андроид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/android/ За подобро да се разбереме Sun, 19 May 2024 08:13:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png андроид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/android/ 32 32 За да се оневозможи крадењето телефони: Новости на „Гугл“ за „Андроид“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/za-da-se-onevozmozhi-kradeneto-telefoni-novosti-na-gugl-za-android/ Sun, 19 May 2024 08:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=779725

Кражбата на мобилни телефони e голем проблем, пa затоа „Гугл“ најави нови функции против насилно одземање уреди и за заштита на корисниците на „Андроид“ оперативните мобилни системи.

Некои од новите функции доаѓаат уште оваа година преку ажурирањата на „Андроид 10“ и подоцнежните системи, а дел ќе се добијат во склоп со „Андроид 15“. Со новостите, како заштитата од фабрички ресетирања, на крадците ќе им биде потешко да го ресетираат украдениот уред за да го продадат. Ако крадецот насилно ресетира украден уред, нема да може да го ресетира без да ги знае неговите спецификации. Тоа практично ги сведува можностите за препродажба - скоро на нула.

Кога станува збор за извлекување вредни податоци, „Гугл“ подготвува нова опција, исто така - за „Андроид 15“, која овозможува создавање личен простор во мобилниот телефон каде што може да се сокрие ПИН-кодот - за заклучување апликации со чувствителни податоци.

Некои подобрувања за заштитата на идентитетот ќе пристигнат на некои уреди уште годинава.

„Тефт детекшн лок“ користи ВИ за да го препознае наглото одземање на паметниот телефон од раката на корисникот и бегањето потоа... При такви движења, екранот на украдениот телефон сам се заклучува. Ако крадецот подолго време се обидува да го исклучи паметниот телефон - со премногу неуспешни обиди за идентификација, функцијата „Офлајн девајс лок“ автоматски ќе го заклучи екранот за да ги заштити податоците.

Ако мобилниот телефон е украден, сопственикот ќе може да го заклучи и само користејќи го својот број преку друг телефон. Сите овие новости ќе пристигнат подоцна оваа година на сите досегашни уреди со „Андроид 10“ и подоцнежни оперативни системи.

https://www.youtube.com/watch?v=fCOtJl7SVwE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post За да се оневозможи крадењето телефони: Новости на „Гугл“ за „Андроид“ appeared first on Република.

]]>

Кражбата на мобилни телефони e голем проблем, пa затоа „Гугл“ најави нови функции против насилно одземање уреди и за заштита на корисниците на „Андроид“ оперативните мобилни системи. Некои од новите функции доаѓаат уште оваа година преку ажурирањата на „Андроид 10“ и подоцнежните системи, а дел ќе се добијат во склоп со „Андроид 15“. Со новостите, како заштитата од фабрички ресетирања, на крадците ќе им биде потешко да го ресетираат украдениот уред за да го продадат. Ако крадецот насилно ресетира украден уред, нема да може да го ресетира без да ги знае неговите спецификации. Тоа практично ги сведува можностите за препродажба - скоро на нула. Кога станува збор за извлекување вредни податоци, „Гугл“ подготвува нова опција, исто така - за „Андроид 15“, која овозможува создавање личен простор во мобилниот телефон каде што може да се сокрие ПИН-кодот - за заклучување апликации со чувствителни податоци. Некои подобрувања за заштитата на идентитетот ќе пристигнат на некои уреди уште годинава. „Тефт детекшн лок“ користи ВИ за да го препознае наглото одземање на паметниот телефон од раката на корисникот и бегањето потоа... При такви движења, екранот на украдениот телефон сам се заклучува. Ако крадецот подолго време се обидува да го исклучи паметниот телефон - со премногу неуспешни обиди за идентификација, функцијата „Офлајн девајс лок“ автоматски ќе го заклучи екранот за да ги заштити податоците. Ако мобилниот телефон е украден, сопственикот ќе може да го заклучи и само користејќи го својот број преку друг телефон. Сите овие новости ќе пристигнат подоцна оваа година на сите досегашни уреди со „Андроид 10“ и подоцнежни оперативни системи. https://www.youtube.com/watch?v=fCOtJl7SVwE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post За да се оневозможи крадењето телефони: Новости на „Гугл“ за „Андроид“ appeared first on Република.

]]>
„Би-би-си“: Системот за предупредувања на „Гугл“ затаил при земјотресот во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bi-bi-si-zatail-sistemot-za-predupreduvana-na-gugl-pri-zemjotresot-vo-turtsija/ Fri, 28 Jul 2023 18:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=666424

Системот за предупредување за земјотрес, којшто „Гугл“ го стави на располагање за паметните уреди со оперативен систем „Андроид“, треба да испраќа известувања за корисникот навреме да стигне на безбедно, но тоа не се случило на 6 февруари во Турција. Истражувачите на „Би-би-си“ разговарале со стотици луѓе во три турски градови и откриле дека ниту еден од нив не добил предупредување пред првиот земјотрес, а „ограничен број“ од нив биле известени за вториот.

Мика Берман од „Гугл“ вели дека милиони луѓе во Турција добиле предупредувања за земјотрес, но според наводите, компанијата не сподели податоци што покажуваат широко распространети известувања. Беа прикажани неколку објави од луѓе на социјалните мрежи кои тврдат дека добиле предупредување, но само една објава поврзана со првиот земјотрес.

Берман вели дека „нема дефинитивен одговор“ зошто социјалните мрежи „молчат“ за предупредувањата, но истакна дека природата на земјотресот и доверливоста на пристапот до интернет можат да влијаат на системот.

Системот за предупредување за земјотреси на „Андроид“ користи акцелерометар (сензор за препознавање движења) во телефоните за навреме и целисходно да генерира предупредувања.

Ако вибрираат повеќе телефони во истовреме, „Гугл“ може да ги искористи собраните податоци за предвреме да го пронајде и епицентарот и да ја одреди јачината на земјотресот, а потоа автоматски да испрати предупредување до луѓето кои веројатно ќе почувствуваат дека земјата се тресе. Иако времето од предупредувањето до земјотресот е помалку од минута, технологијата сепак теоретски може да им помогне на луѓето во областите каде што конвенционалните предупредувања не се достапни.

Постои загриженост дека системот откажал за време на земјотресот од 7,8 степени. Некои пак, велат дека дури и да функционирал, тешко е да се каже колку луѓе колку би добиле предупредувања и би биле спасени во таков случај, не сметајќи ги поблагите инциденти. Без повеќе податоци за ова, сепак не е сигурно дека предупредувањата за земјотреси на „Андроид“ се доволно безбедна мерка.

The post „Би-би-си“: Системот за предупредувања на „Гугл“ затаил при земјотресот во Турција appeared first on Република.

]]>

Системот за предупредување за земјотрес, којшто „Гугл“ го стави на располагање за паметните уреди со оперативен систем „Андроид“, треба да испраќа известувања за корисникот навреме да стигне на безбедно, но тоа не се случило на 6 февруари во Турција. Истражувачите на „Би-би-си“ разговарале со стотици луѓе во три турски градови и откриле дека ниту еден од нив не добил предупредување пред првиот земјотрес, а „ограничен број“ од нив биле известени за вториот. Мика Берман од „Гугл“ вели дека милиони луѓе во Турција добиле предупредувања за земјотрес, но според наводите, компанијата не сподели податоци што покажуваат широко распространети известувања. Беа прикажани неколку објави од луѓе на социјалните мрежи кои тврдат дека добиле предупредување, но само една објава поврзана со првиот земјотрес. Берман вели дека „нема дефинитивен одговор“ зошто социјалните мрежи „молчат“ за предупредувањата, но истакна дека природата на земјотресот и доверливоста на пристапот до интернет можат да влијаат на системот. Системот за предупредување за земјотреси на „Андроид“ користи акцелерометар (сензор за препознавање движења) во телефоните за навреме и целисходно да генерира предупредувања. Ако вибрираат повеќе телефони во истовреме, „Гугл“ може да ги искористи собраните податоци за предвреме да го пронајде и епицентарот и да ја одреди јачината на земјотресот, а потоа автоматски да испрати предупредување до луѓето кои веројатно ќе почувствуваат дека земјата се тресе. Иако времето од предупредувањето до земјотресот е помалку од минута, технологијата сепак теоретски може да им помогне на луѓето во областите каде што конвенционалните предупредувања не се достапни. Постои загриженост дека системот откажал за време на земјотресот од 7,8 степени. Некои пак, велат дека дури и да функционирал, тешко е да се каже колку луѓе колку би добиле предупредувања и би биле спасени во таков случај, не сметајќи ги поблагите инциденти. Без повеќе податоци за ова, сепак не е сигурно дека предупредувањата за земјотреси на „Андроид“ се доволно безбедна мерка.

The post „Би-би-си“: Системот за предупредувања на „Гугл“ затаил при земјотресот во Турција appeared first on Република.

]]>
Убиен еден од креаторите на „Андроид“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubien-eden-od-kreatorite-na-android/ Thu, 06 Apr 2023 06:56:08 +0000 https://republika.mk/?p=627742

Почина Боб Ли (43), еден од создавачите на „Андроид“ и апликацијата за мобилно плаќање, „Кеш ап“, откако бил избоден со нож во Сан Франциско, јави „Еј-би-си ворлд њуз“.

Веста за неговата смрт ја потврди и Џош Голдбард, извршен директор на компанијата „Мобајлкоин“ каде што работеше Ли.

Во полицискиот извештај, полицијата не го идентификува Ли по име. Според соопштението, мажот-жртва добил итна медицинска помош и бил пренесен во блиската болница, каде што починал од повредите.

Неименуван полициски извор за медиумите потврдил дека Ли бил избоден со нож. Истрагата е во тек.

The post Убиен еден од креаторите на „Андроид“ appeared first on Република.

]]>

Почина Боб Ли (43), еден од создавачите на „Андроид“ и апликацијата за мобилно плаќање, „Кеш ап“, откако бил избоден со нож во Сан Франциско, јави „Еј-би-си ворлд њуз“. Веста за неговата смрт ја потврди и Џош Голдбард, извршен директор на компанијата „Мобајлкоин“ каде што работеше Ли. Во полицискиот извештај, полицијата не го идентификува Ли по име. Според соопштението, мажот-жртва добил итна медицинска помош и бил пренесен во блиската болница, каде што починал од повредите. Неименуван полициски извор за медиумите потврдил дека Ли бил избоден со нож. Истрагата е во тек.

The post Убиен еден од креаторите на „Андроид“ appeared first on Република.

]]>