Ангелов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/angelov/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 09:54:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ангелов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/angelov/ 32 32 Проштална средба на Муртезани со бугарскиот амбасадор Ангелов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proshtalna-sredba-na-murtezani-so-bugarskiot-ambasador-angelov/ Fri, 16 Aug 2024 09:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=807146

Министерот за европски работи, Орхан Муртезани, денеска се сретна со амбасадорот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, по повод завршувањето на неговиот мандат во земјата. Во тој контекст, акцентот на состанокот беше ставен на билатералните односи и модалитетите за идни соработки.

Министерот Муртезани ја нагласи важноста на одржување на добрососедски односи со Бугарија, особено преку Програмата за прекугранична соработка на ИНТЕРРЕГ ИПА, кофинансирана од Европската Унија. Оваа програма овозможи значајни заеднички проекти, кои придонесоа за создавање одржливи и доверливи односи меѓу пограничните региони. На средбата беше истакнат потенцијалот за продолжување на соработката, вклучувајќи стратешки иницијативи како што е планираното отворање на граничниот премин Клепало/Струмјани, што се очекува да ја подобри регионалната поврзаност.

Двете страни ја потврдија својата посветеност на понатамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучувајќи и истражување на можности за соработка во рамките на реформите поврзани со ЕУ. Министерот Муртезани му посака успех на Амбасадорот во неговите идни активности.

The post Проштална средба на Муртезани со бугарскиот амбасадор Ангелов appeared first on Република.

]]>

Ангелов: Соработката со СДСМ е минато https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angelov-sorabotkata-so-sdsm-e-minato/ Mon, 18 Dec 2023 12:41:48 +0000 https://republika.mk/?p=724283

Првиот човек на ЦУК и покрај тоа што е дел од владината коалиција не го криеше незадоволство, а особено се осврна на црната листа и извештајот од Европската Комисија.

Ние потфрливме како влада, јас ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија. Ставањето на вицепремиер на црната листа за мене е погубно, а градоначалникот од редовите во ДУИ исто така заврши на оваа листа, вели Ангелов.

На прашањето дали би му пречела влада меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вели дека е добро за стабилизација, но така тешко се решаваат крупни прашања според него.

Стојанче Ангелов е категоричен дека соработката со СДСМ веќе е минато, а тој е разочаран дека партијата не ги исполнила барањата на неговата политичка партија „Достинство“.

The post Ангелов: Соработката со СДСМ е минато appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на ЦУК и покрај тоа што е дел од владината коалиција не го криеше незадоволство, а особено се осврна на црната листа и извештајот од Европската Комисија. Ние потфрливме како влада, јас ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија. Ставањето на вицепремиер на црната листа за мене е погубно, а градоначалникот од редовите во ДУИ исто така заврши на оваа листа, вели Ангелов. На прашањето дали би му пречела влада меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вели дека е добро за стабилизација, но така тешко се решаваат крупни прашања според него. Стојанче Ангелов е категоричен дека соработката со СДСМ веќе е минато, а тој е разочаран дека партијата не ги исполнила барањата на неговата политичка партија „Достинство“.

The post Ангелов: Соработката со СДСМ е минато appeared first on Република.

]]>
Ангелов ги покажа мускулите на плажа во Грција: „Назад сум за миг ако почне да гори“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angelov-gi-pokazha-muskulite-na-plazha-vo-grtsija-nazad-sum-za-mig-ako-pochne-da-gori/ Sun, 06 Aug 2023 18:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=669312

Откако вчера информираше дека сите пожари на територијата на Македонија се изгаснати благодарение на дождот кој го намали ризикот од избувнување на нови поголеми жаришта, директорот на Центарот за управување со кризи на својот ФБ профил објави дека е на одмор под Олимп, но вели дека доколку гори веднаш се враќа назад.

The post Ангелов ги покажа мускулите на плажа во Грција: „Назад сум за миг ако почне да гори“ appeared first on Република.

Ангелов: Aвионите за гаснење пожари се сервисирани и се очекува да стигнат во секој момент https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angelov-avionite-za-gasnene-pozhari-se-servisirani-i-se-ochekuva-da-stignat-vo-sekoj-moment/ Thu, 20 Jul 2023 12:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=663560

Имаме три авиони ертрактори на Дирекцијата за заштита и спасување. Едниот е функционален, другите два се сервисирани и треба да стигнат во секој момент, изјави првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на прес-конференција.

Говорејќи за реусрсите со кои Македонија располага за гаснење на евентуално големи пожари на територијата, Ангелов оцени дека државата е подготвена.

Покрај ертракторите, како што рече Ангелов, имаме на располагање и два армиски хеликоптери. Сепак, овие летала имаат ограничување и во најжешките часови не можат да се корситат, бидејќи како што образложи Ангелов, не е безбедна нивната употреба за екипажот. Понатаму, државата располага и со хеликоптери кои се во функција, а директорот оцени дека соработката меѓу ЦУК, МВР и Армијата е на највисоко ниво.

Зголемен е и бројот на пожарникарите на ниво на целата држава.

Генерално имаме 935 професионални пожарникари. Покрај нив, тука се и 110 дозброволни пожарникари – одлични противпожарни друштва со сопствени возила. Имаме храбри пилоти на авионите и хеликоптерите кои летаат над самите пожари. Вкупно 69 навални возила, помали цистерни со сопствени пумпи, полесно подвижни и на потежок терен. 86 цистерни од 6 до 9 тона, имаат сопствени пумпи но често се користат за полнење на наваните возила. Едно хемиско возило. 36 терени возила за гасење на шумски пожари. 56 теренски возила за превоз на пожарникарите, рече Ангелов и додаде дека пожарникарирте се исклучително храбри луѓе.

Моменталната состојба со пожарите во Македонија, Ангелов ја оцени како добра, и барем засега ги немаме, и покрај високите температури немаме , со исклучок на недамнешниот во Штип.

Вели дека напорот да се менаџиираат пожарите на друг начин, дава резултати. Една од причините што нема големи пожари, како што кажа Ангелов, е влажната вегетација. Од друга страна, вели тој, обилните врнежи предизвикаа бујна и висока трева што деновиве веќе е сува, па надлежните очекуваат да постигне голема сувост и да претставува лесно запалив материјал.

Ангелов ги поздрави и граѓаните кои ги почитуваат мерките и упати низа препораки.

Не треба да се пали оган на отворено и во шума. Задоволството од скара на отворено може да чини многу пари и да загрози многу човечки животи. Пушачите да бидат внимателни, а отпушоците да ги гасат во мало шишие со вода. Да не се користат ниту плински уреди. До сточарите да не ги палат пасиштата за да се ослободат од трњето, оти можат да предизвикааат огромна штета, рече тој.

Ангелов кажа дека во 2020 година штетите од пожарите изнесувале 21 милиион евра, а веќе следната година кога избија големите пожари во Малешевијата и беше прогласена кризна состојба – 38,2 милиони евра.

Лани штета изнесувала 2 милиони евра.

The post Ангелов: Aвионите за гаснење пожари се сервисирани и се очекува да стигнат во секој момент appeared first on Република.

]]>

Имаме три авиони ертрактори на Дирекцијата за заштита и спасување. Едниот е функционален, другите два се сервисирани и треба да стигнат во секој момент, изјави првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на прес-конференција. Говорејќи за реусрсите со кои Македонија располага за гаснење на евентуално големи пожари на територијата, Ангелов оцени дека државата е подготвена. Покрај ертракторите, како што рече Ангелов, имаме на располагање и два армиски хеликоптери. Сепак, овие летала имаат ограничување и во најжешките часови не можат да се корситат, бидејќи како што образложи Ангелов, не е безбедна нивната употреба за екипажот. Понатаму, државата располага и со хеликоптери кои се во функција, а директорот оцени дека соработката меѓу ЦУК, МВР и Армијата е на највисоко ниво. Зголемен е и бројот на пожарникарите на ниво на целата држава.
Генерално имаме 935 професионални пожарникари. Покрај нив, тука се и 110 дозброволни пожарникари – одлични противпожарни друштва со сопствени возила. Имаме храбри пилоти на авионите и хеликоптерите кои летаат над самите пожари. Вкупно 69 навални возила, помали цистерни со сопствени пумпи, полесно подвижни и на потежок терен. 86 цистерни од 6 до 9 тона, имаат сопствени пумпи но често се користат за полнење на наваните возила. Едно хемиско возило. 36 терени возила за гасење на шумски пожари. 56 теренски возила за превоз на пожарникарите, рече Ангелов и додаде дека пожарникарирте се исклучително храбри луѓе.
Моменталната состојба со пожарите во Македонија, Ангелов ја оцени како добра, и барем засега ги немаме, и покрај високите температури немаме , со исклучок на недамнешниот во Штип. Вели дека напорот да се менаџиираат пожарите на друг начин, дава резултати. Една од причините што нема големи пожари, како што кажа Ангелов, е влажната вегетација. Од друга страна, вели тој, обилните врнежи предизвикаа бујна и висока трева што деновиве веќе е сува, па надлежните очекуваат да постигне голема сувост и да претставува лесно запалив материјал. Ангелов ги поздрави и граѓаните кои ги почитуваат мерките и упати низа препораки.
Не треба да се пали оган на отворено и во шума. Задоволството од скара на отворено може да чини многу пари и да загрози многу човечки животи. Пушачите да бидат внимателни, а отпушоците да ги гасат во мало шишие со вода. Да не се користат ниту плински уреди. До сточарите да не ги палат пасиштата за да се ослободат од трњето, оти можат да предизвикааат огромна штета, рече тој.
Ангелов кажа дека во 2020 година штетите од пожарите изнесувале 21 милиион евра, а веќе следната година кога избија големите пожари во Малешевијата и беше прогласена кризна состојба – 38,2 милиони евра. Лани штета изнесувала 2 милиони евра.

The post Ангелов: Aвионите за гаснење пожари се сервисирани и се очекува да стигнат во секој момент appeared first on Република.

]]>
Ангелов: Потребна популаризација на бројот 112 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angelov-potrebna-popularizatsija-na-brojot-112/ Sat, 10 Jun 2023 13:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=649910

Бројот 112 како број за итни случаи при соочување со опасност го препознаваат 17,3 отсто од испитаниците. Најголем дел од испитаниците или 58 отсто кога ќе наидат на опасност најпрво би се јавиле во полиција на 192, а 18,3 отсто не знаат каде треба да се јават. Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Тој ги презентираше резултатите од анкета спроведена за потребите на ЦУК, за мерење на свесноста и познавањето на граѓаните за единствениот европски број за итни случаи 112 и улогата на Центарот за управување со кризи. Анкетирањето е спроведено од 29 мај до 2 јуни 2023 година на репрезентативен примерок од 1067 испитаници од страна на агенцијата „Маркет Висион“.

Ангелов информира дека на граѓаните им се добро познати броевите за итни случаи. Најголема свесност постои за бројот 192, односно за полиција или овој број го знаат 72,1 отсто од испитаниците. Најмала свесност постои за бројот 193 или 56,9 отсто од испитаниците знаат кој е бројот на противпожарната бригада.

На прашањето „Сте слушнале ли за бројот 112?“, 37,4 отсто од испитаниците се изјасниле дека го знаат бројот 112, а 62,6 отсто одговориле дека не го знаат овој број.

Ова не наведува на зкалучокот дека треба да работиме на популаризација на бројот 112. Притоа упатуваме молба до сите медиуми, да го популаризираат бројот 112, на тој начин да им помогнат на граѓаните, потенцира Ангелов.

Тој додаде дека во согласност со политиката на Владата и доколку се создадат услови ќе се обидат да издејствуваат и платена кампања со цел да се запознае јавноста преку медиумите.

Ангелов рече дека за постоење од една и пол година се задоволни од процентот на испитани граѓани кои го знаат бројот 112 или 37,4 отсто и најави дека во следниот период ќе работат на тоа што повеќе граѓани да дознаат за овој број.

Поголем дел или 73,5 отсто од испитаниците слушнале за ЦУК, при што половина од испитаниците (54,8 отсто) точно го препознаваат како институција која ја координира соработката меѓу одделните институции. Останатата половина го препознава по активностите, односно настаните кои ги има координирано. Испитаниците најмногу се сеќаваат на пожарите во Источна Македонија - 51,9 отсто и случајот со мостот Беласица - 26,6 отсто.

Позитивен став за работата на ЦУК имаат 28,5 отсто од испитаниците, негативен став - 15,4 отсто, 22,2 отсто не знаат или не можат да оценат, а 33,8 отсто се со неутрален став. Позитивен став за работата на директорот на ЦУК имаат 30,1 отсто, неегативен став - 19,4 отсто, 26 отсто не знаат или не можат да оценат, 24,5 отсто се неутрални.

Ангелов рече дека корисно е граѓаните да го знаат бројот 112 и додаде дека се уште остануваат во функција телефонските броеви 192, 193 и 194.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=ijGOd2yRu2c[/embed]

The post Ангелов: Потребна популаризација на бројот 112 appeared first on Република.

]]>

Бројот 112 како број за итни случаи при соочување со опасност го препознаваат 17,3 отсто од испитаниците. Најголем дел од испитаниците или 58 отсто кога ќе наидат на опасност најпрво би се јавиле во полиција на 192, а 18,3 отсто не знаат каде треба да се јават. Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Тој ги презентираше резултатите од анкета спроведена за потребите на ЦУК, за мерење на свесноста и познавањето на граѓаните за единствениот европски број за итни случаи 112 и улогата на Центарот за управување со кризи. Анкетирањето е спроведено од 29 мај до 2 јуни 2023 година на репрезентативен примерок од 1067 испитаници од страна на агенцијата „Маркет Висион“. Ангелов информира дека на граѓаните им се добро познати броевите за итни случаи. Најголема свесност постои за бројот 192, односно за полиција или овој број го знаат 72,1 отсто од испитаниците. Најмала свесност постои за бројот 193 или 56,9 отсто од испитаниците знаат кој е бројот на противпожарната бригада. На прашањето „Сте слушнале ли за бројот 112?“, 37,4 отсто од испитаниците се изјасниле дека го знаат бројот 112, а 62,6 отсто одговориле дека не го знаат овој број.
Ова не наведува на зкалучокот дека треба да работиме на популаризација на бројот 112. Притоа упатуваме молба до сите медиуми, да го популаризираат бројот 112, на тој начин да им помогнат на граѓаните, потенцира Ангелов.
Тој додаде дека во согласност со политиката на Владата и доколку се создадат услови ќе се обидат да издејствуваат и платена кампања со цел да се запознае јавноста преку медиумите. Ангелов рече дека за постоење од една и пол година се задоволни од процентот на испитани граѓани кои го знаат бројот 112 или 37,4 отсто и најави дека во следниот период ќе работат на тоа што повеќе граѓани да дознаат за овој број. Поголем дел или 73,5 отсто од испитаниците слушнале за ЦУК, при што половина од испитаниците (54,8 отсто) точно го препознаваат како институција која ја координира соработката меѓу одделните институции. Останатата половина го препознава по активностите, односно настаните кои ги има координирано. Испитаниците најмногу се сеќаваат на пожарите во Источна Македонија - 51,9 отсто и случајот со мостот Беласица - 26,6 отсто. Позитивен став за работата на ЦУК имаат 28,5 отсто од испитаниците, негативен став - 15,4 отсто, 22,2 отсто не знаат или не можат да оценат, а 33,8 отсто се со неутрален став. Позитивен став за работата на директорот на ЦУК имаат 30,1 отсто, неегативен став - 19,4 отсто, 26 отсто не знаат или не можат да оценат, 24,5 отсто се неутрални. Ангелов рече дека корисно е граѓаните да го знаат бројот 112 и додаде дека се уште остануваат во функција телефонските броеви 192, 193 и 194. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=ijGOd2yRu2c[/embed]

The post Ангелов: Потребна популаризација на бројот 112 appeared first on Република.

]]>