ана шаргиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-shargikj/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Feb 2022 07:43:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ана шаргиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-shargikj/ 32 32 Последната Мис на Југославија се омажи за Арап: Евев како изгледа денеска https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/poslednata-mis-na-jugoslavija-se-omazi-za-arap-evev-kako-izgleda-deneska/ Thu, 10 Feb 2022 07:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=456518

Последна мис на СР Југославија беше Ана Шаргиќ, која со својата убавина и шарм се истакна на натпреварот за најубава жена на светот пред 20 години, кога влезе во топ 15. Изборот тогаш се одржа во Обединетото Кралство, а ѝ отвори многу врати во манекенството.

На 19 години станав последната Мис на Југославија, 2002 година и ja претставував земјата на изборот за Мис на светот во Лондон. Во изборот имаше преку 110 убавици од целиот свет, а јас успеав да се пробијам во топ 20 и да се изборам за неверојатното 11 место. По успешниот пласман во светскиот избор, ми се отвори големата врата на модниот свет. Тогаш почнав сè поактивно да патувам и да се посветувам на манекенството. Секако, учев во исто време, изјавила Ана во една прилика.

Ана денеска живее во Обединетите Арапски Емирати. Од 2010 година е во брак со Реза Калантаријан, со кого има две ќерки и еден син. На нејзиниот Инстаграм профил може да се забележи дека води многу активен социјален живот, додека одвреме-навреме доаѓа во Белград на што секогаш многу се радува, пишува „Србија данас“.

Морам да признаам дека е многу тешко. Поминаа повеќе од две години откако се откажав од спиење повеќе од четири часа. Имам близнаци и се подразбира дека сум многу посветена на нив. Од друга страна, многу си ја сакам работата и единствен начин да бидам среќна и задоволна е да балансирам и да најдам средина, изјавила таа пред да го роди синот.

Ана работи во арапска компании, но деталите за новото работно место никогаш не ги објавила во јавноста. Забележливо е дека здравата исхрана и редовната физичка активност влијаеле на нејзината фигура, па таа и денес изгледа одлично.

The post Последната Мис на Југославија се омажи за Арап: Евев како изгледа денеска appeared first on Република.

]]>