Андреј Блажевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrej-blazhevski/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 08:34:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андреј Блажевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrej-blazhevski/ 32 32 Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“ од Андреј Блажевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novo-izdanie-na-zbirka-noti-kamerna-muzika-od-lubomir-brangolitsa-vol-i-od-andrej-blazhevski/ Wed, 06 Nov 2024 08:34:27 +0000 https://republika.mk/?p=834580

Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица.

На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот опус на дела од нашиот познат композитор, Бранѓолица, кој остави богато творештво зад себе. Автор на збирката е Андреј Блажевски, и е поддржана од Министерството за култура со име на проектот „Збирка композиции за камерен состав од Љубомир Бранѓолица“.

Љубомир Бранѓолица е роден 1932 година, потекнува од музичко семејство и како дете одел на часови по пијано во Дубровник. Во военото музичко училиште во Загреб се запишал во 1946 година, а средното музичко училиште го завршил во Ријека. Во Белград на Музичката академија во Белград не го примиле на отсекот по пијано туку на теоретскиот смер, и по кратко време ја напушта и во 1950 година почнал да работи во салонскиот оркестар при Домот на ЈНА со кој ја извел првата композиција интермецо. Во 1954 година доаѓа во Македонија и прво во Куманово а потоа во Скопје, каде останува до крајот на животот. Од 1957 година бил ангажиран во балетскиот ансамбл за кој напишал музика за 18 целовечерни претстави меѓу кој е и неговиот монументален проект, „Дубровничка легенда“. Во богатиот опус на дела има музика за балет, опери, камерни и хорски композиции, музика за деца, поп музика, филмска музика, музичка драма, мјузикл. Љубомир Бранѓолица, имал извонреден слух за танцот, играта и за балетските уметници. Тој ќе остане запаметен по „Велеградски варијации“, првиот негов модерен џез балет, изведен во 1959 година, во кореографија на Олга Милосавлева, кој направил вистински бум и бил новитет во модерната музика за балет, вели Емилија Џипунова, балетски критичар и балерина од првата генерација на нашите балетски уметници.

Со оваа збирка ноти од опусот на камерната музика, на своевиден начин му се заблагодарувам на композиторот за долгогодишната соработка која ја имавме и верувам дека оваа збирка на ноти ќе претставува вреден извор за сите музички изведувачи, композитори и љубители на музиката. Создавањето на оваа збирка на ноти е продукт на долгогодишна работа преку видентирање, архивирање и дигитализација на богатото музичко наследство што го создаде композиторот Љубомир Бранѓолица. Со неговата музичка генијалност, мелодичност и израз тој остави длабока трага во македонската музичка мисла на XX и XXI век, вели авторот Андреј Блажевски.

Збирката ноти може бесплатно да се разгледа и преземе од страната на дигиталниот архив Бранѓолица:

https://ljubomirbrangjolica.wixsite.com/brangjolica/%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%BA%D0%B0

The post Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“ од Андреј Блажевски appeared first on Република.

]]>