андриј јермак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrij-jermak/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 15:25:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png андриј јермак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrij-jermak/ 32 32 Шеф на Кабинет на Зеленски: Приклучувањето на Украина во НАТО е дел од „планот за победа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shef-na-kabinet-na-zelenski-prikluchuvaneto-na-ukraina-vo-nato-e-del-od-planot-za-pobeda/ Tue, 24 Sep 2024 16:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=819349

Покана за Украина да се приклучи на НАТО е дел од „планот за победа“ на претседателот Володимир Зеленски за Киев, кој тој им го претставува на сојузниците додека е во Њујорк, изјави шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак.

За време на панел дискусија на маргините на Генералното собрание на ОН доцна синоќа (по локално време) тој рече дека сојузниците на Киев треба да ги игнорираат заканите на Русија за ескалација ако Украина влезе во НАТО.

Лидерите на земјите од НАТО на самитот во Вашингтон оваа година изјавија дека Украина е на „неповратен пат“ кон членство, но дека условите сè уште не се исполнети за да се даде формална покана.

Зеленски планира лично да му го претстави својот „план за победа“ – кој содржи воени и дипломатски компоненти, вклучувајќи преговори со Русија – на американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон в четврток.

Конкретни детали од планот сè уште не се објавени, но се очекува дека ќе вклучи и барање од Зеленски Украина да добие дозвола да користи западни ракети со долг дострел на цели длабоко во Русија.

Иако има индикации дека САД може да ја променат својата позиција, Германија инсистира дека нејзиното оружје не може да се користи за вакви цели, потсетува ДПА.

Москва денеска соопшти дека се придржува до своите воени цели во Украина, и покрај очигледниот стремеж на Киев кон преговори.

„Штом овие цели ќе бидат постигнати на еден или друг начин, специјалната воена операција ќе биде завршена“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, користејќи го терминот што Москва го користи за освојувачката војна во Украина.

Русија досега посочи неколку цели за својата инвазија, вклучително и спречување на Украина да се приклучи на НАТО и целосно заземање и окупирање на источните украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

The post Шеф на Кабинет на Зеленски: Приклучувањето на Украина во НАТО е дел од „планот за победа“ appeared first on Република.

]]>

Покана за Украина да се приклучи на НАТО е дел од „планот за победа“ на претседателот Володимир Зеленски за Киев, кој тој им го претставува на сојузниците додека е во Њујорк, изјави шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак. За време на панел дискусија на маргините на Генералното собрание на ОН доцна синоќа (по локално време) тој рече дека сојузниците на Киев треба да ги игнорираат заканите на Русија за ескалација ако Украина влезе во НАТО. Лидерите на земјите од НАТО на самитот во Вашингтон оваа година изјавија дека Украина е на „неповратен пат“ кон членство, но дека условите сè уште не се исполнети за да се даде формална покана. Зеленски планира лично да му го претстави својот „план за победа“ – кој содржи воени и дипломатски компоненти, вклучувајќи преговори со Русија – на американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон в четврток. Конкретни детали од планот сè уште не се објавени, но се очекува дека ќе вклучи и барање од Зеленски Украина да добие дозвола да користи западни ракети со долг дострел на цели длабоко во Русија. Иако има индикации дека САД може да ја променат својата позиција, Германија инсистира дека нејзиното оружје не може да се користи за вакви цели, потсетува ДПА. Москва денеска соопшти дека се придржува до своите воени цели во Украина, и покрај очигледниот стремеж на Киев кон преговори.
„Штом овие цели ќе бидат постигнати на еден или друг начин, специјалната воена операција ќе биде завршена“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, користејќи го терминот што Москва го користи за освојувачката војна во Украина.
Русија досега посочи неколку цели за својата инвазија, вклучително и спречување на Украина да се приклучи на НАТО и целосно заземање и окупирање на источните украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

The post Шеф на Кабинет на Зеленски: Приклучувањето на Украина во НАТО е дел од „планот за победа“ appeared first on Република.

]]>
Јермак: Украина не е подготвена на територијален компромис со Русија за завршување на војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/jermak-ukraina-ne-e-podgotvena-na-teritorijalen-kompromis-so-rusija-za-zavrshuvane-na-vojnata/ Wed, 03 Jul 2024 07:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=792890

Украина не е подготвена да постигне компромис со Русија и да отстапи од кој било дел од својата територија за да заврши војната, изјави шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

Јермак ова го изјави синоќа во Вашингтон, коментирајќи ја изјавата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може брзо да го прекине конфликтот во Украина доколку биде избран за претседател на САД во ноември.

Британските медиуми пренесуваат дека Јермак кажа дека Украина ќе ги послуша сите совети за да постигне, како што наведе, „праведен мир“, но дека не може да прави компромиси кога станува збор за независноста, слободата, демократијата, територијалниот интегритет и суверенитет.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе ја заврши војната доколку Киев се согласи да ги предаде четири украински региони на истокот и југот на земјата што Русија ги анектираше.

Јермак е во посета на Вашингтон пред самитот на НАТО следната недела во овој град каде се очекува Украина да биде главна тема. сд

The post Јермак: Украина не е подготвена на територијален компромис со Русија за завршување на војната appeared first on Република.

]]>

Украина не е подготвена да постигне компромис со Русија и да отстапи од кој било дел од својата територија за да заврши војната, изјави шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак. Јермак ова го изјави синоќа во Вашингтон, коментирајќи ја изјавата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може брзо да го прекине конфликтот во Украина доколку биде избран за претседател на САД во ноември. Британските медиуми пренесуваат дека Јермак кажа дека Украина ќе ги послуша сите совети за да постигне, како што наведе, „праведен мир“, но дека не може да прави компромиси кога станува збор за независноста, слободата, демократијата, територијалниот интегритет и суверенитет. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе ја заврши војната доколку Киев се согласи да ги предаде четири украински региони на истокот и југот на земјата што Русија ги анектираше. Јермак е во посета на Вашингтон пред самитот на НАТО следната недела во овој град каде се очекува Украина да биде главна тема. сд

The post Јермак: Украина не е подготвена на територијален компромис со Русија за завршување на војната appeared first on Република.

]]>
Украинците ликуваат: Разговорите во Џеда и нанесоа огромен удар на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-likuvaat-razgovorite-vo-dheda-i-nanesoa-ogromen-udar-na-rusija/ Mon, 07 Aug 2023 18:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=669746

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, изјави дека разговорите за мировно решение за Украина што се одржаа минатиот викенд во Саудиска Арабија, а на кои немаше руска делегација и нанеле „огромен удар“ на Русија.

Јермак на брифинг со новинарите во Киев изјави дека сите земји кои биле присутни на преговорите во Џеда целосно ја поддржуваат независноста и територијалниот интегритет на Украина. Сепак, тој призна дека учесниците не постигнале договор за некои точки од украинската мировна формула, не сакајќи да прецизира за кои точки станува збор.

Според неговите зборови, за тие точки се уште се разговара, а учесниците биле ангажирани за изработка на рамковен документ кој би можел да биде усвоен на следниот мировен самит.

Јермак изјави дека учесниците се договориле во рок од шест недели да се одржи нов состанок на политичките делегации. Повеќе од 40 земји, вклучително и Кина, Индија, САД и претставници на земјите-членки на ЕУ, но не и Русија, учествуваа на собирот во Џеда, кој беше протолкуван како обид на Украина да изгради поширока коалиција која ќе ја поддржи мировната визија на официјален Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски промовираше сет од 10 принципи што ги смета како основа за мир и завршување на војната, вклучително и повлекување на сите руски трупи и враќање на целата украинска територија под контрола на официјален Киев.

The post Украинците ликуваат: Разговорите во Џеда и нанесоа огромен удар на Русија appeared first on Република.

]]>

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, изјави дека разговорите за мировно решение за Украина што се одржаа минатиот викенд во Саудиска Арабија, а на кои немаше руска делегација и нанеле „огромен удар“ на Русија. Јермак на брифинг со новинарите во Киев изјави дека сите земји кои биле присутни на преговорите во Џеда целосно ја поддржуваат независноста и територијалниот интегритет на Украина. Сепак, тој призна дека учесниците не постигнале договор за некои точки од украинската мировна формула, не сакајќи да прецизира за кои точки станува збор. Според неговите зборови, за тие точки се уште се разговара, а учесниците биле ангажирани за изработка на рамковен документ кој би можел да биде усвоен на следниот мировен самит. Јермак изјави дека учесниците се договориле во рок од шест недели да се одржи нов состанок на политичките делегации. Повеќе од 40 земји, вклучително и Кина, Индија, САД и претставници на земјите-членки на ЕУ, но не и Русија, учествуваа на собирот во Џеда, кој беше протолкуван како обид на Украина да изгради поширока коалиција која ќе ја поддржи мировната визија на официјален Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски промовираше сет од 10 принципи што ги смета како основа за мир и завршување на војната, вклучително и повлекување на сите руски трупи и враќање на целата украинска територија под контрола на официјален Киев.

The post Украинците ликуваат: Разговорите во Џеда и нанесоа огромен удар на Русија appeared first on Република.

]]>
Украинското раководство признава: Контраофанзивата не напредува толку брзо како што очекувавме https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskoto-rakovodstvo-priznava-kontraofanzivata-ne-napreduva-tolku-brzo-kako-shto-ochekuvavme/ Fri, 14 Jul 2023 19:16:58 +0000 https://republika.mk/?p=661489

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, изјави дека контраофанзивата на украинските сили, соочена со отпорот на руските сили, „не напредува толку брзо“.

Контраофанзивата не напредува толку брзо. Кога ќе видиме дека нешто не оди како што треба, треба да го кажеме тоа. Никој нема да ја разубави ситуацијата“, вели Јермак.

Тој додаде дека западните сојузници не вршат никаков притисок врз Киев по ова прашање, туку само прашуваат како можат да помогнат.

Целиот свет знае дека е невозможно да се изврши притисок врз Украина. Украина нема да преговара со Русија додека нејзините војници не ја напуштат украинската територија, порача Јермак, кој важи за десна рака на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Тој додаде дека тоа е нивен јасно искажан став.

Нашиот став е јасен. За такви преговори евентуално е можно да размислуваме откако руските сили ќе се повлечат од нашата територија. Цел свет знае дека нема да разговараме со Русите пред тоа, порача Јермак.

The post Украинското раководство признава: Контраофанзивата не напредува толку брзо како што очекувавме appeared first on Република.

Андриј Јермак: Oграничувањето на цената на нафтата ќе ја уништи руската економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/andrij-jermak-ogranichuvanjeto-na-cenata-na-naftata-kje-ja-unishti-ruskata-ekonomija/ Sat, 03 Dec 2022 11:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=581316

Претставникот на украинското претседателство, Андриј Јермак, изјави дека економија на Русија ќе биде уништена со претстојното ограничувања на цената на руската нафта на 60 долари за барел, според договорот што го постигнаа земјите од ЕУ, Г7 и Австралија.

Ние секогаш ја постигнуваме нашата цел и руската економија ќе биде уништена и ќе плати, ќе одговара за сите свои злосторства, напиша Јермак на Телеграм.

Тој додаде дека цената на нафтата требало да се ограничи на 30 долари за барел за „побрзо да се уништи Русија“.

Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, што е клучен чекор во опсегот на западните санкции, кои имаат за цел да го преобликуваат светскиот пазар, како и да и отежнат на Русија со приходите од нафтата да ја финансира војната против Украина.

Ограничувањето на цената од 60 долари за барел беше прифатено и од Г7 и од Австралија.

The post Андриј Јермак: Oграничувањето на цената на нафтата ќе ја уништи руската економија appeared first on Република.

]]>

Претставникот на украинското претседателство, Андриј Јермак, изјави дека економија на Русија ќе биде уништена со претстојното ограничувања на цената на руската нафта на 60 долари за барел, според договорот што го постигнаа земјите од ЕУ, Г7 и Австралија.
Ние секогаш ја постигнуваме нашата цел и руската економија ќе биде уништена и ќе плати, ќе одговара за сите свои злосторства, напиша Јермак на Телеграм.
Тој додаде дека цената на нафтата требало да се ограничи на 30 долари за барел за „побрзо да се уништи Русија“. Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, што е клучен чекор во опсегот на западните санкции, кои имаат за цел да го преобликуваат светскиот пазар, како и да и отежнат на Русија со приходите од нафтата да ја финансира војната против Украина. Ограничувањето на цената од 60 долари за барел беше прифатено и од Г7 и од Австралија.

The post Андриј Јермак: Oграничувањето на цената на нафтата ќе ја уништи руската економија appeared first on Република.

]]>
Украина: Итно ни е потребна испорака на средства за противвоздушна одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-itno-ni-e-potrebna-isporaka-na-sredstva-za-protivvozdushna-odbrana/ Wed, 26 Oct 2022 12:43:19 +0000 https://republika.mk/?p=565904

Украина го повтори својот повик за развој на систем за противвоздушна одбрана заради одбивање руски ракетни и беспилотни напади, а и како безбедносна гаранција за иднината.

Итно е потребна итна испорака на доволен број средства за противвоздушна одбрана за да се одбие „рускиот ракетен терор“, изјави шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак по разговорите со советниците за национална безбедност на САД, Велика Британија и Франција во Киев.

Според Јермак, разговорите исто така продолжуваат во рамки на меѓународна група експерти за тоа како Украина во иднина може да постои како сосед на Русија, со безбедносни гаранции.

Системот за противвоздушна одбрана би бил еден елемент од ова, рече тој.

The post Украина: Итно ни е потребна испорака на средства за противвоздушна одбрана appeared first on Република.