Андреас Трајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andreas-trajkovski/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jun 2024 08:52:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андреас Трајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andreas-trajkovski/ 32 32 Двајца Македонци на Европското атлетско првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dvajtsa-makedontsi-na-evropskoto-atletsko-prvenstvo/ Tue, 04 Jun 2024 08:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=784590

Дарио Ивановски и Андреас Трајковски ќе бидат македонските претставници на Европското атлетско првенство на отворено кое од 7 до 12 јуни ќе се одржи во Рим, соопшти Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Ивановски ќе настапи во дисциплината полумаратон, со претходно остварена норма на маратонот во Севиља со време од 2:08:26, додека Трајковски ќе настапи во неговата дисциплина скок во далечина, со обезбедена норма преку ранкинг системот.

Прв на програмата ќе настапи Трајковски кои ќе се појави во квалификациите закажани за 7 јуни со почеток во 12:55 часот.

Полумаратонската трка на која ќе настапи Ивановски е на програмата на 9 јуни со почеток во 9 часот.

The post Двајца Македонци на Европското атлетско првенство appeared first on Република.

]]>

Дарио Ивановски и Андреас Трајковски ќе бидат македонските претставници на Европското атлетско првенство на отворено кое од 7 до 12 јуни ќе се одржи во Рим, соопшти Атлетската федерација на Македонија (АФМ). Ивановски ќе настапи во дисциплината полумаратон, со претходно остварена норма на маратонот во Севиља со време од 2:08:26, додека Трајковски ќе настапи во неговата дисциплина скок во далечина, со обезбедена норма преку ранкинг системот. Прв на програмата ќе настапи Трајковски кои ќе се појави во квалификациите закажани за 7 јуни со почеток во 12:55 часот. Полумаратонската трка на која ќе настапи Ивановски е на програмата на 9 јуни со почеток во 9 часот.

The post Двајца Македонци на Европското атлетско првенство appeared first on Република.

]]>
Македонскиот атлетичар Трајковски се пласираше на 12. место на Светското атлетско првенство во сала во Глазгов https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskiot-atletichar-trajkovski-se-plasirashe-na-12-mesto-na-svetskoto-atletsko-prvenstvo-vo-sala-vo-glazgov/ Sat, 02 Mar 2024 14:34:27 +0000 https://republika.mk/?p=750390

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски се пласираше денеска на 12. место во дисциплината скок во далечина на Светското првенство во сала кое се одржува во шкотскиот град Глазгов.

Трајковски прескокна 7.73 метри што е за шест сантиметри послаб резултат од неговиот личен и македонски рекорд, кој го постави на 10 февруари на Балканијадата во Истанбул.

Трајковски ја почна серијата со скок од 7.55 метри, во вториот обид прескокна 7.73, а во третиот 7.51 метри.

Гркот Милтиадис Тентоглу ја одбрани титулата во скок во далечина, а 25-годишниот актуелен олимписки и светски првак на отворено до своето ново злато во кариерата дојде по драматична борба.

Тентоглу и 19-годишниот Италијанец Матија Фурлани во првата серија прескокнаа 8.22 метри што останаа најдолги должини, а Гркот го освои златниот медал благодарение на подобриот втор скок. Неговиот изнесуваше 8.19 метри, а второто најдобро остварување во финалната серија на Фурлани изнесуваше 8.10 метри.

Бронзата со прескокнати 8.21 метри му припадна на Кареј Меклод од Јамајка.

The post Македонскиот атлетичар Трајковски се пласираше на 12. место на Светското атлетско првенство во сала во Глазгов appeared first on Република.

]]>

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски се пласираше денеска на 12. место во дисциплината скок во далечина на Светското првенство во сала кое се одржува во шкотскиот град Глазгов. Трајковски прескокна 7.73 метри што е за шест сантиметри послаб резултат од неговиот личен и македонски рекорд, кој го постави на 10 февруари на Балканијадата во Истанбул. Трајковски ја почна серијата со скок од 7.55 метри, во вториот обид прескокна 7.73, а во третиот 7.51 метри. Гркот Милтиадис Тентоглу ја одбрани титулата во скок во далечина, а 25-годишниот актуелен олимписки и светски првак на отворено до своето ново злато во кариерата дојде по драматична борба. Тентоглу и 19-годишниот Италијанец Матија Фурлани во првата серија прескокнаа 8.22 метри што останаа најдолги должини, а Гркот го освои златниот медал благодарение на подобриот втор скок. Неговиот изнесуваше 8.19 метри, а второто најдобро остварување во финалната серија на Фурлани изнесуваше 8.10 метри. Бронзата со прескокнати 8.21 метри му припадна на Кареј Меклод од Јамајка.

The post Македонскиот атлетичар Трајковски се пласираше на 12. место на Светското атлетско првенство во сала во Глазгов appeared first on Република.

]]>
Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trajkovski-postavi-nov-makedonski-rekord-vo-skok-vo-dalechina-vo-sala/ Sat, 10 Feb 2024 16:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=742582

Македонскиот атлетичар во скок во далечина Андреас Трајковски го освои денеска сребрениот медал на Балканското сениорско првенство во сала во Истанбул, постигнувајќи нов државен рекорд.

Трајковски прескокна 7.79 метри што на крајот беше за два сантиметри зад остварувањето на победникот Лука Чурковиќ (7.81 метри) од Хрватска.

Бронзениот медал го освои Бугаринот Божидар сарабуков со прескокнати 7.74 метри.

Својот следен настап на меѓународната сцена Трајковски ќе го има веќе во вторник кога ќе настапи на атлетски митинг во сала во Белград.

 

The post Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала appeared first on Република.

]]>

Македонскиот атлетичар во скок во далечина Андреас Трајковски го освои денеска сребрениот медал на Балканското сениорско првенство во сала во Истанбул, постигнувајќи нов државен рекорд. Трајковски прескокна 7.79 метри што на крајот беше за два сантиметри зад остварувањето на победникот Лука Чурковиќ (7.81 метри) од Хрватска. Бронзениот медал го освои Бугаринот Божидар сарабуков со прескокнати 7.74 метри. Својот следен настап на меѓународната сцена Трајковски ќе го има веќе во вторник кога ќе настапи на атлетски митинг во сала во Белград.  

The post Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала appeared first on Република.

]]>
Андреас Трајковски победник во скок во далечина на Европското екипно првенство- 3 дивизија https://arhiva3.republika.mk/vesti/andreas-trajkovski-pobednik-vo-skok-vo-dalechina-na-evropskoto-ekipno-prvenstvo-3-divizija/ Wed, 21 Jun 2023 12:43:15 +0000 https://republika.mk/?p=653737

Утрово на Европското екипно првенство (трета дивизија) кое се одржува во Силесиа, Полска, македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, го освои првото место во скок во далечина со скок од 7.73 метри. Овогодинешниот победничкиот скок е за 6 сантиметри пократок од националниот рекорд на Андреас кој го постигна на митингот во Калитеа (Грција) оваа година.

Трајковски својот најдобар скок, 7.73 метри, го оствари во неговиот втор обид. Во првата серија доскокна 7.47 метри, вториот и третиот обид му беа неуспешни, додека во последните две серии оствари резултати од 7.25 и 7.49 метри. Со првото место Андреас освои максимални 15 поени за атлетската репрезентација на Македонија, кои ќе влезат во генералното бодување на сите држави учеснички во оваа дивизија.

Покрај Андреас Трајковски, на пиедесталот се најдоа Ишаи Ифраимов од Израел, кој го освои второто место со скок од 7.70 метри, додека пак третото место му припадна на Мухамет Кангели од Албанија со скок од 7.36 метри.

Претходно Андреас настапи во дисциплината на 100 метри, каде истрча за време од 10.81 секунди и ја освои петтата позиција.

Македонската штафета на 4 х 100 метри, во состав: Андреас Трајковски, Огнен Стефановски, Михаил Петров и Јован Стојоски постави нов национален рекорд од 41.75 секунди и го освои 5-то место (11 бодови за репрезентацијата). Досегашниот рекорд изнесуваше 42.86 секунди поставен во 2012 година, во состав Пандев, Ефремов, Ајдраво и Голубиќ.

Денеска свои настапи имаа и Михаела Лазаровска во дисциплината скок со стап, Стефан Стефановски во фрлање диск, Сара Османовска на 100 метри со пречки и во трискок, Ирма Хајдари на 800 метри со пречки, Леонид Вандевски на 1500 метри, Дрита Ислами на 400 метри со пречки, Огнен Стефановски на 400 метри со пречки, Марјан Нојковски во дисциплината фрлање кладиво како и машката и женската штафета на 100 метри.

The post Андреас Трајковски победник во скок во далечина на Европското екипно првенство- 3 дивизија appeared first on Република.

]]>

Утрово на Европското екипно првенство (трета дивизија) кое се одржува во Силесиа, Полска, македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, го освои првото место во скок во далечина со скок од 7.73 метри. Овогодинешниот победничкиот скок е за 6 сантиметри пократок од националниот рекорд на Андреас кој го постигна на митингот во Калитеа (Грција) оваа година. Трајковски својот најдобар скок, 7.73 метри, го оствари во неговиот втор обид. Во првата серија доскокна 7.47 метри, вториот и третиот обид му беа неуспешни, додека во последните две серии оствари резултати од 7.25 и 7.49 метри. Со првото место Андреас освои максимални 15 поени за атлетската репрезентација на Македонија, кои ќе влезат во генералното бодување на сите држави учеснички во оваа дивизија. Покрај Андреас Трајковски, на пиедесталот се најдоа Ишаи Ифраимов од Израел, кој го освои второто место со скок од 7.70 метри, додека пак третото место му припадна на Мухамет Кангели од Албанија со скок од 7.36 метри. Претходно Андреас настапи во дисциплината на 100 метри, каде истрча за време од 10.81 секунди и ја освои петтата позиција. Македонската штафета на 4 х 100 метри, во состав: Андреас Трајковски, Огнен Стефановски, Михаил Петров и Јован Стојоски постави нов национален рекорд од 41.75 секунди и го освои 5-то место (11 бодови за репрезентацијата). Досегашниот рекорд изнесуваше 42.86 секунди поставен во 2012 година, во состав Пандев, Ефремов, Ајдраво и Голубиќ. Денеска свои настапи имаа и Михаела Лазаровска во дисциплината скок со стап, Стефан Стефановски во фрлање диск, Сара Османовска на 100 метри со пречки и во трискок, Ирма Хајдари на 800 метри со пречки, Леонид Вандевски на 1500 метри, Дрита Ислами на 400 метри со пречки, Огнен Стефановски на 400 метри со пречки, Марјан Нојковски во дисциплината фрлање кладиво како и машката и женската штафета на 100 метри.

The post Андреас Трајковски победник во скок во далечина на Европското екипно првенство- 3 дивизија appeared first on Република.

]]>
Трајковски го подобри македонскиот рекорд за 19 сантиметри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trajkovski-go-podobri-makedonskiot-rekord-za-19-santimetri/ Sat, 21 May 2022 08:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=505113

Андреас Трајковски, член на атлетскиот клуб Работнички од Скопје, постави нов македонски рекорд во скок во далечина, со прескокнатите 7,60 метри, на меѓународниот атлетски митинг одржан во Александрија. Трајковски го оствари рекордниот скок уште во првата серија и го освои третото место.

Тој скок е за 19 сантиметри подолг од неговото претходно рекордно остварување неодамна, постигнато на митингот во Лимасол (Кипар) од 7,41 метри. Претходно македонскиот рекорд во оваа дисциплина изнесуваше 7,15 метри и беше во сопственост на тројца атлетичари, Зоран Тасевски, Тони Дамчевски и Славчо Мирчевски.

Трајковски (29) е роден во Копенхаген (Данска), татко му е од Македонија, мајка му од Данска. Лани тој доби македонско државјанство, а од февруари годинава и согласност од Светската атлетика (СА) за промена на националноста, по што почна да настапува за Македонија на официјални натпревари.

The post Трајковски го подобри македонскиот рекорд за 19 сантиметри appeared first on Република.

]]>

Андреас Трајковски, член на атлетскиот клуб Работнички од Скопје, постави нов македонски рекорд во скок во далечина, со прескокнатите 7,60 метри, на меѓународниот атлетски митинг одржан во Александрија. Трајковски го оствари рекордниот скок уште во првата серија и го освои третото место. Тој скок е за 19 сантиметри подолг од неговото претходно рекордно остварување неодамна, постигнато на митингот во Лимасол (Кипар) од 7,41 метри. Претходно македонскиот рекорд во оваа дисциплина изнесуваше 7,15 метри и беше во сопственост на тројца атлетичари, Зоран Тасевски, Тони Дамчевски и Славчо Мирчевски. Трајковски (29) е роден во Копенхаген (Данска), татко му е од Македонија, мајка му од Данска. Лани тој доби македонско државјанство, а од февруари годинава и согласност од Светската атлетика (СА) за промена на националноста, по што почна да настапува за Македонија на официјални натпревари.

The post Трајковски го подобри македонскиот рекорд за 19 сантиметри appeared first on Република.

]]>
Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trajkovski-postavi-nov-drzaven-rekord-vo-skok-vo-dalechina/ Thu, 03 Mar 2022 14:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=467159

Mакедонскиот атлетичар Андреас Трајковски на Отвореното првенство во Скиве, Данска, постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала, со резултат од 7 метри и 65 сантиметри, што е за 32 сантиметри подобар од претходниот рекорд, кој членот на АК Работнички го постави во Малме, Шведска пред две недели.

Покрај во скок во далечина Андреас настапи и на трката на 60 метри каде го постави своето најдобро време за оваа сезона, со резултат од 6.90 секунди, ова време е само за една стотинка послабо од неговиот личен рекорд кој изнесува 6.89 секунди, односно само за 4 стотинки од македонскиот рекорд 6.86 секунди. Трајковски на оваа трка постави неофицијален светски рекорд во најбрза реакција од стратен блок. Според правилата на Светската Атлетска Федерација (WA), времето на реакција- измерено од сензори во стартниот пиштол и на стартните блокови, доколку е помало од 0,100ms покажува дека тркачот предвреме ја стартувал својата трка и со тоа ќе биде дисквалификуван. Нашиот атлетичар Андреас и во две трки на 60 метри (квалификации и финале) имаше реакција од 0.100ms.

Неофицијалниот светски рекорд за најбрза реакција на старт ја имал атлетичарот Бруно Сурин од Канада во полуфиналната трка на 100 метри на Светското првенство во Севиља 1999 година, каде неговата реакција била 0.101ms.

Андреас, кој пред еден месец доби дозвола од Светската Атлетска Федерација да настапува под боите и знамето на Македонија, а претходно настапуваше за Данска, – на 5 март (сабота) ќе го има својот прв настап за Македонската атлетска репрезентација на Балканијадата во сала, која ќе се оддржи во Истанбул, Турција.

Многу сум задоволен со подобрување на националниот рекорд во скок во далечина, моментално сум во одлична форма и во наредниот период ќе пробам да ја искористам добрата форма за подобрување на моите резултати оваа сезона. Се радувам на моето прво учество под знамето на Македонија на престојната Балканијада во Истанбул и се надевам дека ќе успеам да направам добар резултат, изјави Трајковски.

На Балканијадата во сала Трајковски ќе настапи во скок во далечина и на трката на 60 метри. Покрај Андреас во Истанбул боите на Македонија ќе ги бранат и Дарио Ивановски (АК Делта) на трката на 3000 метри и Јован Стојоски (АК Охрид) на трката на 400 метри.

The post Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина appeared first on Република.

]]>

Mакедонскиот атлетичар Андреас Трајковски на Отвореното првенство во Скиве, Данска, постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала, со резултат од 7 метри и 65 сантиметри, што е за 32 сантиметри подобар од претходниот рекорд, кој членот на АК Работнички го постави во Малме, Шведска пред две недели. Покрај во скок во далечина Андреас настапи и на трката на 60 метри каде го постави своето најдобро време за оваа сезона, со резултат од 6.90 секунди, ова време е само за една стотинка послабо од неговиот личен рекорд кој изнесува 6.89 секунди, односно само за 4 стотинки од македонскиот рекорд 6.86 секунди. Трајковски на оваа трка постави неофицијален светски рекорд во најбрза реакција од стратен блок. Според правилата на Светската Атлетска Федерација (WA), времето на реакција- измерено од сензори во стартниот пиштол и на стартните блокови, доколку е помало од 0,100ms покажува дека тркачот предвреме ја стартувал својата трка и со тоа ќе биде дисквалификуван. Нашиот атлетичар Андреас и во две трки на 60 метри (квалификации и финале) имаше реакција од 0.100ms. Неофицијалниот светски рекорд за најбрза реакција на старт ја имал атлетичарот Бруно Сурин од Канада во полуфиналната трка на 100 метри на Светското првенство во Севиља 1999 година, каде неговата реакција била 0.101ms. Андреас, кој пред еден месец доби дозвола од Светската Атлетска Федерација да настапува под боите и знамето на Македонија, а претходно настапуваше за Данска, – на 5 март (сабота) ќе го има својот прв настап за Македонската атлетска репрезентација на Балканијадата во сала, која ќе се оддржи во Истанбул, Турција.
Многу сум задоволен со подобрување на националниот рекорд во скок во далечина, моментално сум во одлична форма и во наредниот период ќе пробам да ја искористам добрата форма за подобрување на моите резултати оваа сезона. Се радувам на моето прво учество под знамето на Македонија на престојната Балканијада во Истанбул и се надевам дека ќе успеам да направам добар резултат, изјави Трајковски.
На Балканијадата во сала Трајковски ќе настапи во скок во далечина и на трката на 60 метри. Покрај Андреас во Истанбул боите на Македонија ќе ги бранат и Дарио Ивановски (АК Делта) на трката на 3000 метри и Јован Стојоски (АК Охрид) на трката на 400 метри.

The post Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина appeared first on Република.

]]>