Андреј Ковачев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrej-kovachev/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 19:58:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андреј Ковачев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrej-kovachev/ 32 32 Не им се оди во ЕУ, па си бараат изговори со клеветење на Бугарија, вели Андреј Ковачев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-im-se-odi-vo-eu-pa-si-baraat-izgovori-so-klevetene-na-bugarija-veli-andrej-kovachev/ Thu, 19 Sep 2024 19:58:56 +0000 https://republika.mk/?p=817969

Во Република Cеверна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Вака европратеникот од ЕПП/ГЕРБ Андреј Ковачев ги коментираше провокациите на РСМ кон Бугарија во последните денови за бугарскиот БНТ.

„Очигледно е дека актуелното раководство на Република Cеверна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција. Тие бараат изговор во својата јавност зошто тоа не може да се случи, а изговорот е, се разбира, со клеветење на Бугарија“, коментира тој.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-do-borisov-nie-sme-jasni-koj-sme-zasebna-makedonska-natsija-zaseben-makedonski-narod-zboruvame-svoj-makedonski-jazik/

Ковачев е дециден дека Бугарија не дала повод за вакви провокации:

„Напротив, ние се однесуваме крајно цивилизирано, европско, сакаме добрососедство.

Бугарија мора да го почитува европскиот дух и да очекува странските кандидати да ги исполнат своите обврски“, нагласи Ковачев на прашањето дали неговата земја треба да ја зајакне својата политика во однос на Cеверна Македонија.

„Не ни преостанува ништо друго освен да инсистираме на нивно спроведување и да побараме од нашите партнери, како и од САД, тоа повеќепати да го повторуваат пред Скопје“, рече европратеникот.

The post Не им се оди во ЕУ, па си бараат изговори со клеветење на Бугарија, вели Андреј Ковачев appeared first on Република.

]]>

Ковачев го поздрави Пендаровски за ставот дека Делчев се изјаснувал како Бугарин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachev-go-pozdravi-pendarovski-za-stavot-deka-delchev-se-izjasnuval-kako-bugarin/ Fri, 08 Mar 2024 11:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=752607

Стево Пендаровски ги сруши Македонските позиции и ја понижи нацијата кога кажа дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин.

Стево Пендаровски беше поздравен и охрабрен за овој свој став лично од Андреј Ковачев. За разлика од поддршката за Пендаровски, Ковачев го нападна претседателот Мицкоски затоа што го повикал Стево да се повлече од тие негови ставови, вели Миле Лефков.

И наместо да се срами од поддршката на Андреј Ковачев, Стево Пендаровски лично се пофали дека имал директна поддршка од Андреј Ковачев, како што тој самиот вели „евродепутатот од ГЕРБ”. По што Андреј Ковачев уште еднаш го поздрави, пофали и охрабри.

Ова покажува кој ги урниса македонските позиции, и зошто Македонија е понижена и блокирана.
За разлика од Стево Пендаровски и СДС, ВМРО-ДПМНЕ е на линија на македонските национални интереси.

https://www.youtube.com/watch?v=3h7_NOJ8YVo

Лично Стево Пендаровски и СДС истапија со тезите на најголемите бугарски шовинисти, тези кои никој во Бугарија не верувал дека ќе бидат прифатени од било кој македонски политичар, и кои се граничат со научна фантастика и до пред доаѓањето на Пендаровски и СДС им служеле само за домашен фолклор.

Стево Пендаровски ја носи Македонија само во нови понижувања и мизерни ситуации. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

The post Ковачев го поздрави Пендаровски за ставот дека Делчев се изјаснувал како Бугарин appeared first on Република.

]]>

Стево Пендаровски ги сруши Македонските позиции и ја понижи нацијата кога кажа дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Стево Пендаровски беше поздравен и охрабрен за овој свој став лично од Андреј Ковачев. За разлика од поддршката за Пендаровски, Ковачев го нападна претседателот Мицкоски затоа што го повикал Стево да се повлече од тие негови ставови, вели Миле Лефков.
И наместо да се срами од поддршката на Андреј Ковачев, Стево Пендаровски лично се пофали дека имал директна поддршка од Андреј Ковачев, како што тој самиот вели „евродепутатот од ГЕРБ”. По што Андреј Ковачев уште еднаш го поздрави, пофали и охрабри.
Ова покажува кој ги урниса македонските позиции, и зошто Македонија е понижена и блокирана. За разлика од Стево Пендаровски и СДС, ВМРО-ДПМНЕ е на линија на македонските национални интереси. https://www.youtube.com/watch?v=3h7_NOJ8YVo Лично Стево Пендаровски и СДС истапија со тезите на најголемите бугарски шовинисти, тези кои никој во Бугарија не верувал дека ќе бидат прифатени од било кој македонски политичар, и кои се граничат со научна фантастика и до пред доаѓањето на Пендаровски и СДС им служеле само за домашен фолклор. Стево Пендаровски ја носи Македонија само во нови понижувања и мизерни ситуации. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

The post Ковачев го поздрави Пендаровски за ставот дека Делчев се изјаснувал како Бугарин appeared first on Република.

]]>
Пендаровски се фалеше дека добивал поддршка од Ковачев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-faleshe-deka-dobival-poddrshka-od-kovachev/ Fri, 08 Mar 2024 07:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=752477

СДС зацапа во кал. Кога веќе сакаат да го анализираат Андреј Ковачев, бугарскиот европарламентарец и негатор на македонскиот идентитет, еве им тонч.

https://www.youtube.com/watch?v=vp7jEeiTRC0&t=13s

Андреј Ковачев во Софија и Брисел  ја користеше изјавата на Пендаровски како клучен доказ и поткрепа на неговата реторика дека Гоце Делчев е Бугарин. Со оваа бесрамна изјава Пендаровски им даде ветар во грб на негаторските кругови во Софија и тоа е една од неговите најголеми стратешки грешки. Едноставно Пендаровски му ги исполни влажните соништа на Андреј Ковачев и луѓето како него.

Второ, да биде поголем автоголот на СДС, истиот нивни пријател Андреј Ковачев го издвојува ВМРО-ДПМНЕ како најголема пречка на неговата негаторска и ревизионистичка политика.

Трето и најскандалозно, Стево Пендаровски со гордост се фалеше дека добивал политичка поддршка од еден лик како Андреј Ковачев. Затоа СДС треба уште денес да го прашаат Пендаровски какви му биле релациите со Андреј Ковачев, дали Ковачев го поучувал за етничката припадност на Гоце Делчев и дали Пендаровски го “продаде евтино“ Гоце Делчев за една политичка поддршка од Ковачев?!
Граѓаните чекаат одговори од СДС и Пендаровски.

The post Пендаровски се фалеше дека добивал поддршка од Ковачев appeared first on Република.

]]>

СДС зацапа во кал. Кога веќе сакаат да го анализираат Андреј Ковачев, бугарскиот европарламентарец и негатор на македонскиот идентитет, еве им тонч. https://www.youtube.com/watch?v=vp7jEeiTRC0&t=13s
Андреј Ковачев во Софија и Брисел  ја користеше изјавата на Пендаровски како клучен доказ и поткрепа на неговата реторика дека Гоце Делчев е Бугарин. Со оваа бесрамна изјава Пендаровски им даде ветар во грб на негаторските кругови во Софија и тоа е една од неговите најголеми стратешки грешки. Едноставно Пендаровски му ги исполни влажните соништа на Андреј Ковачев и луѓето како него.
Второ, да биде поголем автоголот на СДС, истиот нивни пријател Андреј Ковачев го издвојува ВМРО-ДПМНЕ како најголема пречка на неговата негаторска и ревизионистичка политика. Трето и најскандалозно, Стево Пендаровски со гордост се фалеше дека добивал политичка поддршка од еден лик како Андреј Ковачев. Затоа СДС треба уште денес да го прашаат Пендаровски какви му биле релациите со Андреј Ковачев, дали Ковачев го поучувал за етничката припадност на Гоце Делчев и дали Пендаровски го “продаде евтино“ Гоце Делчев за една политичка поддршка од Ковачев?! Граѓаните чекаат одговори од СДС и Пендаровски.

The post Пендаровски се фалеше дека добивал поддршка од Ковачев appeared first on Република.

]]>
СДСМ манипулра со стари фотографии од Силјановска со Ковачев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-manipulra-so-stari-fotografii-od-siljanovska-so-kovachev/ Thu, 07 Mar 2024 12:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=752278

СДС затоа што ја загубија поддршка од народот, не значи дека треба да го загубат разумот.Манипулираат и лажат, и целосно недостоинствено се служат со лажни вести.

СДС во слободен пад се користи со фотографии кога Ковачев им беше “брат” и “љубави”. И да потсетам кога Ковачев објави фотографија со коментар дека Сиљановска имала многу забелешки за договорот со Бугарија и различно мислење за историјата, потенцира самиот Ковачев-обвини Наум Стоилковски.

Ова е фотографија од Ковачев во 2019 година.

https://www.youtube.com/watch?v=ehSS2hIymSU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

А оваа фотографија му е од сега, пред една недела. Само СДС при очи не гледаат разлика и кај самиот Ковачев. Прашање е само дали и оваа манипулација не е во договор на СДС со Ковачев?

Ја разбираме нервозата откако се исфрлени и од европските собири, а дома од народот, но тоа не значи дека може да шират лажни вести и да ги туркаат медиумите во нивните лаги.

Никогаш не било полошо, Време е наместо хаосот во Македонија, да завладее ред.

The post СДСМ манипулра со стари фотографии од Силјановска со Ковачев appeared first on Република.

]]>

СДС затоа што ја загубија поддршка од народот, не значи дека треба да го загубат разумот.Манипулираат и лажат, и целосно недостоинствено се служат со лажни вести.
СДС во слободен пад се користи со фотографии кога Ковачев им беше “брат” и “љубави”. И да потсетам кога Ковачев објави фотографија со коментар дека Сиљановска имала многу забелешки за договорот со Бугарија и различно мислење за историјата, потенцира самиот Ковачев-обвини Наум Стоилковски.  
Ова е фотографија од Ковачев во 2019 година. https://www.youtube.com/watch?v=ehSS2hIymSU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title А оваа фотографија му е од сега, пред една недела. Само СДС при очи не гледаат разлика и кај самиот Ковачев. Прашање е само дали и оваа манипулација не е во договор на СДС со Ковачев?
Ја разбираме нервозата откако се исфрлени и од европските собири, а дома од народот, но тоа не значи дека може да шират лажни вести и да ги туркаат медиумите во нивните лаги.
Никогаш не било полошо, Време е наместо хаосот во Македонија, да завладее ред.

The post СДСМ манипулра со стари фотографии од Силјановска со Ковачев appeared first on Република.

]]>
Eвропратеникот Ковачев: Албанија може да ги почне преговорите за членство во ЕУ и без Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/evropratenikot-kovachev-albanija-mozhe-da-gi-pochne-pregovorite-za-chlenstvo-vo-eu-i-bez-makedonija/ Wed, 28 Jun 2023 20:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=656225

Во интервју за „актуелно.ком“, бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, вели дека имал можност да се сретне со претседателот на Албанија, со премиерот, со претседателот на Собранието и со координаторите на парламентарни групи со кои разговарал за, како што вели, „нашите заедници во Гора, која е во близина на границата со Косово“.

Ова се девет села на планините, од кои седум се чисто бугарски села. Околу 3000 луѓе живеат таму. Јас се сретнав и со претставници на бугарските заедници од различни делови на Македонија, од Голо Брдо, од Преспа. Нашите пријатели и колеги од Албанија рекоа дека многу добро знаат дека од 11 век, историски бугарските заедници живеат во Албанија и дека нема сомнение дека имало бугарски етнички заедници кои живеат на територијата од сегашната Република Албанија со векови“, вели Ковачев

Прашан зарем не е логичен потег да се направи оваа разлика и на Европа да ѝ се каже, Албанија да се раздели како кандидат од Македонија, Ковачев вели дека тоа е сосема јасно.

Самиот Еди Рама ми рече неколку пати дека не се во брак со Скопје и дека ако не можат да ги исполнат европските услови за преговори, а Албанија треба да биде жртва и да чека нешто за што не се ниту виновни, ниту зависи од нив, тогаш Албанија треба да започне преговори веднаш по завршувањето на процесот за испитување на законодавството. Ако дотогаш Македонија нема храброст да го смени Уставот, нема логика Албанија да чека нешто што не зависи од неа“, вели Ковачев.

The post Eвропратеникот Ковачев: Албанија може да ги почне преговорите за членство во ЕУ и без Македонија appeared first on Република.

Ковачев на Македонците во Гора им ветува бугарски пасоши по кратка постапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kovachev-na-makedontsite-vo-gora-im-vetuva-bugarski-pasoshi-po-kratka-postapka/ Sat, 24 Jun 2023 14:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=654731

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува произволните и крајно навредливи изјави во однос на населението во Гора како бугарско. Имено, во својство на европратеник, при неговата посета на Република Албанија на 23. 06. 2023 година, Ковачев објави дека се сретнал со бугарска заедници во регионот Гора“. Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонското национално малцинство во Република Албанија.

Ветува бугарски пасоши по кратка постапка, подмитува изроди од македонското ткиво кои работат во правец на бугарско асимилирање на Македонците итн. Фактот дека ефектот од сите тие фрлени средства за денационализација на Македонците во Република Албанија досега не го донесе посакуваниот ефект, секако ги алармира сите сили во правец на насилно побугарување на Македонците во Албанија, а особено во областа Гора.

Секако, најавената посета на Андреј Ковачев треба да биде дополнителен притисок врз населението во Гора за негово побугарување, бидејќи тој ја има во свои раце моќта да лаже и замајува во својство на европратеник. Македонското друштво “Илинден“-Тирана изразува жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените во однос на евроинтеграциите на Република Албанија, политичкиот врв на нашата држава ја плаќа со нашата национална припадност и нашето национално достоинство како Македонци.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува европските институции, кои тврдат дека се темелат на демократското однесување во однос на основните човекови права, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари, но и европратеници во однос на македонското национално малцинство во Република Албанија. Досегашното нереагирање на европските институции кон бугарските, крајно дрски и насилнички атаци врз Македонците во Република Албанија, за нас, како македонско национално малцинство значи дека европскиот дом е дом на насилници кои со силата на моќта смеат да го газат и тероризираат кој сакаат народ на Балканот, во Европа и во светот. Посакуваме, Европската Унија да ги заузда насилниците од Бугарија.

The post Ковачев на Македонците во Гора им ветува бугарски пасоши по кратка постапка appeared first on Република.

Ковачев наместо да прашува, должи одговор: Дали Бугарија има доставено список од 25 неподобни македонски интелектуалци? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachev-namesto-da-prashuva-dolzhi-odgovor-dali-bugarija-ima-dostaveno-spisok-od-25-nepodobni-makedonski-intelektualtsi/ Wed, 10 May 2023 12:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=639323

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев го оцени како „комично“ објаснувањето на македонското Министерство за надворешни работи дека на 6 мај не му било дозволен влез на територијата на државата, зашто патувал со лица кои претставуваат ризик за јавниот мир и безбедност.

Во коментар за БТА, Ковачев вели дека главното прашање е дали има или нема црна листа на европски граѓани, кои не се дозволени во Република Македонија. Според него, „реакциите од претставниците на Европската комисија и на Европскиот парламент, како и на бугарската влада ги алармирале властите во Скопје“.

-Комична реакција. Министерството за надворешни работи на Република Македонија, очигледно притиснато од оваа јасна и многу дефинитивна реакција и од Бугарија и од европските институции – Европската комисија и Европскиот парламент, реши да излезе со соопштение дека тоа не е поради мене, туку поради некој друг за кој не беше јасно кој претставува закана за мирот и безбедноста на Република Македонија. Затоа на сите колективно решиле да им одбијат влез, рекол Ковачев.

Бугарскиот министер за надворешни работи, Иван Кондов, вчера ја повика на средба амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска, поради случајот да не се дозволи влез во нашата земја на петмина бугарски државјани.

Во вчерашното соопштение нашето Министерство за надворешни работи објави:

-На 6 мај, на граничниот премин Ново Село, поради неисполнување на условите за влез
во Република Македонија, согласно Законот за странци, не бил дозволен влез на група од петмина државјани на Република Бугарија.

Дополнително би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал.

Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија.

Софиски Труд денеска го објави документот, што македонската гранична полиција му го дала на Ковачев. И во него може да се забележат две работи. Прво, самиот документ носи назив  „Решение за одбивање влез на граница„. И второ, членот од Законот за странци, што е искористен.

[caption id="attachment_639327" align="alignnone" width="478"] (фото: Труд.бг)[/caption]

Станува збор за чл.11, став 1, точка Г, а се наоѓа во делот Услови за влез (во државата Република Македонија н.з.). А, тој гласи: (г) не е лице за кое во системот за контрола на патници и возила е издадено предупредување за забрана за влез.

Фактички, искористениот документ се однесува за забрана за влез во државата, а искористениот член, став и точка велат дека за лицето, во случајот Андреј Ковачев, не било во системот за контрола на патници и возила за кои е издадено предупредување од МВР за да му се забрани влез во државата.

Но, крајно иритирачки делува прозивката на Ковачев за тоа дали има или нема црна листа на европски граѓани, кои не се дозволени во Република Македонија. Пред воопшто да го постави ова прашање, Ковачев треба да даде одговор на друго прашање, за тоа е дали Република Бугарија има доставено до нашето МНР „црн список“ од 25 неподобни македонски интелектуалци, професори, експерти, новинари за присутност во историската комисија и во нашите медиуми?

https://republika.mk/kolumni/identitetski-idiotizam-meren-vo-procenti/

The post Ковачев наместо да прашува, должи одговор: Дали Бугарија има доставено список од 25 неподобни македонски интелектуалци? appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев го оцени како „комично“ објаснувањето на македонското Министерство за надворешни работи дека на 6 мај не му било дозволен влез на територијата на државата, зашто патувал со лица кои претставуваат ризик за јавниот мир и безбедност. Во коментар за БТА, Ковачев вели дека главното прашање е дали има или нема црна листа на европски граѓани, кои не се дозволени во Република Македонија. Според него, „реакциите од претставниците на Европската комисија и на Европскиот парламент, како и на бугарската влада ги алармирале властите во Скопје“.
-Комична реакција. Министерството за надворешни работи на Република Македонија, очигледно притиснато од оваа јасна и многу дефинитивна реакција и од Бугарија и од европските институции – Европската комисија и Европскиот парламент, реши да излезе со соопштение дека тоа не е поради мене, туку поради некој друг за кој не беше јасно кој претставува закана за мирот и безбедноста на Република Македонија. Затоа на сите колективно решиле да им одбијат влез, рекол Ковачев.
Бугарскиот министер за надворешни работи, Иван Кондов, вчера ја повика на средба амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска, поради случајот да не се дозволи влез во нашата земја на петмина бугарски државјани. Во вчерашното соопштение нашето Министерство за надворешни работи објави:
-На 6 мај, на граничниот премин Ново Село, поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно Законот за странци, не бил дозволен влез на група од петмина државјани на Република Бугарија. Дополнително би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал. Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија.
Софиски Труд денеска го објави документот, што македонската гранична полиција му го дала на Ковачев. И во него може да се забележат две работи. Прво, самиот документ носи назив  „Решение за одбивање влез на граница„. И второ, членот од Законот за странци, што е искористен. [caption id="attachment_639327" align="alignnone" width="478"] (фото: Труд.бг)[/caption] Станува збор за чл.11, став 1, точка Г, а се наоѓа во делот Услови за влез (во државата Република Македонија н.з.). А, тој гласи: (г) не е лице за кое во системот за контрола на патници и возила е издадено предупредување за забрана за влез. Фактички, искористениот документ се однесува за забрана за влез во државата, а искористениот член, став и точка велат дека за лицето, во случајот Андреј Ковачев, не било во системот за контрола на патници и возила за кои е издадено предупредување од МВР за да му се забрани влез во државата. Но, крајно иритирачки делува прозивката на Ковачев за тоа дали има или нема црна листа на европски граѓани, кои не се дозволени во Република Македонија. Пред воопшто да го постави ова прашање, Ковачев треба да даде одговор на друго прашање, за тоа е дали Република Бугарија има доставено до нашето МНР „црн список“ од 25 неподобни македонски интелектуалци, професори, експерти, новинари за присутност во историската комисија и во нашите медиуми? https://republika.mk/kolumni/identitetski-idiotizam-meren-vo-procenti/

The post Ковачев наместо да прашува, должи одговор: Дали Бугарија има доставено список од 25 неподобни македонски интелектуалци? appeared first on Република.

]]>
Спасовски си ја подви опашката за Андреј Ковачев пред Бујар Османи!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-si-ja-podvi-opashkata-za-andrej-kovachev-pred-bujar-osmani/ Tue, 09 May 2023 13:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=638872

Министерот за внатрешни работи и потенцијален кандидат на власта за претседателските избори, што треба да се одржат догодина, Оливер Спасовски, денеска си ја подви опашката пред неговиот колега, министерот за надворешни работи Бујар Османи. Непосреден повод за тоа беше забраната за влез во Република Македонија на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на 6 мај годинава.

Звучи просто неверојатно, но во рок од само три дена двете министерства, МВР и МНР, излегоа со крајно спротивставени ставови за еден ист настан, ставајќи ги во преден план неконзистентноста на власта и тоа кој е кој во Владата, односно кој го раководи владиниот оркестар и кој е прва, а кој втора виолина во него. И тука некако не помогнаа „мадињата“, демек „храброста“ при носењето одлуки на премиерот намесник Димитар Ковачевски.

-Денеска околу 11 часот, на граничниот премин Ново Село, поради неисполнување на услов ите за влез во Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Бугарија. Македонската полиција нема да дозволи сега, нити во иднина никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територијата на државата, соопшти на 6 мај МВР.

Во денешното соопштение на МНР, пак, се вели нешто сосема друго.

-На 6 мај, на граничниот премин Ново Село,поради неисполнување на условите за влез
во Република Македонија,согласно законот за странци, не бил дозволен влез на група од петмина државјани на Република Бугарија.

Дополнително би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал.

Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините
граѓани е добредојден во Македонија, објаснија од Министерството.

Ако МВР имало сознанија само за сопатниците на Ковачев, тогаш зошто самиот премин не му било кажано дека тој може да влезе во Македонија, но не и неговите пидружници?! И воопшто, можно ли е воопшто МВР да направи ваков превид?!, прашува „Пресинг ТВ“.

Апсолутно не! 

Едноставно недозволиво е министерот Спасовски секојдневно да не бомбардира со своите успеси, а истовремено да не постои координација меѓу него и граничните служби. Па сега, исто како со издавањето македонски пасоши на белосветски криминалци ќе биде виновен некој полициски службеник на граничниот премин Ново Село, а не тој што е најодговорен за одбраната на јавниот ред и мир и заштитата на државата и граѓаните од навреди и омаловажувања!

Крајно наивно делува, пак, образложението, на МНР дека бугарскиот европратеник Андреј Ковачев не ги омаловажувал граѓаните и државата Република Македонија и само така, случајно бил жртва на своите сопатници. Напротив, реакцијата следува откако случувањата со Ковачев се најдоа на дневен ред на Европскиот парламент, неговата изјава дека очекува извинување и опасноста од ново бугарско вето.

Ова дотолку повеќе што Ковачев во денешното интервју за Факти.бг директно ги обвини премиерот Ковачевски и министерот Спасовски, ставајќи ја притоа суштината на недоразбирањата меѓу двете држави и двата народа, а тоа одново е толкувањето на историјата.

-Многупати, можеби и десетици пати, дури и во македонските медиуми сум кажал дека човеково право е секој жив човек да се дефинира како Германец, како Бугарин, како Белгиец, како етнички Македонец. Секој човек има право да го именува својот јазик, да го користи како што сака во денешното модерно време. Но, по истата логика, луѓето во Македонија немаат право да го менуваат идентитетот и јазикот на починатите луѓе. Овде големата разлика е што толкувањето на историјата за нив е некаков спор, што води до дискриминација, до говор на омраза. Ако нивното МВР смета, на пример, дека тоа што Гоце Делчев, Дамјан Груев или браќата Миладиновци се етнички Бугари, откако тие самите се дефинирале како такви врз основа на сите историски податоци, претставува навреда за современите граѓани на Република Македонија, тогаш имаме огромен проблем. Имаме проблем што над 99% од бугарските граѓани нема да можат да патуваат во Република Македонија, бидејќи тешко дека некој пред да оди таму ќе изјави дека го смета Гоце Делчев за Македонец. Работите одат во апсурдна насока, изјави меѓу другото Ковачев.

И сега, историјата е или не е услов за напредокот на Македонија во преговорите за членство во ЕУ!?

Извор „Pressing TV“

The post Спасовски си ја подви опашката за Андреј Ковачев пред Бујар Османи!? appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи и потенцијален кандидат на власта за претседателските избори, што треба да се одржат догодина, Оливер Спасовски, денеска си ја подви опашката пред неговиот колега, министерот за надворешни работи Бујар Османи. Непосреден повод за тоа беше забраната за влез во Република Македонија на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на 6 мај годинава. Звучи просто неверојатно, но во рок од само три дена двете министерства, МВР и МНР, излегоа со крајно спротивставени ставови за еден ист настан, ставајќи ги во преден план неконзистентноста на власта и тоа кој е кој во Владата, односно кој го раководи владиниот оркестар и кој е прва, а кој втора виолина во него. И тука некако не помогнаа „мадињата“, демек „храброста“ при носењето одлуки на премиерот намесник Димитар Ковачевски.
-Денеска околу 11 часот, на граничниот премин Ново Село, поради неисполнување на услов ите за влез во Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Бугарија. Македонската полиција нема да дозволи сега, нити во иднина никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територијата на државата, соопшти на 6 мај МВР.
Во денешното соопштение на МНР, пак, се вели нешто сосема друго.
-На 6 мај, на граничниот премин Ново Село,поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија,согласно законот за странци, не бил дозволен влез на група од петмина државјани на Република Бугарија. Дополнително би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал. Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија, објаснија од Министерството.
Ако МВР имало сознанија само за сопатниците на Ковачев, тогаш зошто самиот премин не му било кажано дека тој може да влезе во Македонија, но не и неговите пидружници?! И воопшто, можно ли е воопшто МВР да направи ваков превид?!, прашува „Пресинг ТВ“. Апсолутно не!  Едноставно недозволиво е министерот Спасовски секојдневно да не бомбардира со своите успеси, а истовремено да не постои координација меѓу него и граничните служби. Па сега, исто како со издавањето македонски пасоши на белосветски криминалци ќе биде виновен некој полициски службеник на граничниот премин Ново Село, а не тој што е најодговорен за одбраната на јавниот ред и мир и заштитата на државата и граѓаните од навреди и омаловажувања! Крајно наивно делува, пак, образложението, на МНР дека бугарскиот европратеник Андреј Ковачев не ги омаловажувал граѓаните и државата Република Македонија и само така, случајно бил жртва на своите сопатници. Напротив, реакцијата следува откако случувањата со Ковачев се најдоа на дневен ред на Европскиот парламент, неговата изјава дека очекува извинување и опасноста од ново бугарско вето. Ова дотолку повеќе што Ковачев во денешното интервју за Факти.бг директно ги обвини премиерот Ковачевски и министерот Спасовски, ставајќи ја притоа суштината на недоразбирањата меѓу двете држави и двата народа, а тоа одново е толкувањето на историјата.
-Многупати, можеби и десетици пати, дури и во македонските медиуми сум кажал дека човеково право е секој жив човек да се дефинира како Германец, како Бугарин, како Белгиец, како етнички Македонец. Секој човек има право да го именува својот јазик, да го користи како што сака во денешното модерно време. Но, по истата логика, луѓето во Македонија немаат право да го менуваат идентитетот и јазикот на починатите луѓе. Овде големата разлика е што толкувањето на историјата за нив е некаков спор, што води до дискриминација, до говор на омраза. Ако нивното МВР смета, на пример, дека тоа што Гоце Делчев, Дамјан Груев или браќата Миладиновци се етнички Бугари, откако тие самите се дефинирале како такви врз основа на сите историски податоци, претставува навреда за современите граѓани на Република Македонија, тогаш имаме огромен проблем. Имаме проблем што над 99% од бугарските граѓани нема да можат да патуваат во Република Македонија, бидејќи тешко дека некој пред да оди таму ќе изјави дека го смета Гоце Делчев за Македонец. Работите одат во апсурдна насока, изјави меѓу другото Ковачев.
И сега, историјата е или не е услов за напредокот на Македонија во преговорите за членство во ЕУ!? Извор „Pressing TV“

The post Спасовски си ја подви опашката за Андреј Ковачев пред Бујар Османи!? appeared first on Република.

]]>
МНР за Ковачев: Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-za-kovachev-sekoj-evropratenik-koj-go-pochituva-dostoinstvoto-na-drzhavata-i-nejzinite-gragani-e-dobredojden-vo-makedonija/ Tue, 09 May 2023 11:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=638813

Министерството за надворешни работи му одговори на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој денес во интервју за БТВ побара прецизно објаснување од официјално Скопје пред да разгледува можност за ново вето кон Македонија.

На 6 мај, на граничниот премин Ново Село, поради неисполнување на условите за влез
во Република Македонија, согласно со Законот за странци, не било дозволен влез на група од петмина државјани на Република Бугарија“. Дополнително би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал.

Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините
граѓани е добредојден во Македонија“, објаснија од МНР.

The post МНР за Ковачев: Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи му одговори на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој денес во интервју за БТВ побара прецизно објаснување од официјално Скопје пред да разгледува можност за ново вето кон Македонија.
На 6 мај, на граничниот премин Ново Село, поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно со Законот за странци, не било дозволен влез на група од петмина државјани на Република Бугарија“. Дополнително би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал.
Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија“, објаснија од МНР.

The post МНР за Ковачев: Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија appeared first on Република.

]]>
Koвачев побара од Спасовски и Ковачевски да не го менуваат идентитетот и јазикот на починатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachev-pobara-od-spasovski-i-kovachevski-da-ne-go-menuvaat-identitetot-i-jazikot-na-pochinatite/ Tue, 09 May 2023 09:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=638706

Оваа нивна емотивна одлука да покажат колку се строги со Бугарите, ова толкување на историјата на индивидуално ниво дека немаме право да влеземе во Република Македонија… Немам ниту една изјава во која јас тврдам дека не го признавам човековото право на секој да се самоопределува.

Ова меѓу другото во денешно интервју за бугарски Факти.бг го изјави европратеникот Андреј Ковачев, одговарајќи на прашањето дека забраната за негово влегување во Република Македонија „е многу тежок прекршок и многу голема грешка, што ја направија премиерот Димитар Ковачевски и министерот Оливер Спасовски“.

Во продолжение на одговоот Ковачев изјави:

-Многупати, можеби и десетици пати, дури и во македонските медиуми сум кажал дека човеково право е секој жив човек да се дефинира како Германец, како Бугарин, како Белгиец, како етнички Македонец. Секој човек има право да го именува својот јазик, да го користи како што сака во денешното модерно време. Но, по истата логика, луѓето во Македонија немаат право да го менуваат идентитетот и јазикот на починатите луѓе. Овде големата разлика е што толкувањето на историјата за нив е некаков спор, што води до дискриминација, до говор на омраза. Ако нивното МВР смета, на пример, дека тоа што Гоце Делчев, Дамјан Груев или браќата Миладиновци се етнички Бугари, откако тие самите се дефинирале како такви врз основа на сите историски податоци, претставува навреда за современите граѓани на Република Македонија, тогаш имаме огромен проблем. Имаме проблем што над 99% од бугарските граѓани нема да можат да патуваат во Република Македонија, бидејќи тешко дека некој пред да оди таму ќе изјави дека го смета Гоце Делчев за Македонец. Работите одат во апсурдна насока. 

Не знам, да бидам искрен, како македонските власти ќе излезат од овој маѓепсан круг, кој започна со усвојување на дискриминаторски закон, кој има многу рестриктивен ефект и ги забрани имињата на бугарските културни клубови во Македонија… Следеа обвинувањата против бугарските претседатели на клубовите во Охрид и Битола, што доведе до претепување на Христијан Пендиков. Се создава атмосфера на дискриминација и омраза. 

Што можеме да кажеме за фактот дека во Македонија се попречува секој кариерен развој на македонските граѓани, кои отворено го декларираат својот бугарски идентитет? Зошто нема ниту еден македонски граѓанин со бугарска самосвест во државната администрација на Македонија, во локалната власт, во полицијата, во обвинителството, во академскиот свет, меѓу новинарите? Во исто време, има секакви луѓе од други различни заедници. Нема проблем со нив, но огромен проблем е ако некој каже дека се Бугари! За мене тоа значи дека сегашните етнички Македонци не се сигурни во својот идентитет и се обидуваат да ја продолжат репресијата од времето на Титова Југославија за да ги спречат луѓето, кои отворено се идентификуваат како Бугари од јавниот и политичкиот живот на земјата.

The post Koвачев побара од Спасовски и Ковачевски да не го менуваат идентитетот и јазикот на починатите appeared first on Република.

]]>

Оваа нивна емотивна одлука да покажат колку се строги со Бугарите, ова толкување на историјата на индивидуално ниво дека немаме право да влеземе во Република Македонија… Немам ниту една изјава во која јас тврдам дека не го признавам човековото право на секој да се самоопределува. Ова меѓу другото во денешно интервју за бугарски Факти.бг го изјави европратеникот Андреј Ковачев, одговарајќи на прашањето дека забраната за негово влегување во Република Македонија „е многу тежок прекршок и многу голема грешка, што ја направија премиерот Димитар Ковачевски и министерот Оливер Спасовски“.   Во продолжение на одговоот Ковачев изјави:
-Многупати, можеби и десетици пати, дури и во македонските медиуми сум кажал дека човеково право е секој жив човек да се дефинира како Германец, како Бугарин, како Белгиец, како етнички Македонец. Секој човек има право да го именува својот јазик, да го користи како што сака во денешното модерно време. Но, по истата логика, луѓето во Македонија немаат право да го менуваат идентитетот и јазикот на починатите луѓе. Овде големата разлика е што толкувањето на историјата за нив е некаков спор, што води до дискриминација, до говор на омраза. Ако нивното МВР смета, на пример, дека тоа што Гоце Делчев, Дамјан Груев или браќата Миладиновци се етнички Бугари, откако тие самите се дефинирале како такви врз основа на сите историски податоци, претставува навреда за современите граѓани на Република Македонија, тогаш имаме огромен проблем. Имаме проблем што над 99% од бугарските граѓани нема да можат да патуваат во Република Македонија, бидејќи тешко дека некој пред да оди таму ќе изјави дека го смета Гоце Делчев за Македонец. Работите одат во апсурдна насока.  Не знам, да бидам искрен, како македонските власти ќе излезат од овој маѓепсан круг, кој започна со усвојување на дискриминаторски закон, кој има многу рестриктивен ефект и ги забрани имињата на бугарските културни клубови во Македонија… Следеа обвинувањата против бугарските претседатели на клубовите во Охрид и Битола, што доведе до претепување на Христијан Пендиков. Се создава атмосфера на дискриминација и омраза.  Што можеме да кажеме за фактот дека во Македонија се попречува секој кариерен развој на македонските граѓани, кои отворено го декларираат својот бугарски идентитет? Зошто нема ниту еден македонски граѓанин со бугарска самосвест во државната администрација на Македонија, во локалната власт, во полицијата, во обвинителството, во академскиот свет, меѓу новинарите? Во исто време, има секакви луѓе од други различни заедници. Нема проблем со нив, но огромен проблем е ако некој каже дека се Бугари! За мене тоа значи дека сегашните етнички Македонци не се сигурни во својот идентитет и се обидуваат да ја продолжат репресијата од времето на Титова Југославија за да ги спречат луѓето, кои отворено се идентификуваат како Бугари од јавниот и политичкиот живот на земјата.

The post Koвачев побара од Спасовски и Ковачевски да не го менуваат идентитетот и јазикот на починатите appeared first on Република.

]]>
Манфред Вебер: ЕП ќе расправа за забраната за влез на Андреј Ковачев во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manfred-veber-ep-ke-rasprava-za-zabranata-za-vlez-na-andrej-kovachev-vo-makedonija/ Mon, 08 May 2023 11:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=638376

Категорично ја осудуваме забраната за влез во Македонија на европратеникот Андреј Ковачев на 6 мај. Тоа е неприфатливо и без преседан.

Ова меѓу другото на својот профил на Твидер го напиша првиот човек на Европската народна партија Манфред Вебер.

-Ја повикуваме Владата на Македонија итно да ја расчисти ситуацијата. Прашањето ќе биде поставено денеска попладне на пленарно заседание на Европскиот парламент, дополнува Вебер.

The post Манфред Вебер: ЕП ќе расправа за забраната за влез на Андреј Ковачев во Македонија appeared first on Република.

]]>

Категорично ја осудуваме забраната за влез во Македонија на европратеникот Андреј Ковачев на 6 мај. Тоа е неприфатливо и без преседан. Ова меѓу другото на својот профил на Твидер го напиша првиот човек на Европската народна партија Манфред Вебер.
-Ја повикуваме Владата на Македонија итно да ја расчисти ситуацијата. Прашањето ќе биде поставено денеска попладне на пленарно заседание на Европскиот парламент, дополнува Вебер.

The post Манфред Вебер: ЕП ќе расправа за забраната за влез на Андреј Ковачев во Македонија appeared first on Република.

]]>
Бугарското МНР реагира поради забраната за влез на петмина бугарски државјани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskoto-mnr-reagira-poradi-zabranata-za-vlez-na-petmina-bugarski-drzhavjani/ Sat, 06 May 2023 17:19:00 +0000 https://republika.mk/?p=637762

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија соопшти дека е разочарано од одлуката на властите во Република Македонија да не им дозволата влез во земјата на бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреј Ковачев, на претседателот на Фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски и на уште тројца бугарски државјани.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека не е дозволен влез на петмина бугарски државјани, поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци.

Денеска (06.05) околу 11 часот на граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија. Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата, нагласуваат од МВР.

Настанот на кој требало да присуствуваат е по повод празникот Ѓурѓовден, што традиционално со години се организирал во Ново Село, Струмица од страна на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат на Бугарија во Битола и Фондацијата „Бугарска меморија“ преку свеченост во Бугарската воени гробишта со панихида.

Причините за одбивањето, поточно издадената забрана за влез во Македонија, предизвикуваат конфузија. Во врска со денешниот невиден инцидент, Министерството за надворешни работи нагласува дека наведените тврдења за евроинтеграции на Македонија бараат барем прекин на провокациите кон Бугарија, Бугарите и кон претставниците на европските институции. Бугарската страна ќе го покрене ова прашање официјално пред властите во Македонија и со нашите меѓународни партнери, бидејќи настаните од слична природа имаат негативно влијание врз добрососедските односи и напорите на бугарската страна насочени кон враќање на довербата и создавање позитивна клима за развој на билатералните односи, стои во реакцијата на бугарското МНР.

Претходно за БТА европратеникот и известувач во Европскиот парламент за Република Македонија, Илхан Ќучук изјави дека е недозволиво и неприфатливо да не се дозволи влез на европратеникот Андреј Ковачев во Република Македонија.

Станува збор за бугарски државјанин, пратеник во Европскиот парламент, кој отишол таму со добри намери - да го почитува заедничкиот спомен. Треба да се изрази несогласување со овој став, кој треба да биде доволно силен од страна на бугарската амбасада и од страна на европратениците, вели Ќучук. В понеделник ќе се сретнеме и ќе видиме што може да се направи, вели тој.

Ковачев изјави дека го информирал министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски се во Њујорк и не знаел точно каква е ситуацијата.

Засега нема официјален став од Министерството за надворешни работи на Македонија.

The post Бугарското МНР реагира поради забраната за влез на петмина бугарски државјани appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија соопшти дека е разочарано од одлуката на властите во Република Македонија да не им дозволата влез во земјата на бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреј Ковачев, на претседателот на Фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски и на уште тројца бугарски државјани. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека не е дозволен влез на петмина бугарски државјани, поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци.
Денеска (06.05) околу 11 часот на граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија. Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата, нагласуваат од МВР.
Настанот на кој требало да присуствуваат е по повод празникот Ѓурѓовден, што традиционално со години се организирал во Ново Село, Струмица од страна на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат на Бугарија во Битола и Фондацијата „Бугарска меморија“ преку свеченост во Бугарската воени гробишта со панихида.
Причините за одбивањето, поточно издадената забрана за влез во Македонија, предизвикуваат конфузија. Во врска со денешниот невиден инцидент, Министерството за надворешни работи нагласува дека наведените тврдења за евроинтеграции на Македонија бараат барем прекин на провокациите кон Бугарија, Бугарите и кон претставниците на европските институции. Бугарската страна ќе го покрене ова прашање официјално пред властите во Македонија и со нашите меѓународни партнери, бидејќи настаните од слична природа имаат негативно влијание врз добрососедските односи и напорите на бугарската страна насочени кон враќање на довербата и создавање позитивна клима за развој на билатералните односи, стои во реакцијата на бугарското МНР.
Претходно за БТА европратеникот и известувач во Европскиот парламент за Република Македонија, Илхан Ќучук изјави дека е недозволиво и неприфатливо да не се дозволи влез на европратеникот Андреј Ковачев во Република Македонија.
Станува збор за бугарски државјанин, пратеник во Европскиот парламент, кој отишол таму со добри намери - да го почитува заедничкиот спомен. Треба да се изрази несогласување со овој став, кој треба да биде доволно силен од страна на бугарската амбасада и од страна на европратениците, вели Ќучук. В понеделник ќе се сретнеме и ќе видиме што може да се направи, вели тој.
Ковачев изјави дека го информирал министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски се во Њујорк и не знаел точно каква е ситуацијата. Засега нема официјален став од Министерството за надворешни работи на Македонија.

The post Бугарското МНР реагира поради забраната за влез на петмина бугарски државјани appeared first on Република.

]]>
МВР објасни зошто не дозволило влез на Ковачев https://arhiva3.republika.mk/vesti/mvr-objasni-zoshto-ne-dozvolilo-vlez-na-kovachev/ Sat, 06 May 2023 16:53:39 +0000 https://republika.mk/?p=637747

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија соопшти дека е разочарано од одлуката на властите во Република Македонија да не им дозволи влез во земјата на бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреј Ковачев, на претседателот на Фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски и на уште тројца бугарски државјани.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека не е дозволен влез на петмина бугарски државјани, поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци.

Денеска (06.05) околу 11 часот на граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија. Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата, нагласуваат од МВР.

Настанот на кој требало да присуствуваат е по повод празникот Ѓурѓовден, што традиционално со години се организирал во Ново Село, Струмица од страна на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат на Бугарија во Битола и Фондацијата „Бугарска меморија“ преку свеченост во Бугарската воени гробишта со панихида.

Причините за одбивањето, поточно издадената забрана за влез во Македонија, предизвикуваат конфузија. Во врска со денешниот невиден инцидент, Министерството за надворешни работи нагласува дека наведените тврдења за евроинтеграции на Македонија бараат барем прекин на провокациите кон Бугарија, Бугарите и кон претставниците на европските институции. Бугарската страна ќе го покрене ова прашање официјално пред властите во Македонија и со нашите меѓународни партнери, бидејќи настаните од слична природа имаат негативно влијание врз добрососедските односи и напорите на бугарската страна насочени кон враќање на довербата и создавање позитивна клима за развој на билатералните односи, стои во реакцијата на бугарското МНР.

Претходно за БТА европратеникот и известувач во Европскиот парламент за Република Македонија, Илхан Ќучук изјави дека е недозволиво и неприфатливо да не се дозволи влез на европратеникот Андреј Ковачев во Република Македонија.

Станува збор за бугарски државјанин, пратеник во Европскиот парламент, кој отишол таму со добри намери – да го почитува заедничкиот спомен. Треба да се изрази несогласување со овој став, кој треба да биде доволно силен од страна на бугарската амбасада и од страна на европратениците, вели Ќучук. В понеделник ќе се сретнеме и ќе видиме што може да се направи, вели тој.

Ковачев изјави дека го информирал министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски се во Њујорк и не знаел точно каква е ситуацијата.

Засега нема официјален став од Министерството за надворешни работи на Македонија.

The post МВР објасни зошто не дозволило влез на Ковачев appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија соопшти дека е разочарано од одлуката на властите во Република Македонија да не им дозволи влез во земјата на бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреј Ковачев, на претседателот на Фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски и на уште тројца бугарски државјани. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека не е дозволен влез на петмина бугарски државјани, поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци.
Денеска (06.05) околу 11 часот на граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија. Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата, нагласуваат од МВР.
Настанот на кој требало да присуствуваат е по повод празникот Ѓурѓовден, што традиционално со години се организирал во Ново Село, Струмица од страна на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат на Бугарија во Битола и Фондацијата „Бугарска меморија“ преку свеченост во Бугарската воени гробишта со панихида.
Причините за одбивањето, поточно издадената забрана за влез во Македонија, предизвикуваат конфузија. Во врска со денешниот невиден инцидент, Министерството за надворешни работи нагласува дека наведените тврдења за евроинтеграции на Македонија бараат барем прекин на провокациите кон Бугарија, Бугарите и кон претставниците на европските институции. Бугарската страна ќе го покрене ова прашање официјално пред властите во Македонија и со нашите меѓународни партнери, бидејќи настаните од слична природа имаат негативно влијание врз добрососедските односи и напорите на бугарската страна насочени кон враќање на довербата и создавање позитивна клима за развој на билатералните односи, стои во реакцијата на бугарското МНР.
Претходно за БТА европратеникот и известувач во Европскиот парламент за Република Македонија, Илхан Ќучук изјави дека е недозволиво и неприфатливо да не се дозволи влез на европратеникот Андреј Ковачев во Република Македонија.
Станува збор за бугарски државјанин, пратеник во Европскиот парламент, кој отишол таму со добри намери – да го почитува заедничкиот спомен. Треба да се изрази несогласување со овој став, кој треба да биде доволно силен од страна на бугарската амбасада и од страна на европратениците, вели Ќучук. В понеделник ќе се сретнеме и ќе видиме што може да се направи, вели тој.
Ковачев изјави дека го информирал министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски се во Њујорк и не знаел точно каква е ситуацијата. Засега нема официјален став од Министерството за надворешни работи на Македонија.  

The post МВР објасни зошто не дозволило влез на Ковачев appeared first on Република.

]]>
Наместо интервју: Андреј Ковачев ги потроши сите кредити за разговор со „Република“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/namesto-intervju-andrej-kovachev-gi-potroshi-site-krediti-za-razgovor-so-republika/ Sun, 12 Mar 2023 07:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=618573

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, која припаѓа на Европската народна партија, Андреј Ковачев, го следи и чита нашиот портал „Република.мк“. И има зошто. Порталот „Република“ одамна е веродостоен медиум.

И знаејќи го тоа Ковачев изрази подготвеност и побара интервју со него во било која форма-преку вибер, скајп, меил, директно кај него или во нашето студио!

А, повод за тоа најде во една вест, што ја пренесе Република.мк, насловена како „Андреј Ковачев во ЕП тврди дека Бугарија ги спасила Евреите, а не дека ги пратила во Треблинка“. Неговиот асистент со брзина на светлината дури од Брисел реагираше со барање за демант.

-Ние изразивме длабоко жалење за тоа што се случувало со депортираните од тогашните окупирани од германскиот рајх Македонија и Беломорска Тракија, кои трагично го завршуваат својот живот во концентрационите логори на нацистите, рекол точно во Европскиот парламент, Андреј Ковачев.

„Република.мк“ професионално, по речиси целодневна меѓусебна преписка, објави што точно рекол бугарскиот европратеник. Меѓусебната комуникација се одвиваше на три јазика-на бугарски, на македонски и на англиски.

Значи, Ковачев ја следи и чита Република на македонски, возвраќа на бугарски, јазик што ние не го знаеме и разбираме, а за да дознаеме за што точно станува збор го користевме англискиот. Е, сега, ако бугарскиот европратеник смета дека нашиот македонски го пишуваме на „српска машина за чукање“ или на лош западнобугарски дијалект, тоа е само негов проблем, но не и наш.

Андреј(а) е велико име. Име на еден од дванаесетте Христови апостоли, инаку брат на св.Петар, рибар по професија и ученик на св.Јован Крстител. Оттука, според Евангелието по Јован, уште е наречен и Првоповикан, зашто Исус го именувал и како „јагне Божјо, што ги собира сите гревови на овој свет“. Имал лоша судбина. По наредба на градоначалникот на Патрас, св.Андреј бил распнат на крст, но не како Исус, туку во форма на буквата Х. Два дена и две ноќи апостолот се мачел пред да ја испушти душата.Така вели преданието.

А, во реалноста не знаеме дали „јагнето Божјо“ Андреј Ковачев „ги собира сите гревови на овој свет“, ама со сигурност знаеме дека ги собира гревовите на оваа генерација Македонци. Зашто, неговата политика кон Република Македонија и Македонците го манифестира целиот бугарски национал-шовинизам, историски ревизионизам, државен негационизам и триторијален експанзионизам.

И тоа може да се забележи и во демантот од Брисел. Андреј Ковачев изразува жалење за депортацијата на Евреите „од тогашните окупирани од германскиот рајх Македонија и Беломорска Тракија“. Што со други зборови значи дека Македонија, оваа нашата денешна Република, за време на Втората светска војна како Вардарска Македонија не била окупирана, туку само администратирана од царска Бугарија на Борис III! За некаков бугарски наци-фашизам, пак, ни збор не станува!

Со сосема спротивните факти од овие, што ги изнесува Ковачев, не спори „Република“. Напротив, спорат бугарски граѓански и еврејски здруженија, граѓани поединци, историчари, новинари, публицисти... Кои отворено и јавно повикаа државата Република Бугарија да се извини за улогата и учеството во холокаустот на Евреите во Втората светска војна.

И какво интервју со „Република“ и за што бара „јагнето Божјо“, Андреј Ковачев?! За да промовира добрососедство под плаштот на бугарскиот историски ревизионизам, државен негационизам и триторијален експанзионизам или за да го девалвира медиумот?!

Одговорот е јасен уште пред и да се постават прашањата. И за едното и за другото. Зашто, и тој самиот, а ние многу добро знаеме дека ќе се гледаме директно в очи, а и он и ние ќе чувствуваме „како да си ги глодаме черепите“! Е, такво „задоволство“ не заслужува ни нашата, а ни бугарската јавност.

Андреј Ковачев одамна ги потроши сите кредити за разговор со „Република“. Не за друго, туку за наша ментална и професионална хигиена.

Ако заборавил, еве ќе го потсетиме само на еден детал. „Јагнето Божјо“ Андреј Ковачев во октомври 2020 година ни порача наместо 11 Октомври да си одбереме некој друг ден за славење за почеток на борбата против фашизмот.

Зашто, тоа што се случило на 11 Октомври во Прилеп и Куманово не било почеток на војната, туку чист терористички чин! Нашите „клети“ комунисти и партизани, според него, да ти биле обични терористи!

Па уште ни даде и рецепт како сме требале да ја славиме и толкуваме антифашистичката борба. Фашизмот е негативен, и требало да има јасна антифашистичка, антинационал-социјалистичка, ама и антикомунистичка борба. Само тогаш работите би биле јасни, оти сега не се.

А, не, не, „јагне Божјо“ Андреј Ковачев. За да стигнеме до интервју, прво ќе треба јавно да обелодениш што точно му ветил бившиот премиер Зоран Заев на твојот политички гуру Бојко Борисов.

Потоа, ќе мораш да кажеш зошто Борисов го надмина дури и неговиот комунистички бос Тодор Живков, кој беше подготвен да ги признае Македонците како етнос без никакво временско ограничување.

Натаму, зошто тоа бугарски фашистички окупатор ви пречи во Република Македонија, но не и во Република Грција, во што е разликата во човековите права, кои по Варшавскиот самит на НАТО во 2016-та станаа услов за членство во Алијансата и оние, што сега ги барате од Република Македонија да ги почитува...

Да ни протолкуваш каде е одредницата со која македонизмот се одвојува од одродништвото, бугарско, се разбира. Патем, можеш и да ни кажеш на што се должи блискоста на ГЕРБ со директните наследници на македонските комунисти, многу повеќе отколку нивната блискост со бугарските социјалисти и вашата со ВМРО-ДПМНЕ како ваша сестринска партија.

За волја на вистината, ова последното и можеме барем до некаде да го разбереме. За наследникот на селскиот политички трговец од Муртино, премиерот намесник Димитар Ковачевски не е важно што мисли огромното мнозинство на македонскиот народ.

А, мислењето на мнозинството на народот не е важно само во два случаја. Прво, во случај на окупација, и второ, во случај на национално предавство. Очигледно, обајцата ви се погодија, што апсолутно не значи дека ви се погоди и Република. Тоа тешко дека ќе го дочекате, а уште потешко да ја девалвира „јагнето Божјо“ Андреј Ковачев.

The post Наместо интервју: Андреј Ковачев ги потроши сите кредити за разговор со „Република“ appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, која припаѓа на Европската народна партија, Андреј Ковачев, го следи и чита нашиот портал „Република.мк“. И има зошто. Порталот „Република“ одамна е веродостоен медиум. И знаејќи го тоа Ковачев изрази подготвеност и побара интервју со него во било која форма-преку вибер, скајп, меил, директно кај него или во нашето студио! А, повод за тоа најде во една вест, што ја пренесе Република.мк, насловена како „Андреј Ковачев во ЕП тврди дека Бугарија ги спасила Евреите, а не дека ги пратила во Треблинка“. Неговиот асистент со брзина на светлината дури од Брисел реагираше со барање за демант.
-Ние изразивме длабоко жалење за тоа што се случувало со депортираните од тогашните окупирани од германскиот рајх Македонија и Беломорска Тракија, кои трагично го завршуваат својот живот во концентрационите логори на нацистите, рекол точно во Европскиот парламент, Андреј Ковачев.
„Република.мк“ професионално, по речиси целодневна меѓусебна преписка, објави што точно рекол бугарскиот европратеник. Меѓусебната комуникација се одвиваше на три јазика-на бугарски, на македонски и на англиски. Значи, Ковачев ја следи и чита Република на македонски, возвраќа на бугарски, јазик што ние не го знаеме и разбираме, а за да дознаеме за што точно станува збор го користевме англискиот. Е, сега, ако бугарскиот европратеник смета дека нашиот македонски го пишуваме на „српска машина за чукање“ или на лош западнобугарски дијалект, тоа е само негов проблем, но не и наш. Андреј(а) е велико име. Име на еден од дванаесетте Христови апостоли, инаку брат на св.Петар, рибар по професија и ученик на св.Јован Крстител. Оттука, според Евангелието по Јован, уште е наречен и Првоповикан, зашто Исус го именувал и како „јагне Божјо, што ги собира сите гревови на овој свет“. Имал лоша судбина. По наредба на градоначалникот на Патрас, св.Андреј бил распнат на крст, но не како Исус, туку во форма на буквата Х. Два дена и две ноќи апостолот се мачел пред да ја испушти душата.Така вели преданието. А, во реалноста не знаеме дали „јагнето Божјо“ Андреј Ковачев „ги собира сите гревови на овој свет“, ама со сигурност знаеме дека ги собира гревовите на оваа генерација Македонци. Зашто, неговата политика кон Република Македонија и Македонците го манифестира целиот бугарски национал-шовинизам, историски ревизионизам, државен негационизам и триторијален експанзионизам. И тоа може да се забележи и во демантот од Брисел. Андреј Ковачев изразува жалење за депортацијата на Евреите „од тогашните окупирани од германскиот рајх Македонија и Беломорска Тракија“. Што со други зборови значи дека Македонија, оваа нашата денешна Република, за време на Втората светска војна како Вардарска Македонија не била окупирана, туку само администратирана од царска Бугарија на Борис III! За некаков бугарски наци-фашизам, пак, ни збор не станува! Со сосема спротивните факти од овие, што ги изнесува Ковачев, не спори „Република“. Напротив, спорат бугарски граѓански и еврејски здруженија, граѓани поединци, историчари, новинари, публицисти... Кои отворено и јавно повикаа државата Република Бугарија да се извини за улогата и учеството во холокаустот на Евреите во Втората светска војна. И какво интервју со „Република“ и за што бара „јагнето Божјо“, Андреј Ковачев?! За да промовира добрососедство под плаштот на бугарскиот историски ревизионизам, државен негационизам и триторијален експанзионизам или за да го девалвира медиумот?! Одговорот е јасен уште пред и да се постават прашањата. И за едното и за другото. Зашто, и тој самиот, а ние многу добро знаеме дека ќе се гледаме директно в очи, а и он и ние ќе чувствуваме „како да си ги глодаме черепите“! Е, такво „задоволство“ не заслужува ни нашата, а ни бугарската јавност. Андреј Ковачев одамна ги потроши сите кредити за разговор со „Република“. Не за друго, туку за наша ментална и професионална хигиена. Ако заборавил, еве ќе го потсетиме само на еден детал. „Јагнето Божјо“ Андреј Ковачев во октомври 2020 година ни порача наместо 11 Октомври да си одбереме некој друг ден за славење за почеток на борбата против фашизмот. Зашто, тоа што се случило на 11 Октомври во Прилеп и Куманово не било почеток на војната, туку чист терористички чин! Нашите „клети“ комунисти и партизани, според него, да ти биле обични терористи! Па уште ни даде и рецепт како сме требале да ја славиме и толкуваме антифашистичката борба. Фашизмот е негативен, и требало да има јасна антифашистичка, антинационал-социјалистичка, ама и антикомунистичка борба. Само тогаш работите би биле јасни, оти сега не се. А, не, не, „јагне Божјо“ Андреј Ковачев. За да стигнеме до интервју, прво ќе треба јавно да обелодениш што точно му ветил бившиот премиер Зоран Заев на твојот политички гуру Бојко Борисов. Потоа, ќе мораш да кажеш зошто Борисов го надмина дури и неговиот комунистички бос Тодор Живков, кој беше подготвен да ги признае Македонците како етнос без никакво временско ограничување. Натаму, зошто тоа бугарски фашистички окупатор ви пречи во Република Македонија, но не и во Република Грција, во што е разликата во човековите права, кои по Варшавскиот самит на НАТО во 2016-та станаа услов за членство во Алијансата и оние, што сега ги барате од Република Македонија да ги почитува... Да ни протолкуваш каде е одредницата со која македонизмот се одвојува од одродништвото, бугарско, се разбира. Патем, можеш и да ни кажеш на што се должи блискоста на ГЕРБ со директните наследници на македонските комунисти, многу повеќе отколку нивната блискост со бугарските социјалисти и вашата со ВМРО-ДПМНЕ како ваша сестринска партија. За волја на вистината, ова последното и можеме барем до некаде да го разбереме. За наследникот на селскиот политички трговец од Муртино, премиерот намесник Димитар Ковачевски не е важно што мисли огромното мнозинство на македонскиот народ. А, мислењето на мнозинството на народот не е важно само во два случаја. Прво, во случај на окупација, и второ, во случај на национално предавство. Очигледно, обајцата ви се погодија, што апсолутно не значи дека ви се погоди и Република. Тоа тешко дека ќе го дочекате, а уште потешко да ја девалвира „јагнето Божјо“ Андреј Ковачев.

The post Наместо интервју: Андреј Ковачев ги потроши сите кредити за разговор со „Република“ appeared first on Република.

]]>
Kовачев против „Република“: Бугарскиот пратеник потврди дека германскиот Рајх и Бугарија ја окупирале Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachev-protiv-republika-bugarskiot-pratenik-potvrdi-deka-germanskiot-rajh-i-bugarija-ja-okupirale-makedonija/ Fri, 10 Mar 2023 15:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=618213

Бугарскиот пратеник во ЕП Андреј Ковачев реагира на текст објаевен во „Република“ за конференцијата која се одржа во Брисел по повод Меѓународниот ден на Холокаустот.

https://republika.mk/vesti/balkan/andrej-kovachev-vo-ep-tvrdi-deka-bugarija-gi-spasila-evreite-a-ne-deka-gi-pratila-vo-treblinka/

На Ковачев не му се допадна пишувањето на „Република“ дека Бугарија не ги спасила Евреите туку помогнала да ги пратат во логорот Треблинка.

Дека нашите пишувања се точни потврдува и самиот Ковачев во реакцијата до нашата редакација.

Ние изразвме длабоко длабоко жалење за тоа што се случувало со депортираните од тогашните окупирани од германскиот рајх Македонија и Беломорска Тракија кои трагично го завршуваат својот живот во концетрационите логори на нацистите-рекол Ковачев во ЕП.

Добро е што Ковачев конечно призна дека Германиа и Бугарија ја окупирале Македонија во Втората светска војна и жалат за она што се случило со Евреите.

Денеска цел ден трае преписка меѓу кабинетот на Ковачев и редакцијата на „Република“. На нашето љубезно барање целата содржина да ни биде преведена на македонски јазик за точно да разбереме за што се работи, добивме циничен одговор на нашиот мejл.

Ова е само уште еден доказ дека македонскиот и бугарскиот јазик се различни јазици и дека јазичната бариера е навистина проблем.На Македонците бугарскиот јазик им  далечен исто како што на Бугарите македонскиот.

Па, Г-дине Ковачев ви благодариме што читате „Република“ на македонски јазик.

The post Kовачев против „Република“: Бугарскиот пратеник потврди дека германскиот Рајх и Бугарија ја окупирале Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот пратеник во ЕП Андреј Ковачев реагира на текст објаевен во „Република“ за конференцијата која се одржа во Брисел по повод Меѓународниот ден на Холокаустот. https://republika.mk/vesti/balkan/andrej-kovachev-vo-ep-tvrdi-deka-bugarija-gi-spasila-evreite-a-ne-deka-gi-pratila-vo-treblinka/ На Ковачев не му се допадна пишувањето на „Република“ дека Бугарија не ги спасила Евреите туку помогнала да ги пратат во логорот Треблинка. Дека нашите пишувања се точни потврдува и самиот Ковачев во реакцијата до нашата редакација.
Ние изразвме длабоко длабоко жалење за тоа што се случувало со депортираните од тогашните окупирани од германскиот рајх Македонија и Беломорска Тракија кои трагично го завршуваат својот живот во концетрационите логори на нацистите-рекол Ковачев во ЕП.
Добро е што Ковачев конечно призна дека Германиа и Бугарија ја окупирале Македонија во Втората светска војна и жалат за она што се случило со Евреите. Денеска цел ден трае преписка меѓу кабинетот на Ковачев и редакцијата на „Република“. На нашето љубезно барање целата содржина да ни биде преведена на македонски јазик за точно да разбереме за што се работи, добивме циничен одговор на нашиот мejл. Ова е само уште еден доказ дека македонскиот и бугарскиот јазик се различни јазици и дека јазичната бариера е навистина проблем.На Македонците бугарскиот јазик им  далечен исто како што на Бугарите македонскиот. Па, Г-дине Ковачев ви благодариме што читате „Република“ на македонски јазик.  

The post Kовачев против „Република“: Бугарскиот пратеник потврди дека германскиот Рајх и Бугарија ја окупирале Македонија appeared first on Република.

]]>
Андреј Ковачев во ЕП тврди дека Бугарија ги спасила Евреите, а не дека ги пратила во Треблинка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/andrej-kovachev-vo-ep-tvrdi-deka-bugarija-gi-spasila-evreite-a-ne-deka-gi-pratila-vo-treblinka/ Thu, 09 Mar 2023 11:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=617669

Европратеникот Андреј Ковачев во Европскиот парламент организира средби со парламентарци во кои тврди дека Бугарија ги спасила Евреите од Македонија и од Бугарија.

Настанот се одржува по повод светскиот ден на жртвите од Холокаустот.

The post Андреј Ковачев во ЕП тврди дека Бугарија ги спасила Евреите, а не дека ги пратила во Треблинка appeared first on Република.

]]>

Европратеникот Андреј Ковачев во Европскиот парламент организира средби со парламентарци во кои тврди дека Бугарија ги спасила Евреите од Македонија и од Бугарија. Настанот се одржува по повод светскиот ден на жртвите од Холокаустот.

The post Андреј Ковачев во ЕП тврди дека Бугарија ги спасила Евреите, а не дека ги пратила во Треблинка appeared first on Република.

]]>
Ковачев бара Пендаровски, Ковачевски и Спасовски да се сретнат со македонските Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachev-bara-pendarovski-kovachevski-i-spasovski-da-se-sretnat-so-makedonskite-bugari/ Thu, 02 Feb 2023 15:09:43 +0000 https://republika.mk/?p=603966

Претставниците на македонските Бугари треба сериозно да се сфатат и нивните проблеми да бидат воочени и решени од институциите на Република Македонија. На ова инсистирал бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој денеска во Европскиот парламент се сретнал со претставници на здруженијата на македонските Бугари.

Ковачев бара претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да се сретнат со нив.

-Да слушнат од нив кои се нивните проблеми, институциите да ги заштитат како нивни граѓани од атмосферата што ја создава говорот на омраза и да престане со практиките од минатото, инсистирал Ковачев.

Тој додал дека македонските Бугари се залагаат за што побрзо членство на Македонија во ЕУ.

-Ова е од корист за сите граѓани на РСМ, за Бугарија, за целиот регион и за Европа. Тоа е она за што работиме и затоа бугарското претседавање со Советот на ЕУ имаше за цел да ги убеди нашите партнери дека интеграцијата на Западен Балкан треба да се случи што е можно побрзо. Со војната во Украина и пропагандната војна во Бугарија и во земјите од Западен Балкан, тоа е исклучително важно, мора да се поддржат проевропските сили, изјавил Ковачев, пренесуваат бугарските медиуми.

Според него, гостите разговарале и за спроведувањето на Договорот меѓу Софија и Скопје за добрососедство, како и за вклучување на Бугарите во Уставот, што е услов Скопје да ги започне преговорите за приклучување кон ЕУ.

The post Ковачев бара Пендаровски, Ковачевски и Спасовски да се сретнат со македонските Бугари appeared first on Република.

]]>

Претставниците на македонските Бугари треба сериозно да се сфатат и нивните проблеми да бидат воочени и решени од институциите на Република Македонија. На ова инсистирал бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој денеска во Европскиот парламент се сретнал со претставници на здруженијата на македонските Бугари. Ковачев бара претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да се сретнат со нив.
-Да слушнат од нив кои се нивните проблеми, институциите да ги заштитат како нивни граѓани од атмосферата што ја создава говорот на омраза и да престане со практиките од минатото, инсистирал Ковачев.
Тој додал дека македонските Бугари се залагаат за што побрзо членство на Македонија во ЕУ.
-Ова е од корист за сите граѓани на РСМ, за Бугарија, за целиот регион и за Европа. Тоа е она за што работиме и затоа бугарското претседавање со Советот на ЕУ имаше за цел да ги убеди нашите партнери дека интеграцијата на Западен Балкан треба да се случи што е можно побрзо. Со војната во Украина и пропагандната војна во Бугарија и во земјите од Западен Балкан, тоа е исклучително важно, мора да се поддржат проевропските сили, изјавил Ковачев, пренесуваат бугарските медиуми.
Според него, гостите разговарале и за спроведувањето на Договорот меѓу Софија и Скопје за добрососедство, како и за вклучување на Бугарите во Уставот, што е услов Скопје да ги започне преговорите за приклучување кон ЕУ.

The post Ковачев бара Пендаровски, Ковачевски и Спасовски да се сретнат со македонските Бугари appeared first on Република.

]]>
Koвачев му порача на Пендаровски: Браќата Миладиновци се Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kovachev-mu-poracha-na-pendarovski-brakjata-miladinovci-se-bugari/ Tue, 12 Jul 2022 09:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=527416

Штетноста од Договорот за добососедство и посебно делот со заедничка комисија ги дава резултатите. Контоверзниот европратеник Андреј Ковачев му порача на претседателот Стево Пендаровски дека браќа Миладиновци се Бугари откако шефот на државата ја посети Спомен-куќата на славните преродбеници во Струга.

Миладинови се Бугари, а наскоро протоколот ќе си произведува хоризонтални обврски на Македонија кон Бугарија, кои ќе мора да се исполнат како составен дел од преговорите со ЕУ-му порача Ковачев на Пендаровски.

Oткако власта со францускиот предлог прифати Договорот за добрососедство да стане дел од преговарачката рамка се почесто ќе гледаме вакви изјави.Едноставно, Македонија нема да може да се повикува на ниту на една историска личност и настан до 1944 година. Во спотивно ќе следува вето и така до недоглед.

The post Koвачев му порача на Пендаровски: Браќата Миладиновци се Бугари appeared first on Република.

Ковачев инсистира на историско помирување само не кажува кој треба да се помири-Македонците и Бугарите или македонските Бугари со Бугарите!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kovachev-insistira-na-istorisko-pomiruvanje-samo-ne-kazuva-koj-treba-da-se-pomiri-makedoncite-i-bugarite-ili-makedonskite-bugari-so-bugarite/ Thu, 19 May 2022 13:57:10 +0000 https://republika.mk/?p=504378

По агресијата на Путин против Украина, интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ сега мора да биде поддржана повеќе од кога било. Македонија е на тежок пат од зависна единица во поранешна Југославија до независна европска држава.

Ова го изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во пленарната сала на Европскиот парламент во Брисел на дискусиите за Извештајот за Македонија за 2021 година, јавува БГНЕС.

-Бугарија ја поддржува Македонија во последните 30 години на секој начин на нејзиниот пат кон Европа. Нашето европско семејство мора да биде обединето и силно и способно да одговори на заканите и предизвиците околу нас. Во интерес на Кремљ би било во ЕУ да имаат недоразбирања, омраза и дискриминација.Затоа сите овие теми кои водат до вакви негативни процеси мора да се расчистат пред почетокот на преговорите или барем да има гаранција дека ќе се решат во текот на преговарачкиот процес, изјави Андреј Ковачев.

Според него, „интеграцијата е двонасочна улица која бара напори од двете страни“.

-Сепак, земјата кандидат треба да може да ја надмине инерцијата и зависноста од поранешната југословенска идеологија, која доведе до поделба и сеење омраза меѓу двете земји со заедничка историја како Бугарија и Македонија. Договорот со Бугарија мора да се почитува, особено во делот за историско помирување, врз основа на нашата заедничка историја, работата на Заедничката историска комисија да работи врз основа на оригинални документи, како и недискриминацијата на луѓето кои отворено го изјавуваат својот бугарски идентитет.Треба да се преземат мерки за надминување на говорот на омраза, како промена во наставните програми и во учебниците, додаде тој.

Ковачев смета дека „гаранција за напредок може да биде Преговарачката рамка, каде што можеме да земеме предвид што е направено на овие теми, без да се грижиме дали во Македонија ќе дојде друга влада, како што е денешната опозиција.“

-Ја повикувам политичката класа во Македонија да покаже храброст и лидерство за почеток на преговорите, заклучи Ковачев за време на дискусиите за Извештајот за Македонија за 2021 година.

The post Ковачев инсистира на историско помирување само не кажува кој треба да се помири-Македонците и Бугарите или македонските Бугари со Бугарите!? appeared first on Република.

Ковачев се закани: Ќе ги откриеме сите што имаат бугарско државјанство! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachev-se-zakani-kje-gi-otkrieme-site-shto-imaat-bugarsko-drzavjanstvo/ Wed, 30 Mar 2022 17:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=481074

Сите знаеја кои се веќе „официјалните“ резултати од пописот во РСМ. 3.504 граѓани се дрзнаа да се запишат како Бугари, вака бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ги коментира официјалните резултати од пописот во Македонија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zemjava-ziveat-3-504-lica-shto-se-deklariraat-kako-bugari/

Тој напоменува дека повеќепати инсистирал на промена на Законот за бугарско државјанство.

Добивањето бугарско државјанство по потекло не може да биде таен чин. Сите оние кои добиле бугарско државјанство по потекло мора да бидат објавени. Вака се објавуваат во САД, Канада, Германија или Франција, додаде Ковачев и нагласи дека да си доброволно бугарски државјанин откако ќе докажеш бугарско потекло и ќе потпишеш декларација дека се чувствуваш Бугарин не е тајна или срамна работа.

Според бугарскиот европратеник, при добивањето државјанство „потребна е церемонија или барем фотографија пред грбот и знамето“.

Колку долго ќе чека (бугарското) Народно собрание?, праша Ковачев, објавија бугарските медиуми.

The post Ковачев се закани: Ќе ги откриеме сите што имаат бугарско државјанство! appeared first on Република.

]]>

Сите знаеја кои се веќе „официјалните“ резултати од пописот во РСМ. 3.504 граѓани се дрзнаа да се запишат како Бугари, вака бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ги коментира официјалните резултати од пописот во Македонија. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zemjava-ziveat-3-504-lica-shto-se-deklariraat-kako-bugari/ Тој напоменува дека повеќепати инсистирал на промена на Законот за бугарско државјанство.