Андрија Мандиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrija-mandik/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 19:45:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андрија Мандиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrija-mandik/ 32 32 Силјановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-se-sretna-so-pretsedatelot-na-tsrnogorskoto-sobranie-andrija-mandik/ Thu, 28 Nov 2024 19:45:36 +0000 https://republika.mk/?p=842908

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.

На средбата, како што јавува известувачот на МИА, е изразено задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји, без отворени прашања, со идентични ставови на билатерален, регионален и на мултилатерален план. Двајцата соговорници ги потврдија и заедничките стратешки цели – мир и стабилност во регионот и членство во ЕУ, како и соработка и сојузништво во рамки на НАТО Алијансата.

Во насока на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, претседателката Силјановска Давкова истакна дека економската, регионалната и соработката во европските интеграции се областите во коишто ќе треба поинтензивно да работат и да се фокусираат двете држави.

The post Силјановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На средбата, како што јавува известувачот на МИА, е изразено задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји, без отворени прашања, со идентични ставови на билатерален, регионален и на мултилатерален план. Двајцата соговорници ги потврдија и заедничките стратешки цели – мир и стабилност во регионот и членство во ЕУ, како и соработка и сојузништво во рамки на НАТО Алијансата. Во насока на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, претседателката Силјановска Давкова истакна дека економската, регионалната и соработката во европските интеграции се областите во коишто ќе треба поинтензивно да работат и да се фокусираат двете држави.

The post Силјановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ appeared first on Република.

]]>
Србите сепак ќе влезат во црногорската влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbite-sepak-ke-vlezat-vo-tsrnogorskata-vlada/ Sat, 14 Oct 2023 21:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=691240

Лидерот на Нова српска демократија, Андрија Мандиќ, е кандидат за претседател на Парламентот на Црна Гора, соопштија од коалицијата „За иднината на Црна Гора“ (ЗБЦГ), пренесе РТЦГ.

Оттаму, исто така, посочуваат дека допрва треба да се договори конечната верзија на договорот со кој се дефинира распределбата на ресорите во новата влада.

Пратеникот на Обединета Црна Гора, Владимир Добричанин, изјави дека не гледа зошто некој би се спротивставил на кандидатурата на Мандиќ за претседател на Собранието, пренесе РТЦГ.

-Тоа место и припаѓа на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ и таа коалиција суверено ќе одлучува кој ќе биде претседателот на Собранието. Дали тоа ќе биде господинот Андрија Мандиќ или некој од таа коалиција, тоа е веќе внатрешна работа на коалицијата ЗБЦГ, рече Добричанин.

Тој нагласи дека поделбата на министерствата се уште не е конечна.

-Се уште не е преговарано до најситен детал и тоа ќе се финализира во следните денови, многу брзо. Се надеваме дека ќе имаме нова влада до крајот на овој месец или веќе на почетокот на ноември, рече Добричанин.

The post Србите сепак ќе влезат во црногорската влада appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Нова српска демократија, Андрија Мандиќ, е кандидат за претседател на Парламентот на Црна Гора, соопштија од коалицијата „За иднината на Црна Гора“ (ЗБЦГ), пренесе РТЦГ. Оттаму, исто така, посочуваат дека допрва треба да се договори конечната верзија на договорот со кој се дефинира распределбата на ресорите во новата влада. Пратеникот на Обединета Црна Гора, Владимир Добричанин, изјави дека не гледа зошто некој би се спротивставил на кандидатурата на Мандиќ за претседател на Собранието, пренесе РТЦГ. -Тоа место и припаѓа на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ и таа коалиција суверено ќе одлучува кој ќе биде претседателот на Собранието. Дали тоа ќе биде господинот Андрија Мандиќ или некој од таа коалиција, тоа е веќе внатрешна работа на коалицијата ЗБЦГ, рече Добричанин. Тој нагласи дека поделбата на министерствата се уште не е конечна. -Се уште не е преговарано до најситен детал и тоа ќе се финализира во следните денови, многу брзо. Се надеваме дека ќе имаме нова влада до крајот на овој месец или веќе на почетокот на ноември, рече Добричанин.

The post Србите сепак ќе влезат во црногорската влада appeared first on Република.

]]>