Ангел Џамбазки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/angel-dzambazki/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Jul 2022 18:53:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ангел Џамбазки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/angel-dzambazki/ 32 32 Џамбаски до Османи: Самоил е бугарски цар а Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzambaski-do-osmani-samoil-e-bugarski-car-a-goce-delchev-e-bugarin-nema-dve-verzii-na-istorijata/ Wed, 13 Jul 2022 18:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=528308

Европратеникот Ангел Џамбаски му порача на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи дека не постојат две верзии на историјата.

Џамбаски реагираше по интервјуто на Османи за македонската национална телевизија во кое министерот кажа дека наративот во историската комисија наметнал две верзии на историските толкувања.

„Таа перспектива може да се стави во учебниците, но само ако се одобри од комисијата, а таа е автономна и нема рокови. Бугарија нема да прави компромиси со историската вистина. Самуил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин“, напиша Џамбаски

The post Џамбаски до Османи: Самоил е бугарски цар а Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата appeared first on Република.

]]>

Европратеникот Ангел Џамбаски му порача на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи дека не постојат две верзии на историјата. Џамбаски реагираше по интервјуто на Османи за македонската национална телевизија во кое министерот кажа дека наративот во историската комисија наметнал две верзии на историските толкувања.
„Таа перспектива може да се стави во учебниците, но само ако се одобри од комисијата, а таа е автономна и нема рокови. Бугарија нема да прави компромиси со историската вистина. Самуил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин“, напиша Џамбаски

The post Џамбаски до Османи: Самоил е бугарски цар а Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата appeared first on Република.

]]>
Џамбаски: Организатрот на протестите во Македонија е Кремљ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzambaski-organizatrot-na-protestite-vo-makedonija-e-kremlj/ Sun, 10 Jul 2022 17:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=526615

Еден од копретседателите на бугарската ВМРО и европратеник, Ангел Џамбазки ја коментираше темата протести во Македонија во студиото „Збори сега“ на БНТ.

„Оваа омраза против Бугарија и се што е бугарско е организирана одамна во Кремљ, така што руската поврзаност е јасна. Русија секогаш се обложува на Србија, врти грб и ги загрозува бугарските интереси“, коментира тој.

„Кураторот (организаторот) на целото дело е секогаш еден, а тој е во Кремљ“, нагласи Џамбазки.

Според него, можеби ќе дојде на гласање за францускиот предлог, но не може да се каже дали ќе се направат потребните уставни измени.

„Немаме пријатели на темата „Македонија“. Мора да се потпреме на сопствените сили и да го заштитиме нашиот интерес“, нагласи Џамбаски. „Загрижен сум дека нема да се менува Уставот, дека нема да се потпишат протоколите“, додаде тој.

Според него, постои реална опасност од голема тензија меѓу Бугарија и Македонија доколку продолжат протестите и ширењето на говорот на омраза.

The post Џамбаски: Организатрот на протестите во Македонија е Кремљ appeared first on Република.

]]>

Еден од копретседателите на бугарската ВМРО и европратеник, Ангел Џамбазки ја коментираше темата протести во Македонија во студиото „Збори сега“ на БНТ.
„Оваа омраза против Бугарија и се што е бугарско е организирана одамна во Кремљ, така што руската поврзаност е јасна. Русија секогаш се обложува на Србија, врти грб и ги загрозува бугарските интереси“, коментира тој.
„Кураторот (организаторот) на целото дело е секогаш еден, а тој е во Кремљ“, нагласи Џамбазки. Според него, можеби ќе дојде на гласање за францускиот предлог, но не може да се каже дали ќе се направат потребните уставни измени.
„Немаме пријатели на темата „Македонија“. Мора да се потпреме на сопствените сили и да го заштитиме нашиот интерес“, нагласи Џамбаски. „Загрижен сум дека нема да се менува Уставот, дека нема да се потпишат протоколите“, додаде тој.
Според него, постои реална опасност од голема тензија меѓу Бугарија и Македонија доколку продолжат протестите и ширењето на говорот на омраза.

The post Џамбаски: Организатрот на протестите во Македонија е Кремљ appeared first on Република.

]]>
Европарламентот го казни Џамбазки поради контроверзниот гест, налик на нацистички поздрав https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evroparlamentot-go-kazni-dzambazki-poradi-kontroverzniot-gest-nalik-na-nacistichki-pozdrav/ Tue, 05 Apr 2022 08:31:52 +0000 https://republika.mk/?p=483459

Европскиот парламент денеска најави повлекување на правото на дневници за шест дена, што е еднакво на нешто повеќе од 2.000 евра, за бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки кој при излегувањето од салата во февруари, направи гест со подадена рака налик на нацистички поздрав.

Санкцијата за европратеникот од Партијата на европските конзервативци и реформисти Ангел Џамбазки ја соопшти претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола пред почетокот на пленарната седница. Таа прецизира дека Џамбазки ќе биде казнет со шест дневници по 338 евра кои Европарламентот им ги плаќа на пратениците како надоместоци, кои меѓу другите трошоци го покриваат престојот во хотел или оброците.

Џамбазки има право на жалба.

На 16 февруари, пратеникот „ја подигна десната рака во гест што беше сфатен како нацистички поздрав додека ја напушташе салата“, епизода што „го наруши достоинството и угледот“ на Парламентот, посочи Мецола.

Инцидентот се случи по интервенција на Џамбазки за време на дебатата во Парламентот за владеењето на правото, а по одлуката на ЕУ да и дозволи на Комисијата да ги скрати средствата на земјите кои не ги почитуваат вредностите и принципите на заедницата. Џамбазки ја нападна таа одлука, која ја припиша на „омраза кон националните држави“ и ја обвини ЕУ дека се обидува да ги „засрами“ Унгарија и Полска.

Откако повика на „долг живот на Орбан, Фидес, Качински, Бугарија и нашата национална држава“, тој додаде: „Да живее Европа, Европа на народите“, за потоа да го направи контроверзниот гест кога се качуваше по скалите во салата.

Џамбазки ги негираше обвинувањата дека упатил нацистички поздрав и рече дека тоа е само гест за збогум.

The post Европарламентот го казни Џамбазки поради контроверзниот гест, налик на нацистички поздрав appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент денеска најави повлекување на правото на дневници за шест дена, што е еднакво на нешто повеќе од 2.000 евра, за бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки кој при излегувањето од салата во февруари, направи гест со подадена рака налик на нацистички поздрав. Санкцијата за европратеникот од Партијата на европските конзервативци и реформисти Ангел Џамбазки ја соопшти претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола пред почетокот на пленарната седница. Таа прецизира дека Џамбазки ќе биде казнет со шест дневници по 338 евра кои Европарламентот им ги плаќа на пратениците како надоместоци, кои меѓу другите трошоци го покриваат престојот во хотел или оброците. Џамбазки има право на жалба. На 16 февруари, пратеникот „ја подигна десната рака во гест што беше сфатен како нацистички поздрав додека ја напушташе салата“, епизода што „го наруши достоинството и угледот“ на Парламентот, посочи Мецола. Инцидентот се случи по интервенција на Џамбазки за време на дебатата во Парламентот за владеењето на правото, а по одлуката на ЕУ да и дозволи на Комисијата да ги скрати средствата на земјите кои не ги почитуваат вредностите и принципите на заедницата. Џамбазки ја нападна таа одлука, која ја припиша на „омраза кон националните држави“ и ја обвини ЕУ дека се обидува да ги „засрами“ Унгарија и Полска. Откако повика на „долг живот на Орбан, Фидес, Качински, Бугарија и нашата национална држава“, тој додаде: „Да живее Европа, Европа на народите“, за потоа да го направи контроверзниот гест кога се качуваше по скалите во салата. Џамбазки ги негираше обвинувањата дека упатил нацистички поздрав и рече дека тоа е само гест за збогум.

The post Европарламентот го казни Џамбазки поради контроверзниот гест, налик на нацистички поздрав appeared first on Република.

]]>