Андријана Андреева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrijana-andreeva/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 07:44:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андријана Андреева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrijana-andreeva/ 32 32 „Како горе така доле“ – проект на Андријана Андреева https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kako-gore-taka-dole-proekt-na-andrijana-andreeva/ Fri, 27 Sep 2024 07:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=820054

Од 27 до 30 септември во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, ќе се реализира проектот на Андријана Андреева „Како горе така доле“, во соработка со Црвен крст и нивниот Дневен центар за лица со попреченост „Пролет“. Проектот е поддржан од Министерство за култура како проект од национален интерес во областа на визуелните уметности.

Сакав во овој проект да ги вклучам и лицата со попреченост, а преку работилницата да вметнам иновативност во креативниот израз. Тие со нескриен ентузијазам ги изработуваат автоматските цртежи и интервенираат на моите платна. Отвораат прозорче преку кое можеме да ѕирнеме во нивниот свет. Нивните дела ме инспирираат и ме водат на патувањето во центарот на „Јас“… нивното внатрешно, несвесно. Преплетување, поврзување на два света. Процесот е проткаен со непредвидливост која несомнено предизвикува посебен ефект кај уметникот а потоа и кај публикатаДелата, насловите кои се дел од овој проект како „Рождество”, „Страдание”, „Монумент”, „И боговите сонуваат”, „Уметност во ера на автоматизација”, зборуваат за енергијата на сакралното која го придвижува мојот дух, мојата имагинација. Човекот со самото тоа што постои не значи дека умее да сaка. Тоа треба да се научи.Прашањето кое ме окупира како уметник е: дали може да се обединиме за социјални промени?! Може ли уметноста да ја инспирира публиката да ги погледне нештата од поинаков агол“, вели Андреева.

The post „Како горе така доле“ – проект на Андријана Андреева appeared first on Република.

]]>

Изложба „Interruption – Intersection“ на Андријана Андреева https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-interruption-intersection-na-andrijana-andreeva/ Mon, 19 Sep 2022 10:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=552180

Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на уметницата Андријана Андреева, која е дел од интерактивен мултимедијален и истражувачки проект, насловена „Interruption – Intersection“.

Според уметницата, станува збор за проект кој е еден вид социолошки експеримент. Проектот, како што вели Андреева, се одвива во две фази.

Во првата фаза се реализираа неколку работилници со лица со интелектуална попреченост. Практикантите интервенираат на мои цртежи и платна а потоа јас на нивните автоматски цртежи. На нивните цртежи се служам со Пареидолија како на гледачот би му ги доближила тие нивни внатрешни чудесни светови. Автоматскиот цртеж, кој е дел од арт терапијата, е дијалог со несвесното. Вториот дел од изложбата е интеракција со публиката, понудени платна на кои може да се интервенира, додава Андреева.

Андреева е дипломиран социолог, активно присутна во сферата на визуелните уметности, и применетатат уметност, со учество на бројни групни но и самостојни изложби во земјата и надвор.

За своите инвентивни истражувања кои често имаат и еколошка димензија со рецијклирање на најразнородни материјали, таа е автор кој на делата им вдахновува автохтона интерпретација која здружува обилство на инвентивност, креативност, и специфична поетика на луцидна имагинација и обилство фантазија, истакна Виолета Калиќ, историчар на уметноста во врска со отворањето на овој истражувачки проект на Андреева.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, а изложбата ќе биде отворена до 23 септември.

The post Изложба „Interruption – Intersection“ на Андријана Андреева appeared first on Република.

]]>

Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на уметницата Андријана Андреева, која е дел од интерактивен мултимедијален и истражувачки проект, насловена „Interruption – Intersection“. Според уметницата, станува збор за проект кој е еден вид социолошки експеримент. Проектот, како што вели Андреева, се одвива во две фази.