Андерс Брејвик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anders-brejvik/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jan 2024 12:33:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андерс Брејвик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anders-brejvik/ 32 32 Брејвик не е за излегување на слобода https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brejvik-ne-e-za-izleguvane-na-sloboda/ Fri, 12 Jan 2024 12:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=732344

Масовниот убиец ултрадесничарот Андерс Брејвик, кој во 2011 година уби вкупно 77 луѓе во Осло и на островот Утоја во Норвешка, се уште е „многу опасен“ и треба да биде чуван во самица во затвор, изјави денеска претставникот на норвешкото Министерство за правда, Андреас Хјетланд, пред судот, во рамки на сослушувањето по повод тужбата што Брејвик ја поднесе против Норвешка, барајќи да му се укине изолацијата.

Хјетланд во својот завршен говор истакна дека нема основа за тврдењата на адвокатите на Брејвик дека се кршат човековите права на нивниот клиент.

„Сè уште постои голема опасност тој да изврши насилство или да инспирира други (да извршат насилство)“, рече Хјетланд.

Како и претходните денови, Брејвик одмавна со главата во знак на несогласување со одредени забелешки на Хјетланд.

Во сведочењето на судот во вторникот, Брејвик рече дека самицата е „кошмар“ и дека размислува за самоубиство секој ден.

Адвокатот на Брејвик во понеделникот изјави дека неговиот клиент боледува од „длабока депресија“, додека неговиот психијатар вчera рече дека не мисли дека тој е во тешка депресија.

„Неговите услови го оптеретуваат и се чувствува осамено, но мислам дека не е многу депресивен“, рече психијатарот.

Адвокатите на Брејвик тврдат дека Норвешка ја прекршува Европската конвенција за човекови права, вклучувајќи делови во кои се вели дека никој не треба да биде подложен на „тортура или нечовечко или понижувачко постапување или казнување“.

Пресудата на судијата ќе биде донесена во наредните недели.

Брејвик (44) ја тужеше норвешката држава во обид да ја прекине изолацијата во затвор, а исто така бара и укинување на ограничувањата за преписка со надворешниот свет.

Денеска завршува петдневното рочиште во врска со тужбата на Брејвик. На Брејвик му беше дозволено да каже неколку зборови на крајот од сослушувањето.

Брејвик е во изолација откако во 2011 година уби осум лица со автомобил-бомба во Осло и 69 лица на островот Утоја, од кои повеќето тинејџери.

The post Брејвик не е за излегување на слобода appeared first on Република.

]]>

Масовниот убиец ултрадесничарот Андерс Брејвик, кој во 2011 година уби вкупно 77 луѓе во Осло и на островот Утоја во Норвешка, се уште е „многу опасен“ и треба да биде чуван во самица во затвор, изјави денеска претставникот на норвешкото Министерство за правда, Андреас Хјетланд, пред судот, во рамки на сослушувањето по повод тужбата што Брејвик ја поднесе против Норвешка, барајќи да му се укине изолацијата. Хјетланд во својот завршен говор истакна дека нема основа за тврдењата на адвокатите на Брејвик дека се кршат човековите права на нивниот клиент. „Сè уште постои голема опасност тој да изврши насилство или да инспирира други (да извршат насилство)“, рече Хјетланд. Како и претходните денови, Брејвик одмавна со главата во знак на несогласување со одредени забелешки на Хјетланд. Во сведочењето на судот во вторникот, Брејвик рече дека самицата е „кошмар“ и дека размислува за самоубиство секој ден. Адвокатот на Брејвик во понеделникот изјави дека неговиот клиент боледува од „длабока депресија“, додека неговиот психијатар вчera рече дека не мисли дека тој е во тешка депресија. „Неговите услови го оптеретуваат и се чувствува осамено, но мислам дека не е многу депресивен“, рече психијатарот. Адвокатите на Брејвик тврдат дека Норвешка ја прекршува Европската конвенција за човекови права, вклучувајќи делови во кои се вели дека никој не треба да биде подложен на „тортура или нечовечко или понижувачко постапување или казнување“. Пресудата на судијата ќе биде донесена во наредните недели. Брејвик (44) ја тужеше норвешката држава во обид да ја прекине изолацијата во затвор, а исто така бара и укинување на ограничувањата за преписка со надворешниот свет. Денеска завршува петдневното рочиште во врска со тужбата на Брејвик. На Брејвик му беше дозволено да каже неколку зборови на крајот од сослушувањето. Брејвик е во изолација откако во 2011 година уби осум лица со автомобил-бомба во Осло и 69 лица на островот Утоја, од кои повеќето тинејџери.

The post Брејвик не е за излегување на слобода appeared first on Република.

]]>
Демократија: Масовниот убиец Брејвик ја тужи Норвешка поради „екстремна изолација“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/demokratija-masovniot-ubiets-brejvik-ja-tuzhi-norveshka-poradi-ekstremna-izolatsija/ Sat, 19 Aug 2023 08:47:05 +0000 https://republika.mk/?p=673638

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик ја тужи државата за наводно прекршување на човековите права поради тоа што бил држен во „екстремна“ изолација и поднел уште едно барање за условно ослободување, соопшти неговиот адвокат.

Десничарскиот милитант уби 77 луѓе, главно тинејџери, со пукање и бомби во најголемото мирновременско злосторство во Норвешка во јули 2011 година.

Брејвик, кој сега има 44 години, ја отслужува најдолгата затворска казна во Норвешка од 21 година, која може да биде продолжена доколку се уште се смета за закана.

„Тој ја тужи државата затоа што е во екстремна изолација веќе 11 години и нема контакт со други луѓе освен со своите чувари“, рече адвокатот на Брејвик, Ојстеин Сторвик.

„Минатата година беше преместен во нов затвор и се надевавме дека ќе има подобри услови и дека ќе може да запознае други луѓе“, додаде Сторвик.

Во 2017 година, Брејвик го загуби случајот за човекови права кога апелациониот суд ја укина пресудата на понискиот суд дека неговата изолација во ќелија со три соби е нехумана.

Минатата година норвешкиот суд исто така го одби неговото барање за условно ослободување, велејќи дека тој сè уште претставува ризик од насилство.

Сторвик рече дека очекува Окружниот суд во Осло да ја разгледа тужбата на пролет

The post Демократија: Масовниот убиец Брејвик ја тужи Норвешка поради „екстремна изолација“ appeared first on Република.

]]>

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик ја тужи државата за наводно прекршување на човековите права поради тоа што бил држен во „екстремна“ изолација и поднел уште едно барање за условно ослободување, соопшти неговиот адвокат. Десничарскиот милитант уби 77 луѓе, главно тинејџери, со пукање и бомби во најголемото мирновременско злосторство во Норвешка во јули 2011 година. Брејвик, кој сега има 44 години, ја отслужува најдолгата затворска казна во Норвешка од 21 година, која може да биде продолжена доколку се уште се смета за закана. „Тој ја тужи државата затоа што е во екстремна изолација веќе 11 години и нема контакт со други луѓе освен со своите чувари“, рече адвокатот на Брејвик, Ојстеин Сторвик. „Минатата година беше преместен во нов затвор и се надевавме дека ќе има подобри услови и дека ќе може да запознае други луѓе“, додаде Сторвик. Во 2017 година, Брејвик го загуби случајот за човекови права кога апелациониот суд ја укина пресудата на понискиот суд дека неговата изолација во ќелија со три соби е нехумана. Минатата година норвешкиот суд исто така го одби неговото барање за условно ослободување, велејќи дека тој сè уште претставува ризик од насилство. Сторвик рече дека очекува Окружниот суд во Осло да ја разгледа тужбата на пролет

The post Демократија: Масовниот убиец Брејвик ја тужи Норвешка поради „екстремна изолација“ appeared first on Република.

]]>
Зли умови: Морничави сличности меѓу Коста и Брејвик, двајцата имаат профил на ладнокрвни убијци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zli-umovi-mornichavi-slichnosti-megu-kosta-i-brejvik-dvajtsata-imaat-profil-na-ladnokrvni-ubijtsi/ Sun, 14 May 2023 08:58:08 +0000 https://republika.mk/?p=640601

Коста кој го изврши најтешкиот масакр во историјата на Србија во своето основно училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар во Белград, има дури неколку морничави сличности со најголемиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик (44) од Норвешка, кој уби 77 луѓе во 2011 година.

Иако на прв поглед не изгледа дека тинејџерот од Белград, ниту по возраст, ниту по број на загинати, ниту по мотиви, не може да се спореди со Брејвик, кој на 22 јули уби толку луѓе на норвешкиот остров Утоја, 2011 година, според анализите на експертите, ситуацијата е поинаква. И двајцата се масовни убијци, си ја зацрнија државата и го шокираа целиот свет.

Покрај деталниот план на злосторството, кој и двајцата го имале, по масовното пукање не покажале каење и емпатија, не дале отпор при апсењето, не негирале дека пукале во луѓе и што е можеби најмногу страшна работа.

Експертот за безбедност Ратомир Антоновиќ објаснува дека врската меѓу Норвежанецот и момчето е многу слична и дека тоа не треба да се игнорира.

Иако на почетокот изгледа дека меѓу нив нема никаква врска, со подлабока и подетална анализа доаѓаме до фактот дека момчето од Врачар има сериозен профил на убиец на возрасен маж, како што е Брејвик. Масовниот убиец од Норвешка имал свој идеолошки фашистички план и мотив за масакрот, а многу е можно момчето од Врачар да имало идеолошки план зошто направил толку крвав поход – наведува Антоновиќ и додава дека понатамошната истрага ќе ги утврди неговите вистински мотиви.

The post Зли умови: Морничави сличности меѓу Коста и Брејвик, двајцата имаат профил на ладнокрвни убијци appeared first on Република.

]]>

Коста кој го изврши најтешкиот масакр во историјата на Србија во своето основно училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар во Белград, има дури неколку морничави сличности со најголемиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик (44) од Норвешка, кој уби 77 луѓе во 2011 година. Иако на прв поглед не изгледа дека тинејџерот од Белград, ниту по возраст, ниту по број на загинати, ниту по мотиви, не може да се спореди со Брејвик, кој на 22 јули уби толку луѓе на норвешкиот остров Утоја, 2011 година, според анализите на експертите, ситуацијата е поинаква. И двајцата се масовни убијци, си ја зацрнија државата и го шокираа целиот свет. Покрај деталниот план на злосторството, кој и двајцата го имале, по масовното пукање не покажале каење и емпатија, не дале отпор при апсењето, не негирале дека пукале во луѓе и што е можеби најмногу страшна работа. Експертот за безбедност Ратомир Антоновиќ објаснува дека врската меѓу Норвежанецот и момчето е многу слична и дека тоа не треба да се игнорира. Иако на почетокот изгледа дека меѓу нив нема никаква врска, со подлабока и подетална анализа доаѓаме до фактот дека момчето од Врачар има сериозен профил на убиец на возрасен маж, како што е Брејвик. Масовниот убиец од Норвешка имал свој идеолошки фашистички план и мотив за масакрот, а многу е можно момчето од Врачар да имало идеолошки план зошто направил толку крвав поход – наведува Антоновиќ и додава дека понатамошната истрага ќе ги утврди неговите вистински мотиви.

The post Зли умови: Морничави сличности меѓу Коста и Брејвик, двајцата имаат профил на ладнокрвни убијци appeared first on Република.

]]>