Ангел Димовски Чауш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/angel-dimovski-chaush/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 07:57:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ангел Димовски Чауш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/angel-dimovski-chaush/ 32 32 Изложба „50 години творештво“ на Ангел Димовски – Чауш во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-50-godini-tvoreshtvo-na-angel-dimovski-chaush-vo-chifte-amam/ Thu, 01 Feb 2024 07:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=739197

Во Националната галерија, објектот Чифте амам, вечер, во 19.30 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на Ангел Димовски – Чауш насловена „50 години творештво“. Македонската јавност ќе има можност да се запознае со богатиот творечки опус на овој наш уметник кој повеќе децении живее и работи на релација Македонија – Франција.

Делата на Ангел Димовски – Чауш, творени во текот на изминативе педесет години, имаат четири тематски/идејни целини. Компонирани се од фигуративни, предметни, јазични и археолошко-етнографски содржини.

На стилски план е остварен личен израз во сите четири тематски целини, како спој на инвентивно употребен еклектицизам на архаичното, примитивистичкото, нивните модернистичко-авангардни преработки, поп и рок културата. Во таа смисла, скулптурите на Ангел Димовски – Чауш припаѓаат на модернистичко авангардната линија кој исконското го внесе во модерното. Тоа се скулптури чиј заеднички именител е интенцијата да се изрази говорот на телото обликувано во стилизирани робусни и елегантни анатомски дисторзии, или сведено на апстрахирано тело-лушпа во активност. Во неговите дела се препознаваат главниот мотив – жената и придружниот мотив на птицата, при што асоцијациите за преплетување на антропоморфното во зооморфното, и обратно, се често присутни, се наведува во најавата.

The post Изложба „50 години творештво“ на Ангел Димовски – Чауш во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Во Националната галерија, објектот Чифте амам, вечер, во 19.30 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на Ангел Димовски – Чауш насловена „50 години творештво“. Македонската јавност ќе има можност да се запознае со богатиот творечки опус на овој наш уметник кој повеќе децении живее и работи на релација Македонија – Франција. Делата на Ангел Димовски – Чауш, творени во текот на изминативе педесет години, имаат четири тематски/идејни целини. Компонирани се од фигуративни, предметни, јазични и археолошко-етнографски содржини.