андреј костовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrej-kostovski/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Nov 2022 07:44:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png андреј костовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrej-kostovski/ 32 32 Судот да нè казни за тоа што го направивме, а тоа не е убиство со умисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudot-da-ne-kazni-za-toa-shto-go-napravivme-a-toa-ne-e-ubistvo-so-umisla/ Mon, 21 Nov 2022 13:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=576551

Барам од судот да ме казни за она што реално сум го направил, а тоа, според мене, мислам дека и според многу други, секако не е убиство со умисла, изјави обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, во своите завршни зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот.

Обвинетиот Ѓоргиевски рече дека во ниеден момент не сакал да го повреди, или како било да му наштети на сега починатиот Денис Тот.

Воедно, сакам да кажам дека изразувам искрено жалење и жалам за овој немил настан и за сето тоа што се случи, жалам и за загубениот човечки живот. Сакам уште еднаш да потенцирам дека мојата реакција беше во состојба на афект и од страв. Ниту сакав, ниту би го повредил сега починатиот Денис Тот, рече тој.

Обвинетата Клементина изјави дека останува во целост со завршните зборови на нејзините адвокати и рече дека ѝ е жал за случајот, за кој, како што рече, „во никој случај не сакав да се случи тоа“.

Многу ми е жал и многу ми е криво за немилиот настан што се случи, рече обвинетиот Андреј Костовски кој како олеснителна околност го посочи фактот што самиот се пријавил во полициската станица за расветлување на случајот.

Ослободителна пресуда побараа и бранителите на обвинетите, додека, јавната обвинителка Тања Трајчевска побара осудителна пресуда.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Пресудата ќе биде објавена на 30 ноември.

The post Судот да нè казни за тоа што го направивме, а тоа не е убиство со умисла appeared first on Република.

]]>

Барам од судот да ме казни за она што реално сум го направил, а тоа, според мене, мислам дека и според многу други, секако не е убиство со умисла, изјави обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, во своите завршни зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот. Обвинетиот Ѓоргиевски рече дека во ниеден момент не сакал да го повреди, или како било да му наштети на сега починатиот Денис Тот.
Воедно, сакам да кажам дека изразувам искрено жалење и жалам за овој немил настан и за сето тоа што се случи, жалам и за загубениот човечки живот. Сакам уште еднаш да потенцирам дека мојата реакција беше во состојба на афект и од страв. Ниту сакав, ниту би го повредил сега починатиот Денис Тот, рече тој.
Обвинетата Клементина изјави дека останува во целост со завршните зборови на нејзините адвокати и рече дека ѝ е жал за случајот, за кој, како што рече, „во никој случај не сакав да се случи тоа“.
Многу ми е жал и многу ми е криво за немилиот настан што се случи, рече обвинетиот Андреј Костовски кој како олеснителна околност го посочи фактот што самиот се пријавил во полициската станица за расветлување на случајот.
Ослободителна пресуда побараа и бранителите на обвинетите, додека, јавната обвинителка Тања Трајчевска побара осудителна пресуда. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Пресудата ќе биде објавена на 30 ноември.

The post Судот да нè казни за тоа што го направивме, а тоа не е убиство со умисла appeared first on Република.

]]>
„Кога Андреј гледа дека Тот веќе не е закана, се повлекува“, вели Миланов и исто така бара ослободителна пресуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koga-andrej-gleda-deka-tot-vekje-ne-e-zakana-se-povlekuva-veli-milanov-i-isto-taka-bara-osloboditelna-presuda/ Mon, 21 Nov 2022 13:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=576548

Ако го анализираме обвинителниот акт, апсолутно нема елементи или момент за директна или евентуално умисла на обвинетиот Андреј за конкретното кривично дело или за каква било повреда на сега починатиот Тот, рече бранителот на обвинетиот Андреј Костовски, Еленко Миланов во завршните зборови во врска со случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје.

Адвокатот посочи дека лицето кај кое постои умисла некој да биде повреден или уште помалку лишен од живот, не би се однесувал како обвинетиот Костовски.

Андреј во моментот кога констатира дека Денис Тот не е закана кон него и неговото здравје, се повлекува и се оддалечува. Факт кој што јасно укажува дека не постои апсолутно никаква умисла ниту за нанесување на повреда, а уште помалку за ова, рече Миланов.

Според адвокатот, факт е дека ниту едно од овие дејствијата на обвинетиот Андреј ниту довело, ниту можело да доведе до клучните повреди за настанувањето на смртната последица кај сега починатиот Тот.

Доктор Станков и другите вешти лица од судска медицина, се децидни само во еден дел дека повредата на рбетниот мозок можела да настане од удари во главата. Удари какви со интензитет за нанесување на евентуално таква повреда не постои кај обвинетиот Андреј, рече тој.

Адвокатот побара ослободителна пресуда, каква што претходно побараа и бранителите на обвинетите Анџело Ѓоргиевски и Клементина Левковкса.

Претходно, обвинителката Тања Трајчевска побара осудителна пресуда за обвинетите, бидејќи, според неа, од доказната постапка произлезе дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин, време и место како што е опишано во обвинителниот акт и побара од судот да пресуди по нив, имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности.

Обвинителството ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post „Кога Андреј гледа дека Тот веќе не е закана, се повлекува“, вели Миланов и исто така бара ослободителна пресуда appeared first on Република.

]]>

Ако го анализираме обвинителниот акт, апсолутно нема елементи или момент за директна или евентуално умисла на обвинетиот Андреј за конкретното кривично дело или за каква било повреда на сега починатиот Тот, рече бранителот на обвинетиот Андреј Костовски, Еленко Миланов во завршните зборови во врска со случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. Адвокатот посочи дека лицето кај кое постои умисла некој да биде повреден или уште помалку лишен од живот, не би се однесувал како обвинетиот Костовски.
Андреј во моментот кога констатира дека Денис Тот не е закана кон него и неговото здравје, се повлекува и се оддалечува. Факт кој што јасно укажува дека не постои апсолутно никаква умисла ниту за нанесување на повреда, а уште помалку за ова, рече Миланов.
Според адвокатот, факт е дека ниту едно од овие дејствијата на обвинетиот Андреј ниту довело, ниту можело да доведе до клучните повреди за настанувањето на смртната последица кај сега починатиот Тот.
Доктор Станков и другите вешти лица од судска медицина, се децидни само во еден дел дека повредата на рбетниот мозок можела да настане од удари во главата. Удари какви со интензитет за нанесување на евентуално таква повреда не постои кај обвинетиот Андреј, рече тој.
Адвокатот побара ослободителна пресуда, каква што претходно побараа и бранителите на обвинетите Анџело Ѓоргиевски и Клементина Левковкса. Претходно, обвинителката Тања Трајчевска побара осудителна пресуда за обвинетите, бидејќи, според неа, од доказната постапка произлезе дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин, време и место како што е опишано во обвинителниот акт и побара од судот да пресуди по нив, имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности. Обвинителството ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post „Кога Андреј гледа дека Тот веќе не е закана, се повлекува“, вели Миланов и исто така бара ослободителна пресуда appeared first on Република.

]]>
Свесно знаеле што прават и кои се последиците, вели вештакот за обвинетите за убиството на Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/svesno-znaele-shto-pravat-i-koi-se-posledicite-veli-veshtakot-za-obvinetite-za-ubistvoto-na-denis-tot/ Mon, 03 Oct 2022 11:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=556808

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина.

Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се механички повреди и се настанати со дејство на тапо-тврда сила во конкретните регии.

Во однос на севкупното дејство на повредите, станува збор за тешки телесни повреди со конкретна опасност по живот на повредениот, рече таа.

Како причина за смртта на сега покојниот Денис Тот таа го посочи нагмечувањето на ‘рбетниот и големиот мозок.

На прашање од одбраната дали нагмечувањето на ‘рбетниот мозок е нанесено со удар или со пад, вештото лице одговори дека е настаната поради дејство на тапо тврда сила која предизвикала ротација на главата а со тоа и последователна повреда на ‘рбетниот мозок.

Вештото лице од областа на психијатријата, Александар Марцикиќ, се изјасни за здравствената состојба на обвинетите која, како што рече, „ја констатирав на 28 април 2022 година, кога и го извршив прегледот“.

Тој посочи дека обвинетата Клементина Левковска е психички здрава индивидуа со уредна интелигенција.

Со прегледот се констатирани реакција на актуелната стресогена ситуација за неа која ценам дека е од висок степен поради настанот и исходот од настанот кој што се случил, како и репрекусиите кои дошле после тоа, во вид на кривична постапка и притвор, рече тој.

За обвинетите Анџело Георгиевски и Андреј Костовски, исто така, посочи, станува збор за психички здрави особи со просечна, односно уредни интелектуални капацитети и кај нив е констатирана психичка реакција на стресни ситуации во рамките на нормална реакција поради исходот од настанот, притворот и кривичната постапка која се води.

Во врска со прашањето дали обвинетите до сега страдале од некое минливо или трајно психичко пореметување, вештото лице одговори дека од прегледот, кој го направил констатирал дека кај обвинетата Клементина Лековска на 13 годишна возраст било констатирано минливо психичко пореметување во вид на пореметување на однесување во детска возраст.

Ова пореметување значи дека во тој период од животот таа манифестирала и однесување кое се карактеризирало со дисоцијални постапки, агресивност, раздразливост, кое го надминувало бунтовното и инаетливо однесување карактеристично за овој период во кој што таа се наоѓала, тоа е период на пубертет, рече тој.

Прашан дали обвинетите при прегледот биле агресивни, насилни или во состојба да ја искривуваат вистината, тој одговори дека при прегледот, ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност.

Како што опишав, кај нив беше актуелна психичката реакција на исходот од настанот и реперкусиите од нив, кои што воглавно се со слични манифестации, грижа на совест, чувство на вина, видлива вознемиреност поради исходот на случката и кривичната постапа против нив, страв или анксиозност од самата постапка и последиците, пред сѐ мислам на социјалните последици, рече тој.

На прашањето дали тројцата обвинети во моментот на извршувањето на кривичното дело можеле да го сфатат значењето на делото и дали истите можеле да управуваат со своите постапки, вештакот рече дека секој од обвинетите во време на настанот бил со запазено психичко здравје, така што, како што посочи, можеле да ги разберат своите постапки, да ги претпостават последиците од истите и да раководат со истите.

Одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото.

Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден.

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Свесно знаеле што прават и кои се последиците, вели вештакот за обвинетите за убиството на Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина. Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се механички повреди и се настанати со дејство на тапо-тврда сила во конкретните регии.
Во однос на севкупното дејство на повредите, станува збор за тешки телесни повреди со конкретна опасност по живот на повредениот, рече таа.
Како причина за смртта на сега покојниот Денис Тот таа го посочи нагмечувањето на ‘рбетниот и големиот мозок. На прашање од одбраната дали нагмечувањето на ‘рбетниот мозок е нанесено со удар или со пад, вештото лице одговори дека е настаната поради дејство на тапо тврда сила која предизвикала ротација на главата а со тоа и последователна повреда на ‘рбетниот мозок. Вештото лице од областа на психијатријата, Александар Марцикиќ, се изјасни за здравствената состојба на обвинетите која, како што рече, „ја констатирав на 28 април 2022 година, кога и го извршив прегледот“. Тој посочи дека обвинетата Клементина Левковска е психички здрава индивидуа со уредна интелигенција.
Со прегледот се констатирани реакција на актуелната стресогена ситуација за неа која ценам дека е од висок степен поради настанот и исходот од настанот кој што се случил, како и репрекусиите кои дошле после тоа, во вид на кривична постапка и притвор, рече тој.
За обвинетите Анџело Георгиевски и Андреј Костовски, исто така, посочи, станува збор за психички здрави особи со просечна, односно уредни интелектуални капацитети и кај нив е констатирана психичка реакција на стресни ситуации во рамките на нормална реакција поради исходот од настанот, притворот и кривичната постапка која се води. Во врска со прашањето дали обвинетите до сега страдале од некое минливо или трајно психичко пореметување, вештото лице одговори дека од прегледот, кој го направил констатирал дека кај обвинетата Клементина Лековска на 13 годишна возраст било констатирано минливо психичко пореметување во вид на пореметување на однесување во детска возраст.
Ова пореметување значи дека во тој период од животот таа манифестирала и однесување кое се карактеризирало со дисоцијални постапки, агресивност, раздразливост, кое го надминувало бунтовното и инаетливо однесување карактеристично за овој период во кој што таа се наоѓала, тоа е период на пубертет, рече тој.
Прашан дали обвинетите при прегледот биле агресивни, насилни или во состојба да ја искривуваат вистината, тој одговори дека при прегледот, ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност.
Како што опишав, кај нив беше актуелна психичката реакција на исходот од настанот и реперкусиите од нив, кои што воглавно се со слични манифестации, грижа на совест, чувство на вина, видлива вознемиреност поради исходот на случката и кривичната постапа против нив, страв или анксиозност од самата постапка и последиците, пред сѐ мислам на социјалните последици, рече тој.
На прашањето дали тројцата обвинети во моментот на извршувањето на кривичното дело можеле да го сфатат значењето на делото и дали истите можеле да управуваат со своите постапки, вештакот рече дека секој од обвинетите во време на настанот бил со запазено психичко здравје, така што, како што посочи, можеле да ги разберат своите постапки, да ги претпостават последиците од истите и да раководат со истите. Одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото. Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден. Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.