Анџело Бечиу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andhelo-bechiu/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Dec 2023 21:11:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анџело Бечиу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/andhelo-bechiu/ 32 32 Судот во Ватикан го осуди кардиналот Бечиу на пет и пол години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudot-vo-vatikan-go-osudi-kardinalot-bechiu-na-pet-i-pol-godini-zatvor/ Sat, 16 Dec 2023 21:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=723782

Судот во Ватикан денеска го осуди италијанскиот кардинал Анџело Бечиу на пет години и шест месеци затвор за повеќе кривични дела.

Судскиот процес против Бечиу траеше две и пол години во кој тој беше обвинет за проневера, злоупотреба на службената положба и обид за лажно сведочење, пренесуваат британските медиуми.

Папата Франциск во 2020 година го разреши кардиналот Бечиу од функцијата поради непотизам, иако тој ги отфрли сите обвинувања, како и другите обвинети во овој процес, додаваат британските медиуми.

Покрај обвинувањата за пренасочување на ватикански средства кон компании или добротворни организации што ги водат неговите браќа во Сардинија, кардиналот е вклучен и во вработувањето на Сесилија Мароња, исто така од Сардинија, како дел од планот за ослободување на католичка калуѓерка киднапирана во Мали.

Мароња за таа работа во периодот 2018-2019 година од Ватикан добила 575.000 евра, но обвинителите тврдат дека парите биле префрлени на фирма што обвинетата ја отворила во Словенија, како и дека парите ги потрошила за свои потреби.

Бечиу е највисокиот црковен функционер кој некогаш бил осуден пред кривичниот суд во Ватикан.

The post Судот во Ватикан го осуди кардиналот Бечиу на пет и пол години затвор appeared first on Република.

]]>

Судот во Ватикан денеска го осуди италијанскиот кардинал Анџело Бечиу на пет години и шест месеци затвор за повеќе кривични дела. Судскиот процес против Бечиу траеше две и пол години во кој тој беше обвинет за проневера, злоупотреба на службената положба и обид за лажно сведочење, пренесуваат британските медиуми. Папата Франциск во 2020 година го разреши кардиналот Бечиу од функцијата поради непотизам, иако тој ги отфрли сите обвинувања, како и другите обвинети во овој процес, додаваат британските медиуми. Покрај обвинувањата за пренасочување на ватикански средства кон компании или добротворни организации што ги водат неговите браќа во Сардинија, кардиналот е вклучен и во вработувањето на Сесилија Мароња, исто така од Сардинија, како дел од планот за ослободување на католичка калуѓерка киднапирана во Мали. Мароња за таа работа во периодот 2018-2019 година од Ватикан добила 575.000 евра, но обвинителите тврдат дека парите биле префрлени на фирма што обвинетата ја отворила во Словенија, како и дека парите ги потрошила за свои потреби. Бечиу е највисокиот црковен функционер кој некогаш бил осуден пред кривичниот суд во Ватикан.

The post Судот во Ватикан го осуди кардиналот Бечиу на пет и пол години затвор appeared first on Република.

]]>