Анастасија Ѓурчинова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anastasija-gurchinova/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 20:05:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анастасија Ѓурчинова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/anastasija-gurchinova/ 32 32 Анастасија Ѓурчинова добитничка на наградата „Драги“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/anastasija-gurchinova-dobitnichka-na-nagradata-dragi-2/ Wed, 02 Oct 2024 20:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=821941

Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за превод од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“.

За наградата имаше пет финалисти. Покрај Ѓурчинова, беа и Ѓоко Здравески за преводот од хрватски јазик на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на „Бегемот“, 2024 година; Екатерина Бабамова за преводот од англиски јазик на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на „Артконект“, 2023 година, Елисавета Поповска за преводот од француски јазик на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на „Илика“, 2024 година и Ирена Јурчева за преводот од англиски јазик на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на „Паблишер“, 2023 година.

Жири-комисијата во состав проф. д-р Зорица Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Јана Михајловска, член од семејството на Драги Михајловски и Владимир Јанковски од издавачката куќа „Антолог“, едногласно одлучи „Драги“ да ѝ се додели на Анастасија Ѓурчинова.

Станува збор за превод кој на мошне суптилен начин ги задржува стилските карактеристики на книжевниот дискурс на Николо Аманити, умешно вклопувајќи ги во стилските, лексичките и синтаксичките можности на македонскиот јазик. Преводот на Анастасија Ѓурчинова се карактеризира со прецизност и верност кон оригиналниот текст, со огромна почит кон стилот на авторот. Таа вешто ги пренесува културните и јазични нијанси, одржувајќи ја специфичната динамика и литерарниот тон на делото. Онака како што Аманити мајсторски го користи јазикот во своите дела, така и Ѓурчинова тоа мајсторство го транспонира во нејзиниот превод. Текстот е јасен и се чита природно, динамично, без јазични пречки. Вешто пренесувајќи ги емоциите и атмосферата, преводот му овозможува на читателот да доживее искуство слично на она што го нуди оригиналот. Како последица на тоа, преводот на „Интимен живот“ предизвикува и големо читателско задоволство, стои во образложението на жири-комисијата.

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951- 2022) – писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Целта на наградата е да ја стимулира преведувачката дејност и да го подигне квалитетот на преведените дела во македонската култура.

Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Романот на германски јазик го објави издавачката куќа „Гуголц“ од Берлин.

Ќе се согласиме сите дека преведувањето на романот „Пиреј“ на кој било странски јазик претставува исклучително голем преведувачки предизвик, со кој се соочил и овогодинешниот добитник на наградата „Драги“, Бенјамин Лангер. Очигледно е дека за овој голем преведувачки проект тој не само што поседува одлични и изнијансирани познавања на македонскиот јазик, туку и дека темелно ги проучил историскиот и книжевниот контекст, јазичните специфи на руралниот, архаичен живописен македонски говор, а за културолошки конотираните македонските лексеми понудил креативни германски еквиваленти. Би сакале да напоменеме и дека внимателниот читател на овој германски превод на Лангер може да го наслушне тоа што во поновите транслатолошки студии се нарекува „глас на транслаторот“, кој во овој случај, маестрално посредува и ги премостува јазичните и културолошките бариери помеѓу двете култури: германската и македонската, објаснува жири-комисијата.

Лангер е голем познавач на македонските јазик и литература. Студирал германистика и историја на уметност во Бамберг и Будимпешта, а од 2005 до 2009 предавал на Катедрата за германски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преку преведувачката работа ја приближил македонската книжевност до германската читателска публика, што ги вклучува делата на Гоце Смилевски, Бранко Цветкоски, Дејан Трајкоски, Румена Бужаровска, Влада Урошевиќ и Петре М. Андреевски.

The post Анастасија Ѓурчинова добитничка на наградата „Драги“ appeared first on Република.

]]>

Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за превод од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“. За наградата имаше пет финалисти. Покрај Ѓурчинова, беа и Ѓоко Здравески за преводот од хрватски јазик на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на „Бегемот“, 2024 година; Екатерина Бабамова за преводот од англиски јазик на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на „Артконект“, 2023 година, Елисавета Поповска за преводот од француски јазик на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на „Илика“, 2024 година и Ирена Јурчева за преводот од англиски јазик на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на „Паблишер“, 2023 година. Жири-комисијата во состав проф. д-р Зорица Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Јана Михајловска, член од семејството на Драги Михајловски и Владимир Јанковски од издавачката куќа „Антолог“, едногласно одлучи „Драги“ да ѝ се додели на Анастасија Ѓурчинова.
Станува збор за превод кој на мошне суптилен начин ги задржува стилските карактеристики на книжевниот дискурс на Николо Аманити, умешно вклопувајќи ги во стилските, лексичките и синтаксичките можности на македонскиот јазик. Преводот на Анастасија Ѓурчинова се карактеризира со прецизност и верност кон оригиналниот текст, со огромна почит кон стилот на авторот. Таа вешто ги пренесува културните и јазични нијанси, одржувајќи ја специфичната динамика и литерарниот тон на делото. Онака како што Аманити мајсторски го користи јазикот во своите дела, така и Ѓурчинова тоа мајсторство го транспонира во нејзиниот превод. Текстот е јасен и се чита природно, динамично, без јазични пречки. Вешто пренесувајќи ги емоциите и атмосферата, преводот му овозможува на читателот да доживее искуство слично на она што го нуди оригиналот. Како последица на тоа, преводот на „Интимен живот“ предизвикува и големо читателско задоволство, стои во образложението на жири-комисијата.
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951- 2022) – писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Целта на наградата е да ја стимулира преведувачката дејност и да го подигне квалитетот на преведените дела во македонската култура. Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Романот на германски јазик го објави издавачката куќа „Гуголц“ од Берлин.
Ќе се согласиме сите дека преведувањето на романот „Пиреј“ на кој било странски јазик претставува исклучително голем преведувачки предизвик, со кој се соочил и овогодинешниот добитник на наградата „Драги“, Бенјамин Лангер. Очигледно е дека за овој голем преведувачки проект тој не само што поседува одлични и изнијансирани познавања на македонскиот јазик, туку и дека темелно ги проучил историскиот и книжевниот контекст, јазичните специфи на руралниот, архаичен живописен македонски говор, а за културолошки конотираните македонските лексеми понудил креативни германски еквиваленти. Би сакале да напоменеме и дека внимателниот читател на овој германски превод на Лангер може да го наслушне тоа што во поновите транслатолошки студии се нарекува „глас на транслаторот“, кој во овој случај, маестрално посредува и ги премостува јазичните и културолошките бариери помеѓу двете култури: германската и македонската, објаснува жири-комисијата.
Лангер е голем познавач на македонските јазик и литература. Студирал германистика и историја на уметност во Бамберг и Будимпешта, а од 2005 до 2009 предавал на Катедрата за германски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преку преведувачката работа ја приближил македонската книжевност до германската читателска публика, што ги вклучува делата на Гоце Смилевски, Бранко Цветкоски, Дејан Трајкоски, Румена Бужаровска, Влада Урошевиќ и Петре М. Андреевски.

The post Анастасија Ѓурчинова добитничка на наградата „Драги“ appeared first on Република.

]]>
Анастасија Ѓурчинова добитничка на наградата „Драги“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/anastasija-gurchinova-dobitnichka-na-nagradata-dragi/ Wed, 02 Oct 2024 12:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=821790

Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за превод од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“.

Комисијата за доделување на наградата во состав проф. д-р Зорица Николовска, претставник одбран од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, Јана Михајловска, член од семејството на Драги Михајловски и Владимир Јанковски, претставник одбран од издавачката куќа „Антолог“, имаше пет финалисти за оваа награда, покрај Анастасија Ѓурчинова, меѓу финалистите беа и Ѓоко Здравески за преводот од хрватски јазик на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на „Бегемот“, 2024 година; Екатерина Бабамова за преводот од англиски јазик на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на „Артконект“, 2023 година; Елисавета Поповска за преводот од француски јазик на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на „Илика“, 2024 година и Ирена Јурчева за преводот од англиски јазик на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на „Паблишер“, 2023 година.

Комисијата едногласно донела одлука наградата да ѝ се додели на Анастасија Ѓурчинова.

Станува збор за превод кој на мошне суптилен начин ги задржува стилските карактеристики на книжевниот дискурс на Николо Аманити, умешно вклопувајќи ги во стилските, лексичките и синтаксичките можности на македонскиот јазик. Преводот на Анастасија Ѓурчинова се карактеризира со прецизност и верност кон оригиналниот текст, со огромна почит кон стилот на авторот. Таа вешто ги пренесува културните и јазични нијанси, одржувајќи ја специфичната динамика и литерарниот тон на делото. Онака како што Аманити мајсторски го користи јазикот во своите дела, така и Ѓурчинова тоа мајсторство го транспонира во нејзиниот превод. Текстот е јасен и се чита природно, динамично, без јазични пречки. Вешто пренесувајќи ги емоциите и атмосферата, преводот му овозможува на читателот да доживее искуство слично на она што го нуди оригиналот. Како последица на тоа, преводот на „Интимен живот“ предизвикува и големо читателско задоволство - стои во образложението на жири-комисијата.

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951-2022) – писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Целта на наградата е да ја стимулира преведувачката дејност и да го подигне квалитетот на преведените дела во македонската култура.

Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Романот на германски јазик го објави издавачката куќа „Гуголц“ од Берлин.

[caption id="attachment_821795" align="alignnone" width="730"] Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски[/caption]

Ќе се согласиме сите дека преведувањето на романот „Пиреј“ на кој било странски јазик претставува исклучително голем преведувачки предизвик, со кој се соочил и овогодинешниот добитник на наградата „Драги“, Бенјамин Лангер. Очигледно е дека за овој голем преведувачки проект тој не само што поседува одлични и изнијансирани познавања на македонскиот јазик, туку и дека темелно ги проучил историскиот и книжевниот контекст, јазичните специфи на руралниот, архаичен живописен македонски говор, а за културолошки конотираните македонските лексеми понудил креативни германски еквиваленти. Би сакале да напоменеме и дека внимателниот читател на овој германски превод на Лангер може да го наслушне тоа што во поновите транслатолошки студии се нарекува „глас на транслаторот“, кој во овој случај, маестрално посредува и ги премостува јазичните и културолошките бариери помеѓу двете култури: германската и македонската - стои во образложението на жири-комисијата.

Лангер е голем познавач на македонските јазик и литература. Студирал германистика и историја на уметност во Бамберг и Будимпешта, а од 2005 до 2009 предавал на Катедрата за германски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преку преведувачката работа ја приближил македонската книжевност до германската читателска публика, што ги вклучува делата на Гоце Смилевски, Бранко Цветкоски, Дејан Трајкоски, Румена Бужаровска, Влада Урошевиќ и Петре М. Андреевски.

The post Анастасија Ѓурчинова добитничка на наградата „Драги“ appeared first on Република.

]]>

Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за превод од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“. Комисијата за доделување на наградата во состав проф. д-р Зорица Николовска, претставник одбран од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, Јана Михајловска, член од семејството на Драги Михајловски и Владимир Јанковски, претставник одбран од издавачката куќа „Антолог“, имаше пет финалисти за оваа награда, покрај Анастасија Ѓурчинова, меѓу финалистите беа и Ѓоко Здравески за преводот од хрватски јазик на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на „Бегемот“, 2024 година; Екатерина Бабамова за преводот од англиски јазик на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на „Артконект“, 2023 година; Елисавета Поповска за преводот од француски јазик на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на „Илика“, 2024 година и Ирена Јурчева за преводот од англиски јазик на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на „Паблишер“, 2023 година. Комисијата едногласно донела одлука наградата да ѝ се додели на Анастасија Ѓурчинова.
Станува збор за превод кој на мошне суптилен начин ги задржува стилските карактеристики на книжевниот дискурс на Николо Аманити, умешно вклопувајќи ги во стилските, лексичките и синтаксичките можности на македонскиот јазик. Преводот на Анастасија Ѓурчинова се карактеризира со прецизност и верност кон оригиналниот текст, со огромна почит кон стилот на авторот. Таа вешто ги пренесува културните и јазични нијанси, одржувајќи ја специфичната динамика и литерарниот тон на делото. Онака како што Аманити мајсторски го користи јазикот во своите дела, така и Ѓурчинова тоа мајсторство го транспонира во нејзиниот превод. Текстот е јасен и се чита природно, динамично, без јазични пречки. Вешто пренесувајќи ги емоциите и атмосферата, преводот му овозможува на читателот да доживее искуство слично на она што го нуди оригиналот. Како последица на тоа, преводот на „Интимен живот“ предизвикува и големо читателско задоволство - стои во образложението на жири-комисијата.
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951-2022) – писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Целта на наградата е да ја стимулира преведувачката дејност и да го подигне квалитетот на преведените дела во македонската култура. Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Романот на германски јазик го објави издавачката куќа „Гуголц“ од Берлин. [caption id="attachment_821795" align="alignnone" width="730"] Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски[/caption]
Ќе се согласиме сите дека преведувањето на романот „Пиреј“ на кој било странски јазик претставува исклучително голем преведувачки предизвик, со кој се соочил и овогодинешниот добитник на наградата „Драги“, Бенјамин Лангер. Очигледно е дека за овој голем преведувачки проект тој не само што поседува одлични и изнијансирани познавања на македонскиот јазик, туку и дека темелно ги проучил историскиот и книжевниот контекст, јазичните специфи на руралниот, архаичен живописен македонски говор, а за културолошки конотираните македонските лексеми понудил креативни германски еквиваленти. Би сакале да напоменеме и дека внимателниот читател на овој германски превод на Лангер може да го наслушне тоа што во поновите транслатолошки студии се нарекува „глас на транслаторот“, кој во овој случај, маестрално посредува и ги премостува јазичните и културолошките бариери помеѓу двете култури: германската и македонската - стои во образложението на жири-комисијата.
Лангер е голем познавач на македонските јазик и литература. Студирал германистика и историја на уметност во Бамберг и Будимпешта, а од 2005 до 2009 предавал на Катедрата за германски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преку преведувачката работа ја приближил македонската книжевност до германската читателска публика, што ги вклучува делата на Гоце Смилевски, Бранко Цветкоски, Дејан Трајкоски, Румена Бужаровска, Влада Урошевиќ и Петре М. Андреевски.

The post Анастасија Ѓурчинова добитничка на наградата „Драги“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на книга од Анастасија Ѓурчинова во Градската библиотека во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kniga-od-anastasija-gurchinova-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Tue, 24 Oct 2023 08:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=694404

Утре (среда, 25 октомври) во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Транскултурни разногласија: Избрани критики и есеи“ од Анастасија Ѓурчинова. За книгата ќе говори Лидија Капушевска-Дракулевска, а модератор ќе биде Александра Јуруковска.

„Транскултурни разногласија“ (издание на МИ-АН) е критичко-есеистичко дело со текстови чија проблематиката е поврзана со книжевната рецепција и интерпретација, традуктологијата, идентитетот, егзилот, границите и слично, а Ѓурчинова ги пишувала последниве десетина години.
-Авторката е особено насочена кон истражување на споредбени релации, главно во однос на македонско-италијанските книжевни врски, кои ги разгледува низ призма на меѓусебното преведување, афирмација и попродлабочено книжевно разбирање. Овој широк дијапазон на интереси навистина резултира со впечатокот за полихромија или разнобојност на тематски и методолошки план, бидејќи авторката на овие есеи и критики со леснотија се движи низ книжевните меридијани, поткрепена со актуелните сознанија на компаратистиката, културологијата и книжевната херменевтика – ќе забележи Лорета Георгиевска-Јаковлева.

Анастасија Ѓурчинова е книжевна критичарка, есеистка и преведувачка. Работи како професорка на Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ - Скопје. Нејзини полиња на интерес се италијанистиката, компаратистиката, преведувачките студии и интеркултурните студии. Авторка е на книгите: Калвино и сказната, 2000; Италијанската книжевност во Македонија, 2001; Прличев и Ариосто или за смеата и меланхолијата, 2002; Контексти: студии на споредбени теми, 2006; Италијанската книжевност од XIII до XVI век (коавтор), 2007 [2011]; Медитерански синестезии: избрани студии и есеи, 2013. Составувач е на две книжевни антологии: Тајна игра, антологија на италијанскиот расказ на 20 век, Скопје 1996; Macedonia: la letteratura del sogno, antologia della nuova letteratura macedone, Nardò 2012. Преведува од италијански на македонски јазик, а за својата преведувачка дејност двапати ја добила наградата „Златно перо“, доделена од Друштвото на книжевни преведувачи на Македонија, како и Националната награда за преведувачки опус и афирмација на италијанската литература во странство, доделена од Министерството за култура на Република Италија.
Промоцијата на книгата „Транскултурни разногласија“ е дел од богатата програма на Град Скопје – Европска престолнина на културата за 2028 година.

The post Промоција на книга од Анастасија Ѓурчинова во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

Утре (среда, 25 октомври) во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Транскултурни разногласија: Избрани критики и есеи“ од Анастасија Ѓурчинова. За книгата ќе говори Лидија Капушевска-Дракулевска, а модератор ќе биде Александра Јуруковска.
„Транскултурни разногласија“ (издание на МИ-АН) е критичко-есеистичко дело со текстови чија проблематиката е поврзана со книжевната рецепција и интерпретација, традуктологијата, идентитетот, егзилот, границите и слично, а Ѓурчинова ги пишувала последниве десетина години. -Авторката е особено насочена кон истражување на споредбени релации, главно во однос на македонско-италијанските книжевни врски, кои ги разгледува низ призма на меѓусебното преведување, афирмација и попродлабочено книжевно разбирање. Овој широк дијапазон на интереси навистина резултира со впечатокот за полихромија или разнобојност на тематски и методолошки план, бидејќи авторката на овие есеи и критики со леснотија се движи низ книжевните меридијани, поткрепена со актуелните сознанија на компаратистиката, културологијата и книжевната херменевтика – ќе забележи Лорета Георгиевска-Јаковлева.
Анастасија Ѓурчинова е книжевна критичарка, есеистка и преведувачка. Работи како професорка на Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ - Скопје. Нејзини полиња на интерес се италијанистиката, компаратистиката, преведувачките студии и интеркултурните студии. Авторка е на книгите: Калвино и сказната, 2000; Италијанската книжевност во Македонија, 2001; Прличев и Ариосто или за смеата и меланхолијата, 2002; Контексти: студии на споредбени теми, 2006; Италијанската книжевност од XIII до XVI век (коавтор), 2007 [2011]; Медитерански синестезии: избрани студии и есеи, 2013. Составувач е на две книжевни антологии: Тајна игра, антологија на италијанскиот расказ на 20 век, Скопје 1996; Macedonia: la letteratura del sogno, antologia della nuova letteratura macedone, Nardò 2012. Преведува од италијански на македонски јазик, а за својата преведувачка дејност двапати ја добила наградата „Златно перо“, доделена од Друштвото на книжевни преведувачи на Македонија, како и Националната награда за преведувачки опус и афирмација на италијанската литература во странство, доделена од Министерството за култура на Република Италија. Промоцијата на книгата „Транскултурни разногласија“ е дел од богатата програма на Град Скопје – Европска престолнина на културата за 2028 година.

The post Промоција на книга од Анастасија Ѓурчинова во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>