Андријана Данчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrijana-danchevska/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Nov 2022 15:07:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андријана Данчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrijana-danchevska/ 32 32 Скопје танцов театар со претставата „Go figure it out” вечерва на фестивалот МОТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skopje-tancov-teatar-so-pretstavata-go-figure-it-out-vecherva-na-festivalot-mot/ Mon, 14 Nov 2022 15:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=573732

Претставата „Go figure it out” на кореографката Адријана Данчевска ќе биде изведена вечер во Младинскиот културен центар во рамки на овогодинешната програма на МОТ.
Данчевска во Белград на 26. издание на Фестивалот за кореографски минијатури освои прво место од жирито и наградата од публиката.

Скопската публика вечер ќе може да ја види развиената верзија на кореографијата во салата „25 Мај“ во Младинскиот културен центар, во која ќе настапат танчерите на Скопје танцов театар: Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Бобан Русески и студентите на Катедрата за современ танц при Универзитет „Гоце Делчев”: Сара Димовска, Клара Христова, Илина Костовска. Музиката е на Александар Гроздановски, а костимографијата на Адријана Данчевска.

Адријана Данчевска е една од првите млади кореографи на Скопје танцовиот театар, воден од Рисима Рисимкин во Македонија. Работи како танчерка и кореографка и е асистент на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев”, Штип. Магистрира кореографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА, Скопје-Париз-ЊуЈорк во 2019, каде и дипломира во 2014 година на Скопје танцовата академија. Дел е од професорскиот тим на првиот CEEC Summer Dance Camp во Кина 2015 година. Истата година како танчер работи на Танец Прага со Јукио Сузуки и Balkan Dance Project vol.1 со Игор Киров и Александар Илиќ. Во 2016 ја создава „Symbol”, изведена на “МОТ” со танчерката и кореографка Александра Петрушевска. Во 2017 работи како кореограф на Универзитетот за убави уметности во Цирих. Премиерата на „Wrong” е во Цирих, а подоцна е изведена и со Скопје танцовиот театар на Dance Fest Skopje, Silk Road Festival, Кина; SHARE, Словачка во 2017 и Holland Dance Festival во 2018.

Во 2018 ја подготви „D.O.L” со Скопје танцовиот театар за отворањето на Танц Фест Скопје во МНТ. “Скеч” (2019) е во продукција на Codarts за танчарите на Ротердамската танцова академија, изведена на турнеата „Таленти во движење” во Скопје и Холандија. „Скеч” доживува и втора премиера, продуцирана од Скопје танцовиот театар за Танц Фест 2019. Во 2020 Данчевска го кореографира и режира и првиот македонски танцов филм „Дома”/филмот, по кого следи и “Дома”/перформансот изведени на Танц Фест Скопје 2020. Во 2021 го креира дуетот „Не ми ги допирај очите” кој се поистоветува со македонската политичка сцена и има повеќе изведби во државава, во Хрватска и во Летонија. Последната претстава на Данчевска е „Go Figure It Out” и е премиерно изведена во април годинава во МНТ. Како танчар таа игра на повеќе фестивали

 

The post Скопје танцов театар со претставата „Go figure it out” вечерва на фестивалот МОТ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Go figure it out” на кореографката Адријана Данчевска ќе биде изведена вечер во Младинскиот културен центар во рамки на овогодинешната програма на МОТ. Данчевска во Белград на 26. издание на Фестивалот за кореографски минијатури освои прво место од жирито и наградата од публиката. Скопската публика вечер ќе може да ја види развиената верзија на кореографијата во салата „25 Мај“ во Младинскиот културен центар, во која ќе настапат танчерите на Скопје танцов театар: Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Бобан Русески и студентите на Катедрата за современ танц при Универзитет „Гоце Делчев”: Сара Димовска, Клара Христова, Илина Костовска. Музиката е на Александар Гроздановски, а костимографијата на Адријана Данчевска. Адријана Данчевска е една од првите млади кореографи на Скопје танцовиот театар, воден од Рисима Рисимкин во Македонија. Работи како танчерка и кореографка и е асистент на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев”, Штип. Магистрира кореографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА, Скопје-Париз-ЊуЈорк во 2019, каде и дипломира во 2014 година на Скопје танцовата академија. Дел е од професорскиот тим на првиот CEEC Summer Dance Camp во Кина 2015 година. Истата година како танчер работи на Танец Прага со Јукио Сузуки и Balkan Dance Project vol.1 со Игор Киров и Александар Илиќ. Во 2016 ја создава „Symbol”, изведена на “МОТ” со танчерката и кореографка Александра Петрушевска. Во 2017 работи како кореограф на Универзитетот за убави уметности во Цирих. Премиерата на „Wrong” е во Цирих, а подоцна е изведена и со Скопје танцовиот театар на Dance Fest Skopje, Silk Road Festival, Кина; SHARE, Словачка во 2017 и Holland Dance Festival во 2018. Во 2018 ја подготви „D.O.L” со Скопје танцовиот театар за отворањето на Танц Фест Скопје во МНТ. “Скеч” (2019) е во продукција на Codarts за танчарите на Ротердамската танцова академија, изведена на турнеата „Таленти во движење” во Скопје и Холандија. „Скеч” доживува и втора премиера, продуцирана од Скопје танцовиот театар за Танц Фест 2019. Во 2020 Данчевска го кореографира и режира и првиот македонски танцов филм „Дома”/филмот, по кого следи и “Дома”/перформансот изведени на Танц Фест Скопје 2020. Во 2021 го креира дуетот „Не ми ги допирај очите” кој се поистоветува со македонската политичка сцена и има повеќе изведби во државава, во Хрватска и во Летонија. Последната претстава на Данчевска е „Go Figure It Out” и е премиерно изведена во април годинава во МНТ. Како танчар таа игра на повеќе фестивали  

The post Скопје танцов театар со претставата „Go figure it out” вечерва на фестивалот МОТ appeared first on Република.

]]>
Прва награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ за Андријана Данчевска и Дејан Битровски на Фестивал во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prva-nagrada-i-nagrada-od-publikata-so-koreografijata-go-figure-it-out-za-andrijana-danchevska-i-dejan-bitrovski-na-festival-vo-belgrad/ Wed, 09 Nov 2022 11:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=571844

Андријана Данчевска ја освои првата награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ на која настапува со современиот танчер Дејан Битровски на 26. издание на Фестивалот за кореографски минијатури кој се одржа во Белград.

Данчевска и Битровски се членови на Скопје танцовиот театар.

Фестивалот за кореографски минијатури е во организација на Здружението на балетските уметници на Србија и е со натпреварувачки карактер. Прави извонредна селекција на млади кореографи од регионот и пошироко. Во годинешното издание, покрај македонските кореографи се натпреваруваат кореографи од Србија, Словенија, Костарика и САД.

Драго ни е што учествувавме на овој фестивал и сакаме да се заблагодариме на организаторите, како и на стручното жири што ни ја доделија првата награда и наградата од публика за најдобра кореографија. Ни претставува голема чест што првпат се претставуваме на српската сцена како независни уметници. Целиме кон развивање на современата танцова сцена на повеќе полиња и вмрежување на современите танцови уметници од регионот, рекоа Данчевска и Битровски по добивањето на наградата.

Ова е голема потврда за кореографката Адријана Данчевска, како и за современата танцова сцена и за Скопје танцовиот театар.

Покрај уметничката активност како танчерка и кореографка, Данчевска е воедно доцент на Катедрата за современ танц при УГД, а Битровски е асистент на истата катедра. Заедно со Анастасија Данчевска, која работи како асистент тие го сочинуваат младото јадро на оваа единствена по својот вид, едукативна програма на универзитетско ниво кај нас.

 

The post Прва награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ за Андријана Данчевска и Дејан Битровски на Фестивал во Белград appeared first on Република.

]]>

Андријана Данчевска ја освои првата награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ на која настапува со современиот танчер Дејан Битровски на 26. издание на Фестивалот за кореографски минијатури кој се одржа во Белград. Данчевска и Битровски се членови на Скопје танцовиот театар. Фестивалот за кореографски минијатури е во организација на Здружението на балетските уметници на Србија и е со натпреварувачки карактер. Прави извонредна селекција на млади кореографи од регионот и пошироко. Во годинешното издание, покрај македонските кореографи се натпреваруваат кореографи од Србија, Словенија, Костарика и САД.
Драго ни е што учествувавме на овој фестивал и сакаме да се заблагодариме на организаторите, како и на стручното жири што ни ја доделија првата награда и наградата од публика за најдобра кореографија. Ни претставува голема чест што првпат се претставуваме на српската сцена како независни уметници. Целиме кон развивање на современата танцова сцена на повеќе полиња и вмрежување на современите танцови уметници од регионот, рекоа Данчевска и Битровски по добивањето на наградата.
Ова е голема потврда за кореографката Адријана Данчевска, како и за современата танцова сцена и за Скопје танцовиот театар. Покрај уметничката активност како танчерка и кореографка, Данчевска е воедно доцент на Катедрата за современ танц при УГД, а Битровски е асистент на истата катедра. Заедно со Анастасија Данчевска, која работи како асистент тие го сочинуваат младото јадро на оваа единствена по својот вид, едукативна програма на универзитетско ниво кај нас.  

The post Прва награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ за Андријана Данчевска и Дејан Битровски на Фестивал во Белград appeared first on Република.

]]>