Андон Сарамандов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andon-saramandov/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 12:54:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андон Сарамандов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andon-saramandov/ 32 32 Сарамандов: Во општина Гевгелија се гради нов пазар, спортски објекти, парк како и изградба на булевари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/saramandov-vo-opshtina-gevgelija-se-gradi-nov-pazar-sportski-objekti-park-kako-i-izgradba-na-bulevari/ Thu, 28 Mar 2024 12:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=759790

Денес извршивме увид во градежните активности на повеќе локации на територијата на општина Гевгелија. Најпрво бевме во Миравци каде што пред неколку дена започнаа изведбените работи за новиот пазар кој таму се гради. Потоа го посетивме населеното место Негорци каде што во завршна фаза е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на основното училиште Ристо Шуклев во ова населено место и младите тука добиваат еден прекрасен спортски објект и учениците но и рекреативците од ова населено место.

Исто така во градот Гевгелија го означивме и завршувањето на реализацијата на проектот Модерен урбан парк кој се простира на 6.000 метри квадратни во Гевгелија и прв ваков парк од ваков тип во нашиот град, кој се надeвaм во иднина ќе го чуваме, а во моментот сме на проектот улицата Св. Климент Охридски или попознат кај гевгеличани, Западен булевар.
Уште на почетокот на мојот мандат најавив дека овој проект е најзначаен и е приоритетен од причина што транспортните возила создаваат голем сообраќаен метеж во централното градско подрачје. Овде е завршена првата фаза, значи пробивање на булеварот, а пред неколку дена заврши и втората фаза со поставување на подземната инсталација, поставена е водоводна линија, фекална и атмосферска канализација, а во текот на 2024 година ќе се пристапи и кон поставување на тампонтна зона, асфалт и ивичњаци со што овој значаен проект конечно ќе биде пуштен во употреба до крајот на 2024 година.

The post Сарамандов: Во општина Гевгелија се гради нов пазар, спортски објекти, парк како и изградба на булевари appeared first on Република.

]]>

Денес извршивме увид во градежните активности на повеќе локации на територијата на општина Гевгелија. Најпрво бевме во Миравци каде што пред неколку дена започнаа изведбените работи за новиот пазар кој таму се гради. Потоа го посетивме населеното место Негорци каде што во завршна фаза е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на основното училиште Ристо Шуклев во ова населено место и младите тука добиваат еден прекрасен спортски објект и учениците но и рекреативците од ова населено место.
Исто така во градот Гевгелија го означивме и завршувањето на реализацијата на проектот Модерен урбан парк кој се простира на 6.000 метри квадратни во Гевгелија и прв ваков парк од ваков тип во нашиот град, кој се надeвaм во иднина ќе го чуваме, а во моментот сме на проектот улицата Св. Климент Охридски или попознат кај гевгеличани, Западен булевар. Уште на почетокот на мојот мандат најавив дека овој проект е најзначаен и е приоритетен од причина што транспортните возила создаваат голем сообраќаен метеж во централното градско подрачје. Овде е завршена првата фаза, значи пробивање на булеварот, а пред неколку дена заврши и втората фаза со поставување на подземната инсталација, поставена е водоводна линија, фекална и атмосферска канализација, а во текот на 2024 година ќе се пристапи и кон поставување на тампонтна зона, асфалт и ивичњаци со што овој значаен проект конечно ќе биде пуштен во употреба до крајот на 2024 година.

The post Сарамандов: Во општина Гевгелија се гради нов пазар, спортски објекти, парк како и изградба на булевари appeared first on Република.

]]>
Наскоро уште една сообраќајна врска од Гевгелија до граничниот премин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naskoro-ushte-edna-soobrakajna-vrska-od-gevgelija-do-granichniot-premin/ Fri, 17 Feb 2023 12:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=610192

Во изминатиот период на целата територија на општина Гевгелија беа реализирани повеќе проекти , беа направени повеќе зафати за подобрување на комуналната, патната и воопшто на целата инфраструктура во општина Гевгелија, соопшти денеска градоначалникот Сарамандов.

Во моментов имаме градежни активности на повеќе локации во општината, во завршна фаза е изградба на стационарот за бездомни животни кој се наоѓа кај старата депонија, во тек е реконструкција на стариот објект во Богородица на стариот објект на Вимилк, а денес извршивме увид во поставување на новата водоводна линија за населено место Богородица каде ќе биде решен децениски проблем за жителите од ова населено место.

Исто така извршивме увид и во градежните активности на изградбата на новата сервисна улица на потегот од казиното Сенатор до Милци, со што Гевгелија ќе добие уште една сообраќајна врска со граничниот премин, а од друга страна ќе овозможиме подобри услови на сопствениците на приватни парцели да почнат да инвестираат.

Исто така извршивме увид на старата депонија каде два месеци се врши затворање и сме во завршна фаза и истата во наредниот период ќе биде уредена со зелена површина и дрвца, порача тој.

The post Наскоро уште една сообраќајна врска од Гевгелија до граничниот премин appeared first on Република.

]]>

Во изминатиот период на целата територија на општина Гевгелија беа реализирани повеќе проекти , беа направени повеќе зафати за подобрување на комуналната, патната и воопшто на целата инфраструктура во општина Гевгелија, соопшти денеска градоначалникот Сарамандов.
Во моментов имаме градежни активности на повеќе локации во општината, во завршна фаза е изградба на стационарот за бездомни животни кој се наоѓа кај старата депонија, во тек е реконструкција на стариот објект во Богородица на стариот објект на Вимилк, а денес извршивме увид во поставување на новата водоводна линија за населено место Богородица каде ќе биде решен децениски проблем за жителите од ова населено место. Исто така извршивме увид и во градежните активности на изградбата на новата сервисна улица на потегот од казиното Сенатор до Милци, со што Гевгелија ќе добие уште една сообраќајна врска со граничниот премин, а од друга страна ќе овозможиме подобри услови на сопствениците на приватни парцели да почнат да инвестираат. Исто така извршивме увид на старата депонија каде два месеци се врши затворање и сме во завршна фаза и истата во наредниот период ќе биде уредена со зелена површина и дрвца, порача тој.

The post Наскоро уште една сообраќајна врска од Гевгелија до граничниот премин appeared first on Република.

]]>
Сарамандов: Oпштина Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“ добија грант – проект во вредност од 507.000 евра за иновативен тренинг HUB https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/saramandov-opshtina-gevgelija-i-sou-josif-josifovski-dobija-grant-proekt-vo-vrednost-od-507-000-evra-za-inovativen-trening-hub/ Thu, 29 Dec 2022 21:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=591653

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов преку статус на Фејсбук пишува дека Oпштина Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“ добиле грант – проект во вредност од 507.000 евра за иновативен тренинг HUB.

Ме радува веста дека напорната работа на посветен тим од СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија резултираше со успех и добиен е грант од 507.000 евра од Regional Challenge Fund.

Задоволството е големо бидејќи изминатата година општина Гевгелија и институциите во нејзина надлежност беа 100% успешни и сите проекти со кои се аплицираше до меѓународните фондови, министерствата, агенциите се одобрени и во 2023 година ќе се реализираат на територијата на нашата општина.

Честитки за директорката Марија Танева и благодарност до координаторите на проектот Снежана Сарамандова, Александар Делиџаков, професорите од трите струки, Флорит Гевгелија и сите останати кои беа вклучени во осмислување и изготвување на проектната апликација.

Станува збор за модерен, еколошки, енергетско оддржлив тренинг центар- HUB‼ доградба и адаптација на пристапна и соодветно опремена работилница за пракса на автомеханичар и машински техничар за моторни возила и опремени канцеларии за пракса на ученициод економската струка;

‼инсталација на фотоволтаични панели за потребите на тренинг центарот;

‼автомобилска тренинг опрема за практична настава, електричен/LPG хибрид ¾ едукативно тренинг возило, алати, дигалка за возила, балансери, авто тренинг табли, компјутерски контролен систем за електрично возило, тренинг опрема за хибридни батерии, дијагностика, осцилоскопи, анализа на издувни гасови, компјутери, принтери, мебел, тренинг софтери и инсталација на HASSP систем и опрема за пракса во кујна и ресторан за ученици од угостителско-туристичката струка. ‼обуки за наставници, ученици и ментори од партнер компаниите.

Со овој проект ќе се овозможи значително подобрување на реализација на наставните програми во стручното образование на СОУ Јосиф Јосифовски, квалитетот на наставата, стекнување на специфични вештини кои учениците би ги добиле благодарение на тренинг центарот, современата опрема и програма, а со тоа и подготвување на квалитетен кадар според потребите на нашите компании.

The post Сарамандов: Oпштина Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“ добија грант – проект во вредност од 507.000 евра за иновативен тренинг HUB appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов преку статус на Фејсбук пишува дека Oпштина Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“ добиле грант – проект во вредност од 507.000 евра за иновативен тренинг HUB.
Ме радува веста дека напорната работа на посветен тим од СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија резултираше со успех и добиен е грант од 507.000 евра од Regional Challenge Fund. Задоволството е големо бидејќи изминатата година општина Гевгелија и институциите во нејзина надлежност беа 100% успешни и сите проекти со кои се аплицираше до меѓународните фондови, министерствата, агенциите се одобрени и во 2023 година ќе се реализираат на територијата на нашата општина. Честитки за директорката Марија Танева и благодарност до координаторите на проектот Снежана Сарамандова, Александар Делиџаков, професорите од трите струки, Флорит Гевгелија и сите останати кои беа вклучени во осмислување и изготвување на проектната апликација. Станува збор за модерен, еколошки, енергетско оддржлив тренинг центар- HUB‼ доградба и адаптација на пристапна и соодветно опремена работилница за пракса на автомеханичар и машински техничар за моторни возила и опремени канцеларии за пракса на ученициод економската струка; ‼инсталација на фотоволтаични панели за потребите на тренинг центарот; ‼автомобилска тренинг опрема за практична настава, електричен/LPG хибрид ¾ едукативно тренинг возило, алати, дигалка за возила, балансери, авто тренинг табли, компјутерски контролен систем за електрично возило, тренинг опрема за хибридни батерии, дијагностика, осцилоскопи, анализа на издувни гасови, компјутери, принтери, мебел, тренинг софтери и инсталација на HASSP систем и опрема за пракса во кујна и ресторан за ученици од угостителско-туристичката струка. ‼обуки за наставници, ученици и ментори од партнер компаниите. Со овој проект ќе се овозможи значително подобрување на реализација на наставните програми во стручното образование на СОУ Јосиф Јосифовски, квалитетот на наставата, стекнување на специфични вештини кои учениците би ги добиле благодарение на тренинг центарот, современата опрема и програма, а со тоа и подготвување на квалитетен кадар според потребите на нашите компании.

The post Сарамандов: Oпштина Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“ добија грант – проект во вредност од 507.000 евра за иновативен тренинг HUB appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Уште еден реализиран проект од градоначалникот на Општина Гевгелија, Сарамандов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-shte-eden-realiziran-proekt-od-gradonachalnikot-na-opshtina-gevgelija-saramandov/ Thu, 27 Oct 2022 20:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=566575

Уште еден реализиран проект од градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
Нов Дом на културата во населеното место Прдејци.
Промени кои носат иднина!-напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски: Уште еден реализиран проект од градоначалникот на Општина Гевгелија, Сарамандов appeared first on Република.

Сарамандов: Извршена е реконструкција на игралиштето „Иван Пенов“, вложуваме во спортски терени затоа што се основа за правилен развој на децата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/saramandov-izvrshena-e-rekonstrukcija-na-igralishteto-ivan-penov-vlozuvame-vo-sportski-tereni-zatoa-shto-se-osnova-za-pravilen-razvoj-na-decata/ Wed, 27 Jul 2022 11:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=533812

На мое лично задоволство и на задоволство на сите граѓани на Општина Гевгелија, извршена е реконструкција на кошаркарското игралиште „Иван Пенов“ во Гевгелија. Младите во Гевгелија добиваат ново, модерно кошаркарско игралиште на кое е поставена модерна подлога со сите фито стандарди, со средства обезбедени од програмата за изградба и реконструкција на спортски терени од буџетот на Општина Гевгелија, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов.

Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на членовите на Советот кои дадоа поддршка на оваа програма. А, од мое лично име и од името на сите членови на Советот на Општина Гевгелија упатувам огромна благодарност до фамилијата Пенови, која што беше и иницијатор и која даде огромен придонес, ова игралиште да го добие денешниот лик. Како градоначалник се обврзав да вложуваме во инфраструктурата и во спортските терени, бидејќи тие се основа за правилен, физички и психички развој на нашите деца. Во изминатиот период, обновен е фудбалскиот терен на градскиот стадион во Гевгелија. Во функција е ставено и фудбалското игралиште во Мрзенци, а во моментов се консолидираат и обновуваат фудбалските игралишта кои беа напуштени во Миравци и Прдејци - вели Сарамандов.

Тој додава дека во наредниот период ќе бидат реконструирани и фудбалските терени на Негорските бањи кои ќе претставуваат тренинг база на јуниорите, кадетите и пионерите на фудбалскиот клуб Кожуф. А во спортската сала на основното училиште „Владо Контарџиев“ ќе биде заменет подот, со што ќе се создадат услови за работа на најмладите категории на кошаркарскиот клуб Кожуф.

И на крајот, сакам да најавам дека ќе се изврши и реконструкција на надворешното игралиште ДТВ Партизан. Веќе се превземени припреми и направено е асфалтирање на тој терен и наскоро, Гевгелија ќе добие уште едно ново, мултифункционално спортско игралиште - рече Сарамандов.

The post Сарамандов: Извршена е реконструкција на игралиштето „Иван Пенов“, вложуваме во спортски терени затоа што се основа за правилен развој на децата appeared first on Република.

Сарамандов: Изминатиот период покажавме дека не сме сите исти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/saramandov-izminatiot-period-pokazavme-deka-ne-sme-site-isti/ Wed, 02 Mar 2022 13:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=466472

Почетокот од мојот мандат е исполнет со многу предизвици, затекнав лошо и пасивно работење на претходното раководство. Во изминатите 4 години Гевгелија стагнираше во развојот без ниту еден реализиран капитален проект, лоша финансиска состојба и без конкретна визија за успешно менаџирање. Без никаква стратегија за подобрување на локалниот економски развој и со огромен број на инфракструктурни и комунални проблеми го започнав мојот мандат како градоначалник на општина Гевгелија, изјави градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов на денешниот настан „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“, потенцирајќи дека конечно работите се подобруваат на подобро за жителите на општината.

Еден од моите први приоритетните зафати, беше намалување на трошоците за електрична енергија за уличното осветлување. Извршивме целосна замена на старите светилки со штедливи лед сијалици на територијата на цела Општина Гевгелија. Во изминатиот период асфалтирана е сервисната улица од локалитет Милци до клучката на граничниот премин Богородица, во тек е изградба на улица Александар Бел, а ја завршивме започнатата реконструкција на улицата Методија Антонов Ченто во Мрзенци - рече Сарамандов.

Тој истакна дека со напорна работа и заложба донесен е деталниот урбанистички план за блок 16, а започната е реконструкцијата на Младинскиот дом во Прдејци, како и дека обновено е оградувањето во ООУ „Владо Кантарџиев“ и на подрачното училиште во Мрзенци.

За збогатување на условите за социјалната заштита воведена е мерката бесплатен третман на деца со проблеми во вербалната комуникација од страна на логопед. За младите, како водечки столб за идниот развој на општината, превземени се неколку активности. Формирано е локално младинско собрание, организирање на курсеви по гитара и формирање на театарска секција за млади актери од 6-14 години - изјави Сарамандов.

Сарамандов додаде и дека се работело на изработка на проектна документација за значајни проекти за реконструкција на спортската сала ДТВ „Партизан, изградба на голем урбан парк „Топлик“, реконструкција на старо школо во село Конско и на старо школо во село Серменин како и младински домови во Моин, Кованец, Ново Село и Смоквица.

Во период што следува ќе се реализираат 2 капитални проекти од огромно значење за граѓаните на општина Гевгелија. Грантот од КФ-В Банка во вредност од 2,5 милиони евра и изградба на западен булевар, за кој општината ќе обезбеди 1.500.000 евра. Изградбата на Западниот булевар е од приоритетно значење за Гевгелија, проект кој Гевгеличани со години го очекуваат. Со грантот од КФ-В банка ќе се реализира изградба на примарна атмосферска канализација во Гевгелија на потегот од ,,Динќут до железничка станица и дополнителни три крака во северниот дел на градот на ул. Никола Карев, дел од Серменинска, Димо Хаџи димов и 7 ми Ноември. Предвидена е и изградба на водоводна линија за Прдејци и Негорци. Рехабилитација на цевковод на водоводна линија за Богородица - потенцираше Сарамндов.

Тој нагласи и дека наскоро ќе се работи на изградба на нов пазар во Миравци, оплеменување на спортското игралиште на улица „Илинденска“
во Гевгелија, изградба и оплеменување на зелени површини и паркови и други проекти за доброто на граѓаните од нашата општина Гевгелија

Изминатиот период, покажавме дека не сме сите исти. Со упорност и многу работа нештата се менуваат кон подобро. Целта ни е една и единствена – да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните во нашата општина. Се соочуваме со многу предизвици, но работиме постојано и чесно, и ќе дадеме се од себе да ја оправдаме довербата на граѓаните од општина Гевгелија - изјави Сарамандов.

The post Сарамандов: Изминатиот период покажавме дека не сме сите исти appeared first on Република.

Тој нагласи и дека наскоро ќе се работи на изградба на нов пазар во Миравци, оплеменување на спортското игралиште на улица „Илинденска“ во Гевгелија, изградба и оплеменување на зелени површини и паркови и други проекти за доброто на граѓаните од нашата општина Гевгелија