Анџело Ѓоргиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andzelo-gjorgievski/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 14:43:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анџело Ѓоргиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andzelo-gjorgievski/ 32 32 Апелација одлучи: Еве по колку ќе бидат во затвор Анџело, Клементина и Андреј за убиството на ракометарот Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-odluchi-eve-po-kolku-ke-bidat-vo-zatvor-andhelo-klementina-i-andrej-za-ubistvoto-na-rakometarot-denis-tot/ Tue, 25 Jul 2023 14:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=665181

Апелацискиот суд ги потврди казните на сите осудени за убиството на хравтскиот ракометар, Денис Тот.

Првообвинетиот, Анџело Ѓорѓиевски, доби казна од 18 години затвор исто колку и второобвинетата, Клементина Лефковска.

И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор, а тој беше осуден на 16 години.

Промени има во пресудата само во делот на сумата на пари која треба да ја исплатат на членови на семејството Тот.

Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А. Ѓ. е одбиена како неоснована, а жалбите на обвинетите А. К. и К. Л. се делумно уважени на начин што пресудата на Основниот кривичен суд се преиначува и во однос на досудениот износ на име нематеријална штета и обвинетите се задолжени, солидарно, на мајката на починатиот Денис Тот, Т. Т., да ѝ исплатат 4.000.000 денари. Идентичен износ ќе треба да му се исплати и на И. Т., татко на починатиот, а на Б. Т., брат на покојниот, досудена е исплата на име нематеријална штета во висина од 3.000.000 денари. Во согласност со пресудата, при исплатата ќе биде пресметана и законска казнена камата од денот на донесување на првостепената пресуда“, велат од скопска Апелација.

The post Апелација одлучи: Еве по колку ќе бидат во затвор Анџело, Клементина и Андреј за убиството на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд ги потврди казните на сите осудени за убиството на хравтскиот ракометар, Денис Тот. Првообвинетиот, Анџело Ѓорѓиевски, доби казна од 18 години затвор исто колку и второобвинетата, Клементина Лефковска. И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор, а тој беше осуден на 16 години. Промени има во пресудата само во делот на сумата на пари која треба да ја исплатат на членови на семејството Тот.
Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А. Ѓ. е одбиена како неоснована, а жалбите на обвинетите А. К. и К. Л. се делумно уважени на начин што пресудата на Основниот кривичен суд се преиначува и во однос на досудениот износ на име нематеријална штета и обвинетите се задолжени, солидарно, на мајката на починатиот Денис Тот, Т. Т., да ѝ исплатат 4.000.000 денари. Идентичен износ ќе треба да му се исплати и на И. Т., татко на починатиот, а на Б. Т., брат на покојниот, досудена е исплата на име нематеријална штета во висина од 3.000.000 денари. Во согласност со пресудата, при исплатата ќе биде пресметана и законска казнена камата од денот на донесување на првостепената пресуда“, велат од скопска Апелација.

The post Апелација одлучи: Еве по колку ќе бидат во затвор Анџело, Клементина и Андреј за убиството на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Судот да нè казни за тоа што го направивме, а тоа не е убиство со умисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudot-da-ne-kazni-za-toa-shto-go-napravivme-a-toa-ne-e-ubistvo-so-umisla/ Mon, 21 Nov 2022 13:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=576551

Барам од судот да ме казни за она што реално сум го направил, а тоа, според мене, мислам дека и според многу други, секако не е убиство со умисла, изјави обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, во своите завршни зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот.

Обвинетиот Ѓоргиевски рече дека во ниеден момент не сакал да го повреди, или како било да му наштети на сега починатиот Денис Тот.

Воедно, сакам да кажам дека изразувам искрено жалење и жалам за овој немил настан и за сето тоа што се случи, жалам и за загубениот човечки живот. Сакам уште еднаш да потенцирам дека мојата реакција беше во состојба на афект и од страв. Ниту сакав, ниту би го повредил сега починатиот Денис Тот, рече тој.

Обвинетата Клементина изјави дека останува во целост со завршните зборови на нејзините адвокати и рече дека ѝ е жал за случајот, за кој, како што рече, „во никој случај не сакав да се случи тоа“.

Многу ми е жал и многу ми е криво за немилиот настан што се случи, рече обвинетиот Андреј Костовски кој како олеснителна околност го посочи фактот што самиот се пријавил во полициската станица за расветлување на случајот.

Ослободителна пресуда побараа и бранителите на обвинетите, додека, јавната обвинителка Тања Трајчевска побара осудителна пресуда.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Пресудата ќе биде објавена на 30 ноември.

The post Судот да нè казни за тоа што го направивме, а тоа не е убиство со умисла appeared first on Република.

]]>

Барам од судот да ме казни за она што реално сум го направил, а тоа, според мене, мислам дека и според многу други, секако не е убиство со умисла, изјави обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, во своите завршни зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот. Обвинетиот Ѓоргиевски рече дека во ниеден момент не сакал да го повреди, или како било да му наштети на сега починатиот Денис Тот.
Воедно, сакам да кажам дека изразувам искрено жалење и жалам за овој немил настан и за сето тоа што се случи, жалам и за загубениот човечки живот. Сакам уште еднаш да потенцирам дека мојата реакција беше во состојба на афект и од страв. Ниту сакав, ниту би го повредил сега починатиот Денис Тот, рече тој.
Обвинетата Клементина изјави дека останува во целост со завршните зборови на нејзините адвокати и рече дека ѝ е жал за случајот, за кој, како што рече, „во никој случај не сакав да се случи тоа“.
Многу ми е жал и многу ми е криво за немилиот настан што се случи, рече обвинетиот Андреј Костовски кој како олеснителна околност го посочи фактот што самиот се пријавил во полициската станица за расветлување на случајот.
Ослободителна пресуда побараа и бранителите на обвинетите, додека, јавната обвинителка Тања Трајчевска побара осудителна пресуда. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Пресудата ќе биде објавена на 30 ноември.

The post Судот да нè казни за тоа што го направивме, а тоа не е убиство со умисла appeared first on Република.

]]>
„Анџело се обиде да помогне, а не да убие“, рече во завршните зборови за случајот Денис Тот бранителот Танев https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/andzelo-se-obide-da-pomogne-a-ne-da-ubie-reche-vo-zavrshnite-zborovi-za-sluchajot-denis-tot-branitelot-tanev/ Mon, 21 Nov 2022 11:57:35 +0000 https://republika.mk/?p=576477

Доказите на Обвинителството се во прилог на одбраната, изјави адвокатот Иле Танев, бранител на обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, во денешните завршни зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Според него, во овој случај не постои кривично дело „убиство“.

Дилемата која се наметнува во Судот и во јавноста, а е поврзана со кривичното дело кое се става на товар, е само правна, а не и фактичка состојба, бидејќи од доказите произлегува сосема друга фактичка состојба, која не дава можност на обвинетиот Анџело да му се суди за делото што му се става на товар, рече Танев.

Тој посочи дека сите дејствија на Ѓоргиевски биле во насока на помагање, односно, како што рече „да му се помогне на оштетениот, а не да се повреди или убие“.

Како што произлегува од доказите, обвинетиот Анџело дејствувал противправно само десетина секунди, само откако излегол од таксито, рече Танев.

Претходно, обвинителката Тања Трајчевска побара осудителна пресуда за обвинетите, бидејќи, според неа, од доказната постапка произлегло дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин, време и место како што е опишано во обвинителниот акт и побара од Судот да пресуди по однос на нив, имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности.

Обвинителството ги гони Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска. Судењето продолжи со завршни зборови на одбраната на обвинетата Клементина Левковска.

The post „Анџело се обиде да помогне, а не да убие“, рече во завршните зборови за случајот Денис Тот бранителот Танев appeared first on Република.

]]>

Доказите на Обвинителството се во прилог на одбраната, изјави адвокатот Иле Танев, бранител на обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, во денешните завршни зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Според него, во овој случај не постои кривично дело „убиство“.
Дилемата која се наметнува во Судот и во јавноста, а е поврзана со кривичното дело кое се става на товар, е само правна, а не и фактичка состојба, бидејќи од доказите произлегува сосема друга фактичка состојба, која не дава можност на обвинетиот Анџело да му се суди за делото што му се става на товар, рече Танев.
Тој посочи дека сите дејствија на Ѓоргиевски биле во насока на помагање, односно, како што рече „да му се помогне на оштетениот, а не да се повреди или убие“.
Како што произлегува од доказите, обвинетиот Анџело дејствувал противправно само десетина секунди, само откако излегол од таксито, рече Танев.
Претходно, обвинителката Тања Трајчевска побара осудителна пресуда за обвинетите, бидејќи, според неа, од доказната постапка произлегло дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин, време и место како што е опишано во обвинителниот акт и побара од Судот да пресуди по однос на нив, имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности. Обвинителството ги гони Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска. Судењето продолжи со завршни зборови на одбраната на обвинетата Клементина Левковска.

The post „Анџело се обиде да помогне, а не да убие“, рече во завршните зборови за случајот Денис Тот бранителот Танев appeared first on Република.

]]>
Ударот од Анџело бил слаб, се виде дека е тип кој се повлекува кога некој напаѓа, сведочеа вештите лица во судењето за Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/udarot-od-andzelo-bil-slab-se-vide-deka-e-tip-koj-se-povlekuva-koga-nekoj-napagja-svedochea-veshtite-lica-vo-sudenjeto-za-denis-tot/ Mon, 31 Oct 2022 11:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=567751

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 9 ноември, откако денеска од страна на одбраната беа изведени докази во Основниот Кривичен суд Скопје.

На судењето беа повикани Д-р Зора Митиќ, вешто лице психијатар и Д-р Соња Ефтимова, специјалист по психологија кои ја анализираа психолошката состојба на Анџело Ѓоргиевски, еден од обвинетите во процесот.

Митиќ посочи дека Анџело имал лузни на десната рака, истата со која му го задава првиот удар на Тот. Според неа, мускулатурата на овој екстремитет му е слаб, што би значело и дека ударот бил слаб.

На судењето сведочеше и Сања Ефтимовска – специјалист по медицинска психологија. Таа го опишуваше Ѓоргиевски како лице кое е пасивно во стресни ситуации

Се работи за личност со здраво разумско логично размислување со сочуван тест на реалноста и способност за компензирано однесување. Во стресни ситуации и фрустрациони, луѓето различно реагираат, се виде дека Анџело е склон кон пасивизација, пие и лекови, доминираат симптоми од невротски тип состојба во која некој се повлекува некој напаѓа, тој е од тие типови кои пасивизираат, изјави Соња Ефтимова.

Повиканите сведоци за кои беше предвидено да присуствуваат на денешното рочиште, не беа присутни.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Ударот од Анџело бил слаб, се виде дека е тип кој се повлекува кога некој напаѓа, сведочеа вештите лица во судењето за Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 9 ноември, откако денеска од страна на одбраната беа изведени докази во Основниот Кривичен суд Скопје. На судењето беа повикани Д-р Зора Митиќ, вешто лице психијатар и Д-р Соња Ефтимова, специјалист по психологија кои ја анализираа психолошката состојба на Анџело Ѓоргиевски, еден од обвинетите во процесот. Митиќ посочи дека Анџело имал лузни на десната рака, истата со која му го задава првиот удар на Тот. Според неа, мускулатурата на овој екстремитет му е слаб, што би значело и дека ударот бил слаб. На судењето сведочеше и Сања Ефтимовска – специјалист по медицинска психологија. Таа го опишуваше Ѓоргиевски како лице кое е пасивно во стресни ситуации
Се работи за личност со здраво разумско логично размислување со сочуван тест на реалноста и способност за компензирано однесување. Во стресни ситуации и фрустрациони, луѓето различно реагираат, се виде дека Анџело е склон кон пасивизација, пие и лекови, доминираат симптоми од невротски тип состојба во која некој се повлекува некој напаѓа, тој е од тие типови кои пасивизираат, изјави Соња Ефтимова.
Повиканите сведоци за кои беше предвидено да присуствуваат на денешното рочиште, не беа присутни. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Ударот од Анџело бил слаб, се виде дека е тип кој се повлекува кога некој напаѓа, сведочеа вештите лица во судењето за Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Свесно знаеле што прават и кои се последиците, вели вештакот за обвинетите за убиството на Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/svesno-znaele-shto-pravat-i-koi-se-posledicite-veli-veshtakot-za-obvinetite-za-ubistvoto-na-denis-tot/ Mon, 03 Oct 2022 11:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=556808

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина.

Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се механички повреди и се настанати со дејство на тапо-тврда сила во конкретните регии.

Во однос на севкупното дејство на повредите, станува збор за тешки телесни повреди со конкретна опасност по живот на повредениот, рече таа.

Како причина за смртта на сега покојниот Денис Тот таа го посочи нагмечувањето на ‘рбетниот и големиот мозок.

На прашање од одбраната дали нагмечувањето на ‘рбетниот мозок е нанесено со удар или со пад, вештото лице одговори дека е настаната поради дејство на тапо тврда сила која предизвикала ротација на главата а со тоа и последователна повреда на ‘рбетниот мозок.

Вештото лице од областа на психијатријата, Александар Марцикиќ, се изјасни за здравствената состојба на обвинетите која, како што рече, „ја констатирав на 28 април 2022 година, кога и го извршив прегледот“.

Тој посочи дека обвинетата Клементина Левковска е психички здрава индивидуа со уредна интелигенција.

Со прегледот се констатирани реакција на актуелната стресогена ситуација за неа која ценам дека е од висок степен поради настанот и исходот од настанот кој што се случил, како и репрекусиите кои дошле после тоа, во вид на кривична постапка и притвор, рече тој.

За обвинетите Анџело Георгиевски и Андреј Костовски, исто така, посочи, станува збор за психички здрави особи со просечна, односно уредни интелектуални капацитети и кај нив е констатирана психичка реакција на стресни ситуации во рамките на нормална реакција поради исходот од настанот, притворот и кривичната постапка која се води.

Во врска со прашањето дали обвинетите до сега страдале од некое минливо или трајно психичко пореметување, вештото лице одговори дека од прегледот, кој го направил констатирал дека кај обвинетата Клементина Лековска на 13 годишна возраст било констатирано минливо психичко пореметување во вид на пореметување на однесување во детска возраст.

Ова пореметување значи дека во тој период од животот таа манифестирала и однесување кое се карактеризирало со дисоцијални постапки, агресивност, раздразливост, кое го надминувало бунтовното и инаетливо однесување карактеристично за овој период во кој што таа се наоѓала, тоа е период на пубертет, рече тој.

Прашан дали обвинетите при прегледот биле агресивни, насилни или во состојба да ја искривуваат вистината, тој одговори дека при прегледот, ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност.

Како што опишав, кај нив беше актуелна психичката реакција на исходот од настанот и реперкусиите од нив, кои што воглавно се со слични манифестации, грижа на совест, чувство на вина, видлива вознемиреност поради исходот на случката и кривичната постапа против нив, страв или анксиозност од самата постапка и последиците, пред сѐ мислам на социјалните последици, рече тој.

На прашањето дали тројцата обвинети во моментот на извршувањето на кривичното дело можеле да го сфатат значењето на делото и дали истите можеле да управуваат со своите постапки, вештакот рече дека секој од обвинетите во време на настанот бил со запазено психичко здравје, така што, како што посочи, можеле да ги разберат своите постапки, да ги претпостават последиците од истите и да раководат со истите.

Одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото.

Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден.

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Свесно знаеле што прават и кои се последиците, вели вештакот за обвинетите за убиството на Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина. Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се механички повреди и се настанати со дејство на тапо-тврда сила во конкретните регии.
Во однос на севкупното дејство на повредите, станува збор за тешки телесни повреди со конкретна опасност по живот на повредениот, рече таа.
Како причина за смртта на сега покојниот Денис Тот таа го посочи нагмечувањето на ‘рбетниот и големиот мозок. На прашање од одбраната дали нагмечувањето на ‘рбетниот мозок е нанесено со удар или со пад, вештото лице одговори дека е настаната поради дејство на тапо тврда сила која предизвикала ротација на главата а со тоа и последователна повреда на ‘рбетниот мозок. Вештото лице од областа на психијатријата, Александар Марцикиќ, се изјасни за здравствената состојба на обвинетите која, како што рече, „ја констатирав на 28 април 2022 година, кога и го извршив прегледот“. Тој посочи дека обвинетата Клементина Левковска е психички здрава индивидуа со уредна интелигенција.
Со прегледот се констатирани реакција на актуелната стресогена ситуација за неа која ценам дека е од висок степен поради настанот и исходот од настанот кој што се случил, како и репрекусиите кои дошле после тоа, во вид на кривична постапка и притвор, рече тој.
За обвинетите Анџело Георгиевски и Андреј Костовски, исто така, посочи, станува збор за психички здрави особи со просечна, односно уредни интелектуални капацитети и кај нив е констатирана психичка реакција на стресни ситуации во рамките на нормална реакција поради исходот од настанот, притворот и кривичната постапка која се води. Во врска со прашањето дали обвинетите до сега страдале од некое минливо или трајно психичко пореметување, вештото лице одговори дека од прегледот, кој го направил констатирал дека кај обвинетата Клементина Лековска на 13 годишна возраст било констатирано минливо психичко пореметување во вид на пореметување на однесување во детска возраст.
Ова пореметување значи дека во тој период од животот таа манифестирала и однесување кое се карактеризирало со дисоцијални постапки, агресивност, раздразливост, кое го надминувало бунтовното и инаетливо однесување карактеристично за овој период во кој што таа се наоѓала, тоа е период на пубертет, рече тој.
Прашан дали обвинетите при прегледот биле агресивни, насилни или во состојба да ја искривуваат вистината, тој одговори дека при прегледот, ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност.
Како што опишав, кај нив беше актуелна психичката реакција на исходот од настанот и реперкусиите од нив, кои што воглавно се со слични манифестации, грижа на совест, чувство на вина, видлива вознемиреност поради исходот на случката и кривичната постапа против нив, страв или анксиозност од самата постапка и последиците, пред сѐ мислам на социјалните последици, рече тој.
На прашањето дали тројцата обвинети во моментот на извршувањето на кривичното дело можеле да го сфатат значењето на делото и дали истите можеле да управуваат со своите постапки, вештакот рече дека секој од обвинетите во време на настанот бил со запазено психичко здравје, така што, како што посочи, можеле да ги разберат своите постапки, да ги претпостават последиците од истите и да раководат со истите. Одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото. Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден. Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Свесно знаеле што прават и кои се последиците, вели вештакот за обвинетите за убиството на Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Каде се криеше Анџело шест дена: Ѓоргиевски бил контактиран од наркодилер за време на полициската истрага https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kade-se-krieshe-andzelo-shest-dena-gjorgievski-bil-kontaktiran-od-narkodiler-za-vreme-na-policiskata-istraga/ Sat, 16 Apr 2022 11:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=489269

Дали истрагата за смртта на ракометарот Денис Тот ќе се прошири на повеќе од три лица? Ова прашање се наметнува поради фактот што првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски, шест дена беше во бегство, иако за него беше распишан и централен распис и меѓународна потерница, а првиот човек на МВР, министерот Оливер Спасовски, посочи дека тој се криел „во објект во Скопје“.

„Слободен печат“ праша во Oбвинителството чиј бил овој „објект“, дали имал помагач односно соучесник што го криел првообвинетиот додека полицијата трагаше по него, но оттаму не ни одговорија „во интерес на истрагата“. На тројцата осомничени А.Ѓ. (28), К.Л. (19) и А.К. (22) им е одреден триесетдневен притвор. А.Ѓ. последен беше приведен откако шест дена беше недостапен за органите на прогонот.

Надлежниот јавен обвинител ги испитува сите околности во предметот за кој покажувате интерес и интензивно прибира вербални и материјални докази со цел утврдување на сите факти. Во моментов истражната постапка се води против три лица за кривично дело убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот Закони, велат од ОЈО за „Слободен печат“.

Обвинителството не споделува ниту дали биле извршени тестирања за присуство на дрога и алкохол во крвта на тројцата осомничени за убиството на хрватскиот ракометар.

Доколку осомничените биле под дејство на дроги, тогаш тоа би била отежнителна околност за нив.

Според наши извори, Ѓоргиевски по телефон бил контактиран од наркодилер за време на полициската истрага. Нему му кажал дека се крие во Косово. Обвинетите дале искази што посочуваат на две различни стории за мотивот за насилниот инцидент во кој ракометарот беше убиен. Едната од нив е дека почнале да го удираат поради расправија за место во такси-возилото, а другата верзија е дека Тот ја навредувал и непристојно ја допирал второосомничената К.Л.

Неофицијално, вечерта по полноќ, Денис Тот и тројцата осомничени за неговото убиство, влегле во дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот Градски парк, по што се дружеле во исто сепаре и пиеле виски и енергетски пијалаци. До излегувањето од дискотеката, во 3:30 часот по полноќ, немало конфликт меѓу нив, но состојбата, според она што може да се види на снимките од безбедносните камери, брзо ескалирала. Од првиот удар во пределот на лицето, кој на Тот му го задал А.Ѓ., тој паднал  на асфалтот и останал неподвижен, по што второосомничената во неколку наврати го клоца и го удира.

Извор: Слободен печат

The post Каде се криеше Анџело шест дена: Ѓоргиевски бил контактиран од наркодилер за време на полициската истрага appeared first on Република.

]]>

Дали истрагата за смртта на ракометарот Денис Тот ќе се прошири на повеќе од три лица? Ова прашање се наметнува поради фактот што првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски, шест дена беше во бегство, иако за него беше распишан и централен распис и меѓународна потерница, а првиот човек на МВР, министерот Оливер Спасовски, посочи дека тој се криел „во објект во Скопје“. „Слободен печат“ праша во Oбвинителството чиј бил овој „објект“, дали имал помагач односно соучесник што го криел првообвинетиот додека полицијата трагаше по него, но оттаму не ни одговорија „во интерес на истрагата“. На тројцата осомничени А.Ѓ. (28), К.Л. (19) и А.К. (22) им е одреден триесетдневен притвор. А.Ѓ. последен беше приведен откако шест дена беше недостапен за органите на прогонот. Надлежниот јавен обвинител ги испитува сите околности во предметот за кој покажувате интерес и интензивно прибира вербални и материјални докази со цел утврдување на сите факти. Во моментов истражната постапка се води против три лица за кривично дело убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот Закони, велат од ОЈО за „Слободен печат“. Обвинителството не споделува ниту дали биле извршени тестирања за присуство на дрога и алкохол во крвта на тројцата осомничени за убиството на хрватскиот ракометар. Доколку осомничените биле под дејство на дроги, тогаш тоа би била отежнителна околност за нив. Според наши извори, Ѓоргиевски по телефон бил контактиран од наркодилер за време на полициската истрага. Нему му кажал дека се крие во Косово. Обвинетите дале искази што посочуваат на две различни стории за мотивот за насилниот инцидент во кој ракометарот беше убиен. Едната од нив е дека почнале да го удираат поради расправија за место во такси-возилото, а другата верзија е дека Тот ја навредувал и непристојно ја допирал второосомничената К.Л. Неофицијално, вечерта по полноќ, Денис Тот и тројцата осомничени за неговото убиство, влегле во дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот Градски парк, по што се дружеле во исто сепаре и пиеле виски и енергетски пијалаци. До излегувањето од дискотеката, во 3:30 часот по полноќ, немало конфликт меѓу нив, но состојбата, според она што може да се види на снимките од безбедносните камери, брзо ескалирала. Од првиот удар во пределот на лицето, кој на Тот му го задал А.Ѓ., тој паднал  на асфалтот и останал неподвижен, по што второосомничената во неколку наврати го клоца и го удира. Извор: Слободен печат

The post Каде се криеше Анџело шест дена: Ѓоргиевски бил контактиран од наркодилер за време на полициската истрага appeared first on Република.

]]>