анестезиолог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anesteziolog/ За подобро да се разбереме Wed, 17 May 2023 10:24:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анестезиолог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anesteziolog/ 32 32 Тик-токерот анестезиолог од Тетово призна вина, доби 15 месеци затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tik-tokerot-anesteziolog-od-tetovo-prizna-vina-dobi-15-mesetsi-zatvor/ Wed, 17 May 2023 10:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=641701

Во Основниот кривичен суд во Тетово изречена е пресуда од 15 месеци затвор за анестезиологот Валтон Дервиши. Истиот е обвинет за несовесно работење и неовластено снимање.

На денешното рочиште беа и сведоци, односно лекари и медицински персонал кои биле присутни кога анестезиологот од Гинеколошкото одделение на социјалната мрежа „Тик Ток“ во живо ги пренесуваше снимките од жените во болницата.

Предметот го водеше судијата Назиф Илјази, кој најави дека на Дервиш никогаш досега не му се судело. Во меѓувреме, анестезиологот Дервиши рече дека знае за што го обвинуваат, го прифаќа обвинението и дека се кае за тоа што го направил.

The post Тик-токерот анестезиолог од Тетово призна вина, доби 15 месеци затвор appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд во Тетово изречена е пресуда од 15 месеци затвор за анестезиологот Валтон Дервиши. Истиот е обвинет за несовесно работење и неовластено снимање. На денешното рочиште беа и сведоци, односно лекари и медицински персонал кои биле присутни кога анестезиологот од Гинеколошкото одделение на социјалната мрежа „Тик Ток“ во живо ги пренесуваше снимките од жените во болницата. Предметот го водеше судијата Назиф Илјази, кој најави дека на Дервиш никогаш досега не му се судело. Во меѓувреме, анестезиологот Дервиши рече дека знае за што го обвинуваат, го прифаќа обвинението и дека се кае за тоа што го направил.

The post Тик-токерот анестезиолог од Тетово призна вина, доби 15 месеци затвор appeared first on Република.

]]>
Четири години затвор за анестезиологот од клиниката „Санте плус“ обвинет за смрт на родилка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetiri-godini-zatvor-za-anesteziologot-od-klinikata-sante-plus-obvinet-za-smrt-na-rodilka/ Mon, 24 Apr 2023 16:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=633678

Четиригодишна затворска казна за анестезиологот на клиниката „Санте плус“ за смртта на родилката Деборе Ќерими-Џамбази, која во 2018 година почина при породување, пресуди денеска судијата Марин Станевски, кој покрај тоа на обвинетиот му забрани да ја врши лекарската дејност во период од четири години, пренесе агенцијата „Макфакс“.

https://arhiva.republika.mk/887398

Обвинението беше поднесено пред три години а со него анестезиологот се товареше за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што применил неподобен начин на лекување со што предизвикал смрт.

Обвинителството во текот на процесот докажуваше дека анестезиологот склучил договор да ја врши работната обврска, без потребното работно искуство во специјалноста над две години.

The post Четири години затвор за анестезиологот од клиниката „Санте плус“ обвинет за смрт на родилка appeared first on Република.

]]>

Четиригодишна затворска казна за анестезиологот на клиниката „Санте плус“ за смртта на родилката Деборе Ќерими-Џамбази, која во 2018 година почина при породување, пресуди денеска судијата Марин Станевски, кој покрај тоа на обвинетиот му забрани да ја врши лекарската дејност во период од четири години, пренесе агенцијата „Макфакс“. https://arhiva.republika.mk/887398 Обвинението беше поднесено пред три години а со него анестезиологот се товареше за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што применил неподобен начин на лекување со што предизвикал смрт. Обвинителството во текот на процесот докажуваше дека анестезиологот склучил договор да ја врши работната обврска, без потребното работно искуство во специјалноста над две години.  

The post Четири години затвор за анестезиологот од клиниката „Санте плус“ обвинет за смрт на родилка appeared first on Република.

]]>
Лиценцата му е одземена на седум години: Судот на честа при Лекарската комора донесе одлука за анестезиологот Тиктокер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/litsentsata-mu-e-odzemena-na-sedum-godini-sudot-na-chesta-pri-lekarskata-komora-donese-odluka-za-anesteziologot-tiktoker/ Mon, 24 Apr 2023 12:48:38 +0000 https://republika.mk/?p=633586

Судот на честа при Лекарската комора на денешната седница привремено да му ја одземе одлучи лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши во период од седум години.

Судот на честа при Лекарската комора на Република  Македонија на денешната седница донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од 7 години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето.
Судот на честа утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРМ како и Меѓународниот кодекс на медицинска етика, велат од Лекарската комора.

Оттаму додадаваат дека докторот на медицина својата професија треба да ја врши совесно и одговорно со почитување на човековото достоинство. Тој е должен да ги почитува и штити правата на пациентите и да ја чува нивната доверба и тајност на медицинските податоци. Почитување на етичките норми е најважната основа на која лекарите секојдевно ги практикуваат своите стручни знаења во областа на медицина и ги лекуваат пациентите. И најстручниот лекар не е доволно добар лекар ако не ги почитува етичките норми и правила.

Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори на медицина во нашата земја нема да дозволи дигнитетот и угледот на докторите да бидат загрозени од неодговорно однесување на поединци во фелата. Со денешната одлука органите на Комората како легитимни претставници на сите нејзини членови испраќаат порака дека лекарите веруваат во етичките вредности и правила и силно ќе се залагаат за нивно доследно почитување во работата, велат од Комората.

Обвинителен предлог против анестезиологот Валтон Дервиши од тетовската болница поднесе Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Тетово кој на социјалната мрежа ТикТок снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал.

Тој е обвинет за кривични дела – Несовесно работење во службата како и Неовластено снимање.

Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права – велат од ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Инаку веќе неколку дена вработените во тетовската болница функционираат под нови правила за однесување во тетовската болница, но и на социјалните мрежи по скандалот со ТикТок анестезиологот.

Дирекоторот на тетовската болница Плуб Вела подготви правилник според кој им е посочено на сите вработени во клиниката како треба да се однесуваат.

Новиот правилник го испративме до сите раководители на одделенијата и ќе го пренесат на сите лекари, медицински сестри, медицински техничари и хигиеничари. Главната причина е да се спречат неправилните дејствија што се случија во болницата пред неколку дена, за жал, да се спречат ваквите дела и нормално да се зголеми квалитетот на услугата на пациентите. Но, една од мерките што ќе ги преземеме е воведување компанија за обезбедување со што би ја зголемиле безбедноста на пациентите и вработените како и почитувањето на работното време – вели Пелумб Вела, директор на тетовската болница.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити изјави дека според негови информации уапсениот анестезиолог од тетовската болница, кој беше приведен откако снимал и емитувал пациенти во живо на ТикТок, се појавувал на работа под дејство на наркотици. Ова однесување на анестезиологот не било испитано и санкционирано од причина што во болницата не била формирана дисциплинска комисија.

Јас добив непотврдена информација за претходно несовесно однесување на лекарот од Тетово, но немаше ништо запишано и претходно не била покрената никаква постапка, дисциплинска или каква било друга – изјави денеска Меџити.

Веднаш по настанот од работа беше отпуштен тетовскиот анестезиолог за што информираше министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој изрази големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и рече дека ќе направат се’ за во иднина да не ни се случи вакво нешто.

И Вела го осуди непрофесионалното однесување на медициското лице, а осуда стигна и од лекарската комора.

Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки, рекоа од Лекарската комора.

Инаку за потсетување, анестезиологот од Тетово на 14 април се појави во живо на ТикТок во утринските часови од одделението на Гинекологија во Тетово. По емитувањето на видеото на мрежата и прилогот на ТВ21, директорот на болницата го пријавил случајот во полиција, по што анестезиологот бил приведен и на предлог на обвинителот, судија на претходна постапка му определи мерка од 8-дневен притвор.

The post Лиценцата му е одземена на седум години: Судот на честа при Лекарската комора донесе одлука за анестезиологот Тиктокер appeared first on Република.

]]>

Судот на честа при Лекарската комора на денешната седница привремено да му ја одземе одлучи лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши во период од седум години. Судот на честа при Лекарската комора на Република  Македонија на денешната седница донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од 7 години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето. Судот на честа утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРМ како и Меѓународниот кодекс на медицинска етика, велат од Лекарската комора. Оттаму додадаваат дека докторот на медицина својата професија треба да ја врши совесно и одговорно со почитување на човековото достоинство. Тој е должен да ги почитува и штити правата на пациентите и да ја чува нивната доверба и тајност на медицинските податоци. Почитување на етичките норми е најважната основа на која лекарите секојдевно ги практикуваат своите стручни знаења во областа на медицина и ги лекуваат пациентите. И најстручниот лекар не е доволно добар лекар ако не ги почитува етичките норми и правила. Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори на медицина во нашата земја нема да дозволи дигнитетот и угледот на докторите да бидат загрозени од неодговорно однесување на поединци во фелата. Со денешната одлука органите на Комората како легитимни претставници на сите нејзини членови испраќаат порака дека лекарите веруваат во етичките вредности и правила и силно ќе се залагаат за нивно доследно почитување во работата, велат од Комората. Обвинителен предлог против анестезиологот Валтон Дервиши од тетовската болница поднесе Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Тетово кој на социјалната мрежа ТикТок снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. Тој е обвинет за кривични дела – Несовесно работење во службата како и Неовластено снимање. Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права – велат од ОЈО. Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Инаку веќе неколку дена вработените во тетовската болница функционираат под нови правила за однесување во тетовската болница, но и на социјалните мрежи по скандалот со ТикТок анестезиологот. Дирекоторот на тетовската болница Плуб Вела подготви правилник според кој им е посочено на сите вработени во клиниката како треба да се однесуваат.
Новиот правилник го испративме до сите раководители на одделенијата и ќе го пренесат на сите лекари, медицински сестри, медицински техничари и хигиеничари. Главната причина е да се спречат неправилните дејствија што се случија во болницата пред неколку дена, за жал, да се спречат ваквите дела и нормално да се зголеми квалитетот на услугата на пациентите. Но, една од мерките што ќе ги преземеме е воведување компанија за обезбедување со што би ја зголемиле безбедноста на пациентите и вработените како и почитувањето на работното време – вели Пелумб Вела, директор на тетовската болница.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити изјави дека според негови информации уапсениот анестезиолог од тетовската болница, кој беше приведен откако снимал и емитувал пациенти во живо на ТикТок, се појавувал на работа под дејство на наркотици. Ова однесување на анестезиологот не било испитано и санкционирано од причина што во болницата не била формирана дисциплинска комисија.
Јас добив непотврдена информација за претходно несовесно однесување на лекарот од Тетово, но немаше ништо запишано и претходно не била покрената никаква постапка, дисциплинска или каква било друга – изјави денеска Меџити.
Веднаш по настанот од работа беше отпуштен тетовскиот анестезиолог за што информираше министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој изрази големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и рече дека ќе направат се’ за во иднина да не ни се случи вакво нешто. И Вела го осуди непрофесионалното однесување на медициското лице, а осуда стигна и од лекарската комора. Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки, рекоа од Лекарската комора. Инаку за потсетување, анестезиологот од Тетово на 14 април се појави во живо на ТикТок во утринските часови од одделението на Гинекологија во Тетово. По емитувањето на видеото на мрежата и прилогот на ТВ21, директорот на болницата го пријавил случајот во полиција, по што анестезиологот бил приведен и на предлог на обвинителот, судија на претходна постапка му определи мерка од 8-дневен притвор.

The post Лиценцата му е одземена на седум години: Судот на честа при Лекарската комора донесе одлука за анестезиологот Тиктокер appeared first on Република.

]]>
Поднесено обвинение за анестиозлогот од Тетовската болница кој објавуваше снимки на „тик-ток“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/podneseno-obvinenie-za-anestiozlogot-od-tetovskata-bolnitsa-koj-objavuvashe-snimki-na-tik-tok/ Sat, 22 Apr 2023 08:52:18 +0000 https://republika.mk/?p=632937

Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Тетово поднесе Обвинителен предлог против анестезиологот од тетовската болница кој на социјалната мрежа „Тик ток“ снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. Тој е обвинет за кривични дела – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1, како и Неовластено снимање според член 152 став 2 од Кривичниот законик.

Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права, соопшти Основното јавно обвинителство Тетово.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​

The post Поднесено обвинение за анестиозлогот од Тетовската болница кој објавуваше снимки на „тик-ток“ appeared first on Република.

Осумдневен притвор за анестезиологoт од тетовската болница кој објавуваше видеа со пациенти на „Тик ток“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/osumdneven-pritvor-za-anesteziologot-od-tetovskata-bolnitsa-koj-objavuvashe-videa-so-patsienti-na-tik-tok/ Sun, 16 Apr 2023 14:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=631255

На предлог од Обвинителството од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово определена е мерка притвор во траење од осум дена за 43-годишниот лекар - анестезиолог од тетовско Одри кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал.

До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.

На 15 април 2023 година судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово на В.Д.(43) од тетовско Одри му определил мерка притвор од осум дена и ќе биде спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ за издржување на притворот, информираше СВР Тетово.

Непосредно пред да биде лишен од слобода В.Д. од полициските службеници на СВР Тетово, случајот го пријавил 49-годишниот директор на болницата.

The post Осумдневен притвор за анестезиологoт од тетовската болница кој објавуваше видеа со пациенти на „Тик ток“ appeared first on Република.

]]>

На предлог од Обвинителството од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово определена е мерка притвор во траење од осум дена за 43-годишниот лекар - анестезиолог од тетовско Одри кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.
На 15 април 2023 година судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово на В.Д.(43) од тетовско Одри му определил мерка притвор од осум дена и ќе биде спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ за издржување на притворот, информираше СВР Тетово.
Непосредно пред да биде лишен од слобода В.Д. од полициските службеници на СВР Тетово, случајот го пријавил 49-годишниот директор на болницата.

The post Осумдневен притвор за анестезиологoт од тетовската болница кој објавуваше видеа со пациенти на „Тик ток“ appeared first on Република.

]]>
Определен е осумдневен притвор за приведениот анестезиолог од Тетовската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/opredelen-e-osumdneven-pritvor-za-privedeniot-anesteziolog-od-tetovskata-bolnitsa/ Sun, 16 Apr 2023 08:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=631199

На предлог од Обвинителството од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово определена е мерка притвор во траење од осум дена за 43-годишниот лекар – анестезиолог од тетовско Одри кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал.

До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.

На 15 април 2023 година судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово на В.Д.(43) од тетовско Одри му определил мерка притвор од осум дена и ќе биде спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ за издржување на притворот, информираше СВР Тетово.

Непосредно пред да биде лишен од слобода В.Д. од полициските службеници на СВР Тетово, случајот го пријавил 49-годишниот директор на болницата.

The post Определен е осумдневен притвор за приведениот анестезиолог од Тетовската болница appeared first on Република.

]]>

На предлог од Обвинителството од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово определена е мерка притвор во траење од осум дена за 43-годишниот лекар – анестезиолог од тетовско Одри кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик. На 15 април 2023 година судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово на В.Д.(43) од тетовско Одри му определил мерка притвор од осум дена и ќе биде спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ за издржување на притворот, информираше СВР Тетово. Непосредно пред да биде лишен од слобода В.Д. од полициските службеници на СВР Тетово, случајот го пријавил 49-годишниот директор на болницата.

The post Определен е осумдневен притвор за приведениот анестезиолог од Тетовската болница appeared first on Република.

]]>
Mинистерот побара одземање на лиценцата на тетовскиот анестезиолог, засега е суспендиран од работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-pobara-odzemane-na-litsentsata-na-tetovskiot-anesteziolog-zasega-e-suspendiran-od-rabota/ Sat, 15 Apr 2023 14:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=631051

Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме сè за во иднина да не ни се случи вакво нешто, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, на која дадоа повеќе детали за настанок од синоќа кога доктор анестезиолог од Тетовската болница снимал пациенти и доктори, а снимката потоа бил објавена на социјалната мрежа „тик-ток“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skandalozno-video-anesteziolog-vo-tetovskata-bolnitsa-snimal-patsientki-i-gi-objavuval-na-tik-tok/

Ми се јави на телефон и началникот на СВР Тетово и ми кажа дека здравствениот работник е приведен и ние понатаму се ќе направиме вакви случаи да не се случат во иднина. Во координација сме со многу други институции и со лекарската комора и јас барав веднаш да му се прекине работниот однос и да се одземе лиценцата за работа на овој доктор, изјави министерот Меџити.

Директорот на Клиничка болница, Вела исто така изрази жалење за настанот и појасни дека лично го пријавил случајот во полиција откако разбрал за објавената снимка.

Тоа се случило на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог. Додека вчера јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа. За случајот бевме во постојана комуникација со Министерството и министерот, кажа Вела.

The post Mинистерот побара одземање на лиценцата на тетовскиот анестезиолог, засега е суспендиран од работа appeared first on Република.

]]>

Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме сè за во иднина да не ни се случи вакво нешто, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, на која дадоа повеќе детали за настанок од синоќа кога доктор анестезиолог од Тетовската болница снимал пациенти и доктори, а снимката потоа бил објавена на социјалната мрежа „тик-ток“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skandalozno-video-anesteziolog-vo-tetovskata-bolnitsa-snimal-patsientki-i-gi-objavuval-na-tik-tok/