андреј келин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrej-kelin/ За подобро да се разбереме Sun, 28 May 2023 12:30:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png андреј келин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrej-kelin/ 32 32 Можеме да постигнеме мир уште утре, ама вие упорно му давате оружје на Зеленски, порача рускиот амбасадор во Лондон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mozheme-da-postigneme-mir-ushte-utre-ama-vie-uporno-mu-davate-oruzhje-na-zelenski-poracha-ruskiot-ambasador-vo-london/ Sun, 28 May 2023 12:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=645423

Рускиот амбасадор во Лондон предупреди дека војната во Украина може да ескалира бидејќи Велика Британија и западните земји продолжуваат да му доставуваат оружје на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

Андреј Келин изјави за Би-Би-Си дека акциите на земјите од НАТО, а „особено“ оние на Британија, создале ризик од продолжување на војната и појава на „нова димензија“ на непријателствата.

Тој додаде дека Русија има „огромни ресурси“ и иако борбите траат повеќе од една година, неговата земја сè уште не почнала „да дејствува премногу сериозно“.

Русија е 16 пати поголема од Украина. Имаме огромни ресурси. Порано или подоцна, се разбира, оваа ескалација може да добие нова димензија, а тоа не ни треба и не го сакаме. Можеме да постигнеме мир уште утре, додаде рускиот дипломат.

Прашан за распространетите и зголемени докази за руските воени злосторства, Келин одговори дека Украина е таа што врши воени злосторства. Тој потоа го смени курсот и изјави дека ОН немаат овластување да истражуваат воени злосторства, забележа ДПА.

The post Можеме да постигнеме мир уште утре, ама вие упорно му давате оружје на Зеленски, порача рускиот амбасадор во Лондон appeared first on Република.

]]>

Рускиот амбасадор во Лондон предупреди дека војната во Украина може да ескалира бидејќи Велика Британија и западните земји продолжуваат да му доставуваат оружје на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА. Андреј Келин изјави за Би-Би-Си дека акциите на земјите од НАТО, а „особено“ оние на Британија, создале ризик од продолжување на војната и појава на „нова димензија“ на непријателствата. Тој додаде дека Русија има „огромни ресурси“ и иако борбите траат повеќе од една година, неговата земја сè уште не почнала „да дејствува премногу сериозно“.
Русија е 16 пати поголема од Украина. Имаме огромни ресурси. Порано или подоцна, се разбира, оваа ескалација може да добие нова димензија, а тоа не ни треба и не го сакаме. Можеме да постигнеме мир уште утре, додаде рускиот дипломат.
Прашан за распространетите и зголемени докази за руските воени злосторства, Келин одговори дека Украина е таа што врши воени злосторства. Тој потоа го смени курсот и изјави дека ОН немаат овластување да истражуваат воени злосторства, забележа ДПА.

The post Можеме да постигнеме мир уште утре, ама вие упорно му давате оружје на Зеленски, порача рускиот амбасадор во Лондон appeared first on Република.

]]>
Рускиот амбасадор во Лондон: Британците се многу арогантни, нема поента да соработуваме со нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-ambasador-vo-london-britancite-se-mnogu-arogantni-nema-poenta-da-sorabotuvame-so-niv/ Wed, 22 Jun 2022 09:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=518360

Рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин, соопшти дека официјален Лондон и се обратил на Москва во врска со Британците заробени во украина и осудени на смрт во ДНР.

Келин изјави дека Британија испратила многу „арогантна“ нота, пренесува РИА Новости.

Можам да кажам дека добивме апел од Британците, ни испратија нота, но таа беше составена со крајно арогантен тон, полн со „поучни“ изрази. Тоа не принудува засега да не соработуваме со Лондон по ова прашање - изјави амбасадорот во емисијата на ТВ каналот „Русија 24“.

На 9 јуни, тројца странци заробени во Мариупол - двајца британски државјани, Шон Пинер и Ајден Аслин, и Мароканецот Садун Брахим. Сите тројца ја признаа вината за украинската вооружена агресија со цел преземање на власта во ДНР и беа осудени на смрт во Доњецк.

Во интервју за РТ, кое беше спроведено непосредно пред изрекувањето на пресудата, Пинер и Ајслин изразија жалење за нивната одлука да се борат на страната на режимот во Киев.

Британската влада побара Пинер и Ајслин да бидат третирани како воени заробеници според Женевската конвенција, и покрај фактот што Британија не е формално во војна со ДПР. Сепак, од ДПР истакна дека конвенциите се однесуваат само на униформирани војници на националната армија, а не и на странски платеници.

Пинер ги предупреди сите странци кои размислуваат да се приклучат на Украина да не „одат во војна што навистина не ја разбираат“ и ги повика платениците да го прифатат фактот дека може да им се суди и дека - во најлош случај - може да добијат смртна казна, додавајќи да не се каат ако тоа се случи.

The post Рускиот амбасадор во Лондон: Британците се многу арогантни, нема поента да соработуваме со нив appeared first on Република.

]]>

Рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин, соопшти дека официјален Лондон и се обратил на Москва во врска со Британците заробени во украина и осудени на смрт во ДНР. Келин изјави дека Британија испратила многу „арогантна“ нота, пренесува РИА Новости.
Можам да кажам дека добивме апел од Британците, ни испратија нота, но таа беше составена со крајно арогантен тон, полн со „поучни“ изрази. Тоа не принудува засега да не соработуваме со Лондон по ова прашање - изјави амбасадорот во емисијата на ТВ каналот „Русија 24“.
На 9 јуни, тројца странци заробени во Мариупол - двајца британски државјани, Шон Пинер и Ајден Аслин, и Мароканецот Садун Брахим. Сите тројца ја признаа вината за украинската вооружена агресија со цел преземање на власта во ДНР и беа осудени на смрт во Доњецк. Во интервју за РТ, кое беше спроведено непосредно пред изрекувањето на пресудата, Пинер и Ајслин изразија жалење за нивната одлука да се борат на страната на режимот во Киев. Британската влада побара Пинер и Ајслин да бидат третирани како воени заробеници според Женевската конвенција, и покрај фактот што Британија не е формално во војна со ДПР. Сепак, од ДПР истакна дека конвенциите се однесуваат само на униформирани војници на националната армија, а не и на странски платеници. Пинер ги предупреди сите странци кои размислуваат да се приклучат на Украина да не „одат во војна што навистина не ја разбираат“ и ги повика платениците да го прифатат фактот дека може да им се суди и дека - во најлош случај - може да добијат смртна казна, додавајќи да не се каат ако тоа се случи.

The post Рускиот амбасадор во Лондон: Британците се многу арогантни, нема поента да соработуваме со нив appeared first on Република.

]]>