аналитика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/analitika/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 14:06:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аналитика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/analitika/ 32 32 50 отсто од средношколците се жртви на сајбер насилство, а половина од нив поради страв не го пријавуваат, покажа истражувањето на „Аналитика“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/50-otsto-od-srednoshkoltsite-se-zhrtvi-na-sajber-nasilstvo-a-polovina-od-niv-poradi-strav-ne-go-prijavuvaat-pokazha-istrazhuvaneto-na-analitika/ Thu, 29 Feb 2024 14:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=749677

Сајбер насилството погодува 50 отсто од средношколците во Македонија, а половина од нив поради страв не го пријавуваат, покажа истражувањето на „Аналитика“ тинк-тенк.

Под работниот наслов „Дигитализацијата и сајбер безбедноста, сегашноста и иднината на учениците" денеска Аналитика тинк-тенк ги презентираше резултатите од анализата за состојбата со сајбер безбедноста во образовниот систем во Македонија.

Тамара Мијовиќ Спасова, извршен директор на „Аналитика“ го отвори денешниот настан потенцирајќи дека социјалниот живот на младите е префрлен на социјалните мрежи, но тие во голема мера не се свесни за ризиците на интернет како cajбер булингот, споделување на приватни податоци, како и дека еднаш објавена содржина на интернет останува засекогаш во сајбер просторот.

[caption id="attachment_749689" align="alignnone" width="2560"] фото: Аналитика[/caption]

Маја Христовска од „Аналитика“ ги презентираше резултатите од истражувањето.

Сајбер насилството погодува 50% од средношколците во Македонија, додека 39,1% од анкетираните се соочиле со сајбер насилство повеќе од двапати. Најголем дел од учениците односно 65,5% се изјаснуваат дека имаат потреба од доедукација за сајбер безбедност, бидејќи сметаат дека немаат доволно знаење за заштита од хакерски напади и пробивање на личните податоци. Загрижувачки 28,5% од оние кои се соочиле со сајбер насилство не го пријавиле, што укажува на распространет страв меѓу жртвите“, вели Христовска.

Според Спасова, ваква реалност, станува императив учениците да ги опремиме со знаење и вештини за безбедна навигација низ дигиталниот свет.

„Проектот за сајбер булинг е посебен пред се поради фактот што преку него директно се обучија 50 ученици и 15 професори со техники и вештини за безбедно користење на интернетот и другите дигитални технологии како и за спроведување на иновативни програми во училиштата фокусирани на сајбер безбедноста на младите. Ваквиот пристап на директна комуникација и едукација на сите чинители во образовниот процес се покажа како многу ефективен.

Затоа за училиштата поддршката од градоначалниците и нивните иницијативи кои се насочени кон борбата против сајбер насилството е клучна за заштита на нашата младина. Ако сакаме да постигнеме вистински напредок во ова, од суштинско значење се континуираните работилници, обуки за препознавање и заштита од сајбер нападите, изјави Спасова.

Меѓуврсничкото насилство започнува уште во основните училишта. Затоа „Аналитика“ публикуваше прирачник за сајбер безбедност наменет за наставниот кадар, учениците и родителите како и мобилна апликација со едукативен и информативен карактер од областа на сајбер безбедноста која е веќе поставена на Play Store. Локалните самоуправи се неминовна алка во целиот процес на заштита од сајбер булинг.

Градоначалникот на Општина Центар и директорот на ООУ „Браќа Рамиз“ од Шуто Оризари зборуваа што се презема во основните училишта во овие општини со цел да се заштитат децата од оваа појава.

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар смета дека овие појави бараат сериозен пристап од повеќе страни но најпрво од дома и стручните соработници во училиштата.

Борбата со булингот мора да биде заедничка и единствено како таква ќе се намали и спречи. Во сите осум наши училишта особено изминатата година имавме навистина многу работилници, обуки и предавања од психолози, педагози, претставници од Министерството за образование и наука, УНИЦЕФ и неколку невладини организации со цел учениците да го препознаат булингот, а наставниците и стручниот кадар да научат како да постапат за да го спречат“, изјави Герасимовски.

Алвин Салимовски, директор на ООУ „Браќа Рамиз“ потенцираше дека бројките од истражувањето кое го направи „Аналитика“ тинк тенк се разочарувачки и затоа заштитата на учениците од потенцијалните ризици е исклучително важна.

Од обуките кои се реализираа во нашето училиште се забележува дека учениците и не се толку не информирани, обучувачите практично работеа директно на нивните мобилни телефони и им кажаа какви заштита треба да стават и беа изненадени дел од ученците веќе имаат заштита. Но сепак недостасува континуирана обука не само за учениците туку и на наставници за препознавање на сајбер безбедноста“, рече Салимовски.

Емилија Петрушевска, педагог во ООУ „Шаип Јусуф“, смета дека наставниот кадар има потреба од континуирани обуки но и од надворешни стручни лица кои ќе допринесат во постојното усовршување на наставниците.

Во рамки на настанот се одржа форум Театар со учество на учениците од училиштата учесници во проектот. Истражувањето кое го презентираше Аналитика беше спроведено во август минатата година на репрезентативен примерок од 313 ученици од три училишта во град Скопје.

Проектот е поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија и има за цел да ја процени примената на механизми и методи за сајбер безбедност кај младите и да идентификува колку учениците се информирани за опасностите кои постојат на сајбер просторот.

The post 50 отсто од средношколците се жртви на сајбер насилство, а половина од нив поради страв не го пријавуваат, покажа истражувањето на „Аналитика“ appeared first on Република.

]]>

Сајбер насилството погодува 50 отсто од средношколците во Македонија, а половина од нив поради страв не го пријавуваат, покажа истражувањето на „Аналитика“ тинк-тенк. Под работниот наслов „Дигитализацијата и сајбер безбедноста, сегашноста и иднината на учениците" денеска Аналитика тинк-тенк ги презентираше резултатите од анализата за состојбата со сајбер безбедноста во образовниот систем во Македонија. Тамара Мијовиќ Спасова, извршен директор на „Аналитика“ го отвори денешниот настан потенцирајќи дека социјалниот живот на младите е префрлен на социјалните мрежи, но тие во голема мера не се свесни за ризиците на интернет како cajбер булингот, споделување на приватни податоци, како и дека еднаш објавена содржина на интернет останува засекогаш во сајбер просторот. [caption id="attachment_749689" align="alignnone" width="2560"] фото: Аналитика[/caption] Маја Христовска од „Аналитика“ ги презентираше резултатите од истражувањето.
Сајбер насилството погодува 50% од средношколците во Македонија, додека 39,1% од анкетираните се соочиле со сајбер насилство повеќе од двапати. Најголем дел од учениците односно 65,5% се изјаснуваат дека имаат потреба од доедукација за сајбер безбедност, бидејќи сметаат дека немаат доволно знаење за заштита од хакерски напади и пробивање на личните податоци. Загрижувачки 28,5% од оние кои се соочиле со сајбер насилство не го пријавиле, што укажува на распространет страв меѓу жртвите“, вели Христовска.
Според Спасова, ваква реалност, станува императив учениците да ги опремиме со знаење и вештини за безбедна навигација низ дигиталниот свет. „Проектот за сајбер булинг е посебен пред се поради фактот што преку него директно се обучија 50 ученици и 15 професори со техники и вештини за безбедно користење на интернетот и другите дигитални технологии како и за спроведување на иновативни програми во училиштата фокусирани на сајбер безбедноста на младите. Ваквиот пристап на директна комуникација и едукација на сите чинители во образовниот процес се покажа како многу ефективен.
Затоа за училиштата поддршката од градоначалниците и нивните иницијативи кои се насочени кон борбата против сајбер насилството е клучна за заштита на нашата младина. Ако сакаме да постигнеме вистински напредок во ова, од суштинско значење се континуираните работилници, обуки за препознавање и заштита од сајбер нападите, изјави Спасова.
Меѓуврсничкото насилство започнува уште во основните училишта. Затоа „Аналитика“ публикуваше прирачник за сајбер безбедност наменет за наставниот кадар, учениците и родителите како и мобилна апликација со едукативен и информативен карактер од областа на сајбер безбедноста која е веќе поставена на Play Store. Локалните самоуправи се неминовна алка во целиот процес на заштита од сајбер булинг. Градоначалникот на Општина Центар и директорот на ООУ „Браќа Рамиз“ од Шуто Оризари зборуваа што се презема во основните училишта во овие општини со цел да се заштитат децата од оваа појава. Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар смета дека овие појави бараат сериозен пристап од повеќе страни но најпрво од дома и стручните соработници во училиштата.
Борбата со булингот мора да биде заедничка и единствено како таква ќе се намали и спречи. Во сите осум наши училишта особено изминатата година имавме навистина многу работилници, обуки и предавања од психолози, педагози, претставници од Министерството за образование и наука, УНИЦЕФ и неколку невладини организации со цел учениците да го препознаат булингот, а наставниците и стручниот кадар да научат како да постапат за да го спречат“, изјави Герасимовски.
Алвин Салимовски, директор на ООУ „Браќа Рамиз“ потенцираше дека бројките од истражувањето кое го направи „Аналитика“ тинк тенк се разочарувачки и затоа заштитата на учениците од потенцијалните ризици е исклучително важна.
Од обуките кои се реализираа во нашето училиште се забележува дека учениците и не се толку не информирани, обучувачите практично работеа директно на нивните мобилни телефони и им кажаа какви заштита треба да стават и беа изненадени дел од ученците веќе имаат заштита. Но сепак недостасува континуирана обука не само за учениците туку и на наставници за препознавање на сајбер безбедноста“, рече Салимовски.
Емилија Петрушевска, педагог во ООУ „Шаип Јусуф“, смета дека наставниот кадар има потреба од континуирани обуки но и од надворешни стручни лица кои ќе допринесат во постојното усовршување на наставниците. Во рамки на настанот се одржа форум Театар со учество на учениците од училиштата учесници во проектот. Истражувањето кое го презентираше Аналитика беше спроведено во август минатата година на репрезентативен примерок од 313 ученици од три училишта во град Скопје. Проектот е поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија и има за цел да ја процени примената на механизми и методи за сајбер безбедност кај младите и да идентификува колку учениците се информирани за опасностите кои постојат на сајбер просторот.

The post 50 отсто од средношколците се жртви на сајбер насилство, а половина од нив поради страв не го пријавуваат, покажа истражувањето на „Аналитика“ appeared first on Република.

]]>
Неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето, бидејќи Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/neophodno-e-drzhavata-da-najde-instrument-koj-destimulativno-ke-vlijae-vrz-pusheneto-bidejki-makedonija-e-edna-od-prvite-10-drzhavi-vo-svetot-po-ispusheni-tsigari-po-pushach/ Wed, 27 Dec 2023 12:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=727093

Неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето, бидејќи Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, сметаат од „Аналитика“ Тинк-тенк.

Статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%. Високи 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години. Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење.

По однос на вчерашната изјава на министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со претстојните строги мерки против пушењето што треба да се спроведат во 2024 година, Аналитика тинк тенк има конкретен став кој веќе подолго време јасно го искажува во јавноста. Аналитика, која активно се занимава со истражување и застапување поврзани со контролата на тутунот, оваа изјава ја оценува како значаен чекор кон заштита на јавното здравје во Македонија, велат од невладината организација.

„Аналитика“ неодамна презентираше две критички анализи за даноците за тутун и започнување со пушење кај младите, и резултатите покажаа дека високи 48,40% од македонските граѓани се најголеми конзуматори на тутунот во споредба со жителите од Југоисточна Европа каде просекот на пушење е 22,30%. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста. Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето.

Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“

Тука сакаме да ја поддржиме посветеноста на Министерството за здравтвсо за усогласување со препораките на Светската здравствена организација (СЗО). Овие препораки вклучуваат ограничувања за пушење на јавни места, повисоки даноци за тутун, сеопфатна забрана за рекламирање и засилени ограничувања за продажба на тутун на малолетни лица.
Како застапници за политики засновани на докази, веруваме дека усогласувањето со препораките на СЗО е клучен чекор кон спречување на епидемијата на тутун во нашата земја. Го повикуваме Министерството да се погрижи претстојните мерки да бидат сеопфатни, да ги опфаќаат сите аспекти на контролата на тутунот и активно да ги вклучуваат релевантните засегнати страни, велат од „Аналитика“.

 

The post Неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето, бидејќи Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач appeared first on Република.

]]>

Неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето, бидејќи Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, сметаат од „Аналитика“ Тинк-тенк. Статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%. Високи 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години. Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење.
По однос на вчерашната изјава на министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со претстојните строги мерки против пушењето што треба да се спроведат во 2024 година, Аналитика тинк тенк има конкретен став кој веќе подолго време јасно го искажува во јавноста. Аналитика, која активно се занимава со истражување и застапување поврзани со контролата на тутунот, оваа изјава ја оценува како значаен чекор кон заштита на јавното здравје во Македонија, велат од невладината организација.
„Аналитика“ неодамна презентираше две критички анализи за даноците за тутун и започнување со пушење кај младите, и резултатите покажаа дека високи 48,40% од македонските граѓани се најголеми конзуматори на тутунот во споредба со жителите од Југоисточна Европа каде просекот на пушење е 22,30%. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста. Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето. Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“
Тука сакаме да ја поддржиме посветеноста на Министерството за здравтвсо за усогласување со препораките на Светската здравствена организација (СЗО). Овие препораки вклучуваат ограничувања за пушење на јавни места, повисоки даноци за тутун, сеопфатна забрана за рекламирање и засилени ограничувања за продажба на тутун на малолетни лица. Како застапници за политики засновани на докази, веруваме дека усогласувањето со препораките на СЗО е клучен чекор кон спречување на епидемијата на тутун во нашата земја. Го повикуваме Министерството да се погрижи претстојните мерки да бидат сеопфатни, да ги опфаќаат сите аспекти на контролата на тутунот и активно да ги вклучуваат релевантните засегнати страни, велат од „Аналитика“.
 

The post Неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето, бидејќи Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач appeared first on Република.

]]>
Панел дискусија на „Аналитика”: Енергетската сиромаштија во Македонија е комплексен проблем https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/panel-diskusija-na-analitika-energetskata-siromashtija-vo-makedonija-e-kompleksen-problem/ Wed, 30 Aug 2023 12:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=677299

Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Презентација на Прирачник за разбирање и постапување со енергетска сиромаштија во Македонија, јасно укажа дека енергетската сиромаштија во Македонија е комплексен проблем. Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека енергетската сиромаштија треба да биде централен фокус за време на нашата енергетска транзиција.

Прирачникот беше изработен во рамки на проектот „Енергетска сиромаштија на агендата”, финансиран од здружение Еко Свест а имплементиран од Аналитика тинк тенк. Автор на прирачникот е др Ана Стојиловска од Аналитика која истакна дека еден од најголемите предизвици со кои енергетски ранливите граѓани се соочуваат кој е истовремено и проблем на голем дел на оние кои не се енергетски ранливи, е покривањето на непредвидени трошоци, што укажува дека граѓаните немаат доволно финансиски заштеди кои би ги инвестирале во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Енергетската сиромаштија не е само неможност да се платат сметките за енергија, туку треба да се смета за дел од потребата да се гарантира задоволување на сите основи потреби во домот – за греење, ладење, превоз, комуникации и сл. Ова а важно бидејќи скриена енергетска сиромаштија е кога граѓаните им да даваат предност на плаќањето на сметките за електрична енергија и греење, но за да го постигнат тоа намалуваат трошоци за други основни потреби, како превоз, храна и сл.

Маријана Лончар Велкова, претседателка на Организацијата на потрошувачи на Македонија, истакна дека потребно е да се делува за да не го понесат граѓаните најтешкиот товар од инфлацијата. Таа апелира дека се потребни подобро осмислени владини мерки за ограничување на цените, за сите да може да се прехранат. Лончар потенцираше дека направиле истражување за задоволството на граѓаните од водните услуги и јавно осветлување, при што 37% од граѓаните се незадоволни од наплатата на вода, 62% не се задовлони од испораката на електрична енергија заради фаактот што без изгаснати светлата низ повеќето општини, а граѓаните секако плаќаат струја. Граѓаните искажале незадоволство и од јавниот превоз, и немаат доверба дека нешто конкретно ќе се превземе и реши. 60% од испитаниците се неадоволни од испорака на услуги од јавните препријатија. Потребно е точно дефинирање на јавните услуги за да се обезбеди подобра услуга.

Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија истакна дека има постојана некознстистеност и некоординираност на политиките во оваа област. Таа истакна дека социјлните политики заостанаа позади еколошките политики. Ако теоретски енегетска сиромаштија е мултидимензионална, локализирана е во локалните политики и така поуспешно може да детектира енергетско сирошашн граѓани. Локалната заедница е важна во целиот овој проблем за намалување на енергетската сиромаштија. Мора да имаме политики кои ќе превенираат сиромаштија и да се надминат предизвците кои доведуваат до намалување на приходите.

Сања Трпковска од Цепросард потенцираше дека енергетската ефикаснот влијае за намалување на енергетска сиромаштија, но иста не е доволна сама по себе. Мора да имаме енергетско ефикасни домови, но сиромашните луѓе тоа не можат да си го дозволат. Понудените мерки во облик на субвенции не се доволни за справување со овој проблем, посебно заради фактот што секогаш сиромашните граѓани заостануваат при ефикасно користење на овие мерки.
Владимир Стојановски од Здружение на граѓани за подршка на шумарството и животната средина ТРИФОР – Скопје потенцираше итноста од подигнување на јавната свест за важноста на екосистемските услуги, нивно зачувување и унапредување. Истакна дека во моментов има нов закон а шуми, каде се дава посебен акцент на сиромашните

Прирачникот кој го изработи Аналитика е наменет за широка група на чинители во Македонија кои работат на енергетски, социјални, еколошки, здравствени, родови, климатски и сродни прашања за да се информираат за повеќедимензионалните аспекти на енергетската сиромаштија која засега се поголем број на граѓани особено како резултат на енергетската криза и зголемување на цените на енергенсите. Прирачникот илустрира повеќе аспекти на енергетската сиромаштија и нуди 28 препораки.

Енергетската сиромаштија во Македонија е комплексен проблем кој се јавува како резултат на ниските приходи, но и ниската енергетска ефикасност на становите, високите цени на енергенсите и недостатокот на систематска поддршка за справување со овој предизвик.

 

The post Панел дискусија на „Аналитика”: Енергетската сиромаштија во Македонија е комплексен проблем appeared first on Република.

]]>

Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Презентација на Прирачник за разбирање и постапување со енергетска сиромаштија во Македонија, јасно укажа дека енергетската сиромаштија во Македонија е комплексен проблем. Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека енергетската сиромаштија треба да биде централен фокус за време на нашата енергетска транзиција. Прирачникот беше изработен во рамки на проектот „Енергетска сиромаштија на агендата”, финансиран од здружение Еко Свест а имплементиран од Аналитика тинк тенк. Автор на прирачникот е др Ана Стојиловска од Аналитика која истакна дека еден од најголемите предизвици со кои енергетски ранливите граѓани се соочуваат кој е истовремено и проблем на голем дел на оние кои не се енергетски ранливи, е покривањето на непредвидени трошоци, што укажува дека граѓаните немаат доволно финансиски заштеди кои би ги инвестирале во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Енергетската сиромаштија не е само неможност да се платат сметките за енергија, туку треба да се смета за дел од потребата да се гарантира задоволување на сите основи потреби во домот – за греење, ладење, превоз, комуникации и сл. Ова а важно бидејќи скриена енергетска сиромаштија е кога граѓаните им да даваат предност на плаќањето на сметките за електрична енергија и греење, но за да го постигнат тоа намалуваат трошоци за други основни потреби, како превоз, храна и сл. Маријана Лончар Велкова, претседателка на Организацијата на потрошувачи на Македонија, истакна дека потребно е да се делува за да не го понесат граѓаните најтешкиот товар од инфлацијата. Таа апелира дека се потребни подобро осмислени владини мерки за ограничување на цените, за сите да може да се прехранат. Лончар потенцираше дека направиле истражување за задоволството на граѓаните од водните услуги и јавно осветлување, при што 37% од граѓаните се незадоволни од наплатата на вода, 62% не се задовлони од испораката на електрична енергија заради фаактот што без изгаснати светлата низ повеќето општини, а граѓаните секако плаќаат струја. Граѓаните искажале незадоволство и од јавниот превоз, и немаат доверба дека нешто конкретно ќе се превземе и реши. 60% од испитаниците се неадоволни од испорака на услуги од јавните препријатија. Потребно е точно дефинирање на јавните услуги за да се обезбеди подобра услуга. Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија истакна дека има постојана некознстистеност и некоординираност на политиките во оваа област. Таа истакна дека социјлните политики заостанаа позади еколошките политики. Ако теоретски енегетска сиромаштија е мултидимензионална, локализирана е во локалните политики и така поуспешно може да детектира енергетско сирошашн граѓани. Локалната заедница е важна во целиот овој проблем за намалување на енергетската сиромаштија. Мора да имаме политики кои ќе превенираат сиромаштија и да се надминат предизвците кои доведуваат до намалување на приходите. Сања Трпковска од Цепросард потенцираше дека енергетската ефикаснот влијае за намалување на енергетска сиромаштија, но иста не е доволна сама по себе. Мора да имаме енергетско ефикасни домови, но сиромашните луѓе тоа не можат да си го дозволат. Понудените мерки во облик на субвенции не се доволни за справување со овој проблем, посебно заради фактот што секогаш сиромашните граѓани заостануваат при ефикасно користење на овие мерки. Владимир Стојановски од Здружение на граѓани за подршка на шумарството и животната средина ТРИФОР – Скопје потенцираше итноста од подигнување на јавната свест за важноста на екосистемските услуги, нивно зачувување и унапредување. Истакна дека во моментов има нов закон а шуми, каде се дава посебен акцент на сиромашните Прирачникот кој го изработи Аналитика е наменет за широка група на чинители во Македонија кои работат на енергетски, социјални, еколошки, здравствени, родови, климатски и сродни прашања за да се информираат за повеќедимензионалните аспекти на енергетската сиромаштија која засега се поголем број на граѓани особено како резултат на енергетската криза и зголемување на цените на енергенсите. Прирачникот илустрира повеќе аспекти на енергетската сиромаштија и нуди 28 препораки. Енергетската сиромаштија во Македонија е комплексен проблем кој се јавува како резултат на ниските приходи, но и ниската енергетска ефикасност на становите, високите цени на енергенсите и недостатокот на систематска поддршка за справување со овој предизвик.  

The post Панел дискусија на „Аналитика”: Енергетската сиромаштија во Македонија е комплексен проблем appeared first on Република.

]]>