Андоновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andonovski/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 10:25:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андоновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andonovski/ 32 32 Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-koruptsijata-ne-smee-da-ja-zagrozi-digitalnata-bezbednost/ Thu, 14 Nov 2024 10:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=837550

Не смееме да дозволиме во трката по профит и корупцијата да го уништуваат системот, особено не во дигиталната сфера, затоа што тоа значи напади, изгубени податоци на штета за граѓаните, рече министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Во изјава за медиуми пред денешната конференција „Бизнис и Влада: Усогласување за сигурна дигитална иднина“ во организација на Американската Стопанска Комора во Македонија, министерот Андоновски посочи дека се важни две поенти, едната е дека не смееме пред безбедноста на државата да ја ставаме корпуцијата, а втората недостигот на ИТ професионалци.

– Не само во јавниот сектор, не само во државните институции, туку сметам дека како што денеска приватните компании имаат секој од нив ангажирано сметководител или адвокат, сега секој од нив ќе мора и ќе треба да ангажира и професионалец или ИТ компанија за да може да се носи со предизвиците на новото време. И ако тоа не го направиле досега, ќе биде задолжително за да можат да се справуваат со предизвиците да го направат тоа од денеска па натаму, посочи тој.

Во врска со плановите за обезбедување на дигиталната безбедност во нашата држава, тој посочи дека развиваат четири планови од кои ги издвои изработка на Закон за сајбер безбедност и Стратегија за сајбер безбедност.

– Првиот е изработката на Стратегија за сајбер безбедност која што ќе ни покаже како стратешки да се позиционираме во пристапот на заштита на сајбер безбедноста, што е она што ни е потребно – дали ИТ професионалци, дали ИТ опрема, дали е простор, дали е поврзување на една заедничка платформа. Вториот дел е Законот за сајбер безбедност, бидејќи сме единствена држава во поширокиот регион која што нема закон за сајбер безбедност. Трето, минимум стандарди кои превентивно институциите мора да го имаат кај себе за да гарантираат дека нивните системи се доволно заштитени. И четврто, она што ќе го развиваме со нашите партнери од УСАИД, а тоа е план за реакција во момент на инцидент и план за мониторирање дали станува збор за помал посериозен или многу сериозен инцидент и од тоа ќе зависи на кој начин ќе се однесуваат институциите, образложи министерот.

Дополни дека секогаш недостига кадар во поглед на сајбер безбедноста.

– Законот за сајбер безбедност треба да визионира или уредува како да го мотивираме кадарот којшто работи во поглед на сајбер безбедноста во државниот сектор, да остане во државниот сектор, да напредува да се гради и да помага за навистина отворен дигитален систем, потенцираше тој.

The post Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност appeared first on Република.

]]>

Не смееме да дозволиме во трката по профит и корупцијата да го уништуваат системот, особено не во дигиталната сфера, затоа што тоа значи напади, изгубени податоци на штета за граѓаните, рече министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во изјава за медиуми пред денешната конференција „Бизнис и Влада: Усогласување за сигурна дигитална иднина“ во организација на Американската Стопанска Комора во Македонија, министерот Андоновски посочи дека се важни две поенти, едната е дека не смееме пред безбедноста на државата да ја ставаме корпуцијата, а втората недостигот на ИТ професионалци. – Не само во јавниот сектор, не само во државните институции, туку сметам дека како што денеска приватните компании имаат секој од нив ангажирано сметководител или адвокат, сега секој од нив ќе мора и ќе треба да ангажира и професионалец или ИТ компанија за да може да се носи со предизвиците на новото време. И ако тоа не го направиле досега, ќе биде задолжително за да можат да се справуваат со предизвиците да го направат тоа од денеска па натаму, посочи тој. Во врска со плановите за обезбедување на дигиталната безбедност во нашата држава, тој посочи дека развиваат четири планови од кои ги издвои изработка на Закон за сајбер безбедност и Стратегија за сајбер безбедност. – Првиот е изработката на Стратегија за сајбер безбедност која што ќе ни покаже како стратешки да се позиционираме во пристапот на заштита на сајбер безбедноста, што е она што ни е потребно – дали ИТ професионалци, дали ИТ опрема, дали е простор, дали е поврзување на една заедничка платформа. Вториот дел е Законот за сајбер безбедност, бидејќи сме единствена држава во поширокиот регион која што нема закон за сајбер безбедност. Трето, минимум стандарди кои превентивно институциите мора да го имаат кај себе за да гарантираат дека нивните системи се доволно заштитени. И четврто, она што ќе го развиваме со нашите партнери од УСАИД, а тоа е план за реакција во момент на инцидент и план за мониторирање дали станува збор за помал посериозен или многу сериозен инцидент и од тоа ќе зависи на кој начин ќе се однесуваат институциите, образложи министерот. Дополни дека секогаш недостига кадар во поглед на сајбер безбедноста. – Законот за сајбер безбедност треба да визионира или уредува како да го мотивираме кадарот којшто работи во поглед на сајбер безбедноста во државниот сектор, да остане во државниот сектор, да напредува да се гради и да помага за навистина отворен дигитален систем, потенцираше тој.

The post Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при е-купувањето и веднаш да пријавуваат измами https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/andonovski-graganite-da-bidat-mnogu-vnimatelni-pri-e-kupuvaneto-i-vednash-da-prijavuvaat-izmami/ Tue, 12 Nov 2024 10:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=836682

Граѓаните да бидат многу внимателни, да проверуваат по неколку пати на е-платформите дали е вистински производот што се продава и да се консултираат со луѓе на кои им веруваат, лекари, фармацевти,..., за да бидат сигури дека тоа што го купуваат е сигурно за употреба, апелира денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со честите измами на интернет, Андоновски напомена дека е многу важно во вакви случаи граѓаните веднаш да пријават за институциите брзо да интервенираат.

Интернет измамите, како што рече министерот, се феномен со кој се соочуваат сите држави, а со оглед дека станува збор за независnи платформи како фејсбук, инстаграм и тик-ток врз кои земјите немаат регулаторна контрола, мора да се најдат хибридни или „странични“ начини за справување.

-Многу е значајно луѓето кои се злоупотребени да пријавуваат, но и лицата, модерно наречени инфлуенсери, доктори , јавни личности,..., кога ќе забележат дека нивниот идентитет е украден или злоупотребен, тоа да го пријавуваат за да можеме веднаш да реагираме. Постои сега и нов феномен на инстаграм со формирање лажни профили на јавни личности. Тоа е нешто со кое сите се соочуваме, но брзото реагирање кон државните институции и кон платформите, овозможува тие профили да се симнат многу брзо. Интернет измамите се феномен со кој се соочуваат и граѓаните во Македонија, но и во целата Европската унија. Остануваме отворени за граѓаните да пријавуваат кога ова ќе се случи, но многу повеќе треба да работиме на градење вештина за препознавање и во таа насока е и центарот за побезбеден интернет на кој работиме и кој ќе биде ресурс за граѓаните, особено за помладите, да можат да препознаваат ваков тип измами на интернет, истакна Андоновски пред почетокот на регионална конференција за е-трговија.

The post Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при е-купувањето и веднаш да пријавуваат измами appeared first on Република.

]]>

Граѓаните да бидат многу внимателни, да проверуваат по неколку пати на е-платформите дали е вистински производот што се продава и да се консултираат со луѓе на кои им веруваат, лекари, фармацевти,..., за да бидат сигури дека тоа што го купуваат е сигурно за употреба, апелира денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со честите измами на интернет, Андоновски напомена дека е многу важно во вакви случаи граѓаните веднаш да пријават за институциите брзо да интервенираат. Интернет измамите, како што рече министерот, се феномен со кој се соочуваат сите држави, а со оглед дека станува збор за независnи платформи како фејсбук, инстаграм и тик-ток врз кои земјите немаат регулаторна контрола, мора да се најдат хибридни или „странични“ начини за справување. -Многу е значајно луѓето кои се злоупотребени да пријавуваат, но и лицата, модерно наречени инфлуенсери, доктори , јавни личности,..., кога ќе забележат дека нивниот идентитет е украден или злоупотребен, тоа да го пријавуваат за да можеме веднаш да реагираме. Постои сега и нов феномен на инстаграм со формирање лажни профили на јавни личности. Тоа е нешто со кое сите се соочуваме, но брзото реагирање кон државните институции и кон платформите, овозможува тие профили да се симнат многу брзо. Интернет измамите се феномен со кој се соочуваат и граѓаните во Македонија, но и во целата Европската унија. Остануваме отворени за граѓаните да пријавуваат кога ова ќе се случи, но многу повеќе треба да работиме на градење вештина за препознавање и во таа насока е и центарот за побезбеден интернет на кој работиме и кој ќе биде ресурс за граѓаните, особено за помладите, да можат да препознаваат ваков тип измами на интернет, истакна Андоновски пред почетокот на регионална конференција за е-трговија.

The post Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при е-купувањето и веднаш да пријавуваат измами appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните во Општина Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-vladata-mitskoski-ke-prisustvuva-na-otvarane-na-administrativna-kantselarija-za-uslugi-za-graganite-vo-opshtina-aerodrom/ Sat, 26 Oct 2024 09:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=831166

Денеска 26.10.2024 година (сабота) во 12 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе присуствуваат на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните на Општина Аеродром, соопшти владината прес служба.

Канцеларијата се наоѓа од задната страна на Т.Ц. Бисер - на 2 кат во Општина Аеродром.

Предвиденo е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски.

The post Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Денеска 26.10.2024 година (сабота) во 12 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе присуствуваат на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните на Општина Аеродром, соопшти владината прес служба. Канцеларијата се наоѓа од задната страна на Т.Ц. Бисер - на 2 кат во Општина Аеродром. Предвиденo е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски.

The post Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Приоритет ни е изработка на Закон за сајбер-безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-prioritet-ni-e-izrabotka-na-zakon-za-sajber-bezbednost/ Sat, 05 Oct 2024 08:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=822971

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во емисијата „Трилинг“ на тв24, говореше за неговиот ангажман во првите 100 дена Влада, кој тој го оцени како успешен.

Андоновски истакна дека имал доста средби со министри за дигитална трансформација од земји членки на ЕУ, каде што на тие средби била дискутирана работата на министерството, проектите и услугите кои ги дава Mинистерството, но и за поддршка на државата да стане членка на Европската Унија.

„Македонија е единствената држава во поширокиот регион кој што нема закон за заштита на информациските системи или така наречен Закон за сајбер безбедност. За жал, немаме некаков минимум стандард кој што секоја институција треба да го следи. Во спротивност, таа институција да има одговорност, доколку тоа не го прави“, истакна Андоновски.

Министерот додаде дека институциите, бидејќи не одговараат за своите последици за да се заштитат од сајбер напади, не се труделе во минатото да создадат или купат софтвер за заштита на безбедноста.

„Ова зависи од секоја институција колку е самосвесна или пак раководител на некоја институција, да знае дека опремата која што ја набавил ги нема или ги има потребните лиценци за заштита. И тоа е страшно. Ако вашиот систем не го има потребниот софтвер за заштита или антивирусна програма, никој нема да ве казни, ниту пак дали го следите законот.“, појасни Андоновски.

The post Андоновски: Приоритет ни е изработка на Закон за сајбер-безбедност appeared first on Република.

]]>

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во емисијата „Трилинг“ на тв24, говореше за неговиот ангажман во првите 100 дена Влада, кој тој го оцени како успешен. Андоновски истакна дека имал доста средби со министри за дигитална трансформација од земји членки на ЕУ, каде што на тие средби била дискутирана работата на министерството, проектите и услугите кои ги дава Mинистерството, но и за поддршка на државата да стане членка на Европската Унија. „Македонија е единствената држава во поширокиот регион кој што нема закон за заштита на информациските системи или така наречен Закон за сајбер безбедност. За жал, немаме некаков минимум стандард кој што секоја институција треба да го следи. Во спротивност, таа институција да има одговорност, доколку тоа не го прави“, истакна Андоновски. Министерот додаде дека институциите, бидејќи не одговараат за своите последици за да се заштитат од сајбер напади, не се труделе во минатото да создадат или купат софтвер за заштита на безбедноста.
„Ова зависи од секоја институција колку е самосвесна или пак раководител на некоја институција, да знае дека опремата која што ја набавил ги нема или ги има потребните лиценци за заштита. И тоа е страшно. Ако вашиот систем не го има потребниот софтвер за заштита или антивирусна програма, никој нема да ве казни, ниту пак дали го следите законот.“, појасни Андоновски.

The post Андоновски: Приоритет ни е изработка на Закон за сајбер-безбедност appeared first on Република.

]]>
Ќе овозможиме сеопфатна медиумска политика што би содржела стратегија за развој на медиумскиот сектор, вели Андоновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-ovozmozhime-seopfatna-mediumska-politika-shto-bi-sodrzhela-strategija-za-razvoj-na-mediumskiot-sektor-veli-andonovski/ Mon, 08 Jul 2024 20:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=794731

Во Македонија, по однос на медиумите е прифатен еден термин „регулација“ на медиумскиот простор, за кое јас би се обидел да употребувам термин реформа, кој ќе значи позитивен развој на медиумите и една сеопфатна политика каде што медиумите сами ќе го кажат начинот на кој што би сакале да ги постават правилата на игра, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на вечерашното телевизиско гостување на МРТ.

„Бидејќи никогаш не е доста од реформи, ќе овозможиме сеопфатна медиумска политика што би содржела стратегија за развој на медиумскиот сектор во насока на изнаоѓање минимум услови и стандарди кои одговараат за медиумите“, вели Андоновски.

Министерот додаде дека во една инклузивна дебата, би добиле законски решенија во кои државата ќе регулира само тоа што треба да се регулира.

„Силен јавен сервис, кој ќе ја извршува основната улога да информира, да едуцира и да забавува на високопрофесионален начин и кој ќе биде независен од центрите на моќ во извршната, законодавната или судската власт", рече тој.

The post Ќе овозможиме сеопфатна медиумска политика што би содржела стратегија за развој на медиумскиот сектор, вели Андоновски appeared first on Република.

]]>

Во Македонија, по однос на медиумите е прифатен еден термин „регулација“ на медиумскиот простор, за кое јас би се обидел да употребувам термин реформа, кој ќе значи позитивен развој на медиумите и една сеопфатна политика каде што медиумите сами ќе го кажат начинот на кој што би сакале да ги постават правилата на игра, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на вечерашното телевизиско гостување на МРТ. „Бидејќи никогаш не е доста од реформи, ќе овозможиме сеопфатна медиумска политика што би содржела стратегија за развој на медиумскиот сектор во насока на изнаоѓање минимум услови и стандарди кои одговараат за медиумите“, вели Андоновски. Министерот додаде дека во една инклузивна дебата, би добиле законски решенија во кои државата ќе регулира само тоа што треба да се регулира. „Силен јавен сервис, кој ќе ја извршува основната улога да информира, да едуцира и да забавува на високопрофесионален начин и кој ќе биде независен од центрите на моќ во извршната, законодавната или судската власт", рече тој.

The post Ќе овозможиме сеопфатна медиумска политика што би содржела стратегија за развој на медиумскиот сектор, вели Андоновски appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Сајбер безбедноста мора да биде приоритет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-sajber-bezbednosta-mora-da-bide-prioritet/ Mon, 08 Jul 2024 19:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=794724

На вечерашното телевизиско гостување на МРТ, Министерот за дигитална трансформација изјави дека во неговиот мандат како Министер, сајбер безбедноста ќе биде еден од приоритетите на новото министерство за дигитална трансформација.

“Нашиот фокус мора да биде сајбер безбедноста за да гарантираме доверба во ИТ системите. За сајбер стратегијата е потребна експертска работна група од сите релевантни институции која ќе го интегрира законот за безбедност на мрежи. До Септември би требало да имаме нацрт верзија за таа стратегија, а со тоа и формирање на сектор за сајбер безбедност во рамки на министерството кој ќе раководи со овие процеси”, истакна Андоновски.

Андоновски додаде дека во минатото државата имаше доста проблеми со сајбер безбедноста.

“Сведоци бевме пред 2 години кога имавме “паднати” софтвери, нефункционални системи, дојави за бомби, проток на лични податоци на граѓаните по социјалните медиуми, поради ова, поучени од минатото, ставаме акцент на сајбер безбедноста за да ги заштитиме граѓаните, а со тоа и нивните лични податоци. Ќе се формираат стручни тимови, со кои ќе раководат професионалци ” , потенцираше Андоновски.

The post Андоновски: Сајбер безбедноста мора да биде приоритет appeared first on Република.

]]>

На вечерашното телевизиско гостување на МРТ, Министерот за дигитална трансформација изјави дека во неговиот мандат како Министер, сајбер безбедноста ќе биде еден од приоритетите на новото министерство за дигитална трансформација. “Нашиот фокус мора да биде сајбер безбедноста за да гарантираме доверба во ИТ системите. За сајбер стратегијата е потребна експертска работна група од сите релевантни институции која ќе го интегрира законот за безбедност на мрежи. До Септември би требало да имаме нацрт верзија за таа стратегија, а со тоа и формирање на сектор за сајбер безбедност во рамки на министерството кој ќе раководи со овие процеси”, истакна Андоновски. Андоновски додаде дека во минатото државата имаше доста проблеми со сајбер безбедноста. “Сведоци бевме пред 2 години кога имавме “паднати” софтвери, нефункционални системи, дојави за бомби, проток на лични податоци на граѓаните по социјалните медиуми, поради ова, поучени од минатото, ставаме акцент на сајбер безбедноста за да ги заштитиме граѓаните, а со тоа и нивните лични податоци. Ќе се формираат стручни тимови, со кои ќе раководат професионалци ” , потенцираше Андоновски.

The post Андоновски: Сајбер безбедноста мора да биде приоритет appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Во „Министерството на Груби“ нема веќе фудбал, ќе се трансформира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-vo-ministerstvoto-na-grubi-nema-veke-fudbal-ke-se-transformira/ Sun, 19 May 2024 10:56:19 +0000 https://republika.mk/?p=779762

Министерството за политички системи ќе биде само за односи меѓу заедниците, најавува ВМРО ДПМНЕ. Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка во партијата вели дека ВМРО-ДПМНЕ преговара и за формирање влада, но и за постигнување двотретинско мнозинство во Собранието, за Радио Слободна Европа.

Планираме една мала реконструкција во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и мислам дека во оваа насока граѓаните ќе бидат навистина задоволни.

Спорт во рамки на канцелариите нема да се практикува, постојат спортски сали за тоа. Вториот дел мене како правник ми пречи тоа што ова министерство се нарекуваше „за политички систем“ кога знаеме дека се ова што ние го работиме е политички систем. И Собранието е политички систем, Владата, дури и судовите се политички систем.

Тоа е таа поделба на власта кај нас која постои и е на три дела. Беше чудно што еден министер е задолжен за цел политички систем во државата односно за еден ресор. Така што мислам дека ова ќе се трансформира само во Министерство за односи меѓу заедниците додека политичкиот систем има една малку поширока димензија.

The post Андоновски: Во „Министерството на Груби“ нема веќе фудбал, ќе се трансформира appeared first on Република.

]]>

Министерството за политички системи ќе биде само за односи меѓу заедниците, најавува ВМРО ДПМНЕ. Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка во партијата вели дека ВМРО-ДПМНЕ преговара и за формирање влада, но и за постигнување двотретинско мнозинство во Собранието, за Радио Слободна Европа.
Планираме една мала реконструкција во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и мислам дека во оваа насока граѓаните ќе бидат навистина задоволни. Спорт во рамки на канцелариите нема да се практикува, постојат спортски сали за тоа. Вториот дел мене како правник ми пречи тоа што ова министерство се нарекуваше „за политички систем“ кога знаеме дека се ова што ние го работиме е политички систем. И Собранието е политички систем, Владата, дури и судовите се политички систем. Тоа е таа поделба на власта кај нас која постои и е на три дела. Беше чудно што еден министер е задолжен за цел политички систем во државата односно за еден ресор. Така што мислам дека ова ќе се трансформира само во Министерство за односи меѓу заедниците додека политичкиот систем има една малку поширока димензија.

The post Андоновски: Во „Министерството на Груби“ нема веќе фудбал, ќе се трансформира appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-tsela-makedonija-svedochi-za-masovniot-predizboren-potkup-so-iljadnitsi-vrabotuvana/ Wed, 27 Mar 2024 11:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=759324

„Имаме 2700 нови вработувања. Стотици институции на 2 месеци пред избори, одеднаш увидоа потреба, да распишат огласи за нови вработувања кои претставуваат 2% од јавниот сектор. Бројот на огласи расте за над 60% во споредба со годините кога нема избори. Обемот на работа делумно се намалува во предизборниот период и логично би било институциите да распишуваат огласи по избори, а не пред нив. Но одамна никој не бара логика во чекорите на владата.“, истакна Андоновски на денешната панел дискусија, организирана од страна на “Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид“.

Во својот говор, Андоновски напомена дека за дел од оние кандидати за вработување, чии постапки не се завршени, има неофицијални информации дека дел од нив трпат притисоци за организирање лица за гласање на изборите.

„Се стремиме да станеме земја-членка на ЕУ, а за да бидеме таму мора да станеме држава што ќе има придонес кон економскиот развој, а не товар кој тие треба да го носат. Навистина е срамно да во нацртот на реформската агенда, ЕУ да ни обезбедува програмски средства и финансии за вработените да започнат да се појавуваат на работа, додека државата пред избори да распишува огласи за 2700 нови вработувања.“ , објасни Андоновски.

Андоновски го коментираше и недостатокот на институциите кои имаат надлежност да се борат со корупцијата.

„Кај нас, последни за криминалот и злоупотребите, дознаваат надлежните институции кои треба да ги превенираат истите. Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања, само надлежните институции не го гледаат тоа.

Министерството за информатичко општество и администрација, дури и се обрати до комисијата за регулирање на систематизации и годишните планови, при што од таму се прогласија за ненадлежни.“ , дополни Андоновски.

Андоновски се осврна и за незаконското доделување бонуси за зголемен обем на работа на вработените неколку месеци однапред, иако воопшто не се знае дали тие ќе одат на работа или не.

The post Андоновски: Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања appeared first on Република.

]]>

„Имаме 2700 нови вработувања. Стотици институции на 2 месеци пред избори, одеднаш увидоа потреба, да распишат огласи за нови вработувања кои претставуваат 2% од јавниот сектор. Бројот на огласи расте за над 60% во споредба со годините кога нема избори. Обемот на работа делумно се намалува во предизборниот период и логично би било институциите да распишуваат огласи по избори, а не пред нив. Но одамна никој не бара логика во чекорите на владата.“, истакна Андоновски на денешната панел дискусија, организирана од страна на “Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид“.
Во својот говор, Андоновски напомена дека за дел од оние кандидати за вработување, чии постапки не се завршени, има неофицијални информации дека дел од нив трпат притисоци за организирање лица за гласање на изборите.
„Се стремиме да станеме земја-членка на ЕУ, а за да бидеме таму мора да станеме држава што ќе има придонес кон економскиот развој, а не товар кој тие треба да го носат. Навистина е срамно да во нацртот на реформската агенда, ЕУ да ни обезбедува програмски средства и финансии за вработените да започнат да се појавуваат на работа, додека државата пред избори да распишува огласи за 2700 нови вработувања.“ , објасни Андоновски. Андоновски го коментираше и недостатокот на институциите кои имаат надлежност да се борат со корупцијата. „Кај нас, последни за криминалот и злоупотребите, дознаваат надлежните институции кои треба да ги превенираат истите. Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања, само надлежните институции не го гледаат тоа. Министерството за информатичко општество и администрација, дури и се обрати до комисијата за регулирање на систематизации и годишните планови, при што од таму се прогласија за ненадлежни.“ , дополни Андоновски. Андоновски се осврна и за незаконското доделување бонуси за зголемен обем на работа на вработените неколку месеци однапред, иако воопшто не се знае дали тие ќе одат на работа или не.

The post Андоновски: Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања appeared first on Република.

]]>
ДУИ и СДСМ ги преполнуваат институциите со партиски послушници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-i-sdsm-gi-prepolnuvaat-institutsiite-so-partiski-poslushnitsi/ Thu, 21 Mar 2024 21:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=757208

Според Интегрираниот план кој е усвоен од Владата, треба да има 96 органи на државна управа, а самата Влада утврдила таргет од најмногу 110 органи. Спротивно на тоа, се предлагаат нови закони за формирање нови институции, со што би се приближиле до бројката од 150 институции, изјави дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, во гостувањето на “Click Plus” на ТВ 21.

Дополнително, Андоновски ги коментираше вработувањата во јавниот сектор пред изборите.

Во ЕТУ центарот во Тетово до пред година-две имало 4 вработени, па се објавија огласи за уште 5 и сега има 9 вработени. Потреба за тоа воопшто нема, односно според податоците од системот во март 2024 имале опслужено само 1 клиент, а веќе сме 20 март. За овие едноцифрени услуги државата потрошила илјадници евра на плати, за греење на просторот, за електрична енергија. Неопходна е сериозна реорганизација на системот, истакна Андоновски.

Очигледно е дека распоредот на вработување е таков што недостигаат вработени во клучни сектори, а се преполнуваат со профили кои не се потребни, заклучи тој.

The post ДУИ и СДСМ ги преполнуваат институциите со партиски послушници appeared first on Република.

]]>

Според Интегрираниот план кој е усвоен од Владата, треба да има 96 органи на државна управа, а самата Влада утврдила таргет од најмногу 110 органи. Спротивно на тоа, се предлагаат нови закони за формирање нови институции, со што би се приближиле до бројката од 150 институции, изјави дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, во гостувањето на “Click Plus” на ТВ 21. Дополнително, Андоновски ги коментираше вработувањата во јавниот сектор пред изборите.
Во ЕТУ центарот во Тетово до пред година-две имало 4 вработени, па се објавија огласи за уште 5 и сега има 9 вработени. Потреба за тоа воопшто нема, односно според податоците од системот во март 2024 имале опслужено само 1 клиент, а веќе сме 20 март. За овие едноцифрени услуги државата потрошила илјадници евра на плати, за греење на просторот, за електрична енергија. Неопходна е сериозна реорганизација на системот, истакна Андоновски. Очигледно е дека распоредот на вработување е таков што недостигаат вработени во клучни сектори, а се преполнуваат со профили кои не се потребни, заклучи тој.

The post ДУИ и СДСМ ги преполнуваат институциите со партиски послушници appeared first on Република.

]]>
Андоновски од протестот на синдикатите: Реформата на јавната администрација да се води инклузивно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-od-protestot-na-sindikatite-reformata-na-javnata-administratsija-da-se-vodi-inkluzivno/ Thu, 01 Feb 2024 13:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=739434

„Никој не е против реформи во јавната администрација. Напротив, проблемот е во тоа што тие се прават без вклученост на сите оние шржто се засегнати од овој процес на законски измени“, истакна Стефан Андоновски, дополнителен заменик-министер на Министерство за информатичко општество и администрација, од денешниот протест организиран од страна на УПОЗ пред Собранието на Република Македонија.

Без да се повика на јавна дебата стручната јавност, синдикатите и сите други засегнати страни да дадат свое мислење за законот, тој се пушта во собраниска процедура по скратена постапка со европско знаменце. Овој закон, како што веќе и кажавме, е спротивен на СИГМА-препораките и му овозможува на функционерот, односно министерот, сам да одлучува за додатоци на платите и унапредувањата на вработените во јавната администрација, рече Андоновски.

Тој посочи дека како дополнителен заменик-министер на МИОА во целост ги поддржува протестите на синдикатите заедно со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и повикува на отворање на процесот за сите засегнати страни.

The post Андоновски од протестот на синдикатите: Реформата на јавната администрација да се води инклузивно appeared first on Република.

Андоновски: Законите не смее да се носат по скратена постапка со европско знаменце, без дебата, без вклученост на јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-zakonite-ne-smee-da-se-nosat-po-skratena-postapka-so-evropsko-znamentse-bez-debata-bez-vkluchenost-na-javnosta/ Wed, 31 Jan 2024 12:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=739021

Реформата на јавната администрација во Македонија е критериум за пристапување кон Европската Унија и не смее да биде личен хир на ниту една Влада и на ниту еден Министер, напиша Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација.

Законите не смее да се носат по скратена постапка со европско знаменце, без дебата, без вклученост на јавноста.

Законот и според СИГМА извештаите има недостаток во клучни работи, како што е Системот за наградување на перформанси (Performance appraisal system), кој наместо да го развијат го симплифицираат и субјективизираат.
По изборите реформската Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозна трансформација во јавниот сектор која ќе резултира со среќни и успешни вработени, ефикасна јавна администрација и квалитетни услуги за граѓаните.

The post Андоновски: Законите не смее да се носат по скратена постапка со европско знаменце, без дебата, без вклученост на јавноста appeared first on Република.

Андоновски: Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне на притисоците на власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-ovaa-pratenichka-grupa-na-vmro-dpmne-nema-da-potklekne-na-pritisotsite-na-vlasta/ Tue, 11 Jul 2023 19:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=660216

„Очекувам притисок да има околу уставните измени, но овој пратенички состав е многу покехерентен, многу покомпантен и луѓето во овој пратенички состав се стамени, цврсти и немаат багаж позади себе и затоа не очекувам ни милиметар потклекнување од ниту еден од нив“, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Андоновски додаде дека не би бил изненаден ако не види притисок од страна на власта, но пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне.

„Пратеничката група е цврста, соработката помеѓу пратеничката група, духот на пратеничката група е многу цврст. А, не би бил изненаден ако не видам притисок од страна на власта“, рече Андоновски.

Тој потсети дека сите предллози на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени власта ги одби не сакаше соработка ниту помош.

„Даваме предлози, бевме одбивани и затоа тие сите предлози ги повлекуваме од масата и во моментот еден единствен предлог кој што е ставен на масата за кој што сме подготвени да разговараме е избори“, укажа Андоновски.

Андоновски рече дека уставни измени под бугарски диктата и под вакви услови нема да има.

„Сега е време да се провериме на избори“, посочи Андоновски.

„Ако се отвори последната анкета може да се увиди дека над 60% се против уставните измени под овие околности“, додаде Андоновски.

The post Андоновски: Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне на притисоците на власта appeared first on Република.

]]>

„Очекувам притисок да има околу уставните измени, но овој пратенички состав е многу покехерентен, многу покомпантен и луѓето во овој пратенички состав се стамени, цврсти и немаат багаж позади себе и затоа не очекувам ни милиметар потклекнување од ниту еден од нив“, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Андоновски додаде дека не би бил изненаден ако не види притисок од страна на власта, но пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне. „Пратеничката група е цврста, соработката помеѓу пратеничката група, духот на пратеничката група е многу цврст. А, не би бил изненаден ако не видам притисок од страна на власта“, рече Андоновски. Тој потсети дека сите предллози на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени власта ги одби не сакаше соработка ниту помош. „Даваме предлози, бевме одбивани и затоа тие сите предлози ги повлекуваме од масата и во моментот еден единствен предлог кој што е ставен на масата за кој што сме подготвени да разговараме е избори“, укажа Андоновски. Андоновски рече дека уставни измени под бугарски диктата и под вакви услови нема да има. „Сега е време да се провериме на избори“, посочи Андоновски. „Ако се отвори последната анкета може да се увиди дека над 60% се против уставните измени под овие околности“, додаде Андоновски.

The post Андоновски: Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне на притисоците на власта appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Нема да има Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, уставни измени под овие околности нема да се случат https://arhiva3.republika.mk/vesti/andonovski-nema-da-ima-vlada-pomegu-vmro-dpmne-i-sdsm-ustavni-izmeni-pod-ovie-okolnosti-nema-da-se-sluchat/ Thu, 08 Jun 2023 07:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=649041

„Од наша страна предлогот на Ковачевски не беше прифатен заради тоа што предлогот од таа страна беше уставни измени да почнат, да се влезе во некоја т.н. широка Влада и да се завршат, а потоа да се оди на избори. Од наша страна уставни измени би можеле да бидат на некој начин опција или разгледувани воопшто, ако разгледуваме уставни измени при влезот на Македонија во ЕУ, тоа беше нашиот коментар на тој предлог“, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на радио „Лидер“.

Андоновски додаде дека нема да има Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Се додека не се сменат овие околности, тоа прашање не може да се дискутира. Прашањето може да се дискутира ако имаме промена по три параметри, едниот параметар е со пресудите од Судот за човекови права во Стразбур, доколку Бугарија не е подготвена да ги примени тие пресуди и да ги имплементира, дури и Судот и Советот на Европа е подготвен да тргна настрана некои од правата и привилегиите кои што Бугарија ги има во ова тело, во оваа институција, а не се малку. На пример се зборува за повлекување на правото на Бугарија да предлага судија во Судот за човекови права, значи тоа е едниот аспект. Вториот аспект се социјално економскиот пакет кој што е многу важен за граѓаните, да видат дека вистина ЕУ има намера да се посвети на Македонија, како прашање, дека вистински верува во решенијата, во присуството на македонските граѓани во ЕУ. И третиот исто така многу значаен аспект се гаранциите кои што треба да стигнат од европските институции за потврдување, ако ги имаат тие веќе ставови, а ние сме сигурни дека другите држави членки така размислуваат, дека македонскиот народ, јазик имаат многувековна историја, имаат идентитетски печат кој што не е создаден во 1945-тата, не е создаден во 1991 туку има свој нормален како и сите други народи развоен пат“, појасни тој.

Тој посочи дека овие три работи очигледно не беа прифатливи за Ковачевски, заради тоа беше ставот на претседателот Мицкоски дека лидерската е неуспешна средба.

„Јас можам да се согласам дека е добро што има комуникација, и што има средба. Затоа што некои од овие прашања треба да се разговараат“, рече Андоновски.

Андоновски укажа дека патот кој што го има избрано Ковачевски не е вистинскиот и граѓаните тоа го масовно го говорат. Во наредниот период работите ќе стануваат почисти и ќе се согледа кој сака подобро решение, а кој веќе потпишал решение и само гледа и бара начин како да го имплементира.

Тој во текот на емисијата рече дека нотарските изјави на пратениците се валидни и дека уставни измени под вакви околности нема да има.

„Нотарските изјави се валидни. Пратениците пред два дена потпишаа и една да речеме афирмација и декларација на ставовите и поддршка за ставовите кои што ги градиме како политичка партија. А, тоа е дека во вакви околности нема да има гласање за уставни измени. И можам да ги охрабрам и да потврдам уште еднаш дека се валидни. Под вакви околности како што ги имаме сега, а го потврдуваме веќе една година е дека нема да има уставни измени затоа што никој во Собранието не добил мандат да гласа за уставни измени во вакви околности“, порача Андоновски.

The post Андоновски: Нема да има Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, уставни измени под овие околности нема да се случат appeared first on Република.

]]>

„Од наша страна предлогот на Ковачевски не беше прифатен заради тоа што предлогот од таа страна беше уставни измени да почнат, да се влезе во некоја т.н. широка Влада и да се завршат, а потоа да се оди на избори. Од наша страна уставни измени би можеле да бидат на некој начин опција или разгледувани воопшто, ако разгледуваме уставни измени при влезот на Македонија во ЕУ, тоа беше нашиот коментар на тој предлог“, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на радио „Лидер“.
Андоновски додаде дека нема да има Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
„Се додека не се сменат овие околности, тоа прашање не може да се дискутира. Прашањето може да се дискутира ако имаме промена по три параметри, едниот параметар е со пресудите од Судот за човекови права во Стразбур, доколку Бугарија не е подготвена да ги примени тие пресуди и да ги имплементира, дури и Судот и Советот на Европа е подготвен да тргна настрана некои од правата и привилегиите кои што Бугарија ги има во ова тело, во оваа институција, а не се малку. На пример се зборува за повлекување на правото на Бугарија да предлага судија во Судот за човекови права, значи тоа е едниот аспект. Вториот аспект се социјално економскиот пакет кој што е многу важен за граѓаните, да видат дека вистина ЕУ има намера да се посвети на Македонија, како прашање, дека вистински верува во решенијата, во присуството на македонските граѓани во ЕУ. И третиот исто така многу значаен аспект се гаранциите кои што треба да стигнат од европските институции за потврдување, ако ги имаат тие веќе ставови, а ние сме сигурни дека другите држави членки така размислуваат, дека македонскиот народ, јазик имаат многувековна историја, имаат идентитетски печат кој што не е создаден во 1945-тата, не е создаден во 1991 туку има свој нормален како и сите други народи развоен пат“, појасни тој.
Тој посочи дека овие три работи очигледно не беа прифатливи за Ковачевски, заради тоа беше ставот на претседателот Мицкоски дека лидерската е неуспешна средба.
„Јас можам да се согласам дека е добро што има комуникација, и што има средба. Затоа што некои од овие прашања треба да се разговараат“, рече Андоновски.
Андоновски укажа дека патот кој што го има избрано Ковачевски не е вистинскиот и граѓаните тоа го масовно го говорат. Во наредниот период работите ќе стануваат почисти и ќе се согледа кој сака подобро решение, а кој веќе потпишал решение и само гледа и бара начин како да го имплементира. Тој во текот на емисијата рече дека нотарските изјави на пратениците се валидни и дека уставни измени под вакви околности нема да има.
„Нотарските изјави се валидни. Пратениците пред два дена потпишаа и една да речеме афирмација и декларација на ставовите и поддршка за ставовите кои што ги градиме како политичка партија. А, тоа е дека во вакви околности нема да има гласање за уставни измени. И можам да ги охрабрам и да потврдам уште еднаш дека се валидни. Под вакви околности како што ги имаме сега, а го потврдуваме веќе една година е дека нема да има уставни измени затоа што никој во Собранието не добил мандат да гласа за уставни измени во вакви околности“, порача Андоновски.

The post Андоновски: Нема да има Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, уставни измени под овие околности нема да се случат appeared first on Република.

]]>
Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени, доколку нема членство во ЕУ, со загарантирани и заштитени македонски национални интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-vmro-dpmne-ne-prifaka-ustavni-izmeni-dokolku-nema-chlenstvo-vo-eu-so-zagarantirani-i-zashtiteni-makedonski-natsionalni-interesi/ Wed, 07 Jun 2023 19:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=648976

Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека со денешната лидерска средба помеѓу Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски, се разобличени две лаги, а тоа е дека власта има двотретинско мнозинство за уставни измени, како и дека ВМРО-ДПМНЕ е антиевропска партија.

„Две лаги се разбиени со денешната лидерска средба. Првата лага е онаа на Артан Груби поддржана од Бојан Маричиќ дека веќе имаат обезбедено две третини во собранието и дека таму има некое западно европско крило во ВМРО-ДПМНЕ, кое што веќе е подготвено да гласа. Со желба да се има лидерска средба и да се дискутира со претседателот Мицкоски и со фактот дека беше кажано дека од ВМРО-ДПМНЕ зависат уставните измени, првата лага е разбиена дека мнозинство во собранието нема“, истакна тој и додаде:

„И втората лага која што е форсирана, а која што повеќе од СДСМ беше форсирана е дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападна и антиЕУ. И оваа лага е разбиена. Ова е веќе трет пат да се разбие, затоа што ова е трет конструктивен предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе ве потсетам дека имавме предлози и претходно, односно да не се прифаќа преговарачката рамка кога таа не беше ниту потпишана, и вториот предлог беше хрватскиот модел на преамбула на уставот, кој што е европски модел, а не беше прифатен од страна на СДСМ“.

Андоновски потенцираше дека можни се уставни измени само доколку Република Македонија пристапи кон Европската Унија и доколку имаме загарантирани и заштитени македонски национални интереси.

„И сега третиот предлог кој што ние го даваме, можни се уставни измени само тогаш кога Македонија ќе пристапи кон Европската унија и кога ние ќе ги имаме гарантирано и заштитено сите македонски национални интереси. Овој став е уште од пред една година со протестите пред владата од лани. А тоа е дека во кави услови и вакви околности ние уставни измени не прифаќаме. Значи, ако останат околностите вакви какви што се, ние не прифаќаме“, дециден е Андоновски.

The post Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени, доколку нема членство во ЕУ, со загарантирани и заштитени македонски национални интереси appeared first on Република.

]]>

Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека со денешната лидерска средба помеѓу Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски, се разобличени две лаги, а тоа е дека власта има двотретинско мнозинство за уставни измени, како и дека ВМРО-ДПМНЕ е антиевропска партија.
„Две лаги се разбиени со денешната лидерска средба. Првата лага е онаа на Артан Груби поддржана од Бојан Маричиќ дека веќе имаат обезбедено две третини во собранието и дека таму има некое западно европско крило во ВМРО-ДПМНЕ, кое што веќе е подготвено да гласа. Со желба да се има лидерска средба и да се дискутира со претседателот Мицкоски и со фактот дека беше кажано дека од ВМРО-ДПМНЕ зависат уставните измени, првата лага е разбиена дека мнозинство во собранието нема“, истакна тој и додаде: „И втората лага која што е форсирана, а која што повеќе од СДСМ беше форсирана е дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападна и антиЕУ. И оваа лага е разбиена. Ова е веќе трет пат да се разбие, затоа што ова е трет конструктивен предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе ве потсетам дека имавме предлози и претходно, односно да не се прифаќа преговарачката рамка кога таа не беше ниту потпишана, и вториот предлог беше хрватскиот модел на преамбула на уставот, кој што е европски модел, а не беше прифатен од страна на СДСМ“.
Андоновски потенцираше дека можни се уставни измени само доколку Република Македонија пристапи кон Европската Унија и доколку имаме загарантирани и заштитени македонски национални интереси.
„И сега третиот предлог кој што ние го даваме, можни се уставни измени само тогаш кога Македонија ќе пристапи кон Европската унија и кога ние ќе ги имаме гарантирано и заштитено сите македонски национални интереси. Овој став е уште од пред една година со протестите пред владата од лани. А тоа е дека во кави услови и вакви околности ние уставни измени не прифаќаме. Значи, ако останат околностите вакви какви што се, ние не прифаќаме“, дециден е Андоновски.

The post Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени, доколку нема членство во ЕУ, со загарантирани и заштитени македонски национални интереси appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Со промена на Уставот нема да се затворат барањата од страна на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-so-promena-na-ustavot-nema-da-se-zatvorat-baranata-od-strana-na-bugarija/ Sun, 04 Jun 2023 20:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=647763

Македонија за жал последните години е најслабиот ученик во одделението и затоа сите од околу имаат некакви желби и побарувања кои што се надвор од овие реформски пакет кој што треба да го испорачате пред ЕУ, но првенствено пред граѓаните, вели Стефан Андоновски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Детектор на ТВ Сител.

Андоновски истакна дека со промена на Уставот нема да се затворат прашањата и барањата од страна на Бугарија.

Ако Македонија беше лидер во реформите и Македонија имаше сериозен напредок во образование, инфраструктура, здравство, секако со помош на ЕУ, но секако ако ги имаше овие чекори тогаш аргументите на страна на Бугарија ќе беа многу помали. И дали со затворањето на прашањето со Бугарија ќе се отвори само прашањето на реформите, јас не сум сигурен дека со промената на Уставот ќе се затвори прашањето со Бугарија. Напротив, ќе се даде легитимитет на барањата на Бугарија. Тоа е едно од барањата на Бугарија. Видовме коментари од нивните највисоки функционери, тоа е претседателот Румен Радев кој што има најголема поддршка во бугарското општество за жал, дека тој може да бара заштита на бугарското малцинство во Македонија од репресијата на македонските власти. И сега што ќе се случи ако утре се менува Уставот, Бугарите од Македонија влегуваат во тој Устав, за три месеци од денеска Румен Радев излезе и каже дека заради некој Христијан Пендиков 2 некој случај во Битола, ние сметаме дека треба да запрат преговорите, затоа што вие систематски не ги почитувате правата на Бугарите во Македонија, што правиме тогаш, праша Андоновски.

Според Андоновски потребно е Македонија да се реформи внатре, бидејќи само со вистински економски можности и за млади и за сите категории на граѓани, добри образовни услуги, добро здравство, здрава животна средина, македонските граѓани ќе сакаат да останат во Македонија, укажувајќи дури и 25 пати да се промени македонскиот устав тоа нема да го запре иселувањето.

Ние мораме да станеме подобри внатре. Затоа што ако не станеме подобри внатре тогаш отворањето на преговорите или продолжувањето на преговорите ќе значи иселување на нова бројка на луѓе. Јас никогаш не можам да се согласам дека промената на името или промената на Уставот ќе значи намалување на иселувањето од Македонија. Само вистински економски можности и за млади и за сите категории на граѓани, добри образовни услуги, добро здравство, здрава животна средина ќе значат македонските граѓани да сакаат да останат во Македонија. А уставот можете да го промените и 25 пати, но само ќе се зголемува бројката на иселени лица. Последните податоци кажуваат дека последните 4 години се имаат иселено 100.000 нови работоспособни лица, рече Андоновски.

Затоа сметам дека било каква промена на Уставот ќе значи козметика или потпишување на тоа што ни е побарано, но ако ни недостасуваат сериозни реформи, џабе е што и да потпишеме следниот период, дециден е тој.

The post Андоновски: Со промена на Уставот нема да се затворат барањата од страна на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Македонија за жал последните години е најслабиот ученик во одделението и затоа сите од околу имаат некакви желби и побарувања кои што се надвор од овие реформски пакет кој што треба да го испорачате пред ЕУ, но првенствено пред граѓаните, вели Стефан Андоновски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Детектор на ТВ Сител. Андоновски истакна дека со промена на Уставот нема да се затворат прашањата и барањата од страна на Бугарија. Ако Македонија беше лидер во реформите и Македонија имаше сериозен напредок во образование, инфраструктура, здравство, секако со помош на ЕУ, но секако ако ги имаше овие чекори тогаш аргументите на страна на Бугарија ќе беа многу помали. И дали со затворањето на прашањето со Бугарија ќе се отвори само прашањето на реформите, јас не сум сигурен дека со промената на Уставот ќе се затвори прашањето со Бугарија. Напротив, ќе се даде легитимитет на барањата на Бугарија. Тоа е едно од барањата на Бугарија. Видовме коментари од нивните највисоки функционери, тоа е претседателот Румен Радев кој што има најголема поддршка во бугарското општество за жал, дека тој може да бара заштита на бугарското малцинство во Македонија од репресијата на македонските власти. И сега што ќе се случи ако утре се менува Уставот, Бугарите од Македонија влегуваат во тој Устав, за три месеци од денеска Румен Радев излезе и каже дека заради некој Христијан Пендиков 2 некој случај во Битола, ние сметаме дека треба да запрат преговорите, затоа што вие систематски не ги почитувате правата на Бугарите во Македонија, што правиме тогаш, праша Андоновски. Според Андоновски потребно е Македонија да се реформи внатре, бидејќи само со вистински економски можности и за млади и за сите категории на граѓани, добри образовни услуги, добро здравство, здрава животна средина, македонските граѓани ќе сакаат да останат во Македонија, укажувајќи дури и 25 пати да се промени македонскиот устав тоа нема да го запре иселувањето. Ние мораме да станеме подобри внатре. Затоа што ако не станеме подобри внатре тогаш отворањето на преговорите или продолжувањето на преговорите ќе значи иселување на нова бројка на луѓе. Јас никогаш не можам да се согласам дека промената на името или промената на Уставот ќе значи намалување на иселувањето од Македонија. Само вистински економски можности и за млади и за сите категории на граѓани, добри образовни услуги, добро здравство, здрава животна средина ќе значат македонските граѓани да сакаат да останат во Македонија. А уставот можете да го промените и 25 пати, но само ќе се зголемува бројката на иселени лица. Последните податоци кажуваат дека последните 4 години се имаат иселено 100.000 нови работоспособни лица, рече Андоновски. Затоа сметам дека било каква промена на Уставот ќе значи козметика или потпишување на тоа што ни е побарано, но ако ни недостасуваат сериозни реформи, џабе е што и да потпишеме следниот период, дециден е тој.

The post Андоновски: Со промена на Уставот нема да се затворат барањата од страна на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Градоначалничката Арсовска тајно ги исплатила долговите кон приватните превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во клинч https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/andonovski-gradonachalnichkata-arsovska-tajno-gi-isplatila-dolgovite-kon-privatnite-prevoznitsi-no-nov-dogovor-ne-potpishuva-i-gradot-go-drzhi-vo-klinch/ Mon, 15 May 2023 16:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=641112

Треба да се знае дека ние бевме првата советничка група што го отвори прашањето за тоа дека на Скопје му се случува сообраќаен колапс и побаравме одговор од градоначалничката зошто ги прекинува договорите со тогашните приватни превозници без воопшто да има обезбедена алтернатива. Тогаш бевме обвинети дека штитиме приватни интереси наспроти интересите на Градот, за денеска да дознаваме дека таа тајно ги исплатила сметките или долговите што Градот и ЈСП ги имале кон овие приватни превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во еден клинч, изјави советникот од советничката група од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновскиденеска во врска со прашањето околу приватните превозници.

Тој рече дека ЈСП се обидува да покрие она што покривале и повеќе од стотина автобуси и оти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, рекла дека градот нема да биде блокиран, но, нагласи, граѓаните не можат да стигнат на своите работни места, со саати се чека на автобуските постојки, а автобусите се преполни.

- Ми се чини се додека е оваа администрација во Градот Скопје, тешко дека ќе се наоѓа решение со приватните превозници, рече Андооновски.

Во однос на прашањето за блокираната сметка на Град Скопје и за обвинувањата од градоначалничката Арсовска дека тие се виновни за тоа, тој истакна дека неговата советничка група не ги гласале последните програми на Град Скопје и на Јавните претпријатија. Обвини дека немало доволно транспарентност од страна на Градот како се потрошиле средствата до овој момент.

- Многу е лицемерно до последната седница на Советот Град Скопје како СДСМ да ги гласате сите програми на градоначалничката коишто вклучуваат и финансиски планови, планови за трошење на средства и планови за проектирање без да побарате отчетност и транспарентност од Градот како се потрошиле парите до тогаш, рече Андоновски, кој додаде дека СДСМ, ДУИ и Левица ги гласале овие програми.

Тој смета дека ова е внатре-коалициски проблем помеѓу Данела Арсовска, СДСМ, ДУИ и Левица што треба да го надминат за Градот да продолжи да функционира. Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на Градот Скопје од август минатата година.

За затворањето на мостот што ги поврзува Железничка станица и „Ист Гејт“ мол Андоновски потенцира дека како Совет немаат никакви информации, но, како што рече, како советничка група стојат на располагање ако треба да се донесе некоја вонредна одлука за обезбедување дополнителни средства за реконструкција на инсталациите.

Координаторката на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева, денеска во изјава за медиумите информираше дека нејзината советничка група поднела иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје, повикувајќи ги советниците на ВМРО-ДПМНЕ како мнозинство во Советот преку претседателот кој доаѓа од нивните редови, Трајко Славевски, да закаже седница што побрзо затоа што, како што кажа, опасноста од банкрот на Градот секој ден станува се поголема.

Таа потенцираше дека за една и пол година колку што ВМРО-ДПМНЕ го предводи Градот, нема реализирано ниту еден, потенцирам, ниту еден капитален проект.

The post Андоновски: Градоначалничката Арсовска тајно ги исплатила долговите кон приватните превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во клинч appeared first on Република.

]]>

Треба да се знае дека ние бевме првата советничка група што го отвори прашањето за тоа дека на Скопје му се случува сообраќаен колапс и побаравме одговор од градоначалничката зошто ги прекинува договорите со тогашните приватни превозници без воопшто да има обезбедена алтернатива. Тогаш бевме обвинети дека штитиме приватни интереси наспроти интересите на Градот, за денеска да дознаваме дека таа тајно ги исплатила сметките или долговите што Градот и ЈСП ги имале кон овие приватни превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во еден клинч, изјави советникот од советничката група од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновскиденеска во врска со прашањето околу приватните превозници. Тој рече дека ЈСП се обидува да покрие она што покривале и повеќе од стотина автобуси и оти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, рекла дека градот нема да биде блокиран, но, нагласи, граѓаните не можат да стигнат на своите работни места, со саати се чека на автобуските постојки, а автобусите се преполни. - Ми се чини се додека е оваа администрација во Градот Скопје, тешко дека ќе се наоѓа решение со приватните превозници, рече Андооновски. Во однос на прашањето за блокираната сметка на Град Скопје и за обвинувањата од градоначалничката Арсовска дека тие се виновни за тоа, тој истакна дека неговата советничка група не ги гласале последните програми на Град Скопје и на Јавните претпријатија. Обвини дека немало доволно транспарентност од страна на Градот како се потрошиле средствата до овој момент. - Многу е лицемерно до последната седница на Советот Град Скопје како СДСМ да ги гласате сите програми на градоначалничката коишто вклучуваат и финансиски планови, планови за трошење на средства и планови за проектирање без да побарате отчетност и транспарентност од Градот како се потрошиле парите до тогаш, рече Андоновски, кој додаде дека СДСМ, ДУИ и Левица ги гласале овие програми. Тој смета дека ова е внатре-коалициски проблем помеѓу Данела Арсовска, СДСМ, ДУИ и Левица што треба да го надминат за Градот да продолжи да функционира. Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на Градот Скопје од август минатата година. За затворањето на мостот што ги поврзува Железничка станица и „Ист Гејт“ мол Андоновски потенцира дека како Совет немаат никакви информации, но, како што рече, како советничка група стојат на располагање ако треба да се донесе некоја вонредна одлука за обезбедување дополнителни средства за реконструкција на инсталациите. Координаторката на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева, денеска во изјава за медиумите информираше дека нејзината советничка група поднела иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје, повикувајќи ги советниците на ВМРО-ДПМНЕ како мнозинство во Советот преку претседателот кој доаѓа од нивните редови, Трајко Славевски, да закаже седница што побрзо затоа што, како што кажа, опасноста од банкрот на Градот секој ден станува се поголема. Таа потенцираше дека за една и пол година колку што ВМРО-ДПМНЕ го предводи Градот, нема реализирано ниту еден, потенцирам, ниту еден капитален проект.

The post Андоновски: Градоначалничката Арсовска тајно ги исплатила долговите кон приватните превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во клинч appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Арсовска непромислено брка од работа 100 вработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-arsovska-nepromisleno-brka-od-rabota-100-vraboteni/ Fri, 16 Sep 2022 10:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=551370

Членот на Советот на Град Скопје и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, одржа прес-конференција, на која реагираше за како што вели „непромислениот, избрзан и нечовечки упад на градоначалничката Арсовска“.

Во време на најголема криза во најава, од работа се планира да се избркаат 100 работници од ова јавно претпријатие. Без објаснување каде овие луѓе згрешиле. Без замерки за нивната работа. Без аргументи. Знаеме дека во периодот од 05.07.22 до 07.07.22 во ова јавно претпријатие извршен е инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат на труд, за кој има записник, дека се во врска со работните односи е кристално чисто и дека Водовод е институција каде сите влезови и излези се евидентирани на електронски систем, како и со потпишани пропусници и за службен и за приватен излез на вработените. Значи нема отсуства од работа и нема недостатоци. Но, Арсовска, спротивно на било каква логика или доказ, го разреши и директорот на ова јавно претпријатие. И сакаше и да го разреши и секретарот на Градот Ѓоко Велковски откога истиот си поднесе оставка, од се уште неразјаснети причини поврзани со јавното претпријатие. И покрај успесите во работењето, проектите, позитивните промени, како и позитивните оценки од меѓународните кредитори, Арсовска реши да го разреши Перински. Сега, истото го прави и на недолжни работници кои посветено си го вадат својот леб од работата во јавното претпријатие. Од работен ангажман се бркаат луѓе кои својата работа ја вршат повеќе месеци, а некои од нив и со повеќе години.Наместо нивната стабилност да биде гарантирана пред очекуваната криза, тие сега се бркаат, вели Андоновски.

Тој додаде дека на однесувањето на Арсовска реагираат и бројните синдикати на вработените во претпријатието.

Гласно алармираме дека Градот не смее вака да се води. Данела Арсовска нека се вразуми, и во духот на успешен менаџер за каков што се претставуваше нека се воздржи од вакви нагли и непромислени потези. Луѓето заслужуваат да си ја задржат работата која си ја вршат со посветеност и чесност. Градоначалник, запрете ја постапката. Заборавете на реваншизам кон недолжни работници. Посветете се на реализација на проектите, заклучи Андоновски.

The post Андоновски: Арсовска непромислено брка од работа 100 вработени appeared first on Република.

Откако власта го потпиша договорот со Бугарија настана проблемот со идентитетот, а соработка на други полиња имавме и претходно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otkako-vlasta-go-potpisha-dogovorot-so-bugarija-nastana-problemot-so-identitetot-a-sorabotka-na-drugi-polinja-imavme-i-prethodno/ Wed, 23 Mar 2022 21:36:12 +0000 https://republika.mk/?p=477400

Ако дозволиме да влеземе во натпревар на моќ, натпревар на старост како нации тогаш бегаме од основното право на меѓународните односи дека секоја држава е еднаква во меѓународниот правен поредок ако е признаена од Обединетите Нации, изјави Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното дебатно гостување во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Проблемот кај нашите претставници е тоа што не ги знаеме ставовите на Македонија и што сакаме ние од овие преговори со Бугарија, ниту пак која е целта на нашата македонска страна. Ние со Бугарија имаме проблем со идентитетските прашања, а соработката во другите области постоела и пред договорот за добрососедство и соработка од 2017-та но без било какви барање на Бугарија кон македонскиот јазик и историја“, рече Андоновски.

Андоновски потенцираше дека доколку ЕУ направеше посериозен политички притисок да овие прашања се разрешат и Македонија да почне преговори со ЕУ тогаш овој процент на антизападно расположение во Македонија би било помало, затоа што директно ќе ги согледавме придобивките од тоа.

Доколку отпочневме преговори со ЕУ ние ќе ги согледавме придобивките. Напротив кај нас имаше доцнење на вакцините и слаб политички одговор на ЕУ во нашите евроинтеграции. Доколку отпочнеме преговори со ЕУ ние сега ќе имавме поголема помош во овој кризен период од земјите членки на ЕУ“, заклучи Андоновски.

The post Откако власта го потпиша договорот со Бугарија настана проблемот со идентитетот, а соработка на други полиња имавме и претходно appeared first on Република.

Андоновски: Имаме Влада која дома е лажен триумфалист, а надвор нема ‘рбет и е без црвени линии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-imame-vlada-koja-doma-e-lazen-triumfalist-a-nadvor-nema-rbet-i-e-bez-crveni-linii/ Wed, 23 Mar 2022 20:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=477382

На македонските граѓани им е смачено да попуштаат , особено за тоа кога се нема никаква гаранција за некаков реципроцитет од страна на Бугарија, посочи Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во дебатната емисија „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Надвор ние не поставуваме наши барања, дали имаме ние некои црвени линии и гаранции кои треба да се исполнат. Суштинскиот проблем е дека имаме Влада која дома е лажен триумфалист, а надвор има подвиткан ‘рбет или воопшто нема ‘рбет “, рече Андоновски.

Андоновски потенцираше дека барањата на Бугарија не се европска вредност и се директно мешање во работата на една суверена држава и директно бараат промена на Устав.

Потребно е Бугарскиот парламент да се повлече од иредентистичката бугарска декларација која е против македонскиот јазик, народ и нам не нарекува коминтерновска творба и второ бугарската држава да ги почитува пресудите на судот за човекови права од Стразбур и да дозволи регистрирање на политичка партија, здружение на граѓани или движење на македонците во Бугарија“, изјави Андоновски.

Тој нагласи дека Бугарите беа многу остри кога претседателот Пендаровски се средна со здруженијата на Македонците од Бугарија иако претседателот не ги нарече нив така. Бугарите тогаш кажаа дека средбата на претседателот е директно мешање во внатрешните работи на Бугарија иако ние не бараме промена на уставот со таа средба.

Бугарите исто така се строги со нашите барања во однос на пресудите од Стразбур.

Нас кој ни гарантира дека доколку се промени на Уставот на Македонија тогаш на Бугарија не може да им текне некакво друго барање кон Македонија пред да ни даде зелено светло за преговори со ЕУ“, заклучи Андоновски.

The post Андоновски: Имаме Влада која дома е лажен триумфалист, а надвор нема ‘рбет и е без црвени линии appeared first on Република.

]]>

На македонските граѓани им е смачено да попуштаат , особено за тоа кога се нема никаква гаранција за некаков реципроцитет од страна на Бугарија, посочи Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во дебатната емисија „Анализа 24“ на Телевизија 24.
Надвор ние не поставуваме наши барања, дали имаме ние некои црвени линии и гаранции кои треба да се исполнат. Суштинскиот проблем е дека имаме Влада која дома е лажен триумфалист, а надвор има подвиткан ‘рбет или воопшто нема ‘рбет “, рече Андоновски.
Андоновски потенцираше дека барањата на Бугарија не се европска вредност и се директно мешање во работата на една суверена држава и директно бараат промена на Устав.
Потребно е Бугарскиот парламент да се повлече од иредентистичката бугарска декларација која е против македонскиот јазик, народ и нам не нарекува коминтерновска творба и второ бугарската држава да ги почитува пресудите на судот за човекови права од Стразбур и да дозволи регистрирање на политичка партија, здружение на граѓани или движење на македонците во Бугарија“, изјави Андоновски.
Тој нагласи дека Бугарите беа многу остри кога претседателот Пендаровски се средна со здруженијата на Македонците од Бугарија иако претседателот не ги нарече нив така. Бугарите тогаш кажаа дека средбата на претседателот е директно мешање во внатрешните работи на Бугарија иако ние не бараме промена на уставот со таа средба. Бугарите исто така се строги со нашите барања во однос на пресудите од Стразбур.
Нас кој ни гарантира дека доколку се промени на Уставот на Македонија тогаш на Бугарија не може да им текне некакво друго барање кон Македонија пред да ни даде зелено светло за преговори со ЕУ“, заклучи Андоновски.

The post Андоновски: Имаме Влада која дома е лажен триумфалист, а надвор нема ‘рбет и е без црвени линии appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Шилегов предвидувал 6.000 денари за комунални проекти, а 70.000 евра за веб сајт кој што никогаш не профункционира https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/andonovski-shilegov-predviduval-6-000-denari-za-komunalni-proekti-a-70-000-evra-za-veb-sajt-koj-shto-nikogash-ne-profunkcionira/ Thu, 24 Feb 2022 14:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=463248

Го имаме пред нас извештајот за извршување на Буџетот, и овој извештај ја дава сликата за пустош кој СДСМ го остава во институциите. А, во овој случај сликата за пустошот кој е оставен во Градот Скопје. И ова е поразителна слика на четири изгубени години и 6 потрошени буџети, и можеби го гледаме само крајот од таа приказна, крајот од таа поразена слика“, истакна Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната седница.

Андоновски додаде дека има чувство дека на претходниот градоначалник никој не сака да се сеќава, ниту да го спомне. Претходниот градоначалник е како некое торнадо кое што избришало се од градот и поради тоа граѓаните на Скопје не сакаат на него да се сеќаваат.

Сепак добро е да видиме што таа администрација има оставено во Градот Скопје и од што се почнува. Затоа што многу е лесно да критикуваме проекти, да бараме објаснувања за некои нови проекти кои што се реализираат или не се реализираат, за долгови кои што ги има или не ги има, но треба да ја знаеме стартната позиција. И за првпат, ова е првиот извештај кој што таа стартна позиција многу чисто ни ја покажува“, појасни Андоновски.

Андоновски посочи дека во извештајот има работи кои што може да се видат и работи кои што и да сакате не може да се најдат во извештајот.

И највнимателните идеалисти и најголемите поддржувачи на претходниот градоначалник во овој извештај нема да го видат она што беа неговите најкрупни ветувања. Во овој извештај нема средства потрошени за Луна парк кој што беше најавуван шест години. Во овој извештај нема фонд за талентирани средношколци и спортисти иако бил предвиден, планиран, дека средношколци и спортисти ќе бидат финансирани. Во овој извештај ги нема парите од Градската куќа, никаде не може да ги најдете каде се потрошени парите кои што се добиени од продажбата на Градската куќа. Инаку за оние кои што не знаат тоа е домот во кој што требаше да биде сместен Град Скопје, изграден, проектиран, скоро пуштен на употреба о претходниот градоначалник до 2017-та година. Но во четири години единствено што овој градоначалник успеа да го продаде, а никаде да ги видиме средствата, рече Андоновски.

Андоновски укажа дека има нула денари реализација на капитални инвестиции во градежни работи. Нула денари исто така има и за Форумот на жени претприемачи нешто што сега се менува. Има нула денари потрошени за Парк Шума на Водно од предвидени 15 милиони денари во делот на Комунални работи.

Но има интересна работа која што можете да ја видите, на пример во една од ставките има потрошено 6.000 денари за комунални проекти, но во исто време има 2.000 евра на проектирање на нови проекти, а 70.000 евра на веб сајт. Веб сајт кој што никогаш реално не профункционира. Значи 6.000 денари, 100 евра на комунални проекти, но 70.000 евра на веб сајт кој што никогаш не профункционира“, нагласи Андоновски.

The post Андоновски: Шилегов предвидувал 6.000 денари за комунални проекти, а 70.000 евра за веб сајт кој што никогаш не профункционира appeared first on Република.