидејќи бараат покачување.

По тридневниот штрајк пред Божиќ и неколкуте прекини на работа во последните месеци, младите лекари ја интензивираат својата мобилизација поради немање договор со владата во кризата предизвикана од инфлацијата.

Штрајкот на младите лекари, од кои во Англија има околу 70 илјади, почна денеска наутро и ќе заврши во вторник во истиот термин.

Новиот шестдневен штрајк доаѓа додека британскиот систем за јавно здравје, има недостиг од лекари и се бори да ги намали огромните листи на чекање на пациенти.

 

The post Штрајкуваат младите лекари во Англија appeared first on Република.

]]>

Младите лекари во Англија, кои имаат статус на приправник, утрово ја прекинаа работата на шест дена, бидејќи бараат покачување. По тридневниот штрајк пред Божиќ и неколкуте прекини на работа во последните месеци, младите лекари ја интензивираат својата мобилизација поради немање договор со владата во кризата предизвикана од инфлацијата. Штрајкот на младите лекари, од кои во Англија има околу 70 илјади, почна денеска наутро и ќе заврши во вторник во истиот термин. Новиот шестдневен штрајк доаѓа додека британскиот систем за јавно здравје, има недостиг од лекари и се бори да ги намали огромните листи на чекање на пациенти.  

The post Штрајкуваат младите лекари во Англија appeared first on Република.

]]>
Штрајкуваат лекарите специјализанти во Англија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtrajkuvaat-lekarite-spetsijalizanti-vo-anglija/ Wed, 20 Dec 2023 10:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=724818

Лекарите приправници во Англија денеска започнаа тридневен штрајк и најавија нов шестдневен штрајк од 3 до 9 јануари поради спорот за зголемувањето на платите, соопшти Британската медицинска асоцијација (БМА), која застапува околу 50.000 членови.

Општата болница во Челтенхем соопшти дека ќе го затвори одделот за итни случаи, додека менаџерите на болниците во Лондон ја повикаа јавноста да го користи Ургентниот центар само за итни случаи.

Лекарите специјализанти ги напуштија разговорите со владата откако им беше понудено зголемување на платите меѓу осум и 10 отсто.

Тие бараат зголемување од 35 проценти, што, според нив, е неопходно за да се покрие влијанието на инфлацијата што се создава во текот на неколку години.

Британската министерка за здравство Викторија Еткинс рече дека се преземени значајни итни мерки за да се минимизира нарушувањето и додаде дека вратата останува отворена за БМА да се врати на преговорите.

Директорите на болниците најавуваат дека шестдневниот штрајк во јануари ќе биде најдолгиот штрајк во историјата на британската Национална здравствена служба.

 

The post Штрајкуваат лекарите специјализанти во Англија appeared first on Република.

]]>

Лекарите приправници во Англија денеска започнаа тридневен штрајк и најавија нов шестдневен штрајк од 3 до 9 јануари поради спорот за зголемувањето на платите, соопшти Британската медицинска асоцијација (БМА), која застапува околу 50.000 членови. Општата болница во Челтенхем соопшти дека ќе го затвори одделот за итни случаи, додека менаџерите на болниците во Лондон ја повикаа јавноста да го користи Ургентниот центар само за итни случаи. Лекарите специјализанти ги напуштија разговорите со владата откако им беше понудено зголемување на платите меѓу осум и 10 отсто. Тие бараат зголемување од 35 проценти, што, според нив, е неопходно за да се покрие влијанието на инфлацијата што се создава во текот на неколку години. Британската министерка за здравство Викторија Еткинс рече дека се преземени значајни итни мерки за да се минимизира нарушувањето и додаде дека вратата останува отворена за БМА да се врати на преговорите. Директорите на болниците најавуваат дека шестдневниот штрајк во јануари ќе биде најдолгиот штрајк во историјата на британската Национална здравствена служба.  

The post Штрајкуваат лекарите специјализанти во Англија appeared first on Република.

]]>
Пристигнаа англиските навивачи: Центарот на Скопје „врие“ од полиција https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pristignaa-angliskite-navivachi-tsentarot-na-skopje-vrie-od-politsija/ Mon, 20 Nov 2023 11:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=714367

Околу 2.000 навивачи на Англија допатуваа во Скопје за да ја бодрат својата репрезентација која вечер игра со македонската селекција. Голем дел од Англичаните веќе се наоѓаат во кафетериите во центарот на македонската престолнина.

Англиските навивачи се познати по својот темперамент, а често пати предизвикуваат инциденти на своите гостувања. Поради тоа, во центарот на Скопје има зголемено присуство на полицијата.

За подобра безбедност и на гостите од Англија и на македонските граѓани, угостителските објекти во ГТЦ од страната на кејот на реката Вардар се еден вид „тампон зона“ намената исклучиво за Англичаните.

Натпреварот меѓу македонската и англиската фудбалска репрезентација ќе се игра вечер од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Англија веќе обезбеди пласман на Европското првенство 2024, додека „црвено-жолтите“ квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. место, па средбата нема резултатско значење.

The post Пристигнаа англиските навивачи: Центарот на Скопје „врие“ од полиција appeared first on Република.

]]>

Околу 2.000 навивачи на Англија допатуваа во Скопје за да ја бодрат својата репрезентација која вечер игра со македонската селекција. Голем дел од Англичаните веќе се наоѓаат во кафетериите во центарот на македонската престолнина. Англиските навивачи се познати по својот темперамент, а често пати предизвикуваат инциденти на своите гостувања. Поради тоа, во центарот на Скопје има зголемено присуство на полицијата. За подобра безбедност и на гостите од Англија и на македонските граѓани, угостителските објекти во ГТЦ од страната на кејот на реката Вардар се еден вид „тампон зона“ намената исклучиво за Англичаните. Натпреварот меѓу македонската и англиската фудбалска репрезентација ќе се игра вечер од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Англија веќе обезбеди пласман на Европското првенство 2024, додека „црвено-жолтите“ квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. место, па средбата нема резултатско значење.

The post Пристигнаа англиските навивачи: Центарот на Скопје „врие“ од полиција appeared first on Република.

]]>
Четворица мажи украле златна тоалетна школка од замок во Англија: „Вреди 5,5 милиони евра“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/chetvoritsa-mazhi-ukrale-zlatna-toaletna-shkolka-od-zamok-vo-anglija-vredi-5-5-milioni-evra/ Tue, 07 Nov 2023 09:43:31 +0000 https://republika.mk/?p=699077

Четворица мажи беа обвинети во понеделникот за кражба на златна тоалетна школка пред четири години, дело на италијански уметник која била изложена на импозантното светско наследство на УНЕСКО во замокот Бленхајм на југот на Англија.

Наречен „Америка“, тоалетот од 18 каратно злато има школка, даска и казанче и е проценет на 4,8 милиони фунти (5,5 милиони евра).

Тоалетната школка беше најважниот експонат на изложбата посветена во 2019 година на италијанскиот уметник Мауртицио Кателан одржана во барокниот замок од 18 век во Оксфордшир, каде што е роден Винстон Черчил.

Државното правобранителство во понеделник го објави обвинението и соопшти дека четворицата ќе бидат изведени пред суд на 28 ноември.

Ден по кражбата, полицијата објасни дека крадците ноќта меѓу 13 и 14 септември влегле во палатата и заминале рано наутро носејќи го скапоцениот тоалет, при што при кражбата направиле голема штета и поплавување.

Тоалетот „Америка“ за прв пат беше изложен во музејот Гугенхајм во Њујорк во 2016 година.

 

The post Четворица мажи украле златна тоалетна школка од замок во Англија: „Вреди 5,5 милиони евра“ appeared first on Република.

]]>

Четворица мажи беа обвинети во понеделникот за кражба на златна тоалетна школка пред четири години, дело на италијански уметник која била изложена на импозантното светско наследство на УНЕСКО во замокот Бленхајм на југот на Англија. Наречен „Америка“, тоалетот од 18 каратно злато има школка, даска и казанче и е проценет на 4,8 милиони фунти (5,5 милиони евра). Тоалетната школка беше најважниот експонат на изложбата посветена во 2019 година на италијанскиот уметник Мауртицио Кателан одржана во барокниот замок од 18 век во Оксфордшир, каде што е роден Винстон Черчил. Државното правобранителство во понеделник го објави обвинението и соопшти дека четворицата ќе бидат изведени пред суд на 28 ноември. Ден по кражбата, полицијата објасни дека крадците ноќта меѓу 13 и 14 септември влегле во палатата и заминале рано наутро носејќи го скапоцениот тоалет, при што при кражбата направиле голема штета и поплавување. Тоалетот „Америка“ за прв пат беше изложен во музејот Гугенхајм во Њујорк во 2016 година.  

The post Четворица мажи украле златна тоалетна школка од замок во Англија: „Вреди 5,5 милиони евра“ appeared first on Република.

]]>
Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/anglija-zabrani-plastichen-pribor-za-jadene-i-chinii-za-ednokratna-upotreba/ Mon, 02 Oct 2023 09:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=687047

Во Англија вчера стапи на сила забраната за испорака на пластични предмети за еднократна употреба. Претпријатијата повеќе не можат да продаваат пластичен прибор за јадење, чинии и полистиренски садови за еднократна употреба.

Сепак, забраната не вклучува пластични садови и послужавници кои се користат за носење или претходно спакувана храна во продавниците.

Владата во мај објави дека продавачите кои продолжуваат да ја продаваат забранетата пластика за еднократна употреба по стапувањето на сила на одлуката, може да бидат казнети.

Минатата година слична забрана беше воведена во Шкотска, која стана прва во Велика Британија што го стори тоа.

Пластичните чинии за еднократна употреба, приборот за јадење, сламките, стапчињата за балони и памучните стапчиња се исто така забранети во Европската унија во 2021 година.

The post Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба appeared first on Република.

]]>

Во Англија вчера стапи на сила забраната за испорака на пластични предмети за еднократна употреба. Претпријатијата повеќе не можат да продаваат пластичен прибор за јадење, чинии и полистиренски садови за еднократна употреба. Сепак, забраната не вклучува пластични садови и послужавници кои се користат за носење или претходно спакувана храна во продавниците. Владата во мај објави дека продавачите кои продолжуваат да ја продаваат забранетата пластика за еднократна употреба по стапувањето на сила на одлуката, може да бидат казнети. Минатата година слична забрана беше воведена во Шкотска, која стана прва во Велика Британија што го стори тоа. Пластичните чинии за еднократна употреба, приборот за јадење, сламките, стапчињата за балони и памучните стапчиња се исто така забранети во Европската унија во 2021 година.

The post Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба appeared first on Република.

]]>