анджеј дуда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andzej-duda/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 16:50:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анджеј дуда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andzej-duda/ 32 32 Полскиот претседател не сака да се фотографира со Лукашенко https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-ne-saka-da-se-fotografira-so-lukashenko/ Tue, 12 Nov 2024 16:50:22 +0000 https://republika.mk/?p=836910

Полскиот претседател Анджеј Дуда одби да биде на заедничка фотографија со другите лидери на климатскиот самит КОП29 што се одржува во Баку.

Како што објави полската новинска агенција ПАП, тој не сакал да биде на заедничка фотографија со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Од истата причина, минатата година, Дуда не присуствуваше на заедничко фотографирање со учесниците на климатскиот самит КОП28 во Дубаи.

Климатскиот самит на Обединетите нации се одржува секоја година, а оваа година средбата беше организирана во главниот град на Азербејџан, Баку, под слоганот „Во солидарност за зелен свет“. паг/

The post Полскиот претседател не сака да се фотографира со Лукашенко appeared first on Република.

]]>

Дуда: Денот на независноста на Украина е празник за цела Централна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/duda-denot-na-nezavisnosta-na-ukraina-e-praznik-za-tsela-tsentralna-evropa/ Sat, 24 Aug 2024 20:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=809841

Полскиот претседател Анджеј Дуда за време на говорот на плоштадот Софија во Киев, по повод државниот празник на Украина, изјави дека „денот на независноста на Украина е празник на независноста на цела Централна Европа, бидејќи без независна Украина не може да има независна Полска и други земји во регионот“.

Денот на вашата независност е, во извесна смисла, прослава на независноста на цела Централна Европа, бидејќи без независна Украина е тешко да се зборува за независна и безбедна Полска, Литванија или други земји од нашиот регион“, рече Дуда, пренесува Укринформ.

Полскиот лидер нагласи дека Полска застанала покрај Украина од самиот почеток на војната и додаде дека Украинците не се сами во тешките искушенија.

Тој изрази уверување дека војната наскоро ќе заврши „со победа на силите на слободата над тиранијата во светот“.

The post Дуда: Денот на независноста на Украина е празник за цела Централна Европа appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател Анджеј Дуда за време на говорот на плоштадот Софија во Киев, по повод државниот празник на Украина, изјави дека „денот на независноста на Украина е празник на независноста на цела Централна Европа, бидејќи без независна Украина не може да има независна Полска и други земји во регионот“.
Денот на вашата независност е, во извесна смисла, прослава на независноста на цела Централна Европа, бидејќи без независна Украина е тешко да се зборува за независна и безбедна Полска, Литванија или други земји од нашиот регион“, рече Дуда, пренесува Укринформ.
Полскиот лидер нагласи дека Полска застанала покрај Украина од самиот почеток на војната и додаде дека Украинците не се сами во тешките искушенија. Тој изрази уверување дека војната наскоро ќе заврши „со победа на силите на слободата над тиранијата во светот“.

The post Дуда: Денот на независноста на Украина е празник за цела Централна Европа appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова на средба со полскиот претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-na-sredba-so-polskiot-pretsedatel/ Sat, 15 Jun 2024 18:03:06 +0000 https://republika.mk/?p=787958

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за мир во Украина што се одржува во Швајцарија, остварила средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.

Кабинетот на Сиљановска Давкова информира дека на средбата биле разменети мислења за билатералните односи, за состојбите во регионот, европските интеграции и за глобалните безбедносни предизвици, како и соработката на двете држави како сојузнички во НАТО.

Соговорниците изразија задоволство од одличната соработка воспоставена на традиционално пријателство и констатираа дека двете држави споделуваат врска создадена во текот на три децении соработка, меѓусебна почит, доверба и разбирање. Беше посочено дека оваа година славиме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, што е доказ за трајно партнерство и заедничките вредности, се наведува во соопштението.

Претседателката ја поздравила „недвосмислената поддршка од Полска на долгиот македонски пат кон ЕУ“ и ја нагласила „важноста од континуираната и отворена поддршка на Полска на македонскиот евроинтеграциски пат“.

Сиљановска Давкова упати благодарност за досегашната поддршка, посочувајќи дека полските искуства ќе ни бидат од голема корист за пристапниот процес кон ЕУ. Таа нагласи дека недвосмислено сме посветени на агендата за интеграција во ЕУ и во тој контекст изрази очекување за силна поддршка од меѓународните партнери и институциите на ЕУ за да се осигуриме дека процесот на нашето членство ќе продолжи непречено. Претседателката Сиљановска-Давкова порача дека е клучно европската перспектива на земјите кандидати да не биде попречувана од вето поради ирационални билатерални прашања, туку процесот треба да се води исклучиво низ призмата на исполнување на копенхагенските критериуми, информира Кабинетот на македонската претседателка.

The post Сиљановска Давкова на средба со полскиот претседател appeared first on Република.

]]>

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за мир во Украина што се одржува во Швајцарија, остварила средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда. Кабинетот на Сиљановска Давкова информира дека на средбата биле разменети мислења за билатералните односи, за состојбите во регионот, европските интеграции и за глобалните безбедносни предизвици, како и соработката на двете држави како сојузнички во НАТО.
Соговорниците изразија задоволство од одличната соработка воспоставена на традиционално пријателство и констатираа дека двете држави споделуваат врска создадена во текот на три децении соработка, меѓусебна почит, доверба и разбирање. Беше посочено дека оваа година славиме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, што е доказ за трајно партнерство и заедничките вредности, се наведува во соопштението.
Претседателката ја поздравила „недвосмислената поддршка од Полска на долгиот македонски пат кон ЕУ“ и ја нагласила „важноста од континуираната и отворена поддршка на Полска на македонскиот евроинтеграциски пат“.
Сиљановска Давкова упати благодарност за досегашната поддршка, посочувајќи дека полските искуства ќе ни бидат од голема корист за пристапниот процес кон ЕУ. Таа нагласи дека недвосмислено сме посветени на агендата за интеграција во ЕУ и во тој контекст изрази очекување за силна поддршка од меѓународните партнери и институциите на ЕУ за да се осигуриме дека процесот на нашето членство ќе продолжи непречено. Претседателката Сиљановска-Давкова порача дека е клучно европската перспектива на земјите кандидати да не биде попречувана од вето поради ирационални билатерални прашања, туку процесот треба да се води исклучиво низ призмата на исполнување на копенхагенските критериуми, информира Кабинетот на македонската претседателка.

The post Сиљановска Давкова на средба со полскиот претседател appeared first on Република.

]]>
Дуда: Зеленски може да бара сè, но Полска не може да му даде сè https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/duda-zelenski-mozhe-da-bara-se-no-polska-ne-mozhe-da-mu-dade-se/ Fri, 23 Feb 2024 08:13:53 +0000 https://republika.mk/?p=747252

Претседателот на Полска Анджеј Дуда изјави дека претседателот на Украина може да бара сè, но дека Полска не може да му даде сè.

Тој додаде дека полската Влада не може многу да направи за блокадата на границата со Украина и го упати на преговори со полските земјоделци, оценувајќи дека неконтролираниот увоз на украинско жито е европски проблем.

За Украинците не може да се каже дека се неблагодарни. Тие се во тешка ситуација. Володимир Зеленски може да бара сè, но ние не можеме да му дадеме сè. Можам да им простам за тие зборови бидејќи се под огромен притисок, секој ден таму луѓето умираат“, изјави вчера Дуда за полската приватна телевизија Полсат.

Во врска со последните обвинувања на Зеленски дека Полјаците не се солидарни кога нивните земјоделци и транспортери ги блокираат границите, и последователниот апел на Зеленски до полскиот премиер Доналд Туск да се сретнат заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со цел отстранување на блокадите, Дуда рече дека тоа не е полски туку европски проблем.

Зарем треба да преговараме со земјоделците за да престанат да протестираат? Според мене, тие се во право. Длабоко чувствувам дека ја поддржував Украина. Му кажав на премиерот Доналд Туск дека е меѓу највисоките функционери во Брисел, ги познава европските претставници. да ги убеди дека тоа е нивен проблем, изјави Дуда.

https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-bara-sredba-so-liderite-na-polska-i-eu-poradi-blokadite-na-polskite-farmeri/

Во меѓувреме, Туск го отфрли апелот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски за итна средба, по можност денеска, на која евентуално би присуствувала и Фон дер Лејнен, за да се реши ескалацијата на блокадите на границата со Украина поради протестите на полските земјоделци и транспортери.

Јасно кажав. Не ни треба симболика во нашите односи. Владите на Полска и Украина ќе се сретнат на 28 март во Варшава“, категоричен е полскиот премиер.

Туск потсети дека Полска долго време дава до знаење дека обврска на Влада е да го заштити својот пазар, вклучително и земјоделските производи.

Предупредивме на заканите поврзани со либерализацијата на трговијата со Украина. Помошта за Украина во војната со Русија е без дискусија. Ќе бараме решение и во преговорите со Украина и европските институции така што помалку да се почувствуваат негативните последици од либерализацијата на трговијата со Украина. Земјоделците можат да сметаат на мене“, рече Туск на вчерашната прес-конференција во Варшава.

Зеленски, по се позачестените немири на протестите на полските земјоделци и откако демонстрантите го фрлаа житото од украинските камиони и вагони на патиштата или железничките пруги, иако во транзит за други пазари, ги обвини Полјаците за недостиг на солидарност со земјата зафатена од војна. Претставниците на двете влади дури разменија закани дека ќе стават целосно ембарго за увоз на стоки од другата земја.

The post Дуда: Зеленски може да бара сè, но Полска не може да му даде сè appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Полска Анджеј Дуда изјави дека претседателот на Украина може да бара сè, но дека Полска не може да му даде сè. Тој додаде дека полската Влада не може многу да направи за блокадата на границата со Украина и го упати на преговори со полските земјоделци, оценувајќи дека неконтролираниот увоз на украинско жито е европски проблем.
За Украинците не може да се каже дека се неблагодарни. Тие се во тешка ситуација. Володимир Зеленски може да бара сè, но ние не можеме да му дадеме сè. Можам да им простам за тие зборови бидејќи се под огромен притисок, секој ден таму луѓето умираат“, изјави вчера Дуда за полската приватна телевизија Полсат.
Во врска со последните обвинувања на Зеленски дека Полјаците не се солидарни кога нивните земјоделци и транспортери ги блокираат границите, и последователниот апел на Зеленски до полскиот премиер Доналд Туск да се сретнат заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со цел отстранување на блокадите, Дуда рече дека тоа не е полски туку европски проблем.
Зарем треба да преговараме со земјоделците за да престанат да протестираат? Според мене, тие се во право. Длабоко чувствувам дека ја поддржував Украина. Му кажав на премиерот Доналд Туск дека е меѓу највисоките функционери во Брисел, ги познава европските претставници. да ги убеди дека тоа е нивен проблем, изјави Дуда.
https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-bara-sredba-so-liderite-na-polska-i-eu-poradi-blokadite-na-polskite-farmeri/ Во меѓувреме, Туск го отфрли апелот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски за итна средба, по можност денеска, на која евентуално би присуствувала и Фон дер Лејнен, за да се реши ескалацијата на блокадите на границата со Украина поради протестите на полските земјоделци и транспортери.
Јасно кажав. Не ни треба симболика во нашите односи. Владите на Полска и Украина ќе се сретнат на 28 март во Варшава“, категоричен е полскиот премиер.
Туск потсети дека Полска долго време дава до знаење дека обврска на Влада е да го заштити својот пазар, вклучително и земјоделските производи.
Предупредивме на заканите поврзани со либерализацијата на трговијата со Украина. Помошта за Украина во војната со Русија е без дискусија. Ќе бараме решение и во преговорите со Украина и европските институции така што помалку да се почувствуваат негативните последици од либерализацијата на трговијата со Украина. Земјоделците можат да сметаат на мене“, рече Туск на вчерашната прес-конференција во Варшава.
Зеленски, по се позачестените немири на протестите на полските земјоделци и откако демонстрантите го фрлаа житото од украинските камиони и вагони на патиштата или железничките пруги, иако во транзит за други пазари, ги обвини Полјаците за недостиг на солидарност со земјата зафатена од војна. Претставниците на двете влади дури разменија закани дека ќе стават целосно ембарго за увоз на стоки од другата земја.

The post Дуда: Зеленски може да бара сè, но Полска не може да му даде сè appeared first on Република.

]]>
Дуда: Нема да се смирам се додека Камински и Васик повторно не бидат на слобода https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/duda-nema-da-se-smiram-se-dodeka-kaminski-i-vasik-povtorno-ne-bidat-na-sloboda/ Wed, 10 Jan 2024 17:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=731691

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека нема да мирува се додека уапсениот поранешен министер за внатрешни работи Мариуш Камински и неговиот заменик Мачеј Васик повторно не бидат ослободени.

Дуда нагласи дека останува на ставот дека ги помилувал Камински и Восик во 2015 година, согласно Уставот и дека помилувањето важи и денеска.

Полскиот претседател потсети и дека помилувањето е потврдено со пресуда на Окружниот суд, а потоа и со три пресуди на Уставниот суд, кој, како што наведе, ја признал неговата исправност.

-Министрите, денеска пратеници избрани на последните парламентарни избори, имаат свои мандати и сите обиди да им се одземат тие мандати се всушност незаконски. Јас застанав на оваа позиција и натаму стојам на неа, ништо не се менува, нагласи Дуда.

Тој кажа и дека е „длабоко шокиран“ од вчерашното приведување на Камински и Васик во претседателската палата, пренесува полската агенција ПАП.

-Министрите беа приведени и моментално се во притвор. Не сакам да навлегувам во детали како се случило тоа бидејќи ми е смешно кога слушам дека ова не е политичка работа, додаде Дуда.

Неколку недели откако партијата Право и Правда дојде на власт во 2015 година, Дуда го помилува Мариуш Камински, кој беше осуден за злоупотреба на политичко влијание и со тоа му овозможи да стане министер за внатрешни работи.

Во постапката пред Апелациониот суд беше одлучено случајот повторно да се отвори и во декември минатата година Камински и Васик беа осудени на две години затвор за злоупотреба на политичките овластувања.

Камински денеска почна штрајк со глад, откако вчера беше уапсен и пренесен во затвор, заедно со неговиот заменик Мациеј Васик.

Полскиот премиер Доналд Туск претходно го обвини претседателот Анджеј Дуда за попречување на правдата, откако Камински и неговиот заменик Мачеј Васик беа видени во претседателската палата.

The post Дуда: Нема да се смирам се додека Камински и Васик повторно не бидат на слобода appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека нема да мирува се додека уапсениот поранешен министер за внатрешни работи Мариуш Камински и неговиот заменик Мачеј Васик повторно не бидат ослободени. Дуда нагласи дека останува на ставот дека ги помилувал Камински и Восик во 2015 година, согласно Уставот и дека помилувањето важи и денеска. Полскиот претседател потсети и дека помилувањето е потврдено со пресуда на Окружниот суд, а потоа и со три пресуди на Уставниот суд, кој, како што наведе, ја признал неговата исправност.
-Министрите, денеска пратеници избрани на последните парламентарни избори, имаат свои мандати и сите обиди да им се одземат тие мандати се всушност незаконски. Јас застанав на оваа позиција и натаму стојам на неа, ништо не се менува, нагласи Дуда.
Тој кажа и дека е „длабоко шокиран“ од вчерашното приведување на Камински и Васик во претседателската палата, пренесува полската агенција ПАП.
-Министрите беа приведени и моментално се во притвор. Не сакам да навлегувам во детали како се случило тоа бидејќи ми е смешно кога слушам дека ова не е политичка работа, додаде Дуда.
Неколку недели откако партијата Право и Правда дојде на власт во 2015 година, Дуда го помилува Мариуш Камински, кој беше осуден за злоупотреба на политичко влијание и со тоа му овозможи да стане министер за внатрешни работи. Во постапката пред Апелациониот суд беше одлучено случајот повторно да се отвори и во декември минатата година Камински и Васик беа осудени на две години затвор за злоупотреба на политичките овластувања. Камински денеска почна штрајк со глад, откако вчера беше уапсен и пренесен во затвор, заедно со неговиот заменик Мациеј Васик. Полскиот премиер Доналд Туск претходно го обвини претседателот Анджеј Дуда за попречување на правдата, откако Камински и неговиот заменик Мачеј Васик беа видени во претседателската палата.

The post Дуда: Нема да се смирам се додека Камински и Васик повторно не бидат на слобода appeared first on Република.

]]>
Полскиот претседател бара од новиот парламент да продолжи да издвојува четири отсто од БДП за армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-bara-od-noviot-parlament-da-prodolzhi-da-izdvojuva-chetiri-otsto-od-bdp-za-armijata/ Mon, 13 Nov 2023 17:05:14 +0000 https://republika.mk/?p=701174

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, побара од новиот состав на полскиот Парламент и идната влада да продолжат забрзаното да ја вооружуваат полската армија и да не се намалат расходите за одбрана, кои се повеќе од четири отсто од бруто домашниот производ.

Дуда на конститутивната седница на парламентот (Сејм) се закани со вето доколку новите власти ги загрозат достигнувањата во изминатите осум години кога на власт во Полска беше неговата конзервативна партија Право и правда.

Најважна е безбедноста на нашата татковина. Силна, модерна армија е најдобрата гаранција за безбедноста. Мора брзо да извлечеме поуки од настаните во Украина. Следната година ја славиме 20-годишнината од членството во НАТО и Европска Унија. Членството во НАТО и ЕУ се темелите на нашата безбедност, тоа е полскиот национален интерес, истакна Дуда пред новите пратеници.

По конститутивните седници на Сејмот и Сенатот, Дуда ќе му го довери мандатот на поранешниот премиер Матеуш Моравјецки да се обиде да формира нова влада, иако тоа изгледа како невозможна мисија бидејќи опозицијата има удобно мнозинство од 248 пратеници од вкупно 460 во Долниот дом.

The post Полскиот претседател бара од новиот парламент да продолжи да издвојува четири отсто од БДП за армијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, побара од новиот состав на полскиот Парламент и идната влада да продолжат забрзаното да ја вооружуваат полската армија и да не се намалат расходите за одбрана, кои се повеќе од четири отсто од бруто домашниот производ. Дуда на конститутивната седница на парламентот (Сејм) се закани со вето доколку новите власти ги загрозат достигнувањата во изминатите осум години кога на власт во Полска беше неговата конзервативна партија Право и правда.
Најважна е безбедноста на нашата татковина. Силна, модерна армија е најдобрата гаранција за безбедноста. Мора брзо да извлечеме поуки од настаните во Украина. Следната година ја славиме 20-годишнината од членството во НАТО и Европска Унија. Членството во НАТО и ЕУ се темелите на нашата безбедност, тоа е полскиот национален интерес, истакна Дуда пред новите пратеници.
По конститутивните седници на Сејмот и Сенатот, Дуда ќе му го довери мандатот на поранешниот премиер Матеуш Моравјецки да се обиде да формира нова влада, иако тоа изгледа како невозможна мисија бидејќи опозицијата има удобно мнозинство од 248 пратеници од вкупно 460 во Долниот дом.

The post Полскиот претседател бара од новиот парламент да продолжи да издвојува четири отсто од БДП за армијата appeared first on Република.

]]>
Полскиот претседател ја смирува ситуацијата: Сакам со Зеленски да раговарам како пријател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-ja-smiruva-situatsijata-sakam-so-zelenski-da-ragovaram-kako-prijatel/ Fri, 22 Sep 2023 10:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=684086

Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера изјави дека е подготвен да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски како пријател за да се реши тензичната ситуација меѓу земјите.

За потсеување, Варшава се закани дека ќе престане да испраќа оружје во Киев во екот на спорот околу увозот на жито.

Осврнувајќи се на изјавата на Зеленски, кој на Генералното собрание на ОН во вторникот рече дека некои од европските пријатели на Украина играат солидарност во политичкиот театар, Дуда за полскиот канал ТВН24 изјави дека, иако неговиот украински колега конкретно не ја спомена Полска, сугестијата сепак постои и сите ја разбрале.

Полскиот претседател рече дека е огорчен од изјавата на Зеленски.

Бев огорчен, тоа е вистинскиот збор. Мислам дека треба малку да се смириме. Овој спор е само мал дел од нашата врска. Не треба да дозволиме да влијае на целата врска. Само другите ќе имаат корист од тоа – изјави Дуда.

На почетокот на оваа година, неколку земји од Европската унија воведоа забрана за увоз на украинско жито за да ги заштитат своите земјоделци кои не можеа да конкурираат со цената.

Минатата недела ЕУ објави планови за суспендирање на ограничувањата, но Полска, Унгарија и Словачка рекоа дека имаат намера да ги задржат.

Треба да го решиме ова. Тоа е всушност правен спор. Разбирам дека Украина е во таква ситуација што бара помош по секоја цена и затоа не се грижи каде продава жито. Ние сакаме да им помогнеме и ние им помагаме – изјави Дуда за ТВН24.

The post Полскиот претседател ја смирува ситуацијата: Сакам со Зеленски да раговарам како пријател appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера изјави дека е подготвен да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски како пријател за да се реши тензичната ситуација меѓу земјите. За потсеување, Варшава се закани дека ќе престане да испраќа оружје во Киев во екот на спорот околу увозот на жито. Осврнувајќи се на изјавата на Зеленски, кој на Генералното собрание на ОН во вторникот рече дека некои од европските пријатели на Украина играат солидарност во политичкиот театар, Дуда за полскиот канал ТВН24 изјави дека, иако неговиот украински колега конкретно не ја спомена Полска, сугестијата сепак постои и сите ја разбрале. Полскиот претседател рече дека е огорчен од изјавата на Зеленски. Бев огорчен, тоа е вистинскиот збор. Мислам дека треба малку да се смириме. Овој спор е само мал дел од нашата врска. Не треба да дозволиме да влијае на целата врска. Само другите ќе имаат корист од тоа – изјави Дуда. На почетокот на оваа година, неколку земји од Европската унија воведоа забрана за увоз на украинско жито за да ги заштитат своите земјоделци кои не можеа да конкурираат со цената. Минатата недела ЕУ објави планови за суспендирање на ограничувањата, но Полска, Унгарија и Словачка рекоа дека имаат намера да ги задржат. Треба да го решиме ова. Тоа е всушност правен спор. Разбирам дека Украина е во таква ситуација што бара помош по секоја цена и затоа не се грижи каде продава жито. Ние сакаме да им помогнеме и ние им помагаме – изјави Дуда за ТВН24.

The post Полскиот претседател ја смирува ситуацијата: Сакам со Зеленски да раговарам како пријател appeared first on Република.

]]>
Полскиот претседател: Русија е најголемата закана за НАТО сојузниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-rusija-e-najgolemata-zakana-za-nato-sojuznitsite/ Wed, 12 Jul 2023 19:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=660593

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, изјави дека Русија станала најголема закана за земјите од НАТО, пренесоа полските медиуми.

Дуда, по Самитот на НАТО во Вилнус, изјави дека Русија многу години ја нарекувале „партнер на НАТО“.

Имаше сојузници кои категорично се изјаснија за вклучување на името на Русија како партнер на НАТО во документите на Алијансата. Но, сега се менува односот на Алијансата кон Русија, која води агресивна војна во Украина. Русија престанува да биде партнер на НАТО... Денес Русија е агресорот... и најголемата закана за земјите од НАТО, заклучи шефот на полската држава, изјави Дуда

The post Полскиот претседател: Русија е најголемата закана за НАТО сојузниците appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, изјави дека Русија станала најголема закана за земјите од НАТО, пренесоа полските медиуми. Дуда, по Самитот на НАТО во Вилнус, изјави дека Русија многу години ја нарекувале „партнер на НАТО“.
Имаше сојузници кои категорично се изјаснија за вклучување на името на Русија како партнер на НАТО во документите на Алијансата. Но, сега се менува односот на Алијансата кон Русија, која води агресивна војна во Украина. Русија престанува да биде партнер на НАТО... Денес Русија е агресорот... и најголемата закана за земјите од НАТО, заклучи шефот на полската држава, изјави Дуда

The post Полскиот претседател: Русија е најголемата закана за НАТО сојузниците appeared first on Република.

]]>
Дуда: Украина мора да добие авиони кои можат да се справуваат со руските https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/duda-ukraina-mora-da-dobie-avioni-koi-mozhat-da-se-spravuvaat-so-ruskite/ Thu, 06 Apr 2023 09:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=627863

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска истакна дека Украина мора да добие авиони кои ќе можат да се справат со руските воени воздухопловни сили и дека неговата земја е подготвена, покрај 14-те авиони МИГ 29 од советско производство што веќе ги издвои, постепено да ги испраќа и своите преостанати МИГ авиони кога ќе почнат да пристигнуваат, нарачани во Јужна Кореја и САД.

Украина мора да има воздухопловство што ќе може да војува со руското воено воздухопловство, што ќе може да му се спротивстави. Се додека можеме да го постигнеме ова со авионите МИГ 29, тоа е добро затоа што украинските пилоти знаат како да ги управуваат. Но, и ние имаме недостиг од авиони МИГ 29, ни останаа само оние што ги користиме за патролирање во НАТО - изјави Дуда во интервју за Полското радио.

Тој рече дека неговата земја нема да испрати авиони МИГ 29 во Украина, кои, како што призна, а предупредија и украинските власти, се застарени според стандардите на НАТО, се додека полското воено воздухопловство не добие 48 авиони ФА 50 од Јужна Кореја.

Во однос на американските авиони Ф-16, Дуда рече дека Украина не може да смета на нивна испорака од Полска, бидејќи, како што истакна, имаат малку од нив, потребно е да се обучат украинските пилоти за што треба многу време, а исто така потребно е и одобрение од САД.

На самитот на НАТО во Вилнус во јуни ќе се обидеме да ги убедиме сојузниците дека не смее да се прекине помошта, за да не се појави негативен ефект што може да се нарече воен замор – доста е од оваа војна, да престанеме да помагаме, можеби војната ќе заврши. Ако престанеме да помагаме, таа војна ќе заврши со победа на Русија, а светот не смее да го дозволи тоа - изјави Дуда.

The post Дуда: Украина мора да добие авиони кои можат да се справуваат со руските appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска истакна дека Украина мора да добие авиони кои ќе можат да се справат со руските воени воздухопловни сили и дека неговата земја е подготвена, покрај 14-те авиони МИГ 29 од советско производство што веќе ги издвои, постепено да ги испраќа и своите преостанати МИГ авиони кога ќе почнат да пристигнуваат, нарачани во Јужна Кореја и САД.
Украина мора да има воздухопловство што ќе може да војува со руското воено воздухопловство, што ќе може да му се спротивстави. Се додека можеме да го постигнеме ова со авионите МИГ 29, тоа е добро затоа што украинските пилоти знаат како да ги управуваат. Но, и ние имаме недостиг од авиони МИГ 29, ни останаа само оние што ги користиме за патролирање во НАТО - изјави Дуда во интервју за Полското радио.
Тој рече дека неговата земја нема да испрати авиони МИГ 29 во Украина, кои, како што призна, а предупредија и украинските власти, се застарени според стандардите на НАТО, се додека полското воено воздухопловство не добие 48 авиони ФА 50 од Јужна Кореја. Во однос на американските авиони Ф-16, Дуда рече дека Украина не може да смета на нивна испорака од Полска, бидејќи, како што истакна, имаат малку од нив, потребно е да се обучат украинските пилоти за што треба многу време, а исто така потребно е и одобрение од САД.
На самитот на НАТО во Вилнус во јуни ќе се обидеме да ги убедиме сојузниците дека не смее да се прекине помошта, за да не се појави негативен ефект што може да се нарече воен замор – доста е од оваа војна, да престанеме да помагаме, можеби војната ќе заврши. Ако престанеме да помагаме, таа војна ќе заврши со победа на Русија, а светот не смее да го дозволи тоа - изјави Дуда.

The post Дуда: Украина мора да добие авиони кои можат да се справуваат со руските appeared first on Република.

]]>
Дуда: Ако не испратиме воена опрема во Украина во следните недели, Путин може да победи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/duda-ako-ne-ispratime-voena-oprema-vo-ukraina-vo-slednite-nedeli-putin-mozhe-da-pobedi/ Sun, 12 Feb 2023 19:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=608126

Полскиот претседател Анджеј Дуда во интервју за француски „Фигаро“ изјави дека потребата на Украина од западно оружје е итна и дека тоа ќе го одреди исходот на бојното поле.

Ако не испратиме воена опрема во Украина во следните недели, Путин може да победи. Можеби ќе победи, но не знаеме каде ќе заврши, рече Дуда.

Зборувајќи за можноста за руски напад врз Полска, Дуда рече дека таквиот потег би бил напад врз НАТО и сите негови членки.

Кога САД беа нападнати во 2001 година, сите сојузници застанаа на страната на Американците во борбата против терористите. Ние веруваме дека во случај на напад врз земја на НАТО, одговорот ќе биде ист – брз и решителен, рече тој.

The post Дуда: Ако не испратиме воена опрема во Украина во следните недели, Путин може да победи appeared first on Република.

Полскиот претседател: НАТО нема да се однесува кон Русија како што Москва ги третира соседите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-nato-nema-da-se-odnesuva-kon-rusija-kako-shto-moskva-gi-tretira-sosedite/ Mon, 12 Dec 2022 17:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=584888

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, од Берлин порача дека земјите-членки на НАТО можат да и гарантираат на Русија дека нема да биде третирана како што Москва се однесува кон Украина.

Она што ние, како чесни луѓе, политичари, членки на НАТО, можеме да и го гарантираме на Русија е дека никој нема да ѝ го прави на Русија она што таа им го прави на соседите, истакна Дуда.

Неговата изјава уследи по идејата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој предложи безбедносни гаранции за Русија.

Дуда истакна дека Полска и Германија треба да побараат поголема помош од Европската Унија поради очекуваното зголемување на бројот на украински бегалци оваа зима.

Верувам дека треба да се обратиме до ЕУ, за да има финансиска поддршка за нашите земји, која ќе носи посебен товар поврзан со приемот на бегалци од Украина, посочи Дуда.

The post Полскиот претседател: НАТО нема да се однесува кон Русија како што Москва ги третира соседите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, од Берлин порача дека земјите-членки на НАТО можат да и гарантираат на Русија дека нема да биде третирана како што Москва се однесува кон Украина.
Она што ние, како чесни луѓе, политичари, членки на НАТО, можеме да и го гарантираме на Русија е дека никој нема да ѝ го прави на Русија она што таа им го прави на соседите, истакна Дуда.
Неговата изјава уследи по идејата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој предложи безбедносни гаранции за Русија. Дуда истакна дека Полска и Германија треба да побараат поголема помош од Европската Унија поради очекуваното зголемување на бројот на украински бегалци оваа зима.
Верувам дека треба да се обратиме до ЕУ, за да има финансиска поддршка за нашите земји, која ќе носи посебен товар поврзан со приемот на бегалци од Украина, посочи Дуда.

The post Полскиот претседател: НАТО нема да се однесува кон Русија како што Москва ги третира соседите appeared first on Република.

]]>
Дуда: Нема знаци за смислен напад врз Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/duda-nema-znaci-za-smislen-napad-vrz-polska/ Wed, 16 Nov 2022 12:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=574501

Полскиот претседател Анджеј Дуда на денешната прес-конференција изјави дека нема знаци за смислен напад врз државата. Тој појасни дека ракетата, што падна во Полска, веројатно е истрелана од украинската противвоздушна одбрана.

Според него, се верува дека се работи за стара ракета C-300 од советско производство.

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки истакна оти може да не се активира постапката од член 4 од Северноатлантскиот договор, откако стана јасно дека ракетата, што вчера зеде две жртви во државата, веројатно е истрелана од украинската противвоздушна одбрана.

Како што додаде Моравјецки, НАТО ќе распореди дополнителни средства за противвоздушна одбрана на територијата на Полска.

Членот 4 предвидува консултации меѓу сојузниците во случај на закана.

Две лица загинаа вчера кога, како што соопштија полските власти, „проектил од руско производство“ паднал во близина на селото Пжеводов, на околу 6,4 километри западно од украинската граница, приближно во исто време кога московските сили го лансирале својот најголем бран ракетни напади врз украински градови за повеќе од еден месец.

The post Дуда: Нема знаци за смислен напад врз Полска appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател Анджеј Дуда на денешната прес-конференција изјави дека нема знаци за смислен напад врз државата. Тој појасни дека ракетата, што падна во Полска, веројатно е истрелана од украинската противвоздушна одбрана. Според него, се верува дека се работи за стара ракета C-300 од советско производство. Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки истакна оти може да не се активира постапката од член 4 од Северноатлантскиот договор, откако стана јасно дека ракетата, што вчера зеде две жртви во државата, веројатно е истрелана од украинската противвоздушна одбрана. Како што додаде Моравјецки, НАТО ќе распореди дополнителни средства за противвоздушна одбрана на територијата на Полска. Членот 4 предвидува консултации меѓу сојузниците во случај на закана. Две лица загинаа вчера кога, како што соопштија полските власти, „проектил од руско производство“ паднал во близина на селото Пжеводов, на околу 6,4 километри западно од украинската граница, приближно во исто време кога московските сили го лансирале својот најголем бран ракетни напади врз украински градови за повеќе од еден месец.

The post Дуда: Нема знаци за смислен напад врз Полска appeared first on Република.

]]>
Полскиот претседател бара укинување на гасоводот „Северен поток 2“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-bara-ukinuvanje-na-gasovodot-severen-potok-2/ Tue, 23 Aug 2022 21:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=543418

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, за време на посетата на Киев, повика на укинување на балтичкиот гасовод „Северен поток 2“, кој ги поврзува Русија и Германија.

Не може да има враќање во нормала на односите со Москва - порача Дуда на самитот на Кримската платформа.

Според Дуда, „потребна е нова политика која ќе го отстрани „Северен поток 2“, јави полската новинска агенција ПАП.

Полска и другите источни членки на ЕУ, долго го критикуваа руско-германскиот проект, посочувајќи дека тој му дава дополнително влијание на Кремљ во Европа во време кога енергетската безбедност на ЕУ е доведена во прашање.

Во февруари германската Влада одби да го пушти во промет гасоводот поради руската воена операција во Украина.

The post Полскиот претседател бара укинување на гасоводот „Северен поток 2“ appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, за време на посетата на Киев, повика на укинување на балтичкиот гасовод „Северен поток 2“, кој ги поврзува Русија и Германија.
Не може да има враќање во нормала на односите со Москва - порача Дуда на самитот на Кримската платформа.
Според Дуда, „потребна е нова политика која ќе го отстрани „Северен поток 2“, јави полската новинска агенција ПАП. Полска и другите источни членки на ЕУ, долго го критикуваа руско-германскиот проект, посочувајќи дека тој му дава дополнително влијание на Кремљ во Европа во време кога енергетската безбедност на ЕУ е доведена во прашање. Во февруари германската Влада одби да го пушти во промет гасоводот поради руската воена операција во Украина.

The post Полскиот претседател бара укинување на гасоводот „Северен поток 2“ appeared first on Република.

]]>
Полскиот претседател: Само брутална сила може да ја запре Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-samo-brutalna-sila-moze-da-ja-zapre-rusija/ Wed, 04 May 2022 08:56:13 +0000 https://republika.mk/?p=497292

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, порача дека САД и нивните сојузници треба да продолжат да доставуваат оружје и воена помош за Украина и дека не треба да се плашат од заканите на Русија за нуклеарна или друга одмазда.

Ако сакаме да постигнеме некаков успех во нашите односи со Русија, во оваа ситуација кога Русија ја нападна Украина, можеме да успееме само ако употребиме брутална сила, бидејќи само бруталната сила, бруталната моќ може да ја запре Русија - вели Дуда за „Волстрит журнал“.

Дуда додава дека Западот сè уште ја гледа Русија како деловен партнер, но оценува дека Русија не е деловен партнер.

The post Полскиот претседател: Само брутална сила може да ја запре Русија appeared first on Република.

Полскиот претседател Дуда потпиша Указ за ембарго на јаглен од Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-duda-potpisha-ukaz-za-embargo-na-jaglen-od-rusija/ Fri, 15 Apr 2022 08:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=488809

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша указ, претходно усвоен од Парламентот, со што се воведува ембарго на руските испораки на јаглен и можност за замрзнување на имотот на физичките и правните лица кои ја поддржуваат Русија. Информацијата е објавена на официјалниот сајт на полскиот лидер.

Законот, подготвен од полската Влада, дозволува замрзнување на средства и ресурси во сопственост или контролирани од поединци, организации и тела вклучени во посебна листа на Министерството за внатрешни работи. Соопштено е дека на списокот ќе има поединци и организации што „директно или индиректно“ ја поддржуваат руската инвазија на Украина.

Според полскиот заменик-министер за внатрешни работи, Мачеј Воншик, санкциите ќе се состојат од четири елементи: замрзнување на имотот, ограничување на правото на располагање со имотот, забрана за јавни набавки и забрана за влез во Полска на лица, кои ќе бидат вклучени во листата, по барање на специјалните служби, Обвинителството, Владата и на други државни органи. Се очекува списокот да биде објавен следната недела.

Со новиот закон се забранува и увоз и транзит на јаглен од Русија, Белорусија, Донбас. За прекршување на забраната е предвидена административна казна до 20 милиони полски злоти (околу пет милиони американски долари).

The post Полскиот претседател Дуда потпиша Указ за ембарго на јаглен од Русија appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша указ, претходно усвоен од Парламентот, со што се воведува ембарго на руските испораки на јаглен и можност за замрзнување на имотот на физичките и правните лица кои ја поддржуваат Русија. Информацијата е објавена на официјалниот сајт на полскиот лидер. Законот, подготвен од полската Влада, дозволува замрзнување на средства и ресурси во сопственост или контролирани од поединци, организации и тела вклучени во посебна листа на Министерството за внатрешни работи. Соопштено е дека на списокот ќе има поединци и организации што „директно или индиректно“ ја поддржуваат руската инвазија на Украина. Според полскиот заменик-министер за внатрешни работи, Мачеј Воншик, санкциите ќе се состојат од четири елементи: замрзнување на имотот, ограничување на правото на располагање со имотот, забрана за јавни набавки и забрана за влез во Полска на лица, кои ќе бидат вклучени во листата, по барање на специјалните служби, Обвинителството, Владата и на други државни органи. Се очекува списокот да биде објавен следната недела. Со новиот закон се забранува и увоз и транзит на јаглен од Русија, Белорусија, Донбас. За прекршување на забраната е предвидена административна казна до 20 милиони полски злоти (околу пет милиони американски долари).

The post Полскиот претседател Дуда потпиша Указ за ембарго на јаглен од Русија appeared first on Република.

]]>
Претседателите на Полска, Литванија, Летонија и Естонија заминаа во Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelite-na-polska-litvanija-letonija-i-estonija-zaminaa-vo-kiev/ Wed, 13 Apr 2022 09:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=487681

Претседателите на Полска, Анджеј Дуда, Литванија, Гитанас Науседа, Летонија, Егилс Левитс и Естонија, Алар Карис, отпатуваа во посета на Киев.

Наузеда соопшти дека во Киев одат со силна порака за политичка поддршка и воена помош.

Литванија ќе продолжи да ја поддржува борбата на Украина за суверенитет и слобода. Заедно до победа - напиша Наузеда на Твитер.

https://twitter.com/GitanasNauseda/status/1514090835448668160?cxt=HHwWgIC9yfjlkIMqAAAA

Тие во Киев ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а тема на средбата треба да биде помошта за украинската армија и цивилите.

The post Претседателите на Полска, Литванија, Летонија и Естонија заминаа во Киев appeared first on Република.

]]>

Претседателите на Полска, Анджеј Дуда, Литванија, Гитанас Науседа, Летонија, Егилс Левитс и Естонија, Алар Карис, отпатуваа во посета на Киев. Наузеда соопшти дека во Киев одат со силна порака за политичка поддршка и воена помош.
Литванија ќе продолжи да ја поддржува борбата на Украина за суверенитет и слобода. Заедно до победа - напиша Наузеда на Твитер.
https://twitter.com/GitanasNauseda/status/1514090835448668160?cxt=HHwWgIC9yfjlkIMqAAAA Тие во Киев ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а тема на средбата треба да биде помошта за украинската армија и цивилите.

The post Претседателите на Полска, Литванија, Летонија и Естонија заминаа во Киев appeared first on Република.

]]>