Анѓушев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/angjushev/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jan 2024 09:50:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анѓушев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/angjushev/ 32 32 Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе македонската РЕС за трговија со струја на Анѓушев https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bugarskata-ker-toki-pauer-ke-ja-prezeme-makedonskata-res-za-trgovija-so-struja-na-angushev/ Fri, 12 Jan 2024 09:50:20 +0000 https://republika.mk/?p=732285

Бугарската компанија „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со електрична енергија РЕС која беше во сопственост на македонскиот бизнисмен Кочо Анѓушев, извести Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК).
КЗК прелиминарно смета дека ова може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, но нејзината конечна одлука е резервирана.

Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата, на јануари 2024 година до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација со која КЕР ТОКИ ПАУЕР АД, со седиште и адреса во град Софија, ќе стекне контрола над РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ ДОО Скопје. Врз основа на прелиминарното испитување, Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.

Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, објави Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Кер Токи Пауер“ од Софија и сега беше еден од партнерите во РЕС заедно со компанијата Централ-инвест која е во сопственост на Анѓушев. Тој ја основаше оваа компанија кога се повлече од политиката.

Основачи на РЕС се компаниите Централ Инвест од Република Македонија (семејната компанија на Анѓушев – н.з.) и Токи од Република Бугарија, кои се лидери во производството на електрична енергија од обновливи извори на македонскиот и бугарскиот пазар, стои на веб страницата на РЕС.

The post Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе македонската РЕС за трговија со струја на Анѓушев appeared first on Република.

]]>

Бугарската компанија „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со електрична енергија РЕС која беше во сопственост на македонскиот бизнисмен Кочо Анѓушев, извести Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК). КЗК прелиминарно смета дека ова може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, но нејзината конечна одлука е резервирана.
Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата, на јануари 2024 година до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација со која КЕР ТОКИ ПАУЕР АД, со седиште и адреса во град Софија, ќе стекне контрола над РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ ДОО Скопје. Врз основа на прелиминарното испитување, Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.
Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, објави Комисијата за заштита на конкуренцијата. „Кер Токи Пауер“ од Софија и сега беше еден од партнерите во РЕС заедно со компанијата Централ-инвест која е во сопственост на Анѓушев. Тој ја основаше оваа компанија кога се повлече од политиката.
Основачи на РЕС се компаниите Централ Инвест од Република Македонија (семејната компанија на Анѓушев – н.з.) и Токи од Република Бугарија, кои се лидери во производството на електрична енергија од обновливи извори на македонскиот и бугарскиот пазар, стои на веб страницата на РЕС.

The post Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе македонската РЕС за трговија со струја на Анѓушев appeared first on Република.

]]>
Анѓушев остана без функцијата почесен конзул на Малта во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angushev-ostana-bez-funktsijata-pochesen-konzul-na-malta-vo-makedonija/ Thu, 07 Dec 2023 11:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=720672

Министерството за надворешни работи на Малта на Кочо Анѓушев му7 ја прекина функцијата почесен конзул на Малта во Македонија, откако тој се најде на американската „црна листа“, објави „Тајмс оф Малта“.

Весникот пренесува изјава на портапролот на малтешкото Министерство за надворешни работи кој вели дека никогаш не добиле никакви негативни информации за Анѓушев од неговото назначување.

– Со оглед на ваквите случувања, Министерството го прекинува неговото назначување со непосреден ефект и внимателно ги следи најновите случувања, додава тој.

Поранешниот вицепремиер Анѓушев беше назначен за почесен конзул на Малта во Скопје во октомври 2021 година со одлука на Владата на Малта.

Американскиот Стејт департмент во вторникот објави дека Анѓушев нема право на влез во САД бидејќи додека бил вицепремиер ја злоупотребил својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси.

„Денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери“, се вели во соопштението.

„Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ“, се вели во соопштението.

Пред објавувањето на одлуката на Стејт департментот, на маргините на самитот на ОБСЕ, Анѓушев како почесен конзул на 3 декември имал работен појадок со министерот за надворешни и европски работи и трговија на Малта, Јан Борг. На состанокот се разговарало за ситуацијата во регионот во светло на идното проширување на ЕУ, за геополитичките случувања во Европа и пошироко, како и за можностите за економска соработка меѓу двете земји. На средбата станало збор и за организацијата на состанокот на почесните конзули на Малта, кој ќе се одржи во февруари 2024 година во Валета.

На средбата Борг дури ја поздравил посветеноста на почесниот конзул за зајакнување на економската соработка и воспоставување мост меѓу економиите.

The post Анѓушев остана без функцијата почесен конзул на Малта во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Малта на Кочо Анѓушев му7 ја прекина функцијата почесен конзул на Малта во Македонија, откако тој се најде на американската „црна листа“, објави „Тајмс оф Малта“. Весникот пренесува изјава на портапролот на малтешкото Министерство за надворешни работи кој вели дека никогаш не добиле никакви негативни информации за Анѓушев од неговото назначување.
– Со оглед на ваквите случувања, Министерството го прекинува неговото назначување со непосреден ефект и внимателно ги следи најновите случувања, додава тој.
Поранешниот вицепремиер Анѓушев беше назначен за почесен конзул на Малта во Скопје во октомври 2021 година со одлука на Владата на Малта. Американскиот Стејт департмент во вторникот објави дека Анѓушев нема право на влез во САД бидејќи додека бил вицепремиер ја злоупотребил својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси.
„Денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери“, се вели во соопштението. „Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ“, се вели во соопштението.
Пред објавувањето на одлуката на Стејт департментот, на маргините на самитот на ОБСЕ, Анѓушев како почесен конзул на 3 декември имал работен појадок со министерот за надворешни и европски работи и трговија на Малта, Јан Борг. На состанокот се разговарало за ситуацијата во регионот во светло на идното проширување на ЕУ, за геополитичките случувања во Европа и пошироко, како и за можностите за економска соработка меѓу двете земји. На средбата станало збор и за организацијата на состанокот на почесните конзули на Малта, кој ќе се одржи во февруари 2024 година во Валета. На средбата Борг дури ја поздравил посветеноста на почесниот конзул за зајакнување на економската соработка и воспоставување мост меѓу економиите.

The post Анѓушев остана без функцијата почесен конзул на Малта во Македонија appeared first on Република.

]]>
И Кочо Анѓушев заврши на „црната листа“ на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-kocho-angushev-zavrshi-na-tsrnata-lista-na-sad/ Tue, 05 Dec 2023 14:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=719970

Бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев, се најде на американската „црна листа“. Одлуката е објавена на веб страницата на американскиот Стејт департмент.

„Соединетите Држави го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси“, се наведува во одлуката.

Денешната акција, нагласуваат од Стејт департментот, покажува дека „САД во Македонија стојат со оние кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери“.

„Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ“, се додава во одлуката.

Пред неполн месец, на американската „црна листа“ завршија и Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина, како и Ратка Куновска Камчева, мајката на Јордан Орце Камчев. Тие им се придружија на веќе споменатиот Јордан Орце Камчев, Рамиз Мерко, Никола Груевски и Сашо Мијалков.

The post И Кочо Анѓушев заврши на „црната листа“ на САД appeared first on Република.