анекта на ИРИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anekta-na-iri/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Jan 2023 07:42:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анекта на ИРИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anekta-na-iri/ 32 32 Ковачевски е задоволен од рејтинот од пет посто според анкетата на ИРИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kovachevski-se-zadovolen-od-rejtinot-od-pet-posto-spored-anketata-na-iri/ Wed, 21 Dec 2022 12:27:02 +0000 https://republika.mk/?p=588391

Од анкетата на ИРИ можат да се извлечат корисни заклучоци, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, додавајќи дека резултатите од анкетата не го изненадуваат, имајќи ги предвид контекстот и времето кога е направена септември-октомври, по прифаќањето на францускиот предлог, што според него, имало влијание врз нив.

– Значи тоа се случуваше во месец јули, а анкетата е во месец септември, што секако дека влијае врз расположението на граѓаните и градењето на перцепциите. Во тој период беше направена голема хистерија во однос на европскиот предлог, што тој ќе предизвика, дека Македонците ќе го изгубеле својот јазик, дека ќе сме изгубеле идентитет. Тоа го правеа опозицијата и, пред се Левица со нивниот заложник ВМРО – ДПМНЕ и тоа сигурно дека влијаело врз перцепциите на граѓаните, рече Ковачевски.

Според Ковачевски, исто така многу важен заклучок е дека граѓаните во огромен процент – три четвртини се за зачленување на Македонија во ЕУ и не гледаат друга алтернатива, освен еден мал процент, но сепак, додава тој, тоа се наши граѓани коишто гледаат алтернатива во некаква евроазиска унија, која што ја промовира Левица.

– Има уште еден значаен податок, а тоа е дека во таа анкета не се опфатени подоцнежните одлуки коишто се случија, а тоа е бидејќи тие се случија на 26 октомври кога е веќе завршено истражувањето, а тоа е потпишувањето на Договорот со Фронтекс и практично воведувањето на чист македонски јазик без никакви фусноти, дообјаснувања и појаснувања во ЕУ, рамноправно со сите други јазици, како и почетокот на преведување на целото законодавство на македонски јазик, за што веќе се склучени договори за оператори, рече Ковачевски.

Премиерот смета дека граѓаните знаат да препознаат кога некој го вложува целиот свој труд и напор и енергија во време на најголема енергетска и економска криза, се грижи за одржување на економска стабилност, обезбедување на енергетска стабилност на топлинска енергија во Градот Скопје, иако не му е обврска.

– И само се потврдува дека ако го гледате делот на одговорите на испитаниците, тогаш практично зборувајќи за себе, бидејќи опфаќа десет месеци од моето назначување за претседател на Влада, свесноста за работата растела со 1,44 проценти на месечно ниво, што е прилично голем процент, смета Ковачевски.

Ако гледаме во однос на политичките рејтинзи, додава тој, тогаш исто така и тоа е респектибилно со оглед на десетмесечниот период на управување со Владата, посочувајќи  дека со владините политики очекува на следната анкета резултатите ќе бидат подобри.

Ковачевски не сакаше да го коментира нискиот процент на доверба во правосудството во анкетата, бидејќи, како што рече, тоа е прашање за правосудните органи.

Запрашан за тоа дали „министерот за правда ќе биде реконструиран доколку продолжи ваквиот тренд во правосудството“, Ковачевски истакна дека надлежностите на министерот се да носи законски решенија за работата на правосудната фела и да обезбеди буџет.

– Во однос на правосудството ќе повторам јас не учествувам во какви било одлуки, ниту пак ќе се случи тоа во иднина. Истото се однесува и на министерот за правда, што значи сите одлуки кои што во кадровскиот дел ги носат судовите и обвинителствата се одлуки во исклучива надлежност на правосудните органи. Министерот за правда има обврска да носи законски решенија кои се однесуваат на унапредување на работата на правосудната фела и да обезбеди буџет, рече Ковачевски.

Тој истакна дека не е планирана реконструкција на Владата, посочувајќи дека во овој период  интензивно се работи на презентирање буџетите за следната година.

Според премиерот Ковачевски, следен значаен заклучок од анкетата е дека ние се наоѓаме во период на најголема економска и енергетска криза после Втората светска војна и сите сме свесни за растечката инфлација во целиот свет, особено во Европа.

– Но, и тука доколку се анализира, тогаш сите мерки што ги преземавме во изминатиот период, зголемувањето на минималната плата и на пензиите, идното зголемување на минималната плата за идната годна според методологијата која што ја воведовме, зголемувањето на пензиите коишто исто така следуваат пак во март, што ќе влијае и врз зголемување на просечната плата, сите инвестиции во обновливи извори на енергија кои што се прават… Сметам дека ова ќе има позитивно влијание врз следната анкета која што ќе биде правена и која ќе биде објавена, рече Ковачевски.

The post Ковачевски е задоволен од рејтинот од пет посто според анкетата на ИРИ appeared first on Република.

]]>

Од анкетата на ИРИ можат да се извлечат корисни заклучоци, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, додавајќи дека резултатите од анкетата не го изненадуваат, имајќи ги предвид контекстот и времето кога е направена септември-октомври, по прифаќањето на францускиот предлог, што според него, имало влијание врз нив.
– Значи тоа се случуваше во месец јули, а анкетата е во месец септември, што секако дека влијае врз расположението на граѓаните и градењето на перцепциите. Во тој период беше направена голема хистерија во однос на европскиот предлог, што тој ќе предизвика, дека Македонците ќе го изгубеле својот јазик, дека ќе сме изгубеле идентитет. Тоа го правеа опозицијата и, пред се Левица со нивниот заложник ВМРО – ДПМНЕ и тоа сигурно дека влијаело врз перцепциите на граѓаните, рече Ковачевски.
Според Ковачевски, исто така многу важен заклучок е дека граѓаните во огромен процент – три четвртини се за зачленување на Македонија во ЕУ и не гледаат друга алтернатива, освен еден мал процент, но сепак, додава тој, тоа се наши граѓани коишто гледаат алтернатива во некаква евроазиска унија, која што ја промовира Левица.
– Има уште еден значаен податок, а тоа е дека во таа анкета не се опфатени подоцнежните одлуки коишто се случија, а тоа е бидејќи тие се случија на 26 октомври кога е веќе завршено истражувањето, а тоа е потпишувањето на Договорот со Фронтекс и практично воведувањето на чист македонски јазик без никакви фусноти, дообјаснувања и појаснувања во ЕУ, рамноправно со сите други јазици, како и почетокот на преведување на целото законодавство на македонски јазик, за што веќе се склучени договори за оператори, рече Ковачевски.
Премиерот смета дека граѓаните знаат да препознаат кога некој го вложува целиот свој труд и напор и енергија во време на најголема енергетска и економска криза, се грижи за одржување на економска стабилност, обезбедување на енергетска стабилност на топлинска енергија во Градот Скопје, иако не му е обврска. – И само се потврдува дека ако го гледате делот на одговорите на испитаниците, тогаш практично зборувајќи за себе, бидејќи опфаќа десет месеци од моето назначување за претседател на Влада, свесноста за работата растела со 1,44 проценти на месечно ниво, што е прилично голем процент, смета Ковачевски. Ако гледаме во однос на политичките рејтинзи, додава тој, тогаш исто така и тоа е респектибилно со оглед на десетмесечниот период на управување со Владата, посочувајќи  дека со владините политики очекува на следната анкета резултатите ќе бидат подобри. Ковачевски не сакаше да го коментира нискиот процент на доверба во правосудството во анкетата, бидејќи, како што рече, тоа е прашање за правосудните органи. Запрашан за тоа дали „министерот за правда ќе биде реконструиран доколку продолжи ваквиот тренд во правосудството“, Ковачевски истакна дека надлежностите на министерот се да носи законски решенија за работата на правосудната фела и да обезбеди буџет. – Во однос на правосудството ќе повторам јас не учествувам во какви било одлуки, ниту пак ќе се случи тоа во иднина. Истото се однесува и на министерот за правда, што значи сите одлуки кои што во кадровскиот дел ги носат судовите и обвинителствата се одлуки во исклучива надлежност на правосудните органи. Министерот за правда има обврска да носи законски решенија кои се однесуваат на унапредување на работата на правосудната фела и да обезбеди буџет, рече Ковачевски. Тој истакна дека не е планирана реконструкција на Владата, посочувајќи дека во овој период  интензивно се работи на презентирање буџетите за следната година. Според премиерот Ковачевски, следен значаен заклучок од анкетата е дека ние се наоѓаме во период на најголема економска и енергетска криза после Втората светска војна и сите сме свесни за растечката инфлација во целиот свет, особено во Европа.
– Но, и тука доколку се анализира, тогаш сите мерки што ги преземавме во изминатиот период, зголемувањето на минималната плата и на пензиите, идното зголемување на минималната плата за идната годна според методологијата која што ја воведовме, зголемувањето на пензиите коишто исто така следуваат пак во март, што ќе влијае и врз зголемување на просечната плата, сите инвестиции во обновливи извори на енергија кои што се прават… Сметам дека ова ќе има позитивно влијание врз следната анкета која што ќе биде правена и која ќе биде објавена, рече Ковачевски.

The post Ковачевски е задоволен од рејтинот од пет посто според анкетата на ИРИ appeared first on Република.

]]>
ИРИ прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ на следните парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/iri-prognozira-ubedliva-pobeda-na-vmro-dpmne-pred-sdsm-na-slednite-parlamentarni-izbori/ Mon, 07 Mar 2022 12:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=468943

Ако утре се одржат предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе убедлива победа, прогнозира ИРИ во својата последна анкета објавена утрово.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 20% од граѓаните а СДСМ кај 17%.

ДУИ има доверба од 7%,Алијанса, Левица 4% колку што има и БЕСА.

Истражувањето беше спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Брима фирма за истражување на пазарот (дел од групацијата КАНТАР и македонски член на здружението Галуп Интернешнл Асоцијација). Податоците беа собрани од 27 ноември до 23 декември 2021, со повеќе степен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.

Национално репрезентативната големина на примерокот на анкетирани е 1,226 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците беа пондерирани според возраста, полот, регионот и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2.8 поени на ниво на доверба од 95%.

The post ИРИ прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ на следните парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Ако утре се одржат предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе убедлива победа, прогнозира ИРИ во својата последна анкета објавена утрово. Според неа, ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 20% од граѓаните а СДСМ кај 17%. ДУИ има доверба од 7%,Алијанса, Левица 4% колку што има и БЕСА. Истражувањето беше спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Брима фирма за истражување на пазарот (дел од групацијата КАНТАР и македонски член на здружението Галуп Интернешнл Асоцијација). Податоците беа собрани од 27 ноември до 23 декември 2021, со повеќе степен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Национално репрезентативната големина на примерокот на анкетирани е 1,226 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците беа пондерирани според возраста, полот, регионот и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2.8 поени на ниво на доверба од 95%.

The post ИРИ прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ на следните парламентарни избори appeared first on Република.

]]>