Ангела Меркел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/angela-merkel/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 09:08:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ангела Меркел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/angela-merkel/ 32 32 За Меркел, Заев е „храбар и решителен“ политичар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-merkel-zaev-e-hrabar-i-reshitelen-politichar/ Wed, 27 Nov 2024 09:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=842149

Поранешниот македонски премиер, Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, експлицитно го споменува во своите меморари, пишува германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франфуртер алгемајне цајтунг“ во својата објава на „Икс“.

Меркел го опишала поранешниот премиер како храбар и решителен.

The post За Меркел, Заев е „храбар и решителен“ политичар appeared first on Република.

]]>

Поранешниот македонски премиер, Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, експлицитно го споменува во своите меморари, пишува германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франфуртер алгемајне цајтунг“ во својата објава на „Икс“. Меркел го опишала поранешниот премиер како храбар и решителен.

The post За Меркел, Заев е „храбар и решителен“ политичар appeared first on Република.

]]>
Kaко живее Меркел во пензија: Готви за сопругот во изнајмениот стан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kako-zhivee-merkel-vo-penzija-gotvi-za-soprugot-vo-iznajmeniot-stan/ Sun, 09 Jun 2024 16:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=785956

Ангела Меркел (70), која Германците  ја нарекувааt „мама“, а остатокот од светот „европска кралица“,  ја гледаме во едноставни модни комбинации кои доликуваат на жена на нејзина возраст и титулата што ја има[e до пред две и пол години - германската канцеларка .

Анџела е позната по тоа што води приватен живот кој го имаат сите „обични луѓе“. Често ја гледаaт со чаша пиво, а познато е дека понекогаш го пие за да се опушти.

Oткако веќе не е канцеларка во слободното време оди на планинарење, чита книги и најмногу го исполнува своето време готвејќи за себе и за својот сопруг со кого живеат во изнајмен стан.

The post Kaко живее Меркел во пензија: Готви за сопругот во изнајмениот стан appeared first on Република.

]]>

Ангела Меркел (70), која Германците  ја нарекувааt „мама“, а остатокот од светот „европска кралица“,  ја гледаме во едноставни модни комбинации кои доликуваат на жена на нејзина возраст и титулата што ја има[e до пред две и пол години - германската канцеларка . Анџела е позната по тоа што води приватен живот кој го имаат сите „обични луѓе“. Често ја гледаaт со чаша пиво, а познато е дека понекогаш го пие за да се опушти. Oткако веќе не е канцеларка во слободното време оди на планинарење, чита книги и најмногу го исполнува своето време готвејќи за себе и за својот сопруг со кого живеат во изнајмен стан.  

The post Kaко живее Меркел во пензија: Готви за сопругот во изнајмениот стан appeared first on Република.

]]>
Мемоарите на Ангела Меркел во книжарниците во ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/memoarite-na-angela-merkel-vo-knizharnitsite-vo-noemvri/ Mon, 13 May 2024 19:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=777744

Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе бидат објавени на крајот на ноември, речиси три години откако таа ја напушти функцијата по 16 години.

Книгата на Меркел, која ја напишала со помош на нејзината долгогодишна соработничка и советничка Бета Бауман, е насловена „Слобода“ и има околу 700 страници, а ќе ја објави издавачката куќа „Кипенер и Вич“. ‘

За мене слободата е да не престанете да учите, да не морате да стоите, туку да напредувате, дури и кога ќе ја напуштите политиката, рече Меркел.

Издавачката куќа објави дека книгата ќе биде објавена во повеќе од 30 земји, но не беше прецизирано во кои. Откако Олаф Шолц ја презеде функцијата канцелар, Меркел главно не се појавуваше во јавноста, дури ни на настаните на нејзината Христијанско-демократска унија.

Магазинот „Форбс“ десет години по ред ја прогласува за „најмоќна жена на светот“. Меркел е првата жена канцеларка во Германија, а од 2005 до 2021 година ја водеше Германија низ глобалната финансиска криза, миграциската криза и пандемијата со Ковид-19.

По почетокот на војната во Украина, Меркел беше обвинета за неправилно управување со руско-украинската криза во 2014 година, на што таа одговори дека мирот постигнат во 2015 година му обезбеди на Киев доволно време да се подготви за идните неволји и дека не има намера да се извини за своите дипломатски напори. Таа ја бранеше и одлуката на германската Влада да купи големи количини природен гас од Русија.

The post Мемоарите на Ангела Меркел во книжарниците во ноември appeared first on Република.

]]>

Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе бидат објавени на крајот на ноември, речиси три години откако таа ја напушти функцијата по 16 години. Книгата на Меркел, која ја напишала со помош на нејзината долгогодишна соработничка и советничка Бета Бауман, е насловена „Слобода“ и има околу 700 страници, а ќе ја објави издавачката куќа „Кипенер и Вич“. ‘
За мене слободата е да не престанете да учите, да не морате да стоите, туку да напредувате, дури и кога ќе ја напуштите политиката, рече Меркел.
Издавачката куќа објави дека книгата ќе биде објавена во повеќе од 30 земји, но не беше прецизирано во кои. Откако Олаф Шолц ја презеде функцијата канцелар, Меркел главно не се појавуваше во јавноста, дури ни на настаните на нејзината Христијанско-демократска унија. Магазинот „Форбс“ десет години по ред ја прогласува за „најмоќна жена на светот“. Меркел е првата жена канцеларка во Германија, а од 2005 до 2021 година ја водеше Германија низ глобалната финансиска криза, миграциската криза и пандемијата со Ковид-19. По почетокот на војната во Украина, Меркел беше обвинета за неправилно управување со руско-украинската криза во 2014 година, на што таа одговори дека мирот постигнат во 2015 година му обезбеди на Киев доволно време да се подготви за идните неволји и дека не има намера да се извини за своите дипломатски напори. Таа ја бранеше и одлуката на германската Влада да купи големи количини природен гас од Русија.  

The post Мемоарите на Ангела Меркел во книжарниците во ноември appeared first on Република.

]]>
Дачиќ: Meркел обожува сарма https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dachik-merkel-obozhuva-sarma/ Thu, 01 Feb 2024 08:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=739243

Mинистерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ вели дека за време на неговите посети во странство, посебно во Азија и Африка имал можност да проба многу јадења од егзотични животни како кенгур, змија, леопард но оти ништо не може да ја замени домашната традицонална кујна.

Во тоа се увериле и политичарите кои доаѓаат во Србија.Една од нив е и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.

Таа обожаваше сарми.За време на неколкуте средби што ги имавме таа најпрво се фаќаше за сармите-откри Дачиќ.

The post Дачиќ: Meркел обожува сарма appeared first on Република.

]]>

Mинистерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ вели дека за време на неговите посети во странство, посебно во Азија и Африка имал можност да проба многу јадења од егзотични животни како кенгур, змија, леопард но оти ништо не може да ја замени домашната традицонална кујна. Во тоа се увериле и политичарите кои доаѓаат во Србија.Една од нив е и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.
Таа обожаваше сарми.За време на неколкуте средби што ги имавме таа најпрво се фаќаше за сармите-откри Дачиќ.
 
The post Дачиќ: Meркел обожува сарма appeared first on Република.

]]>
На Кулеба му е виновна поранешната германска канцеларка: Ставот на Меркел за приемот на Украина во НАТО, една од причините што доведоа до денешниот конфликт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-kuleba-mu-e-vinovna-poraneshnata-germanska-kantselarka-stavot-na-merkel-za-priemot-na-ukraina-vo-nato-edna-od-prichinite-shto-dovedoa-do-deneshniot-konflikt/ Sat, 01 Jul 2023 19:14:23 +0000 https://republika.mk/?p=657258

Негативниот став на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел за приемот на Украина во НАТО, за која таа се залагаше пред 15 години, е една од причините што доведоа до денешниот конфликт, изјави шефот на украинската дипломатија, Дмитриј Кулеба.

Според украинскиот министер за надворешни работи, сега не треба да се повтори „грешката што ја направи Меркел во Букурешт во 2008 година“.

Не ја повторувајте грешката што ја направи канцеларката Меркел во Букурешт во 2008 година, кога таа решително излезе против каков било напредок на Украина кон членство во НАТО, нагласи Кулеба

The post На Кулеба му е виновна поранешната германска канцеларка: Ставот на Меркел за приемот на Украина во НАТО, една од причините што доведоа до денешниот конфликт appeared first on Република.

Германците уште ги плаќаат шминкерката и фризерката на Меркел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germantsite-ushte-gi-plakaat-shminkerkata-i-frizerkata-na-merkel/ Thu, 29 Jun 2023 13:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=656484

Освен канцеларијата и персоналот, државата продолжува да ги плаќа и трошоците на шминкерката и фризерката на поранешната канцеларка Ангела Меркел кои ја придружуваат на нејзините патувања, објавија денеска германските медиуми.

Кабинетот на Меркел ги презема трошоците за професионална асистентка за шминка и фризура и во случаи кога станува збор за состаноци што не се јавни, велат од Кабинетот на канцеларката.

При пресметката на трошоците во Кабинетот на канцеларката, вработените ги забележале и високите хотелски трошоци на стилистката која ја придружува Меркел на нејзините патувања.

Неодамна беше објавено и дека месечните трошоци на Кабинетот на поранешната канцеларка Ангела Меркел изнесуваат околу 66 илјади евра.

The post Германците уште ги плаќаат шминкерката и фризерката на Меркел appeared first on Република.

]]>

Освен канцеларијата и персоналот, државата продолжува да ги плаќа и трошоците на шминкерката и фризерката на поранешната канцеларка Ангела Меркел кои ја придружуваат на нејзините патувања, објавија денеска германските медиуми.
Кабинетот на Меркел ги презема трошоците за професионална асистентка за шминка и фризура и во случаи кога станува збор за состаноци што не се јавни, велат од Кабинетот на канцеларката.
При пресметката на трошоците во Кабинетот на канцеларката, вработените ги забележале и високите хотелски трошоци на стилистката која ја придружува Меркел на нејзините патувања. Неодамна беше објавено и дека месечните трошоци на Кабинетот на поранешната канцеларка Ангела Меркел изнесуваат околу 66 илјади евра.  

The post Германците уште ги плаќаат шминкерката и фризерката на Меркел appeared first on Република.

]]>
Руски комичари сакале да се шегуваат со Ангела Меркел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-komichari-sakale-da-se-sheguvaat-so-angela-merkel/ Mon, 20 Feb 2023 14:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=611151

Руските комичари Вован и Лексус, познати по своите телефонски местенки, ѝ се јавија и на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, претставувајќи ѝ се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Како што наведуваат западни медиуми, се чини, таа подобро „се држела“ од многумина свои колеги од политиката, па неколкупати и вешто одби да коментира на некои прашања, прагматично останувајќи на ставот дека таа веќе не е дел од власта и не треба премногу да копа во минатото. Така, прашана за договорите од Минск од 2014 година, Меркел рече дека нема смисла да се навраќа на тоа.

Таа исто така истакна дека не сака да шпекулира дали било можно да се спречи војната во Украина, но призна дека Договорите од Минск секако го одложиле судирот и му дале време на Киев.

- Во тој миг, за да не се случат полоши работи, сите ги потпишавме договорите. Јас едноставно верувам дека тие ѝ дадоа на Украина повеќе време за развој во времето од 2014 до 2021 година. Овие договори беа добри за Киев, бидејќи благодарение на нив Украинците сега можат да му се спротивстават на Путин... Украина сега не само што може да одговори, туку доби и меѓународна поддршка, заклучи Меркел.

Прашана - што мисли, дали ќе може воено да се зајакне Украина до степен што ќe ја принуди Русија да преговара, Меркел повторно одби да одговори, велејќи дека Порошенко, бидејќи „е со армијата - во првите редови“, треба да знае подобро за тоа од неа.

- Петро, ​​уште потешко ми е да зборувам за тоа отколку тебе. Би сакала да слушнам оценка од тебе. Ние сме пријатели. Сакаме да ви помогнеме. Европската Унија е единствена по прашањето за Украина, иако има мали разлики меѓу земјите-членки, појасни таа.

За Западот, како што рече пензионираната политичарка, важно е водечките земји да водат координирана политика, а за германската Влада смета оти добро ја води својата државна политика.

- Луѓето како мене, кои веќе не се во Владата, не можат да направат ништо значајно, затоа може само да ја поддржам тековната работа на нашата Влада, вели таа.

Коментирајќи ја политиката на францускиот претседател Емануел Макрон, таа рече дека верува дека и германските и американските лидери, т.е. канцеларот Олаф Шолц и претседателот Џо Бајден имаат многу добри односи со Макрон.

Поранешната германска канцеларка на крајот одбила да го продолжи разговорот на руски, на предлог на руските „шегаџии“, по што брзо го завршила разговорот за којшто, како што двапати нагласи, се надевала дека нема да заврши во медиумите. - Состојбата и онака е многу сложена и нашите две влади дефинитивно се во постојан контакт, нагласи таа.

Инаку, познатите руски комичари неодамна разговараа и со поранешниот шеф на Пентагон, Марк Еспер.

- Украинскиот народ ја врши валканата работа за она што ние никогаш не сакаме да го правиме овде во САД, и затоа треба да продолжиме да ве поддржуваме (Украина) со се што можеме, без разлика дали се работи за муниција, оружје или разузнавање, рече тогаш Еспер.

The post Руски комичари сакале да се шегуваат со Ангела Меркел appeared first on Република.

]]>

Руските комичари Вован и Лексус, познати по своите телефонски местенки, ѝ се јавија и на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, претставувајќи ѝ се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко. Како што наведуваат западни медиуми, се чини, таа подобро „се држела“ од многумина свои колеги од политиката, па неколкупати и вешто одби да коментира на некои прашања, прагматично останувајќи на ставот дека таа веќе не е дел од власта и не треба премногу да копа во минатото. Така, прашана за договорите од Минск од 2014 година, Меркел рече дека нема смисла да се навраќа на тоа. Таа исто така истакна дека не сака да шпекулира дали било можно да се спречи војната во Украина, но призна дека Договорите од Минск секако го одложиле судирот и му дале време на Киев.
- Во тој миг, за да не се случат полоши работи, сите ги потпишавме договорите. Јас едноставно верувам дека тие ѝ дадоа на Украина повеќе време за развој во времето од 2014 до 2021 година. Овие договори беа добри за Киев, бидејќи благодарение на нив Украинците сега можат да му се спротивстават на Путин... Украина сега не само што може да одговори, туку доби и меѓународна поддршка, заклучи Меркел.
Прашана - што мисли, дали ќе може воено да се зајакне Украина до степен што ќe ја принуди Русија да преговара, Меркел повторно одби да одговори, велејќи дека Порошенко, бидејќи „е со армијата - во првите редови“, треба да знае подобро за тоа од неа.
- Петро, ​​уште потешко ми е да зборувам за тоа отколку тебе. Би сакала да слушнам оценка од тебе. Ние сме пријатели. Сакаме да ви помогнеме. Европската Унија е единствена по прашањето за Украина, иако има мали разлики меѓу земјите-членки, појасни таа.
За Западот, како што рече пензионираната политичарка, важно е водечките земји да водат координирана политика, а за германската Влада смета оти добро ја води својата државна политика.
- Луѓето како мене, кои веќе не се во Владата, не можат да направат ништо значајно, затоа може само да ја поддржам тековната работа на нашата Влада, вели таа.
Коментирајќи ја политиката на францускиот претседател Емануел Макрон, таа рече дека верува дека и германските и американските лидери, т.е. канцеларот Олаф Шолц и претседателот Џо Бајден имаат многу добри односи со Макрон. Поранешната германска канцеларка на крајот одбила да го продолжи разговорот на руски, на предлог на руските „шегаџии“, по што брзо го завршила разговорот за којшто, како што двапати нагласи, се надевала дека нема да заврши во медиумите. - Состојбата и онака е многу сложена и нашите две влади дефинитивно се во постојан контакт, нагласи таа. Инаку, познатите руски комичари неодамна разговараа и со поранешниот шеф на Пентагон, Марк Еспер.
- Украинскиот народ ја врши валканата работа за она што ние никогаш не сакаме да го правиме овде во САД, и затоа треба да продолжиме да ве поддржуваме (Украина) со се што можеме, без разлика дали се работи за муниција, оружје или разузнавање, рече тогаш Еспер.
 
The post Руски комичари сакале да се шегуваат со Ангела Меркел appeared first on Република.

]]>
Меркел призна дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/merkel-prizna-deka-imalo-neuspesi-vo-nejzinata-politika-kon-rusija/ Wed, 07 Dec 2022 13:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=582988

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, признава дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија. „Требаше побрзо да реагираме на агресивноста на Русија“, вели Меркел во интервјуто за најновото издание на седмичникот „Ди Цајт“ што ќе излезе утре.

Коментарите на Меркел се однесуваат на руската окупација на украинскиот полуостров Крим во 2014 година, кога земјите на НАТО се согласија да потрошат два oтсто од својот бруто домашен производ за одбрана.

Германија ги зголеми своите трошоци наменети за НАТО, но се уште не ја достигна целта од два отсто, рече Меркел.

Таа, сепак, не жали за нејзината поддршка за изградбата на германско-рускиот гасовод „Северен поток 2“.

Забрана на проектот опасно ќе ги влошеше односите со Русија“, вели Меркел. Освен тоа, според неа, зависноста на Германија од рускиот гас не е само резултат на проектот за заеднички гасовод. Таа произлегува и оттаму што гасот обезбеден од Норвешка,Велика Британија и Холандија не ги задоволува германските потреби, jaви ДПА.

The post Меркел призна дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија appeared first on Република.

]]>

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, признава дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија. „Требаше побрзо да реагираме на агресивноста на Русија“, вели Меркел во интервјуто за најновото издание на седмичникот „Ди Цајт“ што ќе излезе утре. Коментарите на Меркел се однесуваат на руската окупација на украинскиот полуостров Крим во 2014 година, кога земјите на НАТО се согласија да потрошат два oтсто од својот бруто домашен производ за одбрана.
Германија ги зголеми своите трошоци наменети за НАТО, но се уште не ја достигна целта од два отсто, рече Меркел.
Таа, сепак, не жали за нејзината поддршка за изградбата на германско-рускиот гасовод „Северен поток 2“.
Забрана на проектот опасно ќе ги влошеше односите со Русија“, вели Меркел. Освен тоа, според неа, зависноста на Германија од рускиот гас не е само резултат на проектот за заеднички гасовод. Таа произлегува и оттаму што гасот обезбеден од Норвешка,Велика Британија и Холандија не ги задоволува германските потреби, jaви ДПА.
 
The post Меркел призна дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија appeared first on Република.

]]>
Се јави „мама“ Меркел: Евтиниот руски гас ѝ овозможи на Германија да продолжи да се оддалечува од нуклеарната енергија и јагленот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-javi-mama-merkel-evtiniot-ruski-gas-i-ovozmozi-na-germanija-da-prodolzi-da-se-oddalechuva-od-nuklearnata-energija-i-jaglenot/ Thu, 13 Oct 2022 20:27:18 +0000 https://republika.mk/?p=560835

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека не жали за курсот што нејзината влада го зазеде за својата енергетска политика и Русија за време на нејзиниот мандат, што според критичарите ја остави најголемата европска економија премногу зависна од рускиот гас.

Германија и другите европски земји се обидуваат да ја прекинат зависноста од руската нафта и гас, откако рускиот претседател Владимир Путин испрати војници во Украина под т.н. специјална воена операција.

Минатата година, 55 отсто од увозот на гас на Германија дојде од Русија, делумно поради настојувањето на Меркел да ги одржи трговските врски со Русија и да го поддржи контроверзниот гасовод Северен тек 2, дури и откако Москва го анектираше Крим во 2014 година.

– Секогаш делувате во времето во кое сте, им рече таа на новинарите во Лисабон на прашањето за пристапот на нејзината влада кон Русија.

Меркел, која минатата година се повлече од политиката по 16 години како канцелар, рече дека воопшто не жали за своите одлуки, туку дека сметала дека тие биле вистинските во тоа време.

– Евтиниот руски гас ѝ овозможи на Германија да продолжи да се оддалечува од нуклеарната енергија и јагленот, рече Меркел.

Меѓутоа, Германија сега ги става тие планови во мирување додека се обидува да ги замени прекинатите испораки на гас од Русија.

Инфлацијата во Германија, главно поттикната од наглиот пораст на цените на енергијата, изнесува 10,9 отсто, а владата се обврза да потроши милијарди евра за да им помогне на домаќинствата и бизнисите да ги платат зголемените сметки за енергија.

Пуштањето на гасоводот Северен тек 2, наменет за двојно зголемување на увозот на гас од Русија во Германија преку Балтичкото Море, беше откажано во деновите пред инвазијата.

– Оваа брутална инвазија на Русија сега донесе промена. Ова е пресвртница, рече Меркел за енергетската политика на Германија.

Според неа, ова е задача со која мора да се справи новата германска влада, предводена од социјалдемократот Олаф Шолц.

The post Се јави „мама“ Меркел: Евтиниот руски гас ѝ овозможи на Германија да продолжи да се оддалечува од нуклеарната енергија и јагленот appeared first on Република.

]]>

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека не жали за курсот што нејзината влада го зазеде за својата енергетска политика и Русија за време на нејзиниот мандат, што според критичарите ја остави најголемата европска економија премногу зависна од рускиот гас. Германија и другите европски земји се обидуваат да ја прекинат зависноста од руската нафта и гас, откако рускиот претседател Владимир Путин испрати војници во Украина под т.н. специјална воена операција. Минатата година, 55 отсто од увозот на гас на Германија дојде од Русија, делумно поради настојувањето на Меркел да ги одржи трговските врски со Русија и да го поддржи контроверзниот гасовод Северен тек 2, дури и откако Москва го анектираше Крим во 2014 година.
– Секогаш делувате во времето во кое сте, им рече таа на новинарите во Лисабон на прашањето за пристапот на нејзината влада кон Русија.
Меркел, која минатата година се повлече од политиката по 16 години како канцелар, рече дека воопшто не жали за своите одлуки, туку дека сметала дека тие биле вистинските во тоа време.
– Евтиниот руски гас ѝ овозможи на Германија да продолжи да се оддалечува од нуклеарната енергија и јагленот, рече Меркел.
Меѓутоа, Германија сега ги става тие планови во мирување додека се обидува да ги замени прекинатите испораки на гас од Русија. Инфлацијата во Германија, главно поттикната од наглиот пораст на цените на енергијата, изнесува 10,9 отсто, а владата се обврза да потроши милијарди евра за да им помогне на домаќинствата и бизнисите да ги платат зголемените сметки за енергија. Пуштањето на гасоводот Северен тек 2, наменет за двојно зголемување на увозот на гас од Русија во Германија преку Балтичкото Море, беше откажано во деновите пред инвазијата.
– Оваа брутална инвазија на Русија сега донесе промена. Ова е пресвртница, рече Меркел за енергетската политика на Германија.
Според неа, ова е задача со која мора да се справи новата германска влада, предводена од социјалдемократот Олаф Шолц.

The post Се јави „мама“ Меркел: Евтиниот руски гас ѝ овозможи на Германија да продолжи да се оддалечува од нуклеарната енергија и јагленот appeared first on Република.

]]>
ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-ja-nagradi-merkel-za-spravuvanjeto-so-migraciskata-kriza-od-2015-16-godina/ Tue, 04 Oct 2022 12:49:53 +0000 https://republika.mk/?p=557254

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел доби награда за нејзината улога во начинот на кој нејзината земја прифати над 1,2 милиони бегалци и луѓе кои бараат азил во 2015 и 2016 година. За ова денеска во Женева информираше агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, јави ДПА.

Д-р Меркел покажа што може да се постигне кога политичарите го преземаат вистинскиот курс на дејствување и работат за да најдат решенија за светските предизвици, наместо само да ја префрлат обврската на други, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Наградата за бегалци Нансен, што УНХЦР ја доделува секоја година, е во вредност од 150.000 долари. Таа го носи името на Фридјоф Нансен, норвешки поларен истражувач и хуманитарец кој ја добил Нобеловата награда за мир во 1922 година.

The post ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година appeared first on Република.

]]>

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел доби награда за нејзината улога во начинот на кој нејзината земја прифати над 1,2 милиони бегалци и луѓе кои бараат азил во 2015 и 2016 година. За ова денеска во Женева информираше агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, јави ДПА. Д-р Меркел покажа што може да се постигне кога политичарите го преземаат вистинскиот курс на дејствување и работат за да најдат решенија за светските предизвици, наместо само да ја префрлат обврската на други, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР). Наградата за бегалци Нансен, што УНХЦР ја доделува секоја година, е во вредност од 150.000 долари. Таа го носи името на Фридјоф Нансен, норвешки поларен истражувач и хуманитарец кој ја добил Нобеловата награда за мир во 1922 година.

The post ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година appeared first on Република.

]]>
Меркел: Заканите на Путин треба сериозно да се сфатат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/merkel-zakanite-na-putin-treba-seriozno-da-se-sfatat/ Wed, 28 Sep 2022 10:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=555172

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел предупреди дека се што зборува рускиот претседател Владимир Путин треба сериозно да се сфати.

Меркел во својот говор на свеченото отворање на фондацијата „Хелмут Кол“ нагласи дека тоа експлицитно се однесува и на нуклеарните закани на Путин.

-Сфатете ги зборовите сериозно. Немојте веднаш да ги отфрлате како блеф, туку сериозно да се соочите со нив. Тоа не е знак на слабост, туку доказ за политичко паметно дејствување – нагласи таа.

The post Меркел: Заканите на Путин треба сериозно да се сфатат appeared first on Република.

]]>

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел предупреди дека се што зборува рускиот претседател Владимир Путин треба сериозно да се сфати. Меркел во својот говор на свеченото отворање на фондацијата „Хелмут Кол“ нагласи дека тоа експлицитно се однесува и на нуклеарните закани на Путин. -Сфатете ги зборовите сериозно. Немојте веднаш да ги отфрлате како блеф, туку сериозно да се соочите со нив. Тоа не е знак на слабост, туку доказ за политичко паметно дејствување – нагласи таа.

The post Меркел: Заканите на Путин треба сериозно да се сфатат appeared first on Република.

]]>
Меркел ќе објави политички мемоари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/merkel-kje-objavi-politichki-memoari/ Fri, 09 Sep 2022 06:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=548725

Поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел (68), која ја извршуваше функцијата 16 години, во 2024 година ќе објави политички мемоари, објави денеска нејзиниот издавач.

Меркел ќе објави книга со поранешниот долгогодишен советник Бит Бауман и во неа ќе се претстави ексклузивен, личен поглед на нејзиниот политички живот и работа.

„Мило ми е што можам да пренесам сознанија за главните одлуки и ситуации од мојата политичка работа во книгата и да ги направам разбирливи за пошироката јавност, повикувајќи се на мојата биографија“, рече Меркел, како што објави издавачот „Кипенхојер и Виш“, пренесе АП.

Веднаш по напуштањето на функцијата, осврнувајќи се на 16-годишното раководење со земјата, таа рече дека канцеларските должности ја исполнуваат, но има и предизвици.

Меркел, поранешен научник кој пораснал во Источна Германија, стана првата жена канцеларка на Германија во ноември 2005 година.

The post Меркел ќе објави политички мемоари appeared first on Република.

]]>

Поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел (68), која ја извршуваше функцијата 16 години, во 2024 година ќе објави политички мемоари, објави денеска нејзиниот издавач. Меркел ќе објави книга со поранешниот долгогодишен советник Бит Бауман и во неа ќе се претстави ексклузивен, личен поглед на нејзиниот политички живот и работа. „Мило ми е што можам да пренесам сознанија за главните одлуки и ситуации од мојата политичка работа во книгата и да ги направам разбирливи за пошироката јавност, повикувајќи се на мојата биографија“, рече Меркел, како што објави издавачот „Кипенхојер и Виш“, пренесе АП. Веднаш по напуштањето на функцијата, осврнувајќи се на 16-годишното раководење со земјата, таа рече дека канцеларските должности ја исполнуваат, но има и предизвици. Меркел, поранешен научник кој пораснал во Источна Германија, стана првата жена канцеларка на Германија во ноември 2005 година.

The post Меркел ќе објави политички мемоари appeared first on Република.

]]>
Секој трет Германец смета дека кај Меркел има вина за енергетската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sekoj-tret-germanec-smeta-deka-kaj-merkel-ima-vina-za-energetskata-kriza/ Thu, 21 Jul 2022 10:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=531772

Секој трет Германец смета дека поранешната канцеларка Ангела Меркел треба да се извини за енергетската криза, покажува истражувањето на јавното мислење.

Истражувањето покажува дека за многу Германци, Меркел ја дели одговорноста за енергетската криза во Германија и Европа.

Истражувањето на институтот „ИНСА“ покажува дека 32 отсто сметаат дека Меркел треба да се извини за погрешната енергетска политика поради зависноста од рускиот гас.

Најголемо незадоволство има кај приврзаниците на десничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД) со 52 отсто и Зелените (34 отсто).

Од друга страна, 38 отсто од Германците велат дека Меркел не мора да се извинува.

The post Секој трет Германец смета дека кај Меркел има вина за енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Секој трет Германец смета дека поранешната канцеларка Ангела Меркел треба да се извини за енергетската криза, покажува истражувањето на јавното мислење. Истражувањето покажува дека за многу Германци, Меркел ја дели одговорноста за енергетската криза во Германија и Европа. Истражувањето на институтот „ИНСА“ покажува дека 32 отсто сметаат дека Меркел треба да се извини за погрешната енергетска политика поради зависноста од рускиот гас. Најголемо незадоволство има кај приврзаниците на десничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД) со 52 отсто и Зелените (34 отсто). Од друга страна, 38 отсто од Германците велат дека Меркел не мора да се извинува.

The post Секој трет Германец смета дека кај Меркел има вина за енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Меркел објасни зошто преферирала руски гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/merkel-objasni-zoshto-preferirala-ruski-gas/ Sat, 18 Jun 2022 11:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=516643

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која беше на функцијата од 2005 до 2021 година, го објасни својот претходен избор за руски гасовод наместо течен природен гас со придобивките за индустријата. Таа зборуваше за ова во интервју за уредничкото здружение РНД, кое беше објавено денеска.

Германската економија избра достава на гас преку цевководи од Русија, бидејќи беше економски поевтин од течниот гас од Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а подоцна и од САД, рече поранешната канцеларка.

– Не верував дека може да се постигне промена преку трговија, но дека е можно да се воспостават врски, особено со нуклеарна сила. Во овој контекст, по склучувањето на договорите од Минск, сметав дека Северен тек 2 е прифатлив, додаде Меркел.

Северен тек – 2 беше целосно поставен, но никогаш не беше пуштен во употреба. ссм/

The post Меркел објасни зошто преферирала руски гас appeared first on Република.

]]>

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која беше на функцијата од 2005 до 2021 година, го објасни својот претходен избор за руски гасовод наместо течен природен гас со придобивките за индустријата. Таа зборуваше за ова во интервју за уредничкото здружение РНД, кое беше објавено денеска.
Германската економија избра достава на гас преку цевководи од Русија, бидејќи беше економски поевтин од течниот гас од Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а подоцна и од САД, рече поранешната канцеларка.
– Не верував дека може да се постигне промена преку трговија, но дека е можно да се воспостават врски, особено со нуклеарна сила. Во овој контекст, по склучувањето на договорите од Минск, сметав дека Северен тек 2 е прифатлив, додаде Меркел. Северен тек – 2 беше целосно поставен, но никогаш не беше пуштен во употреба. ссм/  

The post Меркел објасни зошто преферирала руски гас appeared first on Република.

]]>
Меркел: Зборовите на Путин треба да се сфатат сериозно https://arhiva3.republika.mk/vesti/merkel-zborovite-na-putin-treba-da-se-sfatat-seriozno/ Sat, 18 Jun 2022 09:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=516614

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во интервју за медиумската група RND зборуваше за руската офанзива против Украина.

На прашањето дали рускиот претседател Владимир Путин чека таа повеќе да не биде германска канцеларка за да започне конфликтот во Украина, Меркел рече:

Не знам. Моето заминување можеби беше придонес, како што се изборите во Франција, повлекувањето на војниците од Авганистан и стагнацијата на спроведувањето на договорот од Минск.

Во 2008 година Меркел не го прифати приемот на Украина и Грузија во НАТО бидејќи Путин тоа ќе го протолкува како објава на војна. Набргу потоа, сепак, тој ја нападна Грузија, го анектираше Крим во 2014 година, а сега ја нападна Украина.

Поранешната канцеларка коментираше дали од денешна перспектива поинаку ќе одлучувала.

Не. Тогаш го отфрливме Акциониот план за членство – јасен прелиминарен чекор за членство во НАТО – но во конечната декларација изјавивме дека членството во НАТО може да биде можно. Го поддржав овој компромис затоа што го одржа НАТО заедно. Но на крајот беше тој сите ги разочара. Украина и Грузија тоа го сфатија како не, а Путин како да“. Таа изјави дека од нејзина гледна точка одлуката била исправна. „Во тоа време, Украина и Грузија не беа доволно политички стабилни за да влезат во НАТО. Имаше корупција, населението беше поделено околу членството. Тоа не беа предуслови за НАТО да вети дека ќе го спроведе членот 5 од Договорот за НАТО, за помош – за одбрана Доњецк, Луганск или Тбилиси во случај на воен конфликт меѓу двете земји и Русија“.

Меркел ја призна и сопствената немоќ на крајот на нејзиниот мандат.

Јасно беше дека нема да бидам долго време на функцијата и затоа едноставно морам да констатирам дека различните обиди во изминатата година немаа ефект.

Бидејќи одамна го познава Путин, ја прашале каков човек е тој.

Неговите зборови треба да се сфатат сериозно, накратко рече Меркел, пишува RND.

The post Меркел: Зборовите на Путин треба да се сфатат сериозно appeared first on Република.

]]>

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во интервју за медиумската група RND зборуваше за руската офанзива против Украина. На прашањето дали рускиот претседател Владимир Путин чека таа повеќе да не биде германска канцеларка за да започне конфликтот во Украина, Меркел рече:
Не знам. Моето заминување можеби беше придонес, како што се изборите во Франција, повлекувањето на војниците од Авганистан и стагнацијата на спроведувањето на договорот од Минск.
Во 2008 година Меркел не го прифати приемот на Украина и Грузија во НАТО бидејќи Путин тоа ќе го протолкува како објава на војна. Набргу потоа, сепак, тој ја нападна Грузија, го анектираше Крим во 2014 година, а сега ја нападна Украина. Поранешната канцеларка коментираше дали од денешна перспектива поинаку ќе одлучувала.
Не. Тогаш го отфрливме Акциониот план за членство – јасен прелиминарен чекор за членство во НАТО – но во конечната декларација изјавивме дека членството во НАТО може да биде можно. Го поддржав овој компромис затоа што го одржа НАТО заедно. Но на крајот беше тој сите ги разочара. Украина и Грузија тоа го сфатија како не, а Путин како да“. Таа изјави дека од нејзина гледна точка одлуката била исправна. „Во тоа време, Украина и Грузија не беа доволно политички стабилни за да влезат во НАТО. Имаше корупција, населението беше поделено околу членството. Тоа не беа предуслови за НАТО да вети дека ќе го спроведе членот 5 од Договорот за НАТО, за помош – за одбрана Доњецк, Луганск или Тбилиси во случај на воен конфликт меѓу двете земји и Русија“.
Меркел ја призна и сопствената немоќ на крајот на нејзиниот мандат.
Јасно беше дека нема да бидам долго време на функцијата и затоа едноставно морам да констатирам дека различните обиди во изминатата година немаа ефект.
Бидејќи одамна го познава Путин, ја прашале каков човек е тој.
Неговите зборови треба да се сфатат сериозно, накратко рече Меркел, пишува RND.
 
The post Меркел: Зборовите на Путин треба да се сфатат сериозно appeared first on Република.

]]>
Зеленски ја обвини Меркел што Украина не влегла во НАТО, таа му одговори: Сè уште стојам на ставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-ja-obvini-merkel-shto-ukraina-ne-vlegla-vo-nato-taa-mu-odgovori-se-ushte-stojam-na-stavot/ Tue, 05 Apr 2022 08:17:37 +0000 https://republika.mk/?p=483437

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел стои на одлуката на НАТО од 2008 година да не ја прифати Украина како членка на алијансата, одговарајќи на критиките за нејзината политика кон Русија за време на нејзините 16 години на власт.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше Меркел и тогашниот француски претседател Николас Саркози, велејќи дека нивните одлуки на самитот на НАТО во 2008 година се пример за неуспехот на политиката кон Русија што придонесе за денешниот конфликт.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел инсистира на своите одлуки во врска со самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, германската новинска агенција ДПА цитираше лице одговорно за медиумите. Поранешната канцеларка целосно ги поддржува напорите на федералната влада и меѓународната заедница кои стојат покрај Украина за да стават крај на варварството што го спроведува Русија и војната против Украина, се додава во соопштението.

Во 2008 година Украина побара пристап во НАТО, кој според некои информации бил блокиран од Саркози и Меркел.

Во завршната изјава од самитот ѝ било ветено на Украина идно членство, но без временска рамка за отворање акционен план за членство.

The post Зеленски ја обвини Меркел што Украина не влегла во НАТО, таа му одговори: Сè уште стојам на ставот appeared first on Република.

]]>

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел стои на одлуката на НАТО од 2008 година да не ја прифати Украина како членка на алијансата, одговарајќи на критиките за нејзината политика кон Русија за време на нејзините 16 години на власт. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше Меркел и тогашниот француски претседател Николас Саркози, велејќи дека нивните одлуки на самитот на НАТО во 2008 година се пример за неуспехот на политиката кон Русија што придонесе за денешниот конфликт.
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел инсистира на своите одлуки во врска со самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, германската новинска агенција ДПА цитираше лице одговорно за медиумите. Поранешната канцеларка целосно ги поддржува напорите на федералната влада и меѓународната заедница кои стојат покрај Украина за да стават крај на варварството што го спроведува Русија и војната против Украина, се додава во соопштението.
Во 2008 година Украина побара пристап во НАТО, кој според некои информации бил блокиран од Саркози и Меркел. Во завршната изјава од самитот ѝ било ветено на Украина идно членство, но без временска рамка за отворање акционен план за членство.

The post Зеленски ја обвини Меркел што Украина не влегла во НАТО, таа му одговори: Сè уште стојам на ставот appeared first on Република.

]]>
Матео Ренци ја предлага Ангела Меркел за посредник со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mateo-renci-ja-predlaga-angela-merkel-za-posrednik-so-rusija/ Sun, 06 Mar 2022 21:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=468706

Поранешниот премиер на Италија Матео Ренци и лидер на партијата Италија Вива предлага поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Ренци за весникот „Република“ изјави дека „испраќањето оружје во Киев не помага да се победи војната, ниту пак воведените санкции кон Русија. Тој предлага дијалог со претседателот Путин преку Ангела Меркел, посочувајќи дека „НАТО и ЕУ мора да најдат заеднички одговор, во спротивно новиот светски геополитички поредок уште долго ќе не распарчува“.

Ренци смета дека „Путин ја менува географијата на светот, поместувајќи го центарот на гравитација на исток. Ја предизвикува Европа бидејќи има пакт со Кина, Индија и многу африкански земји. Затоа реакцијата мора да биде политичка.

The post Матео Ренци ја предлага Ангела Меркел за посредник со Русија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер на Италија Матео Ренци и лидер на партијата Италија Вива предлага поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Ренци за весникот „Република“ изјави дека „испраќањето оружје во Киев не помага да се победи војната, ниту пак воведените санкции кон Русија. Тој предлага дијалог со претседателот Путин преку Ангела Меркел, посочувајќи дека „НАТО и ЕУ мора да најдат заеднички одговор, во спротивно новиот светски геополитички поредок уште долго ќе не распарчува“. Ренци смета дека „Путин ја менува географијата на светот, поместувајќи го центарот на гравитација на исток. Ја предизвикува Европа бидејќи има пакт со Кина, Индија и многу африкански земји. Затоа реакцијата мора да биде политичка.

The post Матео Ренци ја предлага Ангела Меркел за посредник со Русија appeared first on Република.

]]>
Ја ограбиле Ангела Меркел во продавница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ja-ograbile-angela-merkel-vo-prodavnica/ Fri, 25 Feb 2022 20:34:36 +0000 https://republika.mk/?p=464028

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во четвртокот била жртва на крадец додека купувала намирници во продавница во Берлин. Во таа прилика и бил украден паричникот, иако била придружувана од личното обезбедување.

Паричникот на Меркел бил во торба која била закачена на количка за пазарење, пишува германски „Билд“, а пренесува „Политико“.

Берлинската полиција потврдила дека инцидентот се случил во четвртокот околу 11.40 часот. Како што се наведува, Меркел не повикала полиција од продавницата, туку отишла во блиската полициска станица да го пријави инцидентот. Телохранителот на поранешната канцеларка, кој ја придружувал до продавницата, не успеал да ја спречи кражбата.

Меркел, која се повлече од политиката минатиот декември, е позната по тоа што и самата купува намирници, а нејзиниот избор на производи повремено е тема во медиумите, како на пример кога беше забележана како купува неколку шишиња вино за време на првиот локдаун во Германија во 2020 година.

The post Ја ограбиле Ангела Меркел во продавница appeared first on Република.

]]>

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во четвртокот била жртва на крадец додека купувала намирници во продавница во Берлин. Во таа прилика и бил украден паричникот, иако била придружувана од личното обезбедување. Паричникот на Меркел бил во торба која била закачена на количка за пазарење, пишува германски „Билд“, а пренесува „Политико“. Берлинската полиција потврдила дека инцидентот се случил во четвртокот околу 11.40 часот. Како што се наведува, Меркел не повикала полиција од продавницата, туку отишла во блиската полициска станица да го пријави инцидентот. Телохранителот на поранешната канцеларка, кој ја придружувал до продавницата, не успеал да ја спречи кражбата. Меркел, која се повлече од политиката минатиот декември, е позната по тоа што и самата купува намирници, а нејзиниот избор на производи повремено е тема во медиумите, како на пример кога беше забележана како купува неколку шишиња вино за време на првиот локдаун во Германија во 2020 година.

The post Ја ограбиле Ангела Меркел во продавница appeared first on Република.

]]>
Беше со неа на последната прес конференција: Почина портпаролката на Ангела Меркел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/beshe-so-nea-na-poslednata-pres-konferencija-pochina-portparolkata-na-angela-merkel/ Thu, 17 Feb 2022 10:00:14 +0000 https://republika.mk/?p=459741

Портпаролката на владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел, Мартина Фиц, почина по тешко боледување, соопшти германската влада.

Фиц на 29 октомври последен пат седна до Меркел на последната прес-конференција на поранешната канцеларка.

Портпаролот на германската влада Стивен Хебестрајт изјави дека Фиц починала по кратко, тешко боледување. Според „Т-Онлајн“, Фиц имала рак.

Таа имала 62 години.

Пред да се приклучи на информативната служба на германската влада, Фиц работела за неколку германски медиуми, вклучувајќи ја и групата Аксел Спрингер.

Таа се приклучи на тимот на владини портпароли во април 2018 година како заменик главен портпарол на Меркел, Стефан Сајберт.

The post Беше со неа на последната прес конференција: Почина портпаролката на Ангела Меркел appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел, Мартина Фиц, почина по тешко боледување, соопшти германската влада. Фиц на 29 октомври последен пат седна до Меркел на последната прес-конференција на поранешната канцеларка. Портпаролот на германската влада Стивен Хебестрајт изјави дека Фиц починала по кратко, тешко боледување. Според „Т-Онлајн“, Фиц имала рак. Таа имала 62 години. Пред да се приклучи на информативната служба на германската влада, Фиц работела за неколку германски медиуми, вклучувајќи ја и групата Аксел Спрингер. Таа се приклучи на тимот на владини портпароли во април 2018 година како заменик главен портпарол на Меркел, Стефан Сајберт.

The post Беше со неа на последната прес конференција: Почина портпаролката на Ангела Меркел appeared first on Република.

]]>
Почина портпаролката на Ангела Меркел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-portparolkata-na-angela-merkel/ Thu, 17 Feb 2022 09:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=459698

Портпаролката на поранешната канцеларка Ангела Mеркел, Мартина Фиц почина по тешка болест, соопшти германската влада.

Фиц на 29 октомври за последен пат седеше покрај меркел на последната прес-конференција за новинари на поранешната канцеларка.

Портпаролот на германската влада Стефан Хебештрајт соопшти дека Фиц починала по кратка, но тешка болест.

Според пишувањето на „T-Online“ Фиц имала рак. Пред доаѓањето во информативната служба на германската влада Фиц работела за повеќе германски медиуми, меѓу кои и за медиумите на групацијата „Аксел шпрингер“

Таа во тимот владини протпароли влезе во април 2018 година како заменичка на главниот портпарол на Меркел, Стефан Сајберт.

The post Почина портпаролката на Ангела Меркел appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на поранешната канцеларка Ангела Mеркел, Мартина Фиц почина по тешка болест, соопшти германската влада. Фиц на 29 октомври за последен пат седеше покрај меркел на последната прес-конференција за новинари на поранешната канцеларка. Портпаролот на германската влада Стефан Хебештрајт соопшти дека Фиц починала по кратка, но тешка болест. Според пишувањето на „T-Online“ Фиц имала рак. Пред доаѓањето во информативната служба на германската влада Фиц работела за повеќе германски медиуми, меѓу кои и за медиумите на групацијата „Аксел шпрингер“ Таа во тимот владини протпароли влезе во април 2018 година како заменичка на главниот портпарол на Меркел, Стефан Сајберт.

The post Почина портпаролката на Ангела Меркел appeared first on Република.

]]>