Ангел Ангелов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/angel-angelov/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 09:42:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ангел Ангелов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/angel-angelov/ 32 32 Ахмети ја кодоши власта кај Бугарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-ja-kodoshi-vlasta-kaj-bugarite/ Fri, 16 Aug 2024 09:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=807137

Претседателот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово го примил бугарскиот амбасадор во Скопје – Ангел Ангелов.

Соговорниците размениле мислења за Коридорот 8, патниот и железничкиот, уставните измени, клучните државни договори, Охридски, Преспански и добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, санкционирањето на изборниот легитимитет итн.

Ахмети истакнал дека ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицкоски за сценарија за дестабилизација од страна на ДУИ се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за дестабилизација за да се дефокусира јавноста од недостатокот на резултати и секојдневни владини скандали.

– ДУИ го има докажано својот придонес за стабилноста и безбедноста и се спротивставува на секој политички владин инсцениран обид за дестабилизација и ги повикува Албанците и другите да не потпаднат на провокациите на владата без етнички легитимитет. Ахмети потсети на ветувањето на поразените на изборите за уставни измени за 6 месеци и рече дека ДУИ останува посветена на евроинтеграциите – се вели во партиското соопштение.

The post Ахмети ја кодоши власта кај Бугарите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово го примил бугарскиот амбасадор во Скопје – Ангел Ангелов. Соговорниците размениле мислења за Коридорот 8, патниот и железничкиот, уставните измени, клучните државни договори, Охридски, Преспански и добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, санкционирањето на изборниот легитимитет итн.
Ахмети истакнал дека ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицкоски за сценарија за дестабилизација од страна на ДУИ се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за дестабилизација за да се дефокусира јавноста од недостатокот на резултати и секојдневни владини скандали.
– ДУИ го има докажано својот придонес за стабилноста и безбедноста и се спротивставува на секој политички владин инсцениран обид за дестабилизација и ги повикува Албанците и другите да не потпаднат на провокациите на владата без етнички легитимитет. Ахмети потсети на ветувањето на поразените на изборите за уставни измени за 6 месеци и рече дека ДУИ останува посветена на евроинтеграциите – се вели во партиското соопштение.

The post Ахмети ја кодоши власта кај Бугарите appeared first on Република.

]]>
Богата агенда на Џафери: Денеска со бугарскиот амбасадор, утре со Курти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bogata-agenda-na-dhaferi-deneska-so-bugarskiot-ambasador-utre-so-kurti/ Fri, 09 Feb 2024 14:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=742258

Двојната средба во една недела - денешната билатерална, по понеделничката заедничка средба со амбасадори на држави членки на ЕУ, ја покажува волјата од двете страни за унапредување на добрососедските односи, како што доликува на држави со европска ориентација, беше заклучено на денешната средба на техничкиот премиер Талат Џафери со бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов.

На средбата, како што информираат од владината прес-служба, се разговараше за актуелни прашања од значење за двете земји, за билатералната соработка, како и за одржувањето на стабилноста во регионален и во поширок, европски контекст. Во таа насока, се потенцираше важноста на истакнувањето позитивни примери и позитивни наративи од двете држави, што оди во прилог на јакнење на меѓусебната доверба, како интерес на граѓаните и придонес во европското поведение на регионот.

-Македонија е цврсто определена за дијалог помеѓу државите, што води кон пријателство и заемно почитување на достоинството, истакна Џафери  и изрази очекување дека двете земји ќе имаат можност за неколку години да соработуваат успешно и во Европската Унија, како што тоа сега го прават во рамките на НАТО.

На средбата, од двете страни беше реафирмирана политичката волја за имплементација на меѓусебно преземените договорни односи, и во тој контекст, Џафери ја реафирмира посветеноста и на Владата кон реализирање на уставните измени во насока на продолжување на евроинтеграцискиот пат на земјата. Воедно, беше потврдена взаемната потреба од продолжување на политичкиот дијалог на сите нивоа и во текот на 2024 година, независно од изборите во нашата држава и претстојната промена на премиер во Бугарија. Како позитивен пример во таа насока, беше посочена посетата на претседателот на Националното Собрание на Бугарија, Росен Жељазков, минатиот ноември, со кого Џафери оствари средба од позиција на претседател на Собраниет

The post Богата агенда на Џафери: Денеска со бугарскиот амбасадор, утре со Курти appeared first on Република.

]]>

Двојната средба во една недела - денешната билатерална, по понеделничката заедничка средба со амбасадори на држави членки на ЕУ, ја покажува волјата од двете страни за унапредување на добрососедските односи, како што доликува на држави со европска ориентација, беше заклучено на денешната средба на техничкиот премиер Талат Џафери со бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов. На средбата, како што информираат од владината прес-служба, се разговараше за актуелни прашања од значење за двете земји, за билатералната соработка, како и за одржувањето на стабилноста во регионален и во поширок, европски контекст. Во таа насока, се потенцираше важноста на истакнувањето позитивни примери и позитивни наративи од двете држави, што оди во прилог на јакнење на меѓусебната доверба, како интерес на граѓаните и придонес во европското поведение на регионот.
-Македонија е цврсто определена за дијалог помеѓу државите, што води кон пријателство и заемно почитување на достоинството, истакна Џафери  и изрази очекување дека двете земји ќе имаат можност за неколку години да соработуваат успешно и во Европската Унија, како што тоа сега го прават во рамките на НАТО.
На средбата, од двете страни беше реафирмирана политичката волја за имплементација на меѓусебно преземените договорни односи, и во тој контекст, Џафери ја реафирмира посветеноста и на Владата кон реализирање на уставните измени во насока на продолжување на евроинтеграцискиот пат на земјата. Воедно, беше потврдена взаемната потреба од продолжување на политичкиот дијалог на сите нивоа и во текот на 2024 година, независно од изборите во нашата држава и претстојната промена на премиер во Бугарија. Како позитивен пример во таа насока, беше посочена посетата на претседателот на Националното Собрание на Бугарија, Росен Жељазков, минатиот ноември, со кого Џафери оствари средба од позиција на претседател на Собраниет

The post Богата агенда на Џафери: Денеска со бугарскиот амбасадор, утре со Курти appeared first on Република.

]]>
Бугарите ќе гласаат во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarite-ke-glasaat-vo-tetovo/ Mon, 13 Mar 2023 11:25:43 +0000 https://republika.mk/?p=619097

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов, како што информираат од Општина Тетово, на денешната средба се обврзале да се најде место во градот каде ќе гласаат бугарските државјани на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 април.

-На средбата на градоначалникот на Општина Тетово и амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов се разговараше за предизвиците и можностите за соработка меѓу двете земји. На средбата се разговараше и за можната соработка со бугарските општини и користењето на нивното искуство во добивањето на средства од Европската Унија, информираа од Општина Тетово.На 2 април се предвидени предвремените парламентарни избори во Бугарија, откако во јануари во тројца мандатари не успеаа да состават Влада.

The post Бугарите ќе гласаат во Тетово appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов, како што информираат од Општина Тетово, на денешната средба се обврзале да се најде место во градот каде ќе гласаат бугарските државјани на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 април. -На средбата на градоначалникот на Општина Тетово и амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов се разговараше за предизвиците и можностите за соработка меѓу двете земји. На средбата се разговараше и за можната соработка со бугарските општини и користењето на нивното искуство во добивањето на средства од Европската Унија, информираа од Општина Тетово.На 2 април се предвидени предвремените парламентарни избори во Бугарија, откако во јануари во тројца мандатари не успеаа да состават Влада.

The post Бугарите ќе гласаат во Тетово appeared first on Република.

]]>
Потребна ни е хемија, ни порача бугарскиот амбасадот Ангелов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potrebna-ni-e-hemija-ni-poracha-bugarskiot-ambasadot-angelov/ Thu, 02 Mar 2023 21:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=615283

„Република Cеверна Македонија има можност да почне вистински преговори со ЕУ, по исполнувањето на нејзините обврски усвоени од Парламентот и од Советот на ЕУ. Улогата на евроинтеграцискиот процес е важна, се работи за модернизирање на општеството, владеење на правото, екологијата, одбраната, образованието...“, изјави вечерва бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на одбележувањето по повод Националниот празник на Бугарија.

Според него, фактот дека билатералната трговија се зголеми на една милијарда евра во 2022, првпат во историјата, покажува дека правецот е добар и дека добрососедските односи немаат алтернатива.

Времето е во ваши раце. Ние ќе продолжиме да бидеме тука, ќе ги продолжиме програмите и проектите за поддршка на земјата, рече Ангелов.

Тој кажа дека во основата на дипломатијата е дијалогот, а улогата да дипломатите е да градат мостови.

Ова е можно само преку остварување средби и контакти - потребна е хемија, и во оваа смисла нашата улога е да бидеме хемичари. Соочени сме пред нови предизвици - агресијата на Русија врз Украина, ние остро ги осудуваме овие дејствија. Војната покажа дека беше од голема важност членството на Република Cеверна Македонија во НАТО, нешто што Бугарија безусловно го поддржа, кажа Ангелов во обраќањето по повод Националниот празник на Бугарија.

The post Потребна ни е хемија, ни порача бугарскиот амбасадот Ангелов appeared first on Република.

]]>

„Република Cеверна Македонија има можност да почне вистински преговори со ЕУ, по исполнувањето на нејзините обврски усвоени од Парламентот и од Советот на ЕУ. Улогата на евроинтеграцискиот процес е важна, се работи за модернизирање на општеството, владеење на правото, екологијата, одбраната, образованието...“, изјави вечерва бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на одбележувањето по повод Националниот празник на Бугарија. Според него, фактот дека билатералната трговија се зголеми на една милијарда евра во 2022, првпат во историјата, покажува дека правецот е добар и дека добрососедските односи немаат алтернатива.
Времето е во ваши раце. Ние ќе продолжиме да бидеме тука, ќе ги продолжиме програмите и проектите за поддршка на земјата, рече Ангелов.
Тој кажа дека во основата на дипломатијата е дијалогот, а улогата да дипломатите е да градат мостови.
Ова е можно само преку остварување средби и контакти - потребна е хемија, и во оваа смисла нашата улога е да бидеме хемичари. Соочени сме пред нови предизвици - агресијата на Русија врз Украина, ние остро ги осудуваме овие дејствија. Војната покажа дека беше од голема важност членството на Република Cеверна Македонија во НАТО, нешто што Бугарија безусловно го поддржа, кажа Ангелов во обраќањето по повод Националниот празник на Бугарија.

The post Потребна ни е хемија, ни порача бугарскиот амбасадот Ангелов appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот амбасадор во земјава Ангелов се враќа на своите дипломатски должности во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-vo-zemjava-angelov-se-vraka-na-svoite-diplomatski-dolzhnosti-vo-skopje/ Mon, 30 Jan 2023 20:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=602770

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Македонија во полн капацитет, откако минатата среда беше повлечен во Софија, потврдија од Министерството за надворешни работи за МИА.

По седницата на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент на 25 јануари, техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, најави дека нивниот амбасадор, Ангел Ангелов ќе биде повлечен од Скопје и ќе остане во Софија се додека, како што рече, не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во нашата држава.

Од бугарското МНР тогаш информираа дека „целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи“.

Од македонското МНР еден ден подоцна излегоа со реакција дека со внимание ги следат изјавите и активностите кои доаѓаат од Република Бугарија и со жалење констатираа дека последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи и напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји.

Инаку, откако премиерот Димитар Ковачевски во петокот со својот бугарски колега Галаб Донев во телефонски разговор се заложија за мирно и безбедно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, денеска во посета на земјава беше бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев кој со својот македонски колега Оливер Спасовски по нивната заедничка средба, порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев што треба да се одржи в сабота, и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки.

The post Бугарскиот амбасадор во земјава Ангелов се враќа на своите дипломатски должности во Скопје appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Македонија во полн капацитет, откако минатата среда беше повлечен во Софија, потврдија од Министерството за надворешни работи за МИА. По седницата на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент на 25 јануари, техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, најави дека нивниот амбасадор, Ангел Ангелов ќе биде повлечен од Скопје и ќе остане во Софија се додека, како што рече, не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во нашата држава. Од бугарското МНР тогаш информираа дека „целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи“. Од македонското МНР еден ден подоцна излегоа со реакција дека со внимание ги следат изјавите и активностите кои доаѓаат од Република Бугарија и со жалење констатираа дека последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи и напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји. Инаку, откако премиерот Димитар Ковачевски во петокот со својот бугарски колега Галаб Донев во телефонски разговор се заложија за мирно и безбедно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, денеска во посета на земјава беше бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев кој со својот македонски колега Оливер Спасовски по нивната заедничка средба, порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев што треба да се одржи в сабота, и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки.

The post Бугарскиот амбасадор во земјава Ангелов се враќа на своите дипломатски должности во Скопје appeared first on Република.

]]>
Ангелов: Тепаниот Пендиков чека бугарски пасош, моето враќање во Македонија зависи од бугарските институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/angelov-tepaniot-pendikov-cheka-bugarski-pasosh-moeto-vrakane-vo-makedonija-zavisi-od-bugarskite-institutsii/ Thu, 26 Jan 2023 21:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=601461

„Ние обрнуваме сериозно внимание на тоа дека има проблем, а од другата страна велат, не, нема проблем, нашата држава е идеална. И тука нема како да се разбереме“, вели бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов.

Од Обвинителството во Охрид соопштија дека Христијан Пендиков бил нападнат од омраза. Потоа следуваше посетата на министерот за надворешни работи Бујар Османи во болницата – така што ние се движиме според официјалните информации во овој случај, изјави за БНТ Ангелов, кого властите во Софија времено го повлекоа од земјава по случајот со претепувањето на охриѓанецот Пендиков и изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека е можно на некои бугарски политичари да им се забрани влегувањето во Македонија.

„Гледам дека обвинителството еволуирало и сега се вели дека мотивите на делото сѐ уште се нејасни. Ја чекаме вистинската истрага од обвинителството и потоа го чекаме судот“, додаде Ангелов.

Според него, „ова ѕверство пораснало со секакви шпекулации и „лажни вести“ – дека Христијан бил наркодилер, дека станува збор за тепачка меѓу различни дилери и слично, а во исто време тој си заминал од Македоија со својот странски пасош, бидејќи немало обвинение против него за да му се одземе пасошот“. Амбасадорот откри дека на крајот на декември, Пендиков поднел барање за добивање бугарско државјанство, кон кое е приложено уверение за неосудуваност издадено од судот во Охрид.

Затоа велам дека се страшни тие шпекулации и ние треба да го расчистиме тоа. За нас, нападот се случил поради омраза, како што и соопшти обвинителството од Охрид, рече Ангелов.

Во моментов Христијан е стабилен по операцијата, рече Ангелов, но долго време нема да може да консумира цврста храна.

Амбасадорот вели дека од лани летото „почнал да ескалира радикалниот говор против Бугарите во Makedonija“, а тие неколкупати се обиделе за тоа да реагираат до властите во Скопје, за тие да преземат некакви мерки.

Овој радикален говор, особено на социјалните мрежи, доведе и до нападот со камења врз клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид, потоа до пукањето врз клубот и кулминираше со овој физички напад врз Христијан, додаде Ангелов.

На прашањето, кој „го пали огнот“, Ангелов одговори:

Тоа е сложено да се каже, но тоа што го гледам во моментов е следното: дека ние разговараме на различни јазици (метафорично) двете држави и тоа е многу сериозен проблем. Ние обрнуваме сериозно внимание на тоа дека има проблем, а од другата страна велат, не, нема проблем, нашата држава е идеална. И тука нема како да се разбереме. Мислам дека некаква деескалација треба да се постигне и таа треба да биде во насока да се адресираат стравовите и проблемите на Буугарите во Македонија“.

The post Ангелов: Тепаниот Пендиков чека бугарски пасош, моето враќање во Македонија зависи од бугарските институции appeared first on Република.

]]>

„Ние обрнуваме сериозно внимание на тоа дека има проблем, а од другата страна велат, не, нема проблем, нашата држава е идеална. И тука нема како да се разбереме“, вели бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов.
Од Обвинителството во Охрид соопштија дека Христијан Пендиков бил нападнат од омраза. Потоа следуваше посетата на министерот за надворешни работи Бујар Османи во болницата – така што ние се движиме според официјалните информации во овој случај, изјави за БНТ Ангелов, кого властите во Софија времено го повлекоа од земјава по случајот со претепувањето на охриѓанецот Пендиков и изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека е можно на некои бугарски политичари да им се забрани влегувањето во Македонија.
„Гледам дека обвинителството еволуирало и сега се вели дека мотивите на делото сѐ уште се нејасни. Ја чекаме вистинската истрага од обвинителството и потоа го чекаме судот“, додаде Ангелов. Според него, „ова ѕверство пораснало со секакви шпекулации и „лажни вести“ – дека Христијан бил наркодилер, дека станува збор за тепачка меѓу различни дилери и слично, а во исто време тој си заминал од Македоија со својот странски пасош, бидејќи немало обвинение против него за да му се одземе пасошот“. Амбасадорот откри дека на крајот на декември, Пендиков поднел барање за добивање бугарско државјанство, кон кое е приложено уверение за неосудуваност издадено од судот во Охрид.
Затоа велам дека се страшни тие шпекулации и ние треба да го расчистиме тоа. За нас, нападот се случил поради омраза, како што и соопшти обвинителството од Охрид, рече Ангелов.
Во моментов Христијан е стабилен по операцијата, рече Ангелов, но долго време нема да може да консумира цврста храна. Амбасадорот вели дека од лани летото „почнал да ескалира радикалниот говор против Бугарите во Makedonija“, а тие неколкупати се обиделе за тоа да реагираат до властите во Скопје, за тие да преземат некакви мерки.
Овој радикален говор, особено на социјалните мрежи, доведе и до нападот со камења врз клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид, потоа до пукањето врз клубот и кулминираше со овој физички напад врз Христијан, додаде Ангелов.
На прашањето, кој „го пали огнот“, Ангелов одговори:
Тоа е сложено да се каже, но тоа што го гледам во моментов е следното: дека ние разговараме на различни јазици (метафорично) двете држави и тоа е многу сериозен проблем. Ние обрнуваме сериозно внимание на тоа дека има проблем, а од другата страна велат, не, нема проблем, нашата држава е идеална. И тука нема како да се разбереме. Мислам дека некаква деескалација треба да се постигне и таа треба да биде во насока да се адресираат стравовите и проблемите на Буугарите во Македонија“.
 
The post Ангелов: Тепаниот Пендиков чека бугарски пасош, моето враќање во Македонија зависи од бугарските институции appeared first on Република.

]]>
Османи: Софија потклекна на провокациите, неосновано е повлекување на амбасадорот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-sofija-potklekna-na-provokatsiite-neosnovano-e-povlekuvane-na-ambasadorot/ Thu, 26 Jan 2023 14:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=601349

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази жалење оти Бугарија го повлече амбасадорот во Македонија, Ангел Ангелов. Смета дека тоа е неосновано, а источниот сосед потклекнал пред провокациите. Според него, треба да се продолжи ладнокрвно и внимателно, за да се заштитат интереси, а не како што вели: „да се качиме на вагонот на емоциите на јавноста, за да се добијат краткорочни аплаузи, а да се направат долгорочни проблеми“

Последните активности на Софија не се во согласност со договорената практика за подобрување на односите, туку се потклекнување на провокациите. Повикувањето на амбасадор во матичната држава можеби е вообичаена пракса, МНР изразува жалење за ваквиот чекор кој сметаме дека е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален, кажа Османи.

Го осудил настанот поради загриженоста на родителите на Христијан Пендиков, а откако имало првична проценка на Обвинителството.

Последниот инцидент го ставивме низ правосудните процеси. Ние го осудивме настанот, остварив посета во Софија каде што уште еднаш ја демонстриравме одлучноста на државните органи за одржување на правна сигурност. Нашата осуда беше откако охридското Обвинителство имаше првична проценка дека инцидентот е поради идентитетски обележја, додаде Османи.

The post Османи: Софија потклекна на провокациите, неосновано е повлекување на амбасадорот appeared first on Република.

Бугарија се заканува и со прекин на дипломатските односи! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-se-zakanuva-i-so-prekin-na-diplomatskite-odnosi/ Tue, 24 Jan 2023 08:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=600295

Повлекувањето на бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов од Скопје е последниот чекор пред прекин на односите помеѓу Македонија и Бугарија, пишуваат бугарски медиуми.

Ангелов ја доби оваа наредба првиот работен ден од неделата и неполни 24 часа по посетата на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на Софија..

Османи заедно со бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков отиде во посета на претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис 3“ вети дека властите нема да толерираат никаква агресија.

„Очигледно, сепак, овој напад ги прекина и така кревките дипломатски односи, кои се движат до точката на замрзнување и покрај компромисот на Бугарија според францускиот предлог за укинување на ветото за почеток на преговорите за членство во ЕУ во Скопје“, пишува 24 Часа.

Повикувањето на амбасадор „на консултации“ е еден од претпоследните чекори пред прекин на дипломатските односи. Обично ваквите консултации траат од неколку дена до неколку недели. Што значи дека во време кога двете страни најавија намера да работат на намалување на тензиите, Бугарија демонстративно го намалува нивото на дипломатска застапеност во Скопје. Работата во Скопје сега ќе ја преземе привремен шеф на амбасадата.

Сега, повлекувањето на Ангелов е најсериозната демонстрација кон Скопје што ја направи Софија.

„Бугарија неколку пати предаваше протестни ноти поради тоа што се случува во РСМ, но никогаш не ја остави амбасадата без прв дипломат. Дури и во текот на 2-те години во кои Скопје одби да испрати амбасадор по истекот на мандатот на Марјан Ѓорчев во 2020 година. Истата година, Софија го наметна ветото“, пишува изданието.

- Границата на слободата на говор се преминува кога се зборува против бугарскиот народ, против Бугарија, против одредени научници и политичари. Слободата на говор не е пречка да се има соодветен однос на официјалните власти на РСМ против јазикот на омраза и оние кои го шират. Има малку знаци од нивна страна во овој поглед. Видот, стилот и тонот на комуникација во голема мера зависи од менаџментот. Овој јазик на омраза, кој се излева од повеќе страни во РСМ, е директна причина за настани како што е тепањето на Христијан Пендиков“, искоментира потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

The post Бугарија се заканува и со прекин на дипломатските односи! appeared first on Република.

]]>

Повлекувањето на бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов од Скопје е последниот чекор пред прекин на односите помеѓу Македонија и Бугарија, пишуваат бугарски медиуми. Ангелов ја доби оваа наредба првиот работен ден од неделата и неполни 24 часа по посетата на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на Софија.. Османи заедно со бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков отиде во посета на претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис 3“ вети дека властите нема да толерираат никаква агресија.
„Очигледно, сепак, овој напад ги прекина и така кревките дипломатски односи, кои се движат до точката на замрзнување и покрај компромисот на Бугарија според францускиот предлог за укинување на ветото за почеток на преговорите за членство во ЕУ во Скопје“, пишува 24 Часа.
Повикувањето на амбасадор „на консултации“ е еден од претпоследните чекори пред прекин на дипломатските односи. Обично ваквите консултации траат од неколку дена до неколку недели. Што значи дека во време кога двете страни најавија намера да работат на намалување на тензиите, Бугарија демонстративно го намалува нивото на дипломатска застапеност во Скопје. Работата во Скопје сега ќе ја преземе привремен шеф на амбасадата.
Сега, повлекувањето на Ангелов е најсериозната демонстрација кон Скопје што ја направи Софија.
„Бугарија неколку пати предаваше протестни ноти поради тоа што се случува во РСМ, но никогаш не ја остави амбасадата без прв дипломат. Дури и во текот на 2-те години во кои Скопје одби да испрати амбасадор по истекот на мандатот на Марјан Ѓорчев во 2020 година. Истата година, Софија го наметна ветото“, пишува изданието.
- Границата на слободата на говор се преминува кога се зборува против бугарскиот народ, против Бугарија, против одредени научници и политичари. Слободата на говор не е пречка да се има соодветен однос на официјалните власти на РСМ против јазикот на омраза и оние кои го шират. Има малку знаци од нивна страна во овој поглед. Видот, стилот и тонот на комуникација во голема мера зависи од менаџментот. Овој јазик на омраза, кој се излева од повеќе страни во РСМ, е директна причина за настани како што е тепањето на Христијан Пендиков“, искоментира потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

The post Бугарија се заканува и со прекин на дипломатските односи! appeared first on Република.

]]>
Левица бара да се протера бугарскиот амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-bara-da-se-protera-bugarskiot-ambasador/ Wed, 29 Jun 2022 14:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=521058

Партијата Левица бара да се протера бугарскиот амбасадор откако во Народното собрание на Република Бугарија „одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна“. Левица потсетува дека пораката во која се вели „Македонија е Бугарија“ негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја. Соопштението д партијата го пренесуваме во целост.

Минатата недела сведочевме на бројни понижувања на македонскиот народ и држава. Највисоките претставници на неколку земји од Европската унија, македонскиот народ и јазик ги нарекоа ‘северномакедонски’. Згора на сѐ, се појави францускиот предлог направен во соработка со министерот Османи, кој интегрирајќи ги сите бугарски барања, ги негираше постоењето на македонската култура, јазик, народ и држава.

За ситуацијата да биде полоша, од Народното Собрание на Република Бугарија одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна. Пораката во која се вели „Македонија е Бугарија“ и негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја.

За реактуелизирањето на големо-бугарската идеја, со која се рехабилитираат фашистички идеи и се загрозува територијалниот интегритет на Македонија, за жал не наидуваме на соодветна осуда или протест. Ниту од македонската Влада. Ниту од ЕУ, или пак т.н. стратешки партнери од НАТО.

Сметаме дека ваквиот курс на надворешна политика водена од ДУИ и СДСМ е недозволив и заради тоа Левица:

1. Инсистира на итен прекин на преговорите со Бугарија и престан на работата на т.н. историска комисија;

2. Бараме од Македонското МНР бугарскиот амбасадор да биде повикан на сослушување и да му биде врачена протестна, наместо вербална нота, како и прогласување за персона нон грата доколу отворената територијална претензија се констатира;

3. Продолжување на билатералните односи со Бугарија исклучиво во рамките на меѓународните организации каде што имаме еднаков статус како Советот на Европа, ОБСЕ и ООН;

4. Бараме Владата со отворено писмо да побара извинувања од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа „северномакедонски”,

5. Бараме во Собранието на Република Македонија веднаш на дневен ред да биде ставена Резолуцијата поднесена од Левица против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици и истата да биде изгласана од страна на пратениците, велат од Левица.

The post Левица бара да се протера бугарскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Партијата Левица бара да се протера бугарскиот амбасадор откако во Народното собрание на Република Бугарија „одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна“. Левица потсетува дека пораката во која се вели „Македонија е Бугарија“ негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја. Соопштението д партијата го пренесуваме во целост. Минатата недела сведочевме на бројни понижувања на македонскиот народ и држава. Највисоките претставници на неколку земји од Европската унија, македонскиот народ и јазик ги нарекоа ‘северномакедонски’. Згора на сѐ, се појави францускиот предлог направен во соработка со министерот Османи, кој интегрирајќи ги сите бугарски барања, ги негираше постоењето на македонската култура, јазик, народ и држава.
За ситуацијата да биде полоша, од Народното Собрание на Република Бугарија одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна. Пораката во која се вели „Македонија е Бугарија“ и негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја. За реактуелизирањето на големо-бугарската идеја, со која се рехабилитираат фашистички идеи и се загрозува територијалниот интегритет на Македонија, за жал не наидуваме на соодветна осуда или протест. Ниту од македонската Влада. Ниту од ЕУ, или пак т.н. стратешки партнери од НАТО. Сметаме дека ваквиот курс на надворешна политика водена од ДУИ и СДСМ е недозволив и заради тоа Левица: 1. Инсистира на итен прекин на преговорите со Бугарија и престан на работата на т.н. историска комисија; 2. Бараме од Македонското МНР бугарскиот амбасадор да биде повикан на сослушување и да му биде врачена протестна, наместо вербална нота, како и прогласување за персона нон грата доколу отворената територијална претензија се констатира; 3. Продолжување на билатералните односи со Бугарија исклучиво во рамките на меѓународните организации каде што имаме еднаков статус како Советот на Европа, ОБСЕ и ООН; 4. Бараме Владата со отворено писмо да побара извинувања од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа „северномакедонски”, 5. Бараме во Собранието на Република Македонија веднаш на дневен ред да биде ставена Резолуцијата поднесена од Левица против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици и истата да биде изгласана од страна на пратениците, велат од Левица.

The post Левица бара да се протера бугарскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>