Аналена Баербок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/analena-baerbok/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 08:30:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Аналена Баербок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/analena-baerbok/ 32 32 Германската министерка ги отфрли преговорите со Путин: „Кој ќе биде следниот што ќе биде нападнат од безмилосен сосед?“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskata-ministerka-gi-otfrli-pregovorite-so-putin-koj-ke-bide-sledniot-shto-ke-bide-napadnat-od-bezmilosen-sosed/ Sat, 24 Feb 2024 08:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=747695

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ги отфрли повиците за разговори со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на конфликтот во Украина.

„Слушаме гласови кои велат: Преговарајте со Путин. Но Путин се однесува како очигледно да не сака да преговара за мир. Тој постојано зборува за своите „освојувања“, изјави Баербок во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк.

„Русија, постојана членка на Советот, сака суверена држава да се откаже од своето право да постои. Каде ќе бевме ние ако овој принцип преовладаше“, ги праша Баербок присутните.

„Кој од нас би бил следниот што ќе биде нападнат од безмилосен сосед? Ако попуштиме, тоа ќе беше крајот на Повелбата на Обединетите нации“, рече таа. „Затоа, нема да ја прекинеме поддршката за Украина, ниту сега ниту утре“.

Нејзините коментари се однесуваа на неодамна потпишаниот германско-украински безбедносен договор, кој „нуди сигурна, долгорочна поддршка на Украина“.

„Ние стоиме со Украина“, рече Баербок.

Денеска се одбележува втората годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.

The post Германската министерка ги отфрли преговорите со Путин: „Кој ќе биде следниот што ќе биде нападнат од безмилосен сосед?“ appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ги отфрли повиците за разговори со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на конфликтот во Украина. „Слушаме гласови кои велат: Преговарајте со Путин. Но Путин се однесува како очигледно да не сака да преговара за мир. Тој постојано зборува за своите „освојувања“, изјави Баербок во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк.
„Русија, постојана членка на Советот, сака суверена држава да се откаже од своето право да постои. Каде ќе бевме ние ако овој принцип преовладаше“, ги праша Баербок присутните.
„Кој од нас би бил следниот што ќе биде нападнат од безмилосен сосед? Ако попуштиме, тоа ќе беше крајот на Повелбата на Обединетите нации“, рече таа. „Затоа, нема да ја прекинеме поддршката за Украина, ниту сега ниту утре“. Нејзините коментари се однесуваа на неодамна потпишаниот германско-украински безбедносен договор, кој „нуди сигурна, долгорочна поддршка на Украина“.
„Ние стоиме со Украина“, рече Баербок.
Денеска се одбележува втората годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.

The post Германската министерка ги отфрли преговорите со Путин: „Кој ќе биде следниот што ќе биде нападнат од безмилосен сосед?“ appeared first on Република.

]]>
Баербок: Руската војна е виновна за ракетниот напад во Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/baerbok-ruskata-vojna-e-vinovna-za-raketniot-napad-vo-polska/ Wed, 16 Nov 2022 18:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=574637

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, оцени дека Русија е одговорна за смртоносниот ракетен напад во Полска.

Овие луѓе немаше да загинат ако не беше оваа брутална руска воена агресија, изјави Баербок по пристигнувањето на конференцијата на ОН за климата во Египет.

Таа додаде дека разузнавачки информации покажуваат ракетите биле истрелани од украинската воздушна одбрана.

Изминатите 18 часа покажаа колку е важно да се однесуваме внимателно во овие моменти, но пред сè и заедно како Европска Унија, како НАТО, истакна Баербок.

Врз полското село Пржеводов, лоцирано околу шест километри од границата со Украина, паднаа две ракети при што загинаа две лица.

The post Баербок: Руската војна е виновна за ракетниот напад во Полска appeared first on Република.

Баербок во посета на мигрантски камп: ЕУ треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/baerbok-vo-poseta-na-migrantski-kamp-eu-treba-da-gi-chuva-svoite-vrednosti-i-na-nadvoreshnite-granici/ Thu, 28 Jul 2022 19:13:30 +0000 https://republika.mk/?p=534400

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, по посета на бегалски камп во Грција, изјави дека Европската Унија треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници.

Баербок порача дека земјите од ЕУ треба да направат повеќе за да ги заштитат оние што бараат засолниште од војна и страдање.

Нашите европски вредности важат и на надворешната граница на Европа. Ако не ги одбраниме таму, тие ќе исчезнат - изјави Баербок во интервју за атинскиот весник „Та неа“.

Германската министерка утре треба да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со министерот за надворешни работи Никос Дендиас.

The post Баербок во посета на мигрантски камп: ЕУ треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, по посета на бегалски камп во Грција, изјави дека Европската Унија треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници. Баербок порача дека земјите од ЕУ треба да направат повеќе за да ги заштитат оние што бараат засолниште од војна и страдање.
Нашите европски вредности важат и на надворешната граница на Европа. Ако не ги одбраниме таму, тие ќе исчезнат - изјави Баербок во интервју за атинскиот весник „Та неа“.
Германската министерка утре треба да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со министерот за надворешни работи Никос Дендиас.

The post Баербок во посета на мигрантски камп: ЕУ треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници appeared first on Република.

]]>
Баербок вети долгорочно присуство на германската армија во Словачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/baerbok-veti-dolgorochno-prisustvo-na-germanskata-armija-vo-slovachka/ Wed, 27 Jul 2022 06:41:37 +0000 https://republika.mk/?p=533584

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок синоќа по разговорите со нејзиниот колега Иван Корчок во Братислава изјави дека Берлин е посветен на долгорочно распоредување војници и противвоздушни ракетни системи Патриот во Словачка за заштита од руските закани.

Патриот ќе останат додека ви требаат. Ова не е само минлива работа, туку солидарност на дело. Ние сме заедно за ова безбедносно прашање, посочи Баербок.

Одбранбени системи Патриот и околу 300 војници на Бундесверот беа стационирани во Словачка по почетокот на војната во Украина. Дополнително, во април, Бундесверот ис прати дополнителни 300 војници во мултинационална единица на работната група во земјата што граничи со Украина.

Бербок наведе дека во Словачка во моментот се распоредени 640 војници.

The post Баербок вети долгорочно присуство на германската армија во Словачка appeared first on Република.

]]>

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок синоќа по разговорите со нејзиниот колега Иван Корчок во Братислава изјави дека Берлин е посветен на долгорочно распоредување војници и противвоздушни ракетни системи Патриот во Словачка за заштита од руските закани. Патриот ќе останат додека ви требаат. Ова не е само минлива работа, туку солидарност на дело. Ние сме заедно за ова безбедносно прашање, посочи Баербок. Одбранбени системи Патриот и околу 300 војници на Бундесверот беа стационирани во Словачка по почетокот на војната во Украина. Дополнително, во април, Бундесверот ис прати дополнителни 300 војници во мултинационална единица на работната група во земјата што граничи со Украина. Бербок наведе дека во Словачка во моментот се распоредени 640 војници.

The post Баербок вети долгорочно присуство на германската армија во Словачка appeared first on Република.

]]>
Баербок: Сè е подготвено за брза ратификација на членството на Финска и на Шведска во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/baerbok-se-e-podgotveno-za-brza-ratifikacija-na-chlenstvoto-na-finska-i-na-shvedska-vo-nato/ Sun, 15 May 2022 08:52:40 +0000 https://republika.mk/?p=502445

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок изјави дека Берлин ги презел сите подготовки за брз процес на ратификација ако Финска и Шведска се одлучат да поднесат барање за членство во НАТО.

Ако се одлучат да се придружат, можат брзо да се придружат … Мораме да се погрижиме да им дадеме безбедносни гаранции, не смее да има преоден период, сици зони, во кои нивниот статус би бил нејасен - истакна Баербок.

Таа истакна дека синоќа министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО на неформалниот состанок во Берлин се согласиле дека не треба да има сиви зони помеѓу пријавата и придружувањето.

Периодот на ратификација може да потрае и до една година, време кога нордиските земји сè уште не можат да бидат заштитени со членот пет – напад врз еден сојузник е напад врз сите земји-членки на Алијансата.

The post Баербок: Сè е подготвено за брза ратификација на членството на Финска и на Шведска во НАТО appeared first on Република.

]]>

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок изјави дека Берлин ги презел сите подготовки за брз процес на ратификација ако Финска и Шведска се одлучат да поднесат барање за членство во НАТО.
Ако се одлучат да се придружат, можат брзо да се придружат … Мораме да се погрижиме да им дадеме безбедносни гаранции, не смее да има преоден период, сици зони, во кои нивниот статус би бил нејасен - истакна Баербок.
Таа истакна дека синоќа министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО на неформалниот состанок во Берлин се согласиле дека не треба да има сиви зони помеѓу пријавата и придружувањето. Периодот на ратификација може да потрае и до една година, време кога нордиските земји сè уште не можат да бидат заштитени со членот пет – напад врз еден сојузник е напад врз сите земји-членки на Алијансата.

The post Баербок: Сè е подготвено за брза ратификација на членството на Финска и на Шведска во НАТО appeared first on Република.

]]>