аналена бербок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/analena-berbok/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 19:26:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аналена бербок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/analena-berbok/ 32 32 Бербок за налогот за апсење на Нетанјаху: Никој не е над законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berbok-za-nalogot-za-apsene-na-netanjahu-nikoj-ne-e-nad-zakonot/ Mon, 25 Nov 2024 19:26:01 +0000 https://republika.mk/?p=841690

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху може да се соочи со апсење доколку отпатува во Германија, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

Германската влада го почитува законот, бидејќи никој не е над законот, рече Бербок на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Фиуџи, Италија.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна разрешениот израелски министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Државите членки на МКС, во кои спаѓа и Германија, се обврзани да ги извршат налозите за апсење издадени од судот.

The post Бербок за налогот за апсење на Нетанјаху: Никој не е над законот appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху може да се соочи со апсење доколку отпатува во Германија, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок. Германската влада го почитува законот, бидејќи никој не е над законот, рече Бербок на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Фиуџи, Италија. Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна разрешениот израелски министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа. Државите членки на МКС, во кои спаѓа и Германија, се обврзани да ги извршат налозите за апсење издадени од судот.

The post Бербок за налогот за апсење на Нетанјаху: Никој не е над законот appeared first on Република.

]]>
Ако падне Украина, оваа земја е следна: Злокобно предупредување на шефицата на германската дипломатија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ako-padne-ukraina-ovaa-zemja-e-sledna-zlokobno-predupreduvane-na-shefitsata-na-germanskata-diplomatija/ Tue, 17 Sep 2024 12:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=817118

Поддршката за Украина го гарантира опстанокот на соседна Молдавија, изјави денеска шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, на конференцијата на која се разговара за загриженоста за активностите на Русија во регионот.

Се што правиме за да ја поддржиме Украина значи и поттикнување на стабилизација во однос на Молдавија. Јасно е дека најголемата грижа на луѓето овде е дека доколку Украина падне, Молдавија е следната, рече Бербок.

Германската министерка за надворешни работи пристигна во посета на Кишињев на министерскиот состанок на Молдавската платформа за партнерство, заедно со сојузниците од Франција и Романија.

Германија, еден од главните воени поддржувачи на Киев во Европа, ја лансираше платформата откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, прикажувајќи ја како дел од пошироките напори за стабилизирање на економијата на Молдавија и заштита од руски дезинформации.

Молдавската претседателка Маја Санду рече дека земјата сè уште се соочува со сериозни предизвици и ги повика партнерите да ја зголемат својата поддршка.

Руската војна против Украина, на која бевме сведоци уште од првиот ден, нанесе огромна штета на нашата економија. Неизвесноста предизвикана од војната сè уште сериозно го кочи нашиот економски развој и ќе го попречува се додека војната трае, рече Санду.

The post Ако падне Украина, оваа земја е следна: Злокобно предупредување на шефицата на германската дипломатија appeared first on Република.

]]>

Поддршката за Украина го гарантира опстанокот на соседна Молдавија, изјави денеска шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, на конференцијата на која се разговара за загриженоста за активностите на Русија во регионот. Се што правиме за да ја поддржиме Украина значи и поттикнување на стабилизација во однос на Молдавија. Јасно е дека најголемата грижа на луѓето овде е дека доколку Украина падне, Молдавија е следната, рече Бербок. Германската министерка за надворешни работи пристигна во посета на Кишињев на министерскиот состанок на Молдавската платформа за партнерство, заедно со сојузниците од Франција и Романија. Германија, еден од главните воени поддржувачи на Киев во Европа, ја лансираше платформата откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, прикажувајќи ја како дел од пошироките напори за стабилизирање на економијата на Молдавија и заштита од руски дезинформации. Молдавската претседателка Маја Санду рече дека земјата сè уште се соочува со сериозни предизвици и ги повика партнерите да ја зголемат својата поддршка. Руската војна против Украина, на која бевме сведоци уште од првиот ден, нанесе огромна штета на нашата економија. Неизвесноста предизвикана од војната сè уште сериозно го кочи нашиот економски развој и ќе го попречува се додека војната трае, рече Санду.

The post Ако падне Украина, оваа земја е следна: Злокобно предупредување на шефицата на германската дипломатија appeared first on Република.

]]>
Бербок: Русија повторно планира зимска војна во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berbok-rusija-povtorno-planira-zimska-vojna-vo-ukraina/ Tue, 17 Sep 2024 10:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=817082

Германија ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра помош за Украина оваа зима, објави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за време на нејзината посета на Молдавија.

- Русија повторно планира 'зимска војна', со цел да го направи животот на Украинците што е можно понеподнослив, изјави Бербок пред состанокот на министрите во Кишињев.

Русија изврши серија напади врз украинската енергетска инфраструктура, што предизвика долги прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои делови од земјата.

Во јуни, Киев ја истакна потребата од повеќе системи за противвоздушна одбрана за да се обезбеди обновување на енергетската инфраструктура и нејзино функционирање за време на зимата, кога побарувачката е најголема поради ниските температури

The post Бербок: Русија повторно планира зимска војна во Украина appeared first on Република.

]]>

Германија ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра помош за Украина оваа зима, објави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за време на нејзината посета на Молдавија.
- Русија повторно планира 'зимска војна', со цел да го направи животот на Украинците што е можно понеподнослив, изјави Бербок пред состанокот на министрите во Кишињев.
Русија изврши серија напади врз украинската енергетска инфраструктура, што предизвика долги прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои делови од земјата. Во јуни, Киев ја истакна потребата од повеќе системи за противвоздушна одбрана за да се обезбеди обновување на енергетската инфраструктура и нејзино функционирање за време на зимата, кога побарувачката е најголема поради ниските температури

The post Бербок: Русија повторно планира зимска војна во Украина appeared first on Република.

]]>
Унгарија ја откажа посетата на германската министерка за надворешни работи Бербок поради средбата Орбан-Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-ja-otkazha-posetata-na-germanskata-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-berbok-poradi-sredbata-orban-putin/ Sat, 06 Jul 2024 20:25:52 +0000 https://republika.mk/?p=794139

Oфицијална Будимпешта ја откажа  средбата на министрите за надворешни работи на Унгарија и Германија, Петер Сјарто и Аналена Бербок, која требаше да се одржи в понеделник во Будимпешта. Откажувањето во последен момент доаѓа откако германскиот канцелар Олаф Шолц и други лидери на ЕУ ја осудија посетата на Виктор Орбан на Москва, каде што тој вчера разговараше со Владимир Путин.

Бербок требаше да го покрене прашањето за патувањето на Орбан, но германското министерство за надворешни работи кажа дека  унгарската страна ја откажала средбата со Сјарто“.

The post Унгарија ја откажа посетата на германската министерка за надворешни работи Бербок поради средбата Орбан-Путин appeared first on Република.

]]>

Oфицијална Будимпешта ја откажа  средбата на министрите за надворешни работи на Унгарија и Германија, Петер Сјарто и Аналена Бербок, која требаше да се одржи в понеделник во Будимпешта. Откажувањето во последен момент доаѓа откако германскиот канцелар Олаф Шолц и други лидери на ЕУ ја осудија посетата на Виктор Орбан на Москва, каде што тој вчера разговараше со Владимир Путин.

Бербок требаше да го покрене прашањето за патувањето на Орбан, но германското министерство за надворешни работи кажа дека  унгарската страна ја откажала средбата со Сјарто“.

The post Унгарија ја откажа посетата на германската министерка за надворешни работи Бербок поради средбата Орбан-Путин appeared first on Република.

]]>
Дали Македонија е меѓу нив? Министерката за надворешни работи на Германија вршела притисок врз некои земји да гласаат за геноцид во Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dali-makedonija-e-megu-niv-miniterkata-za-nadvoreshni-raboti-na-germanija-vrshela-pritisok-vrz-nekoi-zemji-da-glasaat-za/ Wed, 22 May 2024 17:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=780918

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок упатила закани до одредени земји за да гласаат за резолуцијата за Сребреница, дознава „Политика“.

Ова е само уште еден во низата притисоци да се донесе резолуција во Генералното собрание на ОН со која настаните во Сребреница се дефинираат како геноцид и се наметнува колективна одговорност врз српскиот народ.

Главни спонзори на резолуцијата се Германија и Руанда.

Извор politika.rs

The post Дали Македонија е меѓу нив? Министерката за надворешни работи на Германија вршела притисок врз некои земји да гласаат за геноцид во Сребреница appeared first on Република.

]]>

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок упатила закани до одредени земји за да гласаат за резолуцијата за Сребреница, дознава „Политика“. Ова е само уште еден во низата притисоци да се донесе резолуција во Генералното собрание на ОН со која настаните во Сребреница се дефинираат како геноцид и се наметнува колективна одговорност врз српскиот народ. Главни спонзори на резолуцијата се Германија и Руанда. Извор politika.rs

The post Дали Македонија е меѓу нив? Министерката за надворешни работи на Германија вршела притисок врз некои земји да гласаат за геноцид во Сребреница appeared first on Република.

]]>
Бенјамин Нетанјаху ги загуби нервите – и се развикал на Бербок поради коментар за состојбата во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/benjamin-netanjahu-gi-zagubi-nervite-i-se-razvikal-na-berbok-poradi-komentar-za-sostojbata-vo-gaza/ Sun, 21 Apr 2024 10:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=768545

Израелскиот премиер значително го кренал гласот во комуникација со шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок. Причина за „неконтролирано агресивниот“ настап на Нетанјаху биле зборовите на германската министерка за гладот што владее ​​во Појасот Газа.

Како што пренесува израелскиот „Канал 13“, Бербок го поканила израелскиот премиер да ги погледне фотографиите на палестинските деца кои умираат од глад. Како одговор, Нетанјаху и одговорил да види фотографии од пазарите и плажите во енклавата, со што имплицирал дека таму има многу храна.

Бурбок рекла дека таквите слики не се вистинити, по што, Нетанјаху ги загубил нервите.

Ова не е како она што го исценираа нацистите! Ние не сме како нацистите, кои создаваа измислени слики на лажна реалност“, извикал Нетанјаху.

The post Бенјамин Нетанјаху ги загуби нервите – и се развикал на Бербок поради коментар за состојбата во Газа appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер значително го кренал гласот во комуникација со шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок. Причина за „неконтролирано агресивниот“ настап на Нетанјаху биле зборовите на германската министерка за гладот што владее ​​во Појасот Газа. Како што пренесува израелскиот „Канал 13“, Бербок го поканила израелскиот премиер да ги погледне фотографиите на палестинските деца кои умираат од глад. Како одговор, Нетанјаху и одговорил да види фотографии од пазарите и плажите во енклавата, со што имплицирал дека таму има многу храна. Бурбок рекла дека таквите слики не се вистинити, по што, Нетанјаху ги загубил нервите.
Ова не е како она што го исценираа нацистите! Ние не сме како нацистите, кои создаваа измислени слики на лажна реалност“, извикал Нетанјаху.

The post Бенјамин Нетанјаху ги загуби нервите – и се развикал на Бербок поради коментар за состојбата во Газа appeared first on Република.

]]>
Бербок по одобрувањето помош за Украина: Тоа е ден на доверба за Украина и за безбедноста на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berbok-po-odobruvaneto-pomosh-za-ukraina-toa-e-den-na-doverba-za-ukraina-i-za-bezbednosta-na-evropa/ Sun, 21 Apr 2024 07:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=768683

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок синоќа откако Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри пакетот помош за Украина, изјави дека тоа е „ден на доверба за Украина и за безбедноста на Европа“, јави ДПА.

„Надмината е голема пречка за американската помош за Украина. Срцата на најважните поддржувачи на Украина бијат како едно.
САД и Европа се заедно на страната на слободата и против „војната против тероризмот“ на рускиот претседател Владимир Путин“, напиша Бербок синоќа на социјалната мрежа Икс.

Претставничкиот дом синоќа го одобри предлог-законот со кој се обезбедува помош за Киев во вредност од околу 61 милијарда долари.

За да стапи на сила предлог-законот, неопходно е одобрение и од Сенатот, за кое се смета дека е загарантирано, забележува ДПА.

The post Бербок по одобрувањето помош за Украина: Тоа е ден на доверба за Украина и за безбедноста на Европа appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок синоќа откако Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри пакетот помош за Украина, изјави дека тоа е „ден на доверба за Украина и за безбедноста на Европа“, јави ДПА.
„Надмината е голема пречка за американската помош за Украина. Срцата на најважните поддржувачи на Украина бијат како едно. САД и Европа се заедно на страната на слободата и против „војната против тероризмот“ на рускиот претседател Владимир Путин“, напиша Бербок синоќа на социјалната мрежа Икс.
Претставничкиот дом синоќа го одобри предлог-законот со кој се обезбедува помош за Киев во вредност од околу 61 милијарда долари. За да стапи на сила предлог-законот, неопходно е одобрение и од Сенатот, за кое се смета дека е загарантирано, забележува ДПА.

The post Бербок по одобрувањето помош за Украина: Тоа е ден на доверба за Украина и за безбедноста на Европа appeared first on Република.

]]>
Бербок ја посети границата на Газа и се увери во потешкотиите за достава на хуманитарна помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berbok-ja-poseti-granitsata-na-gaza-i-se-uveri-vo-poteshkotiite-za-dostava-na-humanitarna-pomosh/ Tue, 26 Mar 2024 21:59:53 +0000 https://republika.mk/?p=759099

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок лично ја провери ситуацијата на граничниот премин Керем Шалом во јужен Израел во услови на ниско ниво на помош што стигнува до цивилното население во Појасот Газа, јави ДПА.

Бербок беше информирана од директорот на објектот за процесот со кој камионите натоварени со помош, вклучително и храна и лекови, се обработуваат во огромната област за регистрација, која е опкружена со високи бетонски ѕидови.

Хуманитарната ситуација во Газа е катастрофална и Палестинците во блокираната крајбрежна зона се соочуваат со недостиг од основни потреби како храна, вода и лекови. ОН предупредија на непосредна закана од глад и дека околу 1,1 милион луѓе во густо населениот Појас Газа се во очајна ситуација.

Граничниот премин „Керем Шалом“ се наоѓа во непосредна близина на египетската граница. Тој беше затворен по терористичкиот напад на палестинската екстремистичка организација „Хамас“ во Израел на 7 октомври, а повторно беше отворен за испорака на хуманитарна помош на 17 декември, потсетува ДПА.

Поради протестите на семејствата на жртвите и радикалните еврејски доселеници кои сакаат да спречат испорака на помош, областа околу границата беше прогласена за забранета воена зона кон крајот на јануари.

Секој ден се обработуваат во просек по 120 камиони со помош. Пред 7 октомври, околу 500 камиони дневно стигнуваа до Појасот Газа, а повеќе од 300 од нив минуваа низ Керем Шалом.

Камионите превезуваат помош од Светската програма за храна, Светската здравствена организација и организацијата за помош на децата Save the Children.

Бербок и нејзината делегација се првите странски гости на министерско ниво од 7 октомври кои од израелските власти добија пристап до Керен Шалом.

The post Бербок ја посети границата на Газа и се увери во потешкотиите за достава на хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок лично ја провери ситуацијата на граничниот премин Керем Шалом во јужен Израел во услови на ниско ниво на помош што стигнува до цивилното население во Појасот Газа, јави ДПА. Бербок беше информирана од директорот на објектот за процесот со кој камионите натоварени со помош, вклучително и храна и лекови, се обработуваат во огромната област за регистрација, која е опкружена со високи бетонски ѕидови. Хуманитарната ситуација во Газа е катастрофална и Палестинците во блокираната крајбрежна зона се соочуваат со недостиг од основни потреби како храна, вода и лекови. ОН предупредија на непосредна закана од глад и дека околу 1,1 милион луѓе во густо населениот Појас Газа се во очајна ситуација. Граничниот премин „Керем Шалом“ се наоѓа во непосредна близина на египетската граница. Тој беше затворен по терористичкиот напад на палестинската екстремистичка организација „Хамас“ во Израел на 7 октомври, а повторно беше отворен за испорака на хуманитарна помош на 17 декември, потсетува ДПА. Поради протестите на семејствата на жртвите и радикалните еврејски доселеници кои сакаат да спречат испорака на помош, областа околу границата беше прогласена за забранета воена зона кон крајот на јануари. Секој ден се обработуваат во просек по 120 камиони со помош. Пред 7 октомври, околу 500 камиони дневно стигнуваа до Појасот Газа, а повеќе од 300 од нив минуваа низ Керем Шалом. Камионите превезуваат помош од Светската програма за храна, Светската здравствена организација и организацијата за помош на децата Save the Children. Бербок и нејзината делегација се првите странски гости на министерско ниво од 7 октомври кои од израелските власти добија пристап до Керен Шалом.

The post Бербок ја посети границата на Газа и се увери во потешкотиите за достава на хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>
Германија прифаќа размена на ракети со долг дострел за нивно испраќање во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-prifaka-razmena-na-raketi-so-dolg-dostrel-za-nivno-isprakane-vo-ukraina/ Wed, 13 Mar 2024 10:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=754205

Германија дозволила размена на ракети со долг дострел со Велика Британија за понатамошно нивно пренесување во Украина, пишува германски „Шпигел

Според пишувањето, германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок е отворена за предлогот на нејзиниот британски колега Дејвид Камерон да и обезбеди на Украина ракети „Сторм шедоу“ како резултат на кружна размена, во која Лондон ќе ги прими германските ракети „Таурус“, а Киев британските ракети.

Како што велат новинарите, Бербока се согласува со оваа идеја и за неа смета дека „тоа би била можна опција“. Германија веќе прибегна кон слична размена со тенкови.

https://republika.mk/vesti/svet/bundestagot-go-odbi-baraneto-za-isporaka-na-krstosuvachki-raketi-taurus-vo-ukraina/

The post Германија прифаќа размена на ракети со долг дострел за нивно испраќање во Украина appeared first on Република.

]]>

Германија дозволила размена на ракети со долг дострел со Велика Британија за понатамошно нивно пренесување во Украина, пишува германски „Шпигел“ Според пишувањето, германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок е отворена за предлогот на нејзиниот британски колега Дејвид Камерон да и обезбеди на Украина ракети „Сторм шедоу“ како резултат на кружна размена, во која Лондон ќе ги прими германските ракети „Таурус“, а Киев британските ракети. Како што велат новинарите, Бербока се согласува со оваа идеја и за неа смета дека „тоа би била можна опција“. Германија веќе прибегна кон слична размена со тенкови. https://republika.mk/vesti/svet/bundestagot-go-odbi-baraneto-za-isporaka-na-krstosuvachki-raketi-taurus-vo-ukraina/

The post Германија прифаќа размена на ракети со долг дострел за нивно испраќање во Украина appeared first on Република.

]]>
Руски дрон ја преплаши Аналена Бeрбок при посетата на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-dron-ja-preplashi-analena-berbok-pri-posetata-na-ukraina/ Mon, 26 Feb 2024 07:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=748283

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, ја посети Украина, а дел од нејзините планови беа да ги посети постројките за прочистување на водата, изградени од Германија во областа Николаев.

Според германските изданија ЗДФ и Билд, руски дрон го следел конвојот на Бербок за време на неговиот пат.

На пат кон станицата, која се наоѓа на 50 километри од фронтот, руски извидувачки дрон се приближил до колоната возила. Обично неговото појавување е проследено со воздушен напад. Украинските членови на делегацијата имале аларм на паметните телефони, а возачите почнале да се обидуваат да побегнат од дронот. Но, тој летал зад колоната бркајќи ги. На крајот возилата успеале да побегнат и дронот одлетал“, пишува Билд.

Како резултат на случката, Бербок предвреме ја заврши посетата на Николаев.

The post Руски дрон ја преплаши Аналена Бeрбок при посетата на Украина appeared first on Република.

]]>

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, ја посети Украина, а дел од нејзините планови беа да ги посети постројките за прочистување на водата, изградени од Германија во областа Николаев. Според германските изданија ЗДФ и Билд, руски дрон го следел конвојот на Бербок за време на неговиот пат.
На пат кон станицата, која се наоѓа на 50 километри од фронтот, руски извидувачки дрон се приближил до колоната возила. Обично неговото појавување е проследено со воздушен напад. Украинските членови на делегацијата имале аларм на паметните телефони, а возачите почнале да се обидуваат да побегнат од дронот. Но, тој летал зад колоната бркајќи ги. На крајот возилата успеале да побегнат и дронот одлетал“, пишува Билд.
Како резултат на случката, Бербок предвреме ја заврши посетата на Николаев.

The post Руски дрон ја преплаши Аналена Бeрбок при посетата на Украина appeared first on Република.

]]>
Германската министерка за надворешни работи Бербок во посета на Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskata-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-berbok-vo-poseta-na-izrael/ Wed, 14 Feb 2024 09:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=743922

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска е во посета на Израел, петта по терористичкиот напад на милитантната исламистичка палестинска организација Хамас на 7 октомври, пренесува „Дојче веле“.

Бербок вчера (13.02) од Израел побара заштитни коридори за цивилите во Рафах. Пред заминувањето за Израел, германската министерка за надворешни аботи од милитантно исламистичкиот Хамас побара да не се барикадира зад цивилното население. „Хуманитарната ситуација во Газа секој час станува сѐ подраматична. Ако терористите на Хамас имаа трошка сочувство за палестинските жени, мажи и деца кои страдаат од борбите во Газа, веднаш би го оставиле оружјето. Наместо тоа, терористите продолжуваат да се вкопуваат зад цивилното население“.

Бербок истовремено предупреди дека Газа е пред колапс. Во Рафах, опоменува таа, на мал простор, во ужасни услови има 1,3 милиони луѓе и офанзива на израелската армија во вакви услови би довела до хуманитарна катастрофа. „Луѓето во Рафах не можат едноставно да исчезнат во воздух. Ним им се потребни безбедни места и безбедни коридори за да не влегуваат и натаму во вкрстен оган. Потребна им е хуманитарна помош. И, потребен им е прекин на огнот“, изјави Бербок.

Според нејзините најави, таа во Израел таа ќе разговара за тоа како може да се ублажат хуманитарните страдања во Газа и како истовремено да се ослободат заложниците. Во крајбрежната област итно треба да пристигне значително повеќе хуманитарна помош, за што се потребни и заштитни гаранции за организациите на ОН. Во исто време, станува збор за тоа како може да се зголеми меѓународниот притисок врз Хамас за тој конечно да го остави оружјето, соопшти Бербок. Судбината на Израелците и Палестинците се тесно испреплетени, бидејќи безбедноста на едниот значи безбедност на другиот, уверена е таа: „Ова може да функционира само со решение со две држави.“

The post Германската министерка за надворешни работи Бербок во посета на Израел appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска е во посета на Израел, петта по терористичкиот напад на милитантната исламистичка палестинска организација Хамас на 7 октомври, пренесува „Дојче веле“.

Бербок вчера (13.02) од Израел побара заштитни коридори за цивилите во Рафах. Пред заминувањето за Израел, германската министерка за надворешни аботи од милитантно исламистичкиот Хамас побара да не се барикадира зад цивилното население. „Хуманитарната ситуација во Газа секој час станува сѐ подраматична. Ако терористите на Хамас имаа трошка сочувство за палестинските жени, мажи и деца кои страдаат од борбите во Газа, веднаш би го оставиле оружјето. Наместо тоа, терористите продолжуваат да се вкопуваат зад цивилното население“. Бербок истовремено предупреди дека Газа е пред колапс. Во Рафах, опоменува таа, на мал простор, во ужасни услови има 1,3 милиони луѓе и офанзива на израелската армија во вакви услови би довела до хуманитарна катастрофа. „Луѓето во Рафах не можат едноставно да исчезнат во воздух. Ним им се потребни безбедни места и безбедни коридори за да не влегуваат и натаму во вкрстен оган. Потребна им е хуманитарна помош. И, потребен им е прекин на огнот“, изјави Бербок. Според нејзините најави, таа во Израел таа ќе разговара за тоа како може да се ублажат хуманитарните страдања во Газа и како истовремено да се ослободат заложниците. Во крајбрежната област итно треба да пристигне значително повеќе хуманитарна помош, за што се потребни и заштитни гаранции за организациите на ОН. Во исто време, станува збор за тоа како може да се зголеми меѓународниот притисок врз Хамас за тој конечно да го остави оружјето, соопшти Бербок. Судбината на Израелците и Палестинците се тесно испреплетени, бидејќи безбедноста на едниот значи безбедност на другиот, уверена е таа: „Ова може да функционира само со решение со две држави.“

The post Германската министерка за надворешни работи Бербок во посета на Израел appeared first on Република.

]]>
Аналена среде Скопје бараше да го смениме Уставот: Дедото на германската министерка Бербок бил нацистички војник https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/analena-srede-skopje-barashe-da-go-smenime-ustavot-dedoto-na-germanskata-ministerka-berbok-bil-natsistichki-vojnik/ Mon, 12 Feb 2024 16:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=743332

Неодамнешното откривање на нацистичкото минато на дедото на германската министерка за на надворешни работи Аналена Бербок, вклучително и неговата служба во Вермахт и добивањето на Крстот за воени заслуги во Блида, покрена прашања за нејзината посветеност на мирот и извозот на оружје.

Нејзиното дедо  е идентификуван како офицер на Вермахт и упорен националсоцијалист кој не само што го читал „Мајн Кампф“, туку и бил награден со највисокото воено одликување, Воениот крст заслуги со мечеви во 1944 година.

Воената кариера на Валдемар Бербок започна во 1937 година кога се приклучи на Вермахт. Според извештајот на Билд, неговата сесрдна посветеност на нацистичката кауза била наградена во 1944 година со Крст за воени заслуги со мечеви, чест што им се доделува на оние кои покажале исклучителна служба и пожртвуваност за време на војната.

И покрај минатото на нејзиното семејство, Аналена Бербок, истакната личност во германската Партија на зелените, беше цврст застапник за мир и разоружување. Манифестот на нејзината партија од 2021 година дури вети дека ќе го запре европскиот извоз на оружје во воените и кризните зони.

Одговарајќи на извештајот на Билд, Бербок објави соопштение во кое се тврди дека министерката за надворешни работи не знаела за содржината на документите во кои се наведени нацистичките здруженија на нејзиниот дедо.

 

The post Аналена среде Скопје бараше да го смениме Уставот: Дедото на германската министерка Бербок бил нацистички војник appeared first on Република.

]]>

Неодамнешното откривање на нацистичкото минато на дедото на германската министерка за на надворешни работи Аналена Бербок, вклучително и неговата служба во Вермахт и добивањето на Крстот за воени заслуги во Блида, покрена прашања за нејзината посветеност на мирот и извозот на оружје. Нејзиното дедо  е идентификуван како офицер на Вермахт и упорен националсоцијалист кој не само што го читал „Мајн Кампф“, туку и бил награден со највисокото воено одликување, Воениот крст заслуги со мечеви во 1944 година. Воената кариера на Валдемар Бербок започна во 1937 година кога се приклучи на Вермахт. Според извештајот на Билд, неговата сесрдна посветеност на нацистичката кауза била наградена во 1944 година со Крст за воени заслуги со мечеви, чест што им се доделува на оние кои покажале исклучителна служба и пожртвуваност за време на војната. И покрај минатото на нејзиното семејство, Аналена Бербок, истакната личност во германската Партија на зелените, беше цврст застапник за мир и разоружување. Манифестот на нејзината партија од 2021 година дури вети дека ќе го запре европскиот извоз на оружје во воените и кризните зони. Одговарајќи на извештајот на Билд, Бербок објави соопштение во кое се тврди дека министерката за надворешни работи не знаела за содржината на документите во кои се наведени нацистичките здруженија на нејзиниот дедо.  

The post Аналена среде Скопје бараше да го смениме Уставот: Дедото на германската министерка Бербок бил нацистички војник appeared first on Република.

]]>
Дедото на германската шефица на дипломатијата, Аналена Бербок, бил жесток нацист и офицер на Хитлер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dedoto-na-germanskata-shefitsa-na-diplomatijata-analena-berbok-bil-zhestok-natsist-i-ofitser-na-hitler/ Sat, 10 Feb 2024 11:41:28 +0000 https://republika.mk/?p=742440

Германскиот весник „Билд“ објави дека дедото на германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок бил „жсток нацист“.

Таблоидот објави документи во кои се споменува дедото на Бербок по име Валдемар. Во текстот се наведува дека тој бил офицер на Вермахтот, кој служел во противвоздушната одбрана и бил „целосно на страната на националсоцијализмот“.

Досието што го објавува „Билд“ содржи проценка дека полковникот Валдемар Бербок не само што бил офицер на Вермахтот, туку и жесток поддржувач на нацизмот. Се вели вели дека тој бил „безусловен националсоцијалист“, ја прочитал книгата на Хитлер „Мајн Кампф“ и „стоел целосно врз основа на националсоцијализмот“.

Исто така, во текстот се додава дека во 1944 година, на дедото на Бербок му бил доделен Хитлеров крст за воени заслуги.

Аналена Барбок, во своите јавни настапи, сака да зборува на комеморативни настани за нејзиниот дедо Валдемар (1913-2016) и поуките од неговиот воен живот.

Од германското МНР соопштија дека документите презентирани од „Билд“  „не и биле познати на министерката Бербок“.

The post Дедото на германската шефица на дипломатијата, Аналена Бербок, бил жесток нацист и офицер на Хитлер appeared first on Република.

]]>

Германскиот весник „Билд“ објави дека дедото на германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок бил „жсток нацист“. Таблоидот објави документи во кои се споменува дедото на Бербок по име Валдемар. Во текстот се наведува дека тој бил офицер на Вермахтот, кој служел во противвоздушната одбрана и бил „целосно на страната на националсоцијализмот“. Досието што го објавува „Билд“ содржи проценка дека полковникот Валдемар Бербок не само што бил офицер на Вермахтот, туку и жесток поддржувач на нацизмот. Се вели вели дека тој бил „безусловен националсоцијалист“, ја прочитал книгата на Хитлер „Мајн Кампф“ и „стоел целосно врз основа на националсоцијализмот“. Исто така, во текстот се додава дека во 1944 година, на дедото на Бербок му бил доделен Хитлеров крст за воени заслуги. Аналена Барбок, во своите јавни настапи, сака да зборува на комеморативни настани за нејзиниот дедо Валдемар (1913-2016) и поуките од неговиот воен живот. Од германското МНР соопштија дека документите презентирани од „Билд“  „не и биле познати на министерката Бербок“.

The post Дедото на германската шефица на дипломатијата, Аналена Бербок, бил жесток нацист и офицер на Хитлер appeared first on Република.

]]>
Бербок: Не смее да се дозволи Русија да ја попречува работата на ОБСЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berbok-ne-smee-da-se-dozvoli-rusija-da-ja-poprechuva-rabotata-na-obse/ Thu, 30 Nov 2023 14:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=718066

Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и пол, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во своето обраќање на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.

Бербок, исто така, порача дека нема да ја дозволат играта на Русија да ги уништи организациите кои се потпираат на мирен соживот и соработка.

- Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир и безбедност и добар економски развој, нагласи Бербок.

Фактот дека Русија не успеа да го уништи ОБСЕ „е важен придонес за нашиот мировен поредок“, рече шефицата на германската дипломатија, нагласувајќи дека „овој поредок на мир мора да продолжи“.

The post Бербок: Не смее да се дозволи Русија да ја попречува работата на ОБСЕ appeared first on Република.

]]>

Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и пол, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во своето обраќање на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. Бербок, исто така, порача дека нема да ја дозволат играта на Русија да ги уништи организациите кои се потпираат на мирен соживот и соработка.
- Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир и безбедност и добар економски развој, нагласи Бербок.
Фактот дека Русија не успеа да го уништи ОБСЕ „е важен придонес за нашиот мировен поредок“, рече шефицата на германската дипломатија, нагласувајќи дека „овој поредок на мир мора да продолжи“.

The post Бербок: Не смее да се дозволи Русија да ја попречува работата на ОБСЕ appeared first on Република.

]]>
Бербок ги поддржува намерите на Украина да стане кандидат за членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berbok-gi-poddrzhuva-namerite-na-ukraina-da-stane-kandidat-za-chlenstvo-vo-eu/ Thu, 02 Nov 2023 20:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=697593

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека е уверена оти ЕУ ќе ја поддржи кандидатурата на Украина да се приклучи на блокот следниот месец на самитот што се смета за клучна пресвртница во напорите на Киев да се интегрира со Западот.

Претставувајќи го проширувањето на ЕУ како геостратешка неопходност, Бербок на конференцијата во Берлин рече дека блокот од 27 нации, исто така, треба да продолжи со исцрпувачките внатрешни реформи за да може да функционира со повеќе од 30 членки.

Таа рече дека ја гледа Украина како членка на Европската унија.

– Европската унија мора да се прошири, што е геополитичка последица на руската агресија врз Украина, рече шефицата на германската дипломатија.

На самитот на 14 и 15 декември лидерите на ЕУ ќе одлучат дали на Украина ќе и одобрат формален почеток на преговорите за членство, што е врвен приоритет на Киев заедно со финансиска и воена поддршка од Западот.

– Убедена сум дека Европскиот совет ќе испрати таков сигнал во декември, рече Бербок.

The post Бербок ги поддржува намерите на Украина да стане кандидат за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека е уверена оти ЕУ ќе ја поддржи кандидатурата на Украина да се приклучи на блокот следниот месец на самитот што се смета за клучна пресвртница во напорите на Киев да се интегрира со Западот. Претставувајќи го проширувањето на ЕУ како геостратешка неопходност, Бербок на конференцијата во Берлин рече дека блокот од 27 нации, исто така, треба да продолжи со исцрпувачките внатрешни реформи за да може да функционира со повеќе од 30 членки. Таа рече дека ја гледа Украина како членка на Европската унија.
– Европската унија мора да се прошири, што е геополитичка последица на руската агресија врз Украина, рече шефицата на германската дипломатија.
На самитот на 14 и 15 декември лидерите на ЕУ ќе одлучат дали на Украина ќе и одобрат формален почеток на преговорите за членство, што е врвен приоритет на Киев заедно со финансиска и воена поддршка од Западот.
– Убедена сум дека Европскиот совет ќе испрати таков сигнал во декември, рече Бербок.

The post Бербок ги поддржува намерите на Украина да стане кандидат за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Бербок: Конфликтот меѓу Косово и Србија е закана за Берлинскиот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berbok-konfliktot-megu-kosovo-i-srbija-e-zakana-za-berlinskiot-protses/ Fri, 06 Oct 2023 10:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=688534

Конфликтот меѓу Косово и Србија е потенцијална закана за Берлинскиот процес, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која денеска учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Берлинскиот процес во Тирана.

Конфликтот меѓу Косово и Србија е потенцијална закана за Берлинскиот процес. Ние сме на иста линија со САД и ЕУ во однос на повлекувањето на српските сили од северот на Косово. Мора да покажеме поголема решителност со присуството на КФОР во општините со српско мнозинство, посочи Бербок.

Бербок оцени дека заедничките средби се „вистинскиот пат да се оди побрзо кон ЕУ“.

Ние сме тука во центарот на Европа и ова е патот побрзо да се оди кон ЕУ. Важно за врската меѓу Западен Балкан и Европската Унија.

The post Бербок: Конфликтот меѓу Косово и Србија е закана за Берлинскиот процес appeared first on Република.

]]>

Конфликтот меѓу Косово и Србија е потенцијална закана за Берлинскиот процес, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која денеска учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Берлинскиот процес во Тирана. Конфликтот меѓу Косово и Србија е потенцијална закана за Берлинскиот процес. Ние сме на иста линија со САД и ЕУ во однос на повлекувањето на српските сили од северот на Косово. Мора да покажеме поголема решителност со присуството на КФОР во општините со српско мнозинство, посочи Бербок. Бербок оцени дека заедничките средби се „вистинскиот пат да се оди побрзо кон ЕУ“. Ние сме тука во центарот на Европа и ова е патот побрзо да се оди кон ЕУ. Важно за врската меѓу Западен Балкан и Европската Унија.

The post Бербок: Конфликтот меѓу Косово и Србија е закана за Берлинскиот процес appeared first on Република.

]]>
Бербок: Не поддржуваме се што Украина и предлага на нашата влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berbok-ne-poddrzhuvame-se-shto-ukraina-i-predlaga-na-nashata-vlada/ Thu, 21 Sep 2023 11:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=683775

Германија не ја поддржува иницијативата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одземање на правото на вето на Русија во Советот за безбедност на ОН, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Не, ние не го поддржуваме ова и разговараме за тоа со нашите украински партнери неколку пати во текот на преговорите. Мислам дека ова е важно за дискусијата во Германија: ние не поддржуваме се што Украина и предлага на нашата влада - рече Бербок во интервју за телевизијата „АРД“.

Како што истакна таа, неопходно е да се заштити Повелбата на ОН и да се размислува за начини за модернизација на организацијата.

Претходно, за време на говорот во Советот за безбедност на ОН, Зеленски изјави дека организацијата е во „ќорсокак“ и дека тоа наводно е поврзано со правото на вето на Русија. Тој предложи реформа на ОН, конкретно механизмот за користење на ветото. Како што рече, Генералното собрание на ОН треба да има право да го отфрли ветото со две третини гласови.

После тоа, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Генералното собрание на ОН треба да ги разгледа причините поради кои не се спроведени претходно усвоените резолуции на Советот за безбедност на ОН, наместо да се разгледуваат случаите на користење на ветото под притисок на западните земји.

The post Бербок: Не поддржуваме се што Украина и предлага на нашата влада appeared first on Република.

]]>

Германија не ја поддржува иницијативата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одземање на правото на вето на Русија во Советот за безбедност на ОН, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Не, ние не го поддржуваме ова и разговараме за тоа со нашите украински партнери неколку пати во текот на преговорите. Мислам дека ова е важно за дискусијата во Германија: ние не поддржуваме се што Украина и предлага на нашата влада - рече Бербок во интервју за телевизијата „АРД“.
Како што истакна таа, неопходно е да се заштити Повелбата на ОН и да се размислува за начини за модернизација на организацијата. Претходно, за време на говорот во Советот за безбедност на ОН, Зеленски изјави дека организацијата е во „ќорсокак“ и дека тоа наводно е поврзано со правото на вето на Русија. Тој предложи реформа на ОН, конкретно механизмот за користење на ветото. Како што рече, Генералното собрание на ОН треба да има право да го отфрли ветото со две третини гласови. После тоа, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Генералното собрание на ОН треба да ги разгледа причините поради кои не се спроведени претходно усвоените резолуции на Советот за безбедност на ОН, наместо да се разгледуваат случаите на користење на ветото под притисок на западните земји.

The post Бербок: Не поддржуваме се што Украина и предлага на нашата влада appeared first on Република.

]]>
Османи на средба со Бербок: Германијa е наш најгласен поддржувач на европскиот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sredba-so-berbok-germanija-e-nash-najglasen-poddrzhuvach-na-evropskiot-pat/ Wed, 20 Sep 2023 19:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=683586

Во рамки на учеството на 78. Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денес министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок.

Османи се заблагодари за гласната поддршка за пристапниот процес на Република Македонија во ЕУ, изразена преку низа чекори како, тнр. „германски“ предлог, клучната политичка основа преку која се создаде денешниот европски пакет за нашите европски интеграции, и усвоената Резолуција во германскиот Бундестаг, со која се реафирмираат македонскиот идентитет и јазик на патот на нашата земја кон Европската унија.

Ваквиот чекор е уште еден чин на поддршка на пријателска Германија на европската иднина на нашата земја и дополнителна гаранција на идентитетските прашања на Македонија, кои се веќе признати од страна на Европската унија“, изјави Османи.

Бербок упати пораки на поддршка на евроинтегративниот процес на нашата држава, и признание за постигнатиот напредок во исполнувањето на преговарачката рамка. Оцени дека со отворањето на поглавјата, нашата позиција кон ЕУ станува сé посилна, воедно уверувајќи дека германската поддршка на нашиот европски пат ќе продолжи и во иднина.

Двајцата министри изразија задоволство од развојот на одличните односи меѓу двете пријателски земји, кои оваа година одбележуваат јубилејни 30 години од воспоставување на дипломатските односи, како и уверување дека и во иднина ќе продолжат посветено да работат на унапредување на македонско-германското партнерство.

Беше заемно поздравена соработката во областа на економијата, чија динамика во континуитет бележи нагорен тренд на раст. Германија е клучен економски партнер во вкупниот развој на Македонија и подолг период е најголем трговски партнер и помеѓу поголемите странски инвеститори во земјата – констатираа министрите.

Двајцата соговорници разменија мислења и во однос на актуелните политички и безбедносни состојби во земјите од Западен Балкан, а дискутираа и за соработката и предизвиците во рамките на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023.

The post Османи на средба со Бербок: Германијa е наш најгласен поддржувач на европскиот пат appeared first on Република.

]]>

Во рамки на учеството на 78. Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денес министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок. Османи се заблагодари за гласната поддршка за пристапниот процес на Република Македонија во ЕУ, изразена преку низа чекори како, тнр. „германски“ предлог, клучната политичка основа преку која се создаде денешниот европски пакет за нашите европски интеграции, и усвоената Резолуција во германскиот Бундестаг, со која се реафирмираат македонскиот идентитет и јазик на патот на нашата земја кон Европската унија.
Ваквиот чекор е уште еден чин на поддршка на пријателска Германија на европската иднина на нашата земја и дополнителна гаранција на идентитетските прашања на Македонија, кои се веќе признати од страна на Европската унија“, изјави Османи.
Бербок упати пораки на поддршка на евроинтегративниот процес на нашата држава, и признание за постигнатиот напредок во исполнувањето на преговарачката рамка. Оцени дека со отворањето на поглавјата, нашата позиција кон ЕУ станува сé посилна, воедно уверувајќи дека германската поддршка на нашиот европски пат ќе продолжи и во иднина. Двајцата министри изразија задоволство од развојот на одличните односи меѓу двете пријателски земји, кои оваа година одбележуваат јубилејни 30 години од воспоставување на дипломатските односи, како и уверување дека и во иднина ќе продолжат посветено да работат на унапредување на македонско-германското партнерство. Беше заемно поздравена соработката во областа на економијата, чија динамика во континуитет бележи нагорен тренд на раст. Германија е клучен економски партнер во вкупниот развој на Македонија и подолг период е најголем трговски партнер и помеѓу поголемите странски инвеститори во земјата – констатираа министрите. Двајцата соговорници разменија мислења и во однос на актуелните политички и безбедносни состојби во земјите од Западен Балкан, а дискутираа и за соработката и предизвиците во рамките на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023.

The post Османи на средба со Бербок: Германијa е наш најгласен поддржувач на европскиот пат appeared first on Република.

]]>
Бербок верува дека на многу Германци не им е јасна поддршката за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berbok-veruva-deka-na-mnogu-germantsi-ne-im-e-jasna-poddrshkata-za-ukraina/ Mon, 18 Sep 2023 13:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=682885

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во интервју за Блумберг призна дека причините поради кои Берлин треба да ја поддржи Украина не им се јасни на многу Германци.

Многу луѓе во САД го поставуваат прашањето: „Украина е доста далеку од нас, зошто ни е важно?“ Ова не важи само во САД, туку и кај нас во Германија. На Европа повеќе од кога било и е потребна поддршката од американските „пријатели и колеги“, рече шефицата на германската дипломатија.

Според неа, неопходно е да му се покаже на светот дека сојузниците ќе стојат покрај Украина „колку што е потребно“.

Претходно, шефот на германското Министерство за одбрана, Борис Писториус, нагласи дека Берлин веќе му пружил голема воена помош на Киев.

The post Бербок верува дека на многу Германци не им е јасна поддршката за Украина appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во интервју за Блумберг призна дека причините поради кои Берлин треба да ја поддржи Украина не им се јасни на многу Германци. Многу луѓе во САД го поставуваат прашањето: „Украина е доста далеку од нас, зошто ни е важно?“ Ова не важи само во САД, туку и кај нас во Германија. На Европа повеќе од кога било и е потребна поддршката од американските „пријатели и колеги“, рече шефицата на германската дипломатија. Според неа, неопходно е да му се покаже на светот дека сојузниците ќе стојат покрај Украина „колку што е потребно“. Претходно, шефот на германското Министерство за одбрана, Борис Писториус, нагласи дека Берлин веќе му пружил голема воена помош на Киев.

The post Бербок верува дека на многу Германци не им е јасна поддршката за Украина appeared first on Република.

]]>
На Бербок не и се допаѓа кинеската политика: Кина води „агресивна“ надворешна политика и презема „репресивни“ акции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-berbok-ne-i-se-dopaga-kineskata-politika-kina-vodi-agresivna-nadvoreshna-politika-i-prezema-represivni-aktsii/ Wed, 19 Apr 2023 19:39:03 +0000 https://republika.mk/?p=632241

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, остро ја критикуваше Кина, тврдејќи дека Пекинг води „агресивна“ надворешна политика и презема „репресивни“ акции.

Обраќајќи им се на претставниците во Парламентот, три дена по нејзината посета на Пекинг, Бербок изјави дека, иако Кина сè уште е најголем трговски партнер на Германија, таа е исто така конкурент и системски ривал на западните држави.

За жал, мојот впечаток беше дека се повеќе се зголемува аспектот на системско ривалство. Не само затоа што Кина се однесува поофанзивно и поагресивно во странство, туку станува порепресивна и дома“, изјави германската министерка.

Таа откри дека за време на нејзината дводневна посета на Кина, не ги користела своите мобилни телефони и морала да ги држи заклучени во мал куфер од безбедносни причини.

Бербок истакна дека Германија ќе ги ребалансира односите со Кина, согласно новата стратегија на Европската Унија кон оваа земја.

Би сакале да соработуваме со Кина, секаде каде што е можно. Но, не сакаме да ги повторуваме грешките од минатото. Не сакаме да бидеме наивни и да веруваме дека промената ќе дојде преку трговијата“, изјави Бербок.

The post На Бербок не и се допаѓа кинеската политика: Кина води „агресивна“ надворешна политика и презема „репресивни“ акции appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, остро ја критикуваше Кина, тврдејќи дека Пекинг води „агресивна“ надворешна политика и презема „репресивни“ акции. Обраќајќи им се на претставниците во Парламентот, три дена по нејзината посета на Пекинг, Бербок изјави дека, иако Кина сè уште е најголем трговски партнер на Германија, таа е исто така конкурент и системски ривал на западните држави.
За жал, мојот впечаток беше дека се повеќе се зголемува аспектот на системско ривалство. Не само затоа што Кина се однесува поофанзивно и поагресивно во странство, туку станува порепресивна и дома“, изјави германската министерка.
Таа откри дека за време на нејзината дводневна посета на Кина, не ги користела своите мобилни телефони и морала да ги држи заклучени во мал куфер од безбедносни причини. Бербок истакна дека Германија ќе ги ребалансира односите со Кина, согласно новата стратегија на Европската Унија кон оваа земја.
Би сакале да соработуваме со Кина, секаде каде што е можно. Но, не сакаме да ги повторуваме грешките од минатото. Не сакаме да бидеме наивни и да веруваме дека промената ќе дојде преку трговијата“, изјави Бербок.

The post На Бербок не и се допаѓа кинеската политика: Кина води „агресивна“ надворешна политика и презема „репресивни“ акции appeared first on Република.

]]>