Андреа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrea/ За подобро да се разбереме Fri, 13 May 2022 09:46:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андреа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrea/ 32 32 Андреа не се пласираше во финалето на Евровизија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/andrea-ne-se-plasirashe-vo-finaleto-na-evrovizija/ Thu, 12 May 2022 21:27:06 +0000 https://republika.mk/?p=501676

Македонија не успеа да се пласира во финалето на Евровизија.

Нашата претставничка Андреа со нејзината нумера „Circles“ вечерва во второто полуфинале пееше 11та по ред од вкупно 18 натпреварувачи.

Во финалето кое ќе се одржи во сабота (14.05) вечерва се пласираа: Белгија, Чешка, Азербеџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.

Но Андреа имаше впечатлив настап и моќна изведба!

https://youtu.be/zvOihqB4eKk

The post Андреа не се пласираше во финалето на Евровизија appeared first on Република.

]]>

Македонија не успеа да се пласира во финалето на Евровизија. Нашата претставничка Андреа со нејзината нумера „Circles“ вечерва во второто полуфинале пееше 11та по ред од вкупно 18 натпреварувачи. Во финалето кое ќе се одржи во сабота (14.05) вечерва се пласираа: Белгија, Чешка, Азербеџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија. Но Андреа имаше впечатлив настап и моќна изведба! https://youtu.be/zvOihqB4eKk

The post Андреа не се пласираше во финалето на Евровизија appeared first on Република.

]]>
Брутализам и „Кругови“ – делува победнички: Андреа го претстави евровизискиот спот https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/brutalizam-i-krugovi-deluva-pobednichki-andrea-go-pretstavi-evroviziskiot-spot/ Thu, 10 Mar 2022 16:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=470822

Официјалниот спот евровизиската Circles на Андреа излезе денеска.

Младата пејачка Андреа Коевска која оваа година ќе ја претставува нашата земја на „Евровизија“ во Торино, Италија денес го промовираше видео спотот за песната „Circles“ на официјалниот јутјуб-канал на „Eurovision Song Contest“.

Андреа ќе настапи на 66-иот Избор за песна на Евровизија, по победата на Изборот за песна на Евровизија на Македонската Радио Тeлевизија, каде 50% од гласовите беа од меѓународното жири, а 50% од гласот на публиката.

Музиката за песната е дело на Александар Масевски, а текстот на Андреа и Александар. Спотот е во продукција на МТВ, режисер е Горан Цветковиќ, кој исто така се потпишува и на видеомонтажата. Кадрите се снимани на повеќе локации во Скопје: во Македонска пошта, под железничката станица и околу студенскиот дом „Гоце Делчев“.

The post Брутализам и „Кругови“ – делува победнички: Андреа го претстави евровизискиот спот appeared first on Република.

]]>

Официјалниот спот евровизиската Circles на Андреа излезе денеска. Младата пејачка Андреа Коевска која оваа година ќе ја претставува нашата земја на „Евровизија“ во Торино, Италија денес го промовираше видео спотот за песната „Circles“ на официјалниот јутјуб-канал на „Eurovision Song Contest“. Андреа ќе настапи на 66-иот Избор за песна на Евровизија, по победата на Изборот за песна на Евровизија на Македонската Радио Тeлевизија, каде 50% од гласовите беа од меѓународното жири, а 50% од гласот на публиката. Музиката за песната е дело на Александар Масевски, а текстот на Андреа и Александар. Спотот е во продукција на МТВ, режисер е Горан Цветковиќ, кој исто така се потпишува и на видеомонтажата. Кадрите се снимани на повеќе локации во Скопје: во Македонска пошта, под железничката станица и околу студенскиот дом „Гоце Делчев“.

The post Брутализам и „Кругови“ – делува победнички: Андреа го претстави евровизискиот спот appeared first on Република.

]]>
Андреа ја испеа „Circles“ во Романија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/andrea-ja-ispea-circles-vo-romanija/ Tue, 08 Mar 2022 10:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=469450

Андреа гостуваше на романскиот избор за песна на Евровизија, каде ја изведе песната „Circles“ во живо, за тамошната публика.

Од она што може да се чуе, веќе се направени одредени продукциски измени, а можеме да кажеме дека нашата претставничка, како и секогаш, звучи навистина моќно.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=JHvhV2uRJBs&feature=emb_logo

The post Андреа ја испеа „Circles“ во Романија appeared first on Република.

]]>

Андреа гостуваше на романскиот избор за песна на Евровизија, каде ја изведе песната „Circles“ во живо, за тамошната публика. Од она што може да се чуе, веќе се направени одредени продукциски измени, а можеме да кажеме дека нашата претставничка, како и секогаш, звучи навистина моќно. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=JHvhV2uRJBs&feature=emb_logo

The post Андреа ја испеа „Circles“ во Романија appeared first on Република.

]]>
Бугарската пејачка Андреа покриена само со украинското знаме https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/bugarskata-pejachka-andrea-pokriena-samo-so-ukrainskoto-zname/ Thu, 03 Mar 2022 22:35:57 +0000 https://republika.mk/?p=467096

Бугарската фолкерка Андреа  редовно ги радува своите фанови со оригинални фотографии, но овој пат успеа да ги остави без здив и да испрати порака за мир.

Таа има над 400.000 верни следбеници на Инстаграм кои ја следат секој нејзин чекор. Се чини дека подобро и оди како фотомодел отколку како пејачка ...

Овој пат таа позираше на кревет гола, но покриена со украинското знаме.

Таа остави и моќна порака:

- Јас сум Украина. Во најлошото време, Европа и светот повторно се соочуваат со грдото лице на војната. Кој ќе го спречи овој братоубиствен масакр во Украина? Ние луѓето не сме пиони на шаховската табла на политичарите. Ниту, пак, негуваме за да бидеме скршени од бомби и тенкови кога ќе дојде време. Ние не сме пиони со кои можете да се забавувате – напиша Андреа.

The post Бугарската пејачка Андреа покриена само со украинското знаме appeared first on Република.

]]>

Бугарската фолкерка Андреа  редовно ги радува своите фанови со оригинални фотографии, но овој пат успеа да ги остави без здив и да испрати порака за мир. Таа има над 400.000 верни следбеници на Инстаграм кои ја следат секој нејзин чекор. Се чини дека подобро и оди како фотомодел отколку како пејачка ... Овој пат таа позираше на кревет гола, но покриена со украинското знаме. Таа остави и моќна порака:
- Јас сум Украина. Во најлошото време, Европа и светот повторно се соочуваат со грдото лице на војната. Кој ќе го спречи овој братоубиствен масакр во Украина? Ние луѓето не сме пиони на шаховската табла на политичарите. Ниту, пак, негуваме за да бидеме скршени од бомби и тенкови кога ќе дојде време. Ние не сме пиони со кои можете да се забавувате – напиша Андреа.

The post Бугарската пејачка Андреа покриена само со украинското знаме appeared first on Република.

]]>
Андреа: Со вистинските луѓе кои неизмерно те поддржуваат, предизвиците стануваат надминливи, а соништата остварливи https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/andrea-so-vistinskite-lugje-koi-neizmerno-te-poddrzuvaat-predizvicite-stanuvaat-nadminlivi-a-sonishtata-ostvarlivi/ Tue, 15 Feb 2022 08:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=458624

Младата, талентирана, пејачка Андреа Коевска е годинашната претставничка на Македонија за Евросонг со песната „Кругови“ (Circles). Андреа свири пијано и гитара, студира на отсек соло пеење – популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност-Скопје, а во јавноста е присутна околу две години.

Еден од најзаслужните за препознавање и поттикнување на развојот на нејзиниот талент и вокални способности е познатиот музички продуцент, Александар Масевски, благодарение на чија соработка излезе и синглот што ќе ја претставува Македонија на Евровизискиот натпревар во Италија.

Андреа пред два дена наполни 22 години, а на нејзиниот роденден, MIA разговараше за тежината на епитетот-национален претставник на Евросонг.

Го пренесуваме разговорот во целост:

Андреа, честитки за изборот да бидеш национален претставник на Евровизија 2022. Ти си млада, а и релативно нова на музичката сцена, колкава тежина и одговорност чувствуваш, покрај огромната радост, да ја претставуваш државата?

„Благодарам, дефинитивно чувствувам голема одговорност и свесна сум за истата. Евровизија е голем предизвик за мене како музичар, но и како личност. Напорно и упорно работам на сè што е поврзано со настапот. Сакам да ја претставам Македонија, а и себеси, во најдоброто светло“.

Се јавуваш како автор на текстот, заедно со твојот продуцент, Александар Масевски, кој е автор и на музиката. Како настана „Circles”, има ли песната некоја посебна приказна?

„Кога ја напишавме песната сите коцки се склопија. Масе во секој момент умее да ми ја почувствува енергијата и знае што точно треба јас да извадам од себе за да надминам каква било ситуација. Во периодот кога ја пишувавме песната се наоѓав во една многу токсична врска. Зошто велам токсична? Затоа што се вртевме во круг и ни се чинеше дека нема излез. Но, ова е случај и со многу други сегменти од нашите животи – сакаме да промениме нешто, се трудиме, не успеваме, и така тоа оди во круг… а, ретко ни текнува дека решението лежи во нас – промената треба да почне од нас“.

Со музиката си од најмали нозе, музицираш пијано и гитара, а велиш дека твојот најсилен инструмент е твојот глас. Релативно кратко време си присутна официјално на музичката сцена. Твојот прв сингл „I know” е објавен пред неполни две години, а на социјалните мрежи и you tube привлече огромно внимание во светската јавност. Денес веќе говориме со тебе како претставник на Евросонг…се остварува ли твојот сон во музичкиот свет?

„Да, сонот за кариера трае од поодамна. Пеам од кога знам за себе, па затоа  и одлучив да студирам на музичката академија. Сега, од оваа гледна точка можам да кажам дека полека, но сигурно се остварува мојот сон. Константно вложуваме труд, време и енергија, не само јас, туку и сите што се околу мене. Ова навистина е тимска работа. Кога ги имаш вистинските луѓе околу себе кои неизмерно те поддржуваат, предизвиците стануваат надминливи, а сните, остварливи“.

Сите твои досегашни синглови се на англиски јазик, и еден на македонски јазик. Дали можеби во иднина можеме да очекуваме повеќе песни на македонски јазик?

„Музиката е дел од културата на една земја. Ја сакам Македонија, нашиот јазик, нашата култура и сакам кога придонесувам на каков било начин за развој на истата. Процесот на творење нам ни е спонтан. Јазикот на кој создаваме песни зависи од повеќе фактори, пред сè од моменталната инспирација, емоции, па и од потенцијалниот пласман. Па, затоа и би рекла да, секогаш ќе има и песни на македонски јазик“.

Како припадник на новите генерации музичари, што според тебе недостасува за да се врати сјајот на музичката сцена во РС Македонија?

„Пред сè сметам дека треба да прифатиме дека постојат различни музички стилови и да почнеме да се поддржуваме меѓусебно. Не мора секогаш да бараме валидација од страна или слепо да верувам дека туѓото е подобро. Поголема поддршка од медиумите би значело и поголема изложеност на македонската музичка сцена. Македонија има прекрасни музички таленти, и од постарите генерации, но и од помладите. А, секој музичар може да си ја пронајде публиката доколку му се даде простор за тоа. На крајот од денот, публиката е таа што ни дава мотив да твориме“.

Кој се е дел од твојот поширок тим соработници и кои се очекувањата од Евросонг ?

„Покрај Масе и МРТВ имам и свој тим што стои зад мене оваа година и пол и секојдневно ми помага во градење на мојата кариера. Кога станува збор за Евросонг, се фокусирам на тоа што можам да го контролирам. Не може да знаеме со сигурност што ќе се случи таму, но одам со позитивна енергија и со желба да влеземе во финале“.

Како се справуваш со негативните критики, односно коментари по социјалните медиуми?

„Искрено, повеќе се фокусирам на позитивните коментари и поддршката што ја добивам и од познати и од непознати. Моментално сме во почетна фаза на подготовки и не би сакала енергијата да ја насочувам кон негативните коментари. Секој има право на свое мислење и тоа го почитувам. Моја цел е да се подготвам најдобро што можам и да ја претставам Македонија во убаво светло“.

The post Андреа: Со вистинските луѓе кои неизмерно те поддржуваат, предизвиците стануваат надминливи, а соништата остварливи appeared first on Република.

]]>

Младата, талентирана, пејачка Андреа Коевска е годинашната претставничка на Македонија за Евросонг со песната „Кругови“ (Circles). Андреа свири пијано и гитара, студира на отсек соло пеење – популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност-Скопје, а во јавноста е присутна околу две години. Еден од најзаслужните за препознавање и поттикнување на развојот на нејзиниот талент и вокални способности е познатиот музички продуцент, Александар Масевски, благодарение на чија соработка излезе и синглот што ќе ја претставува Македонија на Евровизискиот натпревар во Италија. Андреа пред два дена наполни 22 години, а на нејзиниот роденден, MIA разговараше за тежината на епитетот-национален претставник на Евросонг. Го пренесуваме разговорот во целост: Андреа, честитки за изборот да бидеш национален претставник на Евровизија 2022. Ти си млада, а и релативно нова на музичката сцена, колкава тежина и одговорност чувствуваш, покрај огромната радост, да ја претставуваш државата? „Благодарам, дефинитивно чувствувам голема одговорност и свесна сум за истата. Евровизија е голем предизвик за мене како музичар, но и како личност. Напорно и упорно работам на сè што е поврзано со настапот. Сакам да ја претставам Македонија, а и себеси, во најдоброто светло“. Се јавуваш како автор на текстот, заедно со твојот продуцент, Александар Масевски, кој е автор и на музиката. Како настана „Circles”, има ли песната некоја посебна приказна? „Кога ја напишавме песната сите коцки се склопија. Масе во секој момент умее да ми ја почувствува енергијата и знае што точно треба јас да извадам од себе за да надминам каква било ситуација. Во периодот кога ја пишувавме песната се наоѓав во една многу токсична врска. Зошто велам токсична? Затоа што се вртевме во круг и ни се чинеше дека нема излез. Но, ова е случај и со многу други сегменти од нашите животи – сакаме да промениме нешто, се трудиме, не успеваме, и така тоа оди во круг… а, ретко ни текнува дека решението лежи во нас – промената треба да почне од нас“. Со музиката си од најмали нозе, музицираш пијано и гитара, а велиш дека твојот најсилен инструмент е твојот глас. Релативно кратко време си присутна официјално на музичката сцена. Твојот прв сингл „I know” е објавен пред неполни две години, а на социјалните мрежи и you tube привлече огромно внимание во светската јавност. Денес веќе говориме со тебе како претставник на Евросонг…се остварува ли твојот сон во музичкиот свет? „Да, сонот за кариера трае од поодамна. Пеам од кога знам за себе, па затоа  и одлучив да студирам на музичката академија. Сега, од оваа гледна точка можам да кажам дека полека, но сигурно се остварува мојот сон. Константно вложуваме труд, време и енергија, не само јас, туку и сите што се околу мене. Ова навистина е тимска работа. Кога ги имаш вистинските луѓе околу себе кои неизмерно те поддржуваат, предизвиците стануваат надминливи, а сните, остварливи“. Сите твои досегашни синглови се на англиски јазик, и еден на македонски јазик. Дали можеби во иднина можеме да очекуваме повеќе песни на македонски јазик? „Музиката е дел од културата на една земја. Ја сакам Македонија, нашиот јазик, нашата култура и сакам кога придонесувам на каков било начин за развој на истата. Процесот на творење нам ни е спонтан. Јазикот на кој создаваме песни зависи од повеќе фактори, пред сè од моменталната инспирација, емоции, па и од потенцијалниот пласман. Па, затоа и би рекла да, секогаш ќе има и песни на македонски јазик“. Како припадник на новите генерации музичари, што според тебе недостасува за да се врати сјајот на музичката сцена во РС Македонија? „Пред сè сметам дека треба да прифатиме дека постојат различни музички стилови и да почнеме да се поддржуваме меѓусебно. Не мора секогаш да бараме валидација од страна или слепо да верувам дека туѓото е подобро. Поголема поддршка од медиумите би значело и поголема изложеност на македонската музичка сцена. Македонија има прекрасни музички таленти, и од постарите генерации, но и од помладите. А, секој музичар може да си ја пронајде публиката доколку му се даде простор за тоа. На крајот од денот, публиката е таа што ни дава мотив да твориме“. Кој се е дел од твојот поширок тим соработници и кои се очекувањата од Евросонг ? „Покрај Масе и МРТВ имам и свој тим што стои зад мене оваа година и пол и секојдневно ми помага во градење на мојата кариера. Кога станува збор за Евросонг, се фокусирам на тоа што можам да го контролирам. Не може да знаеме со сигурност што ќе се случи таму, но одам со позитивна енергија и со желба да влеземе во финале“. Како се справуваш со негативните критики, односно коментари по социјалните медиуми? „Искрено, повеќе се фокусирам на позитивните коментари и поддршката што ја добивам и од познати и од непознати. Моментално сме во почетна фаза на подготовки и не би сакала енергијата да ја насочувам кон негативните коментари. Секој има право на свое мислење и тоа го почитувам. Моја цел е да се подготвам најдобро што можам и да ја претставам Македонија во убаво светло“.

The post Андреа: Со вистинските луѓе кои неизмерно те поддржуваат, предизвиците стануваат надминливи, а соништата остварливи appeared first on Република.

]]>
Македонија и Андреа во топ 3 листата на фаворити на Евросонг 2022 https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/makedonija-i-andrea-vo-top-3-listata-na-favoriti-na-evrosong-2022/ Mon, 14 Feb 2022 10:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=458276

Македонија и Андреа се најдоа во ТОП 3 листата на фаворити за Евросонг 2022 на анкетата на еден од најпознатите блогови за Eurovision Song Contest – Wiwibloggs!

12 February (9 acts)
Italy: Mahmood and Blanco “Brividi” 3,656 votes 31.54%
Spain: Chanel with “SloMo” 2,915 votes 25.14%
North Macedonia: Andrea “Circles” 1,195 votes 10.31%
Albania: Ronela Hajati “Sekret” 1,103 votes 9.51%
Czech Republic: We Are Domi “Lights Off” 890 votes 7.68%
Israel: Michael Ben David “I.M” 766 votes 6.61%
Ireland: Brooke “That’s Rich” 737 votes 6.36%
Moldova: Zdob si Zdub and Fratii Advahov “Trenuletul” 243 votes 2.10%
Bulgaria: Intelligent Music Project “Intention” 88 votes 0.76%
11,593 total votes

The post Македонија и Андреа во топ 3 листата на фаворити на Евросонг 2022 appeared first on Република.

]]>

Македонија и Андреа се најдоа во ТОП 3 листата на фаворити за Евросонг 2022 на анкетата на еден од најпознатите блогови за Eurovision Song Contest – Wiwibloggs! 12 February (9 acts) Italy: Mahmood and Blanco “Brividi” 3,656 votes 31.54% Spain: Chanel with “SloMo” 2,915 votes 25.14% North Macedonia: Andrea “Circles” 1,195 votes 10.31% Albania: Ronela Hajati “Sekret” 1,103 votes 9.51% Czech Republic: We Are Domi “Lights Off” 890 votes 7.68% Israel: Michael Ben David “I.M” 766 votes 6.61% Ireland: Brooke “That’s Rich” 737 votes 6.36% Moldova: Zdob si Zdub and Fratii Advahov “Trenuletul” 243 votes 2.10% Bulgaria: Intelligent Music Project “Intention” 88 votes 0.76% 11,593 total votes

The post Македонија и Андреа во топ 3 листата на фаворити на Евросонг 2022 appeared first on Република.

]]>
Слушнете ја Андреа со „Circles“која ќе не преставува на Евросонг https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/slushnete-ja-andrea-so-circles-koja-kje-ne-prestavuva-na-evrosong/ Fri, 04 Feb 2022 21:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=454400

Андреа со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на
Евровизија, кој ќе се одржи во мај во Торино, Италија.

Андреа победи поради поголемиот број гласови од жирито, а втор беше Виктор Апостоловски.

Автор на победничкатга песна е Александар Масевски.

Слушнете ја  „Circles“

https://www.youtube.com/watch?v=SEDnvXHaBzE&t=111s

The post Слушнете ја Андреа со „Circles“која ќе не преставува на Евросонг appeared first on Република.

]]>

Андреа со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во мај во Торино, Италија. Андреа победи поради поголемиот број гласови од жирито, а втор беше Виктор Апостоловски. Автор на победничкатга песна е Александар Масевски. Слушнете ја  „Circles“ https://www.youtube.com/watch?v=SEDnvXHaBzE&t=111s

The post Слушнете ја Андреа со „Circles“која ќе не преставува на Евросонг appeared first on Република.

]]>
Кој ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2022 – Слушнете, гласајте, одлучете https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/koj-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-evrosong-2022-slushnete-glasajte-odluchete/ Sat, 29 Jan 2022 08:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=451010

МРТ ги претстави шесте избрани песни во трка за Евровизија 2022. Пејачите во борба за пат до Торино се млади, автентични, талентирани и познати лица за македонската јавност и со огромен ентузијазам му пристапуваат на овој нов евровизиски предизвик. Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи и се подготвени целосно да ве освојат.

Покрај талентот и љубовта кон музиката, сите нив ги обединува и возбудата во пресрет на официјалното соочување на нивните евровизиски теми со публиката.

За да гласате за оној кој најмногу ви се допаѓа влезете на следниот линк. Може да се гласа само еднаш за една композиција.

Платформата за гласање ќе биде отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22:00ч до 04.02.2022.

Вашите гласови се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50).

Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино. Доколку дојде до изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири.
1.Ris Flower

https://www.youtube.com/watch?v=jXUFUIWAa9I

2.

https://www.youtube.com/watch?v=_T9cv8wkDfI&feature=emb_title

3.

https://www.youtube.com/watch?v=OfsoxGm3tJk

4.

https://www.youtube.com/watch?v=xKnRa_hazkk

5.

https://www.youtube.com/watch?v=Yjy2gJf8HFw&feature=emb_title

6.

https://www.youtube.com/watch?v=PwqYqM7h_k0

The post Кој ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2022 – Слушнете, гласајте, одлучете appeared first on Република.

]]>

МРТ ги претстави шесте избрани песни во трка за Евровизија 2022. Пејачите во борба за пат до Торино се млади, автентични, талентирани и познати лица за македонската јавност и со огромен ентузијазам му пристапуваат на овој нов евровизиски предизвик. Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи и се подготвени целосно да ве освојат. Покрај талентот и љубовта кон музиката, сите нив ги обединува и возбудата во пресрет на официјалното соочување на нивните евровизиски теми со публиката. За да гласате за оној кој најмногу ви се допаѓа влезете на следниот линк. Може да се гласа само еднаш за една композиција. Платформата за гласање ќе биде отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22:00ч до 04.02.2022. Вашите гласови се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50). Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино. Доколку дојде до изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири. 1.Ris Flower https://www.youtube.com/watch?v=jXUFUIWAa9I 2. https://www.youtube.com/watch?v=_T9cv8wkDfI&feature=emb_title 3. https://www.youtube.com/watch?v=OfsoxGm3tJk 4. https://www.youtube.com/watch?v=xKnRa_hazkk 5. https://www.youtube.com/watch?v=Yjy2gJf8HFw&feature=emb_title 6. https://www.youtube.com/watch?v=PwqYqM7h_k0

The post Кој ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2022 – Слушнете, гласајте, одлучете appeared first on Република.

]]>