Андраш Клајн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrash-klajn/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 16:26:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андраш Клајн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andrash-klajn/ 32 32 Николоски на средба со амбасадорот Клајн: Огромна е поддршката што Унгарија ја овозможува за евроинтегративниот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-na-sredba-so-ambasadorot-klajn-ogromna-e-poddrshkata-shto-ungarija-ja-ovozmozhuva-za-evrointegrativniot-protses/ Wed, 03 Jul 2024 16:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=793159

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт, на средбата Николоски упати честитки за преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, со порака дека Владата останува силно фокусирана на европската агенда.

Исто така министерот Николоски ги потенцираше реформските процеси, истакнувајќи ги плановите на Владата за регионална интеграција и зајакнување на односите со земјите од Западен Балкан, се посочува во соопштението.

На средбата биле разменети информации околу искуствата за модернизација на регионалната инфраструктура, со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура.

Во Унгарија гледаме како долгогодишен партнер и пријател и огромна е поддршката што ја овозможува Унгарија за евроинтегративниот процес како врвен приоритет, потенцирал на средбата министерот Николоски.

И двајцата се согласиле за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во области од заеднички интерес за двете земји.

The post Николоски на средба со амбасадорот Клајн: Огромна е поддршката што Унгарија ја овозможува за евроинтегративниот процес appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн. Како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт, на средбата Николоски упати честитки за преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, со порака дека Владата останува силно фокусирана на европската агенда.
Исто така министерот Николоски ги потенцираше реформските процеси, истакнувајќи ги плановите на Владата за регионална интеграција и зајакнување на односите со земјите од Западен Балкан, се посочува во соопштението.
На средбата биле разменети информации околу искуствата за модернизација на регионалната инфраструктура, со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура. Во Унгарија гледаме како долгогодишен партнер и пријател и огромна е поддршката што ја овозможува Унгарија за евроинтегративниот процес како врвен приоритет, потенцирал на средбата министерот Николоски. И двајцата се согласиле за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во области од заеднички интерес за двете земји.

The post Николоски на средба со амбасадорот Клајн: Огромна е поддршката што Унгарија ја овозможува за евроинтегративниот процес appeared first on Република.

]]>
Маричиќ работи турбо по избрите, се сретна со амбасадорот на Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-raboti-turbo-po-izbrite-se-sretna-so-ambasadorot-na-ungarija/ Mon, 13 May 2024 12:17:33 +0000 https://republika.mk/?p=777632

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денеска одржа средба со амбасадорот на Република Унгарија Андраш Клајн, заменик амбасадорката Кристина Тиханји и претставникот Золтан Марки, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.

На средбата унгарската делегација ги презентирала приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување на процесот на европските интеграции во претстојниот период. Унгарија претседава со Советот на Европа од 1 Јули 2024 до крајот на годината.

-Вицепремиерот Маричиќ со заложба дека европеизацијата на државата мора да продолжи со засилен тек ја истакна важноста од носење на важни одлуки за понатамошно реализирање на стратешките цели на Македонија и регионот, се вели во денешното соопштение од СЕП.

Во него се додава оти тој потенцирал дека европската интеграција е важен стратешки план и приоритет за државата и за сите граѓани во неа.

Амбасадорот Клајн се заблагодарил за досегашниот успех и постигнатите резултати од процесот на евроинтеграција, скрининг процесот, отпочнувањето на преговорите за државата и комплетната подготовка за реализација на европската агенда на државата

The post Маричиќ работи турбо по избрите, се сретна со амбасадорот на Унгарија appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денеска одржа средба со амбасадорот на Република Унгарија Андраш Клајн, заменик амбасадорката Кристина Тиханји и претставникот Золтан Марки, соопштија од Секретаријатот за европски прашања. На средбата унгарската делегација ги презентирала приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување на процесот на европските интеграции во претстојниот период. Унгарија претседава со Советот на Европа од 1 Јули 2024 до крајот на годината.
-Вицепремиерот Маричиќ со заложба дека европеизацијата на државата мора да продолжи со засилен тек ја истакна важноста од носење на важни одлуки за понатамошно реализирање на стратешките цели на Македонија и регионот, се вели во денешното соопштение од СЕП.
Во него се додава оти тој потенцирал дека европската интеграција е важен стратешки план и приоритет за државата и за сите граѓани во неа. Амбасадорот Клајн се заблагодарил за досегашниот успех и постигнатите резултати од процесот на евроинтеграција, скрининг процесот, отпочнувањето на преговорите за државата и комплетната подготовка за реализација на европската агенда на државата

The post Маричиќ работи турбо по избрите, се сретна со амбасадорот на Унгарија appeared first on Република.

]]>
Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-ministerot-toshkovski-so-ambasadorot-na-ungarija/ Wed, 07 Feb 2024 15:42:22 +0000 https://republika.mk/?p=741590

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши остварија средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн и новоименуваното полициско аташе Иштван Ердош.

На средбата, министерот Тошковски се заблагодари за целокупната поддршка што Унгарија ја давала во минатото на Министерството за внатрешни работи, што како процес продолжува да се имплементира и понатаму.

Накратко го запозна амбасадорот Клајн со затекнатата состојба во Министерството и неговата улога како министер во техничката Влада во процесот на организирање на изборниот циклус кој ни следи. Во тој контекст министерот Тошковски го истакна правото на распоредување на 15 раководни позиции во Министерството за внатрешни работи, но потенцираше дека од страна на Владата не е добиена согласност за едно распоредување за началник на еден од Секторите за внатрешни работи. За вакви и други слични случаи, министерот Тошковски изрази загриженост дека Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР ќе дојдат до заклучок дека се доведува во прашање законитото постапување.

На крајот од средбата соговорниците се согласија дека меѓусебната успешна соработка треба да продолжи и во иднина, а амбасадорот Клајн уште еднаш ги потврди заложбите за силната поддршка на Министерството за внатрешни работи.

The post Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Унгарија appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши остварија средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн и новоименуваното полициско аташе Иштван Ердош. На средбата, министерот Тошковски се заблагодари за целокупната поддршка што Унгарија ја давала во минатото на Министерството за внатрешни работи, што како процес продолжува да се имплементира и понатаму. Накратко го запозна амбасадорот Клајн со затекнатата состојба во Министерството и неговата улога како министер во техничката Влада во процесот на организирање на изборниот циклус кој ни следи. Во тој контекст министерот Тошковски го истакна правото на распоредување на 15 раководни позиции во Министерството за внатрешни работи, но потенцираше дека од страна на Владата не е добиена согласност за едно распоредување за началник на еден од Секторите за внатрешни работи. За вакви и други слични случаи, министерот Тошковски изрази загриженост дека Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР ќе дојдат до заклучок дека се доведува во прашање законитото постапување. На крајот од средбата соговорниците се согласија дека меѓусебната успешна соработка треба да продолжи и во иднина, а амбасадорот Клајн уште еднаш ги потврди заложбите за силната поддршка на Министерството за внатрешни работи.

The post Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Унгарија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со унгарскиот амбасадор: Уставни измени од оваа власт, под ваков бугарски диктат нема да се случат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-ungarskiot-ambasador-ustavni-izmeni-od-ovaa-vlast-pod-vakov-bugarski-diktat-nema-da-se-sluchat/ Tue, 17 Jan 2023 20:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=598071

Уставни измени од оваа власт, под ваков бугарски диктат нема да се случат, посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со унгарскиот амбасадор Андраш Клајн.

Уставни измени од оваа власт, под ваков бугарски диктат нема да се случат, а сите спротивни изјави од првенците на власта се само евтин политички маркетинг и дефокус од нивната неспособност, власта нема мнозинство гласови да работи спротивно од волјата на народот.На Македонија и е потребна интеграција во ЕУ базирана на извесна иднина, без дополнителни условувања и уцени.

 

The post Мицкоски на средба со унгарскиот амбасадор: Уставни измени од оваа власт, под ваков бугарски диктат нема да се случат appeared first on Република.

]]>

Уставни измени од оваа власт, под ваков бугарски диктат нема да се случат, посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со унгарскиот амбасадор Андраш Клајн.
Уставни измени од оваа власт, под ваков бугарски диктат нема да се случат, а сите спротивни изјави од првенците на власта се само евтин политички маркетинг и дефокус од нивната неспособност, власта нема мнозинство гласови да работи спротивно од волјата на народот.На Македонија и е потребна интеграција во ЕУ базирана на извесна иднина, без дополнителни условувања и уцени.
 

The post Мицкоски на средба со унгарскиот амбасадор: Уставни измени од оваа власт, под ваков бугарски диктат нема да се случат appeared first on Република.

]]>