Андреј Цветановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrej-cvetanovski/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 09:20:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андреј Цветановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrej-cvetanovski/ 32 32 „Тартиф“ во режија на Андреј Цветановски премиерно во Тетовскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tartif-vo-rezhija-na-andrej-tsvetanovski-premierno-vo-tetovskiot-teatar/ Thu, 27 Jun 2024 09:20:43 +0000 https://republika.mk/?p=791209

На 28 и 29 јуни во 20 часот во Тетовскиот театар премиерно ќе биде одиграна претставата „Тартиф“ според Молиер, а во режија и адаптација на Андреј Цветановски.

Претставата изобилува со визуелни слики и емотивни конфликти меѓу ликовите. Самиот Молиер важи за еден од најзанчајните автори на класичната драматургија и е предизвик за целата екипа, која работеше на ова дело интензивно, вдахнувајќи креативен печат и убава енергија.

Силните луѓе создаваат мирни времиња. Мирните времиња создаваат слаби луѓе. Слабите луѓе создаваат тешки времиња. Тешките времиња создааваат силни луѓе. И така се во круг. Низ оваа максима се обидовме да ја погледнеме вечната тема на најголемиот лицемер во класичната драматургија, Тартиф. Но дали е тој лицемерот или луѓето кои зависат од неговата способност? Низ силна и емотивни ситуации се случува трилер претстава која се заснова на замрсените односи на една фамилија, и нивната постојана опсесија за богатство. Низ сите тие ликови и нивните завери ја осовременивме и донесовме во денешни услови приказната распадот на фамилијата, а со тоа и на системот. Дали компанијата беше во постојан пад и пред да се појави Тартиф? Дали корените на фамилија Пернел се распаѓаат од мирните времиња во кои живее новата аристократија?“, изјави режисерот на претставата, Андреј Цветановски.

Во претставата играат: Тартиф – Ѓорѓи Нешкоски; Оргон – Петрит Незири; Елмира – Миа Кантарџиева – Петровска; Дорина – Марија Цветановска; Дамис – Марко Богдановски; Клеант – Арѓенд Хасани; Маријана – Ирена Мирческа; Валер – Абдула Османи; Пернел – Берат Салиу; Лојал – Шкумбин Зеќири.

Сценографијата ја потпишува Сергеј Светозарев, костимите се дело на Медина Хоџа, додека зад музиката стои Димитар Андоновски.

Проектот е подржан во годишната програма на Министерството за култура и е втора премиера од програмата на Тетовскиот театар за оваа година, после премиерата Пациентот на Фројд од Миро Гавран во режија на Гент Чајани.

The post „Тартиф“ во режија на Андреј Цветановски премиерно во Тетовскиот театар appeared first on Република.

]]>

На 28 и 29 јуни во 20 часот во Тетовскиот театар премиерно ќе биде одиграна претставата „Тартиф“ според Молиер, а во режија и адаптација на Андреј Цветановски. Претставата изобилува со визуелни слики и емотивни конфликти меѓу ликовите. Самиот Молиер важи за еден од најзанчајните автори на класичната драматургија и е предизвик за целата екипа, која работеше на ова дело интензивно, вдахнувајќи креативен печат и убава енергија.
Силните луѓе создаваат мирни времиња. Мирните времиња создаваат слаби луѓе. Слабите луѓе создаваат тешки времиња. Тешките времиња создааваат силни луѓе. И така се во круг. Низ оваа максима се обидовме да ја погледнеме вечната тема на најголемиот лицемер во класичната драматургија, Тартиф. Но дали е тој лицемерот или луѓето кои зависат од неговата способност? Низ силна и емотивни ситуации се случува трилер претстава која се заснова на замрсените односи на една фамилија, и нивната постојана опсесија за богатство. Низ сите тие ликови и нивните завери ја осовременивме и донесовме во денешни услови приказната распадот на фамилијата, а со тоа и на системот. Дали компанијата беше во постојан пад и пред да се појави Тартиф? Дали корените на фамилија Пернел се распаѓаат од мирните времиња во кои живее новата аристократија?“, изјави режисерот на претставата, Андреј Цветановски.
Во претставата играат: Тартиф – Ѓорѓи Нешкоски; Оргон – Петрит Незири; Елмира – Миа Кантарџиева – Петровска; Дорина – Марија Цветановска; Дамис – Марко Богдановски; Клеант – Арѓенд Хасани; Маријана – Ирена Мирческа; Валер – Абдула Османи; Пернел – Берат Салиу; Лојал – Шкумбин Зеќири. Сценографијата ја потпишува Сергеј Светозарев, костимите се дело на Медина Хоџа, додека зад музиката стои Димитар Андоновски. Проектот е подржан во годишната програма на Министерството за култура и е втора премиера од програмата на Тетовскиот театар за оваа година, после премиерата Пациентот на Фројд од Миро Гавран во режија на Гент Чајани.  

The post „Тартиф“ во режија на Андреј Цветановски премиерно во Тетовскиот театар appeared first on Република.

]]>
Претставата за „лушпи“ од луѓе „Пикник на фронтот“ на Андреј Цветановски вечерва премиерно во Драмски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-za-lushpi-od-luge-piknik-na-frontot-na-andrej-tsvetanovski-vecherva-premierno-vo-dramski-teatar/ Tue, 28 Nov 2023 07:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=716969

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот театар – Скопје, со почеток во 20 часот. Претставата е работена по текст на Фернандо Арабал, а режијата е на Андреј Цветановски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимограф е Раде Василев, а изборот на музиката го направи Димитар Андоновски.

Во претставата играат: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Филип Трајковиќ, Дамјан Цветановски, Стефан Вујисиќ, Соња Стамболџиоска.

„Пикник на фронтот“ е претстава е за луѓе, поточно едни „лушпи“ од луѓе кои ја преживуваат војната и секој ден низ своите игри се обидуваат да избегаат од неа, но се подлабоко и подлабоко влегуваат во неа, вели режисерот Цветановски.

Војната е чудовиште кое голта се пред себе, земји, градови, населби, квартови, згради, фамилии, луѓе … И не застанува пред ништо. Од тој момент сите амбиции, желби, соништа стануваат далечни и нормалниот живот како и да не постоел, само потребата да се преживее. Оваа претстава е за такви луѓе, на кои им е смачено да живеат по правилата на преживување, туку сакаат да си играат со животот и да се обидат од војната да направат своја игра која ќе им биде терапија, додава Цветановски.

[caption id="attachment_715895" align="alignnone" width="600"] фото: Драмски театар[/caption]

Бидејќи нашата држава ја има честа да биде домаќин на Самитот на ОБСЕ на 29 ноември, државниците од нашиот „цивилизиран“ свет имаат шанса да присуствуваат на премиера на претставата. Би сакал да ги поканам и со тоа можеби ќе има „лушпа“ од човек помалку на нашата планета Земја, вели Цветановски.

Актерката Билјана Драгиќевиќ – Пројковска, која го игра ликот на госпоѓа Тепан, мајка на момче кое е во војна, се надева дека после претставата она што ќе прозвучи надвор од оваа сцена, ќе биде пораката за мир и благостојба.

Мислам дека одамна на проби не сме се смееле толку, а во исто време и не сме плачеле. Доколку тоа го доживее и публиката, ние ќе бидеме многу среќни и ќе имаме производ кој ќе се игра многу долго време, изјави Драгиќевиќ – Пројковска пред премиерата.

Актерот Дамјан Цветановски објасни дека неговиот лик и ликот на Стефан Вујисиќ се всушност војници кои се во војна но немаат мотив за истата. Како што кажа, двајцата се довлечкани со сила да се борат, а имаат детска наивност која проникнува низ најсериозните моменти.

Филип Трајковиќ потенцираше оти конечно игра улога на лик кој многу го поистоветува со она што се случува денес во светот.

Тој наоѓа начин да биде среќен во тешки и страшни моменти. Всушност, тоа е нешто што поголемиот дел од нас го живеат затоа што секој ден е борба за опстанок на некаков начин. Ако не почнеме да се смееме и радуваме па дури и во тешките моменти кои се случуваат во нас, немаме начин како да продолжиме понатаму, изјави Трајковиќ.

The post Претставата за „лушпи“ од луѓе „Пикник на фронтот“ на Андреј Цветановски вечерва премиерно во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот театар – Скопје, со почеток во 20 часот. Претставата е работена по текст на Фернандо Арабал, а режијата е на Андреј Цветановски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимограф е Раде Василев, а изборот на музиката го направи Димитар Андоновски. Во претставата играат: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Филип Трајковиќ, Дамјан Цветановски, Стефан Вујисиќ, Соња Стамболџиоска.
„Пикник на фронтот“ е претстава е за луѓе, поточно едни „лушпи“ од луѓе кои ја преживуваат војната и секој ден низ своите игри се обидуваат да избегаат од неа, но се подлабоко и подлабоко влегуваат во неа, вели режисерот Цветановски.
Војната е чудовиште кое голта се пред себе, земји, градови, населби, квартови, згради, фамилии, луѓе … И не застанува пред ништо. Од тој момент сите амбиции, желби, соништа стануваат далечни и нормалниот живот како и да не постоел, само потребата да се преживее. Оваа претстава е за такви луѓе, на кои им е смачено да живеат по правилата на преживување, туку сакаат да си играат со животот и да се обидат од војната да направат своја игра која ќе им биде терапија, додава Цветановски. [caption id="attachment_715895" align="alignnone" width="600"] фото: Драмски театар[/caption]
Бидејќи нашата држава ја има честа да биде домаќин на Самитот на ОБСЕ на 29 ноември, државниците од нашиот „цивилизиран“ свет имаат шанса да присуствуваат на премиера на претставата. Би сакал да ги поканам и со тоа можеби ќе има „лушпа“ од човек помалку на нашата планета Земја, вели Цветановски.
Актерката Билјана Драгиќевиќ – Пројковска, која го игра ликот на госпоѓа Тепан, мајка на момче кое е во војна, се надева дека после претставата она што ќе прозвучи надвор од оваа сцена, ќе биде пораката за мир и благостојба.
Мислам дека одамна на проби не сме се смееле толку, а во исто време и не сме плачеле. Доколку тоа го доживее и публиката, ние ќе бидеме многу среќни и ќе имаме производ кој ќе се игра многу долго време, изјави Драгиќевиќ – Пројковска пред премиерата.
Актерот Дамјан Цветановски објасни дека неговиот лик и ликот на Стефан Вујисиќ се всушност војници кои се во војна но немаат мотив за истата. Како што кажа, двајцата се довлечкани со сила да се борат, а имаат детска наивност која проникнува низ најсериозните моменти. Филип Трајковиќ потенцираше оти конечно игра улога на лик кој многу го поистоветува со она што се случува денес во светот.
Тој наоѓа начин да биде среќен во тешки и страшни моменти. Всушност, тоа е нешто што поголемиот дел од нас го живеат затоа што секој ден е борба за опстанок на некаков начин. Ако не почнеме да се смееме и радуваме па дури и во тешките моменти кои се случуваат во нас, немаме начин како да продолжиме понатаму, изјави Трајковиќ.
 
The post Претставата за „лушпи“ од луѓе „Пикник на фронтот“ на Андреј Цветановски вечерва премиерно во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
„Дон Жуан“ на Андреј Цветановски селектиран за 72. Фестивал на професионални театри на Војводина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/don-zhuan-na-andrej-tsvetanovski-selektiran-za-72-festival-na-profesionalni-teatri-na-vojvodina/ Fri, 10 Mar 2023 09:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=618014

„Дон Жуан“ од Молиер во режија на Андреј Цветановски во продукција на Народно позориште Вршац влезе во селекцијата на 72. Фестивал на професионални театри на Војводина, како една од претставите која ја обележаа театарската продукција во Војводина за оваа сезона, според селекторката на овогодинешното издание на фестивалот, познатата театарска критичарка Александра Гловацки.

Овој фестивал заедно со Стеријно позорје се двата најголеми и најзначајни фестивали во Србија.

„Што се крие позади тоа силно освојување и нечуствителност кон сопствените жртви е основната сфера на интерес на македонскиот режисер кој што е автор на адаптацијата. Во високо естетизираната постановка, со подеднакво драмски и комичен набој во актерскиот ансамбл, ова читање отвара широк простор за преиспитување на односот на главниот лик со својот татко, и со тоа давајќи му трагични размери. Вршачкиот Дон Жуан не донесува само ново читање на класиката, туку со минимални додатоци на текстот, а без уништување на основното ткиво, дава нова посложена драмска предлошка“ пишува во извешајот на селекторката. Во селекцијата на овој фестивал се влезени значајни режисери од театарската сцена во Србија и на Балканот, како Харис Пашовиќ, Кокан Малденовиќ, Милан Нешковиќ и други.

Најновата премиера на режисерот Андреј Цветановски беше изведена во Вршац, минатата сабота, во театарот „Стерија“. „Преку амалгамот на слики и авантури и во контраст со неговиот верен слуга Зганарел и се што е во главата на главниот лик, добиваме трагикомедија на ликот и дејствијата на Дон Жуан“, посочува Цветановски, кој беше следен во режисерската идеја од Сергеј Светозарев, сценографот, музиката е на Димитар Андоновски, Софија Лучиќ е костимограф, а дизајнот на светло е на Радомир Стаменковиќ.

В. Д. директорката на театарот Снежана Удицки за претставата истакна дека ќе ги надмине очекувањата на театарската публика во Вршац и пошироко во сите домени, нагласувајќи дека „амбициите во моментов се насочени кон тоа овој театар да стане еден од најдобрите во земјата, но и пошироко“.

Претстава каква театарот во Вршац можеби немал со децении. Интересно читање на режисерот кој бара од каде доаѓа потеклото на природата на вечниот заводник низ односот со неговиот татко. Целата техничка опрема што ја доби Вршац блесна во цел сјај за оваа претстава, сценографијата на Сергеј Светозарев беше сведена, но многу практична и функционална за дејствието, и одлично вкомпонирана музика која е дело на Димитар

Андоновски и мислам дека оваа претстава ќе биде важна не само за Вршац, туку и за цела Србија за оваа година“ – Радио Београд, Јелена Периќ.

The post „Дон Жуан“ на Андреј Цветановски селектиран за 72. Фестивал на професионални театри на Војводина appeared first on Република.

]]>

„Дон Жуан“ од Молиер во режија на Андреј Цветановски во продукција на Народно позориште Вршац влезе во селекцијата на 72. Фестивал на професионални театри на Војводина, како една од претставите која ја обележаа театарската продукција во Војводина за оваа сезона, според селекторката на овогодинешното издание на фестивалот, познатата театарска критичарка Александра Гловацки. Овој фестивал заедно со Стеријно позорје се двата најголеми и најзначајни фестивали во Србија. „Што се крие позади тоа силно освојување и нечуствителност кон сопствените жртви е основната сфера на интерес на македонскиот режисер кој што е автор на адаптацијата. Во високо естетизираната постановка, со подеднакво драмски и комичен набој во актерскиот ансамбл, ова читање отвара широк простор за преиспитување на односот на главниот лик со својот татко, и со тоа давајќи му трагични размери. Вршачкиот Дон Жуан не донесува само ново читање на класиката, туку со минимални додатоци на текстот, а без уништување на основното ткиво, дава нова посложена драмска предлошка“ пишува во извешајот на селекторката. Во селекцијата на овој фестивал се влезени значајни режисери од театарската сцена во Србија и на Балканот, како Харис Пашовиќ, Кокан Малденовиќ, Милан Нешковиќ и други. Најновата премиера на режисерот Андреј Цветановски беше изведена во Вршац, минатата сабота, во театарот „Стерија“. „Преку амалгамот на слики и авантури и во контраст со неговиот верен слуга Зганарел и се што е во главата на главниот лик, добиваме трагикомедија на ликот и дејствијата на Дон Жуан“, посочува Цветановски, кој беше следен во режисерската идеја од Сергеј Светозарев, сценографот, музиката е на Димитар Андоновски, Софија Лучиќ е костимограф, а дизајнот на светло е на Радомир Стаменковиќ. В. Д. директорката на театарот Снежана Удицки за претставата истакна дека ќе ги надмине очекувањата на театарската публика во Вршац и пошироко во сите домени, нагласувајќи дека „амбициите во моментов се насочени кон тоа овој театар да стане еден од најдобрите во земјата, но и пошироко“. Претстава каква театарот во Вршац можеби немал со децении. Интересно читање на режисерот кој бара од каде доаѓа потеклото на природата на вечниот заводник низ односот со неговиот татко. Целата техничка опрема што ја доби Вршац блесна во цел сјај за оваа претстава, сценографијата на Сергеј Светозарев беше сведена, но многу практична и функционална за дејствието, и одлично вкомпонирана музика која е дело на Димитар Андоновски и мислам дека оваа претстава ќе биде важна не само за Вршац, туку и за цела Србија за оваа година“ – Радио Београд, Јелена Периќ.

The post „Дон Жуан“ на Андреј Цветановски селектиран за 72. Фестивал на професионални театри на Војводина appeared first on Република.

]]>
Духот на татко ми Владо постојано беше присутен додека ја работевме „Мистерија Буфо“, вели режисерот Андреј Цветановски, пред премиерата во Прилепски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/duhot-na-tatko-mi-vlado-postojano-beshe-prisuten-dodeka-ja-rabotevme-misterija-bufo-veli-reziserot-andrej-cvetanovski-pred-premierata-vo-prilepski-teatar/ Wed, 16 Nov 2022 08:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=574325

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечерва од 19,30 часот на матичната сцена на Театарот ќе ја изведе последната премиера од годинашнава програма, „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, кому ова му е прва професионална соработка со прилепскиот ансамбл.

Претставата е според приказни на Фо од средновековието и во фокусот на поголемиот дел од сцените е обичниот човек кој се буни и ја критикува состојбата во која се наоѓа, слично и во средновековието и денес.

Овој театар за мене има фамилијарна вредност. Татко ми повеќепати работеше со прилепскиот ансамбал. Тој дух на неговата работа беше присутен во процесот на работа на претставата. Посебно е задоволството на работата со ансамблот кој игра до крај и докрај ѝ се радува на театарската игра. А тоа е многу битно, според мене, за создавање добра претстава. Претставата е вруток и мешавина на многу емоции и низ неколку приказни кои ги напишал Дарио Фо според мистериите како жанр на средновековниот театар, направивме радосна претстава. На таа радост во играта се темели претставата. Се надевам дека ова е почеток на едно прекрасно пријателство, вели режисерот Андреј Цветановски.

Актерката Наташа Ачански вели дека се чувствувал и духот на режисерот Владо Цветановски.

Моето чувство е што нѐ врати малку назад, кога работевме со Владо Цветановски и многу ми е драго зашто режисерот Андреј носи дел од енергијата на Владо. Таква радост во театарската игра одамна не сум почувствувала. Постојано бевме во процесот, од утро до вечер со енергија и симбиоза.

Актерот Илија Вочески го нагласува искуството на ансамблот во колетивната игра.

Прилепскиот театар е познат по колективните претстави. Поврзани сме сите како ансамбл и полесно беше да се „прочитаме“ на сцената. Сепак овој процес беше различен зашто сите мораа исто „да дишат“ без разлика дали се во прв или втор план. Тоа бара максимална концентрација. Првпат имам улога на шут (дворски) и беше огромен предизвик. Во претставата е изразен став како обичниот човек е претставен во театарските трупи од средниот век, смета Волчески.

Во претставата играат: Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска-Илијески, Александар Тодески и Димитар Црцороски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, со кого Прилепскиот театар, исто така, првпат соработува, а костимите се на Марта Дојчиновска. Музиката, пак, е на Томе Темелкоски, Димитар Ѓорѓиевски и на ВИС „Војдан Чернодрински“. Драматургијата и преводот се на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска.

The post Духот на татко ми Владо постојано беше присутен додека ја работевме „Мистерија Буфо“, вели режисерот Андреј Цветановски, пред премиерата во Прилепски театар appeared first on Република.

]]>

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечерва од 19,30 часот на матичната сцена на Театарот ќе ја изведе последната премиера од годинашнава програма, „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, кому ова му е прва професионална соработка со прилепскиот ансамбл. Претставата е според приказни на Фо од средновековието и во фокусот на поголемиот дел од сцените е обичниот човек кој се буни и ја критикува состојбата во која се наоѓа, слично и во средновековието и денес.